Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 3 Vote(s) - 2.33 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
НОВОТО КОПИЛЕ НА УДБА -Д.Д!! ДАЛИ КЕ БИДЕ МРТВОРОДЕНО????
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Марксисти-Лењинисти ке формираат Демократска Десница!!! Ми се наметнува една дилема дали УДБА и КОС ке морааат своите дејци кои се на привремена работа во ВМРО ДПМНЕ да ги префрлат во Д.Д.

Ајде Разузнавач, ама пиши кратко и јасно. Започнаа финалните борби. УДБА и КОС би сакале да играме на бод систем. Ние мора да играме по систем на елиминација.


Quote:Наскоро ке се формира Демократска Десница?


[Image: filip%20petrovski%202.jpg]

Ифнорматор дознава дека во Република Македонија се зборува дека во тек се сериозни подготовки за формирање на нова политичка партија во Македонија.
Филип Петровски, како што се најавува подготвува партија која ќе делува во просторот на десницата.
Сепак, од негова страна нема сеуште потврда за ваквите најави.
Она што може да се забележи е дека тој е мошне критичен кога станува збор за (не)демократијата во ВМРО-ДПМНЕ и дека постојано се застапува за обединување на опозициската десница во интерес на демократијата.
Во дневниот весник „Време“ на 19 јуни 2010 беше објавено дека Петровски има контакти со Бранителите како и дека добива подршка од граѓанството во Македонија, кое е "изморено" од 4 години владеење на премиерот Никола Груевски.
Аналитичарите велат дека во еден таков десен блок може да се приклучат и незадоволни групации од владеачката партија, како и од останатите помали десни партии.
Со Петровски од Обединети за Македонија замина голем дел од членството кое сега тесно соработува со него.
Најавено е дека и тие ќе делуваат во новиот субјект со него. мошне веројатно на едно такво укрупнување ќе реагираат позитивно и пошироките граѓански слоеви, кои условно денеска го подржуваат и центарот, односно се полиберални.
Останува да почекаме и да се увериме дали овој проект и замисла ке се реализира во најскоро време.
текст Никола Ставрески
29-06-2010, 12:03 AM
Reply
хроничар
Unregistered

 
#2

Очигледно се работи за медиумски пласиран пробен балон, сценаристите на овој идеен проект, структурата која е пандан на “Сорос“ во СДБ, и која остана недопрена сите овие 20 години, сакаат да ја тестираат македонската политичка јавност.
Малку е чудно е што си го губат времето кога одговорот го знаат и самите однапред, но веројатно сметаат дека ова и не е некој скап проект, главниот протагонист е евтин актер ... летото е долго барем ќе си имаат забава, а и во кондиција ќе се одржуваат !

Зашто овој проект е осуден на пропаст ? - Заради психолошкиот профил на Филип !

Од друга страна гафот на ДПМНЕ, Филип да го држат “заспан“ како директор на библиотеката “Б.М“, дилетантски замислен, или вешто подметнат на ДПМНЕ, како евентуален “против отров“ на Милошоски ако тој изгуби компас, или компасот го изгуби неговиот ментор, во вакви околности ќе им се исплати !

Зашто ? –Затоа што откако Филип во ОМ брилјантно ја изврши задачата би било премногу дури и за хипнотизираната јавност да не ја забележи оваа игра !

Ќе се прашуваат зашто ако Филип одработи за ДПМНЕ сега прави партија за да и нанесе удар на ДПМНЕ, се разбира одговор нема да знаат да си дадат !
А кога нема одговор одговорот е по дефаулт “УДБА/КОС и СДБ наша судба“ се повампириле !

Па така ДПМНЕ без да сака си добива јавен аргумент со кој ќе се брани од проектот “Филип“, едноставно еден ваков проект каков е правење на “нова партија“ јавноста нема да го прифати.

А, ако сепак и дојде до промоција на “новата партија“ тогаш повеќе од јасно ќе биде, дека ДПМНЕ не само што е основана од поранешната УДБА/СДБ и КОС, туку таа партија остана галениче на “остарените родители“ кои за да не биде нивното чедо разгалено ете ќе му раѓаат “сестричка“ !
29-06-2010, 01:28 PM
Reply
razurnuvac Offline
Senior Member
****

Posts: 376
Joined: Mar 2010
Reputation: 6
#3

E taka ke da e Demokratska Desnica nesto kako site Demokratski Partii u SEVER kaj SRBIJA a toa D.D arno mu doaga na FILIPA oti lice so D.D e isto taka znacajno za negovo VKLUCUVANJE ili eksponiranje u VMRO a toa e BEOGRAGANIN ,DRAGAN DALAVERSKI koj ima ambicii da si spasi sebe bidejki LJUBCO,BRANKO ,KERIM a eve i GRRUJO ne go TANGIRAT tuka si e FILIP.


ZNACI fakt e deka OGORMONO nezadovolstvo od PRERODUVANJE NA VMRO-dpmne od 2006 a i vo site godini od osamostojuvanje celta u VMRO-DPMNE i u MAKEDONIJA so site vladi i postavi na MWR i PREMIERI i PRESEDATELI bea edino PROTIV DESNO DEMOKRTASKI ORJENTIRANI MAKEDONCI

DEKA veke ne palat ni LJUBCE ni BRANITEL LJUBE a GRUJO se RAZOTKRI so LUSTRACIJA i so site kadrove OBIKNOVENE u VMRO-DPMNE od 2006 pa navamu a pogotovo u VLADA kade nekoj e vicepremier pa od SDSM preku VMRO go STABILIZIRA LIBERALNIOT BLOK , taka i GACOV , pa site MLADICI po FUNKCII u PARTIJA na CENTRALNO NIVO po NAREGENJE NA MARTINCO PROTUGER so edna pametna da na DESNO ORIJENTIRANI MAKEDONCI i VMRO clenovi im se zablogadare so POZNATA vie ste KONJItrkaci so koi VMRO sekogas dobivalo i ke dobiva vlast , taka site PRESEDATELI po OK sirum MAKEDONIJA povtorile VOZNESA na MARTINA po sto DESNO DEMOKRATI doznale za sto mu trebat na GRUJO i VMRO , ovie prerodeni i prirodeni , taka da tuka ke se dojde do vistinaata deka i FILIP se zahvali na tie koi nekogas GAGALE so KAMENJA po VMROVCI i sto ne zborele a denes NIVNI VNUCETA se u VRHA do GRUJO ,a POJAKI SE OD GRUJO zaedno tie i go donesea i u PARTIJA i U VLADA

ZNACI procena e deka BRANKO ,LJUBCE i LJUBE ne gi biva IC i tesko e so nih , ta KERIMCO preku FILIPA ke se obide da STRBNE od VMRO-DPMNE a so po nekoj PRATENIK od BRANKO,LJUBCE i LJUBE da KERIM bide PREMIER i zatoa e toj MIKS so FILIPA


BEZ RAZLIKA na se INTERNET i MOBILJKI ZAEBAJA SE , da su znaele EBALO SI VEK kakvi TELEKOMUNIKACII i MOBILJNI i sto ne od tehnologija ama aj ke da e INTERESNO


OSTANETE posmatraci oti u triagolnika BRANKO LJUBCE GRUJO ima malku naroda i osobeno MAKEDONCI za druzite da ne dumam OGROMNA POPULACIJA MAKEDONCI se seirgii a togas se se gleda i USA pritiska , zatoa oni sakat kako so BRAT SLATKAR da na kratko DRZAT TENZIJA za da se MAE LJUGETO , ne ne e vreme cekajte neka se ONI MEGU SEBE Demokrtski Desno il od pozadi D.... pa potoa eeeeeeeeee toa e vreme za MAKEDONIJA , traj traj traj ne zaspivaj .MALA MALA MALA grupa onakvi FILIP KERIMCO BRANKO LJUBCE LJUBE ja gi ja kolku se BRE sco gi ima AMA PODRSKA IMAT TU za u NUZNIK se sal USMRDUVAT EKOLOGIJA so razni SUPSTANCI koi KORISTAT na dnevna POTREBA
29-06-2010, 02:00 PM
Reply
razurnuvac Offline
Senior Member
****

Posts: 376
Joined: Mar 2010
Reputation: 6
#4

PU SCO NACITANO e deteto PRASANJE ako ne e cital na INTERNET dal e znal koj e smenetiot general KOMANDANT u AFGANISTAN koj ke da e KANDIDAT na REPUBLIKANCI u naredni PRESEDATELSKI IZBORI u USA
29-06-2010, 02:02 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Јас слушнав некои шпекулации дека зад Филиповите "прошетки" стои Срѓан Керим. Филиповото одење во ОМ било обид, Филип да ја превземе партијата. Обидот за превземање предизвикал судир помеѓу УДБЕ и КОС.
29-06-2010, 02:52 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

[Image: 36858_1349358383090_1505273223_30807354_2076736_n.jpg]



Две големи лаги:

Марксист-лењинист ке фирмира Демократска Десница!!!!!???? PosPosPosPos

Кој може од западниот "меѓународниот фактор", доколку алудира на нив, да му каже да не формира партија, па тоа се коси со нивните поимања за демократија. Но детево е вешт манипулатор и лажго, сака да продаде впечаток дека "меѓународниот фактор" го тераа да формира партија и му дава подршка.
08-07-2010, 07:27 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Филип Петровски ќе формира Демократска десница
09:00 | 28.09.2010 | Автор: Маја Михајловска


Филип Петровски ќе формира нова демохристијанска партија, дознава „Шпиц“. Демократска десница е името на новиот политички субјект на поранешниот член на ВМРО-ДПМНЕ и Обединети за Македонија. Петровски за „Шпиц“ ниту ја потврди, ниту, пак, ја демантираше оваа информација која деновиве е актуелна во политичките кругови.

Според нашите извори, веќе наголемо се подготвува лансирањето на партијата која ќе дејствува опозициски и ќе има за цел промена на недемократската власт на Груевски. Дознаваме дека веќе биле формирани сите структури на партијата, а организациски ќе биде поставена како ВМРО-ДПМНЕ во почетокот на деведесеттите години. Тоа подразбира дека Демократска десница ќе има извршен и централен комитет, унија на жени и унија на млади, општински комитети и месни заедници.
Од новата партија се надеваат дека јадрото ќе биде од разочараните членови од ВМРО-ДПМНЕ и од Обединети за Македонија.
Пред пет месеци, партијата на Љубе Бошкоски го исклучи Филип Петровски со образложение дека работел на своја рака и истапувал со свои лични ставови, пласирајќи ги како став на партијата. Тогаш Петровски ја окарактеризира партијата на Бошкоски како недемократска и најави дека нема да се повлече од политичкиот живот.
Петровски долги години беше истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ, претседател на подмладокот на оваа партија, а потоа и пратеник.

ШПИЦ
28-09-2010, 03:22 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:Се готви десничарски пакт против Груевски

Новата партија на Филип Петровски и ВМРО-НП би биле моторот на новиот демохристијански блок

Александра М. Митевска


Се реактуелизира идејата за обединување на помалите партии на десницата контра конгломератот од која произлегоа - владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Планот што своевремено го презентираше Филип Петровски, кој набргу потоа беше исклучен од ОМ, повторно добива на тежина по најавите дека тој ги почнал подготовките за формирање нова демохристијанска партија.

Петровски завчера, во изјава за „Утрински весник“, ниту потврди ниту демантираше дека прави партија. Сепак, според наши информации, тој пред извесно време повторно имал средба со поранешниот премиер Љупчо Георгиевски, чија партија ВМРО-НП се споменува како потенцијална членка на новиот десничарски блок, што би ги артикулирал гласовите на незадоволните вмровци, односно на традиционалното гласачко тело на десницата.

Се планирало партијата што би ја формирал Петровски во голем дел да биде составена од млади интелектуалци и од личности што досега не учествувале активно во политичкиот живот за да се привлечат и дел од големиот процент неопределени гласачи. Партијата, која, наводно, има амбиција да преземе кадри и од ОМ и од ВМРО-ДПМНЕ, би била промовирана на пролет откако до крајот на годинава ќе се формира иницијативниот одбор за нејзино конституирање.

Во новата десничарска коалиција, покрај ВМРО-НП и партијата на Петровски, би влегло и Здружението на бранителите „Достоинство“, кое пред извесно време најави политички ангажман. Евентуално, би се нашло место и за некои помали конзервативни партии што се појавуваат од избори на избори, но чии гласови би имале соодветна тежина доколу се слеат на едно конто наместо да се дисперзираат како досега. ОМ, пак, најверојатно, би останала надвор од овие комбинаторики не само поради анимозитетите меѓу Георгиевски и Љубе Бошкоски, туку и поради тоа што идејата за обединување на десницата беше главен камен на сопнување меѓу Бошкоски и Петровски.

Јасна е математиката на поддржувачите на планот за сплотување на десницата контра ВМРО-ДПМНЕ и нејзината 20-члена коалиција, главно, составена од помали партии. Ако се имаат предвид последните анкети на јавното мислење, на следните парламентарни избори владејачката партија тешко би го повторила успехот од 2008 година кога освои апсолутно мнозинство во парламентот. Од друга страна, социјалдемократите се' уште не се во позиција сами (или во соработка со партиите од широкиот фронт) да издејствуваат смена на власта. Во ситуација кога ниту една партија не е блиску до апсолутна поддршка од гласачите, пак, се отвора простор за пробив на помали политички субјекти, а постизборно се неминовни различни комбинаторики при формирањето на новата влада. Таков беше случајот во 2006 година кога НСДП обезбеди седум, а ВМРО-НП шест мандати во парламентот.

Овој пат процените се дека треба да се ефектуираат и да се соберат на едно место близу 150 илјади гласови (колку што освои Бошкоски на претседателските избори) на избирачи што се незадоволни од владејачката партија на десницата, но кои никогаш не би гласале за СДСМ. Во случај, пак, на самостојни настапи на помалите десничарски партии, тие гласови би се расцепкале и меѓу нив и во шестте изборни единици, од што најголема корист би имала ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи пропорционално-регионалниот изборен модел ги фаворизира големите партии и коалициите. Досегашното искуство покажа дека на секои парламентарни избори одат во ветар по неколку десетици илјади гласови на помали партии што учествувале на изборите, ама не обезбедиле влез во законодавниот дом.
07-10-2010, 02:38 PM
Reply
NACIONALIST Offline
Senior Member
****

Posts: 485
Joined: Dec 2009
Reputation: -11
#9

Kolku se poveke protivnici na Gruevski, toj se e posilen i pojak,
09-10-2010, 01:14 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Quote:Две струи во ВМРО

Александар Даштевски

Организацијата „Репортери без граници“ во својот извештај само ги потврди критиките кои постојано се истакнуваат кај нас. Поради сето тоа ќе мора да престанат грубите притисоци врз дел од медиумите во Македонија. Граѓаните можеби ќе имаат среќа барем дел од нивните пари да не одат кај медиумите блиски до власта, поради пропагирање на погубната политика за државата, особено на планот на економијата. Тоа е дел и од извештајот на Европската комисија кој треба да излезе на деветти ноември. Во него се најавува остра критика на загрозената слобода на говор и на силни политички влијанија во медиумите каде се наведува дека е загрозено правото на мирен протест, има нехумани услови за престој во затворите и повеќепати е прекршена Европската конвенција за човекови права. Истите овие забелешки беа потенцирани и од Херман ван Ромпуј, кој во прв план ги изнесе оценките на Брисел за неефикасната и за партизираната јавна администрација, како и проблемите со партизираното судство. Лошата состојба придонесува и за внатрепартиски превирања. Во неделното издание на „Шпиц“ излезе еден од ретките текстови за внатрепартиски превирања во ВМРО-ДПМНЕ. Тие често се од идеолошка природа, но не може да се каже дека лошата состојба во државата не влијае на тие односи. Овие превирања треба да се земат со резерва бидејќи строгата хиерархија во партијата не остава простор за слободно размислување, а уште помалку за слободно дејствување внатре во партијата. Точно е дека состојбата во општинските комитети и во Централниот комитет одамна врие. Тоа се виде уште на претседателските избори, кога 150 илјади гласови се одлеаја од гласачкото тело, поради тоа што кандидатот за претседател на ДПМНЕ идеолошки и припаѓаше на левицата. Интересна е најновата поделба на „ставревисти“ и на „мијалковисти“. На јавноста и е познато дека за доаѓањето на Никола Груевски на чело на партијата најзаслужен е Љубчо Георгиевски. Ретко кој знае дека за време на кампањата за претседател на ВМРО-ДПМНЕ во 2003 година најголемата работа на терен (во општинските комитети) ја заврши Сашо Мијалков. Тој има голема заслуга и за консолидирање на ЦК по конгресот, кога имаше голем отпор внатре во партијата поради изборот на Никола за претседател. За успешно завршување на состојбите во „Панорама“ и „Холидеј ин“ во полза на Груевски, резултатите му се припишуваат повторно нему, бидејќи од почеток во негови раце биле мускулите на партијата. Придобивајќи го постепено старото членство, тој многу добро го знае неговото значење, особено во време на изборите. За разлика од него, Ставревски, за кого се смета дека порано бил близок до левицата, директно седна во комотната потпретседателска фотелја. Тој скоро да не знае што значи партиска борба на терен и какви жртви поднесуваат тие луѓе, особено кога се во опозиција. Затоа, не сфаќајќи ја партиската борба, а уште помалку партиската идеологија, лесно му е да фаворизира и да поставува свои луѓе, за што повеќепати известуваа електронските и пишаните медиуми. На премиерот и претседател на партијата ќе му биде тешко да пресече во оваа борба, ако таа реално постои, поради тоа што се работи за луѓе кои му се многу блиски и од едната и од другата страна. Ако надвладее првата страна, ќе биде добро за партијата. Ќе има можност да се даде шанса на старите партиски членови, кои го заслужуваат тоа. Дел од старите структури кои ја напуштиле партијата од такви причини ќе можат да се вратат во партијата или барем да и дадат поддршка за изборите, иако тоа е многу тешко. Конечно, во втората група припаѓа и Мартин Протоѓер, до сега шеф на кабинет на премиерот, за кој во моментов се шпекулира дека не е во добри односи со премиерот, иако тоа беше демантирано. Без оглед на тоа, би било добро тој да оди на друга функција бидејќи како стручњак за националсоцијализмот (магистрирал во Германија), во повеќе наврати му нанесе голема штета на премиерот, од кои ситуации тој мораше да се вади. Информацијата дека би го заменил Илија Димовски на позицијата генерален секретар на партијата би била добро прифатена во редовите на партијата, бидејќи тој, за разлика од Протоѓер, е дете кое потекнува од редовите на партијата.

Авторот е магистер по меѓународни односи и дипломатија


По се проектот за Демократска Десница е отфрлен. Керим прави промена во од.
29-10-2010, 11:21 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

Quote:Трета опција

Александар Даштевски

Сите анкети за рејтингот на партиите годинава покажуваат дека опозицијата би освоила десет отсто од гласачкото тело, власта дваесет отсто, а повеќе од педесет отсто од анкетираните изјавуваат дека не знаат за кого ќе гласаат. Тоа значи дека граѓаните не се задоволни ниту од опозицијата ниту од власта. Доколку утре се одржат избори, тие заедно би освоиле триесет отсто од гласовите. Ваквата состојба на политичката сцена отвора простор за трета опција, која би била гарант дека тој што ќе ја добие довербата од граѓаните нема да ја злоупотреби. Се разбира, за да постигне успех, третата опција треба да ги обедини сите партии од десницата бидејќи гласачкото тело не е задоволно од владејачката партија, но и од гласачкото тело на левицата, чиј рејтинг повеќе години не расте. Ако тие излезат на избори поединечно, ќе ги поделат гласовите меѓу себе, што нема да им биде доволно за некој позначителен успех. Тоа оди во прилог на владејачката партија на која, според Донтовата метода, ќе и порасне просекот и ќе добие повеќе мандати. Ова неколку пати беше објавено во дневните весници. Но, во јавноста оваа идеја прв ја изнесе Филип Петровски, уште во февруари годинава. Тогаш тој изјави дека доколку се обединат НП, Обединети за Македонија и евентуално „Достоинство“, на наредните избори можат да освојат до 200.000 гласови и да станат сериозен фактор на македонската политичка сцена. Тоа беше една од причините за разидување со Љубе Бошковски, иако главните причини беа соработката со Бранко Црвенковски и сомнителните извори на финансирање. Тоа сега не е ни важно бидејќи се работи за маргинална партија, без никаков капацитет, која во меѓувреме ја напуштија најголемиот дел од членовите на претседателството, остана субјект со ниска политичка култура, што ја сместува на дното од политичката сцена. Сепак, идејата за трета опција продолжи да се врти во јавноста. Во септември и во октомври излегоа нови текстови дека Филип Петровски ќе формира партија. Таа информација почна да станува интересна за јавноста. Но, се поставува прашањето дали во Македонија постои слобода на политичко изразување?

Авторот е магистер по меѓународни односи и дипломатија

Извор ВРЕМЕ
30-10-2010, 01:00 PM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#12

Филип П. е премногу самобендисан и суетен. Алчен и пресметлив....во голема мера завидлив...
Таквите, претежно не се во состојба да дадат било каква лична жртва за повозвишена (колективна,национална) цел, ниту пак имаат развиен реален/здрав сенс за тие работи.

Од дното на душата работат на себепромоција и профитерство, кое од една страна ги прави опасни и агресивни конкуренти,
а од друга страна одличен материјал за „службена обработка„ и понатамошно манипулирање.
Филип би можел да биде одличен менаџер на некоја голема етаблирана компанија (фирма), но никако чесен патриот и политичар!

лично на мене ми е смешно, никогаш не би ми дошло на памет, да ги темелам и градам личните чувства преку фиктивно конкурирање со некои странски шовинисти!
„јас над се’, јас и само јас“, еготеизам par excellence:

„...го чувствував туѓиот национализам што беше силно изразен. За да се случи истото кај нас. Се роди сам по себе мојот национализам...
Дента кога излегов од портата на касарната во Ниш за да си одам дома, во Македонија, знаев дека сум националист...“
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=91D93...9BE0AAA972
те.
http://forum.kotle.ca/showthread.php?tid=636&page=1

не,не и НЕ!
„националист по задатак“ кој има манија по секоја цена, без да бира во и со што, се докажува.
(за некого) одличен профил кој е во состојба да жртвува се’ ,само за да остане со победа, „бело лице“ и кариера.


народски кажано: чаталџија и галамџија! па што ако - му се може ;)
(This post was last modified: 01-11-2010, 10:31 PM by toni_a.)
01-11-2010, 10:25 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

Бадијала се труди Керим, Филип е веке минато.


Quote:Демократска десница ќе го урива Груевски

Нова демохристијанска партија ќе се формира за да ги обедини помалите десноориентирани партии за на следните парламентарни избори посилно да и' се спротивстават на ВМРО-ДПМНЕ и нејзината коалиција. Преку овој концепт, неофицијално дознаваме, голем број поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, предводени од Филип Петровски, ќе се обидат да ги привлечат не само разочараните вмровци, членови на ВМРО-ДПМНЕ и ОМ, туку и неопределените гласачи, кои не гледаат избор во партијата на Никола Груевски и во СДСМ. Иако поранешниот потпретседател во партијата на Љубе Бошкоски вчера избегна да даде прецизен одговор дали се точни овие информации, тој потсети дека уште додека бил во ОМ сериозно се разгледувала таа идеја.

Неофицијално се дознава дека партијата чие работно име е Демократска десница би требало да се појави напролет за да има време до следните редовни избори 2012 да се етаблира во политичките кругови како сериозен политички субјект. Не е исклучено предизборна коалиција да направи со партијата на Љубчо Георгиевски ВМРО-НП, за што веќе и било разговарано на највисоко ниво.

Планирано е во партијата да доминираат и млади интелектуалци, кои досега немале политички ангажман, чија задача ќе биде да ги анимираат неопределените гласачи, кои според последните анкети се во огромен број и кои ќе бидат клучни за победникот на следните избори. Извори блиски со Петровски велат дека тој води сериозни преговори во десната коалиција да се приклучи и Здружението на бранители „Достоинство“, кои се подготвени политички да се ангажираат ако не успеат да се изборат за своите барања како здружение.

Процените на поддржувачите на оваа иницијатива се дека на овој начин може да добијат најмалку 150 илјади гласа и сериозна позиција во новиот парламентарен состав. Според нив, во ситуација кога СДСМ не може да се профилира како сериозна алтернатива на ВМРО-ДПМНЕ, има широк политички простор за трета опција. Дополнителен удар за двете најголеми партии ќе биде и тоа што гласовите според Донтовата формула нема залудно да се трошат на помалите партии, туку тие ќе се обединат во десната опција, која реално ќе може да ги искористи. (Т.П.)
ДНЕВНИК
03-11-2010, 01:17 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#14

Да...само уште не му кажалеIcon_lol
03-11-2010, 03:01 PM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#15

јас со Филип бев чесен и отворен во муабетот кога по форумите првпат стана збор за неговото досие:

му понудив помош, му дадов некаква информација да врз основа на досието, онаму каде што се пречкртани имињата на кодошите и соработниците, преку софистицирани техники (постојат професионалци) , ги направиме видливи буквите те. да прво за себе разбере, а потоа евентуално ги објави јавно на интернет и штампа соработниците. чим досието го објавил, сигурно и имињата ќе сака да ги објави...
значи, јавно да обелодени кои се тие луѓе што прво нему му ги узрупирале правата,а потоа делувале спротивно Уставот и државата!

ме зачуди одговорот (парафразирам): нема потреба, веќе (повеќето) ги знам кои се’!
ок,толку од моја страна, а останатото е до него, нели?

и? што? што понатака?
толку...или (се извинувам за следново,кое не му го кажав тогаш,пред некоја година):

ПА ШТО НЕ ГИ ОБЈАВИШ БЕ КОПУК НИ ЕДЕН!
ШТО ПАРАДИРАШ СО ДОСИЕТО, А ГИ ЗНАЕШ КОДОШИТЕ И ГИ КРИЕШ ИМИЊАТА?

КОЈ ТИ Е КУРАЦ?
(This post was last modified: 04-11-2010, 01:19 AM by toni_a.)
04-11-2010, 01:14 AM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,424
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#16

(04-11-2010, 01:14 AM)toni_a Wrote: јас со Филип бев чесен и отворен во муабетот кога по форумите првпат стана збор за неговото досие:

му понудив помош, му дадов некаква информација да врз основа на досието, онаму каде што се пречкртани имињата на кодошите и соработниците, преку софистицирани техники (постојат професионалци) , ги направиме видливи буквите те. да прво за себе разбере, а потоа евентуално ги објави јавно на интернет и штампа соработниците. чим досието го објавил, сигурно и имињата ќе сака да ги објави...
значи, јавно да обелодени кои се тие луѓе што прво нему му ги узрупирале правата,а потоа делувале спротивно Уставот и државата!

ме зачуди одговорот (парафразирам): нема потреба, веќе (повеќето) ги знам кои се’!
ок,толку од моја страна, а останатото е до него, нели?

и? што? што понатака?
толку...или (се извинувам за следново,кое не му го кажав тогаш,пред некоја година):

ПА ШТО НЕ ГИ ОБЈАВИШ БЕ КОПУК НИ ЕДЕН!
ШТО ПАРАДИРАШ СО ДОСИЕТО, А ГИ ЗНАЕШ КОДОШИТЕ И ГИ КРИЕШ ИМИЊАТА?

КОЈ ТИ Е КУРАЦ?

Toni zarem ne ti e jasno koja mu bila namerata?
Namerata mu bila da se sveti, oko za oko ,zab za zab.
Ete, toj mu e КУРАЦ
04-11-2010, 02:58 AM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#17

како може да се свети, кога ги крие оние кои го кодошеле и му правеле местенки?

види, кога објавувам - објавувам! ако не објавувам - не објавувам.
АМА да објавувам, за да се ставам во позиција на жртва и патриот, свесно криејќи ги оние кои (мене и на државата и) прават зло - по автоматизам ме прават соучесник!

ИЛИ - ИЛИ! тоа е тоа.

Филип ги штити тие луѓе, тоа е единствениот логичен и реален извод/заклучок кој може да се направи!
самиот тој кажа/реплицира така,а муабетите се сочувани во форум-архиви...

и обратно,ако се држиме до простиот научен ИЗВОД - тие го штитат (поддржуваат) и него.
си имаат едно взаимно те. меѓусебно „нати-дајми„.


кога ќе ги објави по ИМЕ и ПРЕЗИМЕ, каже ТОЈ и ТОЈ, е тогаш може да правиме муабет околу мојот нов (променет) став/мислење.
(This post was last modified: 04-11-2010, 03:23 AM by toni_a.)
04-11-2010, 03:20 AM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#18

еве конкретно: со која цел би го објавил досието без имиња, а ги знае имињата?

зошто не ги каже имињата?
04-11-2010, 03:27 AM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,424
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#19

(04-11-2010, 03:27 AM)toni_a Wrote: еве конкретно: со која цел би го објавил досието без имиња, а ги знае имињата?

зошто не ги каже имињата?

Koj krie ima zosto da krie, krie ili od necista sovest, ili poradi ovoj zakon.
04-11-2010, 03:41 AM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#20

(04-11-2010, 03:41 AM)montehristo Wrote:
(04-11-2010, 03:27 AM)toni_a Wrote: еве конкретно: со која цел би го објавил досието без имиња, а ги знае имињата?

зошто не ги каже имињата?

Koj krie ima zosto da krie, krie ili od necista sovest, ili poradi ovoj zakon.

ај второто „или„ да го елиминирам, може?
ќе забегам малку,но ќе се обидам во кртаки црти...

законот нема врска со тоа што ти лично за себе ќе објавиш!
законот за лустрација е донесен многу покасно од објавеното на интернет досие на Филип (од него)!

законот за лустрација не претставува никаква пречка да јас си објавам мои лични работи! тоа е мое право.
јас можам ако сакам да си објавам CV,извод од матично,крштеница,имотен лист,итн,нели така?

Филип го објавува досието уште пред „законот за лустрација“,ги знае кодошите и службениците уште пред „законот за лустрација“,а ги штити до ден денес!
уште тогаш ли имал сознанија за иднината?
(скенирани страни објавува,но за жал со пречкртани имиња)
законот се однесува на луѓе кои токму во моментов (сега) извршуваат функција. ниту повеќе ниту помалку. пензионери не се сметаат Icon_wink

значи, се враќаме во сегашноста,оставаме шпекулации настрана, и велиме:
доколку станува збор за луѓе кои немаат влијание, тој со сигурност би ги објавил!
ќе добие лични и политички поени,сатисфакција, НО сепак не ги објавува!


што е финтата,имаат влијание тие луѓе или немаат?

ако имаат - им се плаши,ги штити, па меѓусебно се држат и тој напредува во кариера!
ако немаат - не им се плаши,сепак ги штити, и е доброволен соучесник уште од самиот почеток!

токму затоа ми е прашањето од погоре: зошто воопшто го објавува досието? со која цел?
зошто е до толку глупав да ми каже дека ги знае имињата? Tuktuk0ni

- сето ова погоре под услов дека ги знае имињата,не ги објавил,а го објавил досието!


пс - единственото отворено прашање е дали може кривично да се гони Филип затоа што затајува информации!
04-11-2010, 05:29 AM
Reply