Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДАЛИ НАВИСТИНА ОПОЗИЦИЈАТА КЕ СЕ ОБЕДИНИ ВО РУШЕЊЕ НА ВЛАСТА НА ЗАЕВ?
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Интегра: Нема никакви раководни структури кои преминуваат во ВМРО-ДПМНЕ


 Политичката партија Интегра ја демантира најавата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека раководни структури од Интегра преминуваат во нивните редови.

[Image: mkd-480471.jpg?itok=tmehrIEn]

13.09.2020
„Никакви раководни структури не преминуваат во ДПМНЕ, тоа е болна желба во умовите на удбашките структури кај нив. По изборите е спроведена идеолошка диференцијација во тимовите. Минатиот месец со едногласна одлука на претседателството разрешен е Воислав Зафировски од сите раководни позиции во партијата поради преминат праг на морална грешка, а во меѓусебен договор двајца носители на листа поднесоа оставка. Сите други им беше оставено време и демократска можност да одлучат дали ќе продолжат на патот на самостоен настап на Интегра во периодот пред нас или ќе се повлечат од понатамошни активности во партијата. Интегра беше под специјална војна на одметнати удбашки структури за време на изборите, а која не застана и потоа. Беа спроведени три операции Понтиј Пилат, Понтонски мост и Ашовиот експеримент, а со цел да се стави под контрола лидерот Љупчо Ристовски и партијата да премине и продолжи приклонета, да одработува за ‘туѓи бели дворови’“, велат од партијата.
Како што додаваат, ВМРО-ДПМНЕ во својата немоќ да се поврати од пропаста, прибегнува кон подли методи на клиентелистички поткуп, уцени и закани кон лидерството на Интегра, свесни дека како партија и идеологија го губат тлото под нозете и дека Интегра го презема приматот во опозицијата врз македонските национални интереси.
„Лидерството на ИНТЕГРА е монолитно, единствено, сплотено и поревносно од било кога во намерите да го задржи независниот стратегиски правец на политичката сцена и да ја продожи борбата против црно-белата погубна политичка карта во Македонија“, велат од партијата.
Денеска ВМРО-ДПМНЕ најави дека раководни структури на Интегра ќе преминат во нивните редови, а во тек е конференција замедиуми на лидерот на партијата Христијан Мицкоски со поранешни членови на Интегра.


Quote:Интегра контра ВМРО-ДПМНЕ: Никакви раководни структури не преминуваат во опозициската партија

- 13 септември, 2020 Од Макфакс

Политичката партија Интегра ја демантира најавата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека раководни структури од Интегра преминуваат во нивните редови.

„Никакви раководни структури не преминуваат во ДПМНЕ, тоа е болна желба во умовите на удбашките структури кај нив. По изборите е спроведена идеолошка диференцијација во тимовите, минатиот месец со едногласна одлука на Претседателството разрешен е Воислав Зафировски од сите раководни позиции во партијата поради преминат праг на морална грешка, а во меѓусебен договор двајца носители на листа си поднесоа оставка. Сите други им беше оставено време и демократска можност да одлучат дали ќе продолжат на патот на самостоен настап на ИНТЕГРА во периодот пред нас или ќе се повлечат од понатамошни активности во партијата. ИНТЕГРА беше под специјална војна на одметнати удбашки структури за време на изборите, а која не застана и потоа. Беа спроведени три операции ‘Понтиј Пилат’, ‘Понтонски мост’ и Ашовиот експеримент, а со цел да се стави под контрола лидерот Љупчо Ристовски и партијата да премине и продолжи приклонета, да одработува за ‘туѓи бели дворови’“, велат од партијата.

Како што додаваат, ВМРО-ДПМНЕ во својата немоќ да се поврати од пропаста, прибегнува кон подли методи на клиентелистички поткуп, уцени и закани кон лидерството на ИНТЕГРА, свесни дека како партија и идеологија го губат тлото под нозете и дека ИНТЕГРА го презема приматот во опозицијата врз македонските национални интереси.

„Лидерството на ИНТЕГРА е монолитно, единствено, сплотено и поревносно од било кога во намерите да го задржи независниот стратегиски правец на политичката сцена и да ја продожи борбата против црно-белата погубна политичка карта во Македонија“, наведуваат од партијата.

Претходно денеска ВМРО-ДПМНЕ преку допис до медиумите најави дека раководни структури на Интегра ќе преминат во нивните редови, а за таа цел, како што истакнаа од партијата, Христијан Мицкоски ќе дава изјава за медиумите во 12.30 часот.

„Беа спроведени три операции Понтиј Пилат, Понтонски мост и Ашовиот експеримент, а со цел да се стави под контрола лидерот Љупчо Ристовски и партијата да премине и продолжи приклонета, да одработува за ‘туѓи бели дворови’“, велат од партијата.“

Da_ne_si_lud Da_ne_si_lud Da_ne_si_lud Glava_vo_zid Glava_vo_zid Glava_vo_zid Lazgo Lazgo Shok Shok
13-09-2020, 01:41 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2



13-09-2020, 01:45 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Лидерот на Интегра објаснува како дојде до расколот во Интегра

[Image: ljupcho-ristovski.jpg?w=960&ssl=1]

4 часа ago
Лидерот на Интегра, Љупчо Ристовски, за Дијалектика екслузивно го објасни расколот што се случува во таа партија.

Господине Ристовски, дали можете за дијалектика да ги објасните причините зошто дојде до раскол во партијата? Што е причината? Зошто токму сега?

“Проценките и анализите говорат дека во ИНТЕГРА не наидоа на плодно тло за партиско профитерство, ниту пак за лукративниот порив да остварат некоја лична амбиција да се вгнездат во удобните фотељи на власта, па мораше да влезат во клиентелистичкиот фазон и да прифатат ветување за позиции утре, кога евентуално некој би дошол на власт, ако дојде. Оттука, внатрепартискиот процес на идеолошка диференцијација кој го отпочнавме веднаш по изборите 2020, покажа дека токму овие ликови и не се баш опседнати со идеолошката кауза на ИНТЕГРА и токму поради тоа ги внесовме во т.н. егзит програм. Во првата фаза со едногласна одлука на Претседателството е разрешен Воислав Зафировски, од причини кои денес ги објаснивме во медиумите, но и останатите неколкумина “секташи” беа ставени во ситуација самите да си го изберат својот пат и да си донесат одлука, сосема демократски, без притисоци, а по нивно сопствено убедување”, вели Ристовски.

Што ви беше понудено од ВМРО-ДПМНЕ, а Вие не го прифативте и зошто не се направи предизборна коалиција?

“Од основањето на ИНТЕГРА, јас постојано говорам дека не се формираме со цел да ги задржиме на власт СДС, ниту пак да ги вратиме на власт ДПНЕ. Е ова второво ги боли веројатно многу. Љупчо Ристовски е кормиларот кој цврсто го држи кормилото на бродот ИНТЕГРА да оди во правец на независна позиција на политичката карта во Македонија и оттука сум цел на фронтален напад на одметнати удбашки структури кои се вгнездени длабоко во ДПНЕ. Крајна цел на ова удбашко дувло во ДПНЕ е да се стави под контрола ИНТЕГРА, да се “стави капа” над неа и да започне политички да делува под палката на овие погубни и злокобни партиски гарнитури на предавничкото ДП*НЕ”, додава Ристовски.

Колкумина заминаа од партијата и дали од тоа е загрозен опстанокот на Интегра?

“Неколкумина се разрешени, не заминале.. тоа е сепак огромна разлика. Истите му подвалија на Мицкоски дека се сè уште некаков фактор во партијата, а веќе повеќе од месец дена не се и со подвала се обидоа да се вгнездат некако во некои од нивните структури. ИНТЕГРА е сплотена, монолитна, единствена и поревносна од било кога да се наметне на политичката сцена како единствена опозициона партија која држи цврсто до македонскиот национален стратегиски интерес и со таквиот став, го преземаме лидерството во опозицијата, нешто од кое имаат уплав во ДП*НЕ”, изјави Ристовски.

Дали е вистина дека не сте го поканиле Зафировски на седницата за негово разрешување за да може тој да се брани, туку сте го разрешиле без негово знаење?

“Сите членови на Претседателство се редовно поканувани на секоја седница. Тој имал безброј прилики да си го каже своето мислење, впрочем како и секој член на високите раководни позиции во партијата. Но, тој избрал поинаков пристап и глупоста е лично негова. Кога човек ќе биде соочен со неговата мизерија и бедотија, кога е фатен “жив” како одработува за други, тогаш според удбашките прирачници кои тој ги познава, реагира по моделот “дај што ќе дадеш” за да се спаси тоа кое може да се спаси од својата лична позиција која ја има изгубено. Да лажете на јавна сцена, и тоа флагрантно, говори повеќе за карактерот на таквиот, отколку за било што друго”, одговори претседателот на Интегра, Љупчо Ристовски.
14-09-2020, 12:06 AM
Reply