Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
СУДЕЊЕТО НА ЈАНЕВА И БОКИ 13
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#21

Quote:Боки 13 тврди дека Кичеец на Камчев му ја вратил торбата „Луј Витон“

06.12.2019
На судењето за случајот „Рекет“ стана збор и за „Луј  Витон “ торбата, која бизнисменот Орце Камчев му ја предава на Бојан Јовановски и Зоран Милевски Кичеец, а во која наводно имало еден милион евра.
-Што имаше во торбата, го праша Јовановски сведокот Камчев.
Тој одговори дека дека имало еден милон евра, од кои дел биле по 50 евра, на што Боки 13 наводно самиот реагирал, а Камчев појасни дека така ми ги спакувал за да торбата изгледа убаво, да не стои изгужвана.
Додаде дека во торбата имало и весници. Но, Боки 13 повторно праша дали имало уште нешто, но Камчев рече дека немало.
Тогаш Јовановски го праша дали му била вратена торбата „Луј Витон“, на што бизнисменот рече дека нему не му била вратена.
Тогаш Јовановски рече дека на 21, 22 февруари, во 21 часот и 17 минути Зоарн Милевски му ја враќа торбата.
-Тоа може да се докаже од камерите во вашата куќа, рече Јовановски, по што остана нејасно дали торбата била вратена полна или празна.
Во моментот има пауза, по што Јовановски ќе продолжи да го испрашува Камчев.
06-12-2019, 02:37 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#22

Quote:И Јанева била на операција за слабеење во „Аџибадем Систина“
Дали јас присуствував кога се броеле парите од наводниот милион евра со таа ваша наводна Мими? , праша Боки 13. -Не, броевме во друга соба, 5 минути пред да дојдеш - му одговори Камчев.

Плусинфо - 06/12/2019 13:54
Одлучив да ги исплатам парите за да ја докажам вистината и да ја симнат лагата од мене, да ја докажам монструозноста на случајот и затоа што сакам во оваа држава конечно да завладее правото, рече Јордан Камчев на прашање на Боки 13-ка зошто го дал, како што рече, непостоечкиот милион евра.
– Кој ја зеде ташната од вашиот дом? – го праша Боки бизнисменот Камчев, а тој одговори дека тоа го направил Зоран Милевски Кичеец.
Боки праша што друго освен, како што рече, непостоечките милион евра, имало во торбата. Камчев одговори дека внатре имало весници за да се покријат парите.
– Дали јас присуствував кога се броеле парите од наводниот милион евра со таа ваша наводна Мими? – праша Боки 13.
– Не, броевме во друга соба, 5 минути пред да дојдеш – одговори Камчев.
Јовановски на тоа праша: „И што друго имаше во торбата?“, на што Камчев возврати: „Ништо“.
– Која е улогата на Наташа Савова во дистрибуцијата на нелегално снимените материјали? – праша Боки, на што Камчев одговори дека таа нема никаква улога во тоа.
– Милион евра во куфер и 175.000 евра на сметка на твојата ТВ, кај твојот татко – одговори Камчев на прашање на Боки дали некогаш му дал пари во готово.
– Во ниту еден случај не те наведував да ми вадиш слики од политичари, да ми покажуваш телефонски повици со политичари, да ја носиш Катица Јанева во „Аџибадем Систина“ на операција за слабеење што беше извршена. Бев повикан во твојот дом во присуство на Зоки Кичеец и на министерот за здравство Венко Филипче – одговори Камчев на прашање од Боки за тоа дали свесно злоупотребувал политичари и што правел бизнисменот во домот на Боки кон средината на март.
Камчев додаде дека тогаш му било понудено нешто што го одбил без да прецизира за што станува збор.
– Од одземените предмети во мојот дом има едно УСБ – рече Боки, но судијката го прекина кога Јовановски сакаше да каже што има во аудио снимката од УСБ-то.
Судијката Весна Николовска Масевска му забележа на Боки да поставува прашања, а не да кажува работи од одбраната, така што тој не докажа што има во УСБ-то.
На прашање на Дељо Кадиев адвокатот на Катица Јанева, Камчев рече дека никој не му понудил спогодување или да биде заштитен сведок во „Империја“.
Адвокатот Кадиев се интересираше како е можно Камчев да не го знае Лазар Јанев, а имал договор потпишан од него. Камчев рече дека стоело името на Лазар Јанев, но тој не може да тврди дали тоа бил негов потпис или бил фалсификуван.
Судењето ќе продолжи на 10 декември со изјава на сведокот Ана Камчева.
Пишуваат:
Стојанка Митреска
Александра Митевска
06-12-2019, 02:41 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#23

Quote:Според ова би се претпоставило дека и таа е вмешана во овој случај, но според исказот на сведокот Орце Камчев министерката не била таква. Камчев се обиде да ја оправда Радмила Шеќеринска и во судот рече дека "таа не е таква". Камчев сведочеше дека Шеќеринска не била дел од системот за рекетирање, но сепак се отвара прашањето, зошто кога постојано го посетувала домот на Боки и имала состаноци со Катица Јанева а воедно и имала информација дека го рекетираат Орце Камчев, истото сознание не го дала до јавното обвинителство и не го пријавила делото.
Објавил: Катерина Крстиќ | 6 декември, 2019 15:02
Ветено сторено: Боки 13 пропеа и откри шокантни детали за “Рекет”, открива дел од вмешаните министри

[Image: %D0%91%D0%A5%D0%A2%D0%A0%D0%A1%D0%A5%D0%...=666&ssl=1]

Првоосомничениот во случајот Рекет, Боки 13 откако на минатото рочиште во вторникот истакна дека ќе пропее кој всушност е вмешан во случајот денеска ја шокираше јавноста со своето тврдење дека  всушност министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и министерот за здравство Венко Филипче се двајца владини функционери кои биле редони гости кај Боки 13 дома.

[Image: .jpg?resize=480%2C268&ssl=1]
фото А1 он

Боки 13 денеска откри шокантни детали за случајо Рекет. Тој минатото рочиште најави дека ќе ги открие сите оние кои се вмешани во случајот…

Според ова би се претпоставило дека и таа е вмешана во овој случај, но според исказот на сведокот Орце Камчев министерката не била таква. Камчев се обиде да ја оправда Радмила Шеќеринска и во судот рече дека “таа не е таква”. Камчев сведочеше дека Шеќеринска не била дел од системот за рекетирање, но сепак се отвара прашањето, зошто кога постојано го посетувала домот на Боки и имала состаноци со Катица Јанева а воедно и имала информација дека го рекетираат Орце Камчев, истото сознание не го дала до јавното обвинителство и не го пријавила делото.
Интересна е и информацијата дека Министерот за здравство Венко Филипче имал средба со Орце Камчев и тоа во домот на првоосомничениот за случајот Боки.
Како што наведе во судницата Боки 13, министерот Филипче во март годинава на Камчев му нудел бизниси кои Камчев ги одбил.
Камчев немал намера да влегува во сомнителни активности предожени од Боки 13 и Филипче.
Сепак од ова може да се заклучи дека всушност Боки 13 и Венко Филипче блиско соработувале во кримогени активности. 
Според она што денеска можеше да го слушнеме во судот, Боки 13 има намера да ги открие сите инволвирани во овој случај. Тој уште минатото рочиште најави дека има други учесници кои се дел од власта или дел од СЈО со кои соработувал.
06-12-2019, 05:24 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#24

Quote:Јас сум чесен плаќач на данок, лојален граѓанин кој ја сака својата држава“
Камчев: Гаранцијата од 14 милиони евра ми беше одбиена за да може Јанева и Стефанова да глодаат како хиени
По чантата „Луј Витон“, по разочарувањето дека Боки 13 немал завршено факултет, клучниот сведок Орце Камчев пред судот во текот на своето сведочење зборуваше и за, како што рече, заканите и притисоците што ги имал од Катица Јанева. 

[Image: mkd-447369.jpg?itok=FNXZXoQM]

06.12.219
По големиот број наводи што ги спомена во своето сведочење, Камчев зборуваше и за денот кога пред спроведувањето во притвор во Истражниот затвор во Шутка бил на сослушување во СЈО.
Таму, како што тврдеше во текот на своето сведочење, Катица Јанева во собата за испитување му се обратила со зборовите: „Тоа со Бојан што се договоривте да го завршиш“.
Долгото сведочење пред судот, кое сè уште е во тек, Камчев го почна со тоа дека бил известен од адвокатот Васил Димишков (брат на судијката Весна Димишкова, која му ја определи мерката притвор и која беше повикана во Обвинителството за втората отворена постапка за „Рекет“), кој му кажал дека од август 2018 година е под ПИ-мерки. Димишков средбата со Камчев ја побарал преку директор на некоја банка.
Понудата, според неговото сведочење, била дека ако соработува и ако даде 100 илјади евра, може да има корист. Овде добил листа на понуди за секоја ублажена правна мерка што сака да ја добие и сума на пари што би одговарала со мерката. По ова Камчев спомена и средба во „Сушико“ со неговиот тогашен соработник Зоран Милевски-Кичеец за реклама во 1ТВ и соработка со Бојан Јовановски, но како што рече, понудата не му одговарала.
Во продолжение на серијата понуди што ги споменуваше кажа и за бизнис-понуда што ја добил од Јовановски, која чинела 2 милиони евра, која се однесувала на бизнис-центар, а на која потписник бил синот на Катица Јанева, Лазар Јанев. Појаснувањето на Камчев за оваа понуда пред судот беше дека е тој бизнисмен што работи 30 години и кој добро ги знае работите, а овде одговорил дека не бил заинтересиран, бидејќи, како што рече, се работело за лажен договор.
Втората понуда што ја добил од Јовановски се однесувала на проект за старски дом во Карпош, а на состанокот на кој ја добил оваа понуда Камчев рече дека присутни биле Јовановски, неговата директорка Јасна Мандиќ и уште едно машко лице.
„И за оваа понуда го откачив и беше многу налутен. Добив препорака дека треба да соработувам со него, бидејќи тој имал медиум и можел да направи лоша реклама за мојот бизнис. Му платив 170.000 евра преку Систина и ОРКА за заштита од конкуренција. За ваква реклама тој бараше 200.000 евра, а за овие исплатени 170.000 евра имам фактури, кои се доставени до Обвинителството. Не му ги задоволив желбите во врска со бизнис-проектите што ги бараше и по ова тој и обвинителката ми пуштија слика по Инстаграм со образложение дека се спрема нешто големо“, рече Камчев во своето сведочење.
Подолу во сведочењето пред судот, тој, набројувајќи ги понудите во врска со рекетирањето за кое зборуваше, ги спомена и обвинителката Лиле Стефанова и бизнисменот Ванчо Чифлиганец и рече дека со нив разговарал и се сретнал во станот на обвинителката. Тоа било трето барање за рекет, кое, како што рече Камчев, го одбил и дополни дека ќе докаже дека не бил крив, дека бил изложен на класичен рекет и за тоа, како што рече, имал докази.
На 1 јануари 2018 година била отворена истрагата за „Империја“, а трите одбиени понуди, односно онаа од Димишков, бизнис-понудите од Јовановски и последната, од Чифлиганец и Стефанова, биле вовед во отворањето на случајот „Империја“.
По сето ова Камчев тврди дека неосновано завршил во притвор и дека од овие дејства што ги презеле споменатите лица трпеле 30 илјади семејства што биле вработени во неговите фирми, а тој бил „чесен плаќач на данок, лојален граѓанин што ја сака својата држава и личност што на крајот се изненади од вака конструираниот монструозен чин“.
„Почнаа да отвораат предмети стари и по 18 години, кои претходно беа затворени од реномирани обвинители, и тоа е срамно. И додека бев во притвор немав како да потпишам плата ниту набавки за потребите на пациентите, чекав по 30 дена за да ми дадат одобрение и не можеше да работи компанијата. Видов дека е дојден нож до коска и дека нема правда и сфатив дека се работи за силеџиство. Почнав со гаранција од 14 милиони евра за да може да добијам барем куќен притвор и за да можам да обезбедам функционирање на компанијата. Ова е најголемата и највисока гаранција што кое било лице досега ја дало за да добие поблага мерка, но таа беше одбиена, со образложение дека се работи за хипотеки“, рече Камчев.
Во понатамошниот тек на сведочењето, појаснувајќи ја постапката за „Империја“, која според него е измислена, ја спомена и својата сопруга Ана Камчева. За неа тој рече дека добил телефонски повик дека ѝ била договарана средба со Димишков, иако е, како што рече, сама мајка со две деца, со кола била однесена на тајна локација, во стан за кој, како што рече Камчев, од Димишков добила образложение дека е наменет за специјални клиенти. Образложението што го добила овде било дека за да му помогне на својот сопруг, треба да даде 2, 4 или 6 милиони евра.
„Расплакана Ана си заминала од средбата и по ова следувала уште една средба со Боки 1. Тој ѝ кажал дека има влијание и може да помогне. Неговата моќ беше страшна, ѝ дал образложение дека може да се отворат уште најмалку 3-4 предмети со мене. Обвинителката во овој случај парите од мојата сопруга ги барала преку Бојан. 350.000 евра беа спакувани во кутија за кондури и ѝ беа предадени на госпожата“, рече Камчев пред судот.
Според него, во оваа ситуација тој бил подреден бидејќи во очите на јавноста Јанева била Чарлиевиот ангел, а тој бил криминалец, а Јовановски бил многу моќен. Во овој дел од сведочењето од него беше побарано да појасни зошто кога понудил толку голема гаранција за да му биде укинат притворот, имало потреба некој да го уценува и да му бара дополнителна сума пари за определување поблага мерка. На ова Камчев беше дециден дека таа чиста гаранција од 14 милиони евра што тој ја дал била одбиена, за да може Јанева и Стефанова, како што рече, „да глодаат како хиени“.
По ова адвокатот Дуковски рече дека се работи за точка 2, односно влијание на сведоци, а не се работи за „хиенски причини“. 
К.Д.
06-12-2019, 05:29 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#25

(06-12-2019, 02:25 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:СЛУЧАЈ „РЕКЕТ“: На обвинителнава клупа треба да има многу повеќе лица, не само Катица и Боки, рече Камчев



06.12.2019
Јордан Камчев денеска рече дека на обвинителната клупа не треба да седат само Боки и Катица, туку треба да има и други луѓе, но дека тоа не е негова работа, пишува ТВ21.
– Ќе потврдам, дека во исказот што го слушнавме на Стефанова и Чифлиганец, дека немало средба, средбата е одржана во стан во зградата кај што живее Стефанова, во стан, и тука е разговарано. Тоа лично ми го кажал Чифлиганец. И не се само овие луѓе, тука на обинителна клупа треба да има и други луѓе, но тоа не е моја работа, рече Камчев.



Quote:Чифлиганец: Сум немал средба со Лиле Стефанова ни во мојот, ниту пак во друг стан

06.12.2019
Би сакал одговорно да ѝ соопштам на јавноста, дека во животот и конкретно во случајот, ниту ми е барано, ниту сум нудел од мое име, или во друго име, било каква недвижност, или каква било материјална корист. Одговорно тврдам дека во врска со конкретниот случај, немало никаква средба, ниту во мојот, ниту во нечиј друг стан, се вели во демантот на бизнисменот Ванчо Чифлиганец на денешната изјава на Орце Камчев за време на неговото сведочење за случајот „Рекет".
06-12-2019, 05:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#26

(06-12-2019, 02:31 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Министерот Филипче бил во домот на Боки 13 заедно со Камчев



06.12.2019
Во домот кај Бојан Јовановски, на една од средбите кои ги имал со Орце Камчев и Зоран Милевски Кичеец, присутен бил и актуелниот министер за здравство Венко Филипче.
Ова го откри бизнисменот Камчев на денешното судење за случајот „Рекет“, одговарајќи на прашање на обвинетиот Бојан Јовановски.
-Кој беше присутен на средбата во мојот дом меѓу 15 и 20 март, кога зборувавме за бизнис проект?, го праша Јовановски сведокот Камчев.
Камчев не сакаше да одговори, но откако судијката инсистираше на одговор, бизнисменот рече:
„Бевме јас, ти, жената што ти чисти, Кичеец и министерот за здравство, рече Камчев, кој на инсистирање на обвинетиот за кој министер станува збор, рече дека бил Венко Филипче.
Камчев додаде дека ми била понудена една работа, но тој ја одбил.



Quote:Филипче за НОВА: Бев во домот на Јовановски, од средбата не излезе ништо

Од: Нова ТВ 4:20 pm - 6 December 2019
Министерот за здравство Венко Филипче ги потврдува наводите на бизнисменот Орце Камчев изнесени на денешното рочиште за случајот „Рекет“ дека во домот на првообвинетиот Бојан Јовановски на 15 март се одржала средба на која присуствувал и тој.

Quote:„Средбата која се споменува во денешното судење за случајот „Рекет“ се одржа на барање на Бојан Јовановски на која јас и Орце Камчев бевме повикани да разговараме за некакво јавно приватно партнерство за болница која тој имал намера да ја прави“, вели министерот Филипче во изјва за НоваТВ. Од состанокот, тврди Филипче, не излегло ништо и друга средба потоа не се ни остварила.

Во вкрстеното испрашување Јовановски го праша сведокот Камчев за средба во неговиот со акцент на тоа „Кој министер присутвуваше?“. Иако прашањето го оцени како нерелевантно Камчев рече дека освен жената која чистела кај Јовановски и Зоран Милески Кичеец присуствувал и Филипче.
По завршувањето на денешното судење Камчев објасни зошто во средбите се споменува и Венко Филипче. Неговиот одговор забележливо се совпаѓа со одговорот на Филипче за Нова ТВ во делот на пропадната бизнис понуда.
Камчев потенцираше дека со Филипче одржал нормален состанок, бидејќи тие двајца биле пријатели долги години.
„Јас и Венко Филипче сме долги години пријатели. Тоа беше еден обичен состанок, а Бојан Јовановски бладаше, тресеше глупости. Сакаше да прави некакво јавно приватно партнерство за некаква болница“, рече Камчев.
06-12-2019, 05:44 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#27

Рекција на адвокатот на Боки 13


Quote:САШО ДУКОВСКИ КОН КАМЧЕВ: А зошто молчеше за Чифлаганец и Луковски во истрагата?

[Image: sasho-dukovski.jpg]

06.12.2019
Адвокатот на Боки 13, Сашо Дуковски го оспори сведочењето на Орце Камчев со констатација дека дел од работите што денеска ги кажува не ги дал во истрагата.
Дали Ванчо Чифлиганец и Жарко Луковски не ги спомна во истрагата а сега прв пат ги кажуваш?, праша Дуковски.
Реагираше обвинителката Рускоска со констатација дека не е така и дека и да е, е дополнување на факти, а не извртување на фактите.
Камчев на прашање на Дуковски потврди дека неформално го пријавил рекетот на Горан Николовски како директор на УБК, а не во УБК.
Според Дуковски, Камчев во исказот не ја спомнал емисијата Инсајдер, а сега зборува за истата.
Дуковски му забележа на Камчев дека на вкрстени прашања се одговара со да и не, сведокот се извини со констатација деkа не знае како треба, оти му е прв пат.
06-12-2019, 06:57 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#28

Камчев го обвини Боки 13 дека ги злоупотребувал и политичарите и новинарите.
„Боки 13 на интерфон ги злоупотребуваше и политичарите. Го слушав како го малтретираше господинот Кабранов на телефон, му се јавуваше со мутиран глас, па после глумеше дека го спасил – рече Камчев, додавајќи дека на одредени новинари од 1ТВ им давал насоки што да прават.“

По ова, Кабранов се огласи на Фејсбук.


[Image: 13.jpg]
06-12-2019, 07:00 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#29






Quote:Камчев: Јас сум човек што не лаже, нема да дозволам моето лице да го гаѓаат вакви накази како Боки 13 и Катица Јанева

06.12.2019
Сведокот во случајот „Рекет“, бизнисмеснот Орце Камчев во изјава за новинарите појасни зошто во средбите се спомнува и министерот за здравство, Венко Филипче.
Камчев вели дека тој и Филипче се долги години пријатели, а Бојан Јовановски им предлагал приватно јавно партнерство.
– Јас и Венко Филипче сме долги години пријатели. Тоа беше еден обичен состанок, а Бојан Јовановски бладаше, тресеше глупости. Сакаше да прави некакво јавно приватно партнерство за некаква болница. Јас откако го пријавив Бојан, ги прекинав сите комуникации со него. За овој случај, јас во торбите му ставив луксузни магазини за мајтап и му ставив по 50 евра. Боки многу се изнервира за тоа, истакна Камчев.
Тој рече дека многу функционери биле злоупотребени од Бојан Јовановски Боки 13. Сите што имаат платено реклама во 1 ТВ сите на некој начин биле гонети од Боки и Катица Јанева.
– Јас сум човек што не лаже. Беше болна таа вистина. Катица не ми нудеше спогодба, туку ми нудеше Боки. Сфатив дека сѐ е нивна игра. Сакам да докажам дека сум чист и ќе докажам. Случајот „Империја“ е отворен за изнуда на пари затоа што тие не биле овластени тужители и се преземни предмети стари 18 години. Јас сум човек што вработува 3.000 луѓе, најголем плаќач на данок во оваа држава и нема да дозволам моето лице и лицето на моите деца да го гаѓаат вакви накази како Боки 13 и Катица Јанева. Ако наредбите на Јанева биле противзаконски зошто Стефанова не ја пријавила до Јовески дека имала притисок од Јанева? Мене ми понуди спогодба братот на мојата истражна судијка со исти бројки кои потоа му ги нудеа Бојан и Јанева, рече Камчев одговарајќи на новинарски прашања.
Што се однесува до вчерашната ситуација со наводната контрола во некои од неговите фирми, тој ги демантираше таквите информации.
– Значи немаше никаква акција. Тоа е редовна контрола и луѓето сфатија дека се е чисто. Со Полиестер соработуваме повеќе од 10 години и таа е наша традиционална фирма. Откако Полиестер ќе ни ги плати средствата, ќе ја затвориме таа трансакција, порача Камчев.
06-12-2019, 08:09 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,388
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#30

Quote:Дали со парите од Рекет е финансирана кампањата на СДСМ и Стево Пендаровски?!


[Image: boki-kamcev-reket-696x392.jpg]


7 декември 2019,
Власта и Русковска ја развлекуваат постапката за Рекет. Шест месеци откако е пријавен случајот се уште немаме одговори, велат од ВМРО-ДПМНЕ од каде прашуваат:
– Каде завршила ташната Луј Витон со 1.5 милиони евра!?
– Дали со парите од Рекет е финансирана кампањата на СДСМ и Стево Пендаровски!?
– Колку бизнисмени биле жртва на Рекет!?
– Колку вкупно пари биле изрекетирани!?
-Исказот на сведокот и жртвата во текот на вчерашниот ден само потврдува дека некој од власт ја заташкува истрагата. Јавноста е збунета, а власта нешто крие. Што барал министерот за здрваство Венко Филипче на една од средбите помеѓу рекетарот Боки 13 и жртвата!? Зарем Филипче мисли дека јавноста му верува на исказот дека со шоуменот Боки 13  разговарале за болници. Катица Јанева не земала 50.000 евра, туку 350.000 евра. Со тоа и противправната имотна корист, а и тежината на делото се зголемува. Обвинението кон неа треба да се преформулира, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ и подвлекуваат:
„Ташната Луј Витон патувала на повеќе локации. И очигледно повеќе лица се стекнале со противправна имотна корист. Кои се тие!? И зошто до сега не биле опфатени со истрагата!? Русковска бега од вистината. Затоа не сака да истражи каде заминала ташната и каде се патувала. Русковска ја влече истрагата затоа што знае дека зад Рекет стои врвот на власт, без кој милионски рекет во толкав временски период воопшто не би бил возможен.  Граѓаните очекуваат ефикасна и ефективна разрешница на Рекет.“

нетпрес
07-12-2019, 01:30 PM
Reply