Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 3 Vote(s) - 2.33 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
НОВОТО КОПИЛЕ НА УДБА -Д.Д!! ДАЛИ КЕ БИДЕ МРТВОРОДЕНО????
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#41

Quote:Интервју: Филип Петровски

Можна е влада без Груевски и Црвенковски



Долго време ВМРО-ДПМНЕ Ве остави како директор на градската библиотека. Ве обвинуваат дека имате политички договор со Груевски?

- Немаше никаков договор, од проста причина што бев избран на јавен конкурс за четири години мандат, кој не може да биде прекинат, зашто во спротивно можам да тужам и да наплатам пенал од градот. Јас тоа му го соопштив на градоначалникот Коце Трајановски кога дојде на власт. Мислам дека се определија да не се создава конфликт во јавноста и затоа не одеа насилно да ме сменат, не само мене, туку целата гарнитура. Во моментов има конкурс за четири директори во јавните установи од културата во Скопје, на кои им истече мандатот во ноември.



Сакаме да бидеме втор, а не трет пат


Имавте ли притисоци од власта сите овие години?

- Не. Имаше тотално игнорирање, овие четири години бев оставен во ситуација сам да се борам, никогаш немав помош. Знаете дека изградија нова зграда за Националната и универзитетска библиотека, заборавајќи ја градската. Градската библиотека е најголем систем на библиотеки во државата и опслужува најголем број луѓе во Македонија, една третина од граѓаните. Овде имаше услови да се реновира, да се доградува, но тоа не беше интерес за власта. За проектите што ги правев никој не реагираше, не дојдоа на ниту еден настан на кој што ги повикував. Градоначалникот Трајановски ниту еднаш нема влезено во библиотеката.


Зошто конкурирате повторно за директор, иако ви е јасен исходот?


- Оваа власт треба да се предизвикува на секој можен начин. Во моето конкурирање за оваа позиција придодадена е бела книга за успесите во претходните пет години, за да може да се направи споредба што ќе биде направено во иднина. Апсолутно немам никакви очекувања, меѓутоа сакам да ги ставам во незгодна ситуација да мораат да одлучуваат. Зашто тие се склони да кажат, ете, не конкурирал, самиот се повлекол. Не се повлекувам, суштината на моето разбирање на политиката е дека секогаш треба да се нудат решенија и во борба на спротивставени мислења да се дојде до најдоброто.



Најавивте нов политички субјект, Демократска десница. Имате ли капацитет за нова партија, ако се има предвид дека на сцената се појавија многу партии, но нивниот успех е минорен?


- Дента кога политички се разидовме со Љубе Бошкоски, во мај минатата година, почнаа да ми се јавуваат луѓе кои што побараа да се направи автентичен политички субјект. Многумина кои што беа во ОМ, но и во други партии, почнаа да чувствуваат дека таму работата не се организира автентично и постојат тајни контакти на Бошкоски со Црвенковски, кои што не ги кажува ниту на потесното раководство, а камоли на членството.



Сепак, решивте да формирате партија, нели е тоа ризичен потег?


- Си дадов 6 месеци да размислам, бидејќи формирање партија е сериозна работа, повлекува голем ангажман, напор и многу откажувања, посебно на личен план. Шест месеци разговарав дискретно со моќни луѓе, искусни во политиката, со луѓе кои што имаат сериозни титули во приватниот живот, универзитетски професори, докажани на своите полиња, дали можеме да направиме нова партија и дали воопшто е потребно. Зашто, за успех е потребно партијата да има поддршка. Го проценувавме теренот, а еден од најсериозните индикатори е тоа што на сите истражувања, се појавуваат меѓу 50 и 60 отсто незадоволни и неопределени гласачи.



Но познат ви е податокот дека десницата нема голем капацитет. Има на располагање околу 300.000 гласа...


- Да. Тоа е вистина, но ние определивме рамка која нема да биде стриктна, нема да биде конзервативна и нема да биде екстремна. Значи, рамката што ние ја бараме, е да им покажеме на граѓаните дека доста е од дваесет години ваква политичка и партиска сцена, доста е од двете големи партии, доста е од лажење на гласачите, доста е од поделбата на луѓето која според мене е сериозен проект на насилно делење на гласачкото тело и ставање во ровови. Негативната енергија меѓу нив е на највисоко можно ниво што во крајна линија може да доведе и до конфликти на личен план - поделени семејства. Сакаме да направиме нешто сосема различно. Партијата ќе ја има својата десничарска основа во смисла на патриотизам, залагање за посилна држава, со препознатливи механизми, но оттука натаму ќе се повлечеме повеќе кон центарот, кон едно полиберално гледање на работите, и кон можности за намалување на мешањето на државата во животот на поединецот. Знаете дека денес по 20 години повторно треба да зборуваме за темелните вредности - за човековите права, за основните граѓански слободи, за слободата на изразувањето, за она што е загарантирано во Уставот на РМ, иако мислевме дека таа сфера е зад нас и дека треба да зборуваме за развој на Македонија.



Имаше многу обиди за "трети патишта", но сите пропаднаа.

- Ние не сме "трет пат". Ние сме втора опција, ова го кажувам многу одговорно, зашто и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се една иста опција, односно една иста паричка со две страни. Нам ништо нема да ни промени доколку во оваа состојба на застој на политичката сцена дозволиме само да се превртува паричката. Сме ги виделе и едните и другите. Македонија нема развој, Македонија нема евроинтеграција. Во крајна линија, Македонија нема среќни граѓани. Во таа насока, мислам дека ќе имаме силна поддршка од малата средна класа во Македонија. За жал, Македонија нема доволно силна средна класа, голем дел од средната класа во овие 20 години е осиромашен, но менталниот склоп на граѓанство, традицијата, послободното, полибералното размислување, се има задржано по големите градови, посебно во Скопје, Битола, Куманово, Струмица... Сметам дека тие веднаш и брзо ќе ја препознаат нашата опција како нешто што е сосема различно и што ќе понуди рамнотежа на вагата.



Нема потреба да се напаѓаат семејства



Имате ли познати политички фаци?

- Во атмосфера на страв наметната последните пет години проблем е луѓето да се издвојат, да се покажат и на почетокот ќе одиме со варијанта подискретно да говориме за имиња, иако можам да потврдам дека има имиња кои што се сериозни во своите области. Ќе понудиме и солидна програма.



Знаете дека парите се многу важни. Обединети за Македонија се соочија со таков проблем...


- Го разрешивме тоа прашање. Обединети за Македонија го реши тој проблем со тоа што прифати да биде спонзорирана од моќници на СДСМ, но цехот е голем. Сега тие мора да испорачуваат работи кои можеби и не сакаат да ги испорачуваат, како што е пресметката на лично ниво со семејството на премиерот. Тоа, според моите сознанија, доаѓа како налог од СДСМ. За СДСМ, односно Бранко Црвенковски да не се занимава со валканите работи, се занимава Љубе Бошкоски. И тоа е негов избор.



Вие не ја напаѓате Фамилијата!

- Како партија сметаме дека нема потреба да се навлегува во семејствата, нема потреба да се зборува за личности кои што ги опкружуваат или се дел од животот на нашите политичари. Треба да ги критикуваме проектите, стотиците промашени проекти. На крајот на краиштата не е толку значајно да се критикува, колку што е значајно да се понуди нешто ново. Народот сака да чуе нешто ново, сака да види како состојбата ќе се промени. Сите знаеме дека не е добро во Македонија, дека сме во сериозен застој, дека нема напредок - на маргините на Европа сме, никој не нж спомнува во никаков контекст. Сакаме да кажеме нешто ново.



Кажувате ли?

- Еве, на пример преку социјалната мрежа Фејсбук кажавме дека ќе ги вратиме сите економски промотори назад. Ќе понудиме многу подобро решение во областа на привлекувањето странски инвестиции.


Вам и на Љубчо Георгиевски Ви се забележува дека не ја напаѓате Фамилијата затоа што наводно имате дил со Мијалкови. Лично Ви се забележува дека се среќавате со Сашо Мијалков?

- Нема такво нешто. И нема потреба да има, затоа што секој кој следи сж што сум напишал, а станува збор за над 170 текстови, може да извлече заклучок каков е мојот став кон оваа политичка гарнитура, кон нивното практицирање на демократијата и кон нивната криминална склоност. Немам никакви дилеми дека оваа структура треба да замине од власт. Немам никакви задршки дека оној што е замешан во криминал треба да одговара. Но, мислам дека потпалувањето на народот може да резултира во ерупција на негативна енергија и во конфликти. Гледате дека некои се закануваат со граѓанска војна, други се закануваат со одмазди. Значи, не мислам дека политиката треба да се сведе на такво делување. Гледате дека започна бранот на расчистување на корупцијата на највисоко ниво на Балканот или во Југоисточна Европа. Тоа тргна со Санадер, како екс премиер на Хрватска, кој е во притвор. Нема амнестија за никој ако се открие и докаже дека има направено криминал. Но имаме и презумпција на невиност и мора да се укине театралноста при апсењата. Нема потреба од лисици, маски, од театар кој треба да ни направи политички поени. Треба да има независно обвинителство и судство и тие да си ги вршат своите работи.



Нема да подлегнете на повиците на Заев и на Брат Љубе?

- Тој круг мора да го скршиме, мора да направиме нешто на сосема нова основа, кое нема да биде надвор од законот. Напротив, ќе се потпре на законот, а на народот ќе му дозволи политиката да ја доживува како порелаксирана категорија и од работата на политичарите да гледа бенефит, а не само крв. Мислам дека сите што се закануваат како Брат Љубе или Заев треба да ги избрише народот. Повеќето од нив биле, покажале што можат, време е да си одат.



Груевски сака да ги собере сите отпадници од ВМРО назад во коалицијата. Но ако вие не покажувате радикална борба против власта, значи ли тоа дека сте печени да ве земе и вас?

- Ние сме радикални во борбата, но не сме радикални во реториката. Реториката треба да биде смирена, зашто народот ќе почне по улици да се тепа меѓу себе. Такво нешто не сакаме, а нашите размислувања се радикални. По прашање на политичкиот спектар во Македонија, можеби прв, пред повеќе од една година во Македонија, кажав дека наредните избори ќе дадат разрешување на тоа кој го има приматот во десницата. Мислам дека левицата е депласирана, таа влече сериозен багаж од претходниот систем кој успеа пред 90-та година да се трансформира привидно и да направи уште поголем товар во изминатите 15 години. Сега веќе тоа е толку гнило внатре што самото од себе се распаѓа. Знам дека Бранко Црвенковски не сака многу да седи во СДСМ, но тој е свесен, дека доколку замине, тогаш ќе се растури партијата, најмалку на две структури. Левицата е сосема депласирана и таа не може да ја промени оваа политичка слика во Македонија.



Но, Груевски успеа многу припадници на т.н. десница, како што се Марјан Ѓорчев, Доста Димовска... политички да ги растури и да ги врати во структурите на ВМРО-ДПМНЕ.

- Успеа, со атомизирање. Мора да му се признае дека знае како да ги подели луѓето. Некои ги фрлаше, потоа ги враќаше, го тестираше нивниот праг на издржливост. За жал, многумина не издржаа, многумина се помирија со трошка, или со парче леб, само да не бидат отфрлени, но голем дел се сосема маргинализирани и се чувствуваат политички нереализирани односно невтемелени во структура која што не ја одразува нивната идеолошка определба.

Половина од членството на ОМ е со мене



Ќе активирате ли некои од тие луѓе?


- Демократска десница ќе биде отворена за секој што сака да каже нешто во политиката. Мене не ми пречи ниту 100 фракции да има во партијата. На подмладокот им ги поделив да ги разгледаат документите на ВМРО-ДПМБЕ од 90-тите години. Ќе ве потсетам дека тоа беше период кога за претседателите на општинските комитети имаше право да гласа целото членство. Тоа беше врвен израз на демократија, кој подоцна се напушти и се направи голема грешка, се централизираше партијата и сега, Груевски поставува претседател на подмладокот во Виница, на пример. Тоа е неприфатливо, ќе го превртиме тој процес, како што се организирани западните конзервативни партии. Комплетно ќе дадеме можност секој да влезе, но за да знаеме како дошол во партијата, бидејќи ќе имаме сигурно напад од тајните служби, од луѓе пратени од други партии, ќе мора секој да има свој спонзор, да покаже кој го донел во партијата. Нашите членови, посебно младите, ќе ги учиме како да бидат демократи.



Објавивте дека на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ ќе анимирате членови и ќе се борите за претседателската позиција. Зошто?


- Тоа беше провокација која што намерно ја упатив за да покажам на македонската јавност дека во таа партија нема демократија. Тие направија многу сериозна грешка што го игнорираа тоа, требаше да прифатат, јас ќе се кандидирав за да му покажам на Груевски дека и во неговата партија има многу сериозно различно размислување.



Но немаше сигурно да победите.

- Немаше да победам на начинот на кој што сега ги избираат делегатите - од горе. А доколку им се остави на општинските комитети сами да ги бираат делегатите, тогаш не сум сигурен дека ќе победи Груевски.



Дали дел од членството ја разбра вашата провокација?

- Добро е прифатена мојата провокација од членството на ВМРО-ДПМНЕ кое бара свој политички израз и на кое му е јасно дека мора да молчи.



Има ли за конгресот некаква алтернативна иницијатива?


- Не. Конгресот ќе се одржи како да е во Северна Кореја или во Белорусија. Ќе биде фарса, сликање, два-три дена дискусии, фалење.



Зошто не ви успеа обединувањето на десницата со Бошкоски?

- Обединувањето на десницата е еден од основите на конфликтот со Бошкоски, кој на почетокот и не беше против таа идеја. Сж додека не го доби сигналот од СДСМ. Идејата беше поврзана со потребата од окрупнување на опозицијата, а поради изборниот модел. Овој модел бара коалиции пред изборите, бидејќи помалите партии ги брише. Расцепканоста ја потиснува и ги фаворизира големите блокови. Тоа го знаат и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и затоа имаат по 20 мали партии со себе, гледаат пред изборите сж што можат да привлечат. Меѓутоа, и покрај тоа што се огромни блокови, се покажа дека околу 150 - 200 илјади гласови висат. Тие се делумно во едната, делумно во другата партија, делумно кај бранителите, нешто е во центарот. Идејата беше промовирана во смисла на концепција за обединување, но со надминување на суетите на големите лидери на малите партии, за да се оформи десница која би имала минимум 100-150 илјади гласови како опозиција. Таа идеја јас ја соопштив и од тука почна раздорот, зашто веднаш потоа беше коментирана од страна на Љубе Бошкоски - дека тој не е десница и не знае што е десница во Македонија.



Тој сака да ги обедини и десните и левите?

- Не толку тоа, колку што има потреба да ги разблажи разликите, за да може утре да каже дека не е битно што е во коалиција со СДСМ. Ако е неговата идеја таква, со среќа нека му е.



Бошкоски вели дека има 80.000 членови?

- Бошкоски во Скопје имаше 400 членови на 800.000 жители. Сите информации што ги кажуваше не се точни. А 50 отсто од неговите членови сега се кај мене. Тоа ќе го објавиме наскоро, ќе се чуди кои луѓе се со нас. Од ДПМНЕ очекувам многу посериозен прилив. Пет години владеење на оваа гарнитура се доволно време да се види што таа мисли.



Како да се надминат суетите на големите лидери на малите партии?

- Има модел. Се надевам дека сите интелигентни луѓе овој дел сериозно ќе го проучат. Прво, не е битно кој е лидер, битно е Македонија нешто да смени. Доколку големите лидери на малите партии останат во ровови, Македонија уште долго време ќе се врти во круг, зашто Никола Груевски ќе победи на наредните избори. Тоа мислам дека никој од нив не го сака.



Ќе одите ли со заедничка листа?

- Треба да се направи коалиција на рамноправни субјекти. Таа може да биде дури модел, постојат шеми како се прави тоа, може да бидат сите еднакви, може да се најдат пет или десет субјекти кои што ќе бидат обединети во опозициона десница, или обединета десница, или обединето граѓанство на Македонија, не мора да се нарече ни така - обединет опозиционен блок, во кој што секој ќе делегира свои луѓе. Може да се направи борд, или едно тело, кое што ќе има делегирано од секоја партија по еден или по двајца кои ќе бидат рамноправни во носењето на одлуките. Тоа се познати модели за рушење на режими. Отворено, во овој момент зборувам за ВМРО-НП и за бранителите.



Колку гласови носи таа структура?

- 100.000 гласови во почеток, без кампања. Ние, ВМРО-НП и бранителите.



Не ли се бранителите со Брат Љубе?

- Тој е во сферата на соништата, не во реалноста, тој смета дека располага со таа структура, а јас сметам дека таа структура има сосема оправдан и многу јасен политички концепт, во смисла на борба за нивните права и не смее никој да ја инструментализира и да ја смета за своја, туку може да биде само рамноправна.



Имате ли договор со Георгиевски?

- Имаме начелен разговор и јас и тој сметаме дека оваа идеја е на место за менување на политичката слика на Македонија и за нудење сосема поинаква можност за граѓаните. Дали ќе биде нешто од тоа, кој знае, но ние ќе работиме.


Ќе се вклучат ли Јован Манасијевски и ЛДП?

- Не знам колку има расположение. Текстот што беше објавен во "Публика" го ставивме на увид на многу луѓе, но нема многу големо расположение. Сметаме дека и покрај недоволното расположение сепак треба да се разговара.



Најдобро е да си заминат и Бранко и Никола


Сепак, сегашното раководство на ЛДП е јасно дека не сака со СДСМ.

- Но не знам колку е јасно дека не го сакаат Груевски. Како и да е, јас ќе поразговарам со Манасијевски, ќе му ја изложам идејата во детали и ќе оставиме тие да се изјаснат.



Кај Бошкоски беше и Ден Дончев. Што со луѓето што припаѓаат на десницата и евентуално би можело да се вклучат?

- Има многу луѓе кои што беа во ОМ. На пример, Вело Марковски, Бомбај од Тетово, Даштевски, кој е со мене, Кецковски. По моите информации Дончев одамна не е влезен во партијата на Љубе, така што тие поединци може да најдат свој израз кај нас во партијата, или во некоја од другите партии во тој обединет круг. Ако има исклучителни поединци тие може да придонесат да се зацврсти опозиционата десница, не мора да се членови на партија.



Се зборува дека доколку има избори, СДСМ сж уште не може да биде доминантна партија, а ВМРО-ДПМНЕ ќе однесе најмногу гласови. Тоа би значело дека една обединета десница и центар, можат да бидат јазиче на вагата за правење власт.

- Убеден сум дека ќе биде така.



Што ќе правите тогаш? Со Црвенковски или со Груевски?

- Ќе видиме кој ќе биде поголем демократ и кој ќе биде во ситуација повеќе да спроведе од нашата програма.



За Црвенковски се зборува дека би отстапил од премиерската функција само да формира влада, зашто има голем анимозитет кон него. Дали би го барале истото и од Груевски?

- Хипотетички е најубаво и Црвенковски и Груевски да си заминат. Како и некои други луѓе што се околу нив.



Значи, можна е влада и на обединетата десница со ВМРО-ДПМНЕ, ама без Груевски?

- Па тоа не е идеја што би ја отфрлиле. Или влада со СДСМ без Црвенковски. Но, рано е да се зборува за тоа. Треба да ги видиме резултатите.



Дали би правеле Влада со Груевски ако продолжи антиквизацијата, ако продолжи таквиот однос кон претставниците на меѓународната заедница, по прашањето на името со Грција?

- Апсолутно - не. Тие работи мора да се расчистат. Но рано е, ќе видиме како ќе биде на изборите. Генерално, ние треба да зборуваме за енергетски независна Македонија, за сериозни проекти за кои мислиме дека наместо споменици би ч помогнале на Македонија. Ако можеме да направиме хидроцентрали од 20 мегавати за 20 милиони евра, подобро е да направиме таква хидроцентрала која што ќе го релаксира РЕК Битола, и ќе имаме бесконечен извор на енергија, отколку да направиме една зграда, каде што ќе седи администрација која не знае што да работи.



Има размислувања дека Груевски во последната година може да почне да го менува курсот. Се вадат спомениците од пред влада, по прашањето за името има иницијатива за решение... Дали мислите дека Груевски е спремен да направи прагматичен чекор, да се отвора пред светот, да го реши проблемот со името.


- Единствено ќе биде прагматичен доколку процени дека нешто лично ќе добие за себе. Ако процени дека треба заради странците да ги помести фигурите, тој тоа и ќе го направи.



Или ќе остане заробеник на структурата која е за Античка Македонија?

- Груевски воопшто не верува во Античка Македонија. Тој го има проценето пулсот на народот и му го дава на народот она што го бара. Груевски добро знае дека овој народ е измачен и дека има ваков менталитет и така ги пушта сигналите. Тие се мајстори на спинот, на политичката пропаганда и пред да го направат било кој потег, го проверуваат мислењето. Така што, ве убедувам дека доколку процени дека може да протне во однос на јавното мислење некаков сосема контра потег од ова што сега го прави, ќе го направи. Ако процени дека треба и од антиквизацијата да се откаже, и од тоа би се откажал, меѓутоа мислам дека таму е веќе зајдена работата, и дека вториот столб, Ѓорге Иванов, е оној кој што всушност ја туркаше целата работа. Дури може да избие и конфликт меѓу нив. Сега веќе не може да се повлече од тоа. А како ќе ги спакуваат преговорите, ни самиот не знам, зашто мислам дека тие не сакаат преговори туку сакаат да имитираат преговори, за да делуваат дека се конструктивни.



Зоран Димитровски





Во ВМРО никој сериозно не го сметаше Груевски за лидер


Дали некој во времето на Љубчо сериозно го сметаше Груевски за иден лидер на ВМРО-ДПМНЕ?

- Никој не го сметаше за лидер, и тоа е сериозен показател, дека со политички инжињеринг сж се прави. Јас се сомневам дека тој инжињеринг не стартуваше 2003-та, туку во средината на 90-тите години, но тоа е прашање за политички мемоари.



Зошто тогаш Георгиевски го постави Груевски?

- Георгиевски очигледно имал визија дека ќе го постави човекот, ќе ја зацврсне структурата, во смисла на некоја помалку радикална варијанта од тогашната, со подобри конекции кон Запад. Но дека ќе може да го врати назад своето делување. Се покажа дека Груевски направи сериозни обиди да му стави крај на политичкото делување на Георгиевски.



Премиерот го спроведува планот со голема бруталност


Зошто не добивте позиција и функција 2006-та по изборите иако бевте претседател на Комисијата за надворешна политика на ВМРО-ДПМНЕ?

- Лично мислам дека Груевски не може да заборави дека 2003 г. во Охрид при неговиот избор, односно крунисување, јас гласав против него, гласав за Марјан Ѓорчев. Бев еден од 70 делегати кои ги издржаа притисоците, дури и насилното менување на ставови кое е направено врз делегатите, тоа го знаат и многумина и ден денес од таа структура е во контакт со мене. Но, Груевски покажа една сериозна особина - она што го мисли да не го манифестира, особено до 2006-та кога се чувствуваше слаб, да не покаже што мисли кон неистомислениците во партијата. За при доаѓањето на власт во 2006 г. да направи прва мембрана околу себе, да се одвои од нас кои што сме малку постари во членството во ВМРО. Со тоа што сепак имаше баланс, зашто носители му беа Љубиша Георгиевски, Антонио Милошоски, Влатко Ѓорчев, за 2008 г. да се ослободи од нив. Две години работеше на својата екипа со сите државни ресурси, за да да ги постави Зоран Ставрески, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиевски... Тој имал сериозен план како да дојде до власт, што треба да направи кога ќе дојде во првиот бран и што треба да направи по освојувањето на целата власт. И тој план го спроведува со многу голема прецизност и бруталност.



Ивица Коневски е најсериозен кандидат за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ


Подготвува ли Груевски свој наследник?

- Груевски сe уште мисли дека треба долго да владее, но Влатко Ѓорчев, Антонио Милошоски и Ивица Коневски се кандидати да го заменат на тронот. Најамбициозниот за наследник на Груевски е Влатко Ѓорчев. Тој направи сж што треба, игра по ноти, се ожени за Американката чиј што татко беше еден од главните поддржувачи на Борис Трајковски, со намера преку неа да добие лоби кое што би му помогнало да биде претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа го увиде Груевски, затоа го излизгаа со Фуере. Тврдам дека Влатко Ѓорчев е излизган зашто помисли дека ја завршил работата. Сега ќе го засилат Антонио, бидејќи Влатко и Антонио имаат ривалство кој од нив е број еден кога го нема Груевски. Антонио има бесконечна амбиција, подготвен е на сж. Но и Антонио и Влатко не ја гледаат реалната опасност, а тоа е Ивица Коневски. Тој е играчот на оваа структура - една безлична фигура, со помалку капацитет, но доволно добра маса за обработување и за моделирање.
Целиот текст:


Се е кажано !!!!! Томислав Стојановски БОМБАЈ -ДЕСНИЦА.... Tuktuk0niTuktuk0niTuktuk0ni PosPosPosPosScaredScared
17-01-2011, 06:26 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#42

Во оваа интервју,Филип Петровски сака да се представи како сериозен политичар кој е спремен да излезе на јуначки мегдан со Никола Груевски за спас на Македонија која е врзана во синџири.
Имено Крали Филип Петровски оди дотаму да ги навреди своите сопартијци,но не заради вистината туку поради тоа што сака да се представи како човек со интегритет и еве својата улога на опозиционер да добие легимитет.
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
18-01-2011, 07:57 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#43



Quote:ГЕРМАНСКАТА ШПИОНСКА СЛУЖБА КОНТРОЛИРА НАЈМАЛКУ
ДВАЈЦА МИНИСТРИ НА ГРУЕВСКИ, ПЛУС СРЃАН КЕРИМ!



ИНСТАЛАЦИЈА ВО ООН!


Значи, пресудно е мислењето на домашната шпионска служба за тоа, кој од странските кандидати го поминал соодветниот разузнавачки филтер, заради што, со тие лица се гради посебен оперативен однос. Поточно, врбувањето на помлади кадри и нивното подоцнежно инсталирање во највисоките државни структури по државите во светот каде Германија има свој интерес, е всушност најпосакуваниот дострел во работата на една шпионска служба. За еден од споменатите македонски функционери, поточно е ако се каже дека неговата шпионска релацијата оди на линија Берлин - Скопје преку Софија. Се повторува епизодата од македонското осамостојување, кога во тогашната влада имавме еден спој на министри со национална патриотска определба, еден дел под влијание на бугарската разузнавачка служба и еден дел под влијание на КОС.

[Image: 653209AAE7C6D047A3E05A46FB735CE4.jpg]

Во оваа насока, еден од најистакнатите примероци на силниот германски продор во Македонија, секако е и лицето Срѓан Керим, кој со германска помош беше инсталиран и во ОН, да се обиде да ја започне реформата на Советот за безбедност (СБ) каде Германија бара постојано место со право на вето. Но, очигледно е дека Германија сеуште ја нема потребната доминација во светски рамки да ја наметне посакуваната реформа во СБ!
Како и да е, Керим ја исполни задачата, бидејќи за време на едногодишниот мандат во ОН формираше некакви помошни тела за реформи во СБ. Затоа не случајно, Керим во една своја книга му посветува восхитувачко поглавје на Х.Д.Геншер, нарекувајќи го несекојдневна личност, виртуоз, врховен уметник, роден дипломат, додавајќи дека Геншер имал разбирање и жестокот се спротиставил на агресивната политика на сила во поранешна Југославија. Не е ли лицемерно ова од Керим, ако се знае дека токму Геншер го сакаше распадот на Југославија на начин што претходно југословенските народи ќе се испотепаат меѓу себе, а за кое нешто своевремено го предупредуваа негови колеги во ЕЗ?
Воопшто не спорам дека Геншер можеби ги поседува блескавите атрибути изречени од Керим, но, останува запишано дека во процесот на меѓународното признавање на Македонија, Геншер беше во служба на грчките интереси. Се разбира дека германската политика е нејзино внатрешно прашање, но, непримерно е тоа што Керим, со оглед на неговите долгогодишни германски релации кои ги задоволуваат неговите амбиции, мора сега и на ваков начин беспоговорно да им служи на истите, а на штета на достоинството на својата земја, која во тоа време претрпе штета од германската надворешна политика!

АГИТАТОРОТ ВО ЗАДНИНА НА НОВА ПАРТИЈА


Впрочем, македонската јавност имаше прилика да ја види лажната слика за човекот (Керим) со многу дипломатски титули, дека нема морален интегритет и кредибилитет, не е дипломат од кариера со преку 30 годишна кариера, со сомнителн политички беграунд и нелојален кон Македонија. Дури, Керим како министер за надворешни работи му ја полнеше главата на тогашниот премиер Љубчо Георгиевски со наводното митско значење за Македонија на Пактот за стабилност на Југоисточна Европа. Но, реалноста во тоа време ќе го демантира Керим и притоа ќе го разочара премиерот Георгиевски. Имено, Никола Груевски како тогашен министер за финансии во владата на Георгиевски, во својата преписка ќе констатира дека Пактот за стабилност не ги дава очекуваните резултати, затоа што проектите што првично беа понудени со неповратни средства, во тој момент се нуделе во кредитни линии, со што само се зголемувала задолженоста на земјата. Од неповратната помош на Пактот останаа само ветувањата, а до сега не доделија ниту цент, трогателно пишуваше тогаш Груевски како министер за финансии.
За да биде појасна улога на Керим во величењето и на Пактот за стабилност, треба да се знае дека неговите ментори кои исто така се Германци, се на челните позиции на овој инструмент на меѓународната заедница. Дури, овие ментори на Керим во моментот остваруваат специфични политички цели во Македонија преку компанијата ВАЦ. Значи, Керим е одлична илустрација како личните интереси и амбиции придонесуваат за користа на поединци, без оглед на спротиставеноста со националниот и државниот интерес. Но, кога просперира државата, тоа е повеќе од корист за поединците во неа, отколку кога тие просперираат секој за себе, додека државата во целина е неуспешна.
Кога сум кај Керим, со оглед на просторот, само уште да споменам дека овој вознемирувачки агитатор во заднина веќе формира нова политичка партија која се најавува деновиве. Значи, повторно нема храброст да се одважи и јавно да го промовира новиот политички субјект, туку повторно заднински ќе се обидува да проба да ги остварува своите неспорни политички интереси кои и не ги крие во јавноста. Како и да е, ако германскиот шпионски продор во поранешната СФРЈ се покажа како несреќен за југословенските народи од аспект на крвавиот распад на Југославија, не значи дека по автоматизам ќе може да се каже истото и за иднината на демократска Македонија. Да се надеваме дека актуелното германското инволивање во македонските работи ќе се покаже како среќно!

Авторот е Претседател на Народно движење за Македонија


Сите ги птрескокнуваат можните врски на Керим, дваицата министри и еден висок функционр на ДПМНЕ со ШТАЗИ. Шверцот на цигари е инициран од комунистижките структури како форма на финасирање на комунистичките партии за да го презивеат антикомунистичкото движењнње по распадот на Варшавскиот сојуз.

30-01-2011, 08:48 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#44

ТОМ на Палиоски не успеа. Следува нов обид:


Quote:Повратник од Америка ќе прави нова партија

Наскоро на македонската политичка сцена ќе се промовира нов политички субјект кој ќе се вика Демократска граѓанска партија на Македонија.


Прв човек на Иницијативниот одбор на оваа нова политичка партија (ДГПМ), која според програмските определби ќе се обиде да ги придобие гласовите на неопределените гласачи и која ќе се бори против двопартискиот систем во државата, е наш сограѓанин од Битола, кој долги години живееше и работеше во САД.

Официјалното промовирање на партијата ќе биде наскоро. Во моментот Иницијативниот одбор е преокупиран со собирање на 1.000 потпси за формирање на партијата, чие седиште ќе биде во Битола.

Инаку, според програмските определби ДГПМ ќе се залага за остварување на три цели: вработување, вработување, вработување!

-За македонските граѓани најголем проблем не е светската криза туку политичарите, кои во немање идеја како да ги решат проблемите го “караат“ народот и владеат по принципот “раздели па владеј“. Ние тоа ќе се обидеме да го спречиме, а ќе се залагаме и за спречување на политичкиот криминал во Македонија тврдат од Иницијативниот одбор.
ИЗВОР
05-02-2011, 04:38 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#45

Нема имињата на оснивачите. Јордан, имаат луѓето контакт со вас, од Комитетот за демократизација на МК, или е независен?
05-02-2011, 09:42 AM
Reply
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8
#46

Глупости,изгледа нема кај да ги уложи парите,па ај ќе си игра партија!
05-02-2011, 04:42 PM
Reply
fetak Offline
Senior Member
****

Posts: 320
Joined: Oct 2010
Reputation: 0
#47

Sepak novi vetrista ke duvaat niz i vo RM vo ovaa 2011 , i veka nema da e nisto kako do dekemvri 2011 , ako se slozni deckive od SDSM i VMRO da se tie i ponatamu i posle se i dolgi godini megutoa ,pismo koe go procitav od eden moja prijatel od USA kazuva deka navistina USA e resena da napravi ona sto treba i sto dolgi godini nekoi MAKEDONCI DON KIHOTI vo POLITIKATA GO BARAA od USA
ZNACI konecno doaga do golemi pomestuvanja i vo MAKEDONIJA koi zapocnaa od HRVATSKA pa gi zafatija ALBANIJA BUGARIJA gledame i SRBIJA a bogami i nas ama veke e 2011, sepak kaj nas se ke odi na KORIST na MAKEDONIJA i MAKEDONCI zatoa sto USA nemoze da si dozvoli regionalno i SVRZANO pomestuvanje na nekoi interesi zatoa ovoj region ke se STAVI DIREKTNO POD AMERICKO VLIJANIE za SIGURNO OBEZBEDUVANJE NA INETERSI koi mozebi se vo opasnost da napravat golemi pomestuvanja po EGIPET
ZATOA e poseta na DACIC vo USA i toa ne od bilo koj ami od PRESEDATEL na AMERICKA AGENCIJA za ZBORBA protiv narkotici koja ete go primi DACIC oti znae od kaj doga se na BALKANI a toa e taa FAMOZNA SLUZBA od PAMTIVEK, e po OVA doaga prolet 2011 ama za DEMOKRATIA i PROGRES na BALKANI

NABRGU ke vi gi objavam broevi za PENATAGON DEA FBI i CIA za ORGANIZIRAN KRIMINAL i DROGA i TRGOVIJA So LUGE i ALAS VERIS
05-02-2011, 05:09 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#48

(05-02-2011, 09:42 AM)hristo Wrote: Нема имињата на оснивачите. Јордан, имаат луѓето контакт со вас, од Комитетот за демократизација на МК, или е независен?


Не.
Мислам дека со Палиоски не им успеа замислата па сега нов обид. Се обидуваат да ги пресретнат нашите намери. Tuktuk0niTuktuk0ni
05-02-2011, 06:58 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#49

Ајде, Јордане. Ти се отвори работа. Филип Петровски најави своја партија-Демократска десница:


Quote: Дома > Македонија
Најава за Демократска десница
Коментари (0)
16.02.2011 15:53



Филип Петровски со најава за политичка партија - демократска десница. Според него, ќе дејствува опозициски, ќе се залага за обединување на десницата и граѓанскиот сектор, а во програмата нудат решенија за развој на земјата врз принципот на математичкото општество, зелената економија и енергетиката...

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=134404

16-02-2011, 06:34 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#50

Quote:Демократската десница „истрча“ во политичкиот ринг



[Image: FF60155DE9B9D341AF1FDB9515899B93.jpg][Image: demokratskadesnica.ib.jpg]


Новата партија ќе влече оддесно кон центарот и ќе биде настроена опозициски

Поранешниот пратеник и истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ, Филип Петровски, вчера ја промовираше новата Демократска десница, чие основачко собрание го најави за дваесетина дена. Новата десничарска партија на македонската политичка сцена нема да има воинствена и патриотска реторика. Како што соопшти Петровски, „нема да бидат ниту народна, ниту конзервативна, ниту демохристијанска партија, туку десница што ќе повлече кон центарот“.

Демократската десница, како што беше речено, нема да ја поддржува власта, туку ќе биде настроена опозициски. „Немаме намера да одработуваме за никого. Двете партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, беа на власт 20 години и покажаа што знаат. Ние можеме поинаку и подобро“, рече Петровски.

„Веќе 20 години нашата држава е заложник на тесни политички групи на моќ, остро поларизирани, кои ги користат граѓаните во меѓусебните пресметки и на нив гледаат само како на бројки. Како резултат на ваквото дејствување, државата е пред опасност од внатрешни судири и распаѓање. Македонија може да тргне напред само со нов политички субјект што ќе застане на сосема спротивни позиции, а кој ќе се залага за доследна примена на корпусот на човекови права, незлоупотребување на институциите, независно и ефикасно судство, функционирање на правната држава и владеење на правото“, соопшти Петровски.

Меѓу приврзаниците на Петровски вчера беше поранешниот член на ДИК, Александар Даштевски, но не можеа да се видат познати лица од политичкиот и од јавниот живот. „За звучни имиња се врзуваат звучни афери. Ова е нова политичка генерација што ќе донесе промени во Македонија“, коментираше тој.

И во оваа пригода Петровски ја повтори идејата за формирање еден десничарски опозициски блок во кој, според него, би можело да соработуваат ВМРО-Народна, бранителите и некои други здруженија на граѓани. Од ВМРО-Народна во повеќе наврати кажуваат дека градат стратегија за самостоен настап на изборите. На Петровски му порачаа „најпрво да ја направи партијата и да ја профилира нејзината партиска структура, а потоа да говори за сојузништва“. (О.В.)
17-02-2011, 04:36 PM
Reply
fetak Offline
Senior Member
****

Posts: 320
Joined: Oct 2010
Reputation: 0
#51

Mislam deka ona za Tomislav Stojanovski mesto BOMBAJ treba da e DALAVERA sto e i vistina ama se zatskriva i toa e cel proekt na FILIPOVI uciteli od malih nogu , promotori i podrzuvaci so eden nivni zaednicki prijatel koj gi povrzuva FILIPA TOMETA DRAGANA i LJUBCETA

A ako e po fotka deka tuka e i DASTEVSKI sega uste ZVONKO DOBESANEC da e presednik na SOVET NA INTELEKTUALCI na ova desnica e togas se e KOMPLET i CELO

SIGURNO ke imaat eden pratenik , a BRANITELI ako pametat deka u vreme na 2001 FILIP so MOTORCE se vozikase niz KUMANOVO so pokeon MUJO i DRUZINA i ako e toa negov doprinos za BRANITELi e togas neka gi dadat glasovi za FLIPA PETROVSKOGA i taa DESNICA

OVA e proekt da povtorno se najdat u PARLAMENT , LJUBCE ,TOME DALEVERA ,po moznost da potoa amnestirat DRAGANA , FILIP,LJUBE , so se BRANKO i TITO ,BUCKo i GUNER ,FRCKO a koj znae mozebi i br.1 na SDSM ke go kandisuvat oti na site vie im odi EEEEEEEEEEEEEEEEE so garancija deka ke dobijat EDNO GOLEMO GOLEMO na sledni izbori


EEEEEEEEEEE MAKEDONIJO so FILIP LJUBCE i LJUBE i TOMISLAVI epten ke e DESNO I VMROVSKO uste sea sum zaokruzil za GRUJO pa sto i da e
17-02-2011, 08:19 PM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12
#52

(17-02-2011, 08:19 PM)fetak Wrote: Mislam deka ona za Tomislav Stojanovski mesto BOMBAJ treba da e DALAVERA sto e i vistina ama se zatskriva i toa e cel proekt na FILIPOVI uciteli od malih nogu , promotori i podrzuvaci so eden nivni zaednicki prijatel koj gi povrzuva FILIPA TOMETA DRAGANA i LJUBCETA

A ako e po fotka deka tuka e i DASTEVSKI sega uste ZVONKO DOBESANEC da e presednik na SOVET NA INTELEKTUALCI na ova desnica e togas se e KOMPLET i CELO

SIGURNO ke imaat eden pratenik , a BRANITELI ako pametat deka u vreme na 2001 FILIP so MOTORCE se vozikase niz KUMANOVO so pokeon MUJO i DRUZINA i ako e toa negov doprinos za BRANITELi e togas neka gi dadat glasovi za FLIPA PETROVSKOGA i taa DESNICA

OVA e proekt da povtorno se najdat u PARLAMENT , LJUBCE ,TOME DALEVERA ,po moznost da potoa amnestirat DRAGANA , FILIP,LJUBE , so se BRANKO i TITO ,BUCKo i GUNER ,FRCKO a koj znae mozebi i br.1 na SDSM ke go kandisuvat oti na site vie im odi EEEEEEEEEEEEEEEEE so garancija deka ke dobijat EDNO GOLEMO GOLEMO na sledni izbori


EEEEEEEEEEE MAKEDONIJO so FILIP LJUBCE i LJUBE i TOMISLAVI epten ke e DESNO I VMROVSKO uste sea sum zaokruzil za GRUJO pa sto i da e

Повеќе му треба Љубчо Г. на Филип да влезе во парламент одошто обратно...НП е готова партија со поддржувачи, за разлика од оваа новата на Петровистите.
17-02-2011, 09:25 PM
Reply
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8
#53

Еве еден духовит коментар кој го најдов на еден опозициски форуми,во врска со објавувањето на новата партија на Ф.Петровски
Quote:[Image: 16h9h0h.jpg]

p.s. Mene iskreno, ova mi lichi kako sobir na uchenici za natprevar po fizika u Novi Sad
18-02-2011, 03:00 AM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,387
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#54

(17-02-2011, 04:36 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: [Image: FF60155DE9B9D341AF1FDB9515899B93.jpg][Image: demokratskadesnica.ib.jpg]


Новата партија ќе влече оддесно кон центарот и ќе биде настроена опозициски
Скоро сите се во патики и џинс, освен двете “за украс и квота“ девојки/жени, а понекој член се потрудил и да си ја испегла кошулата (или мајка му пеглала) Baeh
Се труди Филип да се продаде на разузнавачите- спонзори на партии, каква “центро- десница“ каков бакрач.
Се прошета од софра на софра Филипче и сега би сам да држи софра.
Со среќа нека им е дружењето и им пожелувам пријатна забава...
П.С. Ниту веб страната не им работи...

---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
(This post was last modified: 18-02-2011, 04:34 AM by МрачниотКоњаник.)
18-02-2011, 04:29 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#55

(17-02-2011, 09:25 PM)Nikola Wrote: Повеќе му треба Љубчо Г. на Филип да влезе во парламент одошто обратно...НП е готова партија со поддржувачи, за разлика од оваа новата на Петровистите.




Ама Љупчо не го сака. Филип по обичај лаже

http://www.youtube.com/tvtera#p/a/u/0/YIb5_FSowVo
(This post was last modified: 20-02-2011, 12:18 AM by ЈорданПетровски.)
20-02-2011, 12:16 AM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12
#56

(20-02-2011, 12:16 AM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
(17-02-2011, 09:25 PM)Nikola Wrote: Повеќе му треба Љубчо Г. на Филип да влезе во парламент одошто обратно...НП е готова партија со поддржувачи, за разлика од оваа новата на Петровистите.




Ама Љупчо не го сака. Филип по обичај лаже

http://www.youtube.com/tvtera#p/a/u/0/YIb5_FSowVo

И во оваа пригода Петровски ја повтори идејата за формирање еден десничарски опозициски блок во кој, според него, би можело да соработуваат ВМРО-Народна, бранителите и некои други здруженија на граѓани. Од ВМРО-Народна во повеќе наврати кажуваат дека градат стратегија за самостоен настап на изборите. На Петровски му порачаа „најпрво да ја направи партијата и да ја профилира нејзината партиска структура, а потоа да говори за сојузништва“. (О.В.)

20-02-2011, 12:48 AM
Reply
goran16ta Offline
локал патриот
***

Posts: 118
Joined: Oct 2010
Reputation: 8
#57

Кој филип кој црни камења овај не знај кај тера и што прави ај до сега изиграваше потрчко а сега демек порасна па тој да биде главен ќе си прави партија
Неговата слабост и пред два три дена ја увидов кога на фб на неколку едноставни прашање што дел од мене и од еден друг дечко не знаеше односно не сакаше да одговри за случувањата на кале а не па камоли држава да води
Со други зборови тој сега глуми нешто трета опција за колку толку да фати барем некое место во парламентот па после се знај во власта да изиграва нешто
Инаку до кај му е работата со стојанче од достониство нели го најавуваше како дел од неговата партија а сег аникаде не го гледам односно англеов кај ицо најви нешто за партија ама не дека со филип ќе прави тука имало опции и такави работи
За пуста власт секој со секого ќе се измеша само да се доберат до некоја фотеља
Но како што кажа некој поназад сите овие само му прават услуга на грујо и го прават по силен до пред случувањата на калето само се сјачваше грујо и сите му го креваа вештачки рејтингот не гледајќи друга салам опција
Pishtoldzija
20-02-2011, 11:11 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#58


Quote:Демократска Десница е всашност на Драган Даравелски.

Бошкоски вчера го обвини Филип Петровски дека неговата партија Демократска Десница е финансирана од поранешниот директор на Царинската управа Драган Даравелски.

-Партијата на Филип Петровски Демократска Десница е уствари на Драган Даравелски. Даравелски за да ја финансира партијата го уцени, неговите иницијали да бидат на иницијалите на партијата ДД- Демократска десница, изјави Бошкоски.



Quote:Љубе Бошкоски е шарлатан


Филип Петровски денес ги демантираше обвинувањата на Бошковски.

-Јас со Драган Даравелски немам контакт веќе 10 години, а Бошкоски ги дава овие изјави поради тоа што е шарлатан, изјави Петровски.

Петровски додаде дека Демократска Десница е финансирана исклучиво од легитимни домашни извори и нагласи дека партијата на Бошкоски, Обединети за Македонија, имала сомнителни странски финансиски извори кои биле поврзани со Косово.


Ne_zboramNe_zboramShokShokShokPosPosPosLazgoLazgoLazgo PopPop
23-02-2011, 02:20 PM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12
#59

(23-02-2011, 02:20 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
Quote:Демократска Десница е всашност на Драган Даравелски.

Бошкоски вчера го обвини Филип Петровски дека неговата партија Демократска Десница е финансирана од поранешниот директор на Царинската управа Драган Даравелски.

-Партијата на Филип Петровски Демократска Десница е уствари на Драган Даравелски. Даравелски за да ја финансира партијата го уцени, неговите иницијали да бидат на иницијалите на партијата ДД- Демократска десница, изјави Бошкоски.



Quote:Љубе Бошкоски е шарлатан


Филип Петровски денес ги демантираше обвинувањата на Бошковски.

-Јас со Драган Даравелски немам контакт веќе 10 години, а Бошкоски ги дава овие изјави поради тоа што е шарлатан, изјави Петровски.

Петровски додаде дека Демократска Десница е финансирана исклучиво од легитимни домашни извори и нагласи дека партијата на Бошкоски, Обединети за Македонија, имала сомнителни странски финансиски извори кои биле поврзани со Косово.


Ne_zboramNe_zboramShokShokShokPosPosPosLazgoLazgoLazgo PopPop

Доколку ова што го зборува Љубо е вистина тогаш јасни се многу работи и зашто толку Филип е запнат да го врбува и Љубчо кај него. Даравелски, Љубчо, Цане Суботиќ, Ќерим, Филип...имаат ли заедничка врска?
23-02-2011, 02:39 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#60

(23-02-2011, 02:39 PM)Nikola Wrote: Доколку ова што го зборува Љубо е вистина тогаш јасни се многу работи и зашто толку Филип е запнат да го врбува и Љубчо кај него. Даравелски, Љубчо, Цане Суботиќ, Ќерим, Филип...имаат ли заедничка врска?


Љубе бил дел од шврцерскиот тим, би требело да знае.

На Љубе сите почнаа да му вртат грб. Вчера бил на баци рака кај Штерјо Наков да измоли малку пари ама недобил ништо.

23-02-2011, 02:54 PM
Reply