Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 11 Vote(s) - 3.09 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
НА МАКЕДОНИЈА И ТРЕБА ПОВТОРУВАЊЕ НА 1991-ТА ГОДИНА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,608
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:НА МАКЕДОНИЈА И ТРЕБА ПОВТОРУВАЊЕ НА 1991-ТА ГОДИНА

Пишува Јанко БАЧЕВ



Поедноставената формула на македонската политичка сцена, дека после секои парламентарни избори победничка партија треба да биде ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ, отстапува пред поразителната слика за овие две партии од нивните последни митинзи (на ВМРО-ДПМНЕ од 15 јуни и оној на СДСМ од 27 јуни), кога македонските граѓаните им го свртеа грбот и не се одзваа на нивниот повик да излезат масовно на нивните партиски митинзи, со што им испратија јасна порака дека се презаситени од нивното дведецениско владеење во кое само лажат и крадат. Во секое зло - добро!

Имено, се покажа дека како реакција на досегашното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, доаѓа бранот кој го носи сенародното незадоволство од нивното практикување на власта. Со масовното апстинирање од споменатите партиски митинзи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, македонскиот народ и националните малцинства што живеат во Македонија, всушност ја промовираа идејата за легитимност, народот и на овој начин да го искаже незадоволството против владеењето на овие две партии во изминатите дваесет години!



ЛАЖНА ПРОПАГАНДА



Инаку, во контекст на одржаните митинзи, и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си ја кажуваа својата лажна пропагандистичка вистина дека народот масовно ги подржал нивните митинзи. Истовремено, рафално се обвинуваа(т) едни со други дека митингот на спротивниот табор поминал со слаба посетеност, бидејќи ја нема довербата на народот, сметајќи дека со тоа ја зголемуваат својата моќ против својот домашен политички ривал. Меѓутоа, македонските граѓани овојпат покажаа дека не се расположени повеќе да им веруваат на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ. Нивниот меѓусебен партиски натпревар околу тоа, кој ќе донесе повеќе народ на митинзите, за да ја докажуваат подршката кај народот, всушност, така силно ги „издиша и тресна од земја„ бидејќи, неочекувано за нив, и спротивно на нивните партиски анализи, македонските граѓани не се одзваа на повикот за масовно присуство на нивните партиски митинзи. Значи, вистините излегоа на површина побргу од вообичаено, па сите прогнози во јавноста дека македонските граѓани се веќе заситени од дваесетгодишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, се потврдија како точни!

Така, на митингот на ВМРО-ДПМНЕ од 15 јуни 2010 година, беа донесени едвај десетина илјади граѓани. Овој податок е поразителен, ако се има предвид фактот дека секоја владеачка гарнитура кога доаѓа на власт, ја има можноста во јавната и државната администрација да изврши прераспоредување на околу 9.000 лица, сметајќи ги тука илјадниците најниски раководни шефчиња низ државата, па се до бројните функционерски именувања и назначувања. Значи, произлегува дека на митингот на ВМРО-ДПМНЕ присуствувале само овие лица, кои се стекнале со одредени партиски привилегии по доаѓањето на власт на оваа партија. Дури, споменатите 9.000 лица не се потрудиле да донесат уште по некој член од своите потесни семејства, и на тој начин да обезбедат барем некаква пристојна посетеност на партискиот митинг од некои 20 - 30 илјади граѓани. Меѓутоа, очигледно е дека не сакале да ги малтретираат своите најблиски, бидејќи, најверојатно сметале дека народот масовно ќе излезе да митингува. Арно ама, ваквиот есап не излезе според замислениот концепт на аналитичарите на ВМРО-ДПМНЕ, кои биле убедени дека на митингот ќе дојдат околу 50.000 граѓани!



ШПИОНСКИТЕ ИГРИ НА РОЗИТЕ



Од друга страна, истата слика и од митингот на СДСМ одржан на 27 јуни. Имено, и на овој митинг дојдоа едвај осум до десет илјади граѓани. Со оглед на фактот што бројката на посетеност на митинзите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се поклопува, речиси со голема сигурност може да се каже дека митингашите од СДСМ беа тие околу 9.000 луѓе од резервната сдсмовска клупа, кои своевремено со промената на власта се прераспоредени, па, сега, силно мотивирани од цврстите партиски ветувања дека со повторното доаѓање на власт на СДСМ, по автоматизам ќе си ги повратат раководните места во јавната и државната администрација, дојдоа да протестираат против, како што ја нарекуваат - ненародната власт на премиерот Груевски!

Но, од митингот на СДСМ излезе на виделина дека нивниот лидер Бранко Црвенковски, како опозиционер, дефинитивно ги нема под контрола цврстите лостови на тајната полиција, како во периодот на првата вмровска влада од 1998 до 2002 година, кога тогашната вмровска власт беше контролирана и приклешетна помеѓу две разузнавачки структури - онаа легалната СДБ, која тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ божем ја контролираше, и паралената парашпионска служба на Црвенковски. Во оваа насока, како поинаку да се протолкува податокот дека најсилното оружје кое СДСМ наменски го конструираше, за да предизвика потрес кај владеачката гарнитура, беше, замислете, да пукаат со некои третокласни актери од Фондот за здравствено осигурување. Па, со ваков арсенал на оружје, прашање е дали СДСМ на наредните избори ќе може да го победи Народно движење за Македонија, а не владеачката ВМРО-ДПМНЕ, дотолку повеќе ако се има предвид дебаклот со партиските митинзи на кои изостана народната подршка. Значи, очигледен е очајот и немоќта на Црвенковски, бидејќи портокаловите добро ги проучиле шпионските и дворските игри на розите во периодот 1998-2002 година, кога со клучните институции номинално раководеа вмровски функционери, а, во реалноста - утринската пошта кај едни (вмровските функционери) а информациите кај други (во штабот на СДСМ)!
КОЛУМНА
03-07-2010, 02:39 AM
Reply
razurnuvac Offline
Senior Member
****

Posts: 376
Joined: Mar 2010
Reputation: 6
#2

NA MAKEDONIJA ne i treba povtoruvanje na 1991 godina i se povtorno kako do denes , na MAKEDONIJA i MAKEDONCITE im treba konecno slucuvanje na MAKEDONIJA i MAKEDONCITE sega vo 2010 i ponatamu ne vrakanje nazad NAPRED oni od VMRO i SDSM i nivni mali satelitcinja so se SLUZBI KODOSI i INSTALACII neka gi neka se jadat i e... megu sebe. POZDRAV i SREKEN den MAKEDONIJO i MAKEDONCI
03-07-2010, 05:34 AM
Reply
razurnuvac Offline
Senior Member
****

Posts: 376
Joined: Mar 2010
Reputation: 6
#3

TAA 1991 godina se sluci SOOBRAKAJKA NA TOGASEN MINISTER ZA MWR vo MAKEDONSKA VLADA nekade vo SRBIJA . TOA se zloupotrebuvase i se vlecese se do doaganje na PORTOKALAVO PRERODENO VMRO-DPMNE za toa zborese i segasen PREMIER na VLADA NA RM NIKOLA GRUEVSKI cij vujko bil TOGASEN MINISTER MIJALKOV cij sin e denes vo MWR na najaka pozicija , i STO od 2006 pa do denes nema nisto vo pogled so taa sobrakajka sem sto mozebi uste togas ne e mesteno koga ke dojde vreme sinot da bide u MWR , ima edno intervju na togasen prv DBK SLOBODAN BOGOEVSKI koj e sekade kaj ginat nasi funkcioneri ama toj nikogas nema KRAJNI REZULTATI sem sto znae deka i JORDAN MIJALKOV togasen MINISTER zaginat vo SOOBRAKAJKA kon sRBIJA bil sorabotnik na SLUZBITE oti takov bil redot na site koi odele na GURBET U STRANSTVO kako direktori ili TRGOVSKI PRETSTAVNICI dali ova bese poraka do GRUEVSKI I MIJALKOV za se po 2006 i doaganje na PROMENGII I PORTOKALOVI OBIKNOVENI I NADOGRADENI za da se dojde do situacija kade gledame deka PAGA LUSTRACIJA i POSTOI MOZNOST BRANKO so SITE KOI SE ZA LUSTRACIJA da stane uste ednas PREMIER a NAROD GLEDA i ZBUDALUVA zar e mozno ODGOVOR e kaj GRUJO i sinot SASO MIJALKOV a go znae i SLOBODAN BOGOEVSKI i BRANKO a i SILJAN AVRAMOVSKI i LJUBCO i DOSTA i LJUBE i zatoa se oni site faci u politika taka se frzani sploteni megu sebe i taka funkcionisat 20 godini ama ide krajot a go turka USA taa bara nova ZAEDNICA od skratena YU t.e SBOSLAVIJA a tuka nema da ima mesto za site KRIMINALCI i POLITICARI i faci na toj prostor OD BIH PREKU SANGAAK pa CRNA GORA KOSOVO SRBIJA VOJVODINA MAKEDONIJA , zatoa se cisti na golemo u SRBIJA ama ide red i za kaj nas i toa e panika za se , pa ke se obidat da zamutat ama USA tera cvrsto i stega jajca ili ovie koi se u siot film ke odglumat i umrat na karaj ili ke dojde PERESTROJKA , vazno e da NAROD ne se faka na JADICA i neka si go DOMA po ODMORI pa u EKONOMSKA EMIGRACIJA i se taka a SDSM VMRO tuka slicni sekade spomenati pogore ke se E...i toa ke e eden grupen RASPALJOT zaradi 20 minali godini sto sa mislele deka USA ja zaebavame i tie ke si idat e da ama TEREN KE OCISTAT ZATOA sto im treba CIST teren zardi NIHOVI PLANOVE I POTREBE zatoa ajde da vidime sto e novo u leto 2010 esen i zima i u NOVA GODINA 2011 a ne vrakanje nazad koga oni igra vodeja i se dobija sega e OBRATNO i to me RADVA i VESELI , za mnogu godini MAKEDONCI zivi da ste kaj i da ste
03-07-2010, 05:11 PM
Reply
Gnoj Offline
кабадаја
*****

Posts: 1,169
Joined: Feb 2010
Reputation: 33
#4

Што толку пресвртно се случило во таа 1991 г., а што би можело и требало да се повтори денес, па човек на прв поглед на насловот да се сети што значи тоа „повторување на 1991-та“? Малку ќе фатам кривина од темата, ама јас лично би бил среќен ако успееме да го постигнеме барем тогашниот животен стандард, нивото на меѓучовечки односи и сигурноста на улиците.
Let me hear you make decisions without your television.
(This post was last modified: 03-07-2010, 05:48 PM by Gnoj.)
03-07-2010, 05:45 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,608
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

(03-07-2010, 05:45 PM)Dojkar Wrote: Што толку пресвртно се случило во таа 1991 г., а што би можело и требало да се повтори денес, па човек на прв поглед на насловот да се сети што значи тоа „повторување на 1991-та“? Малку ќе фатам кривина од темата, ама јас лично би бил среќен ако успееме да го постигнеме барем тогашниот животен стандард, нивото на меѓучовечки односи и сигурноста на улиците.


На Македонија и треба повторување на 1991 година. Бидејки таа не влезе сама и спонтано во плурализмот. Плурализмот беше дело на УДБА и КОС. Во тој смислол е повторувањето . Сами да ги започнеме демикратските процеси. Ослободени од јаремот на политичко полициското подземје чии експонети се сегашните раководства на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ со раководставата на нивните сателити ОМ, НСДП, се разбира новата шарена лажа ДД и останата ситна боранија.....
(This post was last modified: 03-07-2010, 06:11 PM by ЈорданПетровски.)
03-07-2010, 06:10 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,608
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:РЕВОЛУЦИЈА –ДЕФИНИТИВНО!
понеделник, 05 јули 2010 02:36


Случувањата во Македонија и во најголемиот дел посткомунистички земји по паѓањето на Берлинскиот ѕид, го цементираат уверувањето, дека само по пат на револуционерни промени е можна вистинска трансформација од еден недемократски во демократски систем во која било држава. Токму тоа и треба на Македонија денес, за да може да се одлепи од калта во која се валкаат ни криви ни должни неколку генерации нејзини граѓани. Проблемот е решлив, но за жал, подготовките и реализацјата се долготраен процес


[Image: st4_fc_il3.jpg]


Дојдено е времето малку посериозно да се помисли околу тоа што и како ќе се случува во Македонија понатаму. Како што може да се согледа од досегашните диксусии и текстови, не само тука на форумов, туку и во секојдневната комуникација меѓу луѓето што го користат својот мозок и за размислување, а не само за битисување, Македонија полека, но сигурно, тоне во апатија. Таа апатиија изразена и преку бројки, е резултат на согледувањето кај граѓаните дека со државата, всушност, нема кој да управува како што треба.

Граѓанството и селанството, т.е. народот - без оглед на старосна граница, на пол, на етничка или верска припадност, во доминантен дел е сигурен во едно: она што го гледа на политичката сцена како актуелна власт, како опозиција, како парламентарна или вон-парламентарна политичка сила, како граѓанско здружение, без оглед дали станува збор за синдикално движење или некои си таму Граѓани за европска Македонија, како институција од кој било тип, владина, невладина, црква, верска заедница.., НЕ ИМ ВЕРУВААТ!

Ова не е интуитивен впечаток. Станува збор за прецизни бројки кои произлегуваат од секоја анкета во последниве година-две, без оглед дали анкетите ги прават странци или домашни специјализирани фирми. Дури и во оние анкети што ги прават пералниците за пари формирани од власта, со застрашувачки имиња што треба да им дадат научна верификација- институити, ако малку ја согледате суштината на бројките, ќе видите дека над половината од анкетираните, всушност не поддржуваат никого, не му веруваат никому и де факто, не знаат што натаму.

Навистина, што натаму?



КПО



За да се тргне во издржана анализа што натаму, треба да се детектираат основните грешки во системот. На упатените луѓе, на тие што знаат да размислуваат и сакаат да читаат, како и на комунистичко-полициско-олигархиската (КПО) фаланга што управува со Македонија од 1945 па наваму, тие грешки им се јасни.

Проблемот е што првиве се премалку и се безвољни нешто да променат по формален пат и преку организирано дејствување, се разбира политичко, а вторава категорија пак, јасно е, се обидува преку целосна контрола на сите канали кои би довеле до каква-таква промена, да ги задржат нештата овакви какви што се, т.е. да продолжат бескрупулозно да владеат само и само за лични интереси.

Но, поради новите генерации Македонци и поради Македонија се разбира, никој од тие што знаат да размислуваат и да делуваат, немаат право да престанат да го прават тоа!.

Токму затоа, токму поради нив, тука на ова место ќе повториме нешто што е многупати во разни времиња кажано-промени мора да има, врз анализа и соогледување на лошите нешта кои доведоа до ова дереџе.



Првиот дефект



Накраткото сумирање на дефектите во денешниов, божем демократски систем во Македонија, мора да тргне од првиот факт-политичките партии, како основни носители на процесите во парламентарната демократија.

Политичкиот систем во кој делуваат политичките партии што влегуваат во парламентот е таков каков што ние, затоа што сите политички партии се производ на еден центар, на една идеолошка матрица произлезена од Комунистичката партија на Македонија, која во 1990 само формално ја предаде власта.

Процесите кои повеќепати сме ги опишале, општо кажано се сведуваат на вештачки плурализам, преку формирање и контролирање на политичките партии. Тие водат онаква политика каква што сакаат менторите, денес собрани во КПО врхушка.

И бидејќи Македонија не е изолирано место во вселената, бидејќи ништо не почнало и нема да заврши со 1945, се разбира дека во тој процес на контрола на процесите, се замешани повеќе фактори – Србија и Русија како папочна врска на македонските комунисти, од една страна и општо кажано Западот, предводен од Америка, од друга. Се што се случувало и што ќе се случува натаму, е и ќе биде поврзано во кругот РУСИЈА(преку Србија) – КПО – АМЕРИКА.

Заклучокот околу првиот и примарниот дефект би бил: во Македонија постои вештачки политички плурализам, темелен врз вештачки создадените политички партии пред 20 години, кога поради историските процеси на светско ниво требаше да се транзитира од едноумие во повеќеумие.

Вториот дефект

Таквиот вештачки плурализам, да повториме, е создаден со помош на ударната тупаница на комунистите – тајната полиција. Бидејќи на дело е се уште тој вештачки плурализам, кој на Македонија не и озвозможува вистинска демократија и вистинска насока, сосема е јасно дека таа уударна тупаница се уште делува и се уште е активна.

Таа ударна тупаница, т.е. џандари расфрлени во разни институции и организации во Македонија, се уште активно ги контролираат процесите во земјата по наредба на своите налогодавачи од пред дваесет години. Се разбира, кокетираат тие и со шефови на север, на исток и на запад, одработуваат и за нив по некоја задача, оти знаат дека мораат.

Наградата им е минорна, т.е. во овие дваесет години ги собираат трошките, па стигнале до некоја трговска фирмичка, до некоја луксузна куќа, пар викендици и по неколку скапи возила. Но, генерално, тука им е лимитот и со тоа се задоволни...

Заклучокот околу вториот дефекет би бил: во Македонија еднаш засекогаш мора да се расчисти со таа ударна тупаница и да се формира вистинска, а не квази полиција, која ќе им служи на државата и на народот, а не на комунистичката олигархија и на центрите од надвор.

Лустрацијата е алфа процесот од кој мора да се тргне при исправањето на вториот дефект.

Третиот дефект

Поради ваквите состојби опишани погоре, во Македонија за овие дваесет години никогаш не профункционираа и останатите елементи на еден слободен, демократски систем, кој треба да продуцира богато општество и среќни граѓани, што е всушност третиот системски дефект.

Имено, Македонија не познава и се уште не видела на дело функционирање врз основа на поделба на три независни власти и четвртата квази власт. Во Македонија само на хартија власта е поделена на законодавна, извршна и судска, а медиумите, како четврта власт, која всушност треба да ја има улогата на „куче-чувар“ на демократијата и на основните вредности во општеството, едвај да функционира делумно и повеќе формално, отколку суштински.

Ниту извршната власт е управувана и контролирана од законодавната, ниту имаме независна судска власт која ќе ги контролира претходниве две, ниту имаме слободни медиуми. Секаде, во сите институции на овие три власти и четврта полувласт, своја шака има положено чуената КПО елита, која управува со генералните процеси во Македонија.

Поради тоа денес имате смешна ситуација, се што ќе и предложи извршната власт на законодавната тоа да мине од прва и без проблем, опозицијата во парламентот да е само демократски декор и гласачка машина, а судската да нема сила ништо независно и објективно да исконтролира и исправи. Дури ни тогаш, како што однадвор се чини, во случајот на Уставен суд, бидејќи тие одлуки се само дел од борбата на двете банди во истото трло и немаат суштинско значење.

Сето тоа е благо и апатично проследувано од бројните медиумски куќи, затоа што нивната сопственост, уредничката поставеност и степен на образованост на новинарите што работат таму, не дозволува ништо повеќе од искривено претставена реалност и голо следење на фактите, кои многу често, што е срамно, се прикажуваат лажно и неточно.

Ваквата состојба со нефункционалните четири власти доведува до затнување на нормалното функционирање во сите институции во Македонија. Од премиер, до последниот службеник на некое истурено одделение на неко министерство во најзабутаната и најсиромашната општина во Македонија; од претседател на парламент до последната службеничка во некоја нефункционална, декорна парламентарна комисија, кава што е онаа, на пример, за контрола врз службите за безебедност; од претседател на Врховен суд, до најнископоставениот во хиерархијата, судски писар, кој се уште, на почетокот од 21-от век, чека да добие компјутер и интернетска врска...

Ваквата состојба ги затнува и другите полузависни или независни тела со контролна улога во демократијата, каква што е онаа несреќна анти-корупциска комисија или пак, какви се грото од околу 5-те илјади невладини организации.

Ваквата состојба, сите овие институции или организации ги искривува до степен на карикатура, која откако ќе ја погледнете, кисело и цинично ќе се насмевнете.

Да заклучиме околу третиот крупен системски дефект: непостоење на вистинска, функционална и оддржлива поделба на властите, секогаш нужна за една парламентарна демократија.

Четвртиот дефект

Исто како и третиот и следниот дефект кој сега ќе ви го опишеме, се должи на првиот или првите два: Во Македонија денес нема слободен пазар или слобода на пазарот. Не постојат вистински пазарни вредности, ниту пак вистинска конкуренција.

Не постои еднаквост на пазарните субјекти и исти услови за сите. Се во врска со пазарот е искарикирано, до степен на квази.

Државата, т.е. јавните институции и претпријатија се најголемиот работодавач. Потрошувачката на оние пари што ќе останат кога ќе се поделат платите и социјалните задолженија, го диктираат пазарот и пазарните услови. Зборуваме за буџетот на државата од 2,2 милијарди евра, кој всушност е главниот замаец што ја движи економијата.

Не постои ни вистински банкарски систем. Имате збир на банки кои прават олигопол контролиран и насочуван од државата и нејзините финансиски и фискални политики и нејзиното огромно влијанија кај Народната банка.

И кога работите така стојат, кога државата ви е најголемиот пазарен субјект на некој начин, јасно е и зошто постои четвртиот дефект: во Македонија не постои пазарна економија.

Еволуцијата на Фрчковски-идеолошка лага за прикривање

Ваквите состојби никогаш нема да овозможат стабилен раст и развој, затоа што државата, т.е. КПО, едноставно не може да се откаже од спроведувањето на нејзините/нивните тесни интереси.

Наместо држава како збир на интереси на слободни индивидуи, т.е. граѓани, имаме поистоветеност на државата со партијата, т.е. де факто делување „државата, тое е партијата“, а партиите, се знае чии се. И така, се се врти во круг. Едно дваесет години.

Овие четири системски дефекти, КПО вешто ги прикриваше овие 20 години и сееше магла околу причините за слабото функционирање на ова или она.

Идеолошки најчесто тоа го оправдуваа, со тезата дека промените треба да се правата меко и со пополека.

Тоа може да се согледа од една реченица на ексепртутката за се и нивен виден претставник, Фрчкоски, кој по еден сосема друг повод, на почетокот на транзицијата изрече „славна“ мисла дека промените во полицијата морале да се одвиваат по еволутивен, а не по револуционерен пат. Зашто, само така ќе сме го заштителе општеството да не ни забегало во хаос и криминализација.

Оваа парадигматична мисла ако ја компарираме со денешните состојби во кои се наоѓа Македонија, многу јасно ја покажува целата умисла, сиот пеколен план за долгодецениското одржување на власт на битангите што си играат со иднината на нашите и вашите деца.

Промените мораат да почнат од првиот дефект

Може ли да се исправат нештата? Може, да и тоа дефинитивно да заклучиме, не по еволутивен, туку по револуционерен пат. Тука, секако, не се мисли на крв, зашто Македонија низ историјата и премногу непотребна крв има дадено од своите чеда.

Тука под револуција се мисли на револуционерни промени и кинење на сета идеолошка врска со оние што сметаат дека историјата на Македонија започнала од нив, од 1945.

Исправањето на нештата треба да започне од исправањето на првиот дефект, на вештачката плурализација и вештачки создадените и контролирани партии. На македонските граѓани денес, како што веќе е напишано погоре, јасно им е дека нема што да бараат од постојнава понуда на политичкиот пазар.

Над половината од граѓаните се разочарани до коска од Глигоровци, Љубчовци, Бранковци, Груевци...разочарани се до коска и од другите етнички групи од нивните лидерчиња и партии. И ним им е јасно дека тие, ДУИ, ДПА, ДА, ПДП, итн, не се плод на нивните потреби и барања, туку се дело на КПО.

Што значи, дека во Македонија денес постои единство кај нацијата, без оглед на разликите што постојат по разни основи. Тоа единство просто и едноставно се дефинира како потреба за нова или поточно речено, нови политички партии, кои ќе бидат одраз на вистинското барање и потреба на граѓаните да живеат среќни, во слободна и богата држава и самите да можат да си ја планираат сегашноста и иднината.

Како до тие нови политички субјекти, кога веќе констатиравме дека сите институционални канали се затнати. Патот еден – повторно низ институциите на системот. Тој е затнат, но, не е стопроцентно затворен.

Дијаспората е замаецот

Бидејќи Македонија не е изолиран остров, бидејќи таа држава декларативно и формално е дел од светскиот поредок, бидејќи се изјаснила како држава која ќе почитува основни вредности и човекови индивидуални и колективни права и бидејќи како таква е примена во меѓународната заедница и во главното колективно тело на таа меѓународна заедница, кое се вика Организација на обединетите нации, сосема е јасно дека постои простор за дејствување во насока на радикално менување на општествената стварност.

Но, тука мораме да потцртаме еден клучен факт. Формирањето на нови политички субјекти во Македонија, оригинални и неконтролирани, ќе биде ѓаволски тешко. Преку продор и контрола на секој поединец кој што се обидува да направи нешто, КПО врхушката најчесто успева да ги сотре сите такви обиди во нивниот почеток.

Најдобра илустрација се, можеби, лидерите на два синдиката во Македонија, кои и покрај доблеста што ја искажуваа на почеток, за многу кратко време станаа „отпишани пушки“.

Зборуваме за независниот синдикат на образованието СОНК и за онаа персона што се врти на името Дојчин и за Здружението на бранителители Достоинство и нејзинито лидер што се врти на името Стојанче.

Обајцата почнаа цврсто и решително, што е најважно искрено и целните групи кон кои алудираа веднаш во нив препознаа лидери. Поради тоа добија на масовност и остварија големи почетни успеси.

Но, за кратко време, кога КПО ја препозна опасноста во нив, со познати и видени методи на ударната тупаница ја постигна целта. Првиот го нема со години веќе, замолкна, а вториов нема никаква иднина, затоа што веќе ја тера водата на воденицата каде веднаш ги мелат – ќе биле политички активни на следните избори, што значи дека или ќе дадат поддршка на СДСМ и нивните полтрони од типот на Љубе или ќе формираат некој приврзок партија, колку да го доразбијат гласачкото тело.

Примерот со Дојчин и Стојанче покажуваат зошто исправањето на првиот дефект ќе биде ѓаволски тешка работа. Токму затоа, можеби, најбрзиот пат за исправање на грешките треба повторно, како во деведесетите години, да започне со активност на дијспората.

Се уште е рано да се навлегува во детали, но јасно е дека кога дијспората, особено онаа што не се откажува од својата татковина без оглед колку им е добро во новите татковини, ќе се избори за поголема улога во Македонија, има шанси за забрзување на процесот на формирање вистински и оригинални политички партии во државата.

Предусловите се на страната на таа, би ја нарекле квалификувана дијаспора, која, ем е економски независна и силна, ем е одлично информирана, ем е добро етаблирана во новите општества каде била принудена, подвлекуваме, принудена да емигрира.

Таквата дијаспора предусловите ќе ги заокружи со функционалното стапување во сила на новиот изборен закон, кога ќе може и да го направи првиот институционален чекор со седнувањето во пратеничките клупи во Собранието на Македонија.

Иако, некому може да му се чини ова како утопија, особено ако се има предвид улогата на дијаспорите во другите посткомунистички земји, Македонија, е сепак, специфичен случај.

Иако, на прв поглед македонската дијаспора е малубројна и слабо организирана, иако на прв поглед таа се уште е контролирана од ударната тупаница, сето тоа се само квази пречки и изговори.

Македонската дијаспора, за среќа, располага со доволно чесни и умни луѓе, кои, секако, ќе знаат како да и помогнат на матицата и на сопствениот народ, кој не по своја вина се наоѓа во такава срамна позиција денес. Впрочем на македонската дијаспора досега никој од 1945 наваму не и подал вистинска рака.

Време е да се исправат грешките онаму каде што во 1989/90 само формално започнаа-токму со Драган Богдановски и неговото ДПМНЕ, де факто скроени во Белград и Скопје.

Време е за суштинско, а не формално започнување на нов процес и нова политичка битка.

Време е конечно, да се „раскурца“ толку често повторувана лага од еден од првите пиони на КПО, професорот Маријановиќ, дека секој народ си ја заслужува власта што ја има.

На народот, за да ја заслужува власта што ја има, треба да му дадете две нешта: да биде информиран и да има избор. Во Македонија, ниту е народот информиран како што треба, ниту пак имал избор.

Затоа, да повториме, мора да се исправи првиот дефект, а тоа е вештачката плурализација на политичкиот простор. После, сите останати дефекти ќе се исправат, што би се рекло, сами од себе.

Но, не треба никогаш да се забориви, дека ова е долготраен процес и оти резултатот не треба да се чека преку ноќ. Впрочем, на оние наши славни претци од пред 100 и кусур години, па се до 1934, тоа совршено им било јасно!

Треба само да погледнеме малку во нив, а потоа малку во огледалото и да се запрашаме – достојни ли сме?



Владимир Костовски
05-07-2010, 03:59 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,608
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

И Мирка Велинова со слично видување како нашиве колумнисти, Костовски и Бачев:

Quote:Нé чека пресметка со џандарскиот плурализам



Дури и да не се случеше она мизерно манифестирање на силеџиство во Собранието, подолго време ги гледаме сите симптоми на гнилеж на транзицискиот квазиплуралистички модел

[Image: vmro%5B4%5D.jpg]

Политичката сцена во Македонија напросто плаче за сеопфатен ремонт. Преминот од еден во друг систем оди неверојатно бавно. Неуспешен е и преминот од млада и неискусна демократија во фаза на уредена правна држава. Општеството тешко се носи со промените само зашто политичките субјекти не умеат да истранзитираат од пубертет во зрела доба. И последниот инцидент во Собранието е доказ дека наспроти себеперцепирањето како одговорни, државотворни и пред сé честити луѓе со свест за последиците од својот јавен ангажман, всушност се работи за арогантни, асоцијални и саможиви суштества групирани во партии на кои личните желби и потреби им се единствениот критериум што го следат. Личниот интерес секогаш и во сé е важен, но тој не може да биде пресудниот или носечкиот кога е во прашање партиската или државната политика. За жал, во Македонија е обратно. Карактерите, потребите и желбите на водачите доминираат со политиката.

Политичката сцена во Македонија е составена од две големи партии во т.н. македонскиот етнички кампус и две големи партии во албанскиот етнички кампус. На таква основа, а за потребите на двете најголеми партии кои наводно ја претставуваат левата и десната страна од спектарот, во раната фаза на плурализмот со помош на ДБК се формирани едно чудо самоникнати (гринфилд) партиички, кои по начинот на кој се организирани и што симболизираат, односно кого претставуваат, не се ништо друго освен политички гранапчиња со еден вработен. Јавна тајна е дека македонскиот политички плурализам е дизајниран во депоата на тајната полиција. А бидејќи таа кадровски и идеолошки беше служба на Сојузот на комунисти, без каква било дилема, лесно може да се докаже дека партиите кои никнуваа како печурки во подрум имаа задача да фингираат разновидност. И до ден денешен, можете да се обложите дека „лидерите“ на пајтон-партиите не знаат што запишале програмски кога се основале. Тие не се осовременуваат, ниту пак згаснуваат. Тие се еден вид „политичари-спијачи“ кои нивните централи ги будат по потреба, кога СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ меѓусебно си ја мерат должината, односно големината на „Коалицијата за Македонија“. Повременото оживување на ликови како Слободан Угриновски, Борис Гегај или Драгиша Милетиќ ја илустрираат сериозноста на болеста. Историски, ваквиот монструзен модел паѓа директно на одговорност на стратезите на СДСМ, кои беа во позиција во почетокот на плурализмот да измислат и спроведат „идеја“ вечно да бидат на власт и во плурални услови.


ЏАНДАРСКИ ПЛУРАЛИЗАМ


Затоа пак одговорноста на водствата на ВМРО-ДПМНЕ, пред сé на Љупчо Георгиевски и на Никола Груевски, е двојно поголема зашто наместо да го демонтираат (со целосна и сеопфатна лустрација од 1990 година до денес), го прифатија и го надградија овој систем. Денес, да има човек срце да се смее на сопствената несреќа, би заоѓал пред гротеската на големите коалиции „За подобра Македонија“ и „За европска Македонија“. Лидери и божем партии колку сакате, а политиката гола вода и на Македонија никако да и тргне. Освен овие подвижни предизборни тезги под контрола на тајните полициски служби, кои совршено лесно влегуваат и излегуваат од големите коалиции, во Македонија се појавија и провизорни партии со еднократна задача да се изведе парламентарен преврат (ново парламентарно мнозинство). Креирани се така што се врбуваат извесен број пратеници на кои прецизно им е дефинирана точката на топење и тие формираат своја партија која станува гласен дел од противничката коалиција. Тоа беше случајот со Борис Стојменов и неговата ВМРО-македонска, како и со угледните активисти на Демократска алтернатива кои се окрупнуваа и ситнеа гравитирајќи кон лево или десно, како и со оние пребези од ДПА и од ПДП, кои понираа во сите правци. И тие се очигледни рецидивисти на транзицискиот македонски политички модел. Таков е и случајот со Ѓорѓи Оровчанец, кој ни самиот веќе не знае колкав му е плуралниот политички капацитет. Но загрижувачки е што монстр-моделот го одржуваат во живот и младата генерација политичари. На овој „рецепт“ денес се испробува и талентираниот Ивица Боцевски, кој за кратко време истрча завиден политички пат од левиот СДСМ, преку десноконзервативната ВМРО-ДПМНЕ, за моментно да се одмора во центристичката Либерално-демократска партија.

[Image: sdsm5.jpg]


Посебно комично во јавниот ангажман изгледаат партиите - политички мутанти кои се создадоа како последица на лично незадоволство од „матичната“ партија, која не умеела соодветно високо да ги цени квалитетите на оние што се гледаат како лидери или барем големи везири. Такви за џабе партии имаат формирано Тито Петковски (НСДП), Љупчо Јордановски (Партија на слободни демократи), Лазе Еленовски (Социјалдемократска унија), бившиот полковник Благоја Марковски, Живко Јанкуловски (ПОДЕМ), но и Љупчо Георгиевски (ВМРО-НП) и Љубе Бошковски (Обединети за Македонија).
Целиот текст на Мирка Велинова
05-07-2010, 12:39 PM
Reply
Администратор Offline
Administrator
*******

Posts: 716
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#8

(04-08-2010, 02:17 PM)афион Wrote: Непретенциозни размисли

Стефан Влахов-Мицов

Дебело ќе подвлечам дека никогаш не сум имал амбиција за власт. Мојот интерес кон суштината и начините на владеење е од социјално-психолошки аспект. Отсекогаш, впрочем, ме зачудувал фактот што луѓе со претензии кон власта, нешто повеќе - такви, кои веќе биле во државната власт, сосема малку ја познаваат. И кон неа се однесуваат површно и со незнаење. Човек може да влезе во власта и без да ја разбира, доколку некој го постави таму. Било внатрешен или надворешен фактор. Но, доколку во меѓувреме не ја спознае, бргу ќе си ја загуби позицијата. За да се добијат избори, пак, не се доволни агитацијата и пцостите против актуелната власт. Главното е да се предложи алтернатива, притоа реална. И цената на таа алтернатива да биде поднослива за да може општеството да ја плати. Не е нужно да бидеш експерт за да видиш дека опозицијата во Република Македонија е слаба. Исто како опозицијата во Бугарија. Ја правам таа споредба зашто и во двете држави поранешните владетели во голем степен сами се погребаа. Во случајов нема значение што и во двете држави станува збор за социјалистички партии. Платформите денес го немаат она важно значење што го имаа во минатото. Има значење начинот на мислење, походот кон проблемите на општеството, интересите на нацијата. Во 2006 година СДСМ во Македонија ги загуби изборите уште пред тие да се одржат. Ги загуби со фалшиви ветувања кон општеството за брзо влегување во НАТО и во ЕУ. За секој нормален човек, кој гледа телевизија и чита весници, беше јасно дека тоа се глупави илузии. Уште повеќе ако се знае кои се соседите на македонската држава. Поинаку кажано, избирачите разбраа дека коалицијата на СДСМ ги лаже. Наместо тоа, коалицијата на ВМРО предложи „преродба во сто чекори“. Тоа значи не брз напредок, а чекор по чекор. Тој поход победи зашто беше реалистичен, а на Македонците им беше преку глава од лаги. Освен тоа, самиот термин „преродба“ означуваше вклучување на народот во владеењето. На изборите во 2008 година, веќе како опозиција, СДСМ повторно се самопогреба. Зашто заедно со фалшивото „брзо вклучување“ во НАТО и во ЕУ како услов за тоа го вклучи компромисот за името, што подразбира отстапки од македонскиот идентитет. Со нејзиниот однос денес македонската опозиција покажува дека ништо старо не заборавила и ништо ново не научила. Тоа го потврдуваат и резултатите од анкетите, кои и го одредуваат местото на вечна опозиција. Една партија може привремено да се самозаблуди дека привлечноста на лозунзите за НАТО и за ЕУ ќе ги надмине оние за името на државата. Иако, да правиш компромис со национален интерес за да се дојде на власт значи недостиг на зрелост. Но, ако продолжуваш да поддржуваш компромис кој општеството се повеќе го отфрла, тоа веќе е антинационално однесување и означува самоубиство. На ист глупав начин се убива и опозицијата во Бугарија, само што таму недостасува стапицата „идентитет“. Таму проблемот, шеговито кажано, е дека бившиот премиер Станишев, иако историчар, не ја прочитал впечатливата книга на Роберт Грин „33-те стратегии за војната“, а претпоставувам дека таа е практично помагало на актуелниот премиер Борисов. Барем ако судам според неговите дејствија. Авторот Грин предупредува дека слепото придржување кон досегашните стратегии може да доведе до пораз, доколку немаш креативно мислење. Ако сакам да бидам груб ќе кажам дека опозициите во Македонија и во Бугарија се некадарни и деградирани. Ако настојувам да бидам куртоазен ќе посочам дека тие не ја сакаат власта. Можеби затоа што не се уверени во себеси. Или, пак, сметаат дека оние што се на власт добро си ја вршат работата, па ги критикуваат, просто за да им го зголемат мислењето. Факт е дека и македонските и бугарските социјалисти практично работат за рејтинзите на Груевски и на Борисов. И двете опозиции пропагираат дека владеењето е катастрофално. За Бугарија тоа е сигурно, не треба да си специјалист за да го видиш. Тука наместо кауза има популизам. Наместо борба со корупцијата, криминалот и друго, има имитација на борба. Со два збора, популизмот и пропагандата ја заменија каузата, играат улога на кауза. Бугарската опозиција, впрочем, не предлага алтернатива. Зашто тоа ќе значи да се одрече од коруптивните практики, кои беа поврзани со нејзиното (и со на тие пред неа) владеења, односно, сама на себе да направи детално превреднување, што е поврзано со смена на раководната партиска елита. Куриозитет на ситуацијата во Бугарија е што неа ја определува фактот дека голем дел од денешните владетели, на чело со премиерот, се поврзани со различни етапи од претходното државно управување. Нивниот критичарски патос спрема актуелната власт потсетува на времето од култот на личноста. Во 1956 година Тодор Живков, кој во тоа време е прв секретар на ЦК на БКП, го обвинува својот началник и премиер Волко Червенков дека се самообожествил и го симнува од власт. На ист начин, 33 години подоцна, кон Живков се однесоа неговите колеги од Политбирото, кои се прикажаа како репресирани од него. Просто кажано, беспатицата во Бугарија е со истиот карактер како во Грција. И двете држави за да дојдат до суштествени промени, треба да ја смената целокупната политичка елита. Тоа не може да се случи и затоа се осудени да бидат црните овци во Европа. Големата разлика меѓу власта во Бугарија и во Македонија е дека ВМРО има кауза, која и дава шанси не само за долго владеење туку и да направи многу за македонската држава и за нејзините граѓани. Интересното е тука што фашизоидната позиција на Грција, наместо да и ги извади очите на Владата на Груевски, и црта веѓи, а ги ослепува приврзаниците на грчката позиција во СДСМ. Проблемот на македонската опозиција е што ја преценува улогата на меѓународниот фактор и неговото влијание врз македонската политика. А, во исто време ја потценува зрелоста на македонскиот народ. И во двата случаја тоа значи дека во СДСМ и неговите коалициски партнери има криза на идентитетот. За жал, таа не е партиска туку вредносна, и е поврзана со македонските националните интереси. Конфликтот на Грција со Македонија не може да се изедначува ниту со пограничниот спор меѓу Словенија и Хрватска, ниту со меѓусебните односи меѓу Србија и Косово. Зашто и во двата случаи станува збор за територијален спор. Проблемот со Грција е многу потежок со тоа што македонскиот идентитет е залог. Многу векови Македонија немала држава, но македонскиот идентитет не бил доведен под сомнеж. Изворите од античноста, низ средновековието до денес се јасни и категорични. Денес на удар е самата македонска суштност, а тој предизвик не може да се проголта по ниедна цена. Пред него отстапува и борбата за власт, и членството кое и да е, и највисокиот животен стандард. Ако македонската опозиција има барем малку ум во главата, треба да обрати сериозно внимание на анкетите со македонските граѓани и посебно на последната анкета. Според 36,8 отсто од анкетираните, доколку есенва има избори, ќе победи ВМРО, а 10,7 отсто се определиле за победа на СДСМ. Тоа е разлика поголема од трипати. Во исто време, на прашањето кој подобро би се справил со економската криза, 29,2 отсто кажуваат ВМРО, а 14,5 отсто СДСМ. Тука разликата е точно двапати. Сетики, не сум експерт на опозицијата, и тука ќе застанам. За Владата на Груевски слабата македонска опозиција е нож со две острици. Додека ВМРО ја отфрла идејата за компромис со македонскиот идентитет, а СДСМ го поддржува, рејтингот на власта ќе биде многу повисок од тој на опозицијата. Негативната варијанта е доколку Владата го искористи тој факт и борбата за македонското име и идентитет од кауза ја претвори во популизам. Таква ситуација нема да доведе до приближување на рејтинзите на двете главни политички сили, туку ќе предизвика политичка криза, хаос и преструктуирање на македонскиот политички простор во непредвидливи правци. Од друга страна, политичка криза може да дојде и доколку ВМРО се реши на компромис за македонскиот идентитет. На тој начин и двете македонски партии може да излезат надвор од играта. Власта треба да знае дека во очите на македонските граѓани, предноста пред СДСМ е главно во заштитата на националната кауза. Значи, секакво, и најмало отстапување во таа насока е самоубиство. Решителната позиција за името треба да биде само база за понатамошните процеси. ВМРО успеа да обедини огромен дел од етничките Македонци (според некои анкети околу 90 отсто), т. е. не само што ја надмина членската маса, туку и своите приврзаници. Во тие 90 проценти влегуваат и членови на СДСМ, и на други политички партии. Сега се укажува идеална шанса власта да ги придобие тие луѓе во свои поддржувачи, штом одговараат на нивните интереси и надвор од името и од идентитетот. Поинаку кажано, да преминат во претставници на волјата на целиот македонски народ. Досегашниот огромен притисок врз Владата однадвор и однатре не успева токму поради поддршката што и ја дава македонското општество. Таа поддршка ќе стане уште поголема доколку се најдат начин и форма за пошироко вклучување на македонските граѓани во владеењето. Најавениот референдум за името покажа дека Владата на Македонците гледа како на врховен суверен во државата. Така, и според Уставот, но важно е тој да се додава на практиката. Борбата за името и за идентитетот нема да заврши брзо. Од таа причина Владата може да отвори прием (и да им даде интернет-адреса) за писмени предлози од страна на македонски граѓани за одбрана на македонскиот идентитет. Ќе биде многу интересно да се споредат идеите на граѓаните со тие на експертите. Носителите на најзначјаните идеи да бидат искористени во стручни комисии, екипи итн. Ние често ги нарекуваме стручњаци луѓето кои дошле до диплома и до медиум, иако зборуваат и пишуваат глупости. А, потребно е се пошироко да се воведуваат механизмите на директна демократија во владеењето. Директна демократија, но, подвлекувам, во име на македонска Македонија. Во таа смисла од исклучително значење е да се активира соработката на политичко и на економско рамниште со македонската дијаспора. Не е толку значајно колку директни инвестиции ќе дојдат од дијаспората. Сегашните инвестиции под форма на пари за блиските во Македонија се околу милијарда. Важна е меѓусебната поддршка држава - дијаспора, важно е поддржувањето на македонскиот дух. Доколку во Македонија се предложи принцип на народовластие, тоа ќе се динамизира, ќе се ослободи од негативни или од болни симптоми. Крајно време е членовите на македонското општество да бидат тестирани за нивната одговорност кон македонската држава и идентитет. И тој критериум да биде главен при заземањето општествени и државни позиции, вработување и слично. Огромната поддршка што ја има власта за одбрана на идентитетот, и овозможува да го воведе тој критериум и во сопствената партија ВМРО. Партијноста не може да биде индулгенција за некадарноста. Напротив. Наместо да се бара работа за партијци, за членови треба да се поканат луѓе со способности и со висок македонски дух. И тие да добиваат работа и позиции. А, некадарните, кои сметаат само на партиското членство, да бидат избркани од работа и од партија. Истиот критериум за лојалност кон државата и кон македонските интереси треба да биде воведен и за малцинството во Р. Македонија. Со оглед на тоа што само 20 отсто од македонските Албанци се за одбрана на македонскиот идентитет и против менување на името, само од тие средини треба да се пополнува албанската квота за државни службеници. Александар Македонски направи голема империја зашто го следеше принципот „секому според заслугите“. Неговата империја се распадна кога наследниците го нарушија тој принцип. Тоа е поука за нас.

Авторот е универзитетски професор

Афион ке те замолам во иднина да внимаваш каде што постираш.
04-08-2010, 03:16 PM
Reply