Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПОСЛЕ СНИМКАВА СО „ПОРОШЕНКО“ НА ЗАЕВ МЕСТОТО МУ Е ВО БАРДОВЦИ!!
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

За еден телефонски разговор да се случи помеѓу функционери на држави постои посебен протокол, но нашиот Заев очигледно не знае, па одлучи да издаде државни тајни и приватни разговори кои ги водел со нашите стратешки партнери ЕУ и НАТО.













Еве скратена верзија на плиткоумноста на Заев

Quote:Zlatko Kovach shared a
42 mins
Вован и Лексус го наседнале црпнатиот. Тој со сиот ум мислел дека разговара со претседателот на Украина. Во разговорот ја напаѓа Русија, вели таа сакала да воспостави пракса за промена на граници, па ги цинкарел Русите кај Пенс, Помпео и Могерини.
После го кажува целиот план како да ја уништи Македонија со промена на името и го напаѓа Иванов како не прифаќал ништо. Борбата била на глобално ниво за да се знае кој ќе победел -- Русија или САД и Германија.
Го мајтапат дека сака претседателот на Украина да инвстира во бизнис за чоколади во Македонија, овој одговара одлично, јавете ми се приватно.
Го прашуваат какви се односите со Шиптарите, тој вели одлични, многу сме блиски, но доколку Украинците имаат советници нека му понудат за односите уште повеќе да се подобрат. Тие му нудат да им даде автономија на Шиптарите по примерот на Кримските Татари за да биле лојални. Овој се сложува и вели ќе чекам да дојде консултатнтот.
После почна да се занесува дека руските официјални лица ги напаѓале, па збори дека имал подршка од Столтенберг, итн.
Му велат не било важно кој гласал, туку кој кој ги броел гласовите, а црпнатиот вели да, да, да, да.
Дури го издупија дека Александар Македонски владеел со Шумерите во Украина, му велат ние сме потомци, можете мене да ме нарекиувате Петар Македонски, црнатиов се смее како недоветен.
Му сугерираат Македонија да се нарече Источна Македонија...
На крај му велат дека Столтенберг се јавил истовремено дали да го поврзат на линија, црпнатив целиот окезен -- "хело мај френд"...
Каква интергалактичката будала, неверојатно нешто.
09-07-2019, 12:14 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2






ВО НОРМАЛНА ДРЖАВА ПОСЛЕ ПУШТАЊЕВО НА СНИМКАВА ЗАЕВ ВЕКЕ КЕ БЕШЕ ВО БАРДОВЦИ!!
09-07-2019, 12:31 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Заев: Жртва сум на мојата отвореност, не сум издал државна тајна

09/07/2019
Премиерот Зоран Заев денеска на прес конференција рече дека зад измамата од страна на рускиите комичари стои добро организирана структура со цел да  дискредитира земји кои имаат европски аспирации.
– Жртва сум на мојата отвореност и мојата постојана достапност. На отворена линија сум секогаш со нашите стратешки партнери и граѓаните – рече Заев на прес-конференција во Владата.
Како што објавивме претходно на интернет се појави аудио снимка од разговори на премиерот Зоран Заев со руски комичари, убеден дека разговара со Столтенберг и со Порошенко.
Во прилогот што го објавиле комичарите (пранкерите) Владимир Кузнецов и Алексеј Столаров, тие тврдат дека три пати разговарале со Заев. Еднаш кон крајот на август минатата година, во јануари оваа година и на 20 април. Премиерот Заев, за цело време верувал дека разговара со поранешниот претседател на Украина, Петро Порошенко.
– Тоа се структури што извлекуваат придобивки за медиумскадиска акредитација, најчесто насочени против личности и земји со европски аспирации. Ова е еден од оние обиди за директна штета на нашите интересни да го завршиме процесот за нашето членство во НАТО – рече Заев.
 




Јас напоменувам, не ми е првпат да имам разговарано со Столтенберг, со Порошенко, со многу други лидери, со земји партнери на Република Северна Македонија, рече премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата која следеше после скандалот со руските комедијанти кои во лажен разговор му се претставија како Петро Порошенко и Јоханес Столтенберг, при што премиерот Заев несакајќи откри државни тајни како и разговори во високи претставници од меѓународната заедница.

-Во еден дел на објавените телефонски разговори се извршени сериозни интервенци и се ставени во контекст кој не е автентичен, поради што се извлекуват невистинити заклучоци. Таков е објавениот дел за прашањето на Македонската православна црква, тоа е дел од разговорите во кој е направена интервенцијата. Таму јас единствено зборувам за мојата определба МПЦ да добие автокефалност, исто така никогаш не бил спорен ниту скриен мојот став со давање на конкретни придонеси и подршка на МПЦ дома и во странство, изјави на денешната прес конверенција премиерот Зоран Заев.
(This post was last modified: 10-07-2019, 12:21 PM by ЈорданПетровски.)
09-07-2019, 12:53 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Заев нема дно до каде ке ја девалвира државата!!




09-07-2019, 07:54 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Заев го открива и телефонскиот број на Вес Мичел американскиот помошник државен секретар.

Транскрипт од преведниот разговор:



Quote:,Порошенко”: Ве молам ако може да ми го дадете бројот на Вес, не го имам бројот или го имам погpeшниот
Заев: Вес Мичел?
,,Порошенко”: Да
Заев: Сега, само 1 секунда +1… ете го мобилниот телефон.
,,Порошенко”: Ок ти благодарам многу господине премиер, ви благодарам за овој разговор.
Заев: Може ли да ми го дадете вашиот мобилен господине претседател, а потоа јас ќе ви испратам порака да се поврзам со вас.
,,Порошенко”: Не е пpoблем
Заев: Да
,,Порошенко”: +3…Ете го мојот мобилен број. И можете да ми се јавите. Најпрвин може да ми пишете на месенџер или Ватсап.
Заев: Сега ќе ви испратам порака да се поврземе.
,,Порошенко”: Одличен разговор, господине премиер. Ми е драго. И ви посакувам се најдобро, многу успех на референдумот и идните политички активности и полтичка иднина.
Заев: Ми беше чест да разговарам со вас господине Порошенко.
,,Порошенко”: И мене. Не заборавајте сега мора да ме викате само Петар Македонски.
Заев: Океј. Петар Македонски. Ви благодарам многу, ми беше чест. Чао, чао.
09-07-2019, 09:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Hristijan Mickoski
11 hrs ·
Единственото извинување што требаше господинот Заев денеска да го каже во неговата прес конференција требаше да биде содржано во две реченици, се срамам од тоа што го направив и веднаш ја напуштам функцијата претседател на Владата на Република Македонија, предлагам парламентарното мнозинство во најскоро време да се состане, да се формира техничка влада и во рамките на 100 дена од овој ден да се одржат предвремени парламентарни избори. Само тогаш ќе го видевме вистинското лице, она лице кое што треба човек после еден ваков скандал, примитивен би рекол, да го направи ако сака да биде почитуван од сопствените граѓани. Ова само дополнително ќе ја зголеми неговата лична агонија, неговата лична фустрација, но и фустрацијата на граѓаните. За мене е катастрофално да се слушне ова што се слушна, бидејќи како што успеав да разберам патувајќи до овде, тој не ја негираше оваа снимка, туку напротив ја потврди нејзината автентичност и практично потврди низа работи кои што граѓаните во Македонија, но и во Европа можеа да ги слушнат , меѓу кои согласноста за поткуп на верскиот лидер, на стотици милиони православни христијани во Светот, а тоа е Патријархот Вартоломеј. После таков скандал единственото извинување требаше да биде оставка веднаш, и распишување на предвремени парламентарни избори. Сето останато е лицимерие и ќе повторам, ја продолжува личната фустрација и агонијата на граѓаните. На Македонија и треба влада и требаат луѓе кои што на брза трака ќе ја стават државата и први ќе го завршат маратонот наречен полноправно членство на Република Македонија во рамките на Европската унија.
Јас ја разбирам сета онаа иницијативност која што Зоран Заев и малкумина неколку негови послушници сака да ја покаже наивно извинувајќи се, но мислам дека помина времето за извинување, веќе трета година за сите овие неуспеси ние слушаме извинувања, редно време е одговорност. Редно време е одговорност да понесе некој во оваа држава.
Слушавме што правел Рашковски- не сме го разбрале, тепаше оној градоначалник- не сме го разбрале, оној градоначалник шверцуваше- не бил сфатен, помилуван беше. Претходно овој нарачуваше полче- не било дрога, било нешто друго. Кога во оваа држава јавниот обвинител ,судството и обвинителството ќе докажат дека за секој граѓанин ќе има правда. Со овие луѓе нема Европа и нема иднина Република Македонија. Треба еднаш засекогаш на сите да ни стане јасно, извинувањето не е доволно. Извинувањето можеше да биде во првите недела две, па еве и во првите 100 дена од мандатот, третата година е денеска и во оваа трета година народот гласачите, без разлика за кого гласале, погледнете што се случува по социјалните мрежи, погледнете ги луѓето по улиците веднат глава, недостоинствено се чувствуваат како граѓани на Република Македонија. Редно време е за оставка, и народот си го бара своето, а тоа е оставка и да завршат овие луѓе со одговорност пред судските органи, обвинителството да се позанимава, што премиерот на државата ја доведе државата во подредена положба. Цел свет ни се смее, за што и зборуваме ние, за какво извинување зборуваме.



Срамот на Заев е и срам на Мицкоски! Тој дозволува Заев да владее комотно!
10-07-2019, 02:49 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Објави ли СДСМ потерница по тројца новинари? – пишува Горан Момироски

July 10, 2019
[Image: MINDEPENDENCE_Eric_Drooker.jpg?fit=300%2C176&ssl=1]
Проблематичен пост на социјалните мрежи објавен од Фејсбук страницата “Криминалиите на ВМРО” за кој мора да реагираат здруженијата на новинарите: ЗНМ, МАН и другите медиумски организации.
Во постот на профилот кој се смета за алатка со која СДСМ или група блиска на владеачката партија се пресметува со опозицијата се направени неколку груби напади врз новинари кои се критички настроени кон власта.
Нападот врз новинарите доаѓа една недела откако двајца од нив, Љупчо Златев и Александар Митевски го ставија во тесно генсекот на Владата Рашковски за случајот Леонардо а вчера ја објавија аферата со двајцата руски шегаџии во која настрада премиерот Заев.
Предходно Златев објави и аферата во која градоначалникот на Шуто Оризари од СДСМ Курто Дудуш е обвинет дека тепал вработен при што објави и аудио материјал.
Што пишува во нападот врз тројцата новинари од групата која има над 50 илјади следбеници а се смета за блиска на СДСМ:

“МАКЕДОНСКОТО КВАЗИ НОВИНАРСТВО (од денешната пресконференција на Заев):

(ЛЕВО): Љупчо Златев, новинар на Сител ТВ, со кривична пријава за злоупотреби на парични средства од ЕУ фондови преку невладина организација “ПРОЕКТ ЕУ” создадена од Златев и лоцирана на неговата домашна адреса “Младост бр. 34″ во населба Глишиќ, Кавадарци
(СРЕДИНА): Александар Спасовски Сарма, новинар на Сител ТВ, 2008 година осуден за дилање дрога во основно училиште во Горно Лисиче, Аеродром.
(ДЕСНО): Новинар на Инфомакс (Александар Митевски), сопруг на Наталија Ивчева(сопственик на Инфомакс) – портал кој од Владата на Груевски за 3 години доби преку 1.100.000 евра.
Ова не се професионални новинари, туку партиски поттрчковци и слуги на криминалците од ДПМНЕ”.
Покрај лагите во текстот и навредите упатени кон новинарите за кои мора да реагираат новинарските здруженија во постот има и безбедносна компонента за која мора мерки да преземе и одделението за интернет криминал при МВР и Јавното обвинителство по допрен глас.
Имено објавување на лична адреса на новинарот Љупче Златев практично може да значи јавна потерница по него. Таа може да е упатена до членови и симпатизери на СДСМ кои не се толерантни за критиките кон партијата и премиерот Заев.
Како функционира овој опасен систем најдобро видовме со заканите од обезбедувач и член на избирачки одбор на СДСМ кој пред две недели му се закануваше на Бранко Героски дека ќе го фрли во Вардар.
Ако владата во најбрз рок не ги открие луѓето што стојат за оваа страница што става во опасност новинари тогаш ќе потврди дека нападите се упатени по налог на СДСМ и самата влада.
Домашната адреса на Златев можат да ја имаат официјални државни органи или некој што знае се за него и решил во опасност да ги доведе и неговите најблиски.
Доколку владата реши да ги премолчи заканите по новинарите тогаш и тие што ги упатуваат заканите и тие што издаваат налози за напади треба да бидат подготвени да одговараат за своите постапки.
Скопје и Македонија се мали места а интернетот уште помало, никој не може да се скрие од технологијата, и затоа треба да знаат дека заштитата од власта е минлива работа.
Еден ден, кога и да биде тоа, тој што ја открил домашната адреса на новинар и со тоа го ставил во опасност ќе мора да одговара.
Имаме доволно трпение и време на располагање. Ќе почекаме.

П.С.
До заканувачите:
Попусто ќе бришете постови. Се е документирано. Дигитално и визуелно.

[Image: screenshot_20190710-011931_messenger6695...C946&ssl=1]
10-07-2019, 02:58 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:Откако Заев ги нарече измамници, “пранкерите” му вратија: ,,До мозокот е”


July 10, 2019
[Image: Screenshot_20190709-002007_YouTube.jpg?f...C168&ssl=1]

Откако вчера премиерот Заев ги нарече измамници кои имаат за цел да ја спречат Македонија да влезе во НАТО, денеска одговор од руските “Пранкери” кои три пати разговарале со Заев кој мислејќи дека се Столтенберг и Порошенко откривал разни информации од државен интерес.
На објавата на Заев кој најави дека за да се спречат слични работи во иднина ќе бидат зајакнати протоколите за безбедни комуникации, а Владата во соработка со партнетите од НАТО ќе изработи план за борба против акции за дезинформирање и манипулирање, руските шегаџии со одговор дека проблемот не е во лошата комуникација туку во мозокот на македонскиот премиер.
“Како тој ќе ја поправи неговата комуникација? Можеби ќе го апдејтира својот телефон. Нема потреба да ја подобрува комуникацијата туку мозокот”, вели во реакцијата до својата жртва еден од руските „пранкери“ Владимир Кузенцов (Вован).
Заедно со Алексеј Столаров (Лексус), тие лажно на Заев му се претставиле како поранешниот украински претседател Петро Порошенко и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
За кратко време тие дури три пати разговарале со Заев и да не објавеа самите прашање е дали Заев и владата ќе ја откриеа измамата.
10-07-2019, 12:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:Antonio Miloshoski
7 hrs
На ЛАГАТА и' се кратки нозете, на ЗАЕВ исто така!
Заев во обид да го покрие срамот и нанесената штета врз угледот на Македонија, јавно излажа дека остварил средба со претседателот Порошенко во Давос, Швајцарија (економски форум 21-26ти Јануари 2019та).
На вчерашната прес конференција во владата, новинарка постави прашање "дали претходно имало остварено комуникација на кабинетите за да има ваков разговор (со Лажниот Порошенко)?"
Заев одговори: "Како не. Секако, на официјалните состаноци коишто ги имаме, како состанокот кој што сум го правел со претседателот Порошенко во Давос, на пример, сме разговарале затоа што и определбата на Украина е за НАТО, а нормално затоа што тој важи за еден од сопствениците на големите фабрики за чоколадо, па да го поканам да инвестира во нашата земја, тоа е странска инвестиција."
Но, во владиното соопштение со наслов "Заврши учеството на премиерот Заев и владината делегација на форумот во Давос: Остварени средби од интерес за економската иднина на земјата", кое е објавено на 25.01.2019 во 16:04мин, наведени се средбите со Марјан Шарец (Словенија), Хашим Тачи (Косово), д-р Денис Звиздиќ (БиХ), Јенс Спан (Германија), Кристалина Георгиева (СБ), Јоханес Хан (ЕУ), Столтенберг (НАТО) и Џорџ Сорос. Никаде не е спомената средба со тогашниот претседател на Украина, Порошенко, а имајќи ја во предвид скромната листа на државници со кои Заев, Анѓушев и Бектеши се сретнале, доколку таква средба била остварена, сигурно ќе и' било соопштено на јавноста!
Истовремено, доколку внимателно се разгледаат и официјалните соопштенија на Svyatoslav Tsegolko, гласноговорникот на претседателот на Украина од тој период, ќе се види дека Порошенко на форумот во Давос се сретнал со претседателот на Бразил, Кина, Германија, Полска, Шпанија, Швајцарија, Хрватска, Белгија, Литванија и Ерменија, како и со ген.сек на ОН и претседателот на Меѓународниот црвен крст.
На крајот, дека премиерот Заев немал средба со украинскиот претседател Порошенко на економскиот форум во Давос во јануари 2019 година потврдено ми е и од релевантни извори во македонското министерство за надворешни работи. Доколку Заев навистина се беше сретнал со Порошенко во Давос, сигурно и ќе му се пофалел за долгиот телефонски разговор на WhatsApp од пред 6 месеци, ќе дознаел дека тоа е местенка, и барем следните два компромитирачки телефонски разговори немало да се случат.
Но, бидејќи Заев неуспешно се обидува со нови лаги да ги покрие старите скандали, а со тоа и свесно ги манипулира новинарите и граѓаните на Македонија, најдобро е да си даде оставка како премиер и со тоа да ја намали штетата по угледот на државата што и' го нанесува со неговите дипломатски скандали!






Лажгото СЕВЕЏАНСКО пак фатен во лага!



Quote:Заврши учеството на премиерот Заев и владината делегација на форумот во Давос: Остварени средби од интерес за економската иднина на земјата






Jan 25, 2019
Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, кој заедно со владината делегација во состав на заменик на претседателот на Владата на РМ, Кочо Анѓушев и министерот за економија, Крешник Бектеши, учествуваше на годинешниот Светски економски форум во Давос, Швајцарија, денеска ги завршија активностите со повеќе средби и активности од интерес на економската иднина на земјата.
Премиерот Заев и владината делегација остварија повеќе средби со регионалните лидери од Западен Балкан присутни на форумот.
 
 
Прашањата за развој на соработката и за динамизирање на интегративните процеси во регионот доминираа на средбите со премиерот на Република Словенија, Марјан Шарец, со претседателот на Косово, Хашим Тачи, како и со претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, д-р Денис Звиздиќ. 
Соговорниците од регионот, на премиерот Заев му честитаа на успешниот развој на спроведувањето на договорот од Преспа и беа неподелени дека овој процес е силен поттик за идниот развој на односите во регионот.
Премиерот Заев како дел од работните средби на Светскиот економски форум во Давос, имаше средба и со министерот за здравство на Сојузна Република Германија, Јенс Спан и низ разговорот со него истакнаа дека исклучителната соработка и меѓусебна поддршка меѓу двете земји има сериозни потенцијали да се преточи и во соработка во областа на здравството, во размена на искуства и во можностите за усовршување на медицинскиот персонал.
Претседателот на Владата на РМ Заев и заменик на претседателот задолжен за економија Анѓушев, во Давос остварија средба и со Извршната директорка на Светска Банка, Кристалина Георгиева, со која се разговараше за можностите за олеснет проток на производите и услугите во регионот на Западен Балкан.
За време на Светскиот економски форум, министерот за економија Крешник Бектеши зеде учество во работата на иницијативата за заедничка декларација за е-трговија во организација на Светската трговска организација, која за Република Македонија е од исклучително значење заради поттикот што оваа иницијатива може да значи за претприемништвото, за продуктивноста и економскиот раст на нашата земја.
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев во Давос оствари работни средби со претставници на високиот менаџмент на повеќе светски компании, како што се Sun Group India, на која се разгледуваа можностите за соработка во областа на обновливите извори на енергија, и со претставници на компаниите CISCO, Philips, Google Jigsaw, за можностите за соработка во сферата на високите технологии и информатичката индустрија.
Во текот на дводневниот, работен престој на нашата делегација на Светскиот економски форум, премиерот Заев учествуваше и на форумите и дебатите како што беа „Креирање на силно партнерство за економски раст и мир на Западен Балкан“ и на форумот „Иднината на Трансатлантската алијанса“.
Премиерот Заев во Давос оствари работни средби и со еврокомесарот за европска соседска политика и проширување, Јоханес Хан, со Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, како и со финансиерот и филантроп Џорџ Сорос.   



ВЛАДА МК
(This post was last modified: 10-07-2019, 12:53 PM by ЈорданПетровски.)
10-07-2019, 12:40 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Quote:Милосављевиќ: Насанкувањето на премиерот не е главниот проблем
July 10, 2019
[Image: Screenshot_20190710-001351_Facebook.jpg?...C300&ssl=1]
Пишува Драган Милосављевиќ
Премиерот го насанкале, па што? Не е тоа главниот проблем!
Не е тоа главниот проблем! Премиерот го „насанкале“ двајца професионални „пранкери“, луѓе кои добро знаат не само што прават, туку и зошто и на каков начин тоа го прават.
Не е ни прв, пред него паднале еден Макрон и еден Ердоган, та не попусто на пресконференцијата со нескриена гордост порача дека се нашол во одбрано друштво, а секако нема да биде ни последен бидејќи господата Кузнецов и Столаров сигурно одамна имаат цел спиок со нови жртви за подбишега и насамарување, од кои на некој ќе му биде само смешно, а некој ќе посака да пропадне в земја и таму да остане се додека сите некако не го заборават.
О да, шефот на Владата излегол наивен, се расприкажал и за што треба и за што не треба, како свој со своите делел полигони за воени вежби, делел и броеви на американски функционери, делел дури и добри идеи за поткуп на живи светци, бидејќи кој знае, можеби и еден Вартоломеј за сто илјади евра е подготвен да се потпише на Томосот и да усреќи со својот потпис цел еден напатен и онеправден народ, па зошто тогаш водачот на тој ист народ да не се обиде малку да му ја поттурне раката во саканиот правец и да му го накваси перото со вистинското мастило?
Но не е тоа главниот проблем. Во секојдневната борба со Сцили и Харибди, со подмолната опозиција и малкуте ама сепак дрски и безобразни критички настроени новинари, со лакомоста на соработниците, со нечесниот однос на соседните земји, со непринципиелноста на ЕУ и со галопирачката сиромаштија на народот, не е невозможно премиерот да се уморил, да изгубил концентрација и да се јавел во погрешно време на погрешен повик.
Мислам дека е во право кога вели дека му е жал и дека би сакал да не му се случел таков срам, зошто да не заборавиме сепак дури трипати во рок од неколку месеци едни и исти шегаџии го обработувале како мало дете.
Се разбира дека не му било пријатно кога разбрал што му се случува и уште повеќе кога сфатил дека истото го разбрала и целата јавност, која по навика, бара одговори како ли тоа можело да му се случи на неспорниот шеф на Републиката од кого се очекува малку повеќе од ова дилетантско „телефонско озборување“?
Но не, не е тоа главниот проблем. Она што би требало сите да не зачуди, а и да не стаписа истовремено, е фактот дека оваа држава не функционира дури и на основно, би се рекло базично и формално ниво.
Се покажува дека не се почитуваат никакви правила и протоколи, во Владата и во министерствата мора да оскудуваат со какви било професионалци кога не се нашол ниту еден од мајка роден за да му каже на премиерот дека не се водат туку така разговори со странски претседатели и со генерални секретари на Воени алијанси, дека постојат процедури, дека се водат записници, дека се подготвуваат извештаи и потоа тие извештаи се испраќаат на релевантни места за други фиљан луѓе да ги прочитаат и од нив да извлечат соодветни заклучоци.
Па само да се почитувале основните правила на службата, Заев во најдобар случај ќе бил насамарен само еднаш а не трипати и немаше да има потреба среде лето цел час да се препотува и да објаснува пред купот крвожедни медиумски работници колку му е жал и колку се кае поради она што му се случило.
Тоа е, господо, главниот проблем, Македонија нема кадри, нема луѓе со три чисти на вистински позиции, нема професионалци кои знаат што и како треба да се направи во секоја околност, а особено кога политичарите се збунети, уморни или невешти во справувањето со секојденвните државнички проблеми.
И тажната вистина дека само си играме држава а во реалноста со таа иста божемна држава можат да си прават што сакаат двајца обични неранимајковци од далечната Русија, не може да биде сокриена од еднакво неспособниот владин Пи-Ар, од дилетантите и аматерите кои целиот срам се обидуваат да го покријат со глупости од типот дека „мрачните сили и нивните слуги“ сакале да ги уништат доброто и „светлината“?
Какви мрачни сили и каква светлина побогу, премиерот издава државни тајни и се „кара“ со регионални и светски велесили на несигурна телефонска линија, а на пропагандниот апарат се што му текна да каже во негова одбрана е дека „мрачните сили ја напаѓаат светлината“?
Сериозно ли? Па како ли ви текна? Но неспособноста и незнаењето на владината пропаганда е сепак само проблем на актуелната власт која ги плаќа за нешто за кое очигледно не се дораснати, додека неспособоста и незнаењето на тимовите задолжени за сигурноста на протоколот и за заштита на државните тајни (но и достоинство) се проблем на сите граѓани, бидејќи поради вториве смешна излегува целата земја, а не само премиерот.
А за таканареченото цивилно, невладино друштво кое побрза да залае во обрана на неодбранливото, исто како и за кучето во чамецот, нема зошто ниту да зборуваме.
10-07-2019, 12:54 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11





Quote:Zlatko Kovach
11 mins
Заев призна дека самиот тој неколку пати телефонски да им се јавил на комичарите убеден дека разговара со вистинските Столтенберг и Порошенко.
Заев исто така призна дека на комичарите им праќал слики од Меркел откако тие му пратиле слики од воената парада во Украина.
Дознал дека го правеле мајмун цела година само откако му ги извадија видеата, инаку ќе продолжеле да го мајтапат.
Само Господ знае кој се' друг не му се јавувал и со какви информации ја хранел оваа интергалактичка будала.
10-07-2019, 03:36 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Quote:Ljupcho Zlatev
2 hrs ·

Денеска во полициската станица "Беко" по членот 144 од кз. пријавив случај за загрозување на мојата безбедност и безбедноста на моето семејство.
Имено, по вчерашната прес конференција на премиерот Зоран Заев, на која поставив неколку прашања кои на вождот му се видоа тешки за одговарање, добив класична закана по безбедноста на моето семејство.
Фејсбук страницата, насловена "Криминалите на ВМРО ДПМНЕ" (која според моите сознанија е водена од центарот за комуникации на владејачката СДСМ) објави лажни информации дека сум основал и водел некаква НВО организација која се викала "Проек-ЕУ" и истата злопотебила пари од ЕУ за што сум имал кривична пријава. Да биде гадоста уште поголема, на оваа фејсбук страница, контролирана од власта, ја откриваат и домашната адреса, на која живее моето семејство во Кавадарци.
Од напишаното од оваа страница на СДСМ, точна е само адресата. Вистината е дека освен моето семејство на "Младост 34" Кавадарци, нема ништо друго и никогаш таму не била регистрирана никаква НВО организација.
Во исто време, никогаш сум немал никаква врска со споменатата невладина "Проект ЕУ", ниту пак, некогаш сум ја основал или пак сум бил дел од нејзините раководни структури. Да биде иронијата поголема, за злоупотребите од оваа невладина сум правел прилози лично јас како новинар на ТВ Сител.
По ова објавување на мојата адреса и повикувањето на насилство кон моето семејство, од профили кои се лажни и немаат име, заведени се како "Facebook User", пристигнаа закани кон монот живот со содржина "Гомно српско, ги живееш последните моменти од твојот живот".
По поднесената пријава до МВР, барам од министерството да ми открие кој стои позади страницата "Криминалите на ВМРО ДПМНЕ" која има преку 51.000 лајкови и која објавувајќи моја адреса и клеветејќи, ја загрозува безбедноста на моето семејство.
По пријавата, штотуку добив повик од "насилен криминал" од инспектор од станицата во Пролече, па за еден час и таму ќе подготвиме нов записник за случајот.
Се надевам дека министерот Оливер Спасовски ќе има храброст да открие кој стои позади оваа стеаница и ќе поведе постапка против луѓето од неговата партија!
Откако ќе открие, јас против правното или физичкото лице кое стои позади страницата ќе поднесам и приватна тужба за клевета и навреда на честа и угледот.
Љупчо Златев, главен и одговорен уредник на "Економски Лидер".



[Image: screenshot_20190710-011931_messenger6695...C946&ssl=1]
(This post was last modified: 10-07-2019, 08:56 PM by ЈорданПетровски.)
10-07-2019, 08:55 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

Quote:Лексус: Заев не е баш чист


10.07.2019 
[Image: vartolomej-zaev-960x564.jpg]
Разговорот со Зоран Заев не е сечен, лепен или изваден од контекст, вели за Република комичарот Алексеј Столјаров – Лексус, кој се преправал дека е украинскиот претседател Петро Порошенко во разговорите со Зоран Заев. Столјаров во снимките му предлага на Заев да му даде 100.000 евра мито на патријархот Вартоломеј, што Заев веднаш и без прашање го прифаќа, но подоцна премиерот тврдеше дека тој дел од разговорот бил исечен и изваден од контекст.

Quote:Ако Заев не се согласува со нас, најдобро за него би било да ја изнесе неговата верзија од разговорот. Ние не ги извадивме неговите коментари од контекст. Ние добро знаеме дека ако правиме така, тоа ќе биде проблем за нас, за нашиот углед. Ние не го обработувавме тој дел од разговорот. Но, да го прашаме, дали може да даде свој запис од разговорот, изјави Столјаров за Република.


Столјаров вели дека и Заев во својот политички подем користеше снимки, и тоа прислушкувани разговори од други политичари, и додава дека тоа, но и содржината од разговорите што ги имале со него, покажуваат дека Заев не е баш чист.


Quote:Tој користеше вакви тактики. И ние ги користиме, но ние не го прислушкувавме кога зборува со други водачи. Ние само го објавивме нашиот разговор со него, не користевме никаква посебна машинерија, го објавивме само нашиот разговор со него. Тој се преправа дека е паметен политичар, и би требало да биде подготвен на било која провокација. Заев и самиот користел валкани трикови, во нашиот разговор се зборува за корупција, за разни други работи. Тоа ви кажува дека тој не е баш чист. Тоа не беше нашата цел, но Заев си го покажа лицето. Не би сакал да кажам дали тој е во право или не, но се покажа кој е. Не се покажа во многу добро светло, барем според мене, можеби неговите гласачи ќе мислат поинаку, додава Столјаров.
10-07-2019, 09:05 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

[Image: 1.jpg]



Владата фатена во лага!


Премиерот Заев и Вицепремиерот Анѓушев на работен ручек со компаниите членки на Македонско-германското стопанско здружение!!

13 септември, 2017 година

[Image: DSC_0817_2.jpg]
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев заедно со заменик претседателот на владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, денеска се обратија пред 150 домашни и германски компании. членки на Македонско - германското стопанско здружение во рамки на деловниот ручек кој беше организиран од ова здружение и Германската стопанска комора во Македонија.


Премиерот Заев на билатерална средба и работен ручек со високата претставничка на ЕУ, Могерини во Брисел

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, при работната посета на Брисел денеска имаше и билатерална средба со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, а потоа учествуваше и на работниот ручек што го организираше високата претставничка Могерини со лидерите на државите од Западен Балкан.
(This post was last modified: 10-07-2019, 11:21 PM by ЈорданПетровски.)
10-07-2019, 11:20 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

Antonio Milososki
14 hrs ·

Според релевантни извори од МНР не постои уредно архивиран записник од советниците Бојан Маричиќ и Дане Талески од првиот разговор на Заев со Лажниот Порошенко (август 2018та). Но, дали Заев ја говори вистината или ги манипулирал новинарите, наскоро ќе дознаеме, преку обврската на премиерот и министерот за надворешни да одговорат на пратеничко прашање!



[Image: 66448694_2739597179402877_10324949810188...e=5DAA0B63]


[Image: 66644270_2739597239402871_85222713851610...e=5DBE1DFB]



Заев ја прави истата грешка како Груевски.  После обајавата на разговоите со „Порошенко“  Заев требаше веднаш да поднесе оставка на сите функции. Само така ке го примиреше скандалот.
Пак ке споменам  за мајката која го тепала синот не за тоа што изгубил пари на коцка туку за тоа што отишол да игра за да се „извади“!
11-07-2019, 09:59 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16

Quote:АКО ВОВАН И ЛЕКСУС СЕ РУСКИ СПЕЦИЈАЛЦИ, ДАЛИ ЗАЕВ Е ПОД УЦЕНА ЗА СОРАБОТКА СО РУСКИТЕ СПЕЦИЈАЛНИ СЛУЖБИ!?

  [Image: dd45d054dfce696b68bc0b43a11d1bfe_L.jpg]

Јордан Петровски 11.07.2019
Изјавата на поранешниот Украински амбасадор дека Вован и Лексус се припадници на специјалните служби на Русија укажува на неколку многу битни работи за безбедноста на државата, за безбедноста на НАТО и за безбедноста на соговорниците со кои ЌЕ се среќава Заев!
Еве што вели Поранешниот амбасадор на Украина Гончарук:

Quote:Гончарук вели дека нема никакви сомневања дека се работи за припадници на специјални служби и дека овие руски „комичари“ насекаде го пикаат носот. “
 
Комуникацијата помеѓу Заев и „Порошенко“ односно Руските специјалци траела десетина месеци и кој знае колку разговори се направени помеѓу Заев и „Порошенко“.  Од тие разговори нема записници од Заев!!??
За да разговараат десетина месеци со Заев, Руските специјалци морале да имаат дебела причина, односно сватиле дека имаат за соговорник човек со малку ум а брз јазик и кој лесно можат да го регрутирааат за свој соработник.
Неверувам дека Руските специјалци објавиа се од разговорите!! Во разговорите сигурно има многу „безбедносно интересни“ информации кои Заев ги дал и со кои информации Русите сега имаат можност да го уценуваат Заев и Заев да мора да прифати соработка со Руските служби. 
 
(This post was last modified: 11-07-2019, 10:06 PM by ЈорданПетровски.)
11-07-2019, 10:05 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17

Quote:ВИДЕОТО ВЕКЕ НЕ Е ОД СТРУКТУРИ КОИ САКААТ ДА НАНЕСАТ ШТЕТА НА ЧЛЕНСТВО ВО НАТО !??

[Image: 814d386f5c4138112e5fa70430be6661_XL.jpg]

Јордан Петровски11.07.2019

Менгемето по се стега и Заев ја заборави оваа изјава:

 
[Image: image.jpg]
 
 
Давањето на оваа изјава само го продлабочува моето уверување дека Заев е под уцена:
 
[Image: image.jpg]


АКО ВОВАН И ЛЕКСУС СЕ РУСКИ СПЕЦИЈАЛЦИ, ДАЛИ ЗАЕВ Е ПОД УЦЕНА ЗА СОРАБОТКА СО РУСКИТЕ СПЕЦИЈАЛНИ СЛУЖБИ!?

Изјавата на поранешниот Украински амбасадор дека Вован и Лексус се припадници на специјалните служби на Русија укажува на неколку многу битни работи за безбедноста на државата, за безбедноста на НАТО и за безбедноста на соговорниците со кои ЌЕ се среќава Заев!
Еве што вели Поранешниот амбасадор на Украина Гончарук:

Quote:Гончарук вели дека нема никакви сомневања дека се работи за припадници на специјални служби и дека овие руски „комичари“ насекаде го пикаат носот. “
 
Комуникацијата помеѓу Заев и „Порошенко“ односно Руските специјалци траела десетина месеци и кој знае колку разговори се направени помеѓу Заев и „Порошенко“.  Од тие разговори нема записници од Заев!!??
За да разговараат десетина месеци со Заев, Руските специјалци морале да имаат дебела причина, односно сватиле дека имаат за соговорник човек со малку ум а брз јазик и кој лесно можат да го регрутирааат за свој соработник.
Неверувам дека Руските специјалци објавиа се од разговорите!! Во разговорите сигурно има многу „безбедносно интересни“ информации кои Заев ги дал и со кои информации Русите сега имаат можност да го уценуваат Заев и Заев да мора да прифати соработка со Руските служби. 
11-07-2019, 10:10 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#18

[Image: image.jpg]


Quote:Frosina Remenski
July 9 at 1:46 PM ·

Најголеми предизвици на сите безбедносно-разузнавачки служби е справувањето со неконвенционалните форми на загрозување на националната безбедност и стратешките интереси, преку употреба на алатки на специјална (информациска) војна, денес познати како хибридни закани.
Хибридните закани (комбинација на легални и нелегални дејствија со цел) ги употребуваат поединци, групи, движења, политички партии, влади и разузнавачки служби, заради остварување на нивни цели и интереси или за попречување на интересите на земјите во кои продуктите на хибридните закани се пласираат.
Актуелната снимка на т,н., "пранкери" е класичен пример на хибридна алатка. Легалноста на оваа хибридна алатка е само правото на комуникација. Нелегалноста на оваа хибридна закана е лажното претставување, употребата на агенти провокатори зад превез на "пранкери" и прикривање на нелегалноста и злоупотребата на медиумите на т.н., пранкери зад превезот на слободата на изразување и слободата на медумите како демократска вредност.
Ширење на продуктот од хибридната алатка по пат на медиуми е по правило сензација и предизвикува интерес. Тоа е една од главните цели на хибридната закана - да се шири продуктот што претпоставува некаква штета. Крајната цел е нарушување на интересите на земјата или на трети земји.
Современите безбедносни служби имаат легитимно право овој вид на хибридни закани да ги третира, да ги превенира и да постапува доколку се случат.
Медиумите покрај обуките за борба против лажните вести имаат и право и обврска да се едуцираат многу подетално за облиците на хибридно војување. Пласирањето на лажни вести е само еден дел од информациската, специјална, хибридна војна.
Хибридниот продукт во случајот со премиерот Зоран Заев е доказ дека сме таргет на хибридни закани како земја. Но, факт е дека ефектот не е очекуваниот.
Од содржината се заклучува дека, премиерот и покрај наведувањето на искази и вербални провокации (техника на комуникација на агент провокатор), јасно и без двоумење ги презентира стратешките цели и интереси на нашата земја за стабилност и безбедност во регионот, важноста на дијалогот, мирното решавање на споровите и потребата од дијалог и размена на вредности и ставови помеѓу земји и лидери кои делат исти стратешки интереси.
Оваа поучна хибридна лекција ќе не направи попосветени на напорите да ги зајакнеме институционалните и процедуралните капацитети за сајбер заштита, за да ги превенираме и пресретнеме ваквите дејствија.
Секое барање на одговорност и вина од жртвите на вакви хибридни закани и продукти е посакувано продолжено дејствие на алките и целите на креаторите на хибридната закана, на кои вистината не им е целта.



Некој не ја говори висината!!
11-07-2019, 10:48 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#19

Quote:Хашим Тачи со лекција за Заев: Мене не ме излажаа, во мојот кабинет работат професионалци !


[Image: -НАЛСОВНА.jpg]
Македонија
Актуелно
Фото/Текст извор: ©магазин

Новинарот на Клан Македонија, Фуркан Салиу на својот Фејсбук објави видео од изјава на косовскиот претседател, Хашим Тачи кој одговара на новинарски прашања.
Имено по cкaндалот во Македонија со руските пранкстери Вова и Лексус, еден од новинарите го запраша Тачи дали можеби тој разговарал со Порошенко во наводници. На ова Тачи накусо одговори дека пранкстерите се обиделе и него да го измaмат, но како што вели тој во неговиот кабинет работат вистински професионалци па тоа воопшто не се случило.
Косовскиот претседател додаде и дека тој секогаш ги почитyвa протоколите за тоа како се разговара со еден странски државник. Тачи не можеше да се воздржи и да не се насме кога новинарот му го постави ова прашање. 




11-07-2019, 11:04 PM
Reply