Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Бифуркацијата продолжува-Арсим Зеколи
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Arsim Zekolli

24.08.2020

Замислете ја следната ситуација. Вознемирени од бубулчето на врв на носот, идете на дерматолог. Кој ве прима во ординација, ве загледува во носот и ви вели “имате бубулче на нос, поради процеси. Доколку идете кај овој, ќе ви ги отсече носот, кај другиот – ќе ви ги рашири ноздрвите, кај третиот – ќе ви отпаднат ушите”. Дерматологот е скромен, нема да се пофали. Но затоа ќе ги избламира сите колеги за да на крај тој биде логичниот происход. Без да притоа ви ги објасни процесите, причините и диагнозата на самата бубулка. Која, на крај, испаѓа дека може да се санира со обична помада.
Тоа е метафоричната слика и прилика на пост-изборна Македонија и пост-трауматските синдроми кои ја поплавија политичката сцена на партиите и нивните медиуми. Извлечените поуки од изборните резултати се површни, тековната lingua politica е продолжение на предизборната хистерија, медиумските спинови се поповршни и провидни, јавноста се повеќе оттрпната од нивните подметнувања. Резултат: што понервозни и растревожени партии, толку порелаксирана и дистанцирана јавност која е подобро (интуитивно) информирана од политичката каста. Во тој расчекор се јавуваат два процеса кои го навестуваат правецот на понатамошни случувања на политичката сцена.
Првиот процес: редефинирање на поимот албанско претставништво. Изборните резултат ја потврдуваат константата на повеќе од половична излезност на албанците на изборите. Следена од констанатата на албанските партии кои не се трудат ниту да размислат ниту да истражат што мисли тоа огромно тивко мнозинство и негибнат резервоар на албански гласови. ДУИ е задоволна со новостекнатата доминација во ново-создадената средна класа, опозицијата пак легната на брашно на локалистичките менливи и минливи популарности, СДСМ депримирана од крахот на нејзините блуткави концепти и уште поблуткави албанофони кои и испорачаа – компир. Нивната споделена миопија во односот кон тоа тивко мнозинство е дека станува збор за политички незаинтересирани, лумпен-пролетерски касти без интерес за политика. Притоа, никој од нив не сака да размисли или прифати дека можеби мотивот за нивна неизлесност лежи во впечатокот дека ниедна од партиите не ја сметаат за достоен и кредибилен репрезент на нивните интереси и – многу побитно – автентичната албанска политичка мисла и чин. Во нивни очи и размисли, сегашната поделба на мандатите и улогите е ништо повеќе од алаш-вереш помеѓу исти групации кои менуваат дресови но со споделена ментална матрица. Дали е тоа така?
Да почнеме од тековната дебата за поделбата на министерските места во ДУИ. За тивкото мнозинство на албански не-гласачи, ова е non-issue дебата, бидејќи во нивниот светоглед понудените кандидати се типични репрезенти на албанска форма со македонска политичка суштина која не носи промени. Имено, настрана албанската именка и припадност на засегнатите, тие се светлосни години далеку од традиционалната линија на албанката политичка мисла. И паралелно со тоа, истите се типични репрезенти на политичката школа скроена според моделот СДСМ или ВМРО (поточно, СДСМ-ДПМНЕ) на фингирана испразна реформа без резултат, на мимикрија на демократија и copycat современост. Тивкото мнозинство прифаќа – неволно – дека ДУИ е попрогресивна партија во споредба со албанската опозиција и македонските партии, но недоволно напредна во споредба со реалната квалификација на демократијата и прогресивното. Што подразбира дека тие не ја прифаќаат споредбата со Алеанса, ВМРО или СДСМ како капитален доказ на напредност, туку само како контекстуална диференцијација помеѓу посветла и потемна нијанса на сиво. Таа мисла не ја прифаќа и ја отфрла игранката во која Артан Груби, Бујар Османи, Фатмир Бесими се наметнуваат како “урбани ликови на прогресивизмот во ДУИ”, туку истите ги сметаат како албанофонски фигурински скроени според македонскиот политички калап на шупливост. Тој албански сегмент со неизлезност одамна има порачано дека не очекува реформи и подобрување од страна на македонските шупливи калапи, а со неизлезноста за Груби, Османи, Бесими порачува дека истото важи и за албанските реплики. Македонците ќе се шокираат, но албанците добро ќе разберат дека во некоја форма, прогресивноста повеќе ќе ја најдете кај одредени командантски фигури отколку во налицкани урбани имитации.
За да се разбере таа дихотомија, податна е илустрацијата со примерот на Алеансата на Зиадин. Иако нагласено патриотска, албанска, националистичка, субстанцата на АА е сепак повеќе социална отколку политичка, како резултат на искривените перцепции на една мала групација и искривотолчениот менталитет на водството. Во основа, во триаголникот помеѓу ДУИ, Беса-Алтернатива, партијата на Села беше приграбена и присвоена од еден чуден и комичен психо-конструкт на само-прогласената урбана елита на Албанците во Македонија, посебно во регионите на Струга, Дебар и дел од Чаир (повторно, тнр, скопски дебарчани и стружани). Групација која самодекларирано се смета како “елитна a la franga либерална комика која "по дома пие вино, слуша класина музика и не гледа турски серии”, но во основа станува збор за отпишаните од ДУИ / ДПА (чии членства не ја прифаќаат и со потсмешлив презир ја отфрлаат нивната банална надменост) и на дистанца од религиозно обоените Беса-Алтернатива. Нивниот обид да наметнат нов, модерен, урбан, либерален лик на албанството повеќе наликува на албанизирана верзија на сдсмовштината, додека пак напрегнувањето за само-промоција преку форсирање на европејството преку имитација на Скопски Глембајеви уште повеќе ја продлабочуваше дистанцата од тивкото мнозинство. Тоа е и причината зошто Зиадин Села на крај остана да се бори за делови од вообичаените гласачки контингтенти, но без никаков ефект кај тивкото мнозинство кое во него не препозна ниту новина ниту мотив за доверба.
Заклучок: очекувањето да Груби, Османи, Бесими донесат промени и реформи поради нивниот етникум а не поради новиот менталитет и стил на водење политика е наивност (во најдобар случај) и измама ( во најлош) која нема да ја намали албанската неизлезност, туку ќе ја зголеми македонската апатија. Како достојни екземплари на македонската политичка школа, од нив може да се очекува многу маркетинг, многу амандманство, многу изговори и кукања за неразбраните селани од сопствената партија. Но, во реалноста, вистинските прогресивни трендови не доаѓаат од коснтруктивните имитатори на СДСМ-ДПМНЕ, ЕУ, туку од оние кои не прифаќаат културолошки колачи туку инсистираат на право да се изборат со сопствен леб.
Вториот процес: во македонскиот кампус се цементира доминацијата на анти-демократичноста скроена по мерка на СДСМ и ВМРО. Сегашната медиумска кампања за претставување на ДУИ како националистичка и ретроградна е само обид да преку “напад како најдобра одбрана” се заборави и избегне дебатата за националистичкиот пакт СДСМ-ДПМНЕ во пред-пред-изборието, предизборието и пост-изборието. Иако меѓу-етничките протната (демек, вперена кон Албанците), смислата на таа кампања е потполно интра-етнички скроена со цел да се задржи барем уште малку привидот на идеолошка диференцијација помеѓу СДСМ и ВМРО низ наводната добар-полицаец-лош-полицаец во однос кон Албанците. Во таа фингирана поделба на улогите, Албанците се само изговорна диференцијација која треба да ја затскрие апсолутната едно-умна спрега на двете македонски политички партии. Нивниот нагласен етнички вокабулар е само прикривање на стравот од рушење на моно-партијската доминација кај Македонците која се загрозува како од ДУИ, така и од неминовните нови разграничувања во македонскиот кампус. Оттаму, не треба да не изненади и идентичниот вокабулар на приврзаниците на двете партии во однос на сносењето вина за “победата на албанците” поради неизлезноста на македонците. Во тој типично негативистички пристап, двете партии ги прават сите усилби да социалниот, политичкиот мотив за неизлезност на македонците го прикријат (и воедно манипулираат) со етнички изговори. Таа тактика, употребувана кај албанците пред десет години, е зависна од медиумската доминација, но и неодржлива поради цензурската природа на нивните медиуми и недоверба на јавноста во нивниот кредибилитет.
Обидите на македонските сурогат-интелектуалци на СДСМ-ДПМНЕ да го одржат привидот за “македонската политика како демократска” карши “руралната недемократија на албанската” се повеќе доаѓа во судир со видливата еволуција во албанскиот политички кампус со појавата на нови партии и нивниот ефект врз реформирањето на ДУИ. Последното уточиште и спас на сурогат-пропагандната-интелектуала е да се подгрева предрасудната доминација базирана врз претпоставената, наследна, културолошка, религиозна, урбана предодредба на македонците кон демократијата (во стилот “се подразбира” ) карши подеднакво предрасуданата инфериорна, претпоставена, наследна, културолошка, религиозна, рурална предодрева на албанците кон автократијата (пак, “се подразбира”). Но наместо потврда за “подразбираното”, состојбата во македонскиот кампус е прецизна илустрација за последиците на инсистирањето врз непроменливоста и опстојувањето врз наследеното, додека пак во албанскиот кампус е илустрација за тегобните ефекти на промените и непредвидените позитивни еволутивни промени на истите.
Оттаму, медиумските кавги помеѓу медиумските машинерии на СДСМ и ВМРО се полни со имиња, скандали и катастрофизми, но пустош празни со идеи и понуди во кои би се пронашла ново-создадената тивка множина на македонци. За разлика од тивката ерозија и паѓање на влијанијата на клановите во албанската политика (како што покажува спорот Меџити – Ахмети), се чини дека во македонската сцена нивното влијание се ближи кон сопствениот зенит ( како што покажува примерот со Мијалков, Мицкоски, Заев, Шеќеринска).
Заклучок: Албанската политичка сцена е во прото-демократски зародишен моментум кој ветува да се развива понатаму поради социалните промени и дифузијата на медиумите кои не прифаќаат доминација поради предрасудни епитети на самопрогласени патриоти и самопогралсени урбани-либерали. Македонската политичка сцена се ближи кон сопствениот момент на вистината низ процец на прифаќањето на сопствената фингирана демократичност диктирана од СДСМ-ДПМНЕ и е во несклад со еволуцијата на македонското општество. Обидите за прикривање на автократичната природа на СДСМ-ДПМНЕ може уште малку да се прикрива низ ширење пизма кон албанските партии или градење “етнички фронт”, но социалните реалности и ерозијата на македонската медиумска сцена нема да можат да ја прикриваат уште долго реалната диагноза за деволуцијата на македонската политика. Затоа следете го внимателно графиконот - подемот на црвената линија на меѓу-етнички наративи низ македонските медиуми ќе биде здебелено подвлечена за да се прикрие паралелниот подем на социо-економските интра-етнички нееднаквости.




Бифуркација (поим, еден од многуте) е кога една река дава вода на два морски слива! Или едноставно, кога нешто се дели на два дела!
(This post was last modified: 25-08-2020, 10:17 PM by ЈорданПетровски.)
25-08-2020, 10:16 PM
Reply