Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЗАЕВ СЕКОЈ ДЕН СЕ ПОАРОГАНТЕН
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Александар Митовски
2h ·
Јас не знам кои медиуми пишувале од штабот на ВМРО, ама знам кои новинари еднаш неделно јадат ручек со Заев.
Јас не знам кои новинари не се критични, но знам кои новинари се сопственост на политички елити.
Јас не знам кој медиум колку леб јаде од Заев, но знам, дека тие што го јадат тој леб немаат ни грам совест, морал, професионализам и образ да зборуваат за други.
Јас знам, дека во Македонија има луѓе на кои ќе остане иднината. Луѓе како Фуркан Салиу кој и покрај несогласувањата на сите други полиња, остана доследен и принципиелен во одбрана на новинарската фела, и за тоа му благодарам.
А, што се однесува до Зоран Заев, него, не знам како да го искоментирам. Тој човек нема скрупули. Нема лимит. Нема основна култура.
Тој човек, кој еднаш вечера со новинари кои потоа ги нарекува „педери“, а потоа руча со други новинари кои според него се „објективни“ за мене е нестабилна личност.
Но, нестабилноста е она што ме плаши. За среќа, денес имаше можност јавноста да се запознае со неговата друга страна. Човекот презентираше дека сака да има целосна контрола врз секој аспект на општествениот живот. Сака да контролира медиуми - па оние кои не го хвалоспеваат вели дека се вакви или онакви. Неговата потрпетседателка Шекеринска дури и ме прогласи за анти-државен елемент. Структурите на Заев во тајната полиција дури и ме следеле - за тоа има и досие под назив „Атлантик“ (инаку предмет со кој си ги оправдаа средствата кои ги злоупотребија од даночните обврзници на САД)
И внимавајте, Заев вели дека „децата му плачеле“ од мене или новинарите како мене - демек, многу сме го критикувале.
Еее, види мајката...
А, си се запрашал ли Зоран колку деца плачеа од твоите политики? Колку деца плачеа кога се затвараа бизнисмени затоа што не бил доволен рекетот? Колку семејства се завиени во црно затоа што ги лажеше дека ќе им ја обелодениш вистината?
Знаеш ли Заев колку деца плачат поради поскапувањето на струјата, а? Или, колку деца се расплакани затоа што немаат вода во Синичане? Колку деца плачат затоа што денес таткото и мајката вработени во администрација се расправаат затоа што најави дека ќе ги бркаш?
Знаеш ли Заев, колку деца плачат по сценариото „Диво Насеље“, а?
Срамота Заев, досега беше хибриден диктатор - отсега, диктатор.

[img=0x0]http://mikkiload.com/metric/?mid=&wid=52679&sid=&tid=8892&rid=LOADED&custom1=www.forum.kotle.ca&custom2=%2Fnewthread.php&custom3=mikkiload.com&t=1596571168935[/img][img=0x0]http://mikkiload.com/metric/?mid=&wid=52679&sid=&tid=8892&rid=BEFORE_OPTOUT_REQ&t=1596571168937[/img][img=0x0]http://mikkiload.com/metric/?mid=&wid=52679&sid=&tid=8892&rid=FINISHED&custom1=www.forum.kotle.ca&t=1596571168940[/img][img=0x0]http://mikkiload.com/metric/?mid=&wid=52679&sid=&tid=8892&rid=OPTOUT_RESPONSE_OK&t=1596571169178[/img][img=0x0]http://mikkiload.com/metric/?mid=cd1d2&wid=52679&sid=&tid=8892&rid=MNTZ_INJECT&t=1596571169186[/img][img=0x0]http://mikkiload.com/metric/?mid=90f06&wid=52679&sid=&tid=8892&rid=MNTZ_INJECT&t=1596571169191[/img][img=0x0]http://mikkiload.com/metric/?mid=31af2&wid=52679&sid=&tid=8892&rid=MNTZ_INJECT&t=1596571169200[/img][img=0x0]http://mikkiload.com/metric/?mid=cd1d2&wid=52679&sid=&tid=8892&rid=MNTZ_LOADED&t=1596571169285[/img][img=0x0]http://mikkiload.com/metric/?mid=90f06&wid=52679&sid=&tid=8892&rid=MNTZ_LOADED&t=1596571169431[/img]
04-08-2020, 09:01 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Заев опасно етикетира новинари – не му е прв пат и нема да му биде последен

05.08.2020
Слушам и се восхитувам. Зоран Заев измислил нов термин во теоријата на медиумите. „Контравладини медиуми“. Па вели: „Граѓаните во демократијата се тие коишто на крајот оценуваат дали вие, контравладините медиуми, сте во право, или во право сме ние како актуелна влада“.

Во името на „вие контравладините медиуми“ овој пат на тапет се младиот новинар Фуркан Салиу и неговата телевизија Клан, додека во името на „ние како актуелна влада“ говори човекот кој со месеци не е премиер и нема никаква формална улога во техничката влада на Оливер Спасовски. Уште една во низата Фројдовски грешки на Заев…

За него, владата е центар на универзумот. Сите кои ја поддржуваат и ја обожуваат, во право се. На вистинската страна се. Опкружен со армија медиумски апологети и „мотивирани“ ботови на социјалните мрежи, самонабедениот демократ и несуден добитник на Нобеловата награда за мир, во себе и околу себе произведува сė поопасна нетрпеливост кон новинарите и кон медиумите кои го критикуваат и кои му го оспоруваат монополот над вистината.

Нив Заев ги нарекува „контравладини“. Сė што не е провладино, мора да е „контравладино“. Ако има про, мора да има и контра. Ако има банда, мора да има и контрабанда. Сите кои не дозволуваат владината пропаганда да им го испере мозокот се означени како „контраши“. Иако тоа можеби и не се. Сега и младиот Фуркан Салиу е маркиран како таков и затоа тој со право го опоменува лидерот на СДСМ дека етикетира новинари.

Пред нешто повеќе од една година, Заев и мене јавно ми залепи етикета. Пишував за големата рекетарска афера, која доби и судски епилог. Ме нарече „суетен новинар“. Проблемот не беше во зборот суетен – Заев има мака со семантиката, тој веројатно и не го разбира значењето на тој израз – туку во очигледната намера на лидерот на СДСМ да ме омаловажи. Се сеќавам, тој и тогаш рече дека нема да дозволи еден суетен новинар и еден педер да му ја урнат владата. Која ја доживува како свој приватен универзум, да не речам како своја прчија. Целта не беше само да ме омаловажи, туку да ме маркира метата за нападите на неговите питбули во медиумите и на социјалните мрежи. Напади имаше и пред таа етикета, но нејзиното лепење значеше дека песовите се одврзани и нас’скани. И денес реват и штракаат со нивните неуморни вилици.

Еден стар афоризам нė поучува како се лепи етикета. Прво ќе ја плукнеш етикетата, а потоа ќе ја залепиш на човекот. А може и поинаку, прво ќе го плукнеш човекот, па ќе ја залепиш етикетата. Заев и неговата пропаганда го преферираат вториот начин. И затоа сите „контраши“ се изложени на секојдневно плукање, на една постојана и неказнета вербална агресија, на секојдневни закани, клевети и навреди од бедни Мефистофелеси кои склучиле пакт со ѓаволот, од бездарници и некадарници кои наклонетоста на лидерот и местото на неговата софра (или и под неа, ако е преполна), го заработуваат со катадневно и упорно етикетирање на „контравладините“.

Младиот Фуркан знае што го чека. Ако не знае, ќе научи. Ќе мора да плати висока цена, затоа што децата Заеви плачеле кога читале што се пишувало по портали за нивниот татко. Тоа е така зашто децата изгледа сепак се умнички, па читаат и „контравладини“ портали, а не само провладини сподоби кои на татко им само ѕвезди од небото му симнуваат. А таму, во провладините портали, опасно се плукаат „контрашите“. Кои ете, за среќа, изгледа се бездетни, па нема кој да им плаче.

Како и да е, целава патрдија на Зоки со Фуркан ќе можевме да ја игнорираме како уште еден од многуте гафови на лидерот на СДСМ (еден од оние што му се случуваат во кобната 137-ма минута), ако тој во полемиката со младиот новинар не истресе уште една, ама овој пат навистина сериозна глупост. Имено, Заев јавно кажа дека си зема право да ја „нотира“ целосната политичка определба на медиумите. И да ја „солемнизира“ ако треба, претпоставувам.

Опседнат со својата парадигма провладини-контравладини, Заев очигледно не е способен да ги распознава и да ги „номинира“ (уште едно фенси зборче чие значење не го разбира) уредувачките политики на медиумите. Не чул тој за либерални и конзервативни, за десни и леви, за ултра вакви и онакви, за него постојат само уредувачки политики што се „про“ неговата влада (која е идео-политички Франкештајн) и такви кои се „контра“. Тоа незнаење и таа опсесијата му ја стеснуваат когнитивната моќ, која ионака веројатно никогаш не била преширока. Важно човекот верува – или некој го убедил – дека има право да ги оценува уредувачките политики на медиумите и јавно да го кажува своето „мислење“ за нив

Да, добро се сети младиот новинар на ТВ Клан. И Никола Груевски веруваше дека има такво право. Во една прилика, тој јавно ги „нотираше“ уредувачките политики на некогашната А1 телевизија и на три дневни весници како непријателски. Новинарите го одмолчаа неговиот атак, признавајќи му го на сатрапот правото слободно да го каже своето „мислење“ за тие медиуми. Охрабрен, Груевски потоа си го зеде правото и да ги затвори.

Тргнува ли Заев по стапките на Груевски? Да не ја бев „нотирал“ и јас автократската црта што ги поврзува карактерите на двата лика, денес ќе можев спокојно да ви речам – ма не, на другарот Зоки никогаш нема да му текне да затвора медиуми и да мотивира отстрел на новинари што го критикуваат. За жал, зад себе веќе имам една тажна историја со него и затоа, кога е Заев во прашање, не рака, туку нокт исечен јас во оган за него не ставам. Веќе не.
05-08-2020, 11:12 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

[Image: 117036605_3158468630904207_7916274769488...e=5F500145]
06-08-2020, 03:01 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,191
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Заев опасно етикетира новинари – не му е прв пат и нема да му биде последен

05.08.2020 Бранко Героски

[Image: image.jpg]
07-08-2020, 10:25 PM
Reply