Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонска берза
Author Message
mickey Offline
Junior Member
**

Posts: 19
Joined: Jan 2010
Reputation: 0
#1

Како да купите акции?
Постојат два начини на кои можете да станете акционер на некое акционерско друштво, односно да се стекнето со дел од тоа друштво:
1. Купување на акции од новата емисија: До потребниот капитал друштвото може да дојде по пат на нова емисија на акции кои ќе бидат наменети за јавноста, односно друштвото ќе изврши "јавна понуда на акциите". Друштвото емитент мора да ги презентира основните податоци за продажбата на акциите во т.н. Проспект и мора да ја огласи емисијата барем во еден дневен весник.

2. Купување на постоечки акции: Главната функција на Берзата е во секое време да овозможи купување и продавање на постоечките акции (трговија со акциите, т.н. секундарно тргување). Инвеститорите, било големи институции, било физички лица, не можат да делуваат за своја сметка на пазарот. Тие мораат да се обратат до брокерската куќа, која е овластен учесник за тргување за да купи или продаде акции или обврзници во име и сметка на клиентот, бидејќи тргувањето со хартии од вредност се врши единствено преку овластени учесници - лица кои положиле посебен стручен испит за вршење на работи со хартии од вредност и се стекнале со звање овластен брокер.

Како да најдете брокер?

Пред да започнете, најдобро е да се консултирате со повеќе брокери за да ги споредите нивните услуги и провизиите што ги наплаќаат. Брокерството спаѓа во рамките на т.н. персонални услуги и може да се приспособи на Вашите специфични потреби. Вашиот избор на брокер ќе зависи од тоа што барате брокерското друштво да направи за вас. Некои брокери се специјализирани само за тргување, други за нудење инвестициони совети или посебни услуги.
Тргување: ова е најефтина услуга, при што Вие едноставно го повикувате Вашиот брокер и му давате налог да купи или продаде некои акции по Ваш избор. Тој нема да Ви даде никаков совет, туку едноставно ќе ги спроведе Вашите инструкции и ќе се обиде налогот да се реализира.
Советници: брокерите што делуваат како советници ќе дискутираат со Вас за различните карактеристики на друштвата, односно хартиите од вредност што котираат на Берзата. Тие, исто така, ќе Ве советуваат дали треба да ги купите, да ги продадете или да ги задржите акциите во одредена друштво или како и кога да го зголемувате или намалувате Вашето портфолио.
Посебни услуги: клиентите кои сакаат некој друг да управува со нивното портфолио (листа) на акции би требало да користат услуги на некој брокер кој нуди т.н. посебни услуги. Вашиот брокер редовно ќе контактира со Вас и ќе Ве информира за акциите што ги купил или продал, за тоа колкава е вредноста на Вашето портфолио и за износите на дивидендите што се прокнижени на Вашата сметка во изминатиот период.
Доколку е направен избор на брокер кој ќе Ве застапува, следен чекор е потпишување на т.н. општ договор со клиентот. Овој договор е задолжителен и со него точно се одредуваат услугите што брокерското друштво ги нуди и условите според кои брокерот делува во Ваше име.

Како да почнете?

Мора да одлучите дали сакате да инвестирате заради добивање на редовен приход или имате за цел Вашите средства да се зголемат со тек на време како резултат на пораст на цената на акциите, или заради комбинација на двете цели на инвестирање. Можеби, прво ќе сакате да купите мал број на акции во едно или две друштва.
Со време, може да одлучите да ги проширите Вашите инвестиции, со инвестирање во друштва од различни стопански сектори. Изборот може да го направите помеѓу релативно сигурните државни обврзници, преку акциите во големи, профитабилни друштва, до акции во нови и помали друштва кои се потенцијално поризични, но носат обично повисока добивка. Имајќи го ова предвид, советот на Вашиот брокер ќе биде особено значаен.
Вашиот брокер е стручен да Ве посоветува како да направите избор од повеќето можности за инвестиции што Ви стојат на располагање. Откако ќе одлучите како да инвестирате, можете да почнете со правење на листа од акции и обврзници што во најголема мерка соодветствуваат на Вашите потреби.

Што се случува кога купувате акции?

Кога ќе му дадете инструкции на Вашиот брокер да купи акции, тој го извршува Вашиот налог на Берзата и ги купува истите по најдобра цена што може да се обезбеди на пазарот во времето на зделката. Со тоа Вие станувате сопственик на акциите. И покрај тоа што основните податоци за склучените трансакции ќе ги добиете непосредно по нивното извршување, брокерот ќе Ви достави писмена потврда која се нарекува извештај за клиент. Во него се содржани деталите за трансакциите што се извршени во Ваше име и сметка.
На Македонската Берза АД Скопје се применува системот на одложено порамнување, односно процесот на извршување на плаќањето од страна на купувачот и доставувањето на хартиите од вредност од страна на продавачот се врши на Т+3, односно три работни дена од денот на тргување. Тоа подразбира дека Вие морате да го извршите плаќањето на купените акции на денот на порамнувањето.
Преносот што сте го направиле преку Берзата го врши посебно овластена институција Централен Депозитар за хартии од вредност.

Што се случува кога продавате акции?

Кога ќе му дадете налог за продавање, Вашиот брокер ќе се обиде да ги продаде Вашите акции по најдобрата можна цена на пазарот и доколку успее во тоа ќе Ви испрати ”извештај за клиент”. Вие треба да го потпишете формуларот за продажба и веднаш да го вратите истиот на Вашиот брокер, заедно со потврдата за акции (која ја сте ја добиле од Централниот депозитар за хартии од вредност), за да ги добиете парите за продадените акции на денот на порамнувањето.

Колку ќе ве чини тоа?

Купувањето акции од нова емисија на акции не може да чини повеќе од цената на акциите по која тие се продаваат. За овие услуги не се плаќа провизија.
За купувањата и продавањата на постоечките акции, кое се врши преку Берзата, се плаќа провизија на брокерот и на Берзата. Бидејќи купувањата и продавањата се одвиваат преку брокерите, цената ќе зависи од видот на услугата што ја барате и вредноста на трансакцијата на која се пресметува брокерската провизија. Висината на провизијата може да се определи како % од обемот на трансакцијата или во апсолутен износ.

Кога плаќате?

Плаќањето за купените хартии од вредност, односно доставувањето на хартиите од вредност, мора да го извршите најдоцна до денот на порамнувањето, односно, според Правилата на Македонската Берза АД Скопје, најдоцна три работни дена по склучувањето на трансакцијата (Т+3), со цел Вашиот брокер навремено да може да го спроведе порамнувањето на договорот.

Мерење на пазарот

Движењето на цените на акциите на друштвата ја изразува промената на мислењето на инвеститорите во врска со перформансите и перспективите на друштвата. Со следењето на вкупното движење на цените на еден одреден број акции, можно е да се добие начелна претстава за моменталната состојба во стопанството. Ова движење се мери со берзански индекси. Нивната функција е квантитативно да ги искажат дневните промени на пазарните цени во однос на базниот период (исто така и во однос на претходниот ден, месец, година и др.)
На утврдување на индексите работат многу организации во светот, а најпознати берзански индекси се оние на Dow Jones, Standard and Poor’s, Financial Times. Многу берзи објавуваат и сопствени индекси.
Македонската Берза АД Скопје од 01.11.2001 година започна да пресметува и објавува берзански индекс.Полниот назив на индексот е Македонски Берзански Индекс, додека скратениот назив и ознаката е МБИ (линк).
Оданочување на дивидендите?

Персонален данок на доход: кога ќе ја добиете дивидендата, персоналниот данок на доход би требало да е платен од страна на друштвото, согласно важечката законска даночна стапка .

Данок на капитална добивка на трансакциите со хартии од вредност во наредните пет години не постои. Исто така, не постои оданочување на прометот со хартии од вредност.
14-04-2020, 09:50 PM
Reply