Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ВИСТИНОМЕР ИЛИ ШИРАЧ НА ЛАГИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,253
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:За странците нема дилема – проблемот со добивањето датум за преговори од ЕУ не е кај Заев


Од Тео Блажевски On Oct 17, 2019
Ниту кај влијателните европски и светски политичари, ниту кај угледните меѓународни медиуми нема дилема за драмата што се прави со добивањето датум за преговори со ЕУ за С. Македонија и Албанија – одговорноста за неа е, пред сè, кај Франција и Макрон. Тврдењето дека Заев е директно виновен, е чист спин
 
Пишува: Теофил Блажевски
 
ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со став околу можното недобивање датум за почеток на преговори за влез во ЕУ, при што изнесе и спин околу директна одговорност за тоа.

Quote:
Спин: СДСМ три години ја уништува државата. Република Македонија е жртва на неодговорноста, криминалот и корупцијата на власта. СДСМ со своето владеење ја загрози европската иднина на државата.
Зоран Заев е директно виновен за евентуално недобивање на датум за почеток на преговори. Наместо на реформи и унапредување на системот, Заев се фати за криминал…

[Извор: ВМРО-ДПМНЕ-Соопштение/веб страна – датум: 17.10.2019]
 
[Image: kontraspin-foto-vistinomer-1024x281-e1500652724996.jpg]
 
Контраспин: Главната опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ уште пред финалната одлука на лидерте на ЕУ денеска/утре (17/18.10.2019), за датум за преговори на Северна Македонија и Албанија, критиките за евентуалниот несупех ги насочува единствено кон владејачката партија СДСМ, а вината директно ја лоцира кај премиерот Зоран Заев. Ова е извртување на вистината, т.е. спинување со цел да се освојат политички поени преку замаглување на фактите пред домашната јавност.

Спинот е невешто срочен и лесно се демаскира со неколку многу очигледни и широко распространети факти кои тука треба да се повторат.
Прво, на претходниот состанок на Европскиот совет, одржан пред неколку месеци, за ова прашање се разговараше и одлуката се одложи поради процедурални причини – изјаснување на неколку земји членки на ЕУ преку процедура во нивните парламенти, меѓу кои беше и Германија, а неформално и поради немањето волја и тогаш кај Франција да каже „да“. Меѓутоа, да не се заборави дека и на тој Европски совет Македонија замина со чиста оценка и препорака на Европската комисија, како надлежна институција да ги проценува фактите за напредокот на некоја земја кандидат за членство во ЕУ.

Вториот факт, кој говори дека главната опозициска партија спинува со директната одговорност на Заев, се бројните изјави во последните неколку дена од огромен број угледни политичари од Европската Комисија или од земјите членки на ЕУ. Зарем треба повеќе од изјавите на германската канцеларка Ангела Меркел или шефот на дипломатијата Хајко Мас? Во ист позитивен тон во поглед на исполнувањето на условите за добивање датум зборуваат и функционерите од Европската комисија Хан и Могерини, ама и европратеници (како Тања Фајон која директно ја лоцира одговорноста исклучиво во ЕУ или уште поточно кај Макрон или Сергеј Станишев, на пример) или, пак, високи политичари од други земји, како претставниците на Вишеградската група, како Холандија, но, дури и земји кои не се членки на ЕУ, како на пример САД, која неколку пати од високи позиции повторуваше дека земјата треба да отпочне преговори со ЕУ за прием. Во сите посочени и непосочени изјави – вината се лоцира на друго место, а не во С. Македонија.

И третиот факт е директно лоцирање на вината од страна на светските медиуми. Дали ќе поверувате на спинот на ВМРО-ДПМНЕ дека Заев е директно одговорен, кога и угледни странски агенции, весници, познати мултимедијални изданија, известувајќи од самитот на ЕУ, го говорат истото – Франција е таа што не дозволува позитивна одлука. Некои, како „Политико“, на пример, одат дотаму што одлуката на Макрон за блокада ја оценуваат „завршување на валканата работа на Владимир Путин“.

Ниту еден разумен политичар, граѓанин, читател, се разбира, никогаш не може да остане нем на логично барање на евентуална вина и од страна на властите во Македонија, претставени, пред сè, преку СДСМ и ДУИ и персонифицирани преку премиерот Зоран Заев, но колкава и да е таа, дефинитивно не е значајна ниту за странските политичари, ниту за меѓународната јавност. За нив, вината е во ЕУ, поточно во Франција, без оглед на исходот од крајот на самитот и формулацијата што ќе биде усвоена.

Поради погоренаведените факти, може да се оцени дека тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека Зоран Заев е директно виновен за евентуално недобивање на датум за почеток на преговорие извртување на вистината, т.е спин.
 
 
18-10-2019, 09:27 PM
Reply