Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
СЛУЧАЈ ЕУРОСТАНДАРД БАНКА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,422
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Тивко и далеку од очите на јавноста, Основното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција го „чешла“ предметот Еуростандард банка. Не обелоденуваат за јавноста повеќе детали, но откриваат дека надлежниот обвинител што постапува по предметот издал еден куп наредби - бара релевантни докази и ги утврдува фактите за случајот.
Задачата не му е воопшто лесна, треба да утврди каде исчезнаа 55 милиони евра – пари на штедачите и на компаниите кои имаа свои депозити и работеа преку Еуростандард банка. Дали можело да се спречи ова, кој ја сноси вината, кој и како ги делел кредитите, кој ги одобрувал, зошто одредени фирми, како што тврдат штедачте, немале соодветно обезбедување во случај да не можат да ги вратат парите од заемите што ги зеле...
Како што е познато, пред извесен период судот, по барање на Обвинителството, го замрзна имотот на еден од сопствениците на Еуростандард банка, но и уште на три лица поврзани со овој случај. 
Еве всушност кои прашања Фактор ги постави до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. До каде е ова обвинителство во истражувањето на овој случај, имено, дали се отвори истрага, и дали можеби за некого ќе има обвинителен акт или обвинение. Ги прашавме и дали има некакви индиции за сторен криминал и кој се е вмешан во него. Но, и колку време ќе биде потребно да се истражи овој случај и конкретно, кога јавноста ќе има информации кој се е вмешан во овој, како што го нарекуваат оштетените штедачи, милионски грабеж на нивните тешко заработени пари. Се интересиравме и дали во овој случај има замешаност на високи владини функционери, или нивни блиски роднини, и дали обвинителството сега додека работи, чувствува било какви политички интервенции. Исто така, баравме одговори и на прашањето дали евентуално, во истрагата се испитуваат и други лица, и дали можеби е замрзнат и нивниот имот.
Кус одговор добивме од ОЈО за организиран криминал и корупција, бидејќи природата на постапката не дозволувала да се обелоденат повеќе детали.
„По пристигнувањето на кривичната пријава, како што веќе информиравме, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори предистражна постапка, со цел да се испитаат наводите содржани во пријавата. Надлежниот обвинител што постапува по предметот издаде низа нарадби во насока на прибирање на релевантни докази и утврдување на факти. На предлог на обвинителството, согласно законските одредби, Основниот кривичен суд Скопје со решение привремено замрзна имот на неколку физички и правни лица инволвирани во случајот. Со оглед на природата на предистражната постапка, обвинителството во моментов не може да сподели детали“, се вели во одговорот кој го доби Фактор.
На надзорната расправа, пак, за случајот Еуростандард, која неодамна се одржа во Собранието, на Комисијата за финансирање и буџет, присуствуваше и државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски. Тој тогаш откри многу интересни работи, кои говорат дека во обвинителството навистина се испитува „се што мрда“ во врска со Еуростандард. Практично, во Јавното обвинителство, во врска со делата во оваа банка, се оформени два предмети.
„Едниот е во Основното јавно обвинителство Скопје врз основа на известување на Управата за финансиска полиција, за кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување. Предметот е оформен на 31 август против едно лице и надлежниот Јавен обвинител презел дејствија по изветувањето. Вториот предмет е оформен во ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција врз основа на неколку кривични пријави и известувања. Известувањето е од декември, за согледани определени недоследности во работењето на банката, потоа кривична пријава од полномошникот на Народна Банка против четири лица за кривични дела предизвикување стечај, по член 181 од Законот за банки, и за кривично дело перење пари и други приноси. Кон овој предмет припоена е и кривична пријава од ноември, поднесена од три физички и три правни лица против три лица, за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување. Има и кривична пријава од полномошникот на четири физички лица за повеќе кривични дела и против 22 лица. Исто така кон овој предмет припоена и една анонимна кривична пријава од 30 септември. Надлежните обвинители ги превземаат потребните дејствија заради утврдување на делата и обезбедување на докази. Откако ќе се извршат побараните дејствија по предметот на ОЈО Скопје, врз основа на доказите и фактите ќе се одлучи дали и тој предмет треба да се припои кон предметот по кој по стапува ОЈО за гонење на кривичните дела и корупција“, рече тогаш обвинителот Јовевски.
Тој нагласи и дека обвинителството, постапувајќи по конкретниов случај, ќе ги преземе сите дејствија за обезбедување докази, и зависно од тоа ќе се раководи спрема кои лица, доколку се утврдат навистина сериозни докази, ќе отвори истрага и ќе ги преземе сите мерки за натамошно гонење на криминалот.
„Уште еднаш нагласувам дека обвинителството ќе работи неселективно, непристрасно, и зависно од доказите и фактите што ќе ги утврди во конкретниот настан, за сите лица за кои што ќе се најде дека сториле кривично дело, соодветно ќе одговараат според законот“, рече Јовевски на надзорната расправа.
Во овој момент, нагласи тој, обвинителството води предистражна постапка. Обвинителот откри и дека по барања на обвинителството, постапуваат и други институции.
„Тие се Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Управата за финансиско разузнавање. Едноставно, обвинителството кога дозна определени сознанија за состојбите во банката, ги презема соодветните мерки“, објасни Јовевски.
А додека тече стечајната постапка, штедачите не отстапуваат од барањето виновници за исчезнувањето на нивните тешко заработени пари. Вчера прстот повторно го вперија кон Народната банка.
„Во своите јавни изјави, Народна банка потсетува дека е професионална, независна и транспарентна. Ниту е професионална, за независна не знаеме, а транспарентна не е воопшто. Да беше Народна Банка професионална, немаше да се случи масовниот грабеж со делење на непокриени кредити и перење пари во сега пропаднатата Еуростандард банка“, напишаа во својот допис до јавноста оштетените штедачи.
Потоа се јави и сопственикот на банката, Трифун Костовски, кој се согласи со штедачите, дека тие имаат право да ја бараат правдата и сопствените пари.
„За време на мојот мандат како акционер и член на Надзорен Одбор во Еуростандард Банка, никогаш не сум дозволил да има перење на пари, и ве убедувам во тоа. Сакам да знаете дека Вашите и моите финансиски средства се украдени во Македонија и тие пари се тука. Со цел да се скрие организираниот криминал Народна Банка беше само извршител на нарачателот на овој чин“, напиша меѓу другото, Костовски до штедачите.
Пред неколку дена, пак, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска за Фактор изјави дека НБМ во овој случај работела целосно како професионална, независна и транспарентна институција.
„Кон Еуростандард банка беа изречени голем број супервизорски мерки, коишто согласно со оцените и наодите на супервизорските тимови беа потребни, соодветно на состојбите во банката. Законот за банките предвидува дека мерките зависат од видот на проблемот со кој се соочува банката. Само за илустрација, би потсетиле дека во периодот од 2013 па сѐ до одземањето на дозволата беа донесени 21 решение со повеќе од 70 супервизорски мерки. Само во последните две години беа изречени околу 40 дополнителни супервизорски мерки. Народната банка  направи сѐ што согласно со своите надлежности можеше да направи, а со цел заштита на билансот на Банката, односно заштита на доверителите. Меѓу другото, ова секако подразбира и навремено известување на надлежните институции, за сите сомневања и индиции коишто и според домашната регулатива и според меѓународните стандарди не се во надлежност на органот за супервизија“, потнцираа од централната банка.
Нина Нинеска-Фиданоска
15-12-2020, 11:46 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,422
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Оштетените штедачи на Еуростандард банка: Трифун Костовски не е толку наивен како што често се претставува



Слободен печат21/12/2020 - 09:440

Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка повторно бара одговорност за пропаѓањето на Еуростандард банка.

„Ако украдете ќебапи од кафеана и ако го признаете делото, ќе бидете осудени на три години затвор. Ако украдете 60 милиони евра, пари на ваши сограѓани и фирми кои ги довериле во вашата банка, тогаш вие станувате жртва и продолжувате да живеете слободно и да уживате со нивните пари.

За жал, вака од прилика се случувањата во нашиот правен систем. И после четири месеци од затворањето на Еуростандард банка, на толку видливи, достапни и лесно проверливи докази, никој сеуште не знае што се случило или каде завршиле парите, кој ги украл ниту пак дали некој ќе одговара за криминалот. Очигледно, системот функционира и ве казнува ако направите ситен криминал, а ве ослободува и ви простува ако украдете десетици милиони евра. Неказнивоста за тешки кривични дела и масовен криминал стана главна одлика на нашиот правен систем во државава.

По затворањето на Еуростандард банка во август оваа година, судот го одреди стечајниот управник Душко Тодевски, кој на основа на фактичката состојба и документите во банката, подготви извештај за економско-финансиската состојба на банката на денот на затворање. Еве што е констатирано во неговиот извештај којшто недвосмислено и јасно ги лоцира и објаснува главните основи на криминалот што се случувал во банката со години сумирано во три точки:

1) Банката преземала голем кредитен ризик кај клиентите кај кои одобрила изложеност покриена единствено со меница или пак вредноста на обезбедувањето била пониска од изложеноста на клиентот. Воедно, банката одобрувала изложености иако истите не ги исполнувале критериумите за одобрување дефинирани во Кредитната политика.

2) Се делеле многу ненаплатливи и тешко наплатливи кредити, а пред се поради лошо управување со кредитното портфолио поради непостоење или целосно занемарување на системите за управување со кредитниот ризик, некомпетентност на одговорните лица односно извлекување на пари од банката преку доделување и одобрување на кредити без соодветни гаранции.

3) Констатирана е пракса на масовно одобрување на кредити за измирување на достасани обврски во банката и непрепознавање на ризикот кај поврзани лица.

Заклучокот во извештајот е дека банката станала несолвентна од причини што речиси 60% од вкупното кредитно портфолио кај правните и физички лица или неполни 60 милиони евра биле целосно или делумно ненаплатливи.

Главниот сопственик Трифун Костовски не е толку наивен како што често се претставува, да незнае како го организирале и спровеле грабежот во банката со години како и да не знае каде се завршиле парите. При кражба на толку многу пари не е можно да првиот човек на надзорниот одбор на банката не знаел ниту видел а да одобрувал ненаплатливи кредити. Се разбира, дообјаснување може да побара од тимот кој учествувал во криминалот заедно со него односно неговиот син и раководител на кредитниот одбор Коста Костовски и директорот на банката Николче Петкоски. И тие можат да му раскажат за масовниот и свесно направен криминал, грабежот на нашите доверени лични пари во банката. Трифун Костовски не е жртва на криминалот, тој е неговиот главен носител. Тоа и впрочем самостојно и јавно го потврди во повеќе наврати, дека е виновен и одговорен за сторениот криминал и притоа посочувајќи повеќе примери како го правеле криминалот во банката.

Дали надлежните институции во државава ќе се одважат веднаш да делуваат и да преземат сериозни чекори за санкционирање на овој масовен криминал, почнувајќи од главните организатори односно раководните луѓе во банката? Доказите за криминалот се веќе одамна во нивни раце. Тие се јасни и недвосмислени. Во тие документи се гледа кој се одобрувал ненаплатливи кредити, кој ги делел истите, со кого се ги делел, кој го дозволил криминалот, кој перел пари, фалсификувал документи или вршел разни други видови на измами, злоупотреби и проневери.

Вистината мора да се дознае и правдата да се задоволи. Дали Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, финансиската полиција и нашиот судски систем ќе дозволат да овој масовен грабеж на обичните граѓани и фирми помине неказниво и остане во заборав на времето додека криминалците продолжат да уживаат со нашите покрадени пари!? Ќе покажете ли дека има правда во државава или ќе оставите да делата застарат, криминалците да бидат на слобода а сите ние 3.000 семејства останеме покрадени, измамени и оштетени од системот којшто не само што не не заштитил на време туку и дозволил криминалците да не уништат во сред пандемија!? Време е веќе да делувате веднаш!“, соопштија од Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка.
21-12-2020, 01:00 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,422
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Гувернерката Бежоска е соучесник во организираниот криминал на Еуростандард банка

Со години, Народната банка односно гувернерката Анита Ангеловска Бежоска ја толерирале континуираната кражба на нашите депозити предводена од лицата на раководни позиции во Еуростандард банка. Нашиот доверен личен капитал е целосно украден во законски лиценцирана, регулирана и контролирана финансиска институција, се вели во денешната реакција на здружението Оштетени штедачи.

„Каква е таа контролирана финансиска институција и какви се тие мерки што ги спровела гувернерката Бежоска кога 73 отсто од кредитното портфолио на стотици фирми во банката или вкупно речиси 60 милиони евра се ненаплатливи или тешко наплатливи кредити, пари што свесно се дадени во неповрат!? Овој масовен и невиден криминал не е можно да се случи ако не бил толериран и прогледуван низ прсти од гувернерката Бежоска. Таа знаела и ги имала и доказите за перење пари уште кога почнале да се случуваат такви трансакции во банката пред неколку години, но молчела и чекала да помине време, да ја затвори банката и после два месеца да поднесе кривична пријава против раководните лица во банката за перење пари и други приноси од казниво дело. Со овој чин на ненавремено делување за којшто таа била и законски обврзана, гувернерката Бежоска директно и свесно допринела нашите доверени средства во банката да се покрадат и сега ние бидеме целосно оштетени.

И додека се случувал грабежот на нашите пари во банката, гувернерката Бежоска јавно не лажеше дека нашите депозити се безбедни и дека воопшто не треба да се грижиме. Иако знаела за исклучително лошата состојба во Еуростандард банка, таа свесно не лажеше за да не донесе во заблуда и да не измами да веруваме во сигурноста на нашите депозити раководени со закони. Имала можност да ги одземе и лиценците на раководните лица од банката за кои е и констатирано дека биле некомпетентни, но гувернерката свесно не го направила ни тоа.

Гувернерката Бежоска вели дека задачата на Народна банка била да го оцени кредитниот ризик на пласманите преземени од банката, дали банката соодветно го прикажувала овој ризик и како управувала со истиот. Ништо од тоа не е направено. Делени се кредити во милиони евра без или со мали покритија, со ултра висок кредитен ризик, кредити за кои не е платена ниту една рата со години. И извештајот за банката од стечајниот управник Душко Тодевски констатира дека при делењето на кредитите од банката ниту се почитувале интерните политики и процедури за кредитен ризик, ниту одлуката за управување со кредитен ризик, ни пак критериумите за одобрување дефинирани во кредитната политика. Едноставно, се пласирале ултра ризични кредити на големо, без ограничување и без да се преземат соодветни мерки од Народната банка за тоа да престане и да се спречи понатамошно крадење. Големи суми пари во кредити завршиле и во групации од поврзани фирми како и кај фирми кои користеле едно исто обезбедување за различни кредити. Што правела гувернерката Бежоска? Добро знаела дека се краде во банката и свесно дозволила грабежот на нашите депозити да продолжи да се случува.

Со сите свои постапки, гувернерката Бежоска оставила и свесно придонела да не покрадат во целост, да ни ја уништат сегашноста и иднината на нас и нашите најблиски во сред пандемија.

За овој „подвиг“ на гувернерката може само да ѝ „честитаме“. Убедени сме дека ќе дојде време кога правдата ќе ја стигне и гувернерката Бежоска која несомнено е дел и соучесник во организираниот криминал на Еуростандард банка. Веруваме дека ќе дојде време кога таа ќе одговара за нејзините злоупотреби на службената должност и овластување, измама и евентуално и за други кривични дела. Одговорност мора да има и парите да ни се вратат. Прашање е на време и околности кога тоа ќе се случи.
9 hours ago
Reply