Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
БИСЛИМОВСКА, ПОТКУП .....
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,316
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:lija Maksimovski
Афера :
ОБВИНИТЕЛКАТА БИСЛИМОВСКА Е ПРЕПЛАШЕНА . . ., УЦЕНЕТА. . ., АЛЧНА. . . , ИЛИ. . . , „КРТ„ НА МЕЃУНАРОДНА КРИМИНАЛНА БАНДА !? (1)

[Image: 126293644_1741428759346208_6709348544641...e=5FDD271E]
19.11.2020
Аферата „РЕКЕТ „ која уште не е судски завршена, казната затвор за Катица Јанева и распадот на СЈО, се минорни пред многу поголема корупциска , но и државно - политичка афера од меѓународни размери во ОЈО за организиран криминал и корупција.
Не многу познатата, Валентина Бислимовска , од ОЈО за организиран криминал, стана славна кога неформално со промена на обвинителниот акт го „ослободи „ Зоран Заев во предметот „ Поткуп „ . Таа актуелно, од позиција на „голема обвинителска „марка „ гонењето организирани криминални групи во банди и тоа во министерства и државни институции го дефинира и третира не како државна надлежност по службена должност, туку, како приватно-лична работа на граѓаните !?. За да биде појасно, Бислимовска на македонската јавност и стана позната по тоа што во предметот „Поткуп „ во кој за корупција и уцена обвинет беше Зоран Заев, тогаш Премиер а делото за кое му се судеше беше од времето кога како градоначалник на Струмица од струмички бизнисмен, според обвинителниот акт побарал 160 илјади евра поткуп за приватизација на државно земјиште. Тука е и онаа позната видео снимка во јавноста, снимена со скриена камера на МВР во градоначалничкиот кабинет на која се гледа како Заев и бизнисменот (Иван Николов Сачевалиев ) ја договараат „ работата „ Заев да „обезбеди „ приватизација на градежно земјиште .
Пресвртница во судењето, донесе промената на обвинителниот акт од страна на Бислимовска обвинението за „поткуп „ го преквалификува во „обид „ по што и обвинителниот акт беше отфрлен а Зоран Заев ослободен од обвинение. Покрај зачудувачкиот факт што во целото судење кое беше и под опсервација на неколку странски мисии за состојбата во македонското судство, бидејќи, сепак не се чести судења на премиери за корупција, Бислимовска не кажа повеќе од неколку реченици, главно од типот „немам прашања„ , за ниту еден сведок вклучително и за клучниот сведок (Сачевалиев ) од кој Зоран Заев како градоначалник на Струмица барал пари а МВР тоа со ПИМ мерки го документирало. Тоа тогаш предизвика сериозни прашања дали обвинителката го застапува обвинението или спроведува некаква професионална, лична или некоја друга мистериозна комбинаторика?
Она што потоа следеше дава сериозни размисли дека е можно да се работи за многу посериозна и поскапа „судска партија „ во генерално корумпираното македонско судство во која главен наемен платен играч била токму обвинителката Валентина Бислимовска која по ослободувањето на Заев стана „марка„ во ОЈО за организиран криминал?!
Само неколку месеци по промената на обвинителниот акт и ослободувањето на Зоран Заев за „Поткуп „ на 15.мај.2018 година, токму Марко Бислимовски, брат на обвинителката Валентина Бислимовска на 20.јуни 2018 година, од Владата во која премиер, исто така,токму Зоран Заев, е именуван за претседател на Комисијата за енергетика од која позиција ги влече клучните потези во националната политика и практика за енергија , тешки од десетици до стотици милиони евра ? Овде не може да не се постави прашањето дали обвинителката (сестра) Бислимовска со измената на обвинението за Заев со што практично ја „донесе „ ослободувачката пресуда не го „заработи „ местото на (братот) Марко Бислимовски на местото прв човек во Регулаторната Комисија за енергетика. Ако особено се има предвид кадровската и бизнис пирамида во македонската енергетска структура или поточно, кој произведува, регулира и најважно кој продава и прави милионски личен или профит на познати приватни фирми од македонската енергија како национална сопственост и богатство и - случајноста во работата на Бислимовска и ослободувањето на Заев веќе станува сомнително сериозна релација!
Но, и подоцна , случајно или не, Бислимовска при распределбата на предметите во ОЈО за организиран криминал и корупција „добива „ уште еден сензибилен предмет , и според содржината и според актерите тежок десетина до стотина милиони евра, но и многу посеризен од оној на Заев познат како „Поткуп „ или „евро за Вицето,. . . .„! Овој новиот предмет, иако навидум изгледа „прост„ и едноставен, судењето и предметот „Поткуп „ го сведува на струмичка провинциска меѓумаалска пресметка меѓу Зоран Заев и Митко Чавков, иако сосема е извесна системска високо коруптивна взаемна врска !
Овој,предмет со кој како обвинителка командувала Бислимовска со голема дилема и судир дали и бил расподелен од Вилма Рускоска која е раководител на ОЈО за организиран криминал. . .или од Гордана Смаќоска, која е шефица на Оделението за гонење кривични дела за лица со полициски овластувања кое почна да функционира на почетокот на 2019 година и овој е еден од првите предмети. Според наводите во пријавата која потоа во постапувањето се растегнува на цели две години, пријавена е организирана криминална банда која организирана во мафијашка мрежа во МВР а потоа и на повеќе нивоа и во повеќе министерства и државни институции, предизвикува огромни штети врз имотите на граѓани, правни лица и државен имот. Делата се движат од физички напади, тешки кражби, фалсификати во државната администрација, се до високо софистициран криминал и извлекување милиони евра од Буџетот на државата и изнесување од државата. Впрочем, МВР бил само оперативен асистентски центар во кој корумпираните полицајци се разбира тоа дебело си го наплаќале,иако поголемиот број од нив и не размислувале, ниту пак ќе дознаат во колкава коруптивна афера се влезени!
После околу цели две години наводна истрага, Бислимовска која со начинот на раководењето на конкретниот предмет предизвика вистински урнебес и хаос и во ОЈО за организиран криминал и корупција како и во МВР, во Секторот на истраги за организиран криминал, во централната и локалната власт . . . констатира дека организирана криминална група навистина постои и функционира на повеќе нивоа, но, дека постапката за гонење треба да си го спроведуваат самите оштетени граѓани со приватни тужби. Или, попросто речено, со организираните банди во државава граѓаните се оставени сами да се борат и да си ги штитат своите права !?
Но, по нејзиното однесување во предметот „ Поткуп „ во кој протекоа информации дека не само конкретниот сведок, Димитар Николов Сачевалиев кој се согласил МВР да го озвучи пред средбата со Зоран Заев договарал такви „зделки„ , сега се поставува и прашањето - дали Бислимовска во ОЈО за организиран криминал и корупција е сама или и таму има инсталирана „внатрешна група „ чија работа е многу кривични пријави за организиран криминал да се отфрлаат или завршуваат во „фиока„ на неодредено време, до застарување или заборавање ?!
Бислимовска, наивно, веќе го архивирала и конкретниот предмет и самоуверено и нахално дури и силеџиски го прогласува за завршен , поради неговата содржина и избегнува и исклучува било каква дискусија и законска надлежност на повисоките антикриминални и антикорупциски државни органи и институции. Дали причините се да заштити личности во високите кругови во државната (криминална (?) хиерархија или едноставно се преплашила и почуствувала како недорасната и загрозена , откако добила информација дека некои полициски службеници кои работеле на истрагата по предметот биле сменети од своите работни места а некои побегнале од државава ?!
Ова се само најситните факти за крупна национална државна криминална афера која и тоа како ја интересира и македонската, но, и меѓународната јавност. За потсетување , како прв услов за почеток на евроинтеграциите на Македонија јасно се прецизира способноста на државата да почне да се пресметува со криминалот и корупцијата посебно во судовите и комплетниот правосуден систем, што значи и во ОЈО за гонење сторители на дела од организиран криминал и корупција !
Продолжува . . . !
19-11-2020, 01:53 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,316
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Ilija Maksimovski

Втор дел : ОБВИНИТЕЛКАТА БИСЛИМОВСКА Е ПРЕПЛАШЕНА . . ., УЦЕНЕТА. . ., АЛЧНА. . . , ИЛИ. . . , „КРТ„ НА МЕЃУНАРОДНА КРИМИНАЛНА БАНДА !?

Валентина Бислимовска молчи како штука, иако и се чита преплашеноста од содржината на предметот за организиран криминал кој содржи докази за високо организиран криминал кој таа се обидува да го сокрие. Во содржината се преплетуваат информации за криминални групи во државата и надвор од неа биле инсталирани како во Бирото за јавна безбедност, Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди на МВР, УБК се до МО а воената безбедност на АРМ не разбира или молчи со „стратегија,. . . .иако премногу е глупаво да се помисили дека досега ништо не детектирале, или дотаму е дојдена работата па мислат дека е најдобро да се молчи ?
Откако неколкумина ( Бислимовци ) , освен самата Валентина, по објавувањето на првиот дел на оваа афера ги објаснуваа родбинските возможности на лица кои го носат презимето Бислимовски, со претпоставка дека нема да се дотера до јавно цртање семејни стебла, анализа на матични документи или дури и тест на ДНК на сите со исто презиме или поврзани со него, што не значи дека тоа е невозможно. Освен ако едни Бислимовци се откажуваат од други Бислимовци од лични причини ?
Аферата продолжува со засилено темпо особено што предметот на Бислимовска директно се преплетува со повеќе предмети и судења на поранешното СЈО кои се повеќе заглавуваат ?! Или можеби токму тука лежи клучот на аферата, односно, Бислимовска која важи за „ човек „ на Заев како внатрешен фактор во ОЈО за организиран криминал ја довршува операцијата „ бришење на СЈО „ откако се виде дека таму се собрале повеќе криминалци отколку обвинители на чело со специјалката Катица Јанева, што доколку се докаже и Бислимовска ќе и прави друштво на Јанева !?
Сега на површина останува сериозното прашање кое е во надзор на шефицата на Организиран – Вилма Рускоска, зошто обвинителката во ОЈО за организиран криминал Бислимовска го сокри и не го дава ниту на законски стручен увид предметот во кој се содржат официјални податоци за криминал од висок ранг до ниво на поранешниот и сегашниот државен врв на кој ОЈО за гонење органиизиран криминал од Оделението за гонење кривични дела сторени од полициски службеници и МВР работеа цели три години .
Тоа сепак е посериозно од тоа кој на кого со презиме Бислимовски, му е брат, или брату(в)чед кои на пример, по кумановски се ословуваат со „брат од стрица„ !?
Дека не само Бислимовска која засега кисело се смее или можеби очекува да и порасне вредноста „ по договор на дело „ е во машината на криминалот, покажува фактот дека инспекторката С.Ј. која го работела предметот и ги спроведувала наредбите на обвинителката в МВР , но, поради тоа што не прифаќала наредби за „ штелување на информациите „ до кои доаѓала, ја деградираат и „протеруваат „ од Секторот за организиран криминал во МВР. Инспекторот Т. Б. кој глуми и се преставува како „безбедњак„ со ококорени очи од тоа што го слушнал а морал да го нотира, збор не изустува , за подоцна со колеги полицајци како главен мангуп му се потсмева на предметот на кој добил наредба да работи, како да е новоформираната Агенција за национална безбедност каде директор е Виктор Димовски, предпензионерски шеретски партиски клуб на корумпирани и искомплексирани политичари и полицајци а не столб на безбедноста на државата!?
Интересен е и фактот дека во време на техничката влада пред изборите техничкиот министер во МВР, Наќе Чулев , полека почна да се повлекува за на крајот да го снема од функцијата откако доби сериозна документирана информација за аферата а предметот го доби и неговата техничка заменичка од СДСМ Славјанка Петровска?
Во аферата во која веќе сосема сигурно главен актер станува Валентина Бислимовска, обвинителката во ОЈО за организиран криминал која во сериозни држави и самата би станала предмет на истрага, се вртат многу политичари, министри, бизнисмени, полицајци, што е само факт дека се работи за „тешка, но и опасна афера„ што наместо обвинителскиот, кај Бислимовска го разбудило мафијашко – криминалиот инстикт, слично како кај Катица Јанева, иако и двете па и немаат некоја „ cosa nostra„ појава !? Но, затоа „cosa nostra „ се многуте десетици милиони евра пари кои циркулираат под контрола на вклучените во криминалната афера а што најверојатно одпрвин ја заплашило за на крајот да ја привлече Валентина Бислимовска која којзнае колку сега има мирен сон. особено што сега го нема на позиција Шуретуш Бислимовски од позиција на судија во Апелационен суд за кривични дела да ја брани и штити а и времето не е застанато во 1949 година!? Впрочем, ако влезеш во мафијата и организираниот криминал, во било кое време. крајот е Идризово ,или . . . далеку да е - и нешто полошо !
Дека не е само Валентина Бислимовска под стрес, но и опсервација, говори фактот дека аферата се крчкала во ОЈО Скопје уште во времето кога скопска обвинителка беше Гордана Гешковска која е позната меѓу другото и по обвинителниот акт на случајот познат како „Монструм „ а дел од она што потоа се развива и стаса во ОЈО за организиран криминал е и обвинителката во ОЈО Скопје , Софка Кеќа Наумова, која иако им е надредена на инспекторите од МВР , тие не ја фермаат ниту како шалтерџика. Нејзините наредби до МВР ги тераат на мајтап и по неколку години не и одговараат а случајот стои под блокада. Во ОЈО Скопје и ЈО има уште личности кои демек „работеле „ на случајот кој станува афера. Но. за тоа друг пат. Имотниот лист на Софка Кеќа Наумова во времето кога таа работи на случајот е прилично интересен, иако тоа допрва треба да се испита. Само, симптоматично и за конкретна анализа е кога обвинител половина од својот прилично голем имот го „заработил „ во судски постапки и со судски пресуди?! Дали и Бислимовска веќе трча по таа насока ?
Не е ниту страно. ниту страшно , обвинителката Бислимовска да се прави „мутава „ или „неспособна „ за предмети од висок криминал, но, во тој случај повторно се поставува прашањето како го „изработи „ обвинителниот акт со сегашниот премиер Зоран Заев кој ако беше осуден, немаше да биде премиер и немаше да потпишува Преспански, Македонско – бугарски договори за соработка , при што обвинителката сигурно се чувствува пријатно,што е сосема нормално бидејќи починатата мајка била Бугарка а во предметот работат и инспектори во МВР со потекло од Албанија кои во МВР дошле во времето на уште еден обвинет од СЈО, со што истрагата станува меѓународно интересна !?
Финансискиот дел од предметот контролиран од Бислимовска кој засега е забрането и да се „допре„ во ОЈО за организиран криминал во себе содржи кривични дела од секаков тип, . . , тешки провални кражби, корупција во МВР и МО тешка десетици милиони евра, до перење пари и нивно изнесување од државава во што доколку се спроведе сериозна истрага, ќе се дојде до резултати и за тоа каде точно, на која локација завршувале милионите украдени од државава, но и кој овде асистирал за нивен трансфер, секако задржувајќи си ја својата провизија во кеш, на сметка или во натура ?! Дури тогаш аферата ќе блесне во целиот свој жар, доколку актерите и покрај короната не побегнат од земјава, бидејќи подобро со корона во егзил и на слобода отколку дома со корона па на Суд и во Идризово десетина години години и конфискација на имот .
Продолжува . . .
29-11-2020, 02:24 PM
Reply