Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 8 Vote(s) - 2.5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Српскиот терор врз Македонецот
Author Message
Вовата Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,983
Joined: Jan 2010
Reputation: 33
#41

(10-08-2010, 02:28 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
(10-08-2010, 12:22 PM)Вовата Wrote:
(10-08-2010, 09:03 AM)veritas Wrote: black hand Macedonia

http://www.google.com/search?q=black+han...d=0CAsQpwU

Молк! Нема коментари. Српското ебане слатко, мама му стара!




Quote:ЛАЗО РАСКАЖУВА Другарот Лазо, во своите мемоари, неретко се осврнува на драматичните југословенски збиднувања во 1941 г., на самиот старт на Втората светска војна. Во книгата Аспекти на македонското прашање, издадена 1988 г., тој опишува како и кој го смислува планот за операцијата "свилен гајтан за Шарло акробатот" (акробат во преносна смисла, бидејќи Шаторов, по разгромот на Југославија во април 1941 г., по наредба на СССР, ја поврзува КПМ со бугарската партија, не можејќи веќе да одржува врски со окупираниот Белград). Колишевски (тогаш Колишевиќ) веќе долги години се наоѓа во Србија, каде што работи како металоглодач. Лазо раскажува: "Кратко време потоа, отидов во Крагуевац на работа во Окружниот комитет на КПЈ, а во почетокот на мај ми беше соопштено да тргнам на партиска работа во Ниш. Меѓутоа, неколку дена подоцна, бев повикан во Белград, каде што другарот Александар Ранковиќ ми ја соопшти одлуката за моето одење на работа во Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија. Тој исто така ми соопшти дека за член на ПК КПЈ за Македонија е испратена една другарка која работеше во Ниш и која беше член на Окружниот комитет. Таа беше Мара Нацева. Ми ја изложи ситуацијата во Македонија колку што му беше и нему позната во врска со ставовите на тогашниот секретар на ПК КПЈ, Шаторов Шарло. Ранковиќ инсистираше, доколку ситуацијата на ПК ќе биде поволна, да ја преземам функцијата на воената комисија".

Две работи се круцијални во ова искажување: прво - Колишевски е човек од највисока доверба на Александар Ранковиќ, шефот на сите тајни служби во Титова Југославија, творецот на ОЗНА (Одделение за заштита на народот) и долгогодишен челник на УДБ (Управа за државна безбедност); и второ - Ранковиќ, Србин по националност, инсистира Лазо да ја преземе воената комисија во КПМ бидејќи во тие воени комисии била најдобро инфилтрирана мистериозната српска националистичко-милитаристичка организација "Црна рука", од која после Војната ќе израсне злогласниот КОС (Контраобавештајна служба на ЈНА).

Прости ме. Немав тебе наум. Тие си знаат.
10-08-2010, 04:09 PM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#42

Низ срцето на Македонија тече Вардар,а не Дунав...Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран...Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк...Јас навивам за ПЕЛИСТЕР, а не за Ѕвезда...Слобода ми донесе мојот дедо,а не КПЈ...Македонија ја создаде Господ,а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!!

Makedonija


http://macedoniahistorydocuments.blogspo...-post.html
18-08-2010, 02:36 AM
Reply
Администратор Offline
Administrator
*******

Posts: 716
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#43

(13-07-2010, 01:56 AM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
Quote:На покана на Шабачкиот владика г. Лаврентиј, на овој Симпозиум беше поканета делегација од Македонската Православна Црква предводена од Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар.

На Симпозиумот свои реферати прочитаа Јеромонах д-р Григориј Настески и јеромонах м-р Јосиф Пејовски (Охридската книжевна школа како основа за македонската и останатите словенски култури) од Дебарско-кичевската епархија и г. Александар Гулевски (Непознати фотографии на Николај Велимировиќ од фондот на Милтон Манаки) од Преспанско-пелагониската епархија.


[Image: sabac090520087.jpg] [Image: sabac090520089.jpg] [Image: sabac090520088.jpg]

На Преспанско-пелагониската епархија, на која своевремено надлежен архиереј бил владиката св. Николај Охридски и Битолски, од страна на Епископот Шабачки г. Лаврентиј ѝ беше доделен орден кој му беше предаден на сегашниот надлежен архиереј Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар.
По тој повод, исто така и на Општина Битола ѝ беше доделен орден, кој го прими претседателката на Советот на општина Битола, г-ѓа Лилјана Кузмановска.

Симпозиумот се одвиваше во пријатна пријателска и братска атмосфера.


Абре Афионе , ти ОБВИНУВАШ за србоманство.
Духовниот Ти водач Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар примил ореден на кој ПИШУВА:

"ОРДЕН СEВТОГ ВЛАДИКЕ николаја СРПСКОГ" [Image: sabac090520089.jpg]

Земската власт и таа примила ореден: на Општина Битола ѝ беше доделен орден, кој го прими претседателката на Советот на општина Битола, г-ѓа Лилјана Кузмановска.

Е сега да ми постираш нешто за твоите активности. Активности со кои си изразил револт и неслагање со постапките на твоите духовни и земски представници. За да дадеш лeгитимитет на твоите прозивки......



Quote:Благојче Андонов

Сето оваа би било добро ако не постои историјата и она што овој Николај Велимировиќ заедно со српскиот епископ во Америка епископот Дионисие преку писма го имаат порачано за македонскиот народ.

Имено првото писмо заведено под Д.Прот.бр.6 со ...дата 16 јануари 1952 година епископот Дионисие му се обраќа до патријархот Викентие :

„...да се задолжува Синодот на СПЦ да не ги признава МПЦ и Иницијативниот одбор,бидејќи тие се измислени- македонската народност, македонска азбука, македонската книжевност за дефинитивно да се запечати одвојувањето од СПЦ и создавање на независна МПЦ која би била дел од тие измислени творби..“

Второто писмо е од Николај Велимировиќ од 5 јануари 1952 година во кое се вели :

„Уште потежок е случајот со признавањето на македонската народност што може да го направи само некој поматен мозок,или некој српски одрод или политички манипулант,продадена душа предавник на српскиот народ. А кога не постои македонска нација, не постои македонска азбука, ни македонска книжевност, ни македонски јазик кој всушност е само србски текст на светосавскиот дијалект на српскиот народ„

Цитатите се од книгата на Д.Илиевски „Македонскот православно свештенство во борбата за национална и црковна слобода“ и на Миодраг Периќ „Историско-правните аспекти на односите меѓу Српската православна црква и Македонската православна црква“.

Историјата е сведок дека д-р Периќ од професор на факултет, бил игнориран од сите и „испратен“ да предава во основно училиште, а потоа неподвижен завршува во инвалидска количка.Таква е судбината на сите кој се бореле за правдина и слобода.

Ова е новото и што го немате вие.


Овој текст на Благојче Андонов е превземен од нашата Facebook страница
28-11-2010, 09:22 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#44


Quote:ЦРКОВНОПРОСВЕТНАТА ПОЛИТИКА НА КРАЛСТВОТО СРБИЈА ВО ЈУГОИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА 1912—1915


Март 26, 2007

Црковнопросветната мрежа на територијата на Југоисточна Македонија пред балканските војни била густа и, што е уште позначајно, била добро екипирана со свештенички и наставновоспитувачки кадар. Од една сравнителна карта на учебното дело, која се однесува на учебната 1903—1904 година, може да се види дека цркви и училишта биле отворени скоро во сите населени места во областа, каде живеело словенско население. Пред почетокот на војните се отишло дури до таму, прашањето за верата и за училишното дело да биде актуелизирано и во мешаните македонскотурски населени места. Имено, меѓу Хуриетот и балканските војни, христијаните од мешаните населени места почнале да ги откопуваат од земјата црковните крстови и на местата на ископувањата. почнале да се собираат и да ги извршуваат верските обреди. Приодот кон училипшото дело исто така е прецизен. Сравнителната карта овозможува да се види дека, во споменатиот период, во училиштата во Македонија биле опфатени вкупно 75.267 ученици од кои егзархиски биле 45.839 патријаршиски 26.162 и српски 3.266 ученици. Од ово] број, на училиштата во југоисточна Македонија отпаѓале 11.468 ученика од кои: во Штипската каза се школувале 1.125, во Кочанската 938, во Дојранската 835, во Гевгелиската 2.185, во Струмичката 1.726, во Кратовската 639, во Тимвешка 571, во Пехчевоката 1.116, во Велешката 1.870 и во Радовишката каза 463 ученици. Значајно е и тоа што, во грчките училишта на територијата на југоисточна Македонија биле опфатепи само 1.566, а во српските само 467 ученици. Тоа значи дека пропагандите на овој простор го немале она разорно дејство (се мисли на црковнопросветната пропаганда), како во останатите делови на Македонија.

Меѓутоа, мрежата на училиштата и црквите започнала да се стеснува уште во втората половина на октомври 1912 г. Скопскиот србоман Илија Гаврилов(иќ) на 25 октомври 1912 г. со писмо се обратил до Р. Путник и барал во новозаземените области да се отворат српски училишта и да се доведат учители од пределите на стара Србија кои требало да вршат функција на „продолжени” раце на власта. Така, од вкупно 641 училишта колку што имало на територијата на Вардарска Македонија (егзархиски) и 37.000 ученици, веќе кон крајот на октомври и почетокот на ноември 1912 г. повеќе од половината престанале со работа. Однооно, 1013 учители биле принудени да се прикажуваат (декларираат) за Срби, 761 црква биле прогласени за српоки, а заедно со црквите, за Срби биле објавени и 833 свештеници егзархисти.

По склучувањето на Букурешкиот мировен договор, Србија добила одврзани раце да отвора свои училишта и цркви, и, преку верата и воспитанието, што поскоро да го србизира македонскиот народ. Тогашниот министер на просвета на Србија, Љубо Јовановиќ, побарал да се одобрат 60 милиони динари од Владата, за организирање, отворање и работа во училиштата во „новооолободените” краеви.

Отворањето на четири обласни инспекторати во Македонија се смета како една од првите мерки на тој план. Од четирите инспекторати најголем бил Брегалничкиот, чие седиште, од целисходни причини, место во Штип, се наоѓало во Велес. За прв инспектор на Брегалничката училишна област бил поставен Стефан Нешиќ. Обласниот инспектор поставил 12 училишни надзорници кои биле задолжени во најкус можен рок да извршат непосреден увид на училишните згради, инвентарот, бројот на училишните обврзници, „декларираните” српски учители и на сите прашања сврзани со училишното дело.

Училишните надзорници до крајот на есента 1913 г. ги завршиле поставените задачи, направиле попис на училипггата, инвентарот, бројот на учениците, кадарот и др. Тие регистрирале кои училишни згради можат да се користат, кои згради не биле слободни, а во кои училишта заседнале војници, жандармерија и четници, околиски и оиштински службеници итн.
Ако на прв поглед работите околу отворањето на училиштата изгледале едноставни, практиката не го потврдила тоа. Пред се, голем број училишта за време на балканските војни биле разурнати, опожарени и разграбени. Немало ни доволен број на учители. Голем број од егзархиските учители и свештеници ги напуштиле своите родни и работни места и заедно со бугарските војски се повлекле во Бугарија. Во првата група на учителскиот курс во Белград, за изучување на српската историја, јазик и географија, се пријавиле само 152 учители, а за втората група само 84 учители.

Всушност, одбивањето на егзархиските учители да ги посетуваат курсевите во Белград единствено можело да се протолкува како мирен отпор спрема новата српска власт. Во работите околу отворањето на училиштата и организирањето на училишното дело се вмешала и полицијата. Односно, сите егзархиски учители кои пружале отпор по било кој основ, во поглед на посегувањето на националните курсеви во Белград, веднаш требало да бидат мобилизирани во српската армија и тоа во служба на позадинските работни единици. Спрема свештениците полицијата била уште поригорозна. Тие можеле и физички да бидат накажувани доколку пружале отпор спрема канонските правила на Српската православна црква.
По преземањето на овие драстични мерки спрема егзархиските учители и свештеници, мнозина од нив пребегнале во Бугарија и во Струмица.

Од една Заповед на Министерот на просвета и црковни работи од 28 септември 1913 г. може да се види дека Љубо Давидовиќ барал од Главниот просветен совет на Кралството, да бидат отворени средни училишта во Штип, Велес, Дојран, Гевгелија, Кратово, Кочани и во Кавадарци. Во учебната 1913—1914 г. гимназии биле отворени само во Штип и Велес. За директор на гимназијата во Штип бил назначен проф. Лазар Трипковиќ, а на гимназијата во Велес проф. Павле Вујовиќ.

Во учебната 1913—1914 г. било предвидено училишта да бидат отворени во следните населени места:
— Кратовска околија: Злетово, Баратлије, Шопско Рудари, Страцин, Опила, и во Кратово;
— Кочанска околија: машко основно училиште во Кочани и во селата Блатец, Бели, Виница, Грдовци, Зрновци, Липец, Облешево, Оризари, Пантелеј, Соколарци и во Танатарци;
— Гевгелиска околија: Гевгелија, Богданци, Смоквица, Негорци, Горничет, Грчиште, Гавато, Стојаково, Моин, Мрзенци и во Миравци;
— Дојранска околија: Дојран, Фурка, Пирава, Кал’цково, Валандово!;
— Велешка околија: во Велес и во 16 населени места. Од прегледот јасно се гледа дека не се дадени пода
тоци за Овчеполска, Неготинска, Радовишка, Штипока, Царевоселока и Малешевска околија.

Тоа се должи пред се на недостигот на учители — Срби. Од вкупно 417 учители за учебната 1913—1914 г. за цела Вардарока Македонија, за Брегалничката област биле одредени се на се 31 учител, односно толку колку што биле потребни само за околиските градски центри. Засега, од сигурни извори се знае дека во таа учебна година, поточно до февруари 1914 г., училиште не било отворено дури и во Царево Село.

На српските завојувачи, кои од училиштата многу очекувале во поглед на асимилацијата на македонскиот народ, работите на тој план не им тргнале на добар пат. Во велешкото село Горно Врановци родителите по договор одбиле да ги пуштаат децата во српокото училиште. За да го задушат отпорот на родителите од ова село, во интервенцијата се вклучиле војници и жандарми. Работите не оделе како треба и во Штипската прогимназија. Во таа учебна година на крајот во Прогимназијата останале да се школуваат само 13 ученика во IV клас.

Учениците не пројавувале интерес за изучување и на единствените наставни дисциплини: пеење, српски јазик, српска историја, српска географија и словенско читање. Последниот од овие наставни предмети бил укинат поради изучувањето на бугарските букви.

Наредната 1914—1915 учебна година, исто како и претходната, не започнала нормално. Тогаш, веќе Србија била во војна со АвстроУнгарија од една, и од друга страна во оваа учебна година започнало масовно дезртирање на воените обврзници, појавата на бегства преку границата, а зачестиле и масовните упади во четниците во ВМРО кои, меѓу другото, имале задача да не дозволуваат ширење на мрежата на српските училишта и цркви во Македонија.

Во 1915 г. училиштата повеќе личеле на жандармериски и војиички бункери одошто на места за образование и воспитание на младата генерација. Во еден извештај на училишниот инспектор на Малешевска околија, меѓу другото, е забележано: „Во некои села училиштата беа оставени без оружје и беа изложени на ризици. Целото население е во бегство .. .

Учебната 1914/15 г. е карактеристична и по тоа што Тифусот е постојано присутен и многу училишта беа затворени и не работеа. Сите учители од Малешевока околија се принудени ноќите да ги минуваат во заседи заедно со жандармите”.
И додека работите на планот на училишното дело оделе во ќорсокак, Министерството за просвета од Белград, во септември 1915 г., донело Одлука да се отвори IVкласна прогимназија во Неготино, а Велешката гимназија да прерасне во VIкласна. За да бидат работите уште посмешни, од највисоките просветни органи во Белград се почесто пристигале заповеди и расписи со кои е барано да се изнаоѓаат најдобри можни решенија за привлекување во српските училишта и на децата од турска и влашка националност, како и на децата Македонци кои се школувале во унијатоките училишта во Гевгелија, Стојаково, Богданци и во село Палурци, Гевгелиско. Во унијатските училиш
та се школувале: во Гевгелија 69 ученика, во Стојаково 78, во Богданци 48 и во с. Палурци 50 ученици. И во работата на овие училишта почнала да се меша полицијата. Наставниците биле обвинети за соработка со четите на ВМРО, а врз родителите секојдневно бил вршен притиоок за да ги спречат децата да не ги посетуваат овие „бугарашки училишта.

Кога станува збор за работата на училиштата и црквите во тоа време, меѓу другото, важно е да се одбележи и тоа, каков бил односот на учителите спрема учениците. Современиците, тогашни ученици, едногласни се во изјавите дека српските учители повеќе личеле на жандарми и војници, одошто на воспитувачи. Тие влегувале во училниците честопати вооружени, ненаспиени и лути, поради омразата кон четите на ВМРО, сиот свој бес го истурале врз учениците: ги тепале и навредувале со пцости, упатени на нивната „бугарашка” мајка.
На крајот, за одбележување е и фактот дека во тоа време не биле отворени во сите населени места што се споменати во извепггаите и во другите документи што ги пишувале и иопраќале тогашните српски училишни надзорници. Така на пример, меѓу 1913—1915 г. не работеле училиштата во: Гавато, Мрзенци, Моин, Горничет и во с. Грчиште, Гевгелиско и Валандовско. Во с. Грчиште дошол учител, некои од селаните дури и не го виделе, а тој си заминал. Слична била оостојбата и во Малешевска, Царевоселска, Штипска, Радовишка и во Овчеполска околија. Наместо училипгга, српските власти масовно се подготвувале за изградба на жандармериски станици. Српските црковни и прооветни власти во поглед на денационализацијата на македонскиот народ не постигнале никакви резултати. Најреално речено, не изградиле и не реновирале ниту едно училиште, не успеале да ги воведат децата во наставата, а учителите самите себе се трансформирале во потерџии.
21-02-2011, 08:31 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#45



Quote:ВАЛАНДОВСКО УДОВСКАТА АТАКА


Март 23, 2007

Судири што и претходеа на атаката

Пред крајот на 1914 и во почетокот на 1915 година, четите на Коло Лефтеров и Димитар Недков, во судирите со српските воени единици кај Демир Капија убиле 40 српски војници и еден офицер. Орпскиот двор и буржоазија место да извлечат поука, да не посегаат по туѓа земја и место да ја укреоуваат северната граница спрема АвстроУвгарија, тие држале околу 100 илјади војска во Македонија и 10—12 илјади жандармерија и бројни четнички фо1римации за да го задушуваат во крв националноослободителното движење во Македонија.
Во почетокот на 1915 г., исто така, до судири меѓу четите на ВМРО, и силите на орпскиот режим дошло во с. Мечкуевци, Овчеполоко и во с. Жиганци, Кочанско. Во овие судири биле убиени 20—30 орпски војници и жандарми. Меѓувремено, четата на Ефрем Миладинов водела вистинска позициона војна со српски војници и жандарми на просторот меѓу селата Криви Дол — Сушица и Богословец и Топлик, Штипско. Српските разбојнички банди немајќи омелост да се соочуваат „по нож” со комитите, применувале метода на уцена и терор врз цивилното населвние. Во март 1915 г., за да ја опречат четата на Ефрем Миладинов да гарестојува во село Сушица и во Криви Дол, српските власти започнале во Криви Дол да градат голема лсандармвриока станица, а пред тоа г.рупа жандарми и четници ги изнасилиле жените: Сава Трајкова, Лефтера Саздова и Петра Митева, истовремено тепајќи ги со стапови сите селани. Од средината на март, српските четници и жандарѕуште започнале жртвите се почесто живи да ги закопуваат во земјата, или пак публично да ги бесат како во Гевгелиско, Радовишко, Царевоселско, Малешевско и во други места.
Во втората половина на март 1915 г. на целиот простор од Спрумица до Крива Паланка перманентно се водени вооружвни борби меп/ четите на ВМРО и ороската војска и жандармерија. Од еден српски извор се гледа дека во одбра^на на српската граница, во тоа време, покрај војската, жандармеријата и четниците, биле мобилизирани дури и учителите како и околиските и ошптинските чиновници. „Сите учители од Малешевска околија — стои во извооот, биле принудени ноќите да ги поминуваат во заседи со жандармите” .
Слична била состојбата и во другите реони на 06ласта. Анкетираните совре;иеници, тврдат дека, во пролетта и летото 1915 г., не постоело населено место, а да не било тероризирано, во кое, најмногу страдало голоракото цивилно население.
ПОДГОТОВКИ И РАЗМЕРИ НА АТАКАТА
Валандоѕскоудовската атака по жестокоста и обемот претставува најголем вооружен предизвик што го презела ВМРО иротив српските упразувачи во Македсиија меѓу 1913 и 1915 година. Причините за овој оружен судир се општопознати: терарот што српските воени и цивилни власти го опроведувале врз цивилното население. Резултатите од анкетата опроведена во Валандовоко, Дојранско и Гевгелиско, упатуваат на заклучок дека речиси нема населено место кое во периодот меѓу 1913—1915 г. не мало по неколку воени дезертери, бегалци во Струмица, кои во секое време биле готови на било каков ризик да им се одмаздат на српските власти. Едноставно, бегалците од овој дел на Македонија настојувале да дојдат до каковтаков судир со терористите — српските четници, жандармеријата и војската.
Според пишувањето на познатиот македонски револуционер Ангел Динев, за центар на подготовките за атаката )била одредена Струмица, во која, во тоа време, било седиштето на Постојаната окружна ко^миоија ва ВМРО оо која раководел Коста Цишушев од Радовиш. Тој бил пунктов началиик на ВМРО, раководел оо пограничната разузнавачка служба и поседувал преглед на сите емигранти кои по разни оонови нашле прибежиште во Струмица. Комисијата имала своја парична каса, облека, оружје и вкоплозивни материјали за извршување на напред опоменатите атентати на пругата Гевгелија — Велес и на други места.
21-02-2011, 08:35 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#46

Quote:Главниот магазин на оружјето, експлозивите, опецијалните штикови, четничката облека и друго, се наоѓал во с. Свидовица, во куќата на свештеникот Христо Терзиев, родум од с. Владаја — Дојранско, кое било опожарено 1913 година. Од Свидовица оружјето е разнесувано во пограничните села: Дорломбос, Мемешли, Орманли, Злеово, Костурино, Раборци, Попчево, Белотино, Рич и другите села спрема Валандовска околија.
Подготовките за атаката (нападот) се вршени во месноста „Маркова Река” во близина на с. Раборци, и во атарот на селата Водоча и Баница. Униформираните македонски и турски четници ноќевале во просториите на училиштето во с. Градско Балдовци и во поранешните заптиски сханици во с. Рич, Раборци и во пограничните турски иаоелани места. На вежбалишгето во „Маркова Река” и кај Водоча и Баница, четниците на ВМРО и друште учеоници во атаката вежбале со пушки, бомби и со ножеви. Кај „Маркова Река” вежбале четниците од македонско, а кај Водоча и Баница четниците од турско потекло. Бил избран и Главен штаб за инструктажа и раководење со нападот. Штабот го сочинувале: Петар Чаулев, Ване Стојанов, Љубомир Весов, Стефан Алабаков, Панајот Каранфилов, Туше Скачков, Христо Делчев, брат на Гоце Делчев, Петар Овчаров, реонски војвода за Дојранска околија, Тимчо Ковански, родум од с. Кованец, Гевгелиско, Усеин Хаки Беј, Лаззјр Рунтев од с. Габрово, Гевгелиско, Апостол Петков, Леонид Јанков, Стојче Чочков, Тодор Чочков, Попето Смоквички, Нишко Дончев Попов, Божин Танев, Илко Камчев, Георги Боцов, Абдија Капетан, Георги Илков, Назиф Ага, Георш Зајков, Христо Ѓурчилов, Атанас Гугуланов, Гоне Какаров, Анаштир Грбанаков, Андон Сарамандов, Аргир Манасиев, Ваоил Нецев,
Илија Маказлиев, Тома Икономов, бутарските поручници Николов и Казаков и други.
Четниците кои зеле учество во подготовките и во на падот на Валандово и на селата Пирава и Удово, најмногу бил регрутиран од редот на македонските и турските бе галци од Валандовска, Дојранска, Гевгелиска, Радовишка и од Малешевска околија. Според најновите податоци, за учество во Валандовската атака на 2 април 1915 г., само од РадовЕОПките села: Дамјан и Конче се пријавиле 180 турски доброволци. Додека турското население од селата Дорломбос, Башибос, Злеово, Горна Собра, Калково, Кал’ц ково, Кошарка, Татарли и др. без противење се воору жило и чекало оигнал за напад на граничните караули, жандармериските станигда и на српоките општински управи. И Македонците учесвици во нштадот биле мобилизирани на доброволна основа. Во тој поглед во Дневникот на В. Качаров, меѓу другото, стои: „Велко Качоров градеше куќа, а ѕидари му беа Божин Тасев, Лазар Тасев, Ванчо Тасев и Ефтим Калајџиев од Малешевијата. Два дена од неделата работеа само до пладне. На 31 март 1915г. дојде војводата Јован Белчов и им рече на мајсторите:„данеока ке ве носам во Струмнца. 1ие оез цротивење ги оставија алатите и му рекоа на татко им: „утре или за дендва ќе чуете, ќе ги препадиме Србите од Дојран и Валандово, а може и од цела Македонија. Весело кренаа со војводата кон Струмица и беа радоони што ќе одат во борба”.
Во подготавките и во нападот зеле учество 400 четници на ВМРО кои биле распоредани во 3 македански и 1 турска чета. Овој четнички потенцијал од (600—700) души за време на нападот бил лотпомогнат од 600 организирани члнеови на имеоната ВМРО од населеиите места на Дојранска, Валандовска и Гевгелиока околија, а најмногу ги имало од Валандово, Раброво, Долна и Горна Собра, Пирава, Удово, Калково, Пенуш, Кал’цково, Балинци, Брајковци, Марвинци, Миравци, Милетково, Давидово и од с. Фурка. Со оглед на тоа што е сочуван еден спиоок на меаните учеоници во атаката од гратчето ВаландоБО, денес, со поголема сигурност може да се зборува за јачината на силите во пресметката и од српока страна и од стра1на на ВМРО. Драгоцени се и податоците — прегледите на иселените семејства на 3 април 1915 г. од кои исто така може да се заклучи дека во атаката на 2 април 1915 г. не учествувале оамо 3 чети нај ВМРО и 1 турска чета, туку со оружје в рака учество зеле и голем голем број меони членови на ВМРО кои вон оите 1надворешни балканоки и вонбалкански комбинации, на нападот му дале народен, национален и ослободителен белег.


21-02-2011, 08:37 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#47


Quote:Не е спорно прашањето дека, со организацијата и подготовките, а особено со извршувањето на нападот непосредно раководеле: Тодор Александров, Александар Протогеров, мр Каранџулов, др Татарчвв зад кои стоеле: Австроунгароката влада и др Радославов (гер^манофил по убедување кој оакал Бугарија да се вклучи во I светока војна на отрана на Германија и Австроунгарците).
Во врска со тоа,, еве што коментира Ангел Динев: „Австријците му наредија на др Татарчев да организира едно востание во српока Македонија, за да се даде повод за нарушување на неутралитетот на Бугарија. Меѓутоа, др Татарчев не се ангажира во таа провокација, туку ја упати Австроунгароката влада на Тодор Александров и Алекоандар Протогеров кои со помошта на еден турски бег го организираа пограничното турско население во дојраноките и валандовоките села, како и дел од македонското наоеление во Струмица, па во пролетта 1915 г. извршија напад на Валандовока околија оо цел да ое урне железничкиот мост на Вардар кат о. Удово. Нападот беше подготвуван на бугарска територија, во Струмица, огништето за спроведување на германобугарската провокација”.
Тврдењето и коментарот на Ангел Динев не може да се прифати во целоот. На ваков заклучок упатуваат бројните сведоштва на современиците на настанот од струмичките села Градоко Бладовци, Свидовица, Белотино, Рич,Попчево, Раборци, Костурино, кои се категорични во тврдењата дека, организаторите на нападот биле во постотан контакт со кметските намесници од тие села, но потајно, зад грбот на официјалните бугарски виши власти од Струмица. Меѓу другите, така сведочат и: Лефтер Терзиев, преживеан учесник, син на свештеникот Христо Терзиев, еден од главните организатори, во чија што куќа бил главниот магазин за оружје на ВМРО, како и кметскиот наместник на с. Градско Балдовци Мите Михајлов. Првиот сведок вели: „Јас како и сите други што кренавме во напад, не ме интересираше политиката. Повеќе сакав да загинам одошто Македонија да биде под иго. На нас ни требаше само малку помош во луѓе и во оруж^е и ќе успееевме”. Вториот современик, Мите Михајлов, сведочи: „Тешко беше да се определиш. Бугарија водеше една политика, а Организацијата друга. Дење работев за државата, а ноќе за Организацијата. Четниците, кои престојуваа во училиштето, честопати ги карав бидејќи ја пееја песната „Ај да лдеме, ај да идеме Штип, Куманово, Штип, Куманово”. Преку песната можеше да се открие дека во нашето село се „вари” некоја каша.

Слични по содржината се и сведоштвата на: Николија Јанев, Коста Атанасов, Наќе Георгиев, Тимо Танев од с. Белотино, учесници во нападот и членови на извидничката дружина кои предводеле 3 чети на ВМОРО и една турска чета пред, и по извршувањето на нападот, на 3 април 1915 г. Во крајна линија, ваквата констатација може да се извлече и преку анализирање на фактот дека е бомбардирана куќатамагазинот за оружје на ВМРО, сопственост на Христо Терзиев во с. Свидовица. Меѓутоа е минирана и дигната во воздух со цел да се сокријат трагите на подготовките на атаката.


21-02-2011, 08:39 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#48

Quote:Нашроти 600—700 четници, припадници на ВМРО и нивните турски сојузници, српските одбранбени сили во атаката броеле 1.200 војници и целокупната жандармерија од просторот меѓу Демир Капија и с. Николиќево, кој Дојран. Српските воени и жандармериски сили биле распоредени по границата, во населените места и долж железничката линија меѓу Демир Капија и Гевгелија. Со нив командувале мајорите: Михајло Милјашевиќ, Горѓе Јовановиќ и Радомир Петраниќ. Командант на оите единици бил потполковникот Милан Виоровиќ.
Како директен повод за нападот послужиле измачувањата на атентаторите Георги Танев, Дине Пурдиков, од с. Петрово, Гевгелиско, Димитар Николов и Неда Ризманова од с. Градец, Валандовско, како и големите масакри извршени врз цивилното население во селата Дедино, Загорци, Караџилар, Дамјан, Рахитец, Гарван, Ињево, Скоруша, Долна и Горна Враштица, Брест, Пиперево и други во Радовишко, Гитипско и во Пехчево, од страна на четниците на Јован Бабунски и српската жандармерија.
Всушност, првиот напад започнал во атарот на Пехчево, на 29 март 1915 г., а по три дена, на 2 април истата година, на „Тежок петок”, во раните утрински часови била извршена страотна атака од страна на 4 чети на ВМРО врз Валандово и селата Пирава и Удово, Валандовско.
Нападот започнал во 3,30 часот наутро, за кој современиците велат дека повеќе личел на некаква бура одошто на воен судир. Српоките воени и други укрепувања на граничниот простор здеѓу селата Удово и Николиќево, најблаго речено, биле срамнети со земјата, а стражарите биле исклани. Најсилен бил нападот за преземање на Валандово и селата Удово и Пирава. За преземање на Удово, односно мостот на реката Вардар, меѓу 9 и 10 часот на 2 април 1915 г., се водела најжестоката борба. Околу 11,30 часот, напаѓачите (четите на ВМРО) се повлекле од кај Удово и без паника со нив се повлекувало и цивилното население од Удово, Калково, Кал’цково, Пенуш и од други села. Селаните со себе ја повеле и стоката (овци, говеда, кози и др.), а околу 15 часот попладне ја преминале границата кон Струмица. На другиот сектор од нападот биле атакувани орпоките воени и жандармериски сили, концентрирани во Валандово и с. Пирава. Валандово во тоа време го бранела единицата на мајор Милјашевиќ. Кога било забележано продирањето на бугарскотуроката чета кон Валандово, Милјашевиќ брзо ги евакуирал својата, и жените на останатите српски чиновници од Валандово, за
Гевгелија. Нападот на Валандово и Пирава бил урагански. Српската одбрана на брза рака била скршена, а запленетите војници и службеници, без двајца сите биле заклани. Во врска со овот настан еден современик, сведок на она што се случило, забележал: „Беше Тежок петок. Целото семејство бевме на црква. За време на мисата се чу пукотницата од многу пушки. Поп Димитар рече: тоа се нашите. Првите пукотници доаѓаа од кај Удово, каде што била нападната воената барака. Не помина ни еден час, се појави друга чета која почна да ги атакува трите српски бункери, кои беа подигнати над Пирава и Валандово. Кога четниците навлегоа во Пирава, под нож падна се што беше српско. Тројца службеници бегаа во правец на Удово. Низ шумата се провлекле до тиквешкото село Корешница, но тука биле фатени и биле исечени на парчиња. Еден српски војник беше земен во заштита од Дине Кавадаров, но Кор Абдул го оттргна војникот од рацете на Дине и бесно извика: „дај ми го да му ја изедам главата на тој руски човек”. Меѓу сите Срби што беа затекнати во Валандово и во Пирава, кожата си ја спасила само една жена на српски офицер што нашите жени ја беа сокриле во една фурна за печење леб и сливи, и еден жандарм кој се беше сокрил во ѕвоното на камбаната во Валандово. Не беа поштедени и болните млади кадети кои лежеа во Валандово. Сите, по ред, беа исклани. Не знам, можеби таква беше наредбата, не стрелаа, ами ги колеа Србите само со нож, како овци. Изгледот на четниците беше страшен, трчеа во платно. Никогаш не сум видел толку да им светат очите на луѓето, а забите да им крцаат од лутина. Ножевите им беа исукани и извалкани од крв. Видов како го носат на раце војводата Петар Овчаров, беше ранет. Кога ги испотепаа сите Срби, не собраа на збор и ни говореа дека во скоро време Македонија ќе биде ослободена. Вечерта четата се повлече спрема Струмица. Заедно со четата си заадинаа селаните од селата; Плавуш, Пирава (сите Турци и неколку напш семејства) Калково, Кал’цково, Гулели, Аразли, Баракли, Бапгчгели, Удово, Весели и од с. Верзели. Српската војска што доаѓала од кај Тиквеш, цел ден не се осмелила да крене кон Валандово, Удово и Пирава. Србите кои побегнале спрема Гевгелија, биле преплашени и се криеле по куќите. Српската воена коњица стаса наредниот ден. На оние што останавме во
селото ни беше наредено да ги пречекаме Србите со бело знаме. На чело на поворката беше жената на офицерот што ја беа сокриле нашите жени во фурната. Таа на српските офицери им кажа: „Турци беа, не ги задевајте Бугарите .
И сведоштвата на П. Градечки во целост се поклопуваат со оние на претходниот сведок. За време на нападот, Градечки се наоѓал во една визба, во куќата на Зурап Бфенди во Старо Удово. Тој го слушал разговорот меѓу Зурап и Абдија Капетан. Во рацете му паднало и едно пиомо со список на Организацијата, но за жал тоа било оштетено, па затоа тот само го интерпретира по сеќавање. Значајно и изворно е сведоштвото на Градечки кога зборува за закопот на убиените Срби, па во врска со тоа вели: „Вкупно беа наредени во Удово 480 мртви, исклани и стрелани српски војници и жандарми. Немаше кој да ги оплакува. Говор одржа учителот Христо Нановиќ од Дојран, кој опомна дека се очекувало да умрат од раните околу 300 други војници и жандарми. По тоа, знам дека за време на атаката беа убиени околу 700 Срби. Меѓу убиените вмаше и железничари. Нановиќ рече: „Срам нека им биде на Бугарите. По крв се наши браќа, а со крвта на нашите деца за овој Велигден, на нивните деца нека им вапцуваат јајца”.
Инаку, од Валандовска, Дојранска и Гевгелиска околија, учесници во атаката од 2 април 1915 г. има повеќе на број. Така на пример, само од с. Пирава вечерта на 2 април заедно со четите на ВМРО, се повлекле 50% од вкупното население. Слична била состојбата и со населението на Валандово, Брајковци, Балинци, Марвинци, Раброво и други. Учесници во атаката има од Гевгелија, Дојран, с. Николиќево, Фурка, Долна и Горна Собра, Казандол, Татарли, Стојаково, Богданци, Богородица, Смоквица, Габрово, Петрово, Серменин, Хума, Конско, Кованец, односно од сите населени места на трите околии. Меѓу загинатите околу 40 припадници на четите на ВМОРО, се споменуваат Јован Колев и Милуш Колев од с. Балинци. На списокот на учесниците во атаката се споменуваат и:
Гоне Какаров, Мито Самарџиев, Мито Банев, Ваоил Христов, Јован Колев, Глигор Хаџиев, Христо Танкин. Наќе Танчев, Милан Колев, Томе Глигоров, Илија Попов, Томе Грбанаков, Анаштир Грбанаков, Андон Сарамандов, Георги Зајков, Диме Ѕанев, Ефтим Ѕанев, Ефтим Кечев, Христо Џртев, Јован Тегов, Христо Ѓурчилов, Атанас Гуголанов, Аџи Беј, Исинага, Топалбеј, Кор АбдулЕфенди, Зурап Ефенди, Томе Бајлозов, Дине Кавадаров, Ташо Павлов, Мито Гурето, Анаштир Брзанов, Коло Арнаудов, Тануш Џаков, Ефтим Зајков, Ангел Бакалов, Андон Бачев, Апостол Џетков, Леонид Јанков, Тимчо Кованоки, Попето Смоквички, Сто.јче Чочков, Петре Чочков, Нишко Попов, Георги Илков, Божин Танев и др.”‘
Во орпски извори се наведува дека во нападот учествувале околу 3.000 бугарски и турски четници од кои: 2.0О0 извршиле напад на Удово и 1.000 одлично вооружени и добро облечети бугарски комити го нападнале Валандово. Овие податоци не се точни, како што не е точен ни бројот на 181 загинати и околу 67 ранети српски војници. Односно, српоката комаеда поради срам, бројот на бугарските комити го зголемува од 600 на три илјади, а бројот на загинатите српски војници, жандарми, железничари и цивилните службеници, од 700—720, го смалува на 181 односно на 281 мртви и 67 ранети.
Од мошне поголемо значење за историјата се целите на атаката. Српските извори зборуваат за долго и добро подготвена акција на бугарските комити кои преку нападот имале за цел да ја принудат Србија на поголема попустливост во однос на Македонија, од една страна, и, од друга, преку разурнувањето на железничкиот мост на Вардар кат с. Удово требало да се спречи дотурот на помошта што Србија ја добивала од сојузниците преку Солун. Во крајна линија, замислата на АвстроУнгарија успешно завршила. Земјите на Антантата кои пред тоа биле готови на Бугарија да и направат отстапки во одпос на Македонија, се разбира, доколку таа би прифатила да биде на нивна страна во војната, после атаката се разочарале од нејзиното поведение. Овој момент го искористила Србија која започнала широка кампања против Бугарија.
Валандовоката атака од мно1гу групации била о^оудена како акт што го урива угледот на Бугарија. Против атаката се изјаонил дури и Иван Филев, министер на Бугарската армија. Тој не Ја прифаќал соработката што му ја нуделе Тодор Александров и Александар Протогеров. Во прилог на тоа се произнел само министерпретседателот на бугароката влада, др Радославов, кој тврдел дека востанието во Валандово е дело на месни луѓе кои кренале глас против неподносливиот крвав режим во Вардарска Македонија.
Бидејќи силите на Антантата побарале спроведување на анкета на населението на местото на нападот, др Радославов го повикал во Софија пунктовиот началник на БМРО од Струмица Коста Ципушев, при што го предуиредил, за во иднина, при преземањето на бипо какви акции против Србите, да биде повнимателен.
(This post was last modified: 21-02-2011, 08:43 PM by ЈорданПетровски.)
21-02-2011, 08:40 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#49

Quote:Меѓувремено, атентатори од Гевгелија ја минирале куќата на свештеникот Христо Терзиев во с. Свидовица, при што тој и семејството биле мренати во воздух. На тој начин трагата, Организацијата да биде изведувач на атаката била избришана. При спроведувањето на Анкетата во Удово, Пирава, Валандово, на бугарока страна сведочеле и двајцата преживеани српски сведоци: жандармот, кот се скрил во камбанаријата и жената на офицерот што ја скриле жените од Валандово во фурната за печење леб. Според зборовите на Алија Ибраимов, тие кажале: „напаѓачите беа Турци, не беа Бугари”. Така сведочеа бидејки Србите се уште се надеваа дека ќе треба да се спогодуваат со Бугарите, кој од нив, на кој дел од Македонија ке биде гооподар. Србите на војводата Петар Овчаров му даваа подароци. Војводата Овчаров беше ранет кај Удово. но за него Србите ништо не им кажаа на Европејците”.
Целта што сакала ВМРО да ја постипне со атаката од 2 април 1915 г. не била постигната. Српските окл/патори уште наредниот ден по нападот се нафрлиле врз населението во Македонија. Во с. Пирава, иако српската воена единица на 3 април 1915 г. била пречекана со бело знаме од месното население, кое останало во селото, војниците го убиле Алија Домазетов, а на другите граѓани почнале да им се закануваат дека сите до еден ќе бидат истребени.
Во Валандово орпските војници почнале да се пресметуваат уште пожестако со луѓето. Влегувале во куќите и барале сокриени комити. Од ова место биле одвлечени и парчосани неколку граѓани. И не само во Валандовско, Гевгелиско и во Дојранско, српските војници, жандари и четници во знак на одмазда крваво се пресметале со голвм број Македонци и Турци и од другите краеви на Македонија. Др Петар Стојанов времето по ВалаЈНДОвокоудовокото востание го наречува период на ново чистење од „бугарашките” елементинапросторонтево: Валајндовско, Радовишко, делови од Струмичко и цела источна Македонија. Во прилог на ваквата констатација зборува и изјавата на началникот на Брегалничкиот округ, кој споменува бројка од 73 уапсени бугараши од територијата на Радовишка околија, меѓу кои имало и 13 Турци, вмешани во аферата на Бостанието во Валандово. Во изјавата на началникот се споменуваат имињата на Коце Зафиров и Тодор Андонов за кои е подвлечено дека се раскајале — првиот полудел, а вториот скокнал од горниот кат на зградата на Околиската управа.
Всушност, се работи за лица уапсени пред ВаландовскоУдовското востание, но началникот на Брегалничкиот округ од политички причини, како и со намера да ги оправда ирвавата недела на режимот, апсењата, масакрите и сите крвави драми, ги поврзува со настаните во Валандово и, на тој начин, вината за сето тоа пред оветската јавност требало да се прикачи на Бугарија.
На голем терор по Валандовската атака биле изложени жителите на Малешевска, Царевоселска па и делови од Штипока околија. Само од с Владимирово, Малешевско, биле уапсени, тепани и убивни околу 100 души меѓу кои имало и жени. Покрај тоа, српските гооподари во пролетта, а оообено во летото и почетокот на есента 1915 г. почнале да земаат и заложници кои во најголем број случаи беследно исчезнале, или пак им се подигнати надгробни пахметници, но во гробовите нема нивни коски.
И на крајот, треба да се одбележи и тоа дека Валандовокоудовоката атака има белези и на народно востание. Самиот факт што на 2 април 1915 г. десетина села целосно, и десетина делумно се иселиле од Валандовска во Струмичка околија, доволно говори дека нападот не бил комитаџиоки, како што е окарактеризиран во орпските извори, туку дека е вистиноки израз на револт на народот и очајнички обид да се дојде до саканата слобода. Сосема е друго прашањето: што сакала АвстроУнгарија; каков бил отавот на другите европоки и балканоки држави; какви цели имале инопираторите и слично.
Учеоницете од редовите на народот се вклучиле во акцијата и во преометките, за да го отфрлат српското господотво и да се добере слободата. Бидејки востанието не успеало, околу 6 до 7 илјади луѓе со се живата стока од Валандовока, пребегнале во Струмичка околија. Всушност бројката на пребегнатите го одредува и карактерот на настанот.
(This post was last modified: 21-02-2011, 08:43 PM by ЈорданПетровски.)
21-02-2011, 08:42 PM
Reply
Playboytaxi Offline
Senior Member
****

Posts: 614
Joined: Jun 2010
Reputation: 24
#50

Zatova ima i takov spomenik vo Makedonija:

[Image: 183054_1735802646500_1581624596_31607158_4726043_n.jpg]

A posle se ljutat koga im vikame srbomani.... Chetite na VMRO sa prikajani kako "Bugarski teroristichni cheti..." . Spomeniko e od 1931-36,ama toja nadpis e od pred nekoja godina...

My Blog with hundreds of original VMRO and other old documents related to Macedonia:
http://macedoniandocuments.blogspot.com/...lchev.html



03-03-2011, 09:56 PM
Website Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#51




11-05-2011, 09:20 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#52



[Image: scan0004mx.jpg]


[Image: scan0006oz.jpg]
19-05-2011, 10:07 PM
Reply
poprushev Offline
Super Moderator
******

Posts: 157
Joined: Dec 2009
Reputation: -3
#53




27-10-2012, 08:48 PM
Reply
Red Gun Offline
Junior Member
**

Posts: 6
Joined: Jan 2013
Reputation: 0
#54

Evo ja da dam neki komentar...
Presija je postojala DA...ali rec "teror" moze samo da se prepise bugarima.

Za vreme Kraljevine Jugoslavije pokusalo se da se makedonci "utope" u srpski narod,ali to im nije uspelo.
Masovno klanje,unistavanje i paljenje sela kao sto su bugari radili se nije desavalo,jedini masakar je kod Tikvesa.
Dakle pricamo posle 1 svetskog rata.
Presije - dakli pritisak,ucene,pretnje su bile svakodnevnica u gradovima,u selima i ne toliko,zabrane raznih organizacija.

E sada....to je proslo,izmirili se narodi i posle ziveli zajedno...pa se opet rastali...
I sada je situacija na "nuli"
Srbi ne priznaju crkvu a priznaju ime,narod i jezik...makedonci priznaju Kosovo... (pricamo zvanicno na nivou dve drzave)

A za svo ovo vreme bugari niti priznaju,niti hoce da se pomire,negiraju narod,ubijaju u Pirinskoj makedoniji svakog i hapsle ko ne zeli biti bugar,dok u Srbiji zaednica Makedonaca je na visokom nivou.

Dakle Srbi su radili lose jedan period i to stoji,ali ne znaci da ne mogu da nastave dalje kao dobre komsije sto i jesu.

A VI BUGARI?
Kada cete doci do te tacke kada cete priznati jedan narod?jedan jezik i jednu manjinu u vasoj CIGANSKOJ drzavi?

Pozdrav...;)
31-01-2013, 03:07 PM
Reply
Gnoj Offline
кабадаја
*****

Posts: 1,169
Joined: Feb 2010
Reputation: 33
#55

(31-01-2013, 03:07 PM)Red Gun Wrote: jedan jezik i jednu manjinu u vasoj CIGANSKOJ drzavi?
Жолт картон.

Let me hear you make decisions without your television.
31-01-2013, 07:50 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#56

ВМРО-Народна партија го поздравува отпочнувањето на изградбата на меморијалниот центар во Зајас за загинатите и убиените албанци во 1913 година во кој централно место ќе завзема споменикот ‘‘Албанска мајка‘‘.

Згрозени сме од сознанијата за едно вакво злосторство во кое животот го изгубиле борци кои ги бранеле сопствените семејства но и цивили дури и невини деца.

Се прашуваме како едно вакво злосторство со призвук на геноцид досега беше сокриено од граѓаните на Република Македонија.

Ова потврдува дека постојат уште многу неоткриени масовни гробници (најчесто бунари) и на македонци и на албанци кои биле жртви на теророт на српската војска по втората балканска војна.

Зачудувачки е како владата и другите надлежни институции досега ништо немаат превземено да ги расветлат настаните од Балканските војни и првата светска војна каде што се прикрива вистинската улога на српската војска против севкупното население на територијата на Република Македонија кое се борело против српскиот окупатор.

Ја охрабруваме владата доколку има и други сознанија за постоењето на вакви гробници без предрасуди кон никого да ја изведат на виделина вистината за злосторството на Српската војска а не, заеднички да прославуваат јубилеј на српската војска како што беше случајот со Зебрњак.

Во ВМРО-Народна партија искрено сочуствуваме со семејствата без оглед дали се македонци, албанци или други кои ги изгубиле своите блиски роднини како невини жртви на едно одмазничко лудило.

Со оа се надеваме дека делумно ќе ја ублажиме болката на нивните семејства и со јасна порака ваков погибел никогаш и никаде повеќе да не се повтори.

http://libertas.mk/%D0%B2%D0%BC%D1%80%D0...%B8%D0%B7/
17-07-2013, 02:44 PM
Reply