Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДАЛИ ИМА ЛЕК ПРОТИВ КОНФОРМИЗМОТ ВО МАКЕДОНИЈА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:КОНФОРМИЗАМОТ СО НЕЗАКОНИЕТО КАКО РАК-РАНА

[Image: 117225187_3379755435389020_9066514127642...e=5F548D80]

Фросина Ременски 08.08.2020
„Додека не станат свесни, никогаш нема да се побунат, а додека не се побунат нема да можат да станат свесни“ - Џорџ Орвел (1984)
Рак-рана за потенцијалните општествено-политички и социјални промени во македонското општество е индивидуалниот конформизам во ситуации кога на очиглед се кришат закони, не се почитуваат етички правила, процедури, вредности ...
Поединецот-конформист со беззаконието и самоволието на од власта делигирани/именувани/избрани/поставени/донесени/врабоетни/овластени луѓе, најчесто од убедување дека, ако се побуни, ќе настрада - најчесто ги премолчува неправилностите и незаконитостите во своето работно опкружување, а подоцна и во функционирањето на системот. Со таквото конформистичко однесување кон незаконието, беззаконието и доминантноста на партиската сила таму каде што не ѝ е местото, полека но сигурно кај поединецот-конформист, созрева ставот дека, тој како единка не може ништо да стори за да ја спречи ерозијата на системот ... Во таква состојба на свеста, се слушаат фрази од типот: „јаки се, им се може“, „што можам јас да направам“, „од мене ништо не зависи“, „и да се обидам нешто да направам, пак ништо“, „ако не можеш да ги победиш, придружи им се“ ..., и сл.
Оваа доминантна свест кај граѓаните во РМ, создава една сериозна бројка на луѓе кои се соживуваат со деформитетот на системот и стануваат, што би рекла Хана Арент „штрафови или зупчаници во машинеријата која го меле секој вид/облик/појава на потенцијал за промени во едно општество“. Со текот на времето, оваа група граѓани-конформисти со незаконието и самоволието во сопствената работна организација и во државата, заедно со граѓаните кои не можат ниту да ја разберат, а камо ли да учествуваат во промена на општествената клима - стануваат доминантно мнозинство во општеството. Еден дел од нив, не се ниту свесни за сопствената улога во општеството; политичката улога ја доживуваат единствено за време на избори кога треба да им биде купен нивниот глас; додека пак, друг дел од групата конформисти, останува да му `пркоси` на беззаконието и системскиот деформитет на т.н., демократско општество, но само во своето, благонаклонето опкружување ... Во „својот круг“, тие наликуваат на луѓе со невиден потенцијал и борбеност, со навидум изразена спремност да застанат на чело на борбена колона спремна за напад ..., но во основа тие длабоко во себе очекуваат неконформистите да го сторат тоа за нив, и во нивно име и да ги ослободат од нивната немоќ да дадат индивидуален отпор кон незаконието, беззаконието и самоволието диригирано од власта ...
Во основа конформистите се луѓе кои многу лесно се адаптираат на состојбите кога имаат некаков бенефит во одредена ситуација ... „Бенефитот“ тие најчесто го подразбираат како: „шефот да не ме фати на заб“, „да ме унапредат“, „да не ме деградираат/прераспоредат/отпуштат од работа“, „да земам плата“, „да земам пензија“ и сл. Ваквото сфаќање на „бенефитот“ од конформизмот од страна на конформистите со незаконито, беззаконието и самоволието диригирано од власта, придонесува за креирање на една опшата клима на апатија, аномија и поданички менталитет во кој правата и слободите на човекот/работникот се толкуваат како „волја на власта“ ...
Во услови на ваква доминантна свест и конформистичко однесување на поединците во едно општество (од микро, до макро ниво), полека но, сигурно се создава привид на „нормалност“ во која се функционира: луѓето одат на работа, земаат плата, децата одат на училиште, пензионерите земаат пензија, медиумите „информираат“ ... Но, за жал, тој привид на „нормалност“, ја крие страшната состојба која во најголем дел е производ на конформизмот во моменти кога треба силно да се спротивстави на девијациите на власта и дерогирањето на системот на норми, вредности и морал. Емил Диркем оваа состојба ја дефинираше како аномија - состојба на хронично болно општество со луѓе заразени од апатија, меланхолија, рамнодушност, страв и гол конформизам ... Макс Вебер, кажал дека во аномични општества на граѓани со заробен ум и искривена свест за нештата, не може и не треба да се очекува промената на состојбите да ја донесе еден човек или група на неконформисти. Според него, тоа е задача на мнозинството граѓание. Улогата на неконформистите би била мисија: прво, за освестување на граѓаните за штетноста од нивниот конформизам со девијациите на власта; второ, за нивно охрабрување да го откажат конформизмот, без страв за „бенефитот“ од него; и трето, за креирање на кохезивна сила која ќе „зарази“ со неконформизам и одлучност да се даде отпор кон злоупотребите на власта и моќта (од микро, до макро ниво). „Заразата“ со неконформизам на подолг рок треба да резултира прво, со индивидуално делување на поединецот во согласност со моралните вредности и начела (разликување на добро-лошо, законито-незаконито, штетно-корисно), но не само за создавање на моментални состојби, туку и како обврска кон потомството ...
Кога секој поединец, кој има повеќе општествени улоги ја преземе мисијата на неконформист со беззаконието и самоволието диригирано од власта, како сопстевна мислија и влог во сопствениот морален интегритет, тогаш можеме да очекуваме дека граѓаните не мора да бидат политички организирани, за да станат двигатели на промените. Затоа што, неконформизмот не е карактеристика на организацијата како колективитет, туку на поединецот како индивидуа. Затоа, да не се чудиме зошто гласот на фелите полека но, сигурно згаснува ..., зошто го нема гласот на лекарите како коректив на политиките на власт во здравството? зошто го нема гласот на просветните работници како коректив на политиките во образованието? зошто го нема гласот на полицајците и војниците како коректив на политиките на власта во безбедноста и одбраната? зошто го нема гласот на студентите како коректив на политиките на власта во образованието и младинските политики? зошто го нема гласот на јавната адмиснистрација како коректив на политиките на власта во јавната администрација? зошто го нема гласот на пензионерите како мудрост и коректив на политиките на власта за иднината на младите генерации? ... Многу прашања, со ист одговор ... Затоа што завладеа конформизмот во редовите на сите фели во македонското општество. Затоа што, конформистите со беззаконието и самоволието диригирано од власта ги изолираа и отфрлија неконформистите ... Се оградуваат од нивните ставови и активност; ги прогласуваат за недоветни, купени за да го креваат својот глас и дека, не умеат „да пливаат“ во ситуациите кои ако потраат го наговестуваат сигурниот потоп ... Одат дури до таму, што избегнуваат секаква комуникација со нив, за да не бидат видени и да не им се земе за зло, доколку се разбере ...
Полека но сигурно, завладеа конформизмот со незаконието, беззаконието и самоволието диригирано од власт, и помеѓу лекарите, и помеѓу просветарите, и помеѓу студентите, и помеѓу администрацијата, и помеѓу пензионерите ... Завладеа, затоа што, уплашени за „својот бенефит“, убедени во „градителскиот потенцијал и моќта на власта“, граѓаните повеќе и не можат да направат јасна разлика помеѓу доброто и лошото, законитото и незаконитото, моралното и неморалното ... Континуираната информативна манипулација и политичка пропаганда создаде искривена слика за општествените и човековите вредности; кога криминалот, корупцијата и политичката моќ го дерогираа и фрлија под нозе Уставот, законите и институциите во државата. Власта корумпира, а апсолутната власт апсолутно корумпира. Оваа власт создаде слепи следбеници, следбеници од корист и следбеници од страв. Во оваа трета група на следбеници, власта го гледа потенцијалот за своето владеење, затоа што таму припаѓаат потенцијалните конформисти за кои зборувам.
Општата зараза со доброволен или присилен конформизам, го разболе општествениот организам до степен на сепса ..., така што, многу мал е придонесот на имунизацијата која времено и минимално ја дозираат организирани и неорганизирани неконформисти ...
Американскиот адмиралот Луис Амос, креаторот на антикомунистичката доктрина „Отпор без водач“ напоменува дека, во услови на автократска власт и современ цезаризам како облик на псевдо-демократија, единствен и најдобар пат за општествено ослободување е самосвеста и спремноста за сопствен, индивидуален, неорганизиран отпор кон беззаконието, самоволието, неетичноста и неморалот како неодговорност, најпрво во сопстевното работно опкружување, а потоа и на макро ниво ... Амос, потенцира дека, конформизмот го задушува потенцијалот за промени кон слобода и правда и дека, создава почва за ширење на тоталитарната свест според која и најлоштото може да помине неказнето и неосудено. Според него, во услови на такво општествено, колективно и индивидуално затапување, потенцијалните никулци за промени ќе бидат подгризувани одвнатре и однадвор. Тоа ќе го прават конформистите и останатата група на следбеници на доминантната моќ и власт. Оваа дијагноза во мали исклучоци има изгледи да не даде смртни последици на болниот организам кој прави привид на здрав пациент.
Според погоре интерпретираните мислители, се зависи од самосвеста на поединецот за неговата улога во општеството и од неговото убедување дека тој со неговите постапки дава еден чекор на патеката кон промените за подобро утре; се зависи од моралниот интегритет на поединецот, како моќ за одбрана на себе си во услови на коруптивен конформизам; се зависи од свеста за одговорноста кон сопствената иднина и одговорноста за иднината која ја создаваме за идните поколенија ... Ако ја нема оваа свест, и ако поединецот не започне со промена на општеството, почнувајќи од себе самиот, тогаш залудни ќе бидат сите повици за промени од друг ... Свеста за општествената улога на одговорорен и свесен граѓанин, со себе ги носи и последиците, но не сфатени како „бенефитот на конформистите“ ... Последиците од самосвеста за општествениот потенцијал на граѓаните можат да бидат само едни - општествени промени кон подобро, затоа што во процесот на оздравување на болниот општествен организам помалку се води сметка за токсичноста на медикаментите, а повеќе се придава значење на методите на лечења, па макар тие биле збир од конвенционални, неконвенционални или алтернативни лекарства ...

ФБ СТАТУС НА Ременски



Дали е можно да се развие самосвест во систем кој на привиот знак дека поединец почнува да размислува за тоа дек системот е причина за сите проблеми, чуварот на системот Тајната идеолошка полиција реагира жестоко, веднаш такавта личиност е ставена под сериозен надзор и има само два избора или ке стане соработник на службата или ке мора да замине од Македонија.

Сите институции кои во демокртатските држави служат да ги заштитат правата на поединецот во Македонија се во служба на тоталитарниот систем, поточно во заштита на тој систем, затоа луѓето стануваат конформисти
08-08-2020, 01:19 PM
Reply