Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ТОРТЕВСКИ ПРАВИ ПАРТИЈА!!
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Иницијативен одбор на новата партија на Тортевски, меѓу присутните и Мирјана Најчевска и Ирена Ристиќ


04.10.2019
Во Кинотека на Македонија во секој момент треба да започне отворениот состанок на иницијативниот одбор на новата партија на адвокатот Александар Тортевски која ќе се вика „Твоја партија“.
Меѓу присутните може да се забележат и професорката Мирјана Најчевска и актерката и активистика Ирена Ристиќ.
Во интервју за неделникот „Фокус“, Александар Тортевски, кој е еден од иницијаторите и привремен портпарол, најави дека партиската платформа „ќе биде нешто спектакуларно во Македонија“, сосема различно од постојните султан-партии.


Quote:Првиот состанок на Твоја партија, новата партија на адвокатот Тортевски

04.10.2019 / 20:10
[Image: irena-ristikj-aleksandar-tortevski-ivo-a...60x723.jpg]
(фото: Фејсбук/Ирена Ристиќ)

Вечерва во Кинотека на Македонија се одржува отворен состанок на иницијативниот одбор на Твоја партија, новата партија на политичката сцена, создадена од адвокатот Александар Тортевски, која во следниот период ќе утврди платформа, статут и модел на организација.

Quote:Правото и правната држава е нашата црвена линија и за тоа нема отстапка. Македонија да ја направиме пристојно место за живеење, тоа е голема задача, можеби и невозможна, но не се откажуваме. Веќе 30 години имам ангажман во таа насока и тешко ни оди, но не се откажуваме, рече Тортевски пред присутните.

Како приорите на новата партија ги наведе екологијата и економијата, а за остварување на своите цели, како што вели, ќе се обидат да го добијат најдобриот кадар во Македонија и нема да примаат пари од донатори.
На вечерашниот состанок присутвуваат, меѓу другите, и актерката и активистика Ирена Ристиќ и професорката Мирјана Најчевска, за која Тортески изјави:

Quote:Горд сум што со неколку разменети зборови со професорот Најчевска и ми се допадна ставот дека ни посочи под кои услови ќе влезе во партијата.


Quote:Mirjana Najchevska
17 hrs · 


Мислам дека е време за трета опција.
Не некоја која ќе ги замени веќе постоечките туку која ќе го поттикне она најдоброто во секоја од нив.
И која ќе потсети за што всушност служат партиите како облик на организирање на граѓаните.
05-10-2019, 01:21 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

[Image: image.jpg]









[Image: image.jpg]



Дали ке помине и оваа измама??
08-10-2019, 12:54 AM
Reply