Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ИЗБРНИ АНКЕТИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Conservative.mk
1 hr ·


[Image: 106005529_939423056481599_48619483041962...e=5F184D6B]

До овој момент, постои само една официјална анкета која ги опфаќа сите изборни единици, засебно.
?? Македонски парламентарни избори: 2016 vs 2020.
Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ЗА МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО - центар до десно „Обнова на Македонија“ ќе успее да ги сврти најбитните SWING изборни единици, И.Е. 4 и И.Е. 5. Swing state или Swing electoral unit претставува област каде двете најголеми партии се на исто ниво и се можеби клучни во одлучување и бетонирање на победа. Такви, според последните парламентарни избори се И.Е. 4 и И.Е. 5 каде резултатите беа 9:9 и 10:10 помеѓу ВМРО и СДСМ.
Скопје, главниот град е повторно црвено-жолт, а со тоа и И.Е. 1, но во И.Е. 6 имаме пресврт во корист на коалицијата центар-лево „МОЖЕМЕ“ предводена од СДСМ.
Ваква ситуација на денот на избори, би значело сигурна победа на коалицијата „Обнова на Македонија“ со 4-8 пратеници, во зависност од излезноста.
Пример: 52 vs 48 или 54 vs 47 пратеници.
Мали партии: за сега, дури и во општите анкети на цела територија, ниту една мала партија не го поминува процентот доволен за влез во парламент, освен на одредени анкети - ЛЕВИЦА Левица / E majta / Levica. Сепак, ЛЕВИЦА има шанса само во И.Е. 1, но не и во другите изборни единици.
ВМРО за Македонија во 2016та беа константни на анкети со 2%, 2,5% и слично, па не успеаа да влезат, иако во И.Е. 3 и И.Е. 5 беа близу до успех. Денес, останатите мали партии (освен Левица) се со процент со НУЛА пред запирката односно никаква шанса за влез.
ИДНА ВЛАДА: Моја лична проценка е дека следната влада ќе е предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а дали ќе биде со ДУИ или коалицијата „Сега е време“ од Алијанса на албанци и Алтернатива, ќе зависи од бројот на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.
Доколку ВМРО-ДПМНЕ има 54 до 56 пратеници, со сигурност ќе може да прави коалиција со „Сега е време“ - Алијанса на албанци/Алтернатива, без притоа да е уценет од ДУИ.
Доколку ВМРО-ДПМНЕ и „Сега е време“ Алијанса/Алтернатива немаат 61 пратеник, тогаш најверојатно следната влада ќе е ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
Левица ако успее да влезе со пратеник во И.Е. 1, тешко дека би влегла во влада со ВМРО и ДУИ, но со ВМРО, Алијанса/Алтернатива и Левица, можеби.

Политички коментар на Stefan Vasilevski, управител на Конзерватив МК.
Извор: Институтот БИПС (за истражување во областа на безбедноста и демократизацијата на човековите права и слободи)




Коалиција со било која партија на албанците во Македонија ке биде условена со прифаќање на нова Албанска ПЛАТФОРМА и зад таа платформа ке стојат СИТЕ ПАРТИИ НААЛБАНЦИТЕ!!
25-06-2020, 02:34 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Анкета на Телма: Заев со предност пред Мицкоски, СДСМ и коалицијата пред ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата
June 24, 2020 


[Image: -на-Телма-Заев-со-предност-пред-Мицкоски...60x534.jpg]

Лидерот на СДСМ Зоран Заев има 3,8 отсто предност пред лидерот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, но, дури 36,1 отсто од испитаниците немаат доверба во ниту еден политичар во Македонија. За СДСМ и коалицијата „Можеме се определиле 23, 5 отсто од испитаниците, за Коалицијата за Обнова на Македонија 21,9 проценти, покажуваат резултатите од анкетата на Телма.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев го навеле 18,8 отсто од испитаниците, а Христијан Мицкоски 15 отсто. По нив следуваат Али Ахмети до 7,4 отсто од испитаниците, претседателот Стево Пендаровски со 3,8 отсто, техничкиот премиер Оливер Спасовски со 1,8 отсто и вицепремиерката Радмила Шеќеринска со 0,8 отсто. Осум отсто од испитаниците изјавиле дека најголема доверба имаат вио друг политичар а дури 36,1 отсто немаат доверба во ниту еден политичар во државата.
Анкетата спроведена од „М – Проспект” – која Телма ја објави на стартот на изборната кампања покажува дека за коалицијата можеме предводена од СДСМ се определиле 23, 5 отсто од испитаниците, за Коалицијата за Обнова на Македонија 21,9 проценти, за ДУИ се определиле 6,4 проценти, а за Алијансата на Албанците и Алтернатива 5 проценти.
Според етничката припадност на испитаниците Заев има предност во македонскиот блок, но, помала. За него се определиле 21,5 отсто од испитаниците додека Мицкоски е прв избор кај 20,4 отсто од анкетираните. Лидерот на СДСМ на свое конто книжи и 7,5 отсто доверба од Албанците.
Епидемијата на коронавирусот во Македонија, ризикот и опасностите кои ги носи самиот изборен процес, не се пречка кај 36,1 отсто од испитаниците да излезат да гласаат. На прашањето „Дали состојбата со коронавирусот ќе влијае на вашата одлука да излезете да гласате?” 22,5 отсто одговориле дека целосно ќе влијае а 26,9 отсто дека донекаде ќе влијае на нивната одлука да излезат и да гласаат. Кај 10,7 отсто одговорот е дека донекаде нема да влијае а 3,4 отсто од испитаниците одгтовориле со не знам, покажуваат резултатите од анкетата.
Анкетата на  телевизија „Телма” ја спроведе „М Проспект” и е на репрезентативен примерок кај 1.003 испитаници. Анкетата беше спроведена телефонски во периодот од 16 до 21 јуни и е со статистичка грешка од 3,1 % и со ниво на доверба од 95 проценти.
26-06-2020, 01:18 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:За коалицијата предводена од СДСМ би гласале 24,4 од испитаниците, додека за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ би гласале 21,1 отсто. Вакви се резултатите од анкетата спроведена од страна на „Тим институт“, што беше реализирана за потребите на СДСМ.

[Image: glasanje-800x449.png]

Поголем дел од испитаниците (26,6 проценти) сметаат дека Коалицијата предводена од СДСМ ќе победи на следните избори, додека 23,9 отсто веруваат дека победата ќе ја понесе опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

[Image: pobeda-800x446.png]

На прашањето „Дали ќе гласате на наредните избори?“ – 50,4 проценти од испитаниците одговориле дека сигурно ќе гласаат, веројатно ќе гласаат 23,1 осто, сигурно нема да гласаат 8,5 проценти од испитаниците, додека 7,9 проценти одговориле дека не знаат дали ќе го остварат своето право на глас.

[Image: -2-800x391.png]

Испитаниците биле и прашани дали сметаат дека Владата заслужува повторно да биде избрана, на што 45,2 отсто дале целосна или делумна поддршка, додека 43,8 проценти не сметаат дека Владата треба да биде реизбрана.

[Image: -800x367.png]

Анкетата го третира и прашањето дали опозицијата заслужува или не да биде на местото на сегашната власт, на што според резултатите 29,1 осто се изјасниле дека делумно или целосно треба да биде така, додека против се изјасниле 56,8 проценти од испитаниците.

[Image: -800x356.png]

Во однос на главните приоритети, истражувањето покажа дека на граѓаните важни им се економијата, правдата, корупцијата и здравството. Одговарајќи на прашањето кој е најважниот проблем со кој Македонија се соочува во моментов, 25 проценти ги посочиле економијата и вработеноста, по што следат криминалот и корупцијата. Најмал е процентот на оние кои алармираат на иселувањето и меѓуетничките осноси.

[Image: -800x390.png]

Согласно резултатите и понатаму останува висока поддршката на граѓаните за влез на земјава во ЕУ и НАТО.

[Image: eu-800x395.png]
[Image: nato-800x402.png]

Во однос на преспанскиот договор испитаниците се со поделени ставови. 32,7 проценти се изјасниле дека го поддржуваат, додека 32,1 отсто одговориле дека целосно се спротивставуваат на преспанскиот договор. Не е мал ни процентот (24,9 проценти) на оние кои одговориле дека не им се допаѓа договорот, но сметаат дека бил неопходен.

[Image: -800x399.png]
[Image: -800x368.png]

Анкетата била спроведена од 10 до 20 јули оваа година врз 1.024 испитаници на возраст над 18 години кои имале прв следен роденден во домаќинството. Опфатени се осумте региони во земјава.
 
02-07-2020, 11:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Анкетната куќа на Трамп прогнозира УБЕДЛИВА ПОБЕДА НА ВМРО-ДПМНЕ 

5 Jul 2020 - 16:44
Анкетната куќа која соработува со американскиот претседател Доналд Трамп испрати свои луѓе во Македонија, кои во изминатиот период константно вршеа реални испитувања на јавното мислење на граѓаните за кого ќе гласаат.

[Image: edbb9aa3-7e04-49ca-b7dd-8f8995c22d1d.jpg]


Според последните резултати, ВМРО-ДПМНЕ ќе оствари победа во 5 од 6-те изборни единици. 

Во ИЕ 1 ВМРО-ДПМНЕ ќе има 28%, СДСМ 25%, ДУИ 6%, АА 4%, ДПА 1%, други 1% и 35% се неопределени

Во ИЕ 2 ВМРО-ДПМНЕ ќе има 26%, СДСМ 24%, ДУИ 9% АА 7%, ДПА 1%, други 1%, 32% неопределени

ВО ИЕ 3 ВМРО-ДПМНЕ ќе има 39%, СДСМ 32%, ДУИ 0, АА 0, ДПА 0, други 0, 29% се неопределени

ВО ИЕ 4 ВМРО-ДПМНЕ ќе има 38%, СДСМ 33%, ДУИ 0, АА 0, ДПА 0, други 1, 28% се неопределени

ВО ИЕ 5 ВМРО-ДПМНЕ ќе има 31%, СДСМ 28%, ДУИ 5%, АА 4, ДПА 1%, други 0, 31% се неопределени

ВО ИЕ 6 ВМРО-ДПМНЕ ќе има 12%, СДСМ 17%, ДУИ 26%, АА 20, ДПА 3%, други 0, 22% се неопределени

Резултатите од анектата се јавно објавени на Твитер.



[Image: 82180763-4cfd-4b22-afc0-1bd96e285f96.jpg]
[Image: 2fbbf02f-8f76-4c27-a9ec-ff3edfa02fa9.jpg]
[Image: 29feeacf-99dc-4365-b097-87d10bf410c7.jpg]


Анкетата на  една од најпознатите агенции во САД DBC Danube bussines consulting (Mc Laughlin) која, помеѓу останатото, е дел од тимот за истражување на јавното мислење и односи со јавност на американскиот претседател Доналд Трамп е нарачана и платена од ВМРО-ДПМНЕ.
Спроведена од 22 до 30 јуни по специјализиран метод на самата агенција.
Вкупно 5965 испитаници во 6 изборни единици (види твитови и слајдови за детали) се испитувани по пат на интервјуа направени по телефон или со директно интервју во кое се одговара на прашалник по принцип кој се применува од страна на Агенцијата од САД.
06-07-2020, 12:11 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Анкета на Брима Галуп: СДСМ и БЕСА со 6,2% предност пред ВМРО-ДПМНЕ

5 јули , 2020
Анкетата на Брима Галуп на 10-тина дена пред изборите покажува дека СДСМ е водечка партија согласно поддршката на граѓаните.
На прашањето за која политичка партија или коалиција ќе гласате доколку денеска се одржуваат парламентарните избори 18,7% од граѓаните одговориле дека би гласале за оваа партија. На второ место е ВМРО-ДПМНЕ со поддршка од 15,1% од граѓаните. Разликата е 3,6 отсто во полза на СДСМ. Следува ДУИ со 8,2% поддршка, зад неа се наоѓа Алијансата за Албанците со 4,9%, додека движењето БЕСА иако на овие избори настапува заедно со СДСМ има одделна поддршка од 2,6%. Доколку овие проценти се додадат кон поддршката на СДСМ, разликата меѓу коалицијата СДСМ-БЕСА и ВМРО-ДПМНЕ ќе биде 6,2% во корист на Коалицијата предводена од Зоран Заев. Други партии кои се појавуваат на анкетата се Интегра со поддршка од 1,3, Левица со 1,2% и ДПА со 0,6, јави А1он.мк.




[Image: -1.png]


– Во однос на политичарите за најпопуларен во анкетата на Брима Галуп, со убедливо најголема доверба од граѓаните останува лидерот на СДСМ, Зоран Заев за кого 9,4% од граѓаните се изјасниле како за политичар во кој имаат најголема доверба. На второ место, зад него, е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во кого најголема доверба имаат 4.2% од граѓаните. На трето место, зад лидерите на двете најголеми партии, се наоѓа министерот за здравство Венко Филипче со поддршка од 3,8%,а веднаш зад него со 3,5% се наоѓа претседателот на државата Стево Пендаровски. Потоа следуваат лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села со поддршка од 2,9% додека речиси изедначен со него е лидерот на ДУИ, Али Ахмети со поддршка од 2,8%. На листата понатаму се и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со поддршка од 2,4%, Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи со поддршка од 1,3%, пишува А1он.мк.






[Image: -2.png]
06-07-2020, 12:12 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

(06-07-2020, 12:12 AM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Анкета на Брима Галуп: СДСМ и БЕСА со 6,2% предност пред ВМРО-ДПМНЕ

5 јули , 2020
Анкетата на Брима Галуп на 10-тина дена пред изборите покажува дека СДСМ е водечка партија согласно поддршката на граѓаните.
На прашањето за која политичка партија или коалиција ќе гласате доколку денеска се одржуваат парламентарните избори 18,7% од граѓаните одговориле дека би гласале за оваа партија. На второ место е ВМРО-ДПМНЕ со поддршка од 15,1% од граѓаните. Разликата е 3,6 отсто во полза на СДСМ. Следува ДУИ со 8,2% поддршка, зад неа се наоѓа Алијансата за Албанците со 4,9%, додека движењето БЕСА иако на овие избори настапува заедно со СДСМ има одделна поддршка од 2,6%. Доколку овие проценти се додадат кон поддршката на СДСМ, разликата меѓу коалицијата СДСМ-БЕСА и ВМРО-ДПМНЕ ќе биде 6,2% во корист на Коалицијата предводена од Зоран Заев. Други партии кои се појавуваат на анкетата се Интегра со поддршка од 1,3, Левица со 1,2% и ДПА со 0,6, јави А1он.мк.




[Image: -1.png]


– Во однос на политичарите за најпопуларен во анкетата на Брима Галуп, со убедливо најголема доверба од граѓаните останува лидерот на СДСМ, Зоран Заев за кого 9,4% од граѓаните се изјасниле како за политичар во кој имаат најголема доверба. На второ место, зад него, е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во кого најголема доверба имаат 4.2% од граѓаните. На трето место, зад лидерите на двете најголеми партии, се наоѓа министерот за здравство Венко Филипче со поддршка од 3,8%,а веднаш зад него со 3,5% се наоѓа претседателот на државата Стево Пендаровски. Потоа следуваат лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села со поддршка од 2,9% додека речиси изедначен со него е лидерот на ДУИ, Али Ахмети со поддршка од 2,8%. На листата понатаму се и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со поддршка од 2,4%, Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи со поддршка од 1,3%, пишува А1он.мк.






[Image: -2.png]



Quote:Брима Галуп“ воопшто не спровела анкета, СДСМ „води“ само на непостоечки анкети!

[Image: Zoran-Zaev-1-960x481.jpg]

06.07.2020  
Новинарот Горан Момировски во емисијата „Заспиј ако можеш“ откри скандал од невидени размери споделувајќи со македонската јавност дека Брима Галуп воопшто не спровела никаква анкета во Македонија за предвремените парламентарни избори кои треба да се случат на 15 јули.
Вчерашната анкета објавена во сите провладини медиуми беше една од ректите на кои СДСМ е во водство пред ВМРО-ДПМНЕ, но сепак на крајот се испостави дека ваквата анкета никогаш не била спроведена. Момировски стапил во контакт со директорот на Брима Галуп во Македонија кој демантира дека воопшто била спроведена ваква анкета.

Quote:-Нова ТВ објави анкета на Брима Галуп според која СДСМ и БЕСА се во предност и тоа имаше некоја фантастична бројка од 6,2 проценти. Ако се следи законот според оваа објава на Нова ТВ против нив треба да биде поднесена соодветна пријава бидејќи не го почитуваат членот 73 од изборниот законик. Во оваа анкета нема кој е нарачател, ниту кој ја платил анкетата, ниту има колкав е примерокот, кој ја спровел анкетата, само вели Брима Галуп и другото пропаганда класична дека СДСМ и БЕСА заедно водат со 6,2 проценти, вели Момировски.

Тој објаснува дека сега доаѓаме до суштината на скандалот оваа анкета ја објавија вчера 20-тина медиуми,  а била објавена и на веб сајтот на Алфа со што се повикале на првите медиуми кои што ја објавија.

Quote:Првите медиуми кои ја објавија беа А1 ОН, Локално, Центар, Бриф, еве НОВА ТВ и тоа сите ја објавиле практично во ист момент. Никаде нема детали. Денеска јас разговарав со човекот кој што во Брима Галуп е одговорен за истражувања, господинот Ѓорѓиј Кимов, претходно имав проблем да го најдам, се обидов да ја добијам канцеларијата на Брима Галуп каде никој не се јавуваше. Дури комуницирав со регионалниот директор на Брима Галуп во Софија кој што ми објасни дека се работи за локален проект и таму да ги барам одговорите. За на крајот со господинот Јакимов не можев да го добијам и тој ми напиша на Вибер, да каже дека анкета на Брима Галуп воопшто не била објавено, вели Момировски.
(This post was last modified: 06-07-2020, 11:53 PM by ЈорданПетровски.)
06-07-2020, 11:52 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Анкета ИПИС: Победник на изборите ќе биде ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски со поголема доверба од Заев

[Image: Screenshot_3-11.jpg]

Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе кратко истражување во периодот помеѓу 2 и 5 Јули 2020 на 1087 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија. Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за нивната поддршка за политичките партии и политичари. Заради запазување на релевантноста и непристрасноста на истражувањето, беше креиран непристрасен и објективен прашалник врз база на кој подоцна беше спроведена анкетата.
Истражувањето беше реализирано со користење на случаен примерок кој беше стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во Република Македонија. Во него беа запазени демографските специфики на населението како полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност, со соодветна поделба на испитаниците според местото на живеење и регионалната застапеност, со тоа што Скопје беше земено како посебна целина заради своите посебности.
Во прилог се резултатите од истражувањето во однос на рејтингот на политичките партии и политичари како и рејтингот прикажан според етничката припадност.


[Image: Screenshot_2-12.jpg]
[Image: Screenshot_3-11.jpg]
[Image: Screenshot_4.jpg]


[Image: Screenshot_5.jpg]

[Image: Screenshot_6.jpg]
07-07-2020, 11:20 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:ДИК: СДСМ освои 46 мандати (327.329 гласови), ВМРО-ДПМНЕ 44 мандати (315.344 гласови)


ДИК: „Коалцијата „Можеме" предводена од СДСМ освои 46 мандати, Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ 44 мандати, Демократската унија за интеграција (ДУИ) 15, Алијанса за Албанците и Алтернатива 12, Левица 2 мандати, ДПА 1 мандат

Коалицијата „Можеме" предводена од владејачкиот Социјал-демократски сојуз на Македонија (СДСМ) освои 327.329 гласови на предвремените парламентарни избори на Република Северна Македонија, што е најголем број освоени гласови на овие избори, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

ДИК согласно Изборниот законик на своја седница едногласно го донесе заклучокот за објавување на резултатите од гласањето за предвремените паралментарни избори кои се одржаа на 15 јули 2020 година врз основа на податоци од записниците на општинските изборни комисии.

Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски соопшти дека ДИК врз основа на записниците од општинските изборни комисии утврди дека од вкупниот број гласачи 1 814.236, правото на глас го искористиле вкупно 942.334 гласачи. Во проценти, излезноста на овие избори изнесува 51,94 отсто.

„Коалцијата „Можеме" предводена од СДСМ освои 327.329 гласови (46 мандати), Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и други освои 315.344 гласови (44 мандати), Демократската унија за интеграција (ДУИ) освои 104.587 гласови (15 мандати), Алијанса за Албанците и Алтернатива освоија 81.297 гласови (12 мандати), Левица 37, 551 глас (2 мандати), Демократска партија на Албанците (ДПА) 13.891 глас (1 мандат), Интегра 12.291 глас, ГДУ 3.555 гласа, МОРО 3.245 гласа, Глас за Македонија 2.801 глас, Единствена Македонија 2.604, СДУ 2.585 гласа, Твоја 1.894 гласа, Демократи 1.556 гласови и Народната парија на Ромите 1.225 гласови", изјави Дерковски на денешната седница на Државната изборна комисија на Северна Македонија.

Претседателот на ДИК информираше дека вкупниот број на важечки ливчиња изнесува 910.868, вкупниот број на неупотребени гласачки ливчиња изнесува 869.889, а вкупниот број на неважечки ливчиња изнесува 31.466.

Дерковски додаде дека ова се „конечни неофицијални резултати", објаснувајќи дека подносителите на листи можат да поднесат пригвор за утврдување на резултати кој има 48 часа рок и приговор за сумирање на резултатите, во рок од 48 часа, а ДИК има рок од 72 часа има рок да одговори по сите овие приговори.

Пршан од новинарите за хакерскиот напад на сајтот на ДИК, Дерковски рече дека се работи за „надворешен напад на сајтот на ДИК".

„Во текот на вчерашниот ден се случи хакерски напад на системот на ДИК односно на нашиот сајт кој предизвика би рекол не многу голема штета туку мало одложување на оперативната активност на ДИК. Притоа, се појавија разни шпекулации, разни лажни вести предизвикани од тие шпекулации. Јас сакам одговорно во име на комисјата да ги демантирам сите тие шпекулации и да укажам на фактот дека ДИК работи согласно Изборниот законик каде точно се предвидени постапките за утврдување на резултатите", изјави Дерковски.

Поради актуелната пандемија на коронавирусот (Ковид-19), гласањето се одвиваше три дена. На 13 јули, гласаа болните од Ковид-19 и лицата во самоизолација, на 14 јули, своето право на глас можеа да го остварат болните и немоќни лица, граѓаните во старските домови, затворениците и раселените лица, а на 15 јули гласаа сите останати граѓани во земјава со право на глас.

На изборите за 120 места во Собранието на Република Северна Македонија учествуваа 15 коалиции и политички партии со повеќе од 1.500 кандидати.

Вклучително овие избори, во земјата досега се одржани вкупно 10 парламентарни избори.

По воведувањето на политичкиот плурализам, во земјата се одржани пет редовни парламентарни избори и четири предвремени парламентарни избори, и тоа во 2008, 2011, 2014 и 2016 година. Првите парламентарни избори се одржани кога земјата беше во состав на СФР Југославија, а останатите по прогласувањето на независноста во 1991 година. (Агенција Анадолија-АА)
20-07-2020, 10:45 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:ДОДЕКА ИМА ДЕРКОВЦИ, КОНДАРКОВЦИ,... НИКОГАШ НЕМА ДА ИМА РЕГУЛАРНИ ИЗБОРИ




Јордан Петровски 20.07.2020
Синојка погледнав дел од работата на ДИК по однос на приговорите.
Бев изненаден од некултурата, непрофесионалноста, дрскоста на председателот на ДИК, Дерковски и на неговиот заменик Кондарко. Слушајки ги како држат лекции за момент поверував дека оваа се избори од времето на Тито, Сталин. Време кога комисиите одговараа на партијата на власт затоа што таа ги избирање меѓу своите послушници. Зар и после 30 години „демократија“ , зар и после „демократските“ промени заради кои влеговме во НАТО, и еве само што не сме влегле во ЕУ сеуште има луѓе кои не разбираат дека кога се избрани за пратеници, за министри, премиери, председатели, членови на ДИК тие треба да му служат на народт а не да се поставуваат како владетели на народот.
ДИК првин со своето однесување треба да испрати порака до граѓаните дека тоа е комисија која прави се изборите да бидат регулани и фер. Затоа без поговор требаше да прифати рачно препбројување на гласаовите и со тоа да почне полека да гради доверба кај граѓаните! Зошто ДИК отвара сомнеж во нивното тврдење дека броењето на гласовие е точно, па затоа што ке пречеше тоа да се докаже и на барање на партиите.
Второ односот кон Бачев беше крајно некултурен, понижувачки кон соговорникот Бачев и онаа најзагрижувачкото од позиција на моќ која ја демонстрираше Дерковски. Кое е тоа право на Дерковски да не дозволи на жалителот чија партија е сериозно обесправена, оштетена во овие избори. Партија кон која на овие избори е направен тежок прекршок со тоа што таа партија учествувала БЕЗИМЕНА во изборите!! Партија на која ДИК кога се пријавила да учествува не и укажал дека има законска пречка со името под кое ке учестува а Дековски морал тоа да и го соопшти на партијата.
Ако на Дерковски му беше јасно дека неговата улога како председател на ДИК е дека тој е „слуга на народот“ ке дозволеше Бачев да го изнесе она што сакаше да гокаже и потоа Дерковски ке признаеше ека ДИК кога се пријавувале партиите за ибори направил превид кај партијата на Бачев и на Бачев ке му го цититаше членот од законот по кој е исфрлено името КОАЛИЦИЈА НИКОГАШ СЕВЕРНА-СЕКОГАШ МАКЕДОНИЈА.
Како можеше ДИК да го отфрли приговорот на Алијансата за Албанците дека имало гласање на лица кои на денот на гласањето не биле во државата. Такавото обинување неможе да го докаже партијата , партијата може да даде имиња на лица а ДИК да побара од МВР дали тие лица влегле во државата!
Се додека еден состав на ДИК не заврши во Идризово а мислам дека е ред да се почне од овој состав на ДИК во Македонија ке нема регуларни и фер избори.




20-07-2020, 10:48 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Quote:Шест нови тужби до Управниот суд, две од ВМРО-ДПМНЕ, одбиена една тужба од Интегра

22.07.2020
Шест нови тужби од политички парти се поднесени до Управниот суд по однос на одбиените приговори од Државната изборна комисија за парламентраните избори одржани на 15 јули.

– Две тужби се поднесени од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, две од партијата Демократи, една од политичката партија Единствени за Македонија, односно коалицијата „Никогаш Северна, само Македонија”, и една од МРО Работничка партија, потврдија за МИА од Управниот суд.

Предходно, во текот на денот до Управен суд тужби пристигна и од политичката партија Левица и политичката партија Социјалдемократската унија.

Рокот за поднесување тужби до Управниот суд е 24 часа откако политичките партии ќе ги добијат решенијата од Државната изборна комисија за отфрлање или одбивање на приговорите поднесени од политичките партии за предвремените парламентарни избори.

Управниот суд денеска одби 40 од поднесените 75 тужби од Алијанса за Албанците и Алтернатива, и ги потврди одлуките од Државната изборна комисија

Одбиена е и една тужба поднесена од ИНТЕГРА.

По одлуката на Управниот суд и добивањето на евентуалните одлуки од Уставниот суд за заштитата на избирачкото право, ДИК, согласно законот ќе ги објави официјалните конечни резултати од предвремените парламентарни избори. Потоа ДИК ќе им издаде уверенија на избраните пратеници. Крајниот рок за одржување на конститутивната седница на Собранието е 4 август.
22-07-2020, 09:12 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11



28-07-2020, 03:53 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Quote:ДИК ги официјализира резултатите од парламентарните избори и ги додели уверенијата на пратениците

[Image: Untitled-2-960x490.jpg]

АЛФА 25. Јул 2020. @ 16:19
ДИК ги официјализира резултатите од предвремените парламентарни избори што се одржаа на 15-ти јули. Првиот човек на комисијата рече дека изборите поминале добро и без некои поголеми неправилности.

– Првпат нашата држава, се соочи со организација на избори во специфични услови, во пандемија и за сите нас беше тоа предизвик. Првиот, вториот и третиот ден од изборите поминааа добро без забелешки, а тоа го констатирало и МВР. Од февруари наваму во еден петмесечен период ДИК беше во интензивни активности за припрема и организација на овие избори коишто завршија. Мислам дека јавноста ќе се сложи и со нас дека првиот ден помина одлично на гласањето, вториот ден исто така без забелешки иако имаше зголемен број на пријавени за гласање во домашни услови и третиот ден, исто така помина одлична во смисла на организација, спроведување, одвивање на гласањето, немаше никакви посериозни забелешки од страна и на граѓаните и на присутните коишто го набљудуваа процесот и она што се случи вечерта со објавувањето на резултатите, вие сте сведоци дека беше предмет на напад од надвор. Впрочем, тоа го кажа вчера и МВР. Кога ќе заврши истрагата таму и комплетно ќе бидете навремено известени, рече претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.

[Image: ddddddddd-660x323.jpg]

Резултатите од изборите се официјални, мандатите конечни, народните избраници ги земаа решенијата за пратеници во идниот парламентарен состав. Претставниците на партиите се заблагодарија на нивните гласачи и си посакаа успешна работа.

Овластени лица од партии ги подигнаа решенијата за колегите од нивниот политички табор, претставници имаше од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Левица и ДПА не дојдоа, претставник имаше и од коалцијата на Гаши и Села меѓутоа не беше овластен да ги подигне решенијата.

[Image: kkkkk-660x368.jpg]

Конститутивната седница на овој состав се очекува да биде на почетокот на август. Од 120 пратеници 79 се мажи, а 41 пратеници жени. Доколку се спореди со претходниот собраниски состав во кој имало 75 пратеници мажи и 45 пратеници жени, ќе се види дека во овој собраниски состав повеќе доминираат мажите.

И во овој формат на народни претставници има претеници со долг стаж , ,Мендух Тачи, Али Ахмети, Павле Трајанов, Антонио Милошоски, Радмила Шекеринска. ВМРО-ДПМНЕ има свежи имиња, сепак познати професори, експрети, политичари. СДСМ пак и овој пат оди проверени имиња.

За да целосно да се заокружи изборниот процес, по седницата на собранието почнуваат да течат уставните рокови од 10 плус 20 дена за договор за коалиции за предводење на извршната власт,која би можело да биде избрана во почетокот на септември. Дотогаш, се уште ќе биде во функција техничката влада, на чело со Оливер Спасовски, а веќе треба да се повлечат дополнителните заменик-министри во пет ресори и техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев. Тој денеска се повлече од министерстото столче и се враќа во агенцијата за разузнавање. А министерството ќе раководи заменик министерот Ахим Нухиу.

[Image: fffff-768x430.jpg]

На овие избори со мало водство пред ВМРО-ДПМНЕ е Колацијата Можеме на Заев која освои 46 пратенички мандати. Партијата на Мицкоски освои




28-07-2020, 03:59 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

Quote:ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ ВЛЕЗЕ ВО ДИК ДА ЈА ИСПИТА НАБАВКАТА НА СОФТВЕР ЗА ВЕБ САЈТОТ, КОЈ БЕШЕ НЕДОСТАПЕН СО ДЕНОВИ


28 јули 2020
Скопје, (САКАМДАКАЖАМ.МК)

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ ВЛЕЗЕ ВО ДИК ДА ЈА ИСПИТА НАБАВКАТА НА СОФТВЕР ЗА ВЕБ САЈТОТ, КОЈ БЕШЕ НЕДОСТАПЕН СО ДЕНОВИБидејќи веб сајтот на ДИК падна веднаш по затворањето на избирачките места во 21 часот нa 15 јули, ДИК импровизираше и ги објавуваше првичните неофицијални резултати во живо на Јутјуб. (Фото: принтскрин/Јутјуб)

По наредба на судија на претходна постапка, Обвинителството за организиран криминал и корупција со асистенција на Одделот за организиран криминал во МВР утринава рано влезе во Државната изборна комисија да ја одземат, како што дознава САКАМДАКАЖАМ.МК, документацијата од договорот потпишан по преговарање без оглас со компјутерската фирма која не успеа да го одржи и да го работи сајтот на Комисијата на денот на изборите и деновите потоа.

За првпат од 2006 година кога ДИК се дигитализираше, граѓаните не можеа ниту да го следат броењето на гласовите и резултатите од избори, туку да видат каков било друг податок од клучниот орган за спроведување на изборниот процес, зашто сајтот падна вечерта по затворањето на избирачките места на 15 јули и беше мртов во наредните неколку дена.

Обвинителството најави дека по соопштувањето на конечните резултати од предвремените парламентарни избори, ќе отвори предмет за случувањата во ДИК, за да не влијае врз нејзината работа претходно. Но, САКАМДАКАЖАМ.МК влезе во јавнодостапната тендерска постапка и воочи нерегуларности за тоа како компјутерската фирма која била задолжена да ја одржува вебстраната на Комисијата, добила на јавната набавка недела дена пред изборите.

Постапката за набавка на софтвер за веб сајт на ДИК на кој што требаше во живо да се објавуваат резултатите од предвремените парламентарни избори завршила на 8 јули 2020, кога била одбиена жалбата на „Ај Воут“, фирмата која што без проблеми го одржуваше сајтот на ДИК од 2006 година, т.е. од формирањето на ДИК како постојано тело.

Набавката на софтверот е спроведена со преговарање без објавување на оглас, а како најповолен понудувач беше избрана фирмата „Дуна“. Двете компании биле поканети на преговори од ДИК на 19 јуни 2020, а фирмите утредента ги доставиле понудите. Одлуката за избор на „Дуна“ е донесена на 22 јуни 2020. Истиот ден, „Ај Воут“ поднела жалба, која што е одбиена од Државната комисија за жалби по јавни набавки како неоснована на 8 јули 2020.

За оваа набавка беше распишан тендер на 12 февруари 2020, кога се пријавиле истите две фирми. На 28 април 2020, ДИК ја избра „Дуна“ како најповолен понудувач, но тогаш Државната комисија за жалби по јавни набавки ја прифатила жалбата на „Ај Воут“ и го поништила тендерот.

Понатаму во прифатената жалба се наведува дека фирмата „Дуна“ не исполнувала ниту еден од трите минимални услови и требало да биде исклучен во постапката за јавна набавка. Трите услови се:

– Економскиот оператор треба да има најмалку 3 референци од успешни имплементации на софтверски проекти со сличен предмет, обем и функционалности како предметот на оваа јавна набавка

– Економскиот оператор треба да има најмалку 1 референца од успешни имплементации на софтверски проекти преку мобилен уред и приказ на внесените податоци преку динамичка јавна веб страна со најмалку 50.000,00 прегледи на страни во период од еден час

– Економскиот оператор треба да има вработено или ангажирано проектен тим со проектен менаџер, софтверски архитект и главен развивач на софтвер со искуство од најмалку 2 успешни имплементации на софтверски проекти

Но, ДИК ги намали критериумите за избор на најповолен понудувач.

Од документацијата се гледа дека Компјутерската фирма „Дуна“ која што потоа го доби поништениот тендер за набавка на софтвер за веб сајтот, не потпишала Изјава за сериозност, ниту пак ги исполнила трите минимални услови, според жалбата што ја прифатила Државната комисија за жалби по јавни набавки.

С. К. ДЕЛЕВСКА



Дали некого треба да заплаши оваа истрага?
28-07-2020, 04:01 PM
Reply