Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ГЕРОСКИ ПАК СЕЕ МАГЛА!!
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Македонија мора да се „приведе“ во ЕУ!

Брисел со Македонија не треба да „преговара“, туку, за почеток, да ја „приведе“ на преговарачка маса. Потоа да ѝ определи строг и продолжен „притвор“ (поради опасноста да избега од преговорите, меѓу другото), а подоцна, по конечната и правосилна „пресуда“, граѓаните на оваа земја и нивните лидери да се соочат со моментот на вистината, со условите за живот, со редот и поредокот во најсовремената установа на планетава за обнова, рехабилитација и прогрес на пропаднатите општества.

Бранко Героски - 01/10/2019 23:00
Според последните информации што веќе и јавно се споделуваат, Македонија сепак ќе добие датум за почеток на преговорите за членство во Европската унија, придружен со список на многу сериозни задачи за итни промени во некои клучни сегменти на општеството, задачи што ќе мора да почнат да се извршуваат веднаш, без одложување и без двоумење.
Според очекувањата, одлуката на Брисел ќе биде предмет на различни реакции: од една страна, ќе бидеме сведоци на триумфализам на власта, која датумот го очекува како клучен адут за запирање на трендот на опаѓање на нејзината популарност; од друга страна, опозицијата ќе форсира дебата во чиј фокус ќе биде тезата дека одлуката сепак е „условена“ и дека не е „чиста“, како што беше ветено.
Во суштина, доколку се случи тоа што е најавено – едно одлучно „да“ со неколку важни и неизбежни „но“ – од политички, па и од историски аспект, конфронтацијата меѓу власта и опозицијата ќе биде апсолутно ирелевантна. Еве зошто.

Дали сме спремни за промени?

Прво, затоа што почетокот на преговорите се единствената шанса за почеток на суштински реформи во македонското општество. Не можам ни да замислам што ќе се случи ако Брисел рече „не“. Тоа ќе биде почеток на распадот на оваа земја. Актуелните политички елити во земјава немаат формат, капацитети, знаења, а ниту желба за реформи, бидејќи се свесни дека промените најмногу ќе ги засегнат токму нив.
Можете ли, на пример, да замислите суштинска реформа во правосудниот систем, во земја која не го почитува елементарното начело на поделба помеѓу извршната и судската власт? Во земја во која востановената практика на жестоко влијание на политичарите врз обвинителите и врз судиите се смета за право што се стекнува со победа на изборите? Говори ли некој во Македонија за потребата да се менуваат некои важни законски решенија, за да се усогласат со либералното европско законодавство? Може ли да се зборува за реформи во земја во која водечки политичари, интелектуалци, па дури и професори, го занемаруваат значењето на правилата на игра, на пропишаните постапки и процедури, изразувајќи јавно дури и оправдување за политичкиот волунтаризам, како алатка на „револуционерната правда“, заради реализација на некаква „кауза“?
Не, драги мои, без жесток притисок од ЕУ, суштински реформи во оваа, но и во многу други области, едноставно, не се можни!
Второ, отворањето на поглавјата во текот на преговорите ќе наметне нова дебата, дебата за стандардите и за репери, за она што ќе предизвика драматични промени во македонското општество. На долга патека, тие помени ќе доведат до општествено одговорно, цивилизирано однесување и поведение во сите области на живот. Но, дали сме спремни за такви промени, сега и веднаш?
Јас мислам дека не сме. Секој од нас ќе треба да ги смени своите сегашни (лоши) навики, почнувајќи од оние навидум најбаналните (неодговорното раководење со отпадот од домаќинствата и дивеењето во сообраќајот, на пример), завршувајќи со најкрупните и најболните – корупцијата, непотизмот и лошото владеење. Лошите навики ќе мора да ги замениме со добри. А тоа има да боли. И воопшто нема да биде едноставно. Нема граѓанин што нема да ги почувствува тие промени, кои ќе бидат и во конфликт со популизмот, како доминантна политичка филозофија и практика во Македонија во последните петнаесеттина години.
Затоа, јас сум убеден дека не постои друга шанса да дојде до такви длабоки и сеопфатни промени, без жестокиот притисок што ќе се наметне со отворањето и со затворањето на поглавјата во преговорите. Да ги потсетам повозрасните, а младите да научат нешто: имено тоа се случи во Бугарија и во Романија, а подоцна и во многу поразвиените Словенија и Хрватска – притисокот во преговорите роди евроскептизизам и жестоки отпори. Можам да замислам како ќе изгледа тој конфликт во Македонија и во Албанија, како нашите политичари популисти, загрижени само за освојување и за зачувување на власта, ќе ги доживуваат и преживуваат тие промени.

После датумот – перформанс на одврзаните песови?

И трето, тажен факт е дека Македонија ќе влезе во процесот на преговори длабоко поделена. Власта сѐ уште се занимава со битка со ветерниците од минатото и кипти од желба со него брутално да се пресмета. Дури јавно беше најавено дека после датумот ќе следи таа жестока пресметка, една оргазмичка одбрана од „нападите врз демократија“, како финално решение. Опозицијата, пак, сака да ги искористи слабостите на власта во многу области, за да предизвика предвремени избори. Како капак на сѐ, соседните земји членки на ЕУ најавуваат обиди да наметнат свои услови и се закануваат со блокади на нашиот пат кон Брисел.
Да биде неволјата поголема, сето ова се случува во време на крупни корупциски и криминални скандали, кои сепак нема да може да се покријат со никаква пропагандна акција, не со евтин триумфализам и со бултериерски атаци врз критичарите на власта, со тој бесмислен перформанс на одврзаните песови од „првата борбена линија“. Убаво изгледа тоа вака, на прв поглед, нешто како едно големо киндер јајце – одозгора шарено и чоколадно заблажено, а внатре празно, со евтина изграчка за залажување на наивните и недоветните.
Општ е впечатокот дека владата во Скопје недоволно вешто се соочува со сопствените маани и лошо ги менаџира процесите, додека првиот мандат се ближи кон својот крај. Тој впечаток го споделуваат и странците. Затоа, поставувањето сет од конкретни задачи, во периодот до почетокот на преговорите, но и непосредно по него, треба да се разбере како неопходна помош за Македонија. Ќе биде тоа помош за фокусирање на владата и на опозицијата на приоритетните прашања и за креирање на иницијална енергија за суштинските промени, како и за редуцирање на конфликтите во општеството. Претпоставувам дека освен за владата и за опозицијата, ќе има и задачи и за другите важни општествени фактори.

Време е за нови луѓе, овие се истрошени и искомпромитирани

Еден таков синџир-дисциплинка околу вратот на Македонија, во овој историски важен момент, може да придонесе за поставување нови правила за политичко поведение, од кои ќе се водат новите политички елити, новите лидери на промените. Тие, од сега па во текот на идната деценија, ќе мора хокеарски да ги заменат актуелните политички гарнитури, искомпромитирани и истрошени во меѓусебните непродуктивни политички кавги. Не врви веќе она „дајте други деца“. Некој ќе мора да каже – дајте нови, способни и посветени луѓе, да ја водат државата.
Ете затоа, јас велам дека Брисел со Македонија не треба да „преговара“, туку, за почеток, да ја „приведе“ на преговарачка маса. Потоа да ѝ определи строг и продолжен „притвор“ (поради опасноста да избега од преговорите, меѓу другото), а подоцна, по конечната и правосилна „пресуда“, граѓаните на оваа земја и нивните лидери да се соочат со моментот на вистината, со условите за живот, со редот и поредокот во најсовремената установа на планетава за обнова, рехабилитација и прогрес на пропаднатите општества.
Ве верувам дека некои од денешните воспалени евроентузијасти тогаш ќе го планираат своето „Бегство од Шошенк“, но нацијата ќе преживее и ќе дочека да ужива во благодетите на новото време. Надеж ми дава еден факт којшто на сите ни е познат – сите оние 600.000 и повеќе Македонци што ја напуштија татковината, при преселбата во земјите членки на ЕУ дома си ги оставија старите лоши навики (на нив им текнува само кога ќе дојдат дома или кога зборуваат и се караат за Македонија). Тие брзо се интегрираа во тамошните општества и фала му на бога, слушам дека напредуваат.
Такви ќе бидеме сите кога Македонија ќе стане членка на ЕУ. Ќе живееме како гастарбајтери во сопствената земја. Ќе си изградиме едно етно-село, таму некаде во некое Свирипичино, за да имаме да појдеме кога ќе нѐ фатат будалите, да се опиваме и да се сеќаваме колку ни беше забавно и убаво кога си бевме во „она“ време на големата пизма, кога си бевме малечки Милице…



Се додека Македонија не спроведе лустрација според Резолуцијата 1096 НЕСМЕЕ ДА ДОБИЕ ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ!
01-10-2019, 11:55 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:ДОБИВАЊЕ НА ДАТУМ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИ САМО ЌЕ ГО ПРОДОЛЖИ БЕЗАКОНИЕТО, КРИМИНАЛОТ И КОРУПЦИЈАТА

[Image: 84bd8bd55711fc1be7650ea3945868c3_L.jpg]

Јордан Петровски 02.10.2019
Ја прочитав колумната, или поточно, пропагандниот памфлет на Героски Македонија мора да се „приведе“ во ЕУ!, колумна која има за цел да не убеди дека само со давањето датум за почеток на преговори со ЕУ е можно Македонија да стане демократска и правна држава која ке ги гони криминалот и корупцијата. Героски заборава дека ЕУ минатата година, кога нели Заев се пофали дека добил датум за почеток на преговори, на Заев му ги постави следниве услови:
 
-реформи во судството, истраги, обвиненија и правосилни пресуди за корупција и организиран криминал, вклучително и оние на високо ниво;
-реформи на разузнавачките и безбедносните служби;
-реформа на јавната администрација.
 
Од тие услови Заев не исполни НИТУ еден!
 
Героски се обидува да ни продаде дека многумина од нас „нису из ту“, па не знаат дека Героски четириесетина години е на браникот на комунистичкиот тоталитарен систем!! Да ни продаде  дека за Дип Стејтот кој ја владее Македонија датумот за почеток на преговори не ке е само плус на нивното конто за да не променат ништо и да продолжат да владеат.
Да не заборавиме, преговорите  за влез во ЕУ не се временски ограничени а тоа е рај за Дип Стејтот и нивниот до перфекција разработен систем Курто - Мурто и формирање едно чудо нови партии пред избори!
Геровци, Борјановци, Дерали, Кабрановци и армијата на млади „новинари“, која ја испили кој друг ако не демократите над сите демократи, Милчин и Героски ке бидат вклучени на најсилно да не убедуваат дека преговорите течат и дека приемот во ЕУ само што не се случил, дека власта блеска и дека е ПРВА во Светот а ние ке гледаме дека ШЕСТА на Балканот по демократијата, борбата против криминалот, корупцијата, почитување на човекови права и слободи. Општествено политичките работници и нивниот подмладок ке ни обзнаат по некоја коруптивно-криминална афера која никогаш нема да биде докрај испроцесуирана како онаа на Бучковски, кој и покрај правосилна пресуда со години не оди на издржување на казната!! 


 
[Image: 1.jpg]
 
[Image: 0.jpg]


И сега во колумната Героски вели, не!!, за истрошени и искомпромитирани политичари, време било за некои нови дечки или како што вели Героски „нови, способни и посветени луѓе“!! Па зар Богоевски, Туфегџиќ, Манчевски, Ременски, Кирацовски, Јанева, Мира дизел, Јовевски,.... не беа нови, способни и неистрошени дечки и девојки?
Дали кога говори Героски за „нови, способни и посветени луѓе“ мисли на Милчин, Најчевска, Пировска, Калаџиев, Фрчкоски, ....... или пак ке понудат некои ананимуси кои се испилени во СОРОСОВИОТ либерален инкубатор воден од Милчин за да тие „млади и неистрошени“  бидат фигури за пред јавноста а вистинските креатори на политиката, ке бидат луѓето кои овие 30 години успешно го зачуваа тоталатираниот едноумен комунистички систем, односно го реинсталираа Дип Стејтот! 

Затоа време е да му се каже на Героски дека неговите лаги и манипулации не поминуват веке!! 
Героски во колумната смета дека сите се со кратко паметење па лесно ке ја проголтат оваа лага:

Quote:Може ли да се зборува за реформи во земја во која водечки политичари, интелектуалци, па дури и професори, го занемаруваат значењето на правилата на игра, на пропишаните постапки и процедури, изразувајќи јавно дури и оправдување за политичкиот волунтаризам, како алатка на „револуционерната правда“, заради реализација на некаква „кауза“?
Не, драги мои, без жесток притисок од ЕУ, суштински реформи во оваа, но и во многу други области, едноставно, не се можни!
 
За да го дематира Героски моето тврдење дека цитираното е лага се надевам дека Героски ке одговори кој ги аминуваше овие кршења на Устав, закон, деловник:

-Нелегитимниот избор на Таљат?
-Неуспешниот референдум да биде прогласен за успешен?
-Купувањето на пратеници за да се изгласа смена на уставот?
-Амнестирањето на „терористи од 27.04“ за да се изгласа смена на уставот?

Ако заборавил Героски да го потсетам тоа го стори ЕУ заедно со Бејли, потмомогната од Општествено Политичките Работници во медиумите, селектирани и обучувани во времето на едноумието!! Медиумски работници кои не убедуваа и убедуват и нас и ЕУ дека НЕУСТАВНО прислушкување имало само во време кога ВМРО ДПМНЕ е на власт.

Додека Милчин стана најжесток бранител на името па дури најавуваше и заминување во шума со пушка да го брани името, Героски ја доби улогата носител на објавување на најголемиот коруптивен скандал, РЕКЕТ ! Од кои причини го сториа тоа Милчин и Героски? Јас сум убеден дека причините лежат во градење на имиџ дека Милчин е борец националист а Героски е борец против криминалот, корупцијата и нормално е емисарите од ЕУ да ги контактираат Милчин, кој нели згора на се бил и прогонуван како ШЕЕСЕТ И ОСМАШ во времето на Тито а по тито како „граѓанска десница“ и Героски од чие перо треперат криминалците и рекетарите во Северна ......
Да потсетам се е тоа веке видено!! 
 
Затоа ке цитирам дел од два мои текста!!

-БРИСЕЛСКИТЕ СЛУЧУВАЊА
 
Quote:Случувањата од минатата недела на панел дискусијата „Silencing the Press“ се последица на погрешната политика на ЕУ кон Македонија. Имено, за изминативе дваесет години, Еворпската Заедница не изврши притисок врз ниедна власт во Македонија да раскине со комунизмот. Истата грешка ја повторивте и вие сега Господин Фуле со вашите изјави за осуда на едната страна во „спорот“ во споменатиот циркуски скандал.

На мое големо разочарување, Вие застанавте во одбрана на луѓе кои заедно со нивните ментори се главните виновници поради кои во Македонија нема демократија и нема демократски медиуми. Нивниот однос кон демократијата резултираше со премиер и власт олицетворена во Никола Груевски. Борбата на формално две спротивставени страни е всашност внатрешен судир помеѓу идеолошки исти луѓе. Вие, со Вашето вмешување во спорот суштински браните недемократи од недемократи, комунисти од комунисти. Ако навистина сакате да ѝ помогнете на Република Македонија да тргне по патот на демократијата и владеењето на законот тогаш обидете се да проникнете во суштината на проблемот. Обидете се да разберете дека „демократите“ кои ги штитите се истите лажни дисиденти кои протестираа против Тито и таканаречените цревени буржуи. Тогаш менторите на денешниве квази-новинари не бараа демократија и човекови слободи, туку беа лути на Титовото скршнување од комунистичкиот пат. Значи, тие беа комунистички радикали. Превејаниот манипулант Тито им даде звучно име, нарекувајќи ги „анархо либерали“, а со името им додели и возвишени титули на професори, режисери, писатели, глумци итн. Тие и нивните деца денеска се чувари на комунистичкиот Свет Грал. Така во 1990. год. на Македонија ѝ се случи предвесници на демократијата, и наводни борци против комунизмот да бидат професори по марксизам и „анархо либералите“ на кои Тито им го остави аманетот да го сочуваат комунизмот .

Господине Фуле комунизмот кон своите вистински противници секогаш бил немилосрден казнувајќи ги со ликвидации, прогон, затвори, атентати на кариери, економско уништување и бришење на секаква трага за постоење на такви луѓе. Дали такви луѓе гледате во едната или во другата група? Нема Господине Фуле. Вистинските поборници на демократијата и борци за раскин со идеолошкото едноумие Вие и Евроамбасадорите не можете да ги сретнете во Република Македонија. Тие луѓе денеска се или душевно или буквално умртвени. За нив квази-новинарите кои ги земате за ваши штитеници никогаш не напишале збор. Треба да се запрашате зошто овие „демократи“ кои наводно сега се обесправени не проговорија јавно до ден денеска за прогонот на ИДЕОЛОШКИ И ПОЛИТИЧКИ НЕИСТОМИСЛЕНИЦИ НА РЕЖИМОТ што продолжи со несмалена жештина и по воведувањето на повеќепартизмот во Македонија. Доказ за оваа мое тврдење се преку 4.000-те досијеа кои Тајната полиција ги отворила на ИДЕОЛОШКИТЕ И ПОЛИТЧКИТЕ неистомисленици (на Режимот), единствените вистински поборници за демократија и почитување на човековите права на единката. Тоа за преоблечените комунисти е смртен грев. Кога ќе споредите досие отворено во времето на едноумието со досие отворено во времето на безумието, после 1991. год.—време на лажниот повеќепартизам, ќе видите ист вокабулар и исти причини за прогон. Во тие досијеа и случувањата околу нив е доказот дека ова што го доживуваме денес е ништо друго освен внатревежимска пресметка; односно практично олицетворение на желбата на Груевски да воспостави контрола врз целото комунистчко семејство и да стане нов Тито.

Зошто го велам ова? – Лустрацијата која ја спроведува Груевски е строго контролирана. Овој процес се става исклучиво во функција да послужи како задскривање на вистинското решавање на проблемот со употребата на Тајната полиција во партиски и идеолошки цели. Меѓутоа, внимавајте од ова погоре да да не стекнете погрешен впечаток дека досега лустрираните не биле соработници или пак дека се општо невини.
 

-  ОТКАКО ГОСПОДИНОТ ВАНХАУТЕ СТАНА ДРУГАРОТ ПЕРО ЗАБОРАВИ ДЕКА ЗБОРОТ Е ЗБОР:
 
Quote:Секогаш пред човек да направи вистинско дело од лукавиот добива понуда да го избере патот по кој ке тргне и се разбира до која цел ке стаса, дали ке стаса до целта да остане запишан во историјата како човек кој направил големо дело или ке го избере патот кој води до целта да остане запишан во историјата како човек кој заради некои ситни погодности го изневерил сопствениот збор, сопствена појдовна идеа, а таа беше СМЕНА НА СИСТЕМОТ. Господинот Вaнхојте лукавиот го стави на искушение нудејки му дружба со Фондацијата Отворено Опшетство Македонија. Превејаните комунистички манипулатори од ФООМ му понудија на господинот Ванхауте слава, почнаа да го канат на трибини кадe му даваа простор да говори, медиумите платени од ФООМ секој ден пишуваа за тоа што рекол Ванхауте. Дали само настапите на трибините, написите во весниците беа причина господинот Ванхауте да заборави на зборот кој го дал, СМЕНА НА СИСТЕМОТ и да стане ДРУГАРОТ Перо во комуњарската братија на ФООМ не би сакaл да шпекулирам.
 
Ако ЕУ  постапи како што бара Героски, да даде датум за почеток на преговорите без разрешница за истрагите за РЕКЕТ, за Рашковски, за Рекет 2, ..... тогаш ке е јасно дека ЕУ штити криминал, корупција , недемократија!! И таква ЕУ, заедно со власт и опозиција во Македонија кои 30 години не се справија со комунизмот, кој е главен промотор на недемократијата, криминалот, корупција во Македонија не и се потребни на Македонија!
Затоа сите оние кои и мислат навистина добро на Македонија ке се против добивање на датум за почеток на преговорите!! 
Државите кои направија вистинска разделба со комунизмотичкиот ситем каде што Дип Стејтот -полициско политичкото подземје е и судија и обвинител и бранител, спроведоа лустрација!! Ги отстранија од политичкиот живот, од медиумите, од образованието оние кои на тие места дошле поради својата морално политичка подобност кон едноумниот комунистички систем и кои се докажале во овие 30 години како верни чувари на тој систем. 
Се додека Македонија не спроведе лустрација според Резолуцијата 1096 НЕСМЕЕ ДА ДОБИЕ ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ! А лустрација не можат да спроведат оние кои би ги опфатила лустрацијата.
Убеден сум дека Героски и неговите соборци побргу би испиле цијанид одошто да се заложат во Македонија да се спроведе лустрација, барем за периодот после 1991 година.

Еве една потврда за демократскиот капацитет на Героски!!

[Image: Geroski-2012.png]


За да се избориме за власт која ке спроведе лустрација мора да ја натераме постоечката или следната власт да донесат:

- Враќање на мнозинскиот изборен модел;
- Нов закон за влада, закон кој ке овозможува малцинска влада, а тоа значи победникот на изборите да формира САМОСТОЈНО влада;
- Закон кој ке забрани постизборно коалицирање. 
Единствено оружје со кое можеме да се избориме постоечките политички партии да донесат вакви измени е БОЈКОТ на парламентарните и на локалните избори!!
02-10-2019, 10:54 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Политичка алтернатива ќе има и таа жестоко ќе ве погоди, другарчиња!

Бипартизмот во Македонија е во претсмртна агонија. Клуч за изборите во 2020 година ќе биде како да се обезбеди што поголема партиципативност на граѓаните во политичкиот живот. Тоа двете големи политички партии, за жал, сега не можат да го обезбедат. Време е за нови идеи, за нови партии и за нови луѓе во политиката.

Бранко Героски - 05/10/2019 21:24
Македонија е длабоко потоната во разочараност и во политичка апатија. Последните анкети на јавното мислење, покрај драматично зголемената недоверба во институциите, во политичарите и во државата воопшто, ги потврдија проценките дека сегашниот потенцијал за излезност на следните парламентарни избори е под 30 отсто. Бипартизмот е во претсмртна агонија. Со таква излезност, двете најголеми политички партии во земјава не можат да се надеваат дека ќе постигнат резултати со кои ќе можат да формираат легитимна и функционална влада.
Тоа е вистинската причина поради која СДСМ ја покрена кампањата „На прав пат“. Веројатно некој ќе се сети дека во мојата колумна под наслов „Граѓаните раскарани, мафијата обединета, а другарчињата ќе терале кампања!?“, јас уште пред две недели ја најавив оваа кампања. Тогаш нагласив дека намерата граѓаните да се убедат на животот да погледнат низ розови очила е бесмислена. Исто така, предупредив дека дел од таа пропагандна акција на власта ќе биде обидот за континуирана дифамација и за систематско поткопување на кредибилитетот на личности од јавниот живот, за кои се смета дека со своите критики на владата на Заев придонесуваат за драстичниот пад на нејзината популарност. Таа акција сега е во полн ек, недоквакани денунцијанти и некадарници шират лажни вести и говор на омраза во медиумите кои сѐ поотворено се декларираат како „перјаници на СДСМ“, а кампањата вирално се шири и на социјалните мрежи.
Според моите очекувања, јас сум на таа листа за отстрел на „непријателите“ на новата власт. Ја известувам јавноста дека во овој момент против мене се употребуваат и мерки на следење, за што веќе известив надлежни функционери, претставници на две новинарски здруженија и претставници на три амбасади на влијателни земји членки на НАТО. Токму денеска дојдов и до првиот материјален доказ за таа шпионска активност, за што ќе известам кого треба уште во текот на утрешниот ден. За ова, засега толку. Повеќе откако ќе го добиеме толку очекуваниот датум за почеток на преговорите со ЕУ.

Слабостите на политичкото клонирање

Многу поважно е што дел од акцијата на власта е и обидот да се разгорат конфликтите во опозициската ВМРО-ДПМНЕ, со цел да дојде до отцепување на една фракција во посебна политичка партија, наречена Македонски концепт. На чело на таа фракција, како што е познато, пропагандата на СДСМ би сакала да го види успешниот кавадаречки градоначалник Митко Јанчев, заедно со Никола Тодоров, со поранешниот министер за надворешни работи Никола Поповски, а можеби и со сегашниот – Никола Димитров. Тројца Николовци во еден пакет, дали е тоа можно?
Формирањето политички клонови на ВМРО-ДПМНЕ е дел од традицијата на оваа партија во деведесеттите години. Прескромните резултати на партиите клонови на изборите можат да се објаснат со ограничувањата на процесот на политичко колонирање како таков. Проблемот произлегува од фактот што политичките клонови преземаат дел од членовите, симпатизерите и од гласачите на матичната партија, со тоа објективно ѝ нанесуваат политичка штета, но за себе не прават ништо добро, бидејќи политичкиот профит оди главно на контото на главниот политички конкурент, СДСМ. Дури ни една маркантна политичка фигура, каква што беше Љубчо Георгиевски, со својата ВМРО – Народна партија, не успеа да се наметне како политички фактор кој ќе го загрози бипартизмот.
Мојот впечаток е дека агилниот Митко Јанчев, иако без доволно политичко искуство поради својата младост, инстинктивно чувствува дека мора да биде претпазлив во најавите и дека претходно мора добро да ги извага шансите за успех на новата партија што би била формирана, а во која тој би бил водечката фигура, во споредба со можностите оваа фракција сепак да најде заеднички јазик со раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Причина повеќе за тоа е одличниот резултат на ВМРО-ДПМНЕ на последните претседателски избори, што навестува и успех на парламентарните избори. Не е случајно тоа што во своето последно интервју за порталот Фактор, Јанчев прво зборува за „вразумување“ и за „соединување“ во својата матична партија, а дури потоа за можноста за формирање нова партија. Извесно е дека многу скоро лидерот Христијан Мицкоски експлицитно ќе го прифати Преспанскиот договор како непобитен „правен факт“ (како што тоа го стори Гордана Силјановска Давкова во претседателската кампања) и дека уште поекслицитно ќе се дистанцира од груевизмот, со што „реформаторите“ ќе ја изгубат основата на својот бунтовнички наратив.
СДСМ, пак, нема традиција на политичко клонирање од ваков вид, но има историја на претворање на своите традиционални политички сојузници во класични политички сателити, кои во политичките пазарења, посебно по последните избори од 2016 година, секогаш добиваат помалку од новите сомнителни партнери, неопходни за да се создаде политичко мнозинство. НСДП на Тито Петковски, на пример, денес речиси и да не постои, а слушам дека никој не сакал да се пријави за лидер на партијата. А како и да биде поинаку, кога ДОМ на Лиле Поповска, на пример, или Амди Бајрам, добија повеќе концесии од традиционалните партнери на СДСМ, вклучувајќи ја тука и Либерално-демократската партија на младиот Горан Милевски? Посебна приказна се грдите предавства и измами на лидерите на сојузничките партии на етничките малцинства, при што Заев отфрли неколку докажани сојузници, за да се пазари со некои нови, крајно спорни ликови.
Имам впечаток дека гледајќи во дворот на противникот, СДСМ ја занемарува опасноста од предизборен распад на својата коалиција. Освен тоа, веќе долго време се занемарува и револтот на многу поранешни истакнати членови, активисти, пратеници и функционери на СДСМ, кои настрадаа во битката против „бранковизмот“. Конечно, Заев ја потценува и опасноста во погодни околности, при евентуална криза во партијата, на вонреден или редовен изборен конгрес да биде сериозно предизвикан и од кандидати за лидерската позиција од своето опкружување. Забележувам повеќе луѓе од сегашното раководство кои не се лично засегнати од актуелните девастирачки корупциски скандали што ја тресат власта, луѓе што вредно работат и си го подобруваат сопствениот имиџ, па се прашувам – има ли некој од овие луѓе лидерски амбиции? А зошто би немал? Зошто не во партија во која лидерот буквално од ракав „кооптира“ дури и партиски потпретседатели?

Нови партии, нови идеи, нови личности

Нејсе, да дојдеме и до клучната теза на оваа анализа. Значи, да, во Македонија се создадени идеални услови за појава на нови политички формации, слично како и во 1998 година, кога Васил Тупурковски ја создаде Демократска алтернатива, освои тогаш фантастични 120.000 гласови и се наметна како партнер на ВМРО-ДПМНЕ во поделбата на извршната власт. Во политиката празен простор не постои. Од друга страна, не, не постои сериозен потенцијал т.н. трета опција да се создаде од разочарани, „бунтовни“ или „реформаторски“ фракции во ВМРО-ДПМНЕ и во СДСМ. Дури од нив и да се создадат нови политички партии, тие нема да го пополнат сега празниот простор, туку ќе грабаат од матичните партии и ќе им нанесуваат штети, веројатно не преголеми.
Како тогаш ќе се роди политичката алтернатива? На два начина.
Првиот начин е формирањето нови политички партии, од страна на луѓе кои не се членови на двете големи партии. Не мора тоа да се апсолутни почетници во политиката – и не треба, нека простат младите, но неисукството сепак не е предност – важно е тоа да се луѓе кои во последната деценија и половина, за време на режимот на Груевски и во време на мандатот на новата власт, не биле политички експонирани и така и искомпромитирани. Ете, веќе се појави првата таква партија, под името Твоја партија и во неа, покрај адвокатот Александар Тортевски, се и актерката и активистка Ирена Ристиќ, професорката Мирјана Најчевска и други видни јавни личности. Јас лично ја поздравувам појавата на партијата на Тортевски и веднаш ѝ нудам простор за јавна промоција на нејзините програмски определби. Очекувам во скора иднина да се појават уште партии, кои ќе ја зголемат понудата на политички идеи и концепти, како и понудата на нови ликови во македонската политика. Сесрдно ќе го поддржам тој процес на освежување на јавната политичка сцена, зачмаена во безидејност и задушена од простачки популизам.
Вториот начин за збогатување на политичката сцена со алтернативни формации е можноста дел од политичките сателити на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ да се охрабрат, да ги откажат сојузништвата од кои сега немаат никаков посериозен ќар и да се обидат да се наметнат како самостојни политички претенденти, со сопствени програмски и идеолошки идентитети. Тоа беше невозможно во 2011 година, кога ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ вршеа силна мобилизација на своето членство, не оставајќи празен простор за алтернативата. Тоа беше невозможно и во 2014 година, кога натпреварот беше изборна кланица, по што СДСМ го бојкотираше парламентот. Тоа не беше можно ни во 2016 година, кога Заев и СДСМ ги мобилизираа сите политички сојузници и целиот граѓански сектор, во пресудната револуционерна битка против груевизмот. Но, тоа ќе биде возможно сега, на изборите во 2020 година. Возможно и нужно, бидејќи потенцијалот на двете водечки македонски политички партии да ги совладаат недовербата на граѓаните и политичката апатија е сведен практично на нула.
За почеток, типувам на ЛДП. И покрај некои внатрешни судири, оваа партијата има идеална шанса да ја напушти орбитата во која бесцелно кружи околу СДСМ, да се екипира со искусни волци, но и со млади девојки и момци, идни ѕвезди на македонската политика, идеолошки да ја редефинира својата позиција во политичкиот центар, да подготви радикално нова и привлечна предизборна програма, да се ребрендира и да тргне во битка за освојување на симпатиите на избирачите. Потребно е само либералдемократите да престанат да играат „на ситно“ и да ја видат големата слика. При тоа, да бидам јасен, не ја исклучувам можноста и некои други политички партии да ни приредат такви изненадувања. Напротив.

Наместо бипартизам, што поголема партиципативност

Какви се шансите на алтернативците при ваков изборен модел?
Многумина велат дека изборниот модел е фатално ограничување за новите партии и за независните кандидати. Тоа не е точно. И јас, како и многу други, предивидувам дека големите партии нема да го менуваат сегашниот модел, за да ги задржат предностите на бипартизмот. Сепак, можно е ВМРО-ДПМНЕ да изненади и порешително да се приклони кон идејата за изборна реформа. Но, дури и тоа да не се случи, дури и без изборна реформа, политичкатата алтернатива ќе има голема шанса на следните избори. Во таков случај, новите партии, се надевам, ќе ја препознаат потребата да направат сојуз (или сојузи) и со здружени сили да освојат што повеќе гласови, за конечно да му зададат силен удар на бипаризмот.
Во таа смисла, интересен е примерот од последните избори во Шпанија, во април годинава. После изборите, традиционалниот бипартизам во оваа земја престана да постои, а појавата на алтернативни политички странки, лево и десно во политичкиот спектар, придонесе излезноста на изборите да биде огромни 75,7 отсто. Се разбира, збогатувањето на политичката сцена ја усложнува поличката игра, а тоа предизвикува тешкотии да се обезбеди стабилна извршна власт. Но, ајде да се прашаме – дали бипартизмот обезбеди стабилно и реформско владеење во Македонија? Не. Според тоа, клучот е во тоа да се обезбеди што поголема партиципативност на граѓаните во политиката, а тоа двете големи политички партии, за жал, сега не можат да го обезбедат.
Затоа, предвидувам дека политичката алтернатива ќе се појави на македонската политичка сцена и таа опасно ќе ве погоди, другарчиња! Кај многумина од вас тоа ќе предизвика нервоза. Но, за Македонија тоа секако ќе биде добра вест. Како што напишав неодамна, преговарите меѓу Македонија и ЕУ ќе придонесат за поставување нови стандарди за политичко поведение, од кои ќе се водат новите политички елити, новите лидери на промените. Актуелните политички гарнитури, искомпромитирани и истрошени во меѓусебните непродуктивни политички кавги, не се способни да се носат со предизвикот. Секоја чест на досегашните борци и за нивните напори, какви и да беа нивните „каузи“ и „добри причини“, но доаѓа време кога нови, способни, реализирани и посветени луѓе мора да се вклучат во водењето на државата кон подобра иднина.
06-10-2019, 08:58 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,133
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

(02-10-2019, 10:54 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:ДОБИВАЊЕ НА ДАТУМ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИ САМО ЌЕ ГО ПРОДОЛЖИ БЕЗАКОНИЕТО, КРИМИНАЛОТ И КОРУПЦИЈАТА

Дали кога говори Героски за „нови, способни и посветени луѓе“ мисли на Милчин, Најчевска, Пировска, Калаџиев, Фрчкоски, ....... или пак ке понудат некои ананимуси кои се испилени во СОРОСОВИОТ либерален инкубатор воден од Милчин за да тие „млади и неистрошени“  бидат фигури за пред јавноста а вистинските креатори на политиката, ке бидат луѓето кои овие 30 години успешно го зачуваа тоталатираниот едноумен комунистички систем, односно го реинсталираа Дип Стејтот! 



(06-10-2019, 08:58 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Политичка алтернатива ќе има и таа жестоко ќе ве погоди, другарчиња!

 Ете, веќе се појави првата таква партија, под името Твоја партија и во неа, покрај адвокатот Александар Тортевски, се и актерката и активистка Ирена Ристиќ, професорката Мирјана Најчевска и други видни јавни личности. Јас лично ја поздравувам појавата на партијата на Тортевски и веднаш ѝ нудам простор за јавна промоција на нејзините програмски определби.
06-10-2019, 09:02 PM
Reply