Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ГЕРОСКИ ТРЕБА ДА ГО ПРАША ЉУПЧО КОЈ МУ ГО НАМЕТНАЛ ДОНЧЕВ 1998
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,059
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

(05-05-2020, 09:07 PM)ЈорданПетровски Wrote: Вистинските причини за оставката на Ден Дончев: Хроника на едно најавено бегство или уцена до Зоран Заев?

Од Бранко Героски Објавено 05/05/2020 18:55:26
Контроверзниот Ден Дончев поднесе оставка на местото директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Како објаснување за оставката, тој навел „семејни и лични причини“. Тоа е веста на денот. Во изјави за некои медиуми, самиот Дончев ја потврдил веста. Владата ја „констатирала“ оставката. Без објаснување и без коментар.

Мојата теорија за потегот на Ден Дончев е малку поинаква. Јас мислам дека станува збор за добро пресметан и лукав потег на кадарот на Љубчо Георгиевски.


Коментарот на Љупчо на изјавата на Героски:


[Image: image.jpg]
(This post was last modified: 14-05-2020, 10:41 PM by ЈорданПетровски.)
14-05-2020, 10:39 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,059
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

(14-05-2020, 10:39 PM)ЈорданПетровски Wrote: [Image: image.jpg]




Quote:ГЕРО МУ ВРАТИ НА ЉУБЧО: КОЈ ВИ ГО НАМЕТНА ДЕН ДОНЧЕВ В0 2016 ГОДИНА, ГОСПОДИНЕ ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ?

06.05.2020
Со задоволство ќе му одговорам на мојот драг пријател Љубчо Георгиевски:
Да- г-не Георгиевски, јас бев на страната на борците против режимот на Никола Груевски (кој неспорно е Ваш избраник, тоа не може да го негирате), но не само во 2016 година, туку од изборите во 2008 година до падот на тој режим. Додуша, не сум бил дел од никаква коалиција, бидејќи не сум имал партиско-политичка позиција. Но, се разбираме…
Ме заинтригира Вашето признание, г-не Георгиевски, дека во 2016 година Ден Дончев ви бил „наметнат од страна“. Па уште потцртувате: „Од повеќе фактори од страна!“ Еве, јас ќе Ви поверувам, се разбира, но мислам дека Вие имате обврска да кажете кој Ви го наметнал Вашиот стар кадар (од 2006) во 2016 година и зошто? Јавноста има право тоа да го знае.
ПС. Зарем ова што го објавив за Дончев не Ви е доволно интересно, та мора и диполнително да се правам интересен? Ај, деновиве ќе биде уште поинтересно…
14-05-2020, 10:44 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,059
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Љубчо, кажи кој ти го наметна Ден Дончев – да не беше случајно по муртинска линија?

Од Бранко Героски
Објавено 14/05/2020 17:22:07
[Image: geroski-nova-1-750x430.jpg]

Да се потсетиме на еден скорешен Фејсбук статус на Љубчо Георгиевски, поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, објавен ден по оставката на Ден Дончев на позицијата директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија:
„Бранко Героски, да биде поинтересен, напишал – Ден Дончев, кадар на Георгиевски. Ден последен пат бил мој кадар на изборите 2006 и тогаш кога стана пратеник набрзо почна самостојно да се договара. Со појавата на Обединети за Македонија и формално помина таму, каде стана генерален секретар. Како што разбрав и таму по првите избори ги напуштил и заминал за Австралија. Повторно се појави пред изборите во 2016 година и ни во една од партиите немаше расположение за него. Но, ни беше наметнат од страна. Потцртувам: Од повеке фактори од страна! Но, тогаш сите бевме во коалиција против режимот, каде што беше и ти Бранко Героски. Од изборите до пред еден месец очи му немам видено. Инаку, по логиката на Героски и секогаш кога пишува за Груевски може да додава – кадарот на Георгиевски“.
Немам причина да се сомневам дека она што го напиша Љубчо Георгиевски за Ден Дончев е точно. Вклучувајќи го и она „потцртаното“. Но, јас, како и многу други луѓе на Фејсбук, тогаш го прашав Љубчота јавно да каже кој му го наметнал Ден Дончев и зошто. Колку што ми е познато, до ден денес Георгиевски нема одговорено на тоа прашање.
Со оглед на фактот што Ден Дончев е во оставка и е под истрага, а наближуваат и избори, на кои Љубчо Георгиевски пак е на истата страна како во таа 2016 година, што ќе рече постои реална опасност некој да го „повтори делото“, односно пак на Георгиевски да му наметне некое чудно кадровско решение – потцртувам, можеби пак од повеќе фактори! – би сакал токму Љубчо, човекот кој се осмели прв да проговори за независна Македонија во време кога за тоа можеше и глава да летне од рамена, сега да собере смелост и чесно да ни каже кој тогаш му го наметна Ден.
Можеби ќе ве интересира
И еве, пак ќе се направам интересен, па јавно ќе се обидам да ја освежам Љубчовата меморија, со две легенди кои се прикажуваат во кулоарите во врска со тоа „наметнување на Ден“.
Првата легенда е дека главниот фактор што на Љубчо му го наметнал Ден Дончев како кадровско решение е по потекло од Муртино. Познато е дека Муртино не е само родно место на Ден Дончев, туку и на други видни фаци од јавниот живот во Македонија. Наметнат по муртинска линија, вели легендата, Дончев доаѓа во старото јато со неочекуван мираз – директорското место на најбогатата државна каса после онаа буџетската. Имено, ФЗОМ годишно врти по околу 700 милиони евра. Пари се тоа! Легендата вели дека Љубчо Георгиевски не ни сонувал дека во коалицијата ќе добие толку важно директорско место, но веројатно знаел дека самиот тој од тоа нема да има никакво фајде. Нејсе, да не се секираме многу ние за Љубчовото офајдување, оти грев ќе нѐ фати. За Ден беше муабетот…
Втората легенда се совпаѓа со она „потцртаното“ од Љубчо: Ден му бил наметнат „од повеќе фактори од страна“. Хмммм… Прашувам, дали еден од тие фактори е една важна западна амбасада во Скопје? Дали Ден Дончев ја спечалил наклонетоста на таа западна амбасада на тој начин што подолго време бил „профајлер“ на Никола Груевски, или по нашки, кодош кој на странците им давал податоци за слабите точки на Никола, за неговата финансиска ситуација и за личните и семејни прилики? Дали таа западна амбасада сакала да го награди и за снимките за аферата „Македонска банка“, што му ги даде на Зоран Заев? Дали има вистина во легендата дека Љубчо бил повикан во таа амбасада, каде што бил советуван да го предложи Ден Дончев како заедничко кадровско решение со Обединети за Македонија?
Искрено очекувам Љубчо Георгиевски конечно да се огласи и на македонските граѓани отворено да им каже кој му го наметна Ден Дончев во таа 2016 година, кога никој не бил расположен за него. Не би било убаво да помислиме дека Љубчо не сака да ни каже затоа што можеби има потреба нешто да скрие од јавноста или, не дај боже, е под притисок некого да заштити од мечот на правдата. Скраја било…



Героски треба да го постави вистинското прашање кое гласи:

Кој му го наметна на Љупчо,  Ден Дончев 1998 година??

Одговорот на оваа прашање доколку го даде Љупчо во што се сомневам, ке биде почеток на вистинскиот распад на системот а тоа ниту го сака Љупчо ниту го сака Героски!!

Мало потсетување за онаа што се случуваше 1998-2001 година и како Ден Дончев можеби го заслужил директорското место во ФЗО , ДАЛИ ЗАЕВ СЕ РАЗДОЛЖУВА НА КРТОВИТЕ ИЛИ ЦЕНТАРОТ НА МОЌТА ГИ НАГРАДУВА СВОИТЕ „СОРАБОТНИЦИ“
(This post was last modified: 14-05-2020, 10:58 PM by ЈорданПетровски.)
14-05-2020, 10:57 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,059
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

(14-05-2020, 10:57 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Љубчо, кажи кој ти го наметна Ден Дончев – да не беше случајно по муртинска линија?

Од Бранко Героски
Објавено 14/05/2020 17:22:07
[Image: geroski-nova-1-750x430.jpg]

Да се потсетиме на еден скорешен Фејсбук статус на Љубчо Георгиевски, поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, објавен ден по оставката на Ден Дончев на позицијата директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија:
„Бранко Героски, да биде поинтересен, напишал – Ден Дончев, кадар на Георгиевски. Ден последен пат бил мој кадар на изборите 2006 и тогаш кога стана пратеник набрзо почна самостојно да се договара. Со појавата на Обединети за Македонија и формално помина таму, каде стана генерален секретар. Како што разбрав и таму по првите избори ги напуштил и заминал за Австралија. Повторно се појави пред изборите во 2016 година и ни во една од партиите немаше расположение за него. Но, ни беше наметнат од страна. Потцртувам: Од повеке фактори од страна! Но, тогаш сите бевме во коалиција против режимот, каде што беше и ти Бранко Героски. Од изборите до пред еден месец очи му немам видено. Инаку, по логиката на Героски и секогаш кога пишува за Груевски може да додава – кадарот на Георгиевски“.
Немам причина да се сомневам дека она што го напиша Љубчо Георгиевски за Ден Дончев е точно. Вклучувајќи го и она „потцртаното“. Но, јас, како и многу други луѓе на Фејсбук, тогаш го прашав Љубчота јавно да каже кој му го наметнал Ден Дончев и зошто. Колку што ми е познато, до ден денес Георгиевски нема одговорено на тоа прашање.
Со оглед на фактот што Ден Дончев е во оставка и е под истрага, а наближуваат и избори, на кои Љубчо Георгиевски пак е на истата страна како во таа 2016 година, што ќе рече постои реална опасност некој да го „повтори делото“, односно пак на Георгиевски да му наметне некое чудно кадровско решение – потцртувам, можеби пак од повеќе фактори! – би сакал токму Љубчо, човекот кој се осмели прв да проговори за независна Македонија во време кога за тоа можеше и глава да летне од рамена, сега да собере смелост и чесно да ни каже кој тогаш му го наметна Ден.
Можеби ќе ве интересира
И еве, пак ќе се направам интересен, па јавно ќе се обидам да ја освежам Љубчовата меморија, со две легенди кои се прикажуваат во кулоарите во врска со тоа „наметнување на Ден“.
Првата легенда е дека главниот фактор што на Љубчо му го наметнал Ден Дончев како кадровско решение е по потекло од Муртино. Познато е дека Муртино не е само родно место на Ден Дончев, туку и на други видни фаци од јавниот живот во Македонија. Наметнат по муртинска линија, вели легендата, Дончев доаѓа во старото јато со неочекуван мираз – директорското место на најбогатата државна каса после онаа буџетската. Имено, ФЗОМ годишно врти по околу 700 милиони евра. Пари се тоа! Легендата вели дека Љубчо Георгиевски не ни сонувал дека во коалицијата ќе добие толку важно директорско место, но веројатно знаел дека самиот тој од тоа нема да има никакво фајде. Нејсе, да не се секираме многу ние за Љубчовото офајдување, оти грев ќе нѐ фати. За Ден беше муабетот…
Втората легенда се совпаѓа со она „потцртаното“ од Љубчо: Ден му бил наметнат „од повеќе фактори од страна“. Хмммм… Прашувам, дали еден од тие фактори е една важна западна амбасада во Скопје? Дали Ден Дончев ја спечалил наклонетоста на таа западна амбасада на тој начин што подолго време бил „профајлер“ на Никола Груевски, или по нашки, кодош кој на странците им давал податоци за слабите точки на Никола, за неговата финансиска ситуација и за личните и семејни прилики? Дали таа западна амбасада сакала да го награди и за снимките за аферата „Македонска банка“, што му ги даде на Зоран Заев? Дали има вистина во легендата дека Љубчо бил повикан во таа амбасада, каде што бил советуван да го предложи Ден Дончев како заедничко кадровско решение со Обединети за Македонија?
Искрено очекувам Љубчо Георгиевски конечно да се огласи и на македонските граѓани отворено да им каже кој му го наметна Ден Дончев во таа 2016 година, кога никој не бил расположен за него. Не би било убаво да помислиме дека Љубчо не сака да ни каже затоа што можеби има потреба нешто да скрие од јавноста или, не дај боже, е под притисок некого да заштити од мечот на правдата. Скраја било…




ООдговор на Љупчо!!


[Image: 1.jpg]
17-05-2020, 01:01 AM
Reply