Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ШТО КЕ СТОРИ ОПОЗИЦИЈАТА ЗА ДА ГО ПРИНУДИ ЗАЕВ НА ОСТАВКА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,316
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Милошоски: Проектот наречен Заев, Филипче и Димитров е готов и треба да си дадат оставка, формирање на Влада на експерти веднаш

пет, 20.11.2020 | 1:30 pm
 
Денес би сакал тука пред Владата на Република Македонија да го истакнам ставот на ВМРО-ДПМНЕ, дека по однос на економската ситуација, надворешно политичката ситуација, блокадата од ЕУ и здравствената криза, сите три кризи имаат име и презиме, а тоа се Зоран Заев, Венко Филипче и Никола Димитров.
И сметаме дека проектот наречен Зоран, Венко и Никола Димитров треба да си дадат оставка.
Зошто? Затоа што во државата имаме најтешка ситуација од независноста до денес, и за граѓаните, и за здравствениот сектор, и за економскиот сектор, но за жал и за евро перспективата.
Сметам дека со нивната оставка ние ќе можеме како држава да создадеме можност да формираме Влада на експерти која што ќе може подобро да се носи и во здравството, и во економијата, и во евро интеграциите.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека Заев, Венко Филипче и Никола Димитров се дел од проблемот на оваа државна криза, а не се дел од решението.
Нивна оставка во најмала рака е морален чин од нивна страна, а во Собранието и на повисоко политичко ниво ќе може да се разговара за Влада која што ќе ужива поширока доверба и наместо партиски личности, ќе има експерти во секоја област кои што ќе можат да понудат конкретни решенија за следната година дена да можеме да имаме план за излез од кризата.






Од онаа што досега го покажа опозицијата нема да стори ништо серизно да го присили Заев на оставка.
20-11-2020, 03:42 PM
Reply