Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 7 Vote(s) - 1.86 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Шпанија е новиот Светски шампион!!!
Author Message
Администратор Offline
Administrator
*******

Posts: 716
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#1

[Image: 42ACC1711D2545B3D3AFDCEC4A121.jpg] [Image: 568CB2E0D82A02F4AA8F2D6B99E6.jpg]


Репрезентацијата на Шпанија стигна до светската фудбалска круна, во финалето на Јужноафриканскиот мундијал совладувајќи ја Холандија минимално со 1-0.

Првиот наслов планетарен првак во својата историја Иберијците го заслужија по цели 120 минути игра, во кои направија многу, а реализира само една шанса.

„Орање“ уште во првиот дел покажа дека со деструктивна тактика ќе се обиде да смири полетната „фурија“, затоа многу шанси добија дефанзивците.

Рамос и Пујол беа најголема закана за Штекеленбург, на другата страна Касиљас се справуваше со Робен.

Виља во 70-та минута имаше можност да го реши мечот, „Портокаловата“ одбрана реагираше во последен момент, слично како и шпанскиот голман 13 минути подоцна, по брзата контра на неуморниот Робен.

Сепак, мрежите мируваа во регуларното време, па Веб одново ја местеше топката на центарот. Уште на самиот старт од првото продолжение пиринејскиот состав најави офанзива, Фабрегас овој пат загуби дуел со Штекеленбург.

И кој знае каков ќе беше резултатот по двете продолженија, ако на почетокот од второто Хајтинга не го фаулираше Иниеста, оставајќи го противникот бројно надмоќен.

По ова беше прашање на време кога Холандија ќе капитулира, своето име во шпанската фудбалска историја го врежа Андрес Иниеста.

Долгоочекуваниот погодок стигна во 116-та минута. Шпанија со ова го обедини континенталниот со насловот светски шампиони, интересно со најмалку погодоци во историјата на завршните турнири, само 8.

Првенството кое го почнаа со пораз од Швајцарија, избраниците на Дел Боске го завршија на врвот на светот, додека во саботниот дуел за бронза, се радуваа германците, надигрувајќи го Уругвај со 3-2.
12-07-2010, 05:15 AM
Reply