Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

Thread Rating:
  • 6 Vote(s) - 3.33 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
20 Години од возoбновувањето на идејата за ВМРО во Р.Македонија
Author Message
Администратор Online
Administrator
*******

Posts: 716
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#1

Quote:Ве покануваме на свечен коктел по повод 20 годишнина од возбнувањето на идејата на ВМРО во Р.Македонија.
17.06.2010 hotel continental 14h- пристуство со најава!
[Image: 31433_399964789196_813459196_3913564_2468820_n.jpg]

Quote:Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и Премиер на Република Македонија
Г-динот Никола Груевски
Раководството на ВМРО-ДПМНЕ

14.06.2010
Почитуван Г-дине Груевски, почитувани во Раководството на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, ми причинува посебна чест да од името на Ветераните на ВМРО-ДПМНЕ во Австралија, да ви упатам честитки по повод 20-годишниот јубилеј од формирањето на партијата.
Со самото основање на ВМРО-ДПМНЕ на 17.06.1990 година, македонскиот народ се здоби со една политичка сила која несебично се залага и бори за националните интереси на нашата татковина Македонија. ВМРО-ДПМНЕ освен тоа што го продолжува идеалот на ВМРО, формирана во 1893 година, денес се бори за зачувување на националните интереси, за јакнење на патриотското чувство кај македонскиот народ, не само во Македонија туку и меѓу нашите во дијаспората. Токму поради тоа, ние Ви изразуваме и огромна благодарност во името на цела македоснка дијаспора во Австралија, за несебичната соработка и постигнати успеси на сите полиња. Тоа секако, се овозможи бидејќи единствено Вие покажавте интерес, грижа и вклучување на дијаспората во вашата визија. Само на тој начин и понатаму ЗК во Мелбурн, Австралија, ќе претставува мост на соработка и спој на искуства во борбата за зачувување на македонскиот патриотски дух, македонските национални интереси. Во изминатите години ЗК, постави темели за натамошна заедничка соработка со Вас во татковината но и со други комитети во Македонија и дијаспората. ЗК на ВМРО-ДПМНЕ во последните неколку години на големо придонесе за иницирање и спроведување на проекти преку кои се воздигна свеста кај македонското иселеништво за потребата од понатамошна активна работа кога се во прашање македонските симболи, јазикот, името, идентитетот.
Тоа нека биде наша и Ваша заложба која ќе ја спроведуваме во континуитет и со тоа го исполниме патриотскиот долг и идеалот на нашите претци, на нашите Илинденци, на основачите на ВМРО во 1893 година.
ВМРО-ДПМНЕ е и понатаму единствена политичка сила која знае да помине и опстои низ најтешките премрежја од своето постоење, денес и понатаму.
Со вас, Македонија е доволно цврста и силна да издржи среде сите притисоци и влијанија, да обезбеди нови демократски процеси во сите полиња од општествено политичкиот живот на својата земја.
Веруваме дека со единственост, мудрост, почит и толеранција, Македонија ќе дава значаен придонес за вкупната убавина и доблест во светот.
Уште еднаш , нека ни е честит 20-годишниот златен јубилеј , до сите Вас во раководството централни и општински комитети, Задгранични комитети во дијаспората, до сите основачи, минати и сегашни активни членови, симпатизери, до македонскиот народ, со желби за понатамошни плодни години на соработка и успех.
ВМРО-ДПМНЕ – ЕДИНСТВЕНА ОПЦИЈА ЗА МАКЕДОНИЈА, ЗА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД!
ДА ЖИВЕЕ ВМРО-ДПМНЕ , ДА ЖИВЕЕ НАШАТА ТАТКОВИНА МАКЕДОНИЈА
Со почит
Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ
Мелбурн, Австралија

Координатор
Јане Мавчев

Нашиот одговор.

Quote:Правен наследник на ВМРО беше ВМРО-ПРАВДА. Кое е основано веднаш после војната а израсна од ВМРО СДРМА. Дел од основачите на ВМРО ПРАВДА , се договорија со основажите ДПМНЕ на Богдановски да го додаде името ВМРО. Во темава ке најдете малку повеке детали но тоа ни од далеку не е се. http://www.forum.kotle.ca/showthread.php?tid=43

Основањето на ВМРО ПРАВДА е во времето додека е жив Ванчо Михајлов до тој момент легитимен председател и представник на ВМРО, неговото неоспорување на ВМРО ПРАВДА е доволен доказ дека тие се наследници на ВМРО. За неоспорувањето има конкретни докази.

ВМРО ДПМНЕ од 1997/8 година почнува полека да ги напушта принципите на ВМРО. Заокружување на тој процесот на напуштање на принципите на ВМРО е завршено 2006 година.

Одговор на прашањето кој е правен наследник ке е многу едноставен. НЕМА ПРАВЕН НАСЛЕДНИК. За да се носи легитимно името ВМРО ке треба повторно да се преговара со сеуште живите основачи на ВМРО ПРАВДА.

поздрав од екипата на http://www.kotle.ca
13-06-2010, 05:53 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Георгиевски го кани брат Змејковски на прием

Посебна покана за приемот во „Континентал“ за славење на 20-годишнината од формирањето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ од страна на Љубчо Георгиевски ќе добие Борис Змејковски

Неговата покана уште вчера е доставена до партијата, а лицата од односи со јавност на ВМРО-народна партија и лично, телефонски, контактирале со Змејковски за да присуствува на приемот.

Георгиевски и Змејковски беа првите челници на ВМРО-ДПМНЕ во првите години од постоењето на партијата. Односите меѓу нив се нарушија по вториот партиски конгрес во Кичево во 1994 година. Во 1996 година Змејковски го напушти ВМРО-ДПМНЕ, а подоцна се приклони во партијата на Борис Стојменов. По освојувањето на власта од страна на ВМРО-ДПМНЕ во 2006 година, на чело со Никола Груевски, Змејковски повторно се врати во редовите на матичната партија.

Во една од партиските дебати организирани минатата недела како дел од прославата на 20 години ВМРО-ДПМНЕ Змејковски обвини дека Георгиевски лажно си придава значење во основањето на партијата.
16-06-2010, 11:16 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Дали Љупчо има морално право да го прави ова:

Quote:Народна ќе слави на роденденот на ДПМНЕ

ВМРО-народна партија ќе ја прославува 20-годишнината од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ утре, на денот на роденденот, 17 јуни

Љубчо Георгиевски и Марјан Додовски како претседател на ВМРО-народна партија ќе организираат свечен прием во 14 часот, во хотелот „Континентал“. На прославата ќе биде поканет и актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Покана ќе добијат и сите други политички партии.

Во поканата не стои дека ќе се слави роденденот на ВМРО-ДПМНЕ, туку пишува дека ВМРО-народна партија на 17 јуни во „Континентал“ ќе прославува 20 години од возобновувањето на идејата за ВМРО во Република Македонија. Сепак, дека се работи за провокација за Груевски е тоа што на поканата, Георгиевски, освен како почесен претседател на ВМРО-народна партија, е потпишан како почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата на Груевски на вчерашната прослава во центарот на Скопје не покани ниту еден од оние што ја напуштија ВМРО-ДПМНЕ.

Георгиевски минатата недела на прес-конференција рече дека предвремената прослава на роденденот на ВМРО-ДПМНЕ, партијата што тој ја основал, е фалсификување на историјата и дека со оглед на околностите во кој се наоѓа државата најдобро е тоа да се направи во форма на коктел, а не со голема прослава.

- Долго време бев убеден дека фалсификувањето на историјата е својствено за комунистите, но она што го гледам во последно време и она што го прави ВМРО-ДПМНЕ покажува дека тие ги поминаа комунистите за едно ниво повеќе - коментираше Георгиевски за поместувањето на датумот на прославата од 17 на 15 јуни.

Автор: К.Н.

Љупчо замина легално од председателското место на ВМРО ДПМНЕ така тој само може да се лути што не е поканет а не да прави прослави.
16-06-2010, 11:28 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote: ГЕОРГИЕВСКИ ДО ГРУЕВСКИ: „НЕ СЕ МЕШАЈ ВО МИНАТОТО НА ВМРО-ДПМНЕ“

Љубчо Георгиевски, основач и долгогодишен претседател на ВМРО-ДПМНЕ вели дека не е повикан на прославата на партијата која, според него, можела да помине и само со коктел, а не со двомесечни манифестации. Тој му порача.

http://www.telma.com.mk/index.php?task=c...&item=1351

Љубчо Георгиевски, основач и долгогодишен претседател на ВМРО-ДПМНЕ вели дека не е повикан на прославата на партијата која, според него, можела да помине и само со коктел, а не со двомесечни манифестации. Тој му порача на Никола Груевски да не се меша во минатото на ВМРО-ДПМНЕ.
16-06-2010, 11:40 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#5

(16-06-2010, 11:28 AM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Дали Љупчо има морално право да го прави ова:

Quote:Народна ќе слави на роденденот на ДПМНЕ

ВМРО-народна партија ќе ја прославува 20-годишнината од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ утре, на денот на роденденот, 17 јуни

Љубчо Георгиевски и Марјан Додовски како претседател на ВМРО-народна партија ќе организираат свечен прием во 14 часот, во хотелот „Континентал“. На прославата ќе биде поканет и актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Покана ќе добијат и сите други политички партии.

Во поканата не стои дека ќе се слави роденденот на ВМРО-ДПМНЕ, туку пишува дека ВМРО-народна партија на 17 јуни во „Континентал“ ќе прославува 20 години од возобновувањето на идејата за ВМРО во Република Македонија. Сепак, дека се работи за провокација за Груевски е тоа што на поканата, Георгиевски, освен како почесен претседател на ВМРО-народна партија, е потпишан како почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата на Груевски на вчерашната прослава во центарот на Скопје не покани ниту еден од оние што ја напуштија ВМРО-ДПМНЕ.

Георгиевски минатата недела на прес-конференција рече дека предвремената прослава на роденденот на ВМРО-ДПМНЕ, партијата што тој ја основал, е фалсификување на историјата и дека со оглед на околностите во кој се наоѓа државата најдобро е тоа да се направи во форма на коктел, а не со голема прослава.

- Долго време бев убеден дека фалсификувањето на историјата е својствено за комунистите, но она што го гледам во последно време и она што го прави ВМРО-ДПМНЕ покажува дека тие ги поминаа комунистите за едно ниво повеќе - коментираше Георгиевски за поместувањето на датумот на прославата од 17 на 15 јуни.

Автор: К.Н.

Љупчо замина легално од председателското место на ВМРО ДПМНЕ така тој само може да се лути што не е поканет а не да прави прослави.

Да, може да се лути што не е поканет, но има право и на коментар за тоа што не е викнат. А, посебно има право да даде мислење за обид за промена на фактите околу формирањето на ВМРО-ДПМНЕ. Мене ме чуди една работа. Ако некој мисли дека Македонците можат да заборават нешто што се случило пред 20 години, за кое добар дел од повозрасните биле сведоци или актери, како можеме да им веруваме на тезите на новопечените историчари дека тоа што го кажуваат за историските настани пред 2.500 години е точно!?!?Nee_taka А, тоа што прави паралелни прослави е реакција поради искривување на вистината. А, и датумот на прославата ВМРО-ДПМНЕ го утна.
16-06-2010, 01:08 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:ДВАЕСЕТ ГОДИНИ ВМРО ДПМНЕ – ОД РЕКОРД ДО МЕКДОНАЛДС !
среда, 16 јун 2010 12:24

По дваесет години од основачкото собрание на ВМРО ДПМНЕ едно е јасно - Македонија и натаму е на дното затоа што „најмакедонската партија“ била и е дел од големиот проект на службите за препарирње на комунизмот по падот на Берлинскиот ѕид. Тоа не е изoлиран процес кој се случувал само во Македонија, но нас, се разбира не интересира само она што е во нашиот двор. За среќа, маските паѓаат и покрај сите напори на домашните “креатори” да ја зачуваат оваа нивна вистина. Таа веќе е јавна и им станува јасна на Македонците и во Македонија и во Туѓината

Деновиве на една од телевизиите на комунистичко-полициско-олигархиската власт во Македонија одеше реклама за големиот митинг што го организираше владеачката ВМРО ДПМНЕ по повод 20 годишнината од основачкото собрание. Дојдете сите во толку и толку часот на сенародниот митинг, да прославиме 20 години ВМРО ДПМНЕ. „Од Рекорд до Мекдоналдс – За татковината се работи“!

Можеби луѓето од пералната за пари (вистинската дејност на рекламната агенција на ВМРО ДПМНЕ што го подготвила спотот), имале поинаква креативна замисла, но свесно или несвесно, не можеле да смислат подобра симболика за тоа каде е, и што стана со ВМРО ДПМНЕ за само 20 години од нејзиното основачко собрание на 17 јуни 1990 година. Од некогашната продавница Рекорд во центарот на Скопје, до сегашниот ресторан Мекдоналдс има околу 150 должни метри. Тие 150 метри се најдобрата симболика колкава е и што остана од „најмакедонската“ партија која се изборила за независноста, за сопствена валута, армија, фудбалска репрезентација...Впрочем, оние се уште вистински и искрени поддржувачи на ВМРО ДПМНЕ, а не партиски војници кои имаат членски книшки за да добијат работа, се токму толку, што поголем простор и не им е потребен.

Вештачки плурализам

За што зборуваме тука, јасно им е на читателите на овој форум и на овие колумни од поодамна. Не на сите, ама како кој се приклучува и чита, тоа го разбира. Она за што пред десетина-петнаесет години само со ретки исклучоци можеше да се прочита во по некој македонски печатен медиум, сега практично е тема со која се занимаваат сите и фактите не можат да бидат сокриени и покрај сите здружени обиди на една мала група битанги.

Формирањето на ВМРО ДПМНЕ како тема, стана интересна за многу медиуми. Основањето на „најмакедонската партија“, како што деновиве на А1 телевизија ја нарече Марјан Ѓорчев, е парадигма која кога ќе биде целосно расветлена, ќе ја покаже сета лага околу формирањето на другите партии во Македонија пред дваесетина години, како проект, со кој требаше пред светот да се одглуми дека, ете и ние станавме „американци“ и воведовме политички плурализам, демократски стандарди и пазарни вредности.

Вистината е следна: ВМРО – ДПМНЕ и сите други политички партии во Македонија, сите до една, се вештачки формирани партии и тие не се плод на желбата на луѓето политички да се самоорганизираат со цел да ја искажат својата воља за тоа во каква држава и со кои стандарди сакаат да живеат. Формирањето на оваа партија и на сите други, е строго контролиран процес, базиран врз незапирливите промени во светот и врз реалната потреба на Македонците да расчистат со едноумието.

Идејата за вакво нешто не е оригинална. Таа е увезена и има една стратешка и крајна цел – комунистичката елита да го замрзне своето владеење, макар што системот во кој ќе владеат се викал и капитализам!

Како се одело со рализација на идејава, станало јасно дека ќе мора да се редефинира малку позицијата и оти нема да можат сами да ја изведат, туку ќе мора да се потпрат на „ударната тупаница“, наречена низ историјата ОЗНА- УДБ-СДБ-УБК, како и низ еден нов слој контролирани богаташи што тие ќе ги направат и кои денес општо ги викаме олигарси.

Така што, слободно може да се каже дека денес со Македонија вистински владее комунистичко-полициско-олигархиско друштво како организирана структура, која, за жал на Македонија и Македонците, станала толку самозадоволна и себична, што сега се соочува со тоа да остане и без држава!

Големиот проект

Но да одиме по ред да ги објасниме уште еднаш нештата. Накратко, за тие што прв пат се соочуваат со горката вистина. Прво за оригиналноста на идејата. Процесот е „увезен“ од „братска“ Москва. Тој е смислен од КГБ уште на почетокот и средината на осумдесетите години од минатиот век, кога ним им било јасно дека ја губат битката и дека ќе има „Берлински ѕид“.

[Image: 91D2D80E6B432543961CD4D018F78F5B.jpg]

На братските служби и држави, вклучувајќи ја и тогашната СФРЈ, им е пренесен планот како тоа треба да се реализира. Прво, да се извади сето богатство и капитал надвор, во странство. На Запад, на Блискиот или на Далечниот Исток, сеедно. Кој како милува.

Потоа, да се формираат политички партии за да може народот да биде „организиран“. Тие партии, сите од ред, да бидат „демократски“ и „проамерикански“. Заради зачувување на сентиментот и подобро маскирање, било дозволено да остане и по некоја, баш комунистичка и анти-американска, ама да биде маргинализрана.

Потоа да се „урне“ комунизмот и да се организираат „повеќепартиски“ избори, на кои се разбира, ќе победат „најнационалните“, „најкапиталистичките“ и „најамериканските“.

Потоа, следна фаза била да се воведе приватизацијата, по можност без реална денационализација. Овој процес е правен откако извесен период работниците во големите и средните комунистички претпријатија се држат целосно безперспективи, без производство, без пазари и без плати.

[Image: kiro_gligorov.jpg]

Настанува приватизацијата преку манипулативни закони и процеси, во кои фирмите што имаат перспектива преоѓаат во рацете на поединци, избрани од власта. Парите претходно префрлени во странство, во компании формирани од нив или во оф-шорни зони, се враќаат во земјите. Стопанството заживува, се прават профити, а трошките се делат на народот.

Демокртаски процеси нема никаде, баш никаде во сите овие земји, а причината е сосема јасна. На власт е истата елита – т.е. нивните синови, ќерки, внуци. Нема реална денационализација, нема реална лустрација, нема реална демократија во која владее народот преку своите легитимни избраници во парламентот. Нема поделба на трите власти како алфа и омега за секоја демократија, нема пазарни услови за работење...

Овој комплексен процес кој е замислен од една од големите светски сили, денес можете да го видите во сите пост комунистички земји. Секаде, со помали или поголеми разлики, може да се препознае. Тоа што Американците го научија трикот отпосле, по некоја година и сега се обидуваат да го издвојат „сувото од сировото“, како што тоа го прават деновиве во Бугарија на пример, не ја менува болната вистината дека, де факто, ние и денес живееме во едноумие.

Тој процес е спроведен и во поранешната СФРЈ, како и во поранешната СРМ. Технологиите и тактичките игри биле различни во сите поранешни републики на Југославија и затоа изгледаат различно, но карактеристиките им се заеднички.

Играње на картата на национал-шовинизмот, заплашувањата со војна, (чиј почеток во Словенија, Хрватска и Босна беше класичен комунистички договор меѓу тогашните комунистички новопечени елити и Москва, а крајот беше голема игранка во која беше вклучена Америка и некои регионални сили), и играње со стравот од сиромаштија и безперспективност.

ВМРО ДПМНЕ – плод на комунисти и удбаши

Македонските комунисти со помош на тогашното раководство на тајната полиција(Слободане Б., дали мирно спиеш?), како безпоговорни следбеници на Белград, „дозволуваат“ формирање на повеќепартиски систем. Прво во игра ја уфрлаат Лигата за демократија, па МААК, но откако гледаат дека тоа е премногу „меко“, а лидершипот премногу неинветивен, ја создаваат и ВМРО ДПМНЕ, а потоа и „либералите“, преку поранешната младинска организација и еден вистински младинец каков што е Стојан Андов.

[Image: Slobodan%20Bogoevski.JPG]

За ВМРО ДПМНЕ наоѓаат „погодно дете“ кое го прогласуваат за војвода и му го креваат рејтингот. Дететот Љубчо Г. за кое пишувавме и во претходната колумна, на почетокот не е свесно, а потоа, кога ја дознава играта, било до толку закашкано, што решило да си ја игра и ден денес.

Партијата, како што денес веќе може да се потврди и документирано, е формирана со помош на една „голема легенда“ од Туѓината, Драган Богдановски и други докажани македонски емигранти-активисти, како и со помош на сигурни соработници на полицијата од Македонија. Само еден од активистите од емиграцијата кој учествува во иницијативниот одбор, набрзо по тие настани ја увидува играта на македонските комунисти и се повлекува. Објавува дури и јавно писмо во Македонија, но процесот веќе не може да се запре.

Комунистите потоа формираат уште десетици други партии, а за најсилната, вклучувајќи ја и онаа нивната наследничка, СДСМ, наоѓаат друго погодно дете, Бранко Црвенковски – бескрупулозно и безидејно, заинтересирано само за моќ и за пари. Тоа дете, за разлика од првово дете, играта ја знае од почеток, иако не ги знае деталите.

Целиот процес е под будно око на Белград, а преку Белград и на Москва. Сите се заинтересирани ништо стратешки зацртано да не излезе од контрола. Малку подоцна, сосема малку подоцна, во играта се вклучува и Атина, а потоа и Анкара и Софија. Но, само Грците, покрај Србите, за дваесет години успеваат многу длабоко да пенетрираат и да се грижат за своите стратешки цели во Македонија, се разбира со дозвола и соработка од Белград, додека другите, иако влијателни, остануваат далеку зад. Москва и Вашингтон продолжуваат да го надгледуваат процесот и да си ги играат своите големи игри. Македонци, како што гледате, во процесов нема.

Ете така во Македонија е спроведен процесот на „демократизација“и „плурализација“.

Разочарување до разочарување

Народот, како и секој неинформиран народ, се лепи на приказната и верува дека навистина расчистува со едноумието. Масовно прифаќа членски книшки и со невиден ентусијазам формира месни и општински комитетите и основни партиски организации. Уште помасовно излегува на митинзи и на избори, верувајќи дека нешто од него зависи.

Но, по првичната еуфорија дека избрал „најмакедонска“ партија која ќе го брани македонскиот национален интерес и од сите соседи и од сиромаштијата, се соочува со, прво благи, а потоа со се поголеми разочарувања.

Прво, иако ја избра „најмакедонската“ партија, таа не формираше влада, туку беше поставена некоја експертска. По четири години, 1994, иако народот на таа „најмакедонска“ партија се уште и веруваше масовно, таа се откажа од изборите и ги остави „бившите комунисти“ сами да владеат четири години.

За време на тие четири години се случи најголемиот грабеж што можеше да му го направат – манипулативната приватизација. Продолжија да го ограбуваат бесрамно и преку разни банки, штедилници, ТАТ-ови. Кога немаа каде, беа принудени на девалвација на денарот, која ја покриваа со „пиздарии“ по српски рецепт – Гостивар(јули 1997).

Но, народот се уште веруваше и по четири години, во 1998, пак гласаше за „најмакедонската партија„. А таа, како „најмакедонска“, не само што продолжи со ограбувањето, туку и се трудеше да биде подобра и да стигне да доограби од тоа што останало.

А потоа, си дозволи наивно да влезе во стапица, во која мораше да „се пушти и малку крв“, за да се продолжи играта. Да, за 2001 година зборуваме.

„Војната“ заврши со федерализирана Македонија и со процес на натамошно разградување на македонското национално битие.

Во 2002 година, се врати СДСМ на власт. Грабежот продолжи. За да продолжи и играта, едното дете мораше да демисионира и на негово место да донесат друго. Љубчо беше заменет од Никола, со помош на Љубчо. За да биде маскирањето што подобро и другото дете, Бранко, формално мораше да демисионира од извршната власт и да глумат лудило.

По четири години натамошно ограбување и распродавање и на тоа што остана(ЕСМ), на власт дојде повторно „најмакедонската“ партија, овој пат со новото дете, кое не беше претставено како војвода, туку како способен економист. Еве, четврта година од владеењето на тоа дете и на „најмакедонската“ партија, од економијата не остана ниту Е.

Фондовите и касите во Македонија се се попразни. Дебатите наместо да се водат за Македонија во 21-от век, се насочуваат кон историјата и проектни глупости од типот Скопје 2014, а константно се манипулира со стравот од нова војна преку разни оперативно-тактички методи на полицијата и преку вештачки дебати - дали на градскиот плоштад во Скопје требало покрај црква да има и џамија.

Името не го даваме – ја дадовме државата

Името не го даваме. Се разбира. Ама ја дадовме државата. Од сите горенаведени процеси најзадовлно си трљаат раце сите околу Македонија. Само Македонецот остана со прстот во уста, полека сфаќајќи што му се случувало.

За тој Македонец денеска вооопшто не е битно дали Гојко и Мане учествувале во формирањето на партијата како соработници на ДБ и дали Змејко му го чува капутчето на Љубчо, исто така по налог на ДБ. Воопшто не е ни битно дали Драган Богдановски бил констатен соработник на полицијата уште додека лежел во Идризово или се решил на соработка малку подоцна при отпочнувањето на процесот на преминот од комунизам во „капитализам“.

Ич „не го боли“ денешниот Македонец и за тоа дали покојниот Никола Кљусев бил „вмровец у душа“ или лежел на Голи Оток затоа што како убеден комунист не можел да добие некое унапредување, па се побунил.

Не му е важно на Македонецот ни за тоа дали покојниот Мијалков бил само „нормален“ соработник на ДБ, поради својата професија или бил и офицер на КОС и дали откако одбил да ги слуша поранешните наредбодавци, Петар Грачанин му организира атентат пред Врање.

Тој, денешниот Македонец, не размислува и за тоа зошто Мартин Треневски, соработник на ДБ, син на офицер на УДБ, беше избран за министер во првата влада, а потоа висок функционер и амбасадор, дури и во оваа последнава на „најмакедонската партија“.

Македонецот денес не се замара ни со тоа како можеше во „најмакедонската“ влада на Љубчо Г. од 1998, министер за надворешни работи да му биде уште еден соработник на ДБ, овој пат поради својата професија, С. Чашуле, син на „великанот“, Бог да му душа прости, Коле Чашуле – судија поротник во процесот против првиот македонски претседател Методија Андонов Ченто.

Воопшто не му е битно на Македонецот и дали Доста Димовска, долгогодишен најблизок соработник на Георгиевски и кадровик во ВМРО ДПМНЕ, била всушност уфрлена во партијата во 1991-1992 како докажан соработник на ДБ, по што, одвнатре го контролирала проектот на комунистичко-полициско-олигархиската власт.

Не му е битно ни дали Саво Климовски, висок функционер на Демократска Алтернатива и коалиционен партнер на ВМРО ДПМНЕ, е всушност висок српски разузнувач и близок пријател со семејството на покојниот Слободан Милошевиќ.

Не му е битно, всушност, дали целиот проект со ДА на Тупурковски, Камбовски и Бојановски, беше дело на српските разузнавачки служби и нивните филијали во македонската полиција, со цел да се остварат воените планови за Косово и прелевање на кризата во Македонија.

Исто како што не му е битно на денешниот Македонец, зошто и како, најверните соработници на Груевски, целата „млада гарда“ министри, директори, советници, станаа „заколната вмровци“, откако претходно беа во подмладокот на ДА на Тупурковски.

„Крај Вардарот седиш – се нагоре гледаш“

Денешната генерација Македонци овие имиња не ги ни познава. Овие личности за нив се небитни. Битни им се процесите, за да знаат зошто живеат во бесперспективна држава.

Да знаат зошто живеат во држава во која големиот економист што моментално им е премиер, им кажува дека државата мора да ги даде под концесија патарините, зашто немала искуство да работи ефикасно со патарини!!?

Сака оваа генерација Македонци да дознае и како тоа, покрај сите реформи во јавното здравство, ако сака квалитетна здравствена услуга мора да оди кај Камчевци, Угриновци или Минчовци и дебело да плати за своето здравје.

На денешниот Македонец му е важно да знае зошто мора да се зачлени во партија за да добие работа. Макар и под форма договор за дело, односно хонорарно. Му е важно да знае и зошто мора да биде битанга и да се понижува и да го кодоши својот колега од работа, само за да добие решение за неодредено време.

Исто така му е важно да знае, зошто и покрај факултетска, магистерска и докторска диплома, мора да бара солуција за работа во Туѓина и да се иселува, исто како и пред 100 години.

Важно му е да знае и тоа, зошто на телевизиите и радијата и натаму повеќе е застапена музика од српската, отколку од македонската естрада.

Зошто, во популарните трујач - емисии за избор на пеачи аматери водени од разни „Вучиќи“, децата одбираат да пеат повеќе српски, отколку македонски песни.

Важно му е наденешниот Македонец да знае и зошто во сопствената земја не може секаде слободно да зборува македонски и гласно да каже дека е Македонец, туку мора да размислува за солуции во кои ќе молчи или ќе го учи и јазикот на малцинството.

Не му е јасно на денешниот Македонец, зошто во Македонија, а особено во Куманово, по сите кафетерии луѓето страсно навиваат за Србија во фудбал. Со дресови на Србија или на поранешна Југославија, со знамиња на северниот сосед и со емоции невидени кај нив кога игра македонската репрезентација.

Сето тоа драги наши Македонци, е затоа што македонската комунистичка елита повеќе од 60 години се пронаоѓа во еден стих од старата македонска песна Јовано, Јованке: „Крај Вардарот седиш, мори, се нагоре гледаш“.

Кон Дунав и Сава, кон „Београде, вечни граде наш...“

Не го злоупотребувајте ВМРО

Е се дотогаш, на годишнините на „најмакедонската“ партија ќе ни доаѓаат поразителни вести од Брисел. ЕУ, како извитоперен клуб на моќните држави од Европа во кои нема правда и меѓународно право за „малите“, никогаш нема да не прими ако не си го смениме името. Истото важи и за онаа другата, бесперспективна алијанса, НАТО.

Секако, тоа не значи дека мора и треба да го смениме името за да опстоиме и да бидеме богата, среќна и слободна демократска држава. Но, за да се оствари тоа, комунистичко-полициско-олигархиската елита, која што владее со државата, треба да биде макар малку патриотска и да ја сака Македонија. За да најде алтернатива и за да гради држава со демократски и пазарни принципи, држава на среќни и богати граѓани.

Но, колку што можевме да видиме од изминативе 60 години, кај оваа елита нема ни М од Македонија. Тие Македонија ја гледаат само како средство за лично материјално богатење и празнење на своите фрустрации што ги имале како деца. Како „поле за орање“ за сопствени плодови, што се наследува од колено на колено, од дедо на внук, во еден затворен круг што порано живееше на Водно.

И затоа сега, дојдоа до состојба да мораат да позајмуваат, за да можат да крадат!

Каков апсурд, да се задолжуваш во странство за да можеш преку разработените механизми на јавно крадење, пардон јавна потрошувачка, да продлжиш да крадеш.

Кај се видело и чуло Марјане Ѓорчев – човече со лепливи раце, да бидеш „најмакедонец“, а да си го крадеш сопствениот народ, сопствената држава? Да ја крадеш иднината на неродените генерации Македонци!!!

Затоа, кога „За Татковината се работи“, стигнавте да се соберете од Рекорд до Мекдоналдс.

Македонецот денес има само една сериозна замолница до вас: Не се преставувајте лажно и не го злоупотребувајте светото име ВМРО!

Владимир Костовски

16-06-2010, 02:12 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#7

(16-06-2010, 02:12 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:

BravoBravoBravo
16-06-2010, 09:24 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:БИВШИОТ КОДОШ НА ВМРОВЦИТЕ, ДЕНЕС Е ЗАМЕНИК - ДИРЕКТОР НА ТАЈНАТА ПОЛИЦИЈА
петок, 18 јун 2010 11:52

Пишува

Јанко БАЧЕВ

На 17 јуни се навршуваат точно дваесет години од формирањето на владеачката ВМРО-ДПМНЕ. Во оваа насока, во пресрет на централната послава, особено актуелно беше прашањето околу личностите што ги удрија темелите на партијата. Се организираа разноразни трибини, се земаа ијзави од личностите поврзани со основањето на ВМРО-ДПМНЕ, и, по правило, секој си ја кажуваше неговата вистина, а истовремено, го обвинуваше другиот за неточности и фалсификување на историјата на партијата. Значи, на едно толку познато прашање за личностите што може да се сметааат за основачи на партијата, се разви жестка јавна дебата, која продуцираше непотребна и тензична атмосфера!

Меѓутоа, она што во меѓусебните препукувања го одбегнаа основачите на ВМРО-ДПМНЕ, секако е фактот дека никој не се осврна на заслугите на македонската тајна полиција за партијата во демократска Македонија. Не треба да се заборави дека уште од самите почетоци, тогашната Служба за државна безбедност (СДБ) била длабоко инволвирана во самото формирање на партијата, а македонската тајна полиција на своевиден начин до денешно време е активна и влијателна во ВМРО-ДПМНЕ. Значи, потребно е во јавноста да се расветлат и овие аспекти поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, дотолку повеќе што тоа и е потребно на самата партија, која е еден од носечките столбови на современата македонска држава. Само така кај ВМРО-ДПМНЕ како одговорна и сериозна партија ќе се отстранат контроверзите што до ден-денес ги предизвикува историјата на оваа партија, односно, нејзиното основање и улогата на политичка сцена!

ЉУБЧО ИМ СЕ ВИДЕЛ КАКО

ПРАВ ВОЈВОДА

Имено, основачкото собрание на ВМРО-ДПМНЕ се одржа на 17 јуни 1990 година, во Скопје, во салата на Младинскиот културен центар. Иницијатор за основање на партијата е Драган Богдановски, кој, како политички дисидент со преку 40-годишна емигрантска дејност, во западноевропските земји ќе дејствува се до распадот на комунистичките системи кон крајот на осумдесетите години на минатиот век. Богдановски за идеите за самостојна Македонија одлежал дест години и седум месеци во затвор. За животот и делото, односно, за емигрантската дејност на Драган Богдановски, своевремено детално пишував во двете мои колумни во Шпиц од 24 и 25 октомври 2006, што заинтересираните можат да го видат на http://www.ndm.org.mk

Значи, откако се случија споменатите радикални промени на светската сцена со распадот на комунистичките системи, а во тие рамки и во поранешна Југославија е воведен партиски плурализам, наместо еднопартискиот систем во кој единствена водечка сила дотогаш беше Сојузот на комунистите на Југославија. Македонската емиграција ја согледува потребата од формирање на политичка партија, и на тој начин децениската борба водена во емиграцијата за обединување и демократизацијата на Македонија да се префрли во татковината и политички да се дејствува. Во овој контекст, најпрвин во Гетеборг, Шведска, во март 1990 година, иницијативен одбор од неколку македонски емигранти предводен од Богдановски ја формира Демократската партија за македонско национално единство (ДПМНЕ). Голема е улогата во овие настани, а покасно во основањето и дефинирањето на контурите, стратешките определби и определувањето на конечното име на партијата на клучниот состанок во Ресен, на лицето Дане Попоски, за кого малку се знае во македонската јавност. Поповски кој денеска е во поодминати години, живее во Чикаго, САД, а треба да се знае дека уште во пролета 1949 година, со свои истомисленици е основач на ВМРО-ПРАВДА, а во 1990 година, како што споменав, зеде активно учество во основањето и подемот на ВМРО-ДПМНЕ.

Значи, по формирањето на ДПМНЕ, приказната продолжува на тридневниот состанок во Минхен, Германија, одржан на 31 мај, 1 и 2 јуни 1990 година, на кој присуствуваат Драган Богдановски, Љубчо Георгиевски, Борис Змејковски, Владо Транталовски и Гојко Јаковлевски. На состанокот дефинитивно е зацементирана потребата од политичко дејствување во Република Македонија. Истовремено се размислува на партијата ДПМНЕ да се додаде префиксот ВМРО и за претседател на новооснованата партија ВМРО-ДПМНЕ, да биде избран Љубчо Георгиевски, кој во тој момент на сите им се видел како харизматичен лидер и прав војвода. Во овој контекст, Љубчо Георгиевски, речиси во секој негов јавен настап не пропушта да ја изрази својата разочараност, односно, да го потенцира фактот дека во Минхен лично очекувал да види една многу силна и организирана македонска емиграција за која дотогаш постојано слушал!

УДБА СТАНА ВМРОВСКА СУДБА

Меѓутоа, Георгиевски треба да има предвид дека најекспонираната македонска емигрантска организација - Движењето за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ), претходно (ОКМ и НОФМ), која педесеттина години дејствуваше во западноевропските земји против југословенскиот социјалистички систем, ниту оддалеку не беше на рамништето на силните емигрантски четнички и усташки организации. Дури, се случувало на некои од пете одржани конгреси на ДООМ, во периодот од 1950 до 1990 година, да се собираат едвај по петнаесетина делегати од западноевропските земји, како претставници од месните организации на ДООМ во тие земји. Стотината илјади македонски гастарбајтери во западноевропските земји, во тоа време не се гледаа во македонските емигрантски организации кои се залагаа за распад на поранешна Југославија, бидејќи за нив беше апсолвирана вистината, дека историскиот пресврт со создавањето на поранешната СФРЈ, е, пред се, од значење за македонскиот народ, кој својата многувековна борба за национална слобода и сопствена држава ја круниса со создавањето на југословенската држава, во која Македонија сосема оправдано се стекна со социјална еднаквост и рамноправен статус на самостојна држава во југословенската федеративна заедница!

Да се навратам на споменатиот собир во Минхен. Имено, веќе од овој прв иницијативен собир за основањето на ВМРО-ДПМНЕ ќе пристигне и првиот извештај во СДБ, бидејќи добредојде во Минхен на иницијаторите за основање на партијата ќе им посака соработник на македонските тајни служби, кој сега е еден од докажувачите за тоа кои се основачите на партијата. Од тој момент, значи, од чинот на создавањето на ВМРО-ДПМНЕ, македонската УДБА и навистина во буквална смисла на зборот ќе стане вмровска судба. Дополнително, по основачкото собрание на 17 јуни 1990 година и запишувањето на ВМРО-ДПМНЕ во официјалните партиски регистри, СДБ во тоа време најголем дел од својата оперативна работа ја насочи токму кон контрола на оваа партија, бидејќи, т.н. внатрешни непријатели требаше да бидат под целосна контрола. Затоа, не случајно во СДБ најексплоатирана е линијата на работа - македонски екстремизам и врховизам!

Истовремено, од страна на СДБ ќе почнат заткулисните дискредитации врз Драган Богдановски, односно, за негово прикажување како полициски соработник, на кого, по излегувањето од затвор, најпрвин ќе му овозможат да живее во полициски стан во полициската зграда во скопската населба Капиштец, кој беше купен од споменатиот Гојко Јаковлевски. Но, Драган Богдановски не се задржа многу во тој стан. После неколкмесечен престој, тој повторно се исели од Македонија, доби политичкиа азил во Шведска, каде ја формира партијата ДПМНЕ. Покрај полицискиот стан, секако дека клучниот момент за неговата дискредитација е едно телевизиско интервју во вила на МВР, на тогашна уредничка во МТВ, во копродукција со покојниот Добри Величковски, кој во тоа време во СДБ началствува со управата надлежна за т.н. внатрешни непријатели (читај: политичките неистомисленици).

ИНСПИРАТИВНИ ПСЕВДОНИМИ -

ТЕМЕЛ, БАЗА, ДУВЛО..!

Колку бил силен продорот на тајната полиција во ВМРО-ДПМНЕ, нека послужи податокот дека во тоа време СДБ успеа да допре до извориштето на партијата, со врбување на двајца нејзини членови во највисокото партиско тело - Извршниот комитет на партијата. За контролата врз ВМРО-ДПМНЕ да биде целосна, во една од собите на хотелот Турист беа инсталирани полициски камери спрема партиското седиште, заради 24-часовно следење на движењето во партијата. Сето тоа се одвиваше во заведените оперативни акции на тајната полиција со инспиративни псевдоними - Темел, База, Дувло. Но, судбината очигледно си поигрува со ВМРО-ДПМНЕ, ако се знае дека лицето кое своевремено како надежен оперативец ги имаше на врска инсталираните соработници на СДБ во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, односно, ја остваруваше полициската обработка на оваа партија, денеска, како кадар на ВМРО-ДПМНЕ, ја обавува функцијата заменик - директор, на, внимавајте, - македонската тајна полиција!!!

За волја на вистината, во оваа насока ќе споменам дека бројните соработници на СДБ во комунистичкиот период и во демократска Македонија, кои денес, како вмровски кадри, се распоредени на функционерски места во највисоките државни органи, не е резултат на некоја невидлива и одметната структура на тајната полиција за контрола на партијата, туку се работи за функционерски назначувања по лична и пријателска линија. Владеачката ВМРО-ДПМНЕ во ова насока направи добра работа - ја воспостави посакувана реална контрола врз македонската тајна полиција, за разлика, на пример, од владеачката ВМРО-ДПМНЕ во периодот 1998-2002, кога тогашниот опозициски СДСМ имаше поголема конрола врз СДБ дури и од времето на Лазар Колишевски. Незнаењето и неснаоѓањето на тогашните клучни вмровски кадри во МВР, пред се на Љубе Бошковски, кој беше само номинален министер во МВР без реално влијание и претстава за вистинските настани, откако претходно се дозволи инсталирање на клучните позиции во тајната полиција на проверени кадри на СДСМ, кои на крај ќе имаат значаен удел во паѓањето на владата на тогашниот премиер Љубчо Георгиевски. Добро е барем тоа што неодамна, Љубе Бошковски разочарано призна дека токму кадрите кои своевремено ги сметал за вмровски и ги поставувал во МВР, биле смислени инсталации кои сега го следат и прислушкуваат!

ИСТОРИЈАТА СЕ ПОВТОРУВА

Значи, сегашното назначување на бројни соработници на тајната полиција на функционерски места како вмровски кадри, не е нешто што ја загрозува владеачката ВМРО-ДПМНЕ. Во оваа насока може само да се морализира со таквиот чин, бидејќи илјадниците вистински вмровци, кои во тие опасни времиња после 1990 година го понесоа товарот на самостојноста и невидените малтеретирања од тајната полиција, беа кодошени во демократска Македонија токму од лица што во моментов се „вмровски„ функционери. Или, поразителниот факт за споменатите вистински вмровци, ако се знае дека во нивното коалициско друштво денеска седат дури седум политички партии кои своевремено се формирани од тајната полиција!

Колку за споредба, еве што пишува во кодошката биографија за овие сегашни вмровски функционери за време на комунизмот. За еден од нив тајната полиција пишува: „Ангажиран од тајната полиција кон студентски средини и следење на студентската младина и лица експонирани од позиции на граѓанска десница, посебно кон лицето (...)„, Друг „се ангажира за следење на анархолибералистичите средини, експонирани од бирократски догматизам и антисамоуправни елементи, со посебен ангажман за попречување и документирање на непријателската активност на лицата (...)„. Трет „се користи за изведување на акции за примена на ОТС-средства кај лицата (...) и други безбедносно-интересни лица по граѓанска десница„ и слично, додека за оние вмровски функционери кои биле соработници од 1990 наваму, речиси идентични се формулациите во нивните кодошки досиеја во смисла: „Лицето се ангажира за следење на активностите од позиции на македонски ектремизам и врховизам„ односно - „предложено му беше и изворот се согласи за соработка и нашите контакти на овој план да продолжат заради доаѓање до безбедносно-интересни сознанија за лицето (...) по линијата македонски екстремизам и врховизам„ што севкупно беше перфидна форма за следење на тогашното ВМРО-ДПМНЕ!

Оттука, поразителната македонска историја се повторува. Жална ќе биде сликата, кога по повод прославата на 20-годишното постоење на ВМРО-ДПМНЕ, на свечената бина ќе се качат кодошите и кодошените, и еден до друг ќе пеат комитски песни, ќе ракоплескаат и ќе слушаат рефрени за светлата вмровска традиција, која низ историјата страдала токму од кодошите!

Авторот е Претседател на Народно движење за Македонија

П.С.

Им се извинувам на читателите, затоа што не можам да споменам конкретни кодошки имиња, бидејќи, своевремено, Стојан Андов, се послужи со мала итрина, кога формално - правно напиша лустрациски закон, но, така скроен, што од лустрацијата да излезе едно големо ништо и голем трик за манипулација со граѓаните. Андов напиша во законот казна затвор до четири години за сите оние што ќе кажат конкретни имиња за соработници на тајната полиција!
18-06-2010, 01:55 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:За рејтингот се работи

Ненад Новковски

Одбележувањето на дваесетгодишнината од формирањето на првата политичка партија на десницата во современа Македонија, ВМРО-ДПМНЕ, покрена многу прашања што се од интерес, како за сите партии од десницата така и воопшто за политичките активности и за развитокот на земјава во овие две децении и за нејзините перспективи. Новите сознанија, освен што даваат можност подобро да се оценат настаните од минатото, фрлаат и дополнителна светлина за најбитните случувања во последниве години и во актуелниов момент. Едно таков клучно прашање е како се пристапува кон третирањето на заслугите на учесниците во градењето и во функционирањето на партијата, Најупростена слика за тоа беше дадена преку поделбата на основачи и на раководители, преку споредбата со случајот на претпријатие. Сметајќи ги едни за сопственици (основачи), а други за платени раководители (менаџерски тим), беше изнесено тврдење дека по изминување на мандатот на некое претходно раководство целото претпријатие им останува на основачите, без никаква обврска кон раководителите кои завршиле со должностите. Дури и кога таквата поделба би била основана, и во случај на деловен, а не на политички субјект, правилниот третман на раководството подразбира давање сопственички удел и редица признанија и по напуштањето на должноста. Битното што во таа интерпретација е пропуштено е дека аналогното на сопственичкиот влог во претпријатието, во партијата е политичкиот, односно општествениот влог на личноста. Тоа ги вклучува оние вредности што се внесени од личностите при нивното вклучување и создадени во текот на активното работење за партијата. Само со еден правилен приод кон вреднувањето на сите тие придонеси може да се обезбеди правилно и успешно функционирање на некој голем политички субјект што има цел долгорочно да биде присутен на политичката сцена и настојува да остави забележителни резултати. Во оваа смисла крајно изненадување претставува оскудното осврнување на резултатите на претходните раководства на ВМРО-ДПМНЕ, во прв ред на долгогодишниот лидер Љубчо Георгиевски, кој одбележа еден изразено голем дел од историјата на партијата и од времето на осамостојувањето на државата. Не само што е потребно во една ретроспектива да се споменат определени придонеси туку е потребно да се даде објективна оцена за нивната големина и прецизно да бидат посочени нивните носители, доколку може доволно јасно да се определат. Тоа во никој случај не треба да ја намали вредноста на наредните придонесувачи, доколку таа вредност е забележителна. Како што Исак Њутн можел да каже дека постигнал толку многу зашто гледал далеку, а гледал далеку зашто бил искачен на плеќите на гиганти како Галилео Галилеј, така и Никола Груевски требаше да се пофали со своите успеси, постигнати благодарение на претходните огромни резултати постигнати од Љубчо Георгиевски и поддршката што ја доби во развитокот на политичката кариера и во добивањето на лидерската функција на веќеизградена партија, на чија изградба претходно многу луѓе работеа долго, напорно и самопожртвувано. Многу настани треба да бидат правилно претставени и оценети, за што во еден ваков текст нема ни оддалеку доволно место. Овде само се разгледуваат основните принципи на тоа правилно претставување. Клучното што може да се истакне и овде е дека Владата на Никола Кљусев не беше доминирана од ВМРО-ДПМНЕ, туку имаше само неколку члена, но избрани како експерти, а беше под силно влијание на Киро Глигоров. Поради тоа влијание, таа Влада, која инаку презеде многу значајни чекори во осамостојувањето, влијаеше на забавувањето на сите значајни процеси, што резултираше во пропуштање на многу клучни можности. Така, беше пропуштена можноста да се направи брзо осамостојување заедно со Хрватска и со Словенија што понатаму ги искомплицира сите други активности во врска со осамостојувањето. Потоа, се спроведе референдум со опашка од поранешна Југославија, што уште ни виси над глава, што најверојатно го генерира името под кое сме пријавени во Обединетите нации. Недостатокот на одлучност да се влезе во ефикасен процес на приватизација отвори пат во периодот што следеше потоа, под водство на Бранко Црвенковски да се спроведе приватизација која доведе до создавање сопственичка структура што генерира пазарно стопанство со ограничена функционалност. Посебна тежина треба да му се даде на периодот на владеење на првата Влада на ВМРО-ДПМНЕ, од 1998 до 2002 година, со премиерот Љубчо Георгиевски. Оваа тема е многу широка, но мора да се истакне дека за првпат по повеќе децении на владеење на комунистите и на нивните наследници беше формирана Влада на десницата и успешно функционираше цел четиригодишен мандат. Се покажа дека може да се оствари суштинска смена на власта која функционира во целост и притоа да бидат постигнати забележителни резултати. Во поглед на европските интеграции треба да се истакне дека во тој период беа потпишани Договорот за стабилизација и за асоцијација и Лисабонската конвенција. Сите резултати беа постигнати без непотребно оптоварување на стопанството и на граѓаните. Ваквиот однос на Груевски беше интерпретиран како обид да се избрише историјата, што не изгледа дека е можно да биде остварено. Најверојатно се работи за обид да бидат покриени забележителните потфрлања во реализацијата на најзначајните цели поставени пред ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Девалвирањето на постигањата од претходниот период очигледно има за цел да се оправдаат промашувањата од овој период, во прв ред во економијата. Токму со високите очекувања во економијата Георгиевски ја оправда поддршката што му ја дал на Груевски за издигнување на лидерската позиција во 2003 година. Секако дека глобалната криза имаше голем удел во негативните економски текови, но очекувањата во економијата беа далеку поголеми од она што би се добило доколку би се исклучил ефектот на кризата. Од друга страна, третирањето на Георгиевски и неговите соработници од претходниот период како негативни личности на ВМРО-ДПМНЕ во минатото му носеше значајни поени. Најверојатно со ваквиот настап се очекува повторно да бидат добиени такви позитивни поени за одржување на рејтингот на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ. Сепак, во веќе изменети услови, не е сигурно дека тоа ќе вроди со плод и дека ќе го запре падот на рејтингот на Груевски, кој во последно време станува изразено голем.

Авторот е десно ориентиран политички аналитичар
22-06-2010, 02:14 PM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#10

[Image: vmro-osnovanje1.jpg]
[Image: vmro-osnovanje2.jpg]

Зошто охридското ДПМНЕ свесно заборава на своите ветерани

Своевремено после народно ослободителната војна после 1945 година во тренд беше да се биде првоборец. Со двајца сведоци се обезбедуваа борачки пензии се делеа ордени и привилегии. Покасно се формира здружение на Сојуз на борци кое стекна голем имот, па така после изолирањето на сите тие првоборци се јави нова група на луѓе во форма Следбеници на ликот и делото на борците од НОВ. Ваквите почитувачи не е ништо друго со оглед на фактот да голем дел од нив во 2001 година беа борци под јорган планина ама затоа се следбеници на големиот имот кој го поседуваше сојузот на борци.
Не е ништо поинакво ни во Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ во Охрид, доколку имаат и двајца сведоци од челниците на Општинскиот комитет да бидете поголем вмровец и од Гоце Делчев и да добиете членска карта дека сте член од 1903 година.
Деновиве бевме свесни на паради по повод 20 годишнината од формирањето на ВМРО во Охрид и по повод 20 годишнината од формирањето УМС на ВМРО ДПМНЕ во Охрид. Се ќе беше океј доколку на новокомпонираните јаничари челници на ВМРО од Охрид барем да имаа малку доблест и на тие прослави ги повикаа ветераните кои го основаа ВМРО во Охрид од кои голем број се се уште живи. Но ќе почнам по ред УМС на ВМРО ДПМНЕ е формирана на 17.06.1991 година со Оснивачко Собрание во Домот на културата во Охрид и за прв Претседател акламативно беше избран Јанакиевски Ванчо со мандат од 4 години. Ова е еден факт кој се прикрива свесно од некого, а за што постојат архиви и документи.
Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ во Охрид произлезе во 1990 година кога грото членови на партијата МААК се одделија од партијата МААК и го формираа Општинскиот Комитет на ВМРО ДПНМЕ во Охрид. Меѓу нив како најистакнати членови беа Стојан Митревски сопственикот на ресторанот Стар чинар во Охрид , Живко Кекеле повратник од Австралија , Никола Велјановски - бикчето, Љупчо Марковски , Тане Марковски, Милчо Спировски и др. Првите простории на Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНРЕ во Охрид се наоѓаа во продавницата на Никола Велјановски - бикчето и сите средби се одвиваа во горниот дел на продавницата на бикчето каде што се наоѓаше мала канцеларија. Во 1991 година канцеларијата се сели во ресторанот Стар чинар сопственост на Стојан Митревски за во 1992 година при крајот на Септември месец да општинската канцеларија се премести во денешниот простор. Точно е дека првиот Претседател по формирањето на партијата од страна на тогашниот Општински Комитет по сугестии на Димитар Црномаров од Битола и г-ѓа Транталова од Ресен а најповеќе по сугестија на легендата на ВМРО еден од измачувачините дејци од комунистичкиот режим г-дин Коларов од Битола за да се постави млад и образован кадар кој би можел да се носи со новите предизвици беше поставен д-ор Пецаков неговото претседателство ќе трае само еден месец а на претседателската функција ќе дојде Љупчо Марковски кој ќе биде Претседател се до средината на Август 1992 година.
Од самото оснивање на Општинскиот Комитет па се до на средината на 1992 година секретар на Општинскиот Комитет на ВМРО ќе биде учителот Смиле Наумовски - брсјак. Како што и погоре напоменав по инацијатива на погоре споменати лица ќе се формира Унијата на млади сили на 17.06 1991 година каде за прв претседател ќе биде назначен Ванчо Јанакиевски кој ќе биде Претседател на истото до 1994 година. Во 1992 година некаде во Септември месец по налог на Претседателот Љупчо Георгиевски и тогашниот Генерален секретар на партијата Борче Змејковски за претседател на Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ во Охрид ќе биде поставен тогашниот директор на Охридска Трговија и пратеник во Републичкиот Парламент Ламбе Арнаудов. После смената на Ламбе Арнаудов како претседатели на Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ ќе продефилираат уште двајца претседатели со темно минато бидејќи дојдоа директно од редовите на Социјал Демократскиот Сојуз.
Зошто го говорам ова погоре изнесеното, секаде во светот ветераните на партијата се столбот на партијата , колку да се имаат огрешено према поединци, и колку да не се слагаат со новите процеси во партијата на нив не треба да се заборави од едноставна причина што тие кога беа испрашувани за идејата за ВМРО, кога беа затворани зошто на јарболот на охридскиот плоштад го симнаа југословенското знаме и на негово место го поставија знамето со шеснаесет кракото сонце од Куклеш, кога за да одржат говор на плоштад не можеа да добијат дозвола да постават бина па така своите говори ги држеа благодарение на Крсте Џепаровски и неговиот камион марка Дајц каде од приколката на камионот со мегафон ги држеа своите говори за идејата на ВМРО.
Драги мои новокомпонирани Вмровци овие ветерани семето на оваа плодна почва го посејаа. Вие благодарејќи на тоа семе денеска дебело жнеете за свои профити но едно ќе ви спомнам заштитниот знак на исконското ВМРО беше камата и пиштолот и бакнувајќи ги нив ја полагаа својата заклетва, со таква заклетва овие ветерани дадоа свој завет за верност спрема ВМРО, бидејќи тогаш не постоеја партиски книшки а за ваше потсетување првите партиски книшки излегоа во 1992 година.
Г-дине Атанаско Михаилов како сегашен прв човек на охридското ВМРО морам да ве потсетам на еден факт како што човекот без своето минато не може да има своја иднина така и партииите без своето минато не може да имаат своја иднина, наместо Вие заедно со Вашето раководство да ја сплотувате партијата Вие ја распарчувате. Во прилог на текстов ќе ви приложам две фотографии на основачите на охридското ВМРО. Ако Вие лично без ничија помош успеете да препознаете тројца од нив јас ќе ви честитам.

Со почит кон ветераните
Сашо Деносовски - новинар
Низ срцето на Македонија тече Вардар,а не Дунав...Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран...Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк...Јас навивам за ПЕЛИСТЕР, а не за Ѕвезда...Слобода ми донесе мојот дедо,а не КПЈ...Македонија ја создаде Господ,а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!!

Makedonija

http://macedoniahistorydocuments.blogspo...-post.html
28-06-2010, 05:55 PM
Reply
Администратор Online
Administrator
*******

Posts: 716
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#11

(30-06-2010, 03:12 PM)афион Wrote:

30-06-2010, 04:37 PM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#12

[Image: dsci1494.jpg]
[Image: dsci1495.jpg]

Афион обрни малку повеке внимание кај што постираш. !!!!
Побарав од тебе да ја отвориш опцијата на твојот профил за приватни пораки за да не комуницираме вака. За несаканите пораки имаш опција, откако ке ја примиш и прочиташ поракаа да ја ИЗБРИШЕШ
.
Низ срцето на Македонија тече Вардар,а не Дунав...Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран...Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк...Јас навивам за ПЕЛИСТЕР, а не за Ѕвезда...Слобода ми донесе мојот дедо,а не КПЈ...Македонија ја создаде Господ,а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!!

Makedonija

http://macedoniahistorydocuments.blogspo...-post.html
10-07-2010, 11:26 PM
Reply
braniteli Offline
Member
***

Posts: 132
Joined: May 2010
Reputation: 3
#13

Jadranka Nikolik ( Kostova ) najdobrata prijatelka na Gordana Stosik no i na Slobodan Bogoevski,ne znam dali e dobra "prijatelka" i so onoj novinar koj vo devedesetite kako dopisnik na belgradska
" Politika " pisuvase eden kup gnasotii protiv " Bugaraskata " VMRO-DPMNE.
Toj istiot povtorno e vo akcija.Bidejki ne sakam da finansiram " fabricki " mediumi im blagodaram na site clenovi na forumot " KOTLE " sto postiraat nivni tekstovi.Inaku doticnata
Nikolik-Kostova,svoevremeno bese clen na Forumot za covekovi prava na SRM,zaedno so Frckovski,Stosik,Cokrevski i t.n.
Ponatamosnata kariera na ovie " ljubiteli " na covekovi prava na site vi se poznati.I taka Jadranka," nicim izazvana "povtorno kako pri raskolite od devedesetite se " rasprava "so VMRO-DPMNE.
Za informacija:
- Ljubco Georgievski bese pokanet za proslavata,isto kako sto i toj isprati pokani do site povidni clenovi na VMRO-DPMNE za negovata proslava vo "Kontinental ".
- Vo govorot na Gruevski, Ljubco Georgievski bese POSEBNO SPOMNAT.
- Koj go napaga bezobrazno Ljubco Georgievski ???
Toa e negoviot kum i negoviot " minister ".
Mislam deka i na dvajcata dobro im odgovori.
-Koga i zasto se naluti Ljube Boskovski ??
Koga mu bese soopsteno deka negovata kandidatura za presedatel na R.M.nema da bide podrzana od ednostavna pricina sto nema kapacitet da ja izvrsuva taa funkcija,edinstveno bi mozel da bide naznacen za AMBASADOR,sto mu bese ponudeno.
Mislam deka so ovaa konstatacija se slozuva i Jadranka,zatoa sto na vremeto za Ljube mnogu novinari imaa loso mislanje i go narekuvaa " Eliot Nes "zaradi negovite sesiri i "paraderstva."
Inaku toa so "kodosite " na koe ocigledno,po stariot terk vospostaveno od "KSIO" i SDB,insistira
g-ga Kostova,e veke proverena rabota za sozdavanje na novi raskoli vo VMRO-DPMNE " fabrikata " proraboti pod polna parea.
Nesporno e deka pri praktikuvanje na vlast,se sozdavaat moznosti za korumpiranost na odredeni visoki funkcioneri postaveni od partiite koi vladeat.Poedini visoki partiski funkcioneri proteziraat svoi prijateli,ljubovnici,skolski drugari i t.n.za mozni Direktori na podruznici ili portparoli kako onie cii tatkovci se liberali ili komunjari.
No i toa e uciliste,sigurno Gruevski i od ova ke izvlece pouka.
Covekot prifaka dobronamerna kritika,zato clenstvoto na VMRO-DPMNE go obozava.
11-07-2010, 10:12 AM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#14

Ау, braniteli, што ’распакивање’ текст си направил... Како некој смее да дирне во светоста на Грујо и ДПМНЕ, мора да има нешто, ќе му најдеме...

Грујо прифаќа критика? Icon_razz Под водство на денешнава гарнитура Македонија преминиува од држава со нефункционална демократија во држава со функционална (перфидна) диктатура, само треба да видиме до каде ќе оди тоа.

- Љубчо Георгиевски неколку пати изјави дека не бил повикан на прославата.

- Љубчо бил спомнат во само една реченица, затоа што видеа дека отидоа предалеку претходните денови. Ништо толку ’величенствено’ како што добивам печаток од твојот пост.

-Безобразно беше напаѓан од ДПМНЕ, на најразличен начин, од тоа дека не е основач на ВМРО-ДПМНЕ, па до тоа дека треба да оди во затвор. Сето тоа беше кажано на нивните трибини, а богами и од ’основачите’ министри, како што е Гордана Јанкуловска, која гледала но никако не го виделе меѓу основачите...

- За Љубе се сложувам со тебе дека нема капацитет.

Допуштам да бидеш добро информиран, но за какви ’нови расколи’ е подготвена Костова? Кој против кого ќе иде? Инсталациите против Грујо, Косана, Зоки и Мијалков? Кој со кого ќе се судри во ДПМНЕ, Гордана ќе тргне против Грујо? Протуѓер против Грујо? Icon_razz Знаме каде завршија Фрчкоски, Чокревски и Стошиќ, но Костова од новинарите мислам дека има најмногу текстови против нив (добро, Мирка најверојатно има повеќе затоа што таа скоро константно неколку години пишува само за нив и нивното друштво). Знам и дека од новинарите таа е меѓу најголемите подржувачи на процесот за лустрација и тоа со лустрација да биде опфатен и периодот кога и луѓето кои што ти си ги напишал министруваа со полицијата. Тоа се работи што се гледаат со ’голо око’, ако имаш поинакви информации и објаснувања, бујрум, ќе дискутираме... Icon_razz

11-07-2010, 05:55 PM
Reply
razurnuvac Offline
Senior Member
****

Posts: 376
Joined: Mar 2010
Reputation: 6
#15

BRAVO BRANITELI se razbira deka ste BRANITEELI koi bile vo redovi na MOBILIZIRANA POLICIJA ILI ARM za vreme na 2001. CITAM arno si napisaja za NIKOLA GRUEVSKOGA i ja ti veruju posto si TERENEC i ZAKLUCUVAS i NOSIS ODLUKI SPREMA REZULTATI KOI GI GLEDAS i toa se cuvstvuva kaj site pa i kaj tebe.

STO NAPRAVI NIKOLA GRUEVSKI od 2006 t.e od JANUAR 2007 pa se do 8 juli 2010 za TOGASNI BRANITELI na RM, a sto prezema SPREMA ONIE koi ne PRIFATIJA POVIK za MOBILIZACIJA.

KAKO se postapi SPREMA site SLUZBENI LICA u MWR i u ARM koi u toa vreme na sudir BEGAJA NA BOLEDUVANJE zboram JANUARI 2001 pa se do gubenje na IZBORI vo 2002

Ti se obrakam tebe zasto znam deka si dole i najdirektno znaes seta SITUACIJA i se nadevam deka jas od SALONSKITE izvori sum loso INFORMISAN poradi nihna LENJOST da sogledat REALNOSTA u RM

U progarama na PRERODBA i u 2006 a i u OBIKNOVENA OBRABOTENA I NADOPOLNETA I STOKMENA i naj naj ASALNA po datumi se navedeni mnogu raboti i proekti , dali znaes kolku skoluvani MAKEDONCI uspeja NIKOLA so seta svoja ekipa i site vrski sto gi ima da prate na TRENING EDUKACIJA u POZNATI SVETSKI BRENDOVE sirum sekade a osobeno JEVROPA USA KANADA AMERIKA AVSTRALIJA , a samo ISELENICITE kolku ponudi se pratile za da primat SKOLOVANI MAKEDONCI u NIHNI FIRMI na RABOTA poveke od 1 godina a sto e od se toa REALIZIRANO jal si znael il ne . a bogami ete ja samo znam deka e BIL EKSPERAT U VLADI SRBIJE za vreme na HAJKA na se sto TOGAS po doaganje na SDSM u 2002 znacese VMROVEC se najde pred PROGON , po moe edino LJUBCE, DRDIC SRBIN DALAVERSKI, i NIKOLA GRUEVSKI ne bea tretirani od NALET na SDSM i togas OP LJUBCE soni i PREDLOZI NIKOLA da go naslede ONAKA VIZIONERSKI deka SAMO i SAMO ASOLEN EKSPERAT iz EKONOMIJE ke ja PRERODE RM, sto e studiral u PRILEP pih to DECKIVE od JUSTINIJAN i EKONOMSKI gi hrabrese.

BLAGODARAM TI i posakuvam da e kak PISUVAS se taka arno i VISTINA , STO ima prezemano kako POSTAPKA i PROCES samo ke te potsetam ako se sekavas PO VOJNATA od KUMANOVO u IRAK otidnaja DOSTA MAKEDONCI na RABOTA tamu PREKU NEKOJA FIRMA NA NEKOJ TANGUMA u VREME koga e GRADONACELNIK u KUMANOVO SLOBODAN KOVACEVSKI TACE a PREMIER BUCKO i FACI u POLICIJA i ARMIJA javna i tajna , od tija LJUGE mnogu bea i tvoi kolegi BRANITELI u 2001 ama troica ZIVI NE SE VRATIJA poveke u KUMANOVO i u MAKEDONIJA , obekal e NIKOLA da sve se ispita kako se ljuge regrutirani kako so kopie od pasos svoj licen se TRANSPORTISANI od AERODROM PETROVEC kako , kade se IZLEVALE na AERODROM PETROVEC i so KAKOV AVION sa noseni u IRAK. KAKO i STO e se storeno po TOA PRASANJE osobeno po doganje na NIKOLA vo 2006 na vlast i seta BEZBEDNOSNA STRUKTURA sto e sega vo POLICIJA i ARMIJUA i MAKEDONSKA CIA , dali togasni LAKOMI GAZOVI od ovie strukturi se denes ISTO VISOKI FACI, se prikrieni i cekat nova prilika da ORGANIZIRAT NOV KONTINGENT za NOVI DESTINACII so RACUN da za sekoj VRABOTEN vo LOGISTICKA FIRMA na USA VOJSKA USA dava 15.000 dolari mesecno za STRANCI plata ke e 5000 dolari a za TAKVI FANTOMI koi sa znale deka DOTICEN TANGUMA nudi za sekoj od KUMANOVO regrutiran 5000 dolari ama oni ke odat vaka nih najveke 1500 dolari a OSTANATI 3500 ke delat dilat TACE BUCKO i togasen MWR, ARM i tajna i javna BEZBEDNOST a se bile od KUMANOVO , BLAGODARAM
11-07-2010, 06:12 PM
Reply
braniteli Offline
Member
***

Posts: 132
Joined: May 2010
Reputation: 3
#16

Acko ne znaev deka si Jadranka,ili mozebi se lazam.
So toa sto go spomnuvas samo DPMNE ocigledno e
deka VMRO ti e omrznato i ne go omalovazuvaj
DRAGAN BOGDANOVSKI bog da go prosti.
11-07-2010, 06:14 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#17

хехехе... ајде сега сум Јадранка и го омаловажувам Богдановски... Icon_razz Ама ме демантира и демаскира... Добро секој си има свој стил, твојот е ваков.

А некогаш пишувам само ДПМНЕ не затоа што ми е омрзнато ВМРО, туку ззатоа што мене тие букви не ми одат со луѓето кои што ја водат таа партија. Поточно, избегнувам ВМРО да го ставам на исто место со ѓубре!

11-07-2010, 06:25 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#18

(11-07-2010, 06:14 PM)braniteli Wrote: Acko ne znaev deka si Jadranka,ili mozebi se lazam.
So toa sto go spomnuvas samo DPMNE ocigledno e
deka VMRO ti e omrznato i ne go omalovazuvaj
DRAGAN BOGDANOVSKI bog da go prosti.

Бранителу вистината е една и ЕДИНСВЕНА. Драган Богдановски е основачна ДПМНЕ. И тоа никој неможе да му го оспори. Но што била целта да се формира ДПМНЕ е уште "недоволно разјаснето". Многу се интересни емисарите од Скопје кои ги споменува Драган во писмото:

http://www.forum.kotle.ca/showthread.php...441#pid441

http://www.forum.kotle.ca/showthread.php...442#pid442

http://www.forum.kotle.ca/showthread.php?tid=43

Дали е чесно да не се каже вистината.

Со ВМРО Драган Богдановски никогаш немал ништо.

Ваква структура на власта која ја формира Груевски ни малку има право да го носи името ВМРО вска.

Ке цитирам еден мој одговор на емаил порака којсе вклопува во дискусијата:

Quote:...ние од Вас се разликуваме во основното. Ние се заслагаме да си го исчистиме прво нашиот двор. И затоа на проблемите укауваме во зажч еток. Бадијала ке е сега да го критикуваме Лјупчо за неговите греШи сторени додека беше премиер. Бадиала ке биде да го критикуваме Груевски утре кога ке замине од власт.
Велите не го гледате излезот и не гледате позитивност. !!
А гледате позитивност што целата структура на УДБА ја задржа Груевски. Силјан Аврамовски е заменик директор на Сашо Мијалков. Зоран Верушевски е аташе во Рим, Иван Бабановски е соверник. Драги Стојковски Млекце е советник. Благоја Ханџиски амбасадор ....Можеби двава текста ке ви кажат нешто повеке. Дека ние ВИСТИНСКИ ГИ БРАНИМЕ СВЕТИТЕ ЧЕТИРИ БУКВИ ВМРО.
11-07-2010, 07:04 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#19

Затоа Бранителу за нас оваа денеска не е веке ВМРО туку е само ДПМНЕ, ако ние постарите не дигнеме глас за да предупредиме на случувањата, кој треба да го стори тоа,.???? Децава кои незнаат скоро ништо. Нашата борба треба да е двострана. Покрај тоа што укажуваме на пропустите кои ги парави актуелното раководство на ВМРО ДПМНЕ несмееме да дозволиме да се врати на власт Бранко Црвенковски или некој негов клон.

Оваа размислување односно наша порака нетреба да се разбере како патриотско надмудрување за да го смениме Груја и да дојде некој од нас, туку треба да се разбере како порака од стекната од сопствено ИСКУСТВО на Македонци кои 98/99 кренаа глас и укажуваа на тоа што го правеше Љупчо. Ние и тогаш и сега си ја исполнувамe својата должност кон родната Македонија.

Еве дел од тоа што сме пишувале тогаш:

Quote:“ЗОШТО ГЛАСАВМЕ ЗА ВАС!?”

(Отворено писмо до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, господинот Љубчо Георгиевски)

Ви се обраќаме уште еднаш за да ве известиме за состојбите во ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Куманово и за вкупните состојби во градот по попедата на парламентарните избори 1998 година. Ви се обраќаме свесни за ризикот дека оваа информација нема да допре до Вас. Првото јавување беше на 12 јануари 1999, кога темелно ги образложивме мотивате на петицијата потписана од 137 цленови.
Основата на незадоволството беше приватизацијата и узурпацијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од страна на координаторот Драган Даравелски, монополизацијата на градската кадровска листа и преземањето на апсолутната власт во градот од страна на Драган Далаверски и неговиот татко Томислав Стојановски, актуелен потпретседател на собранието на РМ. Нашата предупредувачка информација за негативниот тренд на водење на партијата во Куманово и сите негативни импликации и реперкусии за градот како и за рејтингот на партијата беа дочекани “на нож” од страна на Драган Далаверски.
Со одлука на нелегитимна дисциплинска комисија формирана од редуциран ОК беа исклучени носителите на искажаното предупредување. Поради нелегитимноста на новоформираната дисциплинска комисија исклучителните членови не се жалеа до судот на Цеста туку, како стои во Статутот на партијата, туку до Изврсниот Комитет ( на 18. 01. 1999 год.) како и до Статутарната Комисија (на 25.01.1999). За жал досега и од двете партиски институции немаме добиено писмен одговор за нашиот статус.
Не Ви се јавивме порано поради разбирањето за Вашето ангажирање околу состојбите сврзани за Косово и бегалците. Сега тие состојби се на пат на нормализиранје и цениме дека сега ќе имате повеќе време и ќе можете да обрнете внимание на состојбите во партијата.
Кадровското екипирање во Куманово завши. Ефектите се повеќе од разочарувачки. Најголемиот дел од именуваните функционери не се членови на ВМРО-ДПМНЕ, (ако не се смета членувањето од есен 1998 година односно, по изборите). Повеке од нив немаат соодветна школска квалификација за функциите кои ги обавуваат. Некои од имаат судски досијеа (но, не за политички аранжман). Основен критериум за добивање функција беше и остана беспоговорната послушност кон координаторот Драган Даравелски.
Сега во ОК навистина постои цврста монолитност базирана на автократијата на координаторот. Од тој недемократски амбиент во ОК како и од градската кадровска листа единствено јавно се огради пратеникот на РМ Ненад Ристевски. Мораме да ве известиме најдобронамерно за сегашниот вонредно низок рејтинг на Партијата во Куманово. Оваа не е мотивирано од насе лицно незадоволство, од проста причина што најголем дел од нас нема функционерски амбиции, туку само го гледа доброто на Партијата, а преку тоа и доброто на Македонија.
Затоа нашиот револт и незадоволство се големи. Мораме да Ви кажеме дека сме доведени во ситуација да се срамиме да се движиме по градот и да се среќаваме со членовите од Партијата и обичните граѓани поради невозможност да одговориме на нивното единствено прашање: “Па, добро што е ова, за тоа ли гласавме за вас”.
Ќе Ве молиме да обрнете повеќе внимание на состојбите во Куманово. Чујте ја и нашата страна. Претседаталските избори доаѓааат и немојте да се изненадите од можните резултати (барем во Куманово). Со овој чин на повторно јавување ја исполнивме нашата партиска И граѓанска должност. Се друго оставаме на Вас. Нашите можности се толкави, сметаме дека со ова нашата совест е чиста.

Со почит, во име на потпишаните на петицијата: Драган Јаневски, Ѓорѓи Бојаџиев, Јордан Наумов, Ангел Тасевски и Бранко Скендерски.

КОЈ ЈА ЖНЕЕ НАШАТА ВМРО-ВСКА ПОТ И МАКА

( одговор на Томислав Спасовски во Реагиранја од 16.7.1999 година)
Се викам Ѓорѓи Бојаџиев. Во Куманово ме викаат Ѓоре-Егеец. Член сум на ВМРО-ДПМНЕ од 1990 година. Не беше лесно тогаш да си ВМРО-вец. Помнам убаво колку агитиравме, се расправавме, а богами И се тепавме за ВМРО. Јас сум Егеец. Знам како е да загубиш родна земја. Родителите ми се намавани од Драма. Нема повеќе каде да одам. Затоа оваа парче земја, оваа Македонија –ја сакам. Сакав, како и сите Македонци, да сме свои на свое. Во ВМРО-ДПМНЕ видов спас и надеж за Македонија. Затоа за мене и за 30-ина активисти тие први години не ни беше тешко со часови да ги убедуваме луѓето да членуваат и да го прифата ВМРО. Во Куманово требаше да се вложи многу труд за пред луѓето да се симнат сите лаги за ВМРО, кои ги произведуваше СКМ. Велевме дека ВМРО е таа партија, која Македонија ќе ја направи богата и праведна дрзава. Македонија, каде за секого ќе има работа и парче леб.
Земја каде ќе има среќни и задоволни луѓе, земја од каде младите нема да бегат по белиот свет. Не сакам големи куци, богатства. Јас сум чесен цовек. Носам душа во себе. Верувам во Бога и во неговата правдина. Сите овие мои желби и надежи за Македонија ги поврзав со ВМРО. За мојата ВМРО-вистина платив и цена. Јас и жена ми не работиме. Во 1993 година, со поголема група стари активисти, се кренав против деспотијата на Томе “Далавера”, кој тогас беше претседател на ОК. Иако имаше одлука на генералниот секретар Борис Змејковски за смена на Томислав Стојановски, тој и покрај тоа остана на функцијата и не намава од партијата. Се жалевме до штабот. Ништо. Тие години бев како болен. Дојде 1998 година, парламентарни избори. За еден од кандидатите на ВМРО беше кандидиран и
д-р Ненад Ристевски. Чесен, млад и писмен цовек. Со групата на старите активисти со полно срце застанавме зад него. Работев и дадов се од себе , онака како сто знам јас. Победивме. Радоста беше голема. Куманово бесе освоено. Со гордо дигната глава одев по Куманово. Дојдоа на ред поставувања на ВМРО-вски градски функционери. Одеднаш гром од ведро небо. Се избираа кадри од ред на роднини на “далавери”, нивни пријатели, луѓе со полициски досиеа. За несреќата и срамот да бидат поголемисамо два-три ако беа членови на партијата. Ѓоре, човеку, кај да одиш кај да пустиш. На улица не ми се излегуваше. Одев по сокаците за да не се сретнам со луѓето. Кога ме прашуваа: “Ѓоре, она ли е твоето ВМРО за кое ни ја полнеше главата сите овие години”, црвенеев. Имав образ и ова навистина ме погодуваше. Со другите вистински ВМРО-вци почнавме да се допишуваме со штабот.Координаторите одвај не примаа, нешто ни ветуваа и на крај се си остана по старо. Седнавме и напишавме отворено писмо до претседателот Љубчо Георгиевски, а воедно и ги кажавме нашите маки на новинарката на васиот весник. Сакавме барем и пред ВМРО и пред кумановските граѓани да покажеме дека се овие профитери и не-ВМРО-вци немаме ништо. По неколку дена гледам во весникот се јавува Томислав Спасовски. Јас сум еден од петте потписници. Мене Спасовски не ме спомна. Навистина, кога првите години на политицката борба беше најтешко, Спасовски не беШе во ВМРО. Тој тогаш директоруваше во Театарот. Ама, ние се знаеме убаво. И така испаѓа дека мене, Ѓоре-Егеецот, сите ме заборавија. И државата која не ме вработува, и ВМРО, која ја заборави мојата политичка работа, а еве сега и Спасовски ме брише од зивите. Јас сум чаршиски човек и лесно дознав (цело Куманово зборува)за новите градски кадри, нови вработуванја, па и за богата “жетва” на Спасовски по изборите 1998 година. Додека јас и моето семејсто живееме од беден месечен надомест (2700 ден.), поради сто морам да наоѓам повремена физицка работа. Спасовски се закити со привилегии: стана подрачен министер за образование, својата жена ја вработи како секретарка на технички директор во “Светлина”, керката си ја вработи во Царина, својот син го премести на поплатено место во “Македонија пат”, зема советницки паушал, зема пари и од венчавање (како матичар), член е на два Управни одбора каде сто си зема пари.
Е Томе, каде ке ти оди душата, ако нешто останало од неа.
Ѓорѓи Бојаџиев, Куманово
(This post was last modified: 11-07-2010, 07:23 PM by ЈорданПетровски.)
11-07-2010, 07:21 PM
Reply
braniteli Offline
Member
***

Posts: 132
Joined: May 2010
Reputation: 3
#20

(11-07-2010, 10:12 AM)braniteli Wrote: Jadranka Nikolik ( Kostova ) najdobrata prijatelka na Gordana Stosik no i na Slobodan Bogoevski,ne znam dali e dobra "prijatelka" i so onoj novinar koj vo devedesetite kako dopisnik na belgradska
" Politika " pisuvase eden kup gnasotii protiv " Bugaraskata " VMRO-DPMNE.
Toj istiot povtorno e vo akcija.Bidejki ne sakam da finansiram " fabricki " mediumi im blagodaram na site clenovi na forumot " KOTLE " sto postiraat nivni tekstovi.Inaku doticnata
Nikolik-Kostova,svoevremeno bese clen na Forumot za covekovi prava na SRM,zaedno so Frckovski,Stosik,Cokrevski i t.n.
Ponatamosnata kariera na ovie " ljubiteli " na covekovi prava na site vi se poznati.I taka Jadranka," nicim izazvana "povtorno kako pri raskolite od devedesetite se " rasprava "so VMRO-DPMNE.
Za informacija:
- Ljubco Georgievski bese pokanet za proslavata,isto kako sto i toj isprati pokani do site povidni clenovi na VMRO-DPMNE za negovata proslava vo "Kontinental ".
- Vo govorot na Gruevski, Ljubco Georgievski bese POSEBNO SPOMNAT.
- Koj go napaga bezobrazno Ljubco Georgievski ???
Toa e negoviot kum i negoviot " minister ".
Mislam deka i na dvajcata dobro im odgovori.
-Koga i zasto se naluti Ljube Boskovski ??
Koga mu bese soopsteno deka negovata kandidatura za presedatel na R.M.nema da bide podrzana od ednostavna pricina sto nema kapacitet da ja izvrsuva taa funkcija,edinstveno bi mozel da bide naznacen za AMBASADOR,sto mu bese ponudeno.
Mislam deka so ovaa konstatacija se slozuva i Jadranka,zatoa sto na vremeto za Ljube mnogu novinari imaa loso mislanje i go narekuvaa " Eliot Nes "zaradi negovite sesiri i "paraderstva."
Inaku toa so "kodosite " na koe ocigledno,po stariot terk vospostaveno od "KSIO" i SDB,insistira
g-ga Kostova,e veke proverena rabota za sozdavanje na novi raskoli vo VMRO-DPMNE " fabrikata " proraboti pod polna parea.
Nesporno e deka pri praktikuvanje na vlast,se sozdavaat moznosti za korumpiranost na odredeni visoki funkcioneri postaveni od partiite koi vladeat.Poedini visoki partiski funkcioneri proteziraat svoi prijateli,ljubovnici,skolski drugari i t.n.za mozni Direktori na podruznici ili portparoli kako onie cii tatkovci se liberali ili komunjari.
No i toa e uciliste,sigurno Gruevski i od ova ke izvlece pouka.
Covekot prifaka dobronamerna kritika,zato clenstvoto na VMRO-DPMNE go obozava.
[Image: 2sbps2v.jpg]
Cicko Joco kako bi reagiral na ovoj tekst od Jadranka Nikolik ( Kostova )
kako poranesen finansier na VMRO-DPMNE i Makedonski patriot.
Na ovoj tekst ( koj sigurno e osmislen na sever ) bi reagiral sekoj vmrovec dali od VMRO-DPMNE ili VMRO-Narodna.
tekstot e cista navreda za celoto Makedonsko Revolucionerno dvizenje od pocetokot do denes.
11-07-2010, 07:53 PM
Reply