Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 6 Vote(s) - 4 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ
Author Message
Marko_Polog Offline
Member
***

Posts: 86
Joined: Jan 2010
Reputation: 6

Ubavo se izjasni sokoli, Ete ne ke mozhesh da zhiveesh pod srpska kontrola(posto imash informacii deka Makedonija pak ke bide pod srpska okupacija) i ke mora da otcepuvate del od Makedonija, pa sega da te prasham...do kolku Makedonija ostane samostojna znachi nema nishto od krizi ponatamu so albancite? ke ide nekoj pak vo planina ko vo 2001 ama vie lojalnite albanci vo Makedonija ima krvta majcina da im ja ebete i toa so sve Makedonsko zname, taka ili?
08-12-2010, 04:14 AM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23

Quote:ПСИХОЛОШКИ ИГРИ

ЗАКАНИ ЗА АТЕНТАТИ

И веќе кога сме на темата за македонската емиграција и како таа е виновна за се’ што не чини во Република Македонија, не можеме да останеме рамнодушни на веста од насловната страница на "Дневник" од 2. декември. Насловот гласеше "За Црвенковски смртни закани од Австралија".

Заканата? - СМС порака од недостапен телефонски број од Австралија до службен мобилен телефон на редкцијата на "Дневник" која гласи:

"Порака до македонскиот народ. Да се изврши убиство на комунистот Бранко Црвенковски. Убиството да се изврши итно и смислено во Скопје. Тоа го бараат Македонците во Австралија, Канада и во Америка".

За секој човек со два грама ум – значи тука веднаш може да се отфли Васко Ефтов, кој ја промовираше оваа "закана" во неговата емисија – оваа "закана", воопшто не е закана.

Во "заканата", која е всушност повик за дело, нема ниту цена за главата на Црвенковски. Ебате тоа цициите од дијаспората! Не пишува дека постои план да се изведе убиството, туку е барање, изразување на желбата на некој очигледно "забеган", недоквакан, а можеби и пијан дежурен Газолизач, кој се надева дека со сторенава "акција" ќе се докрепи до некое звање во заграничниот комитет на ДПМНЕ, а со тоа можеби и до вратоврска со лавче.

Од друга страна, пак, земајќи го предвид фактот дека пораката стасала само до весникот "Дневник", поверојатно е дека се работи за некаков обид да се долее масло на огинот кој се разбесна благодарение на настаните на "Перо Наков" бб. Народот треба да се замае дека, еве, сега, Бранко е мета на можен атантат! Оваа "закана" се' повеќе ни ги погрева сомнежите дека Циркусот со А1 ТВ имаше за цел да ја поврати актуелноста на двата водечки блока на македонската политичка сцена.

Како? - Преку кревањето на тензиите, оние кои ги влечат конците се надеваат дека емоциите на омраза ќе превладеат, и повторно ќе зборуваме за ДПМНЕ против СДСМ. Очајни обиди да се повампири рејтингот на Гробарот. Повторно изборот ќе биде помеѓу поголемото и "помало" зло. На ова беа приморани поради бројот на македонски граѓани кои повеќе немаат доверба ниту во едните, ниту во другите.

Затоа, "Дневник" екпресно исфрли анкета која вели рејтинзите на ДПМНЕ и СДСМ се покачени за идентични 3,2%?! Согласно, рејтинзите и на сателитите-лажни Опозиционери, се покачени за по 1-2%, додека неопределените паднале за цели 12%! Сето ова и немаше да биде толку сомнително да не се случи два дена после објавувањето на овие зборови на нашата страница:

"Но, во неуспехот на посакуваниот бунт се случи уште една многу важна работа, која остана занемарена - падна уште една маска: онаа за веродостојноста на политичките анкети, т.е. рејтинзи. Имено, според сите анкети од последниве година-две, рејтингот на СДСМ, лебди некаде околу 10-15% од македонското гласачко тело. Тој рејтинг би бил еквивалентен на 150.000-200.000 гласачи. Доколку на оваа бројка се додадат и рејтинзите на сателитите на СДСМ, слободно може да се смета на уште 50.000 полнолетни македонски граѓани.

Значи, оние кои се обидуваа да кренат бунт на 25. ноември, според анкетите, требаше да имаат помеѓу 200.000 и 250.000 поддржувачи. Реално е да кажеме дека, доколку овие бројки се веродостојни, тогаш требаше да видиме барем 20.000-30.000 луѓе кои ќе излезат во поддршка на "заточениците" во А1 ТВ. Ако не вечерта, тогаш на некој од последователните митинзи кои ги организираше лажната Опозиција. Не треба да ви соопштам дека на сите овие настани имаше по неколку шаки луѓе, кои, познавајќи ги практиките на македонските политички партии, најверојатно се истите поедници кои само се шлепаат од еден митинг на друг.

Според тоа - можеби малку шпекулативно од наша страна, но - не е комплетно лудило доколку претпоставиме дека вистинскиот рејтинг на целата лажна Опозиција е во рамките на 2-5% од гласачкото тело. Следејќи ја оваа претпоставка, тогаш, можеби и рејтингот на владеачката коалиција е далеку под дваесет и петте проценти, како што анкетарите истиот го претставуваат. Тоа можеби не значи дека поддршката е кај некое трето политичко тело - но дава надеж дека македонскиот народ ја согледува вистината дека ниту една од двете водечки опции (со се' нивите сателити) не се решнието за нашата Татковина." ("Одоговорности")


Поткрепа на оваа констатација и' даде и последниот митининг на СДСМ, на кој едвај се собраа 15.0000 луѓе.
08-12-2010, 05:44 PM
Reply
sokoli Offline
Senior Member
****

Posts: 620
Joined: Feb 2010
Reputation: 27

(08-12-2010, 04:14 AM)Marko_Polog Wrote: Ubavo se izjasni sokoli, Ete ne ke mozhesh da zhiveesh pod srpska kontrola(posto imash informacii deka Makedonija pak ke bide pod srpska okupacija) i ke mora da otcepuvate del od Makedonija, pa sega da te prasham...do kolku Makedonija ostane samostojna znachi nema nishto od krizi ponatamu so albancite? ke ide nekoj pak vo planina ko vo 2001 ama vie lojalnite albanci vo Makedonija ima krvta majcina da im ja ebete i toa so sve Makedonsko zname, taka ili?

Srpska pokraina nikogash nema da stanam toa neka e jasno.Vo samostojna makedonija nikogash nema da otidnam veqe vo pllanina bidi siguren.Toa shto treba da stane ke stane vo urbana sredina pa i vo samiot parllament.A toa shto ke stane ke bide llustracija na allbanski nacin.Nema da gi ostavime tie mlladi i cesni allbanci da se prevrnat vo grob dodeka nivnite egzekutori uzhivat vo bllagodetite na raznite vlladi.Vremeto ne ni go vetuva toa vo momentot.Imame nashi celli allbanija da vleze vo eu.A posle toa da sme zhivi i zdravi bideiki kaj nas osim slluzhbenite zakoni postojat i drugi zakoni koi se besmrtni.A toa znaci krvta se pere samo so krv.A ovoj pat ke potece allbanska krv.Toa ni go ostavill vo amanet lek dukagjini.Sve mozhe da se oprosti mashki samo izdaja ne.Shto znaci deka za izdajnici nema besa.Za toa krizi ne ocekuvaj nema da ima vo samostojna makedonija, misllam na oruzheni buntovi.A likvidacii da.Ako nekade po nesreqa umrelle starite shpiuni imat deca imat sinovi imat vnuci slednite ke ja pllatat smetkata.
08-12-2010, 09:22 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,452
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

Quote:Sve mozhe da se oprosti mashki samo izdaja ne.Shto znaci deka za izdajnici nema besa
Aplauz
An inch today is tomorrow’s mile.
09-12-2010, 03:33 AM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,452
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

Quote:Нема замена за Бранко во СДСМ, барем засега
[Image: 7E9DFE445BFF0E459AE44E0BB14AD0F8.jpg]

За идниот сдсмовски премиер ќе се разговара пред смената на власта

Александра М. Митевска


Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, можеби нема повторно да биде премиер, ако неговата политичка опција победи на следните парламентарни избори, но се' уште е рано да се каже кој, во таков случај, би ја предводел новата левичарска влада. За можниот наследник (од сдсмовските редови) на Никола Груевски на „Илинденска“ би можело да се разговара дури тогаш кога ќе стане извесна смената на власта, односно непосредно пред избори и кога промените во рејтинзите на водечките партии ќе станат позабележливи. Ова го тврдат високи партиски извори, откако поранешниот шеф на државата уште еднаш стави на знаење дека премиерската функција веќе не е толку голем предизвик за него. Во емисијата ХО, на Канал 5, Црвенковски рече дека тој не мора да биде премиер, но оти мора да биде тука за да се порази Груевски. Црвенковски уште еднаш повтори и дека ќе се повлече од политиката ако СДСМ ги изгуби следните избори. Но, прашање е што би претставувало пораз за СДСМ, односно дали за пораз би се сметала ситуација во која ВМРО-ДПМНЕ би освоила најмногу пратенички места, но не доволно за да формира влада?

Зоран Јовановски, Радмила Шекеринска, Стевчо Јакимовски... се лицата околу кои најчесто се плетат шпекулации за можен наследник на Црвенковски. Јовановски се спомнува како ново лице во политиката и како истакнат економист, а Шекеринска, поради дебелото политичко портфолио и наводното затоплување на релациите со Црвенковски, иако таа во една пригода изјави дека не е дел од дворските игри во СДСМ за нов премиер. Јакимовски, пак, се посочува како експониран политичар со своја база, иако неодамна тој во изјава за „Утрински весник“ тврдеше дека нема амбиции за премиерската фотелја.

Но, според наши информации, на ниедна од спомнатите личности досега не и' била понудена кандидатура за премиер ниту, пак, такво нешто се планира во догледно време, особено откако ВМРО-ДПМНЕ ја отфрли опозициската иницијатива за предвремени избори во почетокот на следната година, а Груевски најави дека планира двобој со Црвенковски во редовниот термин, односно најрано за 15 месеци. „Да го прашате Љупчо Георгиевски кога одлучил да го протежира Груевски за свој наследник, сигурно би кажал дека тоа било еден-два месеца пред охридскиот Конгрес, кога тој си поднесе оставка од лидер на ВМРО-ДПМНЕ“, коментира функционер на СДСМ. Според него, сосема нормално е такви одлуки да се носат во последен момент, бидејќи во политиката околностите се менуваат со голема брзина, а со избрзани решенија само му се отвора простор на противникот да ги дискредитира кадровските потенцијали на спротивниот табор. Тоа, истовремено, е и едно од образложенијата зошто СДСМ се' уште не ја промовирал најавената влада во сенка, покрај тоа што се' уште не се знае кој би бил нејзин премиер.

Сепак, ако се суди според досегашните изјави на Црвенковски, тој се' уште не ја отфрла децидно можноста повторно да биде премиер. Деновиве, на пример, во соопштение од СДСМ (контра говорот на Груевски пред Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ) се наведува „Црвенковски повторно ќе го предводи народот, а ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да се соочи со гневот на сопствените граѓани“...

Ако СДСМ победи на наредните избори, а Црвенковски навистина реши да не се враќа на „Илинденска“, тогаш би се наметнале и други прашања: Дали тој воопшто ќе биде носител на изборна листа на СДСМ? Дали ќе остане пратеник во Собранието? И најважното, дали ќе му ја препушти на новиот премиер и лидерската позиција, бидејќи социјалдемократите веќе имаат едно лошо искуство со премиер што не беше член на партиското раководство? (A.M.M.)

Оваа низа може да се промени во И по Бранко - Бранко.....Јуниор
An inch today is tomorrow’s mile.
(This post was last modified: 22-12-2010, 12:56 PM by montehristo.)
22-12-2010, 12:55 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,763
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



Quote:И Црвенковски е Би-би-си


Што треба да стори Груевски за СДСМ да седне назад во парламентот? Да му ги одмрзне сметките на Рамковски? Да го ослободи од притвор? Да им пее приспивни песни на сите осомничени, да им ја чита „Пепелашка“, да им измисли нов рецепт за „смоки“, да ја ангажира едната половина од сопствена партија како рамо за плачење поради нивната клета судбина?


В о Вајмарска Германија, во време на една од најголемите инфлации што било кога владееле во една земја, поранешен војник, сиромашен како црковен глушец, станал богат благодарение на берзански шпекулации засновани на секојдневното паѓање на курсот на германската марка. Парите ги трошел по кафеани, богати јадења, луксузна облека, честења на војничките пријатели со кои во ровот јадел од иста лажица завиткана во немиен чорап и, се разбира, на убави жени и скапи накити и бунди за нив. И мислел дека тоа му е дадено од Господ, како црвената коса и убавото лице, бидејќи претходно веќе двапати го спасувал од сигурна смрт на фронтот. Затоа, кога му кажале дека ќе се воведува златна марка, дека на инфлацијата и дошол крајот, тој едноставно не сакал да верува. „Тоа би значело дека јас ќе осиромашам, а тоа не е можно. Германија може да пропадне, јас не!“, врескал црвенокосиот. До наредниот ден!
Изгледа, така и во Македонија, не е можно социјалдемократите да се помират со ситуацијата дека во овој момент, ако државата остане стабилна, тие уште извесно време ќе бидат главна, но сепак безначајна опозициска група, чии шанси за враќање на власт во мир се еднакви на нула. Барем во скоро време. И решија да плачат наоколу, за да ги молат да се вратат во Собранието. Ама не знаат кој услов треба да им биде задоволен за да го сторат тоа.

И навистина, што треба да стори Никола Груевски за СДСМ да седне назад во парламентот? Да му ги одмрзне сметките на Велија Рамковски? Да го ослободи од притвор? Да им пее приспивни песни на сите осомничени, да ги гали навечер по косата, да им ја чита „Пепелашка“, да им измисли нов рецепт за „смоки“, да ја ангажира едната половина од сопствена партија како рамо за плачење поради нивната клета судбина?

Бранко Црвенковски не го кажал условот. Неговата партија исто така. Не заради друго, туку затоа што тие немаат услов. Освен еден - Македонија да се дестабилизира, за да можат да повторат некое сценарио од 2001 година, кога без избори седнаа во владините фотелји.

Притоа, беспредметно е да се објаснува дека ако судијата не ја замрзнеше сметката на ТВ А1, ќе ги оштетеше доверителите, со што не само што ќе се најдеше на листата за разрешување на Судскиот совет туку и самиот ќе заглавеше во Шутка поради сторен криминал. Беспредметно е да се објаснува дека секоја компанија, макар била и новинарска, не смее да ја користи својата работа како параван за дејства што се предмет на кривична постапка. Како што е беспредметно да се објаснува дека во случајов не станува збор за тоа каква е Владата, каков е Груевски, туку дали државата ќе ги почитува сопствените закони или не.

„Би сакал да го видам тој маж што ќе му соопшти на народот дека името му е сменето“, говореше Црвенковски пред некоја година. А ние би сакале да го видиме мажот Црвенковски, кој ќе собере храброст и ќе и каже на јавноста дека бара државата да замижи над црните пари на Рамковски и дека ако не го стори тоа, нему не му останува ништо друго освен насилно да ја освои власта. Ако може во Тунис, во Египет, зошто не и во Македонија? Дали мал број пати токму тој и неговите пулени имаат кажано дека во Македонија владее диктатура? Зошто тогаш се крие зад Велија, како што пак Велија се крие зад едно чудо свои директори и соработници? Машки е, нели, да излезе и да му каже на народот која му целта. Зашто него го влече премиерската фотелја, го влече моќта, илјадниците луѓе што уште од врата влегуваат со подвиен ‘рбет за што поубаво да ја бакнат папската рака, го влечат и тендерите, парите што стојат зад нив, цитостатиците и стентовите, шлеперите и желбата другите да ги гледа како жаба. Но изгледа најмногу од сé го влече желбата да им одработи на странците и да и помогне на жална Грција да си ја зачува својата ексклузивна тапија над името Македонија. Што и не мора да се сфати лошо. Да му помогнеш на ближниот свој, а странците нам отсекогаш ни биле блиски, е главна цел на постоењето на Црвенковски. Го нема ли тоа, празен му е животот.

Затоа тој се обиде да му помогне и на Велија уште во ноември, па макар тоа значеше некој полицаец или наивен демонстрант да загине. Затоа им се најде при рака и на тутунарите, кога овие го каменуваа парламентот, затоа таму некаде во ноември се обидуваше да му помогне на ДУИ да излезе од Владата на Груевски. Сé за општо добро, сé за доброто на овој напатен народ, кој треба само малку да го поткрепи неговиот напор. Ако може со некоја жртва, би било најдобро.

Така ќе може да ја просветли и британската опозиција, која час поскоро треба да го стори истото што и тој, откако Би-би-си поради кризата реши да ги затвори своите редакции на повеќе јазици, меѓу кои и на македонскиот. Кампањата „И јас сум Би-би-си“, во секој случај, би требало да почне од Бихачка и потоа да се префрли пред Даунинг стрит број 10. Има и симболика - зар не беше од неговите кујни лиферувана злобната забелешка за блискоста меѓу Дејвид Камерун и македонските власти? Со тоа, Македонија ќе стане препознатлив бренд во светот како извозник на демократски револуции, а Црвенковски ќе го заземе своето место во светската гарнитура на великани. Зашто тој одамна ја надмина Македонија.

Автор: Дарко Јаневски
01-02-2011, 04:21 PM
Reply
goran16ta Offline
локал патриот
***

Posts: 118
Joined: Oct 2010
Reputation: 8

Црвенковски и Ахмети се договориле да се почне војна во Македонија, тврди лидерот на АНА

http://www.ohridon.com/m-vesti/3793-2011...05-53.html
Costumed2
Pishtoldzija
12-02-2011, 10:21 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1

(12-02-2011, 10:21 PM)goran16ta Wrote: Црвенковски и Ахмети се договориле да се почне војна во Македонија, тврди лидерот на АНА

http://www.ohridon.com/m-vesti/3793-2011...05-53.html
Costumed2
Ова се стари вести горан16та.
Туку соколи, каде го броиш Црвенковски, на српската страна? И што со оние Албанци кои коалицираат со неговата партија ако БЦ е српски човек?

---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
13-02-2011, 06:37 PM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12

(13-02-2011, 06:37 PM)МрачниотКоњаник Wrote:
(12-02-2011, 10:21 PM)goran16ta Wrote: Црвенковски и Ахмети се договориле да се почне војна во Македонија, тврди лидерот на АНА

http://www.ohridon.com/m-vesti/3793-2011...05-53.html
Costumed2
Ова се стари вести горан16та.
Туку соколи, каде го броиш Црвенковски, на српската страна? И што со оние Албанци кои коалицираат со неговата партија ако БЦ е српски човек?

Ако е српски човек значи не треба да коалицира со Албанци?

14-02-2011, 02:15 AM
Reply
goran16ta Offline
локал патриот
***

Posts: 118
Joined: Oct 2010
Reputation: 8

(14-02-2011, 02:15 AM)Nikola Wrote:
(13-02-2011, 06:37 PM)МрачниотКоњаник Wrote:
(12-02-2011, 10:21 PM)goran16ta Wrote: Црвенковски и Ахмети се договориле да се почне војна во Македонија, тврди лидерот на АНА

http://www.ohridon.com/m-vesti/3793-2011...05-53.html
Costumed2
Ова се стари вести горан16та.
Туку соколи, каде го броиш Црвенковски, на српската страна? И што со оние Албанци кои коалицираат со неговата партија ако БЦ е српски човек?

Ако е српски човек значи не треба да коалицира со Албанци?


Коњаник знам дека се стари вести но ги немаше на форумот тука Icon_wink

Никола овај и со самиот ѓавол би коалицирал за да дојде на власт па да не те залажува тоа дека е србин или нешто слично Nee_taka
Pishtoldzija
14-02-2011, 02:18 AM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12

(14-02-2011, 02:18 AM)goran16ta Wrote:
(14-02-2011, 02:15 AM)Nikola Wrote:
(13-02-2011, 06:37 PM)МрачниотКоњаник Wrote:
(12-02-2011, 10:21 PM)goran16ta Wrote: Црвенковски и Ахмети се договориле да се почне војна во Македонија, тврди лидерот на АНА

http://www.ohridon.com/m-vesti/3793-2011...05-53.html
Costumed2
Ова се стари вести горан16та.
Туку соколи, каде го броиш Црвенковски, на српската страна? И што со оние Албанци кои коалицираат со неговата партија ако БЦ е српски човек?

Ако е српски човек значи не треба да коалицира со Албанци?


Коњаник знам дека се стари вести но ги немаше на форумот тука Icon_wink

Никола овај и со самиот ѓавол би коалицирал за да дојде на власт па да не те залажува тоа дека е србин или нешто слично Nee_taka

Знам, затоа и прашав, кај него нема ни националност ни идеја туку едно и единствено-власт. Илузорно е да се верува дека Б.Ц. би направил нешто од идеолошки или национални причини, како и повеќето од политичката сцена.
14-02-2011, 02:59 AM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1

(14-02-2011, 02:15 AM)Nikola Wrote: Ако е српски човек значи не треба да коалицира со Албанци?
Не дали БЦ ќе коалицира со нив, ако е српски човек дали Албанците ќе коалицираат со него? Виза ви целиот муабет на соколи за пресметка со предавниците и беси итн...

---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
14-02-2011, 05:03 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,763
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Интервју на Бранко Црвенковски:



ПРВ ДЕЛ


ВТОР ДЕЛ


ТРЕТ ДЕЛ
14-02-2011, 02:58 PM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12

Кој лаже Б.Ц. или Бучко?
00:07-00:15



20-02-2011, 05:15 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,763
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Предизборни соништа

Сите премиерски адути на Бранко Црвенковски


[Image: 8A0B7C21B4A828479EDEAC994369476D.jpg]

Во тајните одаи на владеачката партија чиј Пи-Ар суверено гази во предизборието и прикажува филм дека ВМРО-ДПМНЕ ќе протатни како јапонските Шинкансен возови низ гласачките кутии во мај или во јуни, во последно време се плетат бабарога приказни за кадровската инстант моќ на опозицијата, очигледно наменети да им всадат страв в коски на подгоените вмровски партиски стаорци, кои треба да ги земат политичките мотики в раце и да го копаат теренот, зашто изборите не може да се сметаат за однапред завршена приказна.

Во тие визии и политички митови, кои вмровците си ги прераскажуваат на партиските чајанки - не се тоа конзервативните tea parties од САД со набиена идеолошко-политичка агенда, туку дневнопартиски безделнички кафе - шмукања - клучно место зазема наводната намера на Бранко Црвенковски, пред изборите да излезе со шокантно натпартиско, наднационално, натполитичко и надиеолошко име, за можен иден премиер на Македонија! Име кое може да го засени античкиот патриотизам на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, да ја стави во шише макро-економската и бизнис-агенда на власта, да ја архивира и овековечи антиквизацијата, но да ја антиципира и да ја навести ведрата евро-атлантска иднина, да го реши името и да ги пацифизира Грците, да потсети на славното минато, евоцирајќи спомени за убавите времиња, да ја гарантира иднината!

Но, дали е ова можно?

Рака на срце, велат злите јазици, најголемиот шок што Црвенковски може да ~ го приреди на власта, е драматично и епохално да се повлече од лидерската позиција на партијата, да објави дека нема веќе што да бара на избори штом еднаш бил на македонскиот Олимп, штом го кренал од пепел ничкосаниот СДСМ и сега ги презира скриените намери на противникот кој не се либи да мава од сите дозволени и недозволени оружја, да му соопшти на народот дека не сака повеќе во заложништво да ја држи партијата и иднината на генерациите штом власта решила да оди на избори, а тој - Црвенковски лично, односно неговото исчезнување од политиката - ~ е најголемото алиби и највредната легитимација зошто ВМРО-ДПМНЕ сака вонредно и предвремено да ги одмерува силите!

Значи, ако изборот на Б. Ц. е неславно политички да загине и да замине од историјата поразен до колена од човекот кого го поддржуваше во битката за политичкиот трон 2006-та - Никола Груевски, да ги бојкотира изборите однапред квалификувајќи ги како нефер и недемократски, односно да не ги признае изборните резултати како наместени и режирани, или, пак, достоинствено да се повлече оставајќи ги партиските другари да се борат за своето заслужено место под македонското сонце исчистени од неговата лична транзициска хипотека, тогаш - што да се прави?!

Сепак, лидерот на СДСМ не би бил каков што е, фајтер и градски мангуп - иако се излажа во своите инсајдерски информации дека премиерот нема шанси да распише избори - ако освен блефот, во машката битка за премиерскиот трон не разгледува и поинакви сценарија.

Ма не, не е работата во тоа Црвенковски да ја предаде партиската или опозициската штафета комплетно во рацете на натпартиска фигура, каков што е предлогот на неколкумина загрижени левичари кои избегаа од неговиот политички двор и би сакале режимот на Груевски да го урнат со широка коалиција од типот на српски Отпор, згора на тоа албанско-македонска! Таков предизборен сојуз едноставно не е можен, не особено ако се знае дека ДУИ е за што побрзо интегрирање во НАТО и ЕУ преку обединување со своите браќа од Албанија и Косово, со кантонална или федерална опција на Македонија, а не директно - со брзо решение на спорот околу името, какво што, за волја на вистината, не нуди ниту опозицијата.

Лидерот на СДСМ, барем така думаат вмровците, имал намера да лансира и етаблира политичка фаца - изненадување за иден премиер на Република Македонија, во случај тој да биде во позиција да формира влада!



Со „антички“ Американец против власта

Меѓу кандидатите кои најмногу ~ создаваат грижи на владеачката партија, како што дознава Публика, е и човекот кој претставува иселенички шлаг на бизнис-патриотската торта - Мајк С. Зафировски, Македонец кој живее во САД, член на бордот директори на американската мега-компанија за производство на авиони - Боинг и поранешен главен извршен директор на Моторола и Нортел (на Интернет можат да се пронајдат контроверзни информации за неговиот успех да ја „оправи“ компанијата Нортел), човек кој поранешниот претседател на САД, Џорџ Буш, во јули 2007 г. го именуваше за член на Националниот советодавен комитет за телекомуникациска безбедност.

Иако токму поради тоа би било можеби пологично Мајк (Миле) Зафировски (роден во Скопје 1954, емигрирал во САД - 1969 г.) кој ~ припаѓа на иселена Македонија и важи за донатор и финансиер на Републиканската партија, да е поблиску до патриотската десница во Македонија отколку до левицата, факт е дека уште пред Груевски и ВМРО-ДПМНЕ да дојдат на власт, него го шармираше - Бранко Црвенковски! По престојот на „папата“ во Торонто, инспирирана е канадско-американската бизнис-организација „Македонија 2025“ чиј шеф е Мајк Зафировски. Случајот сакаше токму славната мисла на поранешниот американски претседател Џ. Ф. Кенеди, во македонска парафраза - „Не прашувај што може Македонија да направи за тебе, прашај што можеш ти да направиш за Македонија“, да ~ кумува на нивната блиска средба.

„Беше тоа пролетта 2005 г. и токму претседателот Црвенковски кој потсети на оваа славна мисла за време на својот говор пред македонската заедница во Торонто - пишува авторот на веб сајтот “Macedonia 2025“. Претседателот Црвенковски повлече бројни споредби со ирската дијаспора и нејзиниот ангажман во пресвртот на ирското стопанство, со потенцијал и ресурси што постојат во македонската дијаспора. По крајот на говорот, јасно инспириранот Џон Битов сениор, брзо ги собра другите членови во публиката и ја засили пораката на претседателот. Беше време дијаспората да одговори на повикот и да ја одигра својата улога во градењето на попросперитетна Македонија. Заедно во таа група беа - Мајк Зафировски, Митре Кутановски, претседателот Црвенковски и Џон Битов Јуниор. Желбата да се помогне не се доведуваше во прашање...!“

„Македонија 2025“, како што се вели на веб-сајтот на оваа организација, е проект во чие срце е економскиот развој на Македонија и директните странски инвестции, промоцијата на транспарентна власт и корпоративните практики, создавањето клима за претприемаштво, залагањето за нови ставови за компетитивноста и желбата од Македонија да се направи капија за регионалните пазари.

Извонредни амбиции!

Всушност, дружината на Џон Битов (1928), бизнисмен и контроверзен македонски лобист и пријател на Киро Глигоров од почетокот на 90-тите години на минатиот век, долгогодишен мирјанин во бугарска црква во Торонто и човек, за кого Бугаринот Ѓорѓи Младенов изјави дека го платил погребот на Анте Павелиќ, е врската на оваа македонска дружба. Зафировски во 2006-та е во зенитот на својот успех, а во ноември 2006-та Џон Битов му организира гала прием во негова чест во хотелот Fairmont Royal York во Торонто, каде што свири и Симон Трпчевски, а Битов во својот говор го величи Александар Македонски, додека скулптор од Скопје на Мајк Зафировски му врачува релјефна скулптура со ликот на Александар! Премногу античка и десничарска дружина за вкусот на Б.Ц.!?

Зафировски веднаш потоа доаѓа во Македонија, каде што е примен и од Груевски и од Црвенковски, го посетува Бунарџик и ветува помош за странски инвестиции... Но удира кризата, а Македонија 2025 нема резултати... Како да има „со ваква влада“, би рекол Б.Ц.!

Како и да е, сите информации говорат дека Мајк Зафировски, кого и покрај неколку испратени пораки не можевме да го лоцираме, наводно не ја прифатил оваа хипотетичка понуда на Црвенковски. А зошто би ја прифатил?!

Зафировски веројатно е доволно свесен дека каква било патриотска екскурзија од светскиот бизнис во македонската политика може само да ја извалка својата бизнис-кариера и да заврши уште помалку славно од српскиот милијардер Милан Паниќ, кој дојде за премиер во Србија во раните деведесетти кога требаше да ја крепи милошевиќевата диктатура со холивудска илузија за странски инвестиции и американски сон за гладната и опустошена српска нација. Паниќ тогаш доживеа јавно исмевање од српските медиуми и од политиката, малку поради својот лош српски јазик, а малку повеќе поради идиличната слика на каминот и топлиот калифорниски дом кој потсетуваше на легендарниот американски актер Џон Форсајт (Блејк Керингтон) и првата голема ТВ сапуница што го освои Балканот - „Династија“!

А замислете, каква „античка инсталација“ би претставувал Мајк Зафировски во битката на Б.Ц. против ВМРО - александриска! И каков нож в грб за Грците, кои одамна го ставија на листата на македонските националисти - бизнисмени во САД!



Тивкиот професор од Виена


Вториот или можеби првиот по блискост, избор на Црвенковски кога би играл на политичкиот сентимент на Македонците, но и на ерудицијата, на кроткоста и благоста на македонскиот човек, на сетата и емоцијата на народот и на „жалта за младост“, е д-р Владимир Глигоров, син на единствениот досегашен татко на нацијата - Киро Глигоров (пак Киро!) кому Македонците му даваа безрезервна поддршка - до 80 и 102, 3 отсто, човек кому до пред неколку години с` уште му се мереше рејтингот во анкетите за најпопуларните политичари каде што ги маваше сите други „мочковци“.

Нема ден, а извори блиски до СДСМ, да не ја прошетаат приказната дека токму Владимир Глигоров, тивкиот професор од Институтот за меѓународни економски студии од Виена, е можниот адут на Црвенковски за експертски премиер од увоз. Причината за тоа многумина ја гледаат во професионалната дружба на Црвенковски со Глигоров кога Бранко ненадејно стана претседател на Македонија (пролетта 2004 г.) откако авионот на Борис Трајковски мистериозно заринка во Мостар. Владимир Глигоров тогаш, летото 2004 г., беше промовиран во советник за стратегиски прашања на претседателот. А каков беше ефектот од неговото советникување денес не може со сигурност да се тврди, но факт е дека тој требаше да направи студија за развој на Македонија со посебен акцент врз вработувањето...

Друг поранешен советник на Црвенковски за Глигоров вели дека ја нема харизмата и отвореноста на својот татко Киро и дека не е човек што би можел да биде обожуван од народот. Но да биде експерт-премиер кој знае економија - може! Згора на тоа, на Владимир Глигоров политиката не му е воопшто далечна. Во декември 1989 г. тој беше основач на Демократската партија на Србија. Глигоров е редовно присутен во медиумите во Белград (објавува колумни во Блиц), малку поретко кај нас, а неговите текстови на својот сајт ги презема и Чедомир Јовановиќ, лидерот на српските либерал-демократи кој го смета Глигоров за свој економски гуру. Владимир Глигоров своевремено ја критикуваше владината политика на стабилизација во Македонија и советуваше напуштање на фиксниот курс на денарот, нешто што подолги години функционира токму во Србија.

Малкумина сметаат дека Глигоров би прифатил политички предизвик во Македонија. Да е Србија во прашање - велат, и така и така. Тој никогаш не живеел овде, македонскиот јазик, иако мајчин, го говори со тежок штипски дијалект (говори англиски, француски, германски...), а странпатиците на македонската политика можеби и ги следи однадвор, но мислите ли дека може да влезе во политичка битка внатре? Социјалдемократите одмавнуваат со рака - Б.Ц. само фрла шашми! Публика се обиде да го контактира Глигоров, но деновиве не беше достапен.



Олигарсите именуваат премиер!

Уште кога лидерот на опозицијата згрме дека конечно ја стегнал СДСМ и таа излегла од распадот кој самиот ~ го приреди и ја дрмаше с` додека Црвенковски се одмараше во претседателската фотелја, во јавноста почнаа да се предат приказни дека тој навистина нема намера, дури и да победи на некои наредни избори, повторно да биде премиер. Не сакал веќе самиот да ја спасува Македонија од вмровската јурија, ќе му ја дадел палката на друг, неизвалкан човек од редовите на професионалците, од политиката или од бизнисот.

Три имиња тогаш се свртеа во кулоарите. Првото беше поврзано со човек од бизнис - фелата. Приказната велеше дека „папата“ наводно побарал од „своите“ олигарси - посилна финансиска поддршка за клапнатата СДСМ да може колку-толку да ~ парира на власта, а оттаму му збрмчиле - в ред, ама за возврат, ако дојдеш на власт, Бранко Азески, претседателот на Стопанската комора, да биде идниот премиер! Рекол ли Бранко - пеки, или тоа е само легенда што ја пренесуваат од астал на астал - и вмровците и „комунарите“, сега веќе не е воопшто важно.

Некогашниот прв младинец во социјализмот кој е современик на Б.Ц. во политиката, денес смета дека можноста некој од бизнис заедницата да стане премиер е закопана во времето кога со Македонија премиеруваше личниот пријател на Црвенковски - Хари Костов.

Тогаш се виде дека политичкиот аматер, кој најпрвин ја зеде полициската палка в раце за да се одмаздува, а потоа седна во жешката фотелја во коцката крај Вардар, не можеше да ја свари прозаичната корупција на министерот за транспорт и врски од што зависеше опстанокот на коалицијата со УЧК, тогаш излезена од војна. Чистиот Хари тогаш си поднесе неотповиклива оставка и стана урнек на политичката наива во Македонија. Мораше ли да стане премиер, се прашуваа аналитичарите, за да се соочи со суровата вистина дека нема политика без криминал и корупција!

Азески вели дека доколку некој од бизнис заедницата сака да стане претседател на владата, ќе треба прво да влезе во политичка партија и да поработи подолго време за да може да се кандидира на избори. Иако Македонија не е совршена демократија, изминативе две децении, смета тој, таа е доволно политички созреана за да прави експерименти со експерти, бизнисмени, политички аматери во премиерската фотелја. Претседателот на Стопанската комора уште нагласува дека актуелната влада има потези во полза на бизнис заедницата и крупниот капитал - намалување на данокот на добивка, легализација и продажба на земјиштето итн., што значи дека интересите на бизнисот може да се остваруваат и преку застапување од страна на комората.



Луѓе од потесниот личен круг


Стево Пендаровски, советникот на двајца поранешни претседатели, сега професор по меѓународна безбедност и надворешна политика на Американ колеџот во Скопје, се наоѓа во врвот на пиковите на драфтот на СДСМ за највисокиот пост во некоја нивна идна влада. Член на дипломатскиот совет на СДСМ, Пендаровски никогаш не бил партиски кадар. Партиските форуми всушност никогаш не му биле терен за лично докажување. Пендаровски својот професионален ангажман долго го градеше во МВР, а таму остана и по доаѓањето на вмровската власт - 1998-та, кога министерката Доста Димовска го задржа во својот кабинет како професионалец иако се сметаше дека е левичар. Од таму тој и продолжи во Кабинетот на претседателот Трајковски.

Кога лани се прошушка дека Пендаровски може да биде еден од неговите изборни адути, Б.Ц. наводно ги молел своите новинарски интимуси да не го проституираат во јавноста неговото име, за да не се извалка. Всушност, иако релативно млад и младолик, Пендаровски има прегрмено многу војни. И вистински и дипломатски. Како советник за безбедност на Борис Трајковски беше негова десна рака за време на воената 2001 г. Тој му асистираше на претседателот во мачните дискусии со странските емисари, со олеснувачите, со бриселските авторитети - од НАТО и ЕУ, со вашингтонските посредници. Сведок е на драматичните седници на државниот Совет за безбедност, на преговорите за решавање на кризата во скопско Арачиново, на Охридскиот рамковен договор...

Пендаровски беше со Бранко Црвенковски во Даблин, дента кога загина Трајковски, па дури некои лошонамерници му забележаа зошто отпатувал во Ирска, а не во Мостар, иако тој замина на ова патешествие токму како претставник на претседателот Трајковски за Македонија да ја врачи апликацијата за членство во ЕУ. Пендаровски уште од тоа време изгради свој имиџ во меѓународниот дипломатски свет. Неговото име често се споменува во круговите на странските амбасадори како исклучителен кадар кој треба да биде на висока позиција - во СДСМ или во државата. Црвенковски го подготвуваше и за амбасадор - да беше жив Трајковски секако и самиот ќе го испратеше - но Груевски тогаш не сакаше да ја одобри листата со неговото предложено име.

Професорот за Публика вели дека не се гледа себе си на функцијата премиер. Тој истакнува дека неговата експертиза е во меѓународната политика, безбедноста и дипломатијата и смета дека идниот премиер мора да има пошироки познавања од областа на економијата, бизнисот, зашто најголем дел од обврските се токму тоа. Информирани социјалдемократи, сепак, ја убедуваат Публика дека Стево Пендаровски е високо на кадровската листа на Б.Ц. Ако се наместат коцките, тој секако може да биде министер за надворешни работи.

Градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски, министер за економија и за труд и социјала во владите на СДСМ од 2002-2006 г., поранешен либерал-демократ и социјалистички младинец од времето на Азески и Црвенковски, е секогаш во кругот на имињата кои се споменуваат за највисока функција во некоја идна влада на сегашните опозиционери.

Причината за тоа е неговиот фајтерски карактер, сличен на оној на Црвенковски, а конечно и блискоста со лидерот на СДСМ, наспроти неговото долгогодишното членство во партиите од центарот. Јакимовски конечно ќе ја прекине таа политичка фарса, особено откако ќе ја загуби битката за претседател на ЛДП и ќе му се придружи на СДСМ, овојпат од позицијата градоначалник, за веднаш да биде промовиран во претседател на обновената градска партиска организација.

Градоначалникот на Карпош (во два мандата) е вистински политички бојовник на опозицијата. Тој е еден од најзаслужните за доведувањето во прашање на вистината за продажбата на ОКТА и улогата на премиерот Груевски како министер во поранешната влада на ВМРО-ДПМНЕ во овозможувањето фантастични бенефиции што ги доби грчкиот газда на рафинеријата. Како и за секој друг дојденец од страна и за Јакимовски меѓу долгогодишните партиски членови има озборувања за неговото експресно вивнување во партиските височини. Сепак, аналитичарите сметаат дека „дојденецот“ покажува многу поголема политичка виталност, знаење и умешност да се справи со организираните напади на власта, од другите стари членови и активисти во СДСМ. А Карпош, меѓу другото, е единствениот полиитички остров на опозицијата во главниот град, кој треба да ја докажува граѓанската, либерална ориентација на скопјани, наспроти народната, популистичка матрица со која Груевски ги држи во својот политички атар.



Прва дама во премиерска фотелја?

Високо на листата за можна прва и единствена дама на „Илинденска“ бб од опозицијата секако е Радмила Шеќеринска. Таа е потпретседател на Социјалистичката интернационала, каде што членува и СДСМ, чиј шеф е грчкиот премиер Јорго Папандреу. Постојано ја фалат странските дипломати во Скопје и во Брисел, особено од времето кога како потпретседател за евроинтеграции во Владата на Бранко Црвенковски придонесе за кандидатски статус на Македонија во ЕУ. Шеќеринска е претседател на Националниот совет за евроинтеграции и ревносен борец за европската агенда на Македонија.

Рада ја имаше најтешката задача на предвремените парламентарни избори 2008-та да му се спротивстави на Никола Груевски, кој тогаш помина како фурија абејќи ја патриотската карта од грчката блокада за нашиот прием во НАТО на самитот во Букурешт. Во очите на своите сопартијци, таа деновиве е морален победник на изборите, зашто сметаат оти Груевски тогаш победил со лага. Како и да е, Шеќеринска тогаш му порачуваше на премиерот да излезе на ТВ дуел и да не се плаши од „женска сукња“, иако беше јасно дека изборите ќе ги загуби. Колку се сменија работите во СДСМ, што денес, токму премиерот е тој што го повикува лидерот на СДСМ да излезе на избори и да не се плаши! Не може да има поинаков заклучок одошто да се рече дека Рада е поголем маж и од Б.Ц.! Оние што му мислат добро на СДСМ велат дека нејзиниот чесен пораз на тие избори не морало да резултира со оставка зашто таа беше меѓу ретките надежи за нов, модерен СДСМ. Но, завршувањето на претседателскиот мандат на „папата“, беше причина, тој да си постави „местобљустител“ - чувар на тронот - Зоран Заев, за во 2009-та година триумфално да се врати како спасител. Шеќеринска, навистина, тогаш беше понижена и тргната на страна, но не влезе во кавга и достоинствено прифати да не биде во врвот на партијата.

Дали Б.Ц., доколку СДСМ формира влада, овојпат би ~ укажал шанса да биде премиер на Република Македонија? Меѓу социјалдемократите, мислењата се поделени. Едни велат дека мачоизмот на лидерот на социјалдемократите и своеглавоста на Шеќеринска би можеле да бидат пречка таа да ја добие премиерската „лотарија“. Други, пак, се уверени дека Бранко всушност и нема подобар кадар, поодговорен, повеќе етаблиран во меѓународната политика и подобро прифатен од обичното граѓанство, политичар без валкани алишта и без афера зад себе и затоа не може да биде заобиколена. Шеќеринска доби доверба од ОБСЕ/ОДИХР да претседава со меѓународните набљудувачи на изборите во Казахстан во април годинава, откако помина слично искуство во Киргистан. Беше несигурна дали ќе замине и на тој начин подолго ќе отсуствува од Македонија. Причината не е толку поради тоа што ќе отсуствува од партискиот конгрес на СДСМ, колку поради претстојните избори - можеби во меѓувреме ќе се решаваат и кадровски прашања, а таа сака да ги следи настаните!

Оние што одблизу го познаваат Црвенковски, велат дека доколку тој одлучува за премиер, би се определил за личност која ќе му биде докрај лојална и послушна, човек кого може да го строи и престројува, да го чати и отчетува. Такви луѓе има неколкумина во врвот на СДСМ - потпретседателите Зоран Заев, Зоран Јовановски, генералниот секретар Андреј Петров, Игор Ивановски - Шема... Но сите тие имаат свои вредности и политички хендикеп (види рамки)

Црвенковски, велат извори во СДСМ, сепак не е опседнат со изборот на можен премиер од редовите на партијата. Сега бара излез од политичкиот ќорсокак, надевајќи се дека ќе се случи чудо, изборите да бидат одложени, тој да има вистинско оправдување да ги бојкотира, или некој (меѓународната заедница) или нешто да го сруши режимот на Груевски, за тој да ја спаси својата политичка кариера. Во таков грч не се размислува рационално, ниту за банални кадровски прашања, а не пак за премиер.

Зоран Димитровски



Нема толеранција за провинцијализмот на Заев

Главниот финансиер на социјалдемократите, струмичкиот градоначалник Заев самиот си ги изарчи своите шанси за каков било државен политички врв. Не е во прашање само тоа што Б.Ц. го помилува кога беше осомничен за криминал. Криминалот не беше докажан, а одговорноста ја презеде „папата“. Поголем проблем се недугавите гаф изјави за потребата од „виткање на кичмата“ пред Грците за да го решиме спорот за името, за „јадењето живи луѓе“... Но, најмногу од с`, причината зошто младиот бизнисмен од Струмица не игра високо во Скопје, е што СДСМ е дефинитивно партија на скопски шминкери, на елитисти кои не можат да толерираат таков силен атак на провинцијализам, дури тој да доаѓа и од главниот партиски финансиер.



Шема е арогантен, Андреј - тешко до највисока функција

Зоран Јовановски е добар економски експерт, но има нула политичка харизма и не се лепи ниту за камери, ниту за народ. Јавноста не може да го разбере. Игор Ивановски - Шема, од клон на Црвенковски израсна во голем говорник, поткован напаѓач на власта, радикален народен трибун. Но Шема делува арогантно. А без ѕвезда, тешко е да се владее. Андреј Петров е умерен техно-бирократ кој му е безрезервно лојален на Црвенковски, натепа добро искуство како градоначалник на Карпош и шеф на ЗЕЛС, но социјалдемократите проценуваат дека и покрај фактот што има значаен партиски пост - генерален секретар, тешко би можел да се добере до највисока функција во власта.
#
08-03-2011, 03:59 PM
Reply
NACIONALIST Offline
Senior Member
****

Posts: 485
Joined: Dec 2009
Reputation: -11

Aj da ve raspolozam so edno pesnice





09-03-2011, 01:38 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,763
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



Quote:Надеж 2“ со конкретни докази


Македонската јавност денеска сеуште ја бранува објавата за новиот корупциски скандал од страна на Кабинетот на поранешниот претседател Бранко Црвенковски, во кој 530.000 евра биле исплатени на приватна фирма за комуникациски менаџмент „Пристоп МК“, за организација на Охридскиот Самит на претседатели, кој траеше ден и половина.

[Image: vrednost-nadez2.jpg]
vrednost-nadez2

Во истражувањето и документите до кои дојдовме, се појавуваат фрапантни податоци и факти за судир на интереси, како и за финансиски малверзации од страна на подписниците на договорот чиј предмет бил “осмислување и реализација на активност“, а склучен бил на 7 април, 2008 година, за сума од 32,729.673,00 денари или повеќе од 532,000 евра.

Првиот факт кој недвосмислено покажува за судир на интереси и класично форсирање на одредена компанија, е податокот што како еден од основачите на “Пристоп МК“ се појавува режисерот Игор Иванов - Изи, син на новинарот Зоран Иванов, своевремено советник на Бранко Црвенковски, додека тој ја извршуваше функцијата претседател на Македонија и во време кога е извршена исплатата. Оттука произлегуваат сомнежи за евентуално присуство на корупција бидејќи информациите велат дека при првичното основање на фирмата “Пристоп МК“ како еден од основачите фигурира и самиот Зоран Иванов.


[Image: nadez2-pristop-skupina-centralen2.jpg]
nadez2-pristop-skupina-centralen2

Уште еден фрапантен податок е фактот дека втор основач на “Пристоп МК“, со удел од 50 отсто од сопствеништвото, е Друштвото за комуникациски менаџмент “Пристоп Скупина“ ДОО од Словенија, која е поврзана со Дејан Верчиќ. Токму Верчиќ, заедно со други двајца автори за изработка на стратегијата “Надеж“, која ја потресе македонската јавност, наплатија 340.000 евра од Кабинетот на поранешниот претседател Бранко Црвенковски.

[Image: nadez2-pristop-skupina-centralen.jpg]
nadez2-pristop-skupina-centralen

Вториот факт е тоа што препорака за „Пристоп МК“ дава Томи Салковски, сопругот на подписникот на договорот од страна на претседателот, односно шефот на Кабинетот Наташа Савова. Тој во функција на директор на Интернационалниот фестивал за филмска камера Браќа Манаки, за потребите на отворениот повик 01/2008 на Претседателот на РМ, за осмислување и реализација на активностите на одржување на Самит на претседатели, дава писмена препорака за погодноста на „Пристоп МК“.

[Image: preporaka-nadez2-toni-salkovski.jpg]
preporaka-nadez2-toni-salkovski

Третиот момент кој укажува на корупција е фактот што договорот помеѓу двете страни е склучен на 7 април 2008 година, меѓутоа архивиран од страна на Кабинетот на претседателот на 21 април 2009, една недела пред заминувањето на Црвенковски од претседателската функција. За разлика од нив „Пристоп МК“ договорот го имаат архивирано еден месец по склучувањето.

[Image: dogovor2-500.jpg]
dogovor2-500

Она што паѓа во очи во договорот е ставката за креирање на визуелен идентитет, односно лого за Самитот, за сума од неверојатни 754.228 денари или повеќе од 12.000 евра. За агенциска поддршка на проектот во смисла на изработка на предлог проект, сценарио, реализација и консултации се потрошени 1.774.336 денари или приближно неверојатни 30.000 евра. За непредвидени трошоци со договорот биле одобрени 1.033.542 денари или 17.000 евра. Организацијата на ПР и маркетинг активностите според сценариото вределе и за нив биле исплатени 1.009.466 денари или приближно 16.000 евра.

[Image: vizuelen-identitet500.jpg]
vizuelen-identitet500


[Image: dokument-pati.jpg]
dokument-pati

Сите овие фрапантни податоци укажуваат на тоа дека аферата Надеж имала и свое продолжение. Изјавата на Црвенковски дека „ако имав пари и повеќе ќе потрошев за соборување на оваа Влада“ од позиција на претседател, навистина била остварувана.

Народните пари и парите од буџетот наменети за организација на настан како Самитот на претседатели, со овие докази се покажува дека се влечеле во интерес на лични и партиски цели. Поготово што Дејан Верчич, најизвиканиот човек и создавач на главниот документ од аферата Надеж, преку „Пристоп Словенија“ се појавува како доминантен сопственик на „Пристоп МК“ и учесник во оваа зделка.
31-03-2011, 08:49 PM
Reply
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8

(31-03-2011, 08:49 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
Quote:Надеж 2“ со конкретни докази


Македонската јавност денеска сеуште ја бранува објавата за новиот корупциски скандал од страна на Кабинетот на поранешниот претседател Бранко Црвенковски, во кој 530.000 евра биле исплатени на приватна фирма за комуникациски менаџмент „Пристоп МК“, за организација на Охридскиот Самит на претседатели, кој траеше ден и половина.

[Image: vrednost-nadez2.jpg]
vrednost-nadez2

Во истражувањето и документите до кои дојдовме, се појавуваат фрапантни податоци и факти за судир на интереси, како и за финансиски малверзации од страна на подписниците на договорот чиј предмет бил “осмислување и реализација на активност“, а склучен бил на 7 април, 2008 година, за сума од 32,729.673,00 денари или повеќе од 532,000 евра.

Првиот факт кој недвосмислено покажува за судир на интереси и класично форсирање на одредена компанија, е податокот што како еден од основачите на “Пристоп МК“ се појавува режисерот Игор Иванов - Изи, син на новинарот Зоран Иванов, своевремено советник на Бранко Црвенковски, додека тој ја извршуваше функцијата претседател на Македонија и во време кога е извршена исплатата. Оттука произлегуваат сомнежи за евентуално присуство на корупција бидејќи информациите велат дека при првичното основање на фирмата “Пристоп МК“ како еден од основачите фигурира и самиот Зоран Иванов.


[Image: nadez2-pristop-skupina-centralen2.jpg]
nadez2-pristop-skupina-centralen2

Уште еден фрапантен податок е фактот дека втор основач на “Пристоп МК“, со удел од 50 отсто од сопствеништвото, е Друштвото за комуникациски менаџмент “Пристоп Скупина“ ДОО од Словенија, која е поврзана со Дејан Верчиќ. Токму Верчиќ, заедно со други двајца автори за изработка на стратегијата “Надеж“, која ја потресе македонската јавност, наплатија 340.000 евра од Кабинетот на поранешниот претседател Бранко Црвенковски.

[Image: nadez2-pristop-skupina-centralen.jpg]
nadez2-pristop-skupina-centralen

Вториот факт е тоа што препорака за „Пристоп МК“ дава Томи Салковски, сопругот на подписникот на договорот од страна на претседателот, односно шефот на Кабинетот Наташа Савова. Тој во функција на директор на Интернационалниот фестивал за филмска камера Браќа Манаки, за потребите на отворениот повик 01/2008 на Претседателот на РМ, за осмислување и реализација на активностите на одржување на Самит на претседатели, дава писмена препорака за погодноста на „Пристоп МК“.

[Image: preporaka-nadez2-toni-salkovski.jpg]
preporaka-nadez2-toni-salkovski

Третиот момент кој укажува на корупција е фактот што договорот помеѓу двете страни е склучен на 7 април 2008 година, меѓутоа архивиран од страна на Кабинетот на претседателот на 21 април 2009, една недела пред заминувањето на Црвенковски од претседателската функција. За разлика од нив „Пристоп МК“ договорот го имаат архивирано еден месец по склучувањето.

[Image: dogovor2-500.jpg]
dogovor2-500

Она што паѓа во очи во договорот е ставката за креирање на визуелен идентитет, односно лого за Самитот, за сума од неверојатни 754.228 денари или повеќе од 12.000 евра. За агенциска поддршка на проектот во смисла на изработка на предлог проект, сценарио, реализација и консултации се потрошени 1.774.336 денари или приближно неверојатни 30.000 евра. За непредвидени трошоци со договорот биле одобрени 1.033.542 денари или 17.000 евра. Организацијата на ПР и маркетинг активностите според сценариото вределе и за нив биле исплатени 1.009.466 денари или приближно 16.000 евра.

[Image: vizuelen-identitet500.jpg]
vizuelen-identitet500


[Image: dokument-pati.jpg]
dokument-pati

Сите овие фрапантни податоци укажуваат на тоа дека аферата Надеж имала и свое продолжение. Изјавата на Црвенковски дека „ако имав пари и повеќе ќе потрошев за соборување на оваа Влада“ од позиција на претседател, навистина била остварувана.

Народните пари и парите од буџетот наменети за организација на настан како Самитот на претседатели, со овие докази се покажува дека се влечеле во интерес на лични и партиски цели. Поготово што Дејан Верчич, најизвиканиот човек и создавач на главниот документ од аферата Надеж, преку „Пристоп Словенија“ се појавува како доминантен сопственик на „Пристоп МК“ и учесник во оваа зделка.

Секое чудо за три дена....чисто дневно политичко вадење на долен веш....

Не верувам дека некој во државава ќе има храброст Б.Ц да го стави во притвор барем на 5мин,едноставно немогуче...оти батето е способно да жртвува цела држава...ако треба и цијанид ќе испие ама тој човек додека е жив нема да биде осуден,макар колку и да има или нема докази Icon_razz

31-03-2011, 09:04 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,763
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(31-03-2011, 09:04 PM)Makedonec Wrote: Секое чудо за три дена....чисто дневно политичко вадење на долен веш....

Не верувам дека некој во државава ќе има храброст Б.Ц да го стави во притвор барем на 5мин,едноставно немогуче...оти батето е способно да жртвува цела држава...ако треба и цијанид ќе испие ама тој човек додека е жив нема да биде осуден,макар колку и да има или нема докази Icon_razz



Се слагам со тебе 100%. Што е причината за стравот.?? Aко ја дознаеме причината ке осознаеме многу.
31-03-2011, 09:23 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,452
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

(31-03-2011, 09:23 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
(31-03-2011, 09:04 PM)Makedonec Wrote: Секое чудо за три дена....чисто дневно политичко вадење на долен веш....

Не верувам дека некој во државава ќе има храброст Б.Ц да го стави во притвор барем на 5мин,едноставно немогуче...оти батето е способно да жртвува цела држава...ако треба и цијанид ќе испие ама тој човек додека е жив нема да биде осуден,макар колку и да има или нема докази Icon_razz



Се слагам со тебе 100%. Што е причината за стравот.?? Aко ја дознаеме причината ке осознаеме многу.
Причината е водосиеата што тој и неговата банда ги поседуваат за сите останати, така да можат кого и во било кое време да уценуваат.
Тоа е причината, тој е УДБашки/КОСовски испрдок, од таму нема излегување жив(за тоа сте во право).
Затоа и самиот вели што ќе ми е Македонија без партијата.
Затоа што тие без нивната партија се никој и ништо.

Quote:Меѓутоа, ниеден пример не ја потенцира толку сличноста помеѓу мафијата и УДБА, како вистинскиот настан, според судијата Фалконе (убиен од мафијата). Кога Фалконе го прашал тукушто затворениот Френк Копола што е мафија, мафијашот му одговорил: „Има три кандидати за местото јавен обвинител. Првиот е необично прониклив, признаен и почитуван стручњак. За другиот се договориле странките на владејачката коалиција. Третиот е идиот. Службата ја добива третиот. Тоа е мафија, господине“.

Извор

Доволно е да се запрашаш, кој ги бираше судиите 1996, и по кој аршин, а како ги контролираат и какко ги контролирале пред 1996 и 1991, одговор се досиеата а и оние вработени во УДБа во Битола па ќе ти биде се јасно.

An inch today is tomorrow’s mile.
(This post was last modified: 31-03-2011, 09:52 PM by montehristo.)
31-03-2011, 09:49 PM
Reply