Администратор
Administrator
      
Posts: 716
Joined: Dec 2009
Reputation:
6
|
Многу важна тема за која во Македонија скоро и да не се зборува. Нашите пријатели од радио Илинден го започнаа обидот да се расветли тој спој помеѓу олигарсите, сопствениците, медиумите, ние од Котле ке додадеме и политичко полициското-подземје и ке се придужиме во оваа свето дело за спас на Македонија.
Quote:Oлигарси,сопственици и медиуми
Напишано од Radio Ilinden
Среда, 16 Јуни 2010 12:42
Воопшто не се зборува за влијанието на сопствениците и олигарсите врз медиумите. Можеби затоа што тие се вистинските газди на новинарите и експертутките за сеопшта употреба (веќе имаме ситуација еден ист експерт во еден ист медиум во ист ден да коментира две, па и три различни теми).
Извештајот на Европската Комисија, во делот за медиумите, забележува за силното влијанеи врз нив, зависноста од изворите на финансирање, од бизнис групите и нискиот степен на слобода да се каже тоа што се мисли. Во Македонија превод на овој дел од Извештајот се разбира само како критика кон Владата, која со уплаќањето реклами се обидува (со мизерен учинок) да ја придобие уредувачката политика на медиумите.
Воопшто не се зборува за влијанието на сопствениците и олигарсите врз медиумите. Можеби затоа што тие се вистинските газди на новинарите и експертутките за сеопшта употреба (веќе имаме ситуација еден ист експерт во еден ист медиум во ист ден да коментира две, па и три различни теми).
Така, на пример, доаѓањето на ВАЦ во Македонија беше проследено со дил со двајца олигарси. Едниот е Штерјо Наков кој на групацијата и го удели својот таблоидот (кој отприлика еднаш во годината знае да го пецне ВМРО и на политички план) Вест. Вториот, Трифун Костовски, ги даде Утрински Весник и печатницата Графички Центар која и денес е најмодерна и најсилна печатница за дневни весници во Македонија. Така германската инвестиција стана параван за политичкото влијание на двајца од најмоќните газди во земјата, со нескриени политички амбиции за себе, или за партијата која ја гледаат како своја.
Газда Штерјо има јасна концентрација на медиуми со влијанието во печатени медиуми како Вест (и Капитал, па и Нова Македонија во последно време) и сопствеништвото на телевизија Алфа. Но, газда Трифун на овој план има многу посуптилен, но далеку поинтересен систем на влијание. Ако ВМРОвците со милионите евра за реклами успеаа да добијат неколку уредници и новинари кои реагираат од прва, отворено ги бранат црвено-црните бои, и дури нервозно и агресивно реагираат кон неистомислениците (нашиот Миленко во разговор со Емилија Гелевска си рече – кога некој ми го менува името станувам агресивен), боите на СДСМ ги бранат луѓе кои инсистираат на белата боја. Нивниот став е – ние сме независни, неутрални, а оној Бранко не го ни познаваме.
Неодамна газда Трифун формираше тинк тенк. Тоа не е паравоена формација (како студентската параполиција на газда Велија од овој надреален ТВ прилог на Нина Кепеска- http://a1.com.mk/video-home.asp?VideoID=1711). Тинк тенк е парамедиумска формација која Господ да чува дека може да послужи за некакви политички цели. Не, тоа е чисто алтруистички изум на газда Трифун.
Неговиот тинк тенк се вика Совет за глобална соработка (http://www.cgc.org.mk). Списокот на советниците за глобално соработување повеќе наликува на списокот на Здружението на новинари на Македонија – Атанас Кировски од Форум, Биљана Секуловска од А1/А2, Мухамед Зекири од Алсат, Христо Ивановски од предните страници на Дневник, Бранко Тричковски од задните страници на Глобус, Зоран Бојаровски од Алфа. На чело, поранешниот министер за пропаганда на СДСМ и најтазе шеф на фрчковиот изборен штаб - Ѓунер Исмаил. Има и други интересни имиња како екс министерката на Црвенковски (и што ли уште друго) Емилија Симовска, Ирена Стефоска од Граѓани за Европска Македонија, Огнен Малески од компанијата Еуролинк на Трифун (дежурен критичар на надворешната политика на Груевски и Милошоски на страниците на Дневник и други). Момците и девојките од СГС сакаат и да се сликаат, така да во нивната галерија има фотки од новинарска трибина на која ги има буквално сите преостанати новинари во државава, со исклучок на луѓето од групацијата околу Вечер и Сител. Тука имате и буквално сите експертутки во Македонија, со фабрикантот Петар Арсовски на чело. (http://www.cgc.org.mk/index.php?option=c...=7&lang=mk).
![[Image: GetAttachment.aspx?tnail=0&messageId=fac...E5A23B10||]](http://bl129w.blu129.mail.live.com/att/GetAttachment.aspx?tnail=0&messageId=fac4d65f-79e8-11df-8d96-00215ad7f5f4&Aux=54|0|8CCDC0CE5A23B10||)
Интересно прашање би било дали Трифун ги плаќа новинарите и уредниците од разни (некогаш формално завојувани медиумски групи како што се А1 и ВАЦ) да членуваат во неговиот тинк тенк, и до која функција мисли газда Трифке дека овој тинк тенк ќе го донесе? Уште поинтересно име е тоа на Павлина Симоноска (кое по неколку дискретни спомнувања во медиумите веднаш го снема од интернет страницата на СГС). Симоноска беше координатор на Советот (на овој линк ќе ја познаете како девојката со коса боја на шаргарепа меѓу Ѓунер и Тричко.
Прашање од интерес за оној Извештај на Европската Комисија кој се занимава со влијанието врз медиумите е што бара врвен инсајдер на Социјал-демократскиот Сојуз на Македонија да координира тинк тенк во кој се безмалку сите медиуми од државата? Симоноска не е било каков член на СДСМ. Доколку отидете на интернет страницата на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, и проверите кое лице е задолжено да ја чува многу посакуваната архива на Бихаќка, излегува нејзиното име (за да не мора да го внесувате полното име на Комисија за заштита... во гугл, само кликнете тука - http://www.komspi.mk/ImateliOdbrano.aspx...795&lang=1).
Ако архивата на ВМРО се водела на салфети од кафаните каде што се собирале војводите, архивата на СДСМ, партија која покрај името ги наследи и сите можни доказни материјали за валканиците кои ги правеле нејзините комунистички дедовци и татковци, сепак е респектабилен фонд на документи. Фонд кој не може да го чува било кој случаен член на партијата, туку само врвен инсајдер како Симоноска, за која бегла гугл проверка покажува дека работела во Кабинетот на Бучковски и во изборниот штаб на Фрчкоски (Ѓунер, повторно).
![[Image: GetAttachment.aspx?tnail=1&messageId=fac...E5A23B10||]](http://bl129w.blu129.mail.live.com/att/GetAttachment.aspx?tnail=1&messageId=fac4d65f-79e8-11df-8d96-00215ad7f5f4&Aux=54|0|8CCDC0CE5A23B10||)
Се сеќавате на сите тие оградувања на Архибригадистите, Плоштадоослободувачите од учеството на партиски личности, меѓу кои и Бучко и Трифке, на нивните собири? На колнењето во мајка до трето колено дека нивните здруженија се целосно непартиски и спонтани собири на незадоволни граѓани и граѓанки кои се спонатано згрозени од политиката на Груевски? Дали СДСМ до толку веќе нема кадри што мора да ги тгера високите и лесно препознатливи партиски активисти како што е Павлина да пеат во случајното и непартиско случување на народ? Дали е нормално тоа што тинк тенк во кој е Ѓунер да ја снабдува секуларната опозиција на градењето на црквата Свети Константин и Елена од една страна, додека од другата страна исламската опозиција на истиот храм да ја нуди поранешниот колумнист и колега Форумовец на Ѓунер Рамадан Рамадани? И потоа сме немале плурализам. Иста група луѓе собрани околу поранешниот прв пропагандист на Црвенковски фино лепо си се делат на две групи, и пеат од двете страни на Плоштадот, протестираат против црквата со песни од Џенис Џоплин, другите со муслимански молитви. Нормално, песните и на едните и на другите се ударна вест на медиумите чии уредници се во тинк тенкот на Трифун (некои од уредниците, како Билјана Секуловска, се редовни и на Плоштадот меѓу демонстрантите кои си ги маваат главите од тарабите на Груевски). Ниту еден вака наштелуван медиум нема да помисли да објави за јасното партиско влијание во Распеани Скопјани и другите групи демонстранти, туку целата приказна ќе ја сервира на јавноста под графата – граѓанска иницијатива.
Или, да ги погледнеме поплавите во Пештани, родното место на Павлина. Напишете на гугл Пештани и Симоноски. Веднаш станува јасно дека нејзиното семејство е диспропорционално зафатено од поплавите. Односно, дека само лица со исто презиме како нејзиното давале изјави во медиумите дека во селото е настаната катастрофа. Како знаела водата да ги поплавува домовите само на овие истакнати Пештанци? Дали, госпоѓицата која тренира омладинци во Скопје да пеат Градот убав пак ќе никне, ги тера своите роднини во Пештани да пеат Надојде силна вода? Секоја Влада соочена со природна непогода, макар тоа била и американската администрација кога ќе дојде ураган или ќе пукне извор на нафта, лесно се претставува како неспособна и неснаодлива и тоа е стар, добар пропаганден трик. Прашањето е дали СДСМ својот истакнат активист го пратил во Пештани да вика Волк, Волк пред камерите на Нина Кепеска? И дали ако утре навистина дојде сериозна поплава некој ќе им поверува?
Или, да го погледнеме случајот со Дипломатскиот Клуб на СДСМ, пардон на МНР. Оваа група се собра на 8 април годинава. Интересно е што ден пред формирањето на Дипломатскиот Клуб, се собра Советот за надворешна политика на СДСМ, по што експертутката Стево Пендаровски ни обзнани дека македонската надворешна политика не чини. На 9 април исто го кажа Бранко Црвенковски. На 8 април се собра група угледни и истакнати дипломати (како што самите себе се нарекуваат) предводени од Огнен Малески од СГС. До него Виктор Габер, на кого СГС на Трифун штотуку му беше објавил книга. И тие, од независен, експертски агол, со истите критики до надворешната политика на Македонија.
Значи, Трифун собира група која организира опозиција во рамките на македонското МНР и ги координира своите настапи со најголемата опозициска партија, формира кобајаги независно пејачко друштво да протестира против Владата, крева тревога за поплави во едно од поголемите македонско села, дебатира за името, инвестициите, односот кон Грција и што ли уште не. Навистина човек мора да има респект за вложениот труд, па и знаење, во застапувањето на своите тези од кои главната е дека оваа власт мора да се победи, а ние баш случајно имаме луѓе спремни да дојдат на нејзино место. Во споредба со оваа медиумска фабрика со повеќе производни ленти (луѓе кои ја обсмислуваат пораката, кои ја пренесуваат пораката до јавноста, кои ја потврдуваат како независни експерти, луѓе за специјални акции како што се поплави и елементарни непогоди), Груевски има еднофазен одговор – море мрш сите у Бангладеш. Едноставноста засега носи подобри резултати од разработената машинерија, но прашање е до кога? Спинот на СДСМ може да профункционира по принципот 1000 пати повторена лага станува вистина. Или едноставно да профункционира затоа што се реално единствената екипа која истрчува на терен, катаден, и си ја игра својата игра независно колку од другава страна ги игнорираат а публиката ги плука и им се смее.
А зошто СДСМ толку се трудат да се вратат на власт? Кој плаќа за сето ова, прашува нашиот читател? Ти. Да, ти, што чепкаш нос зад компјутерскиот екран. Сите овие распеани Скопјани и Скопјанки, поплавени Пештанчани, репортери, дописници, уредници, дипломати, експерти и слично не дигаат телефон без да им се плати. На пример, погледнете го примерот со плажата Оревче во Градиште кај Пештани, плажата која нејзините стопани безуспешно чекаат да им се врати. Плажата е дадена од градоначалникот Петрески на користење на Павлина (А.К.А. Лина Симон на фејсбук) и другар и од изборниот штаб на Фрчко Марко Кабранов (секоја роднинска врска со татко му Ацо Кабранов е доста полезна). Ова е логиката на СДСМ во минијатура. Прво, ќе блокираме се што е живо и мрда во оваа држава (нпр, тоа што Никола Поповски го прави во денационализацијата). Потоа, ќе дозволиме само наши проверени членови да можат да просперираат. Само наши луѓе да можат да тераат бизнис. Ќе упропастиме цела Македонија, да не се знае што е чие, да не може никој да инвестира на своја земја, и само така нашите луѓе ќе бидат газди, кога конкуренцијата ќе ја отераме во странство, или под земја. Кога луѓето од Градиште ќе дочекаат да си ја видат дедовината вратена во нивни раце? Нема шанси, додека пред себе го имаат системот на СДСМ, систем кој веќе четврта година чекаме Груевски да го закопа.
Во земја во која денационализацијата е завршена не може да се поклонуваат плажи на бакшиш на заслужни членови. Во земја во која пазарот е отворен, не може една шпедитерска компанија да биде главен газда. Во земја во која банкарството е изложено на странска конкуренција, не може ни во лудило газда Трифке или Хари и Бишев да бидат банкари. СДСМ и нивните олигарси ова го разбираат. Затоа ќе пеат, ќе протестираат, ќе плаќаат новинари, ќе спинуваат, ќе поткопуваат и се така додека не си дојдат на местото кое природно си го одредиле за себе – на власт. Прашањето е, дали ние го разбираме тоа?
LAST_UPDATED2
|
|