Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ВЛАСТА НА ЗАЕВ ИЗДАВАЛА ПАСОШИ НА НАРКО БОСОВИТЕ
Author Message
vancevtodor Online
Senior Member
****

Posts: 346
Joined: Dec 2009
Reputation: 0
#21

Quote:Aleksandar Nikoloski
1h  ·

Луи Волина, МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН со „традиционално“ македонско име веројатно крстен на дедо му [Image: 1f642.png] е осуден во Шпанија во 2020 за ТРГОВИЈА СО ДРОГА. Нема нарко бос на кој не дале МАКЕДОНСКИ ПАСОШ.
ОСТАВКИ И ОДГОВОРНОСТ!

Lui Volina, un ciudadano macedonio residente




[Image: image.jpg]
09-04-2021, 02:26 PM
Reply
vancevtodor Online
Senior Member
****

Posts: 346
Joined: Dec 2009
Reputation: 0
#22

Quote:[Image: 1f3af.png] КАКО ПЕКЕР ВЛЕЗЕ ВО ЦЕНТАРОТ ЗА ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА НА ПАСОШИ ВО МВР[Image: 203c.png]

[Image: image.jpg]

Frosina Remenski is [Image: wqcib-qRyx3.png]looking for dinosaurs at Somewhere in Africa

32m Nairobi, Kenya

Во скоро сите земји во кои се израборува и издава биометриски пасош според меѓународните стандарди и спецификации за израборка на биометриски пасоши кои ги пропишува Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) при ООН (ICAO) за информирање на граѓаните, за потребите на стручната јавност и науката, ЈАВНО Е ПОЗНАТА технологијата и процедурата за изработка на биометриски пасош и што се' содржи тој. Скоро и да нема тајни околу софистицираноста и податоците кои се содржани во биометрискиот пасош.
[Image: 2705.png] ВРВ на оваа транспарентност е Германија, чиишто пасош е рангиран на ТОП ЕДЕН местото во светски рамки[Image: 2757.png]
[Image: 1f449.png]Високиот процент на Германци кои без никакво воздржување и на доброволна основа ги дозволуваат своите биометриски податоци на јавните власти во Германија кои се вградени во софистицираната електронска документација на Германците е заради ДОВЕРБАТА ВО СИСТЕМОТ НА ЗАШТИТА на нивните лични и биометриски податоци.
[Image: 1f449.png]Од тие причини Германија стана и европски лидер во градењето на регулативата и системите за размена и заштита на биометријата за граѓаните во Европа во рамките на европските институции.
[Image: 1f449.png][Image: 2757.png]Иако нашиот биометриски пасош ги следи меѓународните стандарди и спецификации на ICAO, заради што и влеговме во зоната на визната либерализација, при што нашиот пасош беше рангиран како 47-ми по безбедност, сепак кај нас НЕ Е ЈАВНО ПОЗНАТА технологијата и процедурата за изработка на пасошот[Image: 2757.png]
Кога зборувам за процедура, не мислам на поднесувањето на барањето за издавање на пасош, туку на чекорите од поднесување на барањето, процесот на движење на барањето, изработката, проверката и издавањето на биометрискиот пасош.
На темата биометриски податоци (ДНК, отисок од прсти, дланка, ушна школка, зеница итн), скоро и да не се зборува, а камоли да е познато за што се' може, мора, треба или не треба да се даваат овие податоци. Секако, темата со отисоците од прсти се познати при нивно аплицирање за возачка дозвола, лична карта и патна исправа, и сега од скоро како БУМ идеја за гласање со отисок на избори[Image: 2757.png]
[Image: 1f449.png]Германците со највисок степен на доверба во заштитата на нивните биометриски податоци уште не разговараат на тема гласање со отисок од прст, ама затоа ние во ек на системски скандал со тргување со идентитети и купување оргинална биометриска документација стигнавме до стапен да промовираме биометриска идентификација за гласање на избори [Image: 1f914.png]
[Image: 2705.png] Македонскиот (second generation) биометриски пасош[Image: 2757.png]
Биометрискиот пасош е документ кој содржи елементи на заштита од фалсификување.
[Image: 27a1.png] Податоците за носителот на пасошот се ПЕРСОНАЛИЗИРААТ на втората страница од пасошот, а вградениот бесконтактен RFID ЧИП персонализиран со биометриските податоци на сопственикот.
[Image: 27a1.png] Во чипот според стандардите за втората генерација биометриски пасоши, дефинирани се задолжителните податоци организирани во „логична структура на податоците“ (Logical Data Structure), организирани во „групи на податоци“ (Data Groups-DG) и 16 подгрупи.
[Image: 27a1.png] Задолжителни податоци во безконтактниот чип од биометрискиот пасош се: дигиталниот запис на читливите зони, дигитален запис од фотографијата на лицето сопственик на пасошот, дигитален запис од отисокот од прст(и), идентификациски ознаки на носителот на пасошот, сигурносни ознаки, додатни и опциони податоци.
[Image: 27a1.png] Освен овие податоци на ЧИПОТ во биометрискиот пасош се наоѓа и посебна датотека EF.SOD во кој се обезбедува сигурноста на документот (Security Object of Document) кој содржи листа со хаш-вредност на секоја група на податоци како и на самиот пасош, дигитално потпишани од државата издавач на патната исправа, заради заштита на логичката структура на податоците и овозможување на земјата примател да ја провери автентичноста и интегритетот на податоците кои се наоѓаат на чипот во пасошот.
[Image: 27a1.png] Како завршен чекор во ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈАТА на биометрискиот пасош е ЗАКЛУЧУВАЊЕТО на чипот што овозможува исклучиво дигитално читање (без промена) на податоците од чипот.
[Image: 27a1.png] Од аспект на видот на впишувањето на податоците и заштитата на податоците, станува збор за Еxtended access control (EAC) на пасошот.
[Image: 27a1.png] Нашиот пасош е од најновата генерација (втора) на пасоши кои земјите од ЕУ, во согласност со Регулативата EC 444/2009, почнаа да ги издаваат. EAC пасошите подразбираат повеќе дигитални сертификати и посебна заштита на ОТИСОКОТ ОД ПРСТ во однос на биометрискиот пасош од претходна генерација.
[Image: 2623.png] ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА на биометриски пасош[Image: 203c.png]
Ако ги прашате граѓаните на кој начин се издава биометриски пасош во државата, малкумина ќе ја знаат постапката за аплицирање, од аспект – каде и како се аплицира, кој образец се пополнува, кој податоци се бараат итн. Но, секој втор ќе знае да каже дека за пасош се чека, потребни се врски, не работи телефонот за закажување на сликање и дека се чека подолго време додека се земе. А скоро никој, или ретко кој знаат дека пасошите не ги прават момите и момчињата што сликаат, зимаат отисок од прсти и електронски потпис во една мала канцелариичка во зградата на МРТВ.
[Image: 1f4e3.png] Откако пукна системскиот скандал со тргување со идентитети за оргинални биометриски пасоши, и откако ги прикажаа (по медиумски стандарди) приведените фотографи и контролори од Секторот за управно-надзорни работи при МВР, нема човек што нема да поветува дека тие 9-те приведени се најодговорните во овој скандал со меѓународна димензија (ако се има во предвид значењето на погоре пишаното)[Image: 2757.png]
[Image: 1f6a9.png]Која АЛКА во синџирот фали[Image: 2049.png]
Сите светски агенции задолжени за заштита на биометријата во меѓународната кореспонденција зборуваат за ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА на ЧИПОТ со биометриски податоци и ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА на втората страна од пасошот со личните податоци на сопственикот на пасошот[Image: 2757.png]
[Image: 2623.png] Што значи ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА[Image: 2049.png]
[Image: 1f6a9.png]ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈАТА е третата и најважна фаза во изработка на биометриски пасош[Image: 2757.png]
[Image: 1f449.png]Првата фаза е пополнување на образец за издавање на патна исправа, па идентификација, па сликање, па потпис, па оставање отисок и чек-ливче дека чекате пасош за подигање[Image: 2757.png]
[Image: 1f449.png]Втората фаза е увидот на документите врз основа на кои се издава пасошот – лична карта, извод на родени, извод од државјанство, споредба со податоците со друга сродна база (возачка дозвола и сл.)[Image: 2757.png] Доколку во оваа фаза се покажат сомневања во основаноста на барањето и валидноста барем на еден од документите како основ, процесот застанува и не оди во трета фаза.
[Image: 1f449.png]Третата фаза – фазата на ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА на пасошот може да се случи ЕДИНСТВЕНО ако не постои никакво сомневање околу ОСТАВЕНИТЕ податоци од барателот и совпаѓањето и автентичноста на податоци со податоците во постоечката база. Ако сите овие КОНТРОЛНИ проверки и пребарувања се извршени со 100% сигурност, ПЕРСОНАЛИЗАТОРОТ кој во основа ГО ИЗРАБОТУВА биометрискиот пасош пристапува кон изработка (требување на обрасци и изработка на пасошот по ICAO стандардите)[Image: 203c.png]
Откако ќе се изработи КОНТРОЛОРОТ ЗА КВАЛИТЕТ го проверува и преку дистрибутер го доставува до местото од каде барателот треба да го подигне ЛИЧНО со АВТЕНТИЗАЦИЈА која подразбира совпаѓање на биометриските податоци и податоците од (биометриската) лична карта со онаа пасошот[Image: 203c.png]
[Image: 1f449.png]Подигањето на пасошот е повторно по тие ходници и шалтер – слично на амбиентот на поднесување.
[Image: 1f6a9.png]Кој ја прави ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈАТА[Image: 2049.png]
Во рамките на МВР во рангот на првите организациски единици кои се сервис на скоро сите други единици е [Image: 1f449.png]Одделот за информатика и телекомуникации[Image: 1f448.png] со кој раководи Помошник на Министерот и Началници на секое одделение или отсек. Познат Помошник Министер на овој многу важен Оддел во МВР беше Небојша Стајковиќ познат по Финзи, Ексико, Телеком, Коста Крпач, Трезор итн., итд.
[Image: 1f6a9.png]Во рамките на тој Оддел за информатика и телекомуникации срамежливо се крие
[Image: 1f449.png]Отсекот за персонализација на документи[Image: 1f448.png] со кој раководи Началник и во кој работат околу 30-тина души[Image: 2757.png]
Освен Началникот сите вработени таму се со средно образование кои извршуваат многу одговорна и софистицирана работа – ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА и ИЗРАБОТКА на БИОМЕТРИСКИ ПАСОШИ[Image: 203c.png]
Да, и таму има КОНТРОЛОРИ, а има и такви што превземаат податоци од централна база на податоци[Image: 2757.png]
Она што е многу важно за овој Оддел, а особено за овој Отсек е строгата потреба од физичка, административна, информациска и комуникациска безбедност на самиот процес на ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА на патните исправи[Image: 2757.png]
Секој чекор во овој процес, секое логирање во било кој систем се евидентира, просторот е под строг контролиран влез под континуиран видеонадзор и целокупната комуникација оди преку криптозаштита[Image: 2757.png]
Тука ќе застанам ...
[Image: 1f4e3.png] До следното продолжение ќе почекам да видам дали „стручната“ дискусија за порозноста и корумпираноста на системот ќе се сведе на фотографот, шалтерџијата, контролорот на фотографот и портирот (фамозните управни служби), или пак, ќе постои потреба за поголема транспарентност на процедурните за изработка и издавање на пасошите тука.
Не сме Германија, не се лажам воопшто, но сакам да знам дали, фотографот во управните служби на МВР е човекот кој може некому да му го продаде МОЈОТ ИДЕНТИТЕТ[Image: 203c.png]
[Image: 1f4e3.png]Кој се добил пасош, врз основа на кое државјанство, извод на родени, лични карти и биометриски податоци ќе почекам да ни кажат и други – попаметни од нас и нашите институции. А до тогаш, ќе "претпоставам" чии идентитети се крадени и продавани, каде се уште фалсификаторите кои на незконски начин го опремија МВР со опрема, апаратури и терминали кои дремат по ќошиња, за да може „системот“ на тргување со идентитет да биде БЕЗ КОНТРОЛА на тие што ЧИПИРААТ и што мислат дека сите сме ЧИПИРАНИ и вештачки[Image: 203c.png]
За следното продолжение ....
09-04-2021, 07:00 PM
Reply
vancevtodor Online
Senior Member
****

Posts: 346
Joined: Dec 2009
Reputation: 0
#23

Quote:РАСПИШАНА МЕЃУНАРОДНА ПОТЕРНИЦА ЗА РАИФ МИФТАРИ, ПОСРЕДНИКОТ ЗА ДОБИВАЊЕ МАКЕДОНСКИ ПАСОШИ ЗА СТРАНСКИ КРИМИНАЛЦИ



САКАМДАКАЖАМ.МК 09.04.2021

[Image: safe_image.php?d=AQET_avu35VgrWhq&w=500&...gN_Q-uzaPy]
На осомничениот Раиф Мифтари во отсуство му беше одредена мерка притвор, исто како и за шестмина од уапсените, додека на тројца им беа одземени пасошите. (Фото: МВР)

Министерството за внатрешни работи ја објави меѓународната потерница по Раиф Мифтари (39) од Скопје, кој е осомничен дека е дел од групата која изработувала македонски пасоши за странски криминалци.

На 6 април, беа уапсени деветмина полициски службеници, вработени во пасошкото одделение на МВР, кои продавале патни исправи со туѓ идентитет исклучиво на странски државјани и на криминалци барани со меѓународна потерница. Тогаш, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кажа дека избегал еден од осомничените, кој бил посредник. Нему, во отсуство му беше одредена мерка притвор, исто како и за шестмина од уапсените, додека на тројца им беа одземени пасошите.

Групата изработила 215 македонски пасоши со туѓ идентитет, а од нив, 214 биле за странски државјани, а само еден за наш. Лицата на кои им се давани пасошите, се лица од висок ризик, т.е. сторители на криминал кои се барале со меѓународни потерници, кажа тогаш Спасовски.

Во делот Потраги на официјалниот сајт на МВР, за Раиф Мифтари пишува:
„Се бара со наредба број 5 КО.БР.1126/21 од 09.04.2021 година од ОЈО Скопје, за основано сомнение дека сторил кривично дело по член 353 од КЗ на РСМ“.




Ако овој бил посредник значи тој бил голема ѕверка во нарко „бизнисот“! Се знаел, односно имал голем углед од бајаги големи нарко босови!!
Како го стекнал тој углед??
(This post was last modified: 09-04-2021, 08:49 PM by vancevtodor.)
09-04-2021, 08:48 PM
Reply
vancevtodor Online
Senior Member
****

Posts: 346
Joined: Dec 2009
Reputation: 0
#24

[Image: 171487393_316248389841251_23612900864983...e=6098A4E6]



Quote:Vladimir Pingov

18m  ·
Оливер Спасовски на гости по повод Бајрам, кај Назлије Зеќовиќ, приведената шефица од пасошко која издавала пасоши на нарко босови.
И шо вика Оли, истрага водевме[Image: 1f923.png]
Иде Дунав, Оли......
10-04-2021, 02:02 PM
Reply
vancevtodor Online
Senior Member
****

Posts: 346
Joined: Dec 2009
Reputation: 0
#25

Quote:Милошоски изнесе нови сознанија за давањето македонски пасоши со лажни идентитети




11.04.2021 | 12:49 pm
„Досега видовме дека МВР на Спасовски и Заев издало македонски пасоши со лажни идентитети на лица членови од српската мафија, црногорската, италијанската, шпанската, турската мафија и многу други. Но овде овој скандал со аферата „Мафија“ не завршува, за жал. Имаме информации дека македонски пасош издаден од МВР во 2018-та година има и косовскиот државјанин Фитим Дема, член на радикалната терористичка група ИСИС. Тој бил баран со потерница од приштинскиот суд за одлежување на затворска казна но на непознат начин успеал да стигне во Македонија и од Македонија да добие македонска патна исправа со лажен идентитет. Давањето на македонски пасоши на лица, припадници на ИСИС како терористичка организација не само што ја загрозува безбедноста на Македонија и регионот туку ги загрозува и интересите на сите земји членки на НАТО и ЕУ. Ваквото делување не можело да помине без знаење на највисоките раководни структури во МВР. Според нашите информации Спасовски и МВР овозможиле да се крадат идентитети за да се даваат вакви пасоши на лица кои што се борци во Сирија, членови на терористичката група ИСИС“ рече денеска на прес-конференција меѓудругото пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.
Милошоски обвини и дека „мафијата на Спасовски и Заев ја претворила Македонија во логистички центар во сива зона каде што сите оние кои што имале намера да му избегаат на Интерпол или на нивните држави каде што биле барани со потерници нашле не само прибежиште туку и бесплатна патна лажна исправа за да можат да се заштитат“
Yesterday, 12:42 PM
Reply
vancevtodor Online
Senior Member
****

Posts: 346
Joined: Dec 2009
Reputation: 0
#26

(Yesterday, 12:42 PM)vancevtodor Wrote:
Quote:Милошоски изнесе нови сознанија за давањето македонски пасоши со лажни идентитети




11.04.2021 | 12:49 pm
„Досега видовме дека МВР на Спасовски и Заев издало македонски пасоши со лажни идентитети на лица членови од српската мафија, црногорската, италијанската, шпанската, турската мафија и многу други. Но овде овој скандал со аферата „Мафија“ не завршува, за жал. Имаме информации дека македонски пасош издаден од МВР во 2018-та година има и косовскиот државјанин Фитим Дема, член на радикалната терористичка група ИСИС. Тој бил баран со потерница од приштинскиот суд за одлежување на затворска казна но на непознат начин успеал да стигне во Македонија и од Македонија да добие македонска патна исправа со лажен идентитет. Давањето на македонски пасоши на лица, припадници на ИСИС како терористичка организација не само што ја загрозува безбедноста на Македонија и регионот туку ги загрозува и интересите на сите земји членки на НАТО и ЕУ. Ваквото делување не можело да помине без знаење на највисоките раководни структури во МВР. Според нашите информации Спасовски и МВР овозможиле да се крадат идентитети за да се даваат вакви пасоши на лица кои што се борци во Сирија, членови на терористичката група ИСИС“ рече денеска на прес-конференција меѓудругото пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.
Милошоски обвини и дека „мафијата на Спасовски и Заев ја претворила Македонија во логистички центар во сива зона каде што сите оние кои што имале намера да му избегаат на Интерпол или на нивните држави каде што биле барани со потерници нашле не само прибежиште туку и бесплатна патна лажна исправа за да можат да се заштитат“



Quote:Владата со демант на тврдењата на Милошоски дека Спасовски и Заев делеле пасоши на борци од ИСИС


[Image: CD46E7FA-3FBC-47A2-BA0F-5AE02E109D0F_w1023_r1_s.jpg]


Владата на Северна Македонија најостро ги демантира и отфрла како невистинити тврдењата на пратеникот Антонио Милошоски дека наводно „премиерот Заев и министерот Спасовски делеле македонски пасоши на терористи од ИСИС“, се наведува во денешното соопштение од владината прес служба.
"Ова е брутална лага која има за цел да ја манипулира јавноста, да попречува случајот да се расчисти до крај и да направи штета на угледот на институциите кои посветено и успешно се справуваат со секаков вид криминал“, наведуваат од Владата
Реакцијата следува по прес конференцијата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски кој рече дека имаат информации дека македонски пасош издаден во 2018-та година добил и косовскиот државјанин Фитим Дема, член на радикалната терористичка група ИСИС.
Ова е последна прес конференција на опозициската партија која со денови наназад објавува имиња на познати криминалци од регионот, членови на српската, црногорската, италијанската, шпанската и турската мафија кои тврдат дека се стекнале со македонски патни исправи со туѓ идентитет, а дека зад тоа стојат министерот Оливер Спасовски и премиерот Зоран Заев.
Од Владата тврдат дека ВМРО-ДПМНЕ преку објавите се обидува да ја саботира акцијата на Министерството за внатрешни работи.
„Неколку дена пред да бидат соопштени резултатите од акцијата челниците на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ започнаа да ја саботираат акцијата, а тоа го прават и деновиве и со тоа сериозно и неодговорно се обидуваат да го загрозуваат процесот преку доведување на јавноста во заблуда со лаги. Владата очекува Обвинителството да расчисти со овие обиди за саботажа“, наведуваат од Владата.
Инаку за случајот македонски пасоши за познати криминалци од регионот прво објави ВМРО-ДПМНЕ на брифинг со новинари, па потоа и партискиот лидер Мицкоски одржа прес конференција. И од Министерството за внатрешни работи тврдат дека опозициската партија се обидела да направи саботажа на акцијата која тие заедно со Интерпол и Регионалната канцеларија за безбедност и истраги при амбасадата на САД ја спроведувале од 2019 година.

Од кога се обелодени акцијата МВР приведе девет полициски службеници, а едно лице, кое не било полициски службеник туку надворешен посредник, е во бегство и за него е распишана меѓународна потерница.
Yesterday, 01:56 PM
Reply