Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЧУЛЕВ ГО ЗАДАДЕ ПРВИОТ УДАР НА УДБА! ДАЛИ КЕ ИМА СЛЕДБЕНИЦИ?
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,059
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Сериозна потврда дека препораките на Прибе не се спроведени  а за што го пишува госпоѓата Ременски ги потврди и техничкиот министер на МВР Наќе Чулев








29-05-2020, 11:56 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,059
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote: Демант
АНБ: Немаме опрема за прислушување
Не располагаме со опрема за следење на комуникации, ниту со медијациски уреди за активирање на следењето на комуникациите во мрежите на операторите, се вели во демантот на Агенцијата за национална безбедност на изјавата на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев за работењето на АНБ. Тврдењата на Чулев во целост ги отфрламе како невистинити и тенденциозни, се вели во демантот на АНБ.

[Image: mkd-430925.jpg?itok=K941Uepv]


„Наводите за наводна посредничка улога на Агенцијата за национална безбедност во процесот на следење на комуникациите и за наводен монопол во системот за следење на комуникациите се целосно невистинити.
Имено, согласно член 35, став (1) од Законот за Оперативно техничката агенција, опремата за следење на комуникации со кои располагала поранечната Управа за безбедност и контраразузнавање е предадена на Оперативно техничката агенција, на 27.10.2018 година, за што е изготвен соодветен записник за примопредавање потпишан од директорите на УБК и Оперативно техничката агенција. Со наведениот записник, во согласност член 35, став (2) од истиот Закон, се предадени и медијациските уреди, сопственост на телекомуникациските оператори, кои до тогаш се наоѓале во МВР односно УБК. Примопредавањето е вршено под надзор на комисија во чиј состав, покрај другите имало претставници на Врховниот суд и од парламентарната комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите.
Со тоа Агенцијата за национална безбедност не располага ниту со опрема за следење на комуникации, ниту со медијациски уреди за активирање на следењето на комуникациите во мрежите на операторите. Исто така, Агенцијата нема техничка можност самостојно и независно да активира и да врши следење на комуникации во мрежите на телекомуникациските оператори без посредство на Оперативно техничката агенција. Согласно член 2, став (1) од Законот за Оперативно техничката агенција, оваа Агенција е самостоен државен орган кој што овозможува техничка поврзаност помеѓу операторите и органите овластени за следење на комуникациите.
Министерството за внатрешни работи има посебна служба за администрирање на пристапот зо следењето на комуникации заради кривични истраги. АНБ нема пристап до ваквата администрација, ниту може да има увид во тековните предмети на МВР.
Во изјавата на МВР – Чулев единствено вистинито е дека поранешната УБК од аспект на техничката опременост го имала монополот над користење на опремата за следење на комуникациите и таа монополска улога масовно ја злоупотребувала.
Тој период конечно е зад нас, но тоа веројатно е тешко сфатливо за МВР – Чулев кој во тоа време имаше раководна функција во Агенцијата за разузнавање, чии вработени исто така беа сериозно инволвирани во настани кои се денес предмет на актуелни судски постапки.
Агенцијата за национална безбедност продолжува со етаблирање на својата улога на компетентен и професионален заштитник на националната безбедност, извршувајќи ги своите надлежности во целосна согласност со Уставот и законите и постапувајќи при тоа независно и без никакво надворешно влијание“, се вели во соопштението на АНБ.


Министерот Чулев не говори за Оперативно техничката агенција-ОТА!! Чулев говори за Агенцијата за Национална Безбедност  и вели дека АНБ сеуште ја има задржано ПОСРЕДНИЧКАТА улога!



Quote:Констатирано е фрапантно кршење на законите – поранешната УБК, а сега АНБ, сѐ уште ја има задржано посредничката улога, во системот за следење на комуникациите, што во суштина значи дека сѐ уште постои техничка можност АНБ да има увид во следењето на комуникациите кои се спроведуваат за потребите на кривичните истраги спроведувани и во надлежност на МВР", изјави министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.



Во демантот на АНБ не се демантира тоа тврдење, се манипулира со укажување на законот за ОТА.  Заменувањето на името на „обвинетата“ агенција , наместо АНБ , АНБ се повикува на ОТА е свесна манипулација а оној кој манипулира во демантот само докажува дека обвинението кое го изнесе Чулев е точно!
З
29-05-2020, 12:14 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,059
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3



30-05-2020, 12:58 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,059
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

УДБа тргна во пресметка со Чулев



Quote:Сашо Тасевски за НОВА: Началниците назначени од Чулев се срамат од него

[Image: sasho-777x437.png]
31 мај , 2020
По прозивките во јавноста околу одговорноста за непочитување на мерките за заштита од епидемијата поради што се случи драматичен пораст на новозаболени министерот за внатрешни работи прстот го впери во директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски.
“Доколку имаат сомнеж дека полицијата не постапувала соодветно, тоа прашање треба да го упатат до Директорот на Бирото за јавна безбедност и од него да побараат одговорност. Јас во неколку наврати усно преку Координативното тело на МВР, но и писмено побарав навремено, неселективно, целосно и соодветно спроведување на одлуките на владата. Заштитата на здравјето, не е политика. Тоа е оперативно постапување на полицијата што е во целосна надлежност на Директорот за јавна безбедност, факт кој тој во неколку телеграми го потврди и потенцира, порача Чулев на својот Фејсбук профил” изјави министерот Наќе Чулев.
Од своја страна директорот на БЈБ, Сашо Тасевски ги отфрла овие обвинувања во неговата прва изјава дадена за јавноста од назначувањето на функцијата директор на Биротот за јавна безбедност. Во изјават дадена за НОВА, Тасевски побара полицијата да биде ослободена од интересот на партиската политика.
“Јас сум професионалец кој својата кариера ја изгради воМВР, чекор по чекор, без дамки и сенки. Затоа со право можам да кажам дека МВР има професионалци без оглед дали се политички определени или неопределни кои ја сакаат државата и сакаат да работатат почитувајќи ги професионалните принципи. Ако тие се ослободат од партискиот притисок полицијата ќе постапува со сиот свој капацитет и интегритет.
Јас не сум политичар, и затоа нема да се впуштам во преписки со времениот, технички министер. Само ќе го потсетам на неговите изјави дека полицијата нема да казнува и затоа храбро нека се соочи со последиците од таквите негови изјави. Началниците назначени од него се срамат од своите постапки и се борат со нивниот професионализам од една страна и партискиот притисок од Чулев од друга страна.
Зголемувањето на бројот на заболени покажа дека тие партиски мотивирани насоки се одразуваат лошо на сите нас. Колегите се свесни за ова и во периодот кој претстои убеден сум дека ќе го корегираат своето однесување и ќе постапуваат во интерес на граѓаните. Полицијата има единсвена задача, да ги заштити чесните и дисциплинирани граѓани, а да ги казни оние кои не ги почитуваат правилата. И тука не смее и нема да има простор за политичко-партиски калкулации
Исто така би сакал да напоменам дека во МВР има формирано координативно тело со кое раководи техничкиот министер со цел да се бори со пандемијата. Очигледно е дека полтиките кои ги води техничкиот министер во ова тело а кои се операционализираат во оперативата на БЈБ не се на задоволително ниво за кои јас како директор побарав да се променат но не наидов на разбирање” изјави за НОВА, директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски.
Тасевски кој во јавноста стана познат како полициски службеник задолжен од МВР за обезбедување на лидерот на тогаш опозициската СДСМ ,Зоран Заев кој извади огнено оружје при инцидентите во Собранието на 27 април, по што дојде до смирување на состојбата и повлекување на толпата во обид физички да ликвидира пратеници од СДСМ.
Сашо Тасевски беше назначен за нов директор на Бирото за јавна безбедност на 22 август 2019 година по разрешувањето на тогашниот директор Лазо Велковски.
Инаку Тасевски е магистер по безбедност и докторант на Факултетот за безбедност во Идризово. Од 2001 година има работено кај претседателот на државата Бранко Црвенковски, во одделот за странски делегации, потоа кај министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
На почетокот на кариерата бил припадник на единицата за специјални задачи „Тигар“. Има посетувано курс за обезбедување ВИП личности во САД, во 2004
(This post was last modified: 31-05-2020, 04:34 PM by ЈорданПетровски.)
31-05-2020, 04:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,059
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Дали во МВР започнува поделба ??



Quote:Началниците од Струмица, Битола и Охрид бараат да им се извини директорот на БЈБ: Тасевски лаже дека се срамиме од Чулев!

Горд сум што сум дел од високата раководна структура во Министерството со кое раководи министерот Наќе Чулев, кој пожртвувано се бори за правата на полициските службеници кои успешно се справуваа во борбата против пандемијата на ковид- 19.Јас Александар Николов како началник на СВР Штип уште еднаш потенцирам дека во целост ги отфрлам како неточни наводите дадени во изјавата.

Од плусинфо
Објавено 31/05/2020 16:18:37
[Image: policija-makpetrol-750x430.jpg]

Началниците на полицијата од Струмица, Битола и Охрид бараат извинување од директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Сашо Тасевски кој обвини за наводно непрофесионално постапување на полицијата во текот на здравствената криза. Тие сметаат дека тој врши партиски притисок со своите последни изјави.
„Смешно е кога некој кој не ги познава законите зборува за негово почитување. Истовремено жално е човекот кој нема допир со работењето на полицијата да кажува како таа функционира, реагира началникот на СВР Струмица, Васил Тородов, на изјавите на директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Сашо Тасевски.
„Како човек кој долго време сум дел од работењето на Министерството за внатрешни работи со сигурност можам да кажам дека не се случило Бирото за јавна безбедност да се злупотребува за политички цели, како што е тоа сега, а денешниот настан е типичен пример за оваа злоупотреба.
Министерот Чулев досега секогаш се залагал за целосно почитување и спроведување на законот и денешните изјави на директорот Тасевски се само лага и груба манипулација на јавноста. Најдговорно тврдам дека ниту еден од началниците до сега не го кажал тоа што денес го изјавува директорот Тасевски и од него барам извинување за оваа постапка. Во спротивно денешната изјава јас, но и моите колеги ќе ја сметам како обид за грубо политизирање на работење на Бирото за јавна безбедност, мешање и притисок во работата на Секторите за внатрешни работи и наша злоупотреба во партиски цели“, реагира Васил Тодоров, началник на СВР Струмица
Со реакција до редакцијата Плусинфо се јави и Илија Милески, началникот на СВР Охрид.


Quote:„Ниту еден збор за пожртвуваноста и посветеноста на полициските службеници, ниту еден збор за покачување на платите на полициските службеници, ниту еден збор за фактот дека Министерството за внатрешни работи во изминатиот период успешно се справуваше со коронавирусот. Само груби лаги и манипилации. Јавноста треба да знае и да биде сигурна јас сум горд што сум дел од тимот кој што ја менува сликата на работењето во Министерството за внатрешни работи, горд сум што дел од високата раководна структура во Министерството со кое раководи Наќе Чулев.

Наводите изнесени во денешната изјава се чисти лаги. Јас, а верувам и ниту еден од моите колеги нема кажано таква изјава и во таа насока инсистирам во иднина да престане злупотребата на моето име и името на моите колеги во политички цели, но и генералното злоупотребување на полицијата со такви намери. Уште еднаш потенцирам дека во целост ги отфрлам како неточни наводите во истата“, се вели  во ракцијата на началникот на СВР Охрид, Илија Милески.
И началникот на СВР Битола ја демантира изјавата на Тасевски поврзана со работата на началниците поставени од министерот Наќе Чулев.


Quote:„Потенцирам дека во ниту една прилика од наша страна не е кажано дека се срамиме од министерот Чулев. Напротив, лично сум горд што сум дел од тимот на луѓе поставени од страна на Наќе Чулев кој досега во многу наврати покажа и докажа дека се работи за професионалец кој одлично си ја знае својата работа. Срамно е Министерството за внатрешни работи да се злоупотребува за добивање на политички поени на дневна основа и за манипулација со јавноста“, истакнува во реакцијата Андреј Василевски, началник на СВР Битола.

Со своја реакција се јави и Александар Николов, началник на СВР Штип:


Quote:„Јавноста треба да знае и да биде сигурна дека ова се само груби лаги и манипулации изнесени во денешната изјава на Тасевски. Јас, а верувам и ниту еден од моите колеги нема кажано таква изјава и во таа насока инсистирам во иднина да престане злоупотребата на моето име и името на моите колеги во политички цели, но и генералното злоупотребување на полицијата со такви намери. СВР Штип во изминатиот период покажа одлично справување со сите видови на криминал како и одржување на поволна безбедносна состојба во поглед на јавниот ред и мир на подрачјето на СВР Штип. Јас сум горд што сум дел од тимот кој што ја менува сликата на работењето во Министерството за внатрешни работи, горд сум што сум дел од високата раководна структура во Министерството со кое раководи министерот Наќе Чулев, кој пожртвувано се бори за правата на полициските службеници кои успешно се справуваа во борбата против пандемијата на ковид- 19.Јас Александар Николов како началник на СВР Штип уште еднаш потенцирам дека во целост ги отфрлам како неточни наводите дадени во изјавата.“
(This post was last modified: 31-05-2020, 04:40 PM by ЈорданПетровски.)
31-05-2020, 04:39 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,059
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote: Наќе е криф за сфе? Абе ај… Бидете сериозни, аман!

31.05.2020 Бранко Героски
-Во нашиот здравствен систем, Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДЗСИ) врши „инспекциски надзор над спроведувањето на законите и другите прописи донесени врз основа, меѓу другите, на здравствената заштита на населението, здравственото осигурување и евиденциите во областа на здравството – инспекцискиот надзор ги опфаќа просторот, објектите, просториите, уредите и опремата, дејностите и лицата кои на кој било начин можат да влијаат штетно врз здравјето на луѓето“.

-„Контролата се прави преку Државниот санитарен и здравствен инспекторат. ДСЗИ на ден или два ги контролира овие пациенти и оттуката констатацијата врз основа на увидот е дека има прекршување на тоа решение за изолација. Државниот санитарен и здравствен инспекторат кој ги издава решенијата е практично одговорен и за контрола на процесот. Врз основа на овој увид кој што е направен вчера известено е МВР за соодветни казни“.

-МВР ниту е, а ниту може да биде овластен орган кој ќе решава кој треба да добие решение за изолација. Вработените во ова министерство не се стручни за такво нешто. Полицаец не е лекар. Полицајците исто така не се стручни да вршат контрола на мерката изолација. ДСЗИ е и стручен и одговорен орган тоа да го прави. Но, верно, полицијата може и треба да реагира по барање на органите на кои им е доверена оваа тешка и одговорна задача, да им пружи асистенција секогаш кога тоа е потребно и да презема други дејствија кои од неа ќе се побараат, но само во рамките на нејзините законски овластувања.
31-05-2020, 09:21 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,059
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

КОД ги потврди наводите на Чулев!



01-06-2020, 12:02 PM
Reply