Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ИГОР УЛЧАР
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,316
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:ЗА СУПТИЛНИОТ ФАШИЗАМ ПОД ЗАКРИЛАТА НА ЕУ И ЗА МОДЕРНИТЕ КВИСЛИНЗИ ШТО СЕ НА ВЛАСТ ВО Р МАКЕДОНИЈА - Проф. Др. Игор Улчар

Европската Унија е базирана на некакви идеални принципи дефирани на ниво на Обединетите нации уште во 1945 година: граѓански права, етнички права, индивидуални права и слободи, право на самоопределување; и ова се декларативно темелните европски вредности. За жал, во оваа асоцијација членуваат држави коишто не ги споделуваат овие вредности, туку напротив, флагрантно ги кршат, и ЕУ нема механизми за нивно дисциплинирање, па тоа молкум се толерира. Конкретно, мислам на Грција и Бугарија, на коишто очигледно самото постоење на македонска држава и нација им е закана за нивната национална безбедност, т.е. за наративот што го имаат како држави и нации, кој е непроменет од 19 век, кога тогаш формираните мали балкански држави имале некаков големодржавен идеал, односно за некакви големи држави со граници што се протегаат на територии на соседните народи; тука мислам на Србија со „Начертанието“ на Илија Гарашанин, идеја позната како „Велика Србија“, каде што би била вклучена и Македонија или како што тие тогаш ја нарекувале „Јужна Србија“, на Грција со нивната мегалохеленска теорија, која ја опфаќала и Македонија, и тоа приграбување на Македонија тие го нарекуваат „македономахија“, како и на Бугарија, со фамозниот Санстефански договор, неоствареното ветување дадено од страна на Русија, според којшто во составот на бугарската држава би требало да влезат цела Македонија, и делови што сега е наоѓаат во рамките на Србија (Пирот и Врање) и на Албанија. Поради овие големи амбиции триве држави воделе две војни, при што Бугарија била поразена од другите две и добила најмал дел од територијата на Македонија (познат како Пиринска Македонија). Ова се случувало во почетокот на минатиот век, кога ваквите работи од страна на „развиениот свет“ (Западна Европа) се сметале за нешто нормално. Во меѓувреме, во Европа се случиле две светски војни, со многу разурнувања и жртви (особено Втората), по што дошло до идејата за „европско единство“, односно до формирање на заедница на европски држави базирана на горенаведените цивилизациски вредности, што значи европските држави ги напуштаат закоравените национално-државни наративи, карактеристични за 19 век (и претходно), во замена за наративот за заемно почитување и соработка на економски, на културен и на друг план. Така, денес Франција и Германија се блиски партнери, иако до пред 100 години овие држави биле, главно, во војна една против друга. Денес, тоа кај нив се смета за надминато, за дел од историјата со која се занимаваат историчарите на чисто академско ниво, односно толкувањето на историјата никако не е предуслов за нормални билатерални односи меѓу овие две држави, како, на пример, дали Карло Велики бил Французин или Германец, односно дали можеби Французите, присвојувајќи си ја оваа голема историска личност, им ја крадат историјата на Германците, и со тоа им ја загрозуваат државата. Напротив, ваквите наративи би се сметале за назадни, па и опасни за опстанокот на ЕУ.
2.
За жал, кај балканските држави ваква еволуција немало, и тие и во 21 век се со истите наративи како пред век и половина, а тоа особено дојде до израз по распадот на југословенската федерација во 1991 година. Прва што се обиде да го реализира својот големодржавен сон беше Србија, со војните во Хрватска и Босна и Херцеговина, поради што државата беше под економски санкции од ООН, а дури на крајот и бомбардирана од НАТО, така што мораше да се откаже од тој сон. Грција, бидејќи е членка и на НАТО и на ЕУ од самиот почеток го ужива тој луксуз да не се придржува до горенаведените европски стандарди и не само што не признава малцинства во своите граници, туку си дава право да одлучува за постоење на нации надвор од своите граници, поконкретно на македонската. Она што овде никој не сака јавно да го каже и да го признае, дека проблемот на Грција не е во името на нашата држава (Р Македонија), поради постоењето на истоимена област во Грција, туку САМОТО ПОСТОЕЊЕ НА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА, КАКО И НА МАКЕДОНСКА НАЦИЈА. Ова е поради повеќе причини: прво е оној назадниот мегалохеленски наратив, според кој Македонија е грчка територија, а второто е поврзано со првото, бидејќи тие во текот на својата „македономахија“ на преодот од 19 во 20 век извршиле бројни злосторства врз, македонското население, кое како славјанско, не се вклопувало во нивниот големодржавен концепт (воопшто не обрнувале внимание на поцивилизирани методи со културна асимилација, како што го правеле тоа Австријците во Корушка, Словенија), уште пред Балканските војни, а овие злодела кулминирале во Балканските војни, за потоа да дојде до насилно менување на македонските топоними во грчки во делот на Македонија што Грција го добила со Букурешкиот договор, како и со забрана на говорење на македонскиот јазик, со пропишување казни соодветни за средниот, а не за 20 век. Вакви злосторства се повториле и половина век подоцна, за време на граѓанската војна во Грција. Ваквите постапки на Грција, според денешните стандарди, би можеле да се оценат како етничко чистење и геноцид (за ова му се судеше на Милошевиќ во Хаг), но бидејќи Грција, за разлика од Србија, е на „вистинската“ страна, никому во Европа и во САД не му паѓа такво нешто на ум, можеби затоа што Британците и Американците им биле сојузници на грчките монархисти кои се бореле против ДАГ во грчката граѓанска војна, така што тие доаѓаат како соучесници во овие воени злосторства. Значи, ако Грција признае постоење на македонска држава, а со тоа и на македонска нација, мора да признае дека има валкано минато, и дека вршела континуирано етничко чистење и геноцид врз еден народ. Поради ова, по осамостојувањето на Р Македонија, во Грција настана антимакедонска хистерија, и го измислија проблемот со името на државата. И тоа не за да се реши тој, туку со цел: новосоздадената македонска држава, која и тогаш беше економски слаба, да не може да пркне, и ако може некако да исчезне, да се приклучи кон некој од соседите, Србија или Бугарија, сеедно, тоа беше нивната крајна цел, а не име без територијални и не знам какви претензии. Ова, не знам зошто, не им се допадна на Американците, и тие ги натераа да потпишат со нас времена спогодба, во којашто двете страни се обврзаа за преговарање за името, и ја сковаа одредницата „Бивша југословенска република Македонија“, која на Грците, воопшто, не им се допаѓаше. Дека беше така, говори тоа што тие сакаа да се викаме Скопје, т.е., воопшто, да го нема зборот Македонија во името на нашата држава, кога веќе не сме „подготвени да исчезнеме“. И затоа секогаш нè нарекуваа „Република Скопје“, „скопјани“, или во официјални пригоди „ФИРОМ“ (англискиот акроним за одредницата). Како се одвиваа преговорите, знаеме, односно не знаеме, зашто сите македонски влади сметаа дека за тоа нашата јавност не треба да знае. По сè тие и немаа, воопшто, намера да се занимаат со проблемот, во почетокот затоа што наивно го потценуваа, веројатно, мислејќи дека со текот на времето Грците самите ќе се откажат; или, пак, немаа храброст реално да се занимаваат со него, зашто беа свесни дека прифаќањето на промена на името ќе биде политичко самоубиство за оној што се согласил со такво нешто. И така поминаа триесетина години од во празно: нашите преговарачи беа тотално пасивни, само чекаа предлози од Нимиц, и чекаа Грците да ги одбијат, а самите не заземаа никаков став. И покрај тоа што по самиот на НАТО во Букурешт 2008 година се виде дека ова е сериозен проблем, не се презеде ништо, туку се одеше не само на негово игнорирање, туку, напротив, секој што ќе се осмелеше да прозбори за потребата од компромис беше прогласуван за предавник, а наместо чекори за надминување на проблемот се отиде во терање инает со Грција, со т.н. „антиквизација“ и обид за менување на националниот наратив од словенски во античкомакедонски, што претставуваше промена на идентитетот, но однатре. Притоа, декларатвно се остана на евроинтеграциските определби, иако беше јасно дека без болниот компромис тие се невозможни. Затоа ќе беше почесно Груевски да му кажеше на Западот „не, благодарам!“ и да бара нови алтернативни сојузници, или, пак, да создаде национален консензус (со СДСМ) и болниот компромис да го направи што помалку болен за нас, ако беше тоа, воопшто, возможно. Дали ќе беше вака - нема никогаш да дознаеме, бидејќи не се ни обидовме на такво нешто! Поради својата тврдоглавост и непослушност Груевски беше принуден од своите западни ментори да се повлече: прво од премиерската функција, а потоа и од лидерската позиција во ВМРО ДПМНЕ. Ова, според мене, не беше поради „бомбите“ и „шарената револуција“, тоа беше само декор и обланда за народот, ами најмногу поради притисокот однадвор. На изборите што беа по Пржинскиот договор ВМРО освои нешто малку повеќе пратеници од СДСМ, но не можеше самостојно да направи влада, а на ДУИ му беше кажано од странците да коалицира со СДСМ, а не со ВМРО; целата таа шарада со „бомби“ и протести беше оркестрирана однадвор, само за да дојде Заев и да го смени името, за да се заврши тој глупав проблем и Македонија да влезе во НАТО. На Американците им требаше долго време да најдат некој доволно недоветен во Македонија и некој доволно лев (левичар) во Грција и да се потпише договор, од којшто ниту едните ниту другите не се задоволни, затоа што, како што реков, целта на овој спор не беше да се реши туку, обратно, никогаш да не се реши, зашто намерата им беше - Македонија да ја снема како држава. Во прилог на мојата претпоставка одат реакциите во грчката јавност (коишто беа многу пожестоки од оние кај нашата), а и тоа што ни самите официјални грчки претставници не сакаат да ја користат синтагмата „Северна Македонија“, па велат „вашата земја“ или по нивно, просто - „Скопје“.

Ова го видоа Бугарите, и бидејќи Заев се покажа како некој што капитулацијата ја слави како победа, посакаа и тие нешто слично, и се фатија токму за она со што Заев се фали во Преспанскиот договор, како со голем успех, а тоа e признавањето на македонска нација и на македонскиот јазик. Сега тие бараат како услов за почеток на преговори со ЕУ, да се откажеме токму од оваа „голема придобивка“ на Преспанскиот договор. Буквално тие бараат практично ние да се самукинеме како нација и да признаеме јавно и официјално дека, во најмала рака, во минатото сме биле Бугари, ама под дејство на комунистичката пропаганда сме паднале во колективно лудило и сме си вообразиле дека сме посебен народ Македонци, и дека сега треба да се освестиме и да почнеме да се чувствуваме како Бугари. Бугарските закани се пострашни од оние на грчките, бидејќи се однесуваат на националниот идентитет, што е интимно чувство на секој поединец, и се задира во основните индивидуални човекови права. Значи, сега Бугарите настојуваат да го завршат она што не успеаја Грците. Се прашувам, ако ние прифатиме: дека не сме посебен народ, туку дел од бугарскиот народ; дека нашиот јазик не е посебен јазик, туку варијанта на бугарскиот; дека настаните што се случиле тука во географското протегање на Македонија, не се наша историја, туку дел од бугарската историја; дека целото наше духовно материјално и нематеријално наследство (обичаи, фолклор итн.) не е наше туку дел од бугарската култура и традиција; - тогаш што ни признаа Бугарите кога ја признаа Р Македонија во 1991 година - само територија, која според Санстефанскиот договор, чијшто датум на потпишување во Бугарија е државен празник, треба да е дел од бугарската држава, што значи, ако може сега ние сами да си побараме пак да нè „ослободат“ од нас самите, од нашиот македонизам, и ние самите да се анектираме кон нив (нешто што не се случило во досегашнава светска историја).
Идејата за постоење „природни“ и „вештачки“ нации, „природни“ и „вештачки“ јазици, како и дрскоста за земањето право на една држава членка на НАТО и ЕУ (со горенаведените цивилизациски вредности) да се одлучува за тоа дали некоја држава треба да постои или не, односно дали една нација треба да постои или не, бидејќи постоењето на таквата држава, односно нација е закана за националните интереси на дотичната држава членка на гореспомнатите сојузи, е мошне опасна, бидејќи тоа е еден вид суптилен фашизам со цел културолошки геноцид врз еден народ којшто треба да ги ужива сите права како и секој друг народ во светот. Значи не со војска и окупација, не со концентрациони логори и гасни комори, како што било во 1941 година, туку со поддршка на модерен квинслишки режим, којшто не е назначен од страна на окупациските власти (бидејќи државата е формално суверена), туку изгласан на избори, и чијашто агенда не е тоа што пишува во изборната програма, туку буквално предавство на националните интереси, и работа исклучиво во служба на соседите членки на НАТО и ЕУ, а нивните интереси ги кажав претходно.

И на сево ова ЕУ гледа благонаклоно, бидејќи приоритет ѝ се интересите на државите членки, колку и да се спротивни на основните вредности на коишто наводно почива Унијата. Не знам дали се свесни дека со лошите преседани што ги правеа и што ги прават со Косово (во негова корист) и со Македонија (секогаш на нејзина штета), не само што го доведуваат во прашање влегувањето на западниот Балкан во ЕУ (не би ме изненадило во иднина некој да го оспорува постоењето на црногорската, односно на бошњачката нација и јазик, како пречка за влез во ЕУ), туку ги поткопуваат темелите на самата Унија (Каталонија, унгарското малцинство во Словачка).

Сепак, за среќа, најмногу зависи од нас! Бугарија нема да направи реприза на 1941 и да нè „ослободи“, туку ќе чека ние самите себеси да се изнегираме и самите да ја поканиме за такво нешто. Тоа го рече и Каракачанов: подготвени се да чекаат уште 20 години, како што Грците чекаа 30. Затоа, треба да е јасно дека ние во ЕУ НЕМА ДА ВЛЕЗЕМЕ! НЕ ПОД ОВИЕ УСЛОВИ! Во НАТО влеговме само заради желбата на САД, така што никој нема да ни прави однадвор притисок (барем не од Брисел, од Софија можеби, а ништо чудо и од Атина) да се побугарчиме, тие сметаат дека ако не се побугарчиме сега, ние ќе продолжиме да пропаѓаме економски и социјално и потоа самите ќе побараме да станеме Бугари (по едно 20 години) и да се спасиме, ако од ништо друго, тогаш од Албанците – сметаат тие. Значи, истото што го смислија Грците пред 30 години со глупавиот спор за името, само што таму од старт се обврзавме за виткање кичма еден ден, а овде не сме обврзани на ништо, освен ако Заев се обврзал нешто тајно, што е негов личен проблем, а не на нацијата и на државата.
Затоа треба да повлечеме една дебела линија, и да ѝ кажеме на Европа „збогум“, но и да ѝ порачаме да се преспита дали важат истите вредности како што беа усвоени во Мастрихт 1992 година, и да најде начин да ги дисциплинира своите членки да не „аздисуваат“, зашто ако имаат механизми да ја натераат Словачка да го ограничи своето производство на млеко за да може Полска полесно да го пласира своето, мора да можат да ја натераат Бугарија да не го уништува процесот на проширување со наративи од еден и пол век, кои денес можат да се дефинираат како фашистоидни. А ние за тоа време конечно да се свртиме кон самите себе, да најдеме некои посаглам партнери, да ја подигнеме првенствено економијата, за потоа да можат да се подигнат и инфраструктурата, здравството и образованието. Тогаш, можеби, нема ни да ни треба повеќе таа проклета ЕУ, која стана сè освен она што се декларираше пред 30 години. Од сегашна перспектива, може да се каже дека се случи токму спротивното, малите држави како Словенија и Хрватска, воопшто не се офајдија од ЕУ; стандардот на луѓето им падна, тие се иселуваат, политичарите се исто нечесни и корумпирани како и тука... Единствената придобивка им е тоа што можат да патуваат без пасош (доколку имаат пари за тоа), и нема роаминг на мобилните. ЕУ се покажа како шампион во недоследноста, уште од самиот старт: кога требаше да бидеме признаени како држава во 1991 година, бидејќи според Бадинтеровата комисија само Македонија и Словенија ги исполнуваа условите за признавање што ги дефинираше самата ЕУ (тогаш ЕЕЗ), беа признаени Словенија и Хрватска, поради директен притисок од Германија, а Македонија остана надвор, само поради грчката хистерија со името. Значи, во овој случај се држеа до принципот на солидарност и консензус, но затоа, пак, десетина години подоцна, кога требаше да се признае Косово, одеднаш не требаше консензус, па Косово го призна кој сакаше, а кој не сакаше не го призна, и така е до ден-денес: Косово уште не е признато од сите членки на ЕУ. Бугарија влезе во ЕУ преку ред, со политичка одлука, иако не ги исполнуваше стандардите, повторно пропишани од самата ЕУ, а Македонија во тој период во имплементацијата на тие стандарди беше пред Бугарија, но пак поради Грците ние извисивме. Ни во НАТО никогаш немаше да влеземе, да не притиснеа САД! Значи сè што се движи во оваа земја напред во надворешните односи е благодарение на САД, а не на ЕУ. Во меѓувреме таму им тргна на лошо, тие се во криза, но немаат смелост да кажат дека не сакаат повеќе проширување (евентуално уште Србија и Црна Гора). Можеби поради тоа што имаме муслиманско население, можеби затоа што нЕ гледаат како некадарни за членка на ЕУ, а можеби и зашто се каат и за тоа што ги примија Бугарите, бидејќи оттаму имаат само емигранти. Така, оваа бугарска хистерија им доаѓа можеби како алиби да нЕ откачат, а да останат и понатаму тие „добрите и цивилизираните“, а ние од валканиот Балкан да си останеме и понатаму во нашата примитивистичка кал. Тоа, можеби повеќе и од бугарското вето, е главната причина да ја „откачиме“ ЕУ. Всушност Бугариве ни прават двојна услуга: ем нЕ обединуваат, ем нЕ освестуваат: конечно дојде и тоа! Крајно време беше да се освестиме и да мислиме на план „Б“, додека не е уште предоцна.
15-11-2020, 10:30 PM
Reply