Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
СУДИР НА КОМУНИСТИЧКИТЕ ТИТАНИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,906
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:За секој случај

Што ќе се случи ако умре Христијан М.


Од корона или од запаление на слепото црево, од излив на мочка во черепот или од некоја друга смрт.
Од куршумот на некој клет душманин.
Може саксија да му падне врз главата или да ја промаши, Христијан М со точка, се разбира, не саксијата, дупката во Триумфекалната капија и да удри во подножјето на македонскиот славолук на поразите.
Што смрди на кучешка урина.
И на пијандурска мочка.
Значи, што ако човекот умре!?
Прашањето е многу сериозно и затоа предлагам да не се задржуваме на вообичаените тралалајки за тоа дека ќе се соочиме со празнина која никој нема да може да ја пополни, блаблабла…На деновите на националната жалост или радост и така натаму. Освен таа дупка, што уште ќе значи за екипата на велепредавничките Патриоти, заминувањето и на балканскиот Гостоковски по бегството на прилепскиот Брејди во Будимпешта.
Државата може да го послуша Кикифрики и да одреди најстроги протоколи за заштита на ова национално богатство, но токму тие протоколи треба да ги предвидат и најлошите варијанти.
Значи, што ако Христијан М. не напушти!?
Ќе чека ли нацијата некаков конгрес на вмро-дпмне, во Солун или во Горна Џумаја, каде било во Македонија, да бира нов претседател, нов лидер. Ќе чека. Добро, ќе чека, но времето нема да чека и не чека. Пред кого ќе одговара Заев. Му ветија на човекот дека ќе одговара. Сите, па и вмро треба да бидат одговорни спрема преземените обврски.
Читате ли вие какви паралели влече Кикифрики: ако некој македонски Освалд односно Ќосевалд, го устрели во Струмица на улица, во авионот со кој ќе го носат неговото тело во Скопјанг, нашиот Линдон веќе треба да положи заклетва над камата и револверот и водечкото мото: смрт или слобода со важна предност за смртта.
Тоа не е само прашање на вмро, тоа е прашање за Македонија. Татковината не смее да остане ниту една секунда без високото лидерство на револуцијата која тече у курац. И затоа, нашиот Линдон мораме да го знаеме веднаш. Не би сакал да се мешам во внатрешните работи на вмро, дури не и на нацијата, но, можеби ќе ми се дозволи едно сосема необврзувачко мислење: Кикифрики би бил добар Џонсон. Не се заебавам. Кикифрики би бил толку добар Линдон што во тоа име Христијан М може да посака да отиде во посета на Струмица. Има Македонија виетнами за бомбардирање

Бранко Тричковски фб статус



Quote:НАШИОТ РОБОТ НОРМАН ОПСЕДНАТ СО СМРТТА

Сте чуле ли за роботот Норман?
Станува збор за вештачка интелигенција трансформирана во робот. Кутриот робот Норман, кој го одбил името од главниот лик од филмот „Психо“ на Хичкок, е „полнет“ со слики од смрт и насилство од социјалните мрежи. Затоа роботот околу себе гледа само насилство и смрт. Тој е опседнат со смртта.
И ние во Македонија си имаме наш Норман. Неговата интелигенција бездруго е вештачка, но за разлика од роботот Норман, дело на научниците од Институтот за технологија во Масачусетс, нашиот Норман не е робот, туку суштество кое егзистира во медиумскиот простор и на социјалните мрежи. Нешто како вирус.
Пред седум-осум години јас го реанимирав и го вратив меѓу живите (беше кинисал кон заборавот), а сега е приклучен на апаратите за механичка поддршка на агитпропот на СДСМ.
Нашиот Норман го надмина роботот Норман. Нашиот, освен што секаде околу себе гледа смрт, патолошки им посакува смрт на многу луѓе, на ВМРО-ДПМНЕ, на Македонија. Сите што ги мрази - а мрази многу – им посакува да умрат. И не само што им посакува смрт, тој често и се заканува со смрт, повикува на бесење (повика, на пример, јас да бидам обесен и тој случај е пријавен во Јавното обвинителство и заведен под број кој укажува дека се истражува), повикува на линчови и егзекуци и слично.
Органите на прогонот го толерираат. Во последно време го толерираат и еснафските здруженија. Агитпропот на СДСМ го обожува. Нашиот Норман се смета за главен егзекутор на пропагандата на оваа партија, во борбата против нејзините критичари и политички противници. Тажно е тоа на какво дереџе паднала една партија со помалку или повеќе демократска традиција, но што да се прави...
По последното дивеење на овој тажен лик, во кое, покрај Христијан Мицкоски, кому му посакува смрт, нашиот Норман „фигуративно“ и мене ме спомнува, од пријатели бев прашан дали нешто ќе сторам во врска со тоа.
Еве да одговорам јавно - не, ништо нема да сторам, апсолутно ништо!
Што и да сторам, нашиот Норман не може да се ослободи од својата опседнатост со смртта. Тој е смртта за себе и смртта по себе. Жал ми е што е така, едно време сепак површно пријателував со тој човек, но на него веќе му нема помош.
Освен тоа, луѓето кои евентуално би можеле стручно да му помогнат (а и нам да ни помогнат на некој начин), деновиве се зафатени со советување на граѓаните кои имаат психијатриски и психолошки проблеми, поради стравот и поради изолацијата во услови на пандемија. Не би било коректно сега да ги гњавиме да се занимаваат со смртоносецот и погребникот Норман.
Органите на прогонот нема ништо да сторат. Тие се под контрола на агитпропот и тоа брзо нема да се промени. Тоа е јасно.
Кај дел од еснафските здруженија лесно се препознава политичка агенда и тоа е причината поради која тие не сакаат да се замерат со овој лудак. А и кога се огласија против неговиот говор на омраза, тој и нив ги нападна во своите хејтерски сеанси на Фејсбук и во порталот каде што повремено ги објавува своите блуеници.
Сепак, клучната причина зошто немам намера да сторам ништо во врска со нашиот Норман, во врска со Кучката 2К и со сличните перјаници на пропагандата на СДСМ (се извинувам што веќе не го спомнувам Сале Мутави, ама тој одамна го изгуби приматот во таа групировка), е многу едноставна – јас одамна одлучив да ги ставам овие суштества на игнор. Нивниот вкупен импакт на порталите и на социјалните мрежи е минорен и затоа никој нема потреба да се загрижува. Освен можеби тие што ги плаќаат нивните услуги. И тоа дебело.
Но, за нивна несреќа, овие последниве не разбираат дека творештвото на вештачката интелигенција трансформирана во живи, лоботомирани фрикови како спомнатите, луѓето го препознаваат како идеологија и политика на СДСМ. Ако во СДСМ се среќни со тоа перфектно „мечување“ на шитовите на десет психопати со нивната идеолошка и политичка линија, јас сум ОК со тоа, можам само да им посакам да уживаат во својот избор.
Тоа е тоа... Нашиот Норман опседант со смртта и неговите другарчиња до толку се ирелевантни и самодеструктивни, што еве, немам желба овој текст да го објавам во медиумот за кој пишувам, туку го постирам овде, на Фејсбук. Како и да е, ако некој реши да го објави, го молам тоа да го стори без кратење.

Бранко Героски фб статус
15-04-2020, 01:01 AM
Reply