Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПОЛИЦИСКО ПОЛИТИЧКОТО ПОДЗЕМЈЕ ИЗБИРА СУДИИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,253
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Политиката го поклопи Судски совет, избрани подобните кадри, за апелација нема договор - нема избор

02.10.2019 14:57:00

[Image: tn1_20191002_154419_4.jpg]

Скандалозни партиски избори на судии, обвинувања дека не се избираат стручни кадри, туку партиски судии, луѓе кои го фатиле последниот воз, обвинувања на сметка на Академијата за судии дека ги „пумпа“ оценките на кандидатите и на крај, одложен изборот на 6 судии за скопска апелација, бидејќи од многуте притисоци, членовите не биле усогласени за кого ќе гласаат, па за да не „изгорат“ некого, седницата се одложи.
Во ваква атмосфера, и по чекање повеќе од 7 месеци од распишаниот оглас не се избраа судиите на Апелација. Наместо тоа, по дадената пауза, на која се вжештија телефоните, седницата едноставно беше одложена, без разумно образложение, а под страв, како што вели Киро Здравев, дека поради некоординираност може да отпаднат некои кандидати, да бидат оштетени и да мора да се поништи огласот.

Quote:Но, затоа, беа многу координирани кога требаше да се изберат партиски договорени судии, како на пример екс претседателот на ДИК Александар Чичаковски за судија во Управниот суд, чие име беше 30-то на листата од десетиците пријавени. Чичаковски беше избран на предлог на Гордана Спиреска, која, за чудо не го познавала, ама го гледала на телевизија како ги води седниците на ДИК и од гледањето телевизија заклучила дека екс шефот на ДИК ќе биде добар судија на Управен.

За него гласаа 11 членови, а тројца беа против. Претходно, Виолета Богојевска обвини дека во Управниот суд се избираат слаби судии, па стручните се подобри од судиите и тие ги пишуваат пресудите, а судиите со новиот закон треба да судат со држење на јавни расправи, иако многу од нив никогаш не влегле во судница и не знаат како изгледа судење.

Quote:Второто место во Управен се пополни со Леонора Ајро, сопруга на обвинителот на екс СЈО, Артан Ајро и снаа на покојниот член на Судски, Неџат Аро. Селим Адеми, кој ја предложи, кажа дека има завршено Академија за судии, каде што била предвидена за обвинител, но не сакала да работи во ОЈО бидејќи била стручна во Управен и така стана судија. Во иднина и судиите на Управен мора да имаат завршена Академија.

Киро Здравев порача дека со денешниот избор по старите закони кандидатите го фатиле последниот вагон од последниот воз.
Бидеќи огласите биле распишани по стариот закон, на седницата гласаше и Фаик Арслани како в.д. претседтел на Врховен, кој според сегашните закони нема право на глас.
Најголем пазар се направи со Вишиот управен суд, кој од засега нејасен политички договор помеѓу СДС и ДУИ ова место им припадна на Албанците, иако со Управниот суд раководи судија Албанец.
Членовите на Судски елиминираа 6 кандидати за претседател на Вишиот, од кои 4 судијки на овој и 2 на Управниот со многу поени пред седмата кандидатка на листата што доби едногласна поддршка од сите, а тоа е судијката од Управен, Исмета Амет.
Некои толку ја пофалија што ја нарекоа „жена-маж“ во поглед на способноста, а други жалеа што таа како судија на Управниот суд нема да може да суди, туку само ќе шефува  аместото во Управен ќе и мирува.
Со помали разлики беа избрани и претседтели на другите судови во Македонија, каде што евидентно е присуството на повеќе жени од порано.
Скопска двојка и натаму ќе ја води Илир Сулејмани, судот во Велес, Лидија Димова, во Неготино Биљана Толова, во Крива Паланка, Љубинка Цветковска Стојановска, а во Кичево, Амдие Зенку.
Во Битола судот ќе го води Миле Димовски, кој во претходното владеење на СДС од директор на затворот беше избран за судија. Во Прилеп за претседател на судот е избран Зоран Стеваноски, во Штип Ѓорѓи Андонов, а во Делчево, Миле Ѓорѓиев.

Quote:Не е избран само претседател на судот во Кавадарци каде што Лазар Нанев беше единствен кандидат. Нанев кој е во еден куп комисии и работеше на извештајот за АКМИС системот, во последниве десетина години, кога и да конкурирал за позиција во судството секогаш бил одбиван од сите состави на Советот. Со одлагање на изборот на судиите во Апелација судски сега ќе има нов проблем, на крајот на неделава им завршува мандатот на Селим адеми и Лидија Каначковиќ избрани од парламентот. Тие немаат право на втор мандат (посебно Каначковиќ), а поради блокада во Комисијата за избори не се знае кога би се избрале новите членови.

Здравев вели дека е свесен за ова, дека може да нема мнозинство, па по одложената седница ги повика членовите да се договорат кого да изберат за да го деблокираат судот во Скопје за кој, за 6 места има пријавено 95 судии.




02-10-2019, 09:35 PM
Reply