Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ГЕРОСКИ ПОЛКОВНИК ИЛИ „ПОКОЈНИК“-УАПСЕН КОКИ ?? ДАЛИ ЈАНЕВА КЕ БИДЕ УАПСЕНА??
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,963
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#21



15-07-2019, 08:53 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,963
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#22

Quote:ЕКСКЛУЗИВНИ ФОТОГРАФИИ: Боки 13 и Катица Јанева како договараат рекет врз Орце Камчев



[Image: boki-1-1-960x899.jpg]
 

15.06.2019
Ексклузивни фотографии пристигнаа до редакцијата на Економски Лидер на кои се гледа ручек на тимот на СЈО предводен од Катица Јанева со сега осомничениот за рекет Бојан Јовановски познат како Боки 13.
Јанева седи десно од Јовановски, а лево од него е нејзиниот син Лазар Јанев кој е вработен во телевизијата на Јовановски. На масата се присутни и други обвинители од СЈО.
Нашиот извор тврди дека од масата на која седеле Јовановски, Јанева и нејзиниот син се слушал разговор за огромни суми на пари, но не е сигурен дали е тоа рекетот кој Јовановски му го правел на бизнисменот Орце Камчев во име на Јанева.
Инаку, во јавноста се шпекукира дека од рекетирањето има и видео снимка која е дел од доказниот материјал.

[Image: boki-1-2.jpg]

Познатиот скопски бизнисмен Јордан (Орце) Камчев бил мета на рекет од страна на Бојан Јовановски познат како Боки 13 и Зоран Милевски познат како Кичеец – дознава Лидер од извори на истрагата.
Камчев е сопственик на Орка Холдинг, Аџибадем Систина, ЗК Пелагонија и уште неколку успешни бизниси. Во минатото тој се поврзуваше со името на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков.
Како што неофицијално дознаваме, Камчев го пријавил случајот откако осомничените и пристапиле на неговата сопруга и на неколку средби со него им побарале 8 милиони евра за ослободителна пресуда за случајот на СЈО “Империја” или 5 милиони евра за поблага пресуда.
Јовановски и Милевски, на Камчев успеале да му извлечат 1.5 милиони евра. Како што неофицијално дознаваме, во рекетот биле вмешани и неколку политичари од владејачката СДСМ со кои Јовановски е во постојана комуниникација и блиски односи. Во јавноста се шпекулира дека Камчев дури успеал и да ги сними рекетарите додека во неговиот дом од него изнудуваат пари. Овие снимки се наведуваат како главна причина поради која ОЈО го отвора случајот.
Непосредно откако му ги земале парите на Камчев, Јанева ја тргна мерката домашен притвор за него а подоцна и му го врати пасошот.
Економски Лидер од извори во истрагата дознава дека денешната оставка на Јанева е поврзана токму со апсењето на Јовановски и Милевски, затоа што, двајцата изнудувале пари од познат бизнисмен за да стопираат истражна постапка на Специјалното Јавно Обвинителство. Неофицијално, од непотврдени извори дознаваме дека се работи за случајот Империја.
Имено, како што дознаваме, контроверзниот Боки 13 изнудувал пари благодарение на неговата бизнис поврзаност со Катица Јанева,чиј син, Лазар Јанев, е вработен во раководните структури на 1 ТВ како директор на маркетинг.
Оваа поврзаност на Боки 13 со Катица Јанева е основата на рекетот, а како што дознава Лидер од извори во истрагата, Јанева исто така била вмешана во рекетот и се истражува текот на парите за да се види дали и во нејзиното семејство завршиле дел од изнудените пари. Во наредните денови се очекува таа да биде повикана на распит.
Освен тоа што нејзиниот син е вработен во телевизијата на Јовановски, Јанева со сега приведениот е во блиски пријателски односи веќе неколку години.
Како што дознаваме, токму затоа, денеска Јанева си поднесе оставка, со образложение дека тоа го прави за политичките партии да немаат проблем во преговорите за продолжување на мандатот на СЈО.
Инаку, за да му завршат работа на бизнисменот кој важи за еден од најбогатите во Македонија, Јовановски и Милевски му барале 8 милиони евра за ослободителна пресуда или 5 милиони евра за намалување на казната. Договориле парите да ги добиваат на рати, а тие пред да бидат уапсени успеале да наплатат 1.5 милиони евра.
Обвинителката за организиран криминал Вилма Рускоска, соопшти првоосомничениот го искористил своето влијание кај јавен обвинител и зел 1,5 милиони евра од лице под истрага за да му ја олесни положбата. Второосомничениот овозможувал средби со лицето под истрага, кое во оваа истрага е сведок. При овие средби, кажа Рускоска, биле побарани 8 милиони евра од сведокот за да се запре кривичната постапка против него, но откако добиле 1,5 милиони евра, тие се посомневале во доверливоста на сведокот и престанале со средбите.
Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднела оставка токму поради ова што е дел од случајот и знаела што ќе се случува и дека можно и нејзино приведување. Во нејзината официјална оставка, таа објави дека нејзината оставка ќе стане активна тогаш кога политичките партии ќе се усогласат за новото законско решение и ќе го изберат нејзиниот наследник.


Quote:Во моментот кога со консензус на сите политички партии бев избрана за специјален јавен обвинител, себеси и на граѓаните на Република Северна Македонија ветив дека функцијата Специјален јавен обвинител ќе ја извршувам во интерес на владеењето на правото и борбата против криминалот и коруцпијата во Република Северна Македонија. Се нафатив на функцијата во исклучително тешки околности и целосно свесна за задачата која ми е дадена. Чест ми беше да и служам на државата и да бидам на чело на исклучително професионален обвинителски тим, истражителски тим и тим на вработени кои безрезревно и посветено ги извршуваат своите работни задачи, вели Јанева.


Додава дека со месеци ги следи медиумските прилози за преговорите меѓу работните групи на политичките партиите за иднината на Специјалното јавно обвинителство и дека нема да дозволи да биде искористена за нечие алиби.


Quote:Еве, денес ја користам приликата да ја информирам јавноста дека јас нема да дозволам моето име да биде искористено за нечие алиби со кое во заложништво ќе се држат судбината на Специјалното јавно обвинителство и Европските интеграции на мојата земја, вели Јанева.
15-07-2019, 08:56 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,963
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#23

Quote:Одземен мобилниот телефон на Катица Јанева



15/07/2019 
[Image: UDARNA-VEST-696x392.jpg]

Доцна вечерва полиција по налог и го одзела мобилниот телефон на Катица Јанева, потврдуваат за ТВ21 од ОЈО. Неофицијално дознаваме дека полиција влеглаа и во станот на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата.
Зошто полицијата по барање на ОЈО на Катица Јанева и го одзела мобилниот телефон засега нема информации. Медиумите веќе пишуваат за наводна поврзаност помеѓу Катица Јанева и денеска двајцата приведени бизнисмени кои во моментов се во Кривичниот суд на распит, но за оваа поврзаност засега нема потврд
15-07-2019, 09:08 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,963
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#24



15-07-2019, 09:11 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,963
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#25

Quote:КОЛУМНА НА ЈАНЕВСКИ: Театарот на Јовевски, Рускоска и Катица Јанева!

15.07.2019 Дарко ЈАНЕВСКИ
Значи, играта со народот на кого директно му се порачува дека е глупав, продолжува. Катица Јанева поднесува оставка и тоа неотповиклива, ама таа ќе важела кој знае од кога. Така ова е уште еден случај за правните анали, кога прв човек на ЈО поднесува неотповиклива оставка, ама ќе важела откако ќе се соберел тутунот. И наплател.
Истовремено, оставката била – ова читајте го внимателно со икона и крст до вас или ѕвезда петокрака ако сте атеист – за таа да не пречи на евроинтеграциите на Македонија оти нејзината смена била услов за да се постигне договор за новиот Закон за ЈО со кој ќе се легализира неуставната дивоградба СЈО. Така, уште и жртва испадна женава. Таа би сакала вториот Сава Ковачевиќ од Сутјеска да биде. Штета што децата веќе не ги носат на оние екскурзии како порано. Одиш на Сутјеска за Сава Ковачевиќ и после тоа на специјална екскурзија за Катица Јанева во нивите кај гевгелиските смокви. Едниот жртва за Југославија, другата жртва за Македонија. Северна. Која и лежи на срцето. И во џебот.
Интересно, откако храбро загина нашиот Сава Ковачевиќ од Гевгелија (Чарлиев ангел беше, а копуци мои драги?) загина и Боки 13. Види, види, момчето (или што ли веќе е) рекетирало. Оти поскапеле мрежестите чорапи во бутиците низ Милано. Арно ама, тој рекетирал некој бизнисмен, ете никој во Скопје и Македонија не го знае неговото име оти луѓето се глупави, нели, за да му среди работа кај некој обвинител/ка. Чие име исто така никој не го знае, оти да повторам, луѓето се глупави нели? А референците се – слабо знае да чита, слабо стои со правото, но добро се снаоѓа со шурувањата.
И веројатно прв пат ни се случува (ако не се лажам, најмногу втор пат) Јавниот обвинител на Македонија, не оние пердувестите од СЈО, туку ЈО на РМ, заедно со неговата десна рака од „27 април“ со срамната кавлификација за тероризам поради која ако не одговара еден ден, можеме уште сега да ја „запалиме“ Македонија и да се отселиме, држат прес конференција заради отврена истрага за Бокица. Прес за отворена истрага! Боже мили! И тоа во состав: Јовевски, Рускоска и уште некоја обвинителка таму. Драматично. За жилет и вени. Седиш дома или на работа, го гледаш пресот и би требало, така некој побегнат од „вилата“ кај Бардовци смислил, да си кажеш дека конечно, два дена по Павловден, Павле уште стапнал во Македонија. И донел правда.
А всушност се работи за срамен обид на Јовевски и Рускоска да се покрие Катица Јанева. Не дека кулата од карти не се урива, што би рекол еден мој пријател, еве да го поздравам, се урива и тоа со тресење, ама сето ова всушност е да се спречи да нема прашина како онаа кога беа урнати кулите близначки во Њујорк. Точно, таму, отидоа занавек невини луѓе, овде целта е да го жртуваат оној со чорапчињата кој не е баш невин, патем за ушите зборувам (барем нa кратко, засега можете да се обложите дека ништо сериозно нема да му се случи, под услов да биде мирен како Џеки) и да биде спасен пуленот обвинителски кој од 2015 година служи за подбив и на небањатите и на бањатите. Не е за подбив само кај правната фела, бидејќи за таа тајфа и Катица и Фатиме се Кацарска, а Кацарска им е Џемс Спајдер од „Бостон легал“. Заедно со Џон Робертс, првиот човек на Врховниот суд на САД.
Значи, Катица поднела неотповилива оставка, но оставката е зашто не ја бива, зашто СЈО има углед на „Три фазана“ од Конопиште, всушност, помал углед и од тоа. И затоа што таа нема врска со Бокица, нели?
И сега, ако Катица не ја бива, а не ја бива, ако тие околу неа се мала група шарлатани кои можат само да уценуваат и ништо друго летајќи на крилјата на Северна, а не на кривичното право, крилја кои ги подмачкуваат некои други, на запад од Северна, која комедија е да дава неотповиклива оставка, ама која ќе стане неотповилива кога неотповикливо ќе биде избран друг на нејзиното место? Отприлика како хируг кој убил човек зашто му го извадил панкреасот наместо слепото црево на пациентот, а да го оставите додека донесете друг. Паметниот би рекол – подобро без овој, будалиот би го оставил овој што вади панркеас по грешка, ама би се обидел да го направи пациентот глупав. Молчи ти, од каде се разбираш во овие работи? Е, токму тоа и ни се случува.
Второ, кој е тој обвинител/ка кого Јовевски и Рускоска го кријат, а врз кој Боки имал влијание? И како се остварува тоа влијание без обвинителот/ка да примил пари? Затоа што се другарчиња? Одат на кафе, па овој му го размешува млекото во кафето и го моли да му заврши ситна работичка за бизнисмен кој во џепчето има милион ипол евра, а бандава го проверила дека има уште пет да плати? (патем случајот за бизнисменот ќе паднеше од формални причини, но после како курва ќе го преземеа и други обвинители). Вие мислите луѓето се од лудница излезени, па не гледаат што играте? А Јовевски?
Патем, како тогаш таков обвинител се уште седи во канцеларијата? А, копуци мои драги, како?
И уште еднаш: Како тоа некој си Боки 13 имал „влијание“ врз обвинител, а тоа влијание не е врзано со поткуп на тој обвинител/ка, односно не е врзано со лавовски дел од тие осум милиони кои биле барани? Кого залажувате, кого мафтосувате со театарски игри кои не се достојни ни за прводделенска претстава при поделба на сведителства?
Трето, ако постапката која доведе до денешната тетарска претстава на Јовевски и Рускоска, комбинирана со херојската оставка на Катица Сава Ковачевиќ, за да не биде пречка да се европеизираме, а не да се спаси поради хаосот и рекетот во СЈО, почнала на почетокот на мај, каква коинциденција е тоа кога истото всушност се поклопува со јавната тајна која ја знаеше секој келнер во Скопје, на пак поупатените, за снимката која бизнисменот ја обезбедил кога му побарале уште пари. Всушност, тоа се поклопува со фактот дека цело Скопје и пола Македонија знаеја што се случило, да не зборуваме за оние „пријатели“ на Северна Македонија од странство кои колку повеќе даваа изјави дека СЈО врши голема работа, толку повеќе тие, но пред се нивната земја, без изложени на постмев дури и кај типови на ниво на Бекир Асани, Курто Дудуш и Амди Бајрам, да не зборуваме за малата скала повисоко која се нарекува професор по кривично на некој правен факултет. Општ мајтап и хаос на нивот на она фамозното на Младен Делиќ од Сплит: „Луѓе мои, што е ова? Лудница!“
И да не зборуваме за тоа дека овој бизнисмен е само дел од вкупната игра во која се вклучени повеќемина. И кои, исто така го имаат документирано „влијанието“. Таму каде што треба,а тоа секако не еканцеларијата на „капо ди тути…“. Има време! Уште малку!
Е, на крај, која е целта на сето ова? Еве го резултатот што се обидуваат да го постигнат:
-Заев глуми правна држава и ја зацврстува волјата кај неговите симпатизери дека конците не се испуштени од рака и дека ако треба, еве и Боки ќе го уапси. И се разбира, дека ќе победи на избори, па не мораат да стравуваат дека ќе завршат таму каде што треба да завршат.
-Рускоска, инквизиторот со Кацарска од „27 април“, влегува во шемата на независен и обејктивен обвинител. И Јовевски разбира. Ако Рускоска можела да го уапси пуленот на комуњарите и на скопскиот крем чие ниво го има опишано Нушиќ преку „Г-ѓа министерка“ и „Сомнително лице“, тогаш, сосема логично, нејзините постапки за „27 април“ мора да се во ред, нели? Скапете ЈАне и Горан таму!
Катица, веќе рековме, се извлекува како Сава Ковачевиќ, а оние кои не ја сакаат, ја добиваат својата коска за глодање во фактот што еден убав ден таа ќе си оди, така што и тие победиле. И победуваат. Секој ден.
И така, сите се задоволни и среќни. А народот си доби уште потврда дека го сметаат за глупаво тесто за месење кое, додека наоколу бандите вртат милиони, додека отворено се рекетира низ цела држава и тоа од врвовите на истата таа држава, тој треба да биде среќен за себе, а со жал  за кутрите кои денот, ноќта и животот си го жртвуваат за него.
Ех да, уште еднаш, кога сме кај нетповикливата оставка на Јанева. Дали некому му падна на памет, како СЈО ке ги води постапките понатаму со прв човек кој единствен има овластување да го претставува СЈО (останатите тоа можат само со нејзин потпис бидејќи се нејзини потрчковци), а е во „неотповилива оставка“. И ова ни се случува само неколку дена откако Заев призна дека лепел, сечел и монтирал снимки (за Мартин Нешковски) со што го урна целиот концепт на СЈО, бидејќи никој не може да гарантира што се не е сечено, лепено и монтирано, а потоа врз база на тоа фризирано како постапки со докази кои не се докази?
Е, да, Јовевски нема да го гони Заев за поттикнување насилство на 5 мај 2015 година со лажната снимка за Мартин Нешковски. Не бил на часот кога била таа лекција. Со Катица биле во бифе. Ах, младост – лудост.
ПС: МВР инаку наводно и влегува на Катица во стан, некаде на Ленинова во Скопје, односно Аминта Трети би било тоа. Четвртиот чин е тоа. Земете ги семките и пуштете си ги Солунски патрдии. Посмешни се.
15-07-2019, 09:26 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,963
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#26

Quote:Боки 13 заврши во притвор

Александар Самарџиски 16/07/2019
Бојан Јовановски, познат како Боки 13, доби 30 дена притвор по барање на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Пред него, притвор доби и бизнисменот Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, потврдија од Кривичниот суд.
Притворот, како што соопшти обвинителката Вилма Русковска, е определен по сите три основи: опасност од бегство, влијание врз сведоци и можност за повторување на делото.
Двајцата се осомничени во истрага за примање награда за противзаконито влијание, а Боки 13 и за перење пари.
Вечерва се вршеа претреси во домот на Јовановски и во 1ТВ, кој се претставува како нејзин сопственик, и од таму одземени се неговиот и компјутерот на синот на Катица Јанева.
Од специјалната обвинителка, пак, одземен е мобилниот телефон.
Боки 13 и Зоки Кичеец, според прибраните докази, убедувале осомничено лице во истрага на СЈО, дека се поврзани со јавниот обвинител кој ја води истрагата, дека можат да ја олеснат постапката.
– Истражната постапка се води затоа што во периодот од месец ноември 2018 година до месец април 2019 година, првоосомничениот искористувајки го своето влијание врз јавен обвинител, влијаел да се изврши дејствие со кое во истражна постапка ќе се олесни положбата на едно осомничено лице во таа постапка, а второосомничениот битно придонел со тоа што договарал континуирани средби и воспоставување меѓусебен контакт на првоосомничениот со сопругата на осомничениот во таа постапка и лично со осомничениот. На средбите осомничените ги увериле сведоците во влијанието на првоосомничениот врз јавниот обвинител и за посредувањето во два наврати примиле вкупно 1.500.000 евра – посочи обвинителката Русковска на денешната прес-конференција.
Средбите се одржувале на повеќе места, во домот на сведоците, но и во домот на првоосомничениот. Осомничените награда од 8 милиони евра ако постапката запре.
– Доколку постапката не се запре, тогаш во насока на изнаоѓање на олеснителни околности, сведокот требало да им исплати 5.000.000 евра, со тоа што веќе дадените 1.000.000 евра во вториот наврат влегувале во тој износ. Останатите 4.000.000 евра било договорено да се исплаќаат сукцесивно на четири месечни рати. Откако осомничените се посомневале во доверливоста на средбите и можноста за откривање на кривично правниот настан, повеќе не остварувале средби со сведокот во таа насока – изјави Русковска.
Првоосомничениот, кој се товари и за перење пар, парите ги пуштал во промет како легитимно стекнати и со нив купувал разни предмети, облека, плаќање одмор…
Јавниот обвинител засега не е сослушан, но во случај и тој да се најде под сомнение, тој не може да се повикува на имунитет.
За двајцата осомничени, обвинителството бара притвор, а прдистрага против нив е отворена по поднесена кривична пријава на 2 мај.
На новинарско прашање дали овој случај може да се поврзе со приказните кој ги објавуваше новинарот Бранко Героски, и Русковска и Јовески посочија дека денеска отвориле истрага токму за да се утврди кој сѐ е оштетен и инволвиран и ги повикаа и охрабрија сите кои имаат информации или се оштетени да пријават.
На прашање дали евентуално се инволвирани и фирми и дали се бара замрзнување на имот, обвинителите одговорија дека засега не е опфатена ниту една фирма и дека на име на првоосомничениот не е пронајден имот.
Јовески и Русковска не соопштија од кое обвинителство е обвинителот, но според наши информации станува збор за обвинител од Специјалното јавно обвинителство.




Quote:Боки 13 до Русковска: Извинете што ве прекинувам додека зборувате лаги

[Image: Boki-13-Ruskovska.jpg]

Плусинфо 16/07/2019
Бојан Јовановски, познат како Боки 13, вечерва од Основниот кривичен суд во Скопје беше спроведен во затворот во Шуто Оризари бидејќи му определија притвор од 30 дена како осомничен во најновата истрага на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.
Додека полицајци го изнесуваа Јовановски од судот кон полициското комбе, преку службениот влез на судската зграда, изјава за медиумите даваше обвинителката Вилма Русковска.
Тој со полицајците ја прекинаа изјавата за да можат да се симнат по скалите, при што прокоментира: „Извинете, додека зборувате лаги што ве прекинувам“.
Една од новинарките на Русковска ѝ рече: „Ова претпоставувам за Вас беше“, а обвинителката одговори дека не знае бидејќи во тој момент зборувала и една од новинарките.
15-07-2019, 11:44 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,963
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#27

Quote:Biljana Vankovska
8 hrs ·

Прашања кои ме мачат (од рано наутро):
Ако кај јавен обвинител (ајде, кај Ката, на пример) двајца се обиделе да влијаат во однос на истрагите што ги водела, зарем не би било нормално ТОЈ/ТАА да ги пријави, наместо жртвата-сведок??? Како го штити таа правото? Или не препознала елементи на кривично дело?
Ако оној што поднел кривична пријава е наречен жртва-сведок, зошто обвинителката не е барем сведок?
Трето, како ќе остане на работно место со еден одземен и еден изгубен телефон? И како баш така го “изгубила” навремено?
Конечно, зошто не’ прават будали?! Па, на истражни дејствија се влијаеше и од највисоко политичко место, што беше кажано во ТВ интервју!?
И пак сме изненадени? Малку ни е!
16-07-2019, 02:06 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,963
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#28



16-07-2019, 02:08 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,963
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#29

Quote:





ТретаПолитика
2 hrs


#СамоубиствоСЈО

Од КАТА толку, ајде сега да го видиме решението. Она што е најважно, после овој случај, во кој СПЕЦИЈАЛНИОТ го корумпирале, кога излегоа смешни сите ЕУ и Американски политичари што се сликаа во знак на подршка излегоа мајмуни, ДАТУМ нема ни ОКТОМВРИ, датум ќе нема ни до 2025. КАТА е причина да нема ЕУ, што во некоја рака е корисно.
Конечно, доброе е, што бараме во ЕУ кога и таа самата не знае каде тера, ЕУ стагнира по сите параметри, нема идеја како да се организира.
Улогата на СЈО и ОРГАНИЗИРАНИОВ криминал кој 30 години егзистира и не пљачка не се објасува со пост, бара серијал од подолги текстови, па тоа е причината да започнеме денес како увод, а причината зошто денес, причината е во насловот, СЈО се самоуби.
Што е ново, во организираниов криминал во земјава, постои во моментов голема дисторзијата, каде е збунката што тој, кој ги контролира сите реклами, сите пари за медиумско и политичко дејствување дозволи да има ваква грешка.
Имено, ново е што на СТАРАТА транзициска ОЛИГАРХИЈА им се појави нова, млада и брза инстант Америчка олигархија од СТРУМИЦА. Зајеб и семејните фирми, само формално фигурираа како единствени финансиери на СДС од 2014 година па се до 2017 30 Мај кога Зајеб формираше влада. Тоа беше систем од 12/14 фирми од СТрумица и Струмичко, кои беа поврзани и добро организирани, се срдно под помогнати од градоначалникот на Солун Бутарис, но и кључени во бизнис империјата на се вселенскиот патријарх Бартоломеј кој е распостелена во северна Грција, по нашки Егејска Македонија.
Тоа е јадрото кое логистицираше да се инсталира Зајеб, кое јадро во последниве 3 години дебело и брутално се натоварија со рекет, ала Боки но и со брутално крадење во јавните набавки на ВЛАДАТА со која командува нивната политичка арикулација Зајеб.
Задачата за која беа организирани и донесени на ВЛАСт делумно ја исполнија и исполнуваат, но трагедијата на нашево Македонско општество е што ниту еден медиум не ги нотираше, не дај боже наброи или анализира фирмите на Зајеб и оние кои стојат позади него. Медиумиве се дембели кои чекаат некој да донесе нешто, за да објават за неговиот противник, а тие пак, медиумиве тоа го нарекуваат истражувачко новинарство.
Едноставно, СТАРАТА олигархија прво плати рекет на НОВАВА олигархија Струмичка, а подоцна сите стари ОЛИГАРСИ од заколнати Руси станаа Американци, за да си продолжат со брутално пљачкање на народов, сите станаа подржувачи на Зајеб.
Во старата Олигархија, последни кои им се прикључија се Орце и ДонМијале, што се предметот ИМПЕРИЈА е докажано, дека спасот на Штерјо Наков го извеле токму Орце и неговите консултантски способности, за што има и заработено кеш, затоа што се злоупотребени сите акционери и е направен класичен криминал и дополнително перење на пари.
Проблемот на СТАРАТА олигархија е што Борисов како контрактор на ЦИА, задолжен за контрола и кординација на сите Балкански мафии без искључок, вкључително и Албанската е во екипата на НОВАВА Струмичка Олигархија. Орце како син на Илија Камчев добар пријател на Мулти Груп и син на Ратка (техноментал) лесно се прешалта од СТАРАТА во НОВАВА олигархија нормално со плаќање и дебело учипување (рекет), па почна со распордаја на сопствени капацитети во Македонија директ на Борисов или негови бизнис артикулации. Во моментов се одрботува проект по секоја цена Комерцијална банка за без пари да стане Бугарска банка, после што Бугарите ќе поседуваат најголем дел од хипотеките низ државава, Бугариве и номинално ќе станат газди.
Инаку, борбата на НОВАВА олигархија со ОРЦЕ започна околу едно купче од неколку #милијарди евра, (МИЛИЈАРДИ ЕВРА), потенцирано, кое е сопственост на ДонМијале и Орце, но не се потписници ниту едниот ниту другиот туку сосема ТРЕТ, со име Ненад Јосифовиќ. Но за ова друг пат, ова е позадината на се, тука се вкључени, Филип Рикер лично од периодот додека беше во Милано, пред да го унапредат па се до Бајден, борбата за 3 милијарди евра продолжува.
Да се вратиме во Македонија. Во вака затегнати односи во ОРГАНИЗИРАНИОВ криминал во Македонија, поделен на СТАРА транзициска олигархија и НОВАВА Струмичка олигархија со Борисов у залеџе, ушетуваат Бокица, Кичеец, КАТА и Синчето и мртви ладни бараат рекет. Нормално е да се случи се ова, посматрајте го Рикер помошникот токму за Македонија за се да Ви биде јасно.
Борбата за купчето евра надвор од Македонија со потписот на НЕНО, продолжува, не е завршена дури сега почнува.....
16-07-2019, 02:51 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,963
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#30

Quote:Бизнисменот Азманов потврди: Во Македонија рекет број еден е Боки 13

Бизнисменот Зоран Азманов уште еднаш јавно потврди дека Бојан Јовановски – Боки 13, го рекетирал.


Азманов уште во февруари го обвини Боки 13 за рекет, а сега во изјава за Фактор истото и го потврди. Бизнисменот кажа дека во телевизијата 1ТВ се најдени снимки со наводна компромитирачка содржина од негови приваатни разговори, но најдени се и за многу други бизнисмени. Во рекетот учетсвувале функционери на СДСМ и на претставници од власта.


Quote:– Рекетарството на Бојан Јовановски, викан Боки 13, кој ги злоупотребуваше врските со бившиот секретар на СДСМ, а воедно исто така беа злоупотребувани и други моќни фигури на власта како што Директорот на финансова полиција, Главната специјална обвинителка Катица Јанева, големиот директор за маркетинг – нејзиниот син кој вчера заврши факултет, а јас сето тоа го кажав пред 6 (шест) месеци и истото денес се потврди, каде што во неговата телевизија се најдени снимки со наводна компромитирачка содржина од мои приватни разговори, меѓу другото најдени се и за многу други бизнисмени со што се потврдува и моето тврдење дека институциите на државата – СЈО и Финансова полиција работеле во спрега со Боки 13 за мое рекетирање, а самата најава на Инсајдер Досие 03, каде сум претставен како Градежна мафија на квадрат, месец и половина пред да биде објавена емисијата, пред да ми се даде шанса да дадам било каков исказ и без да има било какви докази за било каква моја вмешаност на градежен бизнис со државата, ја покажува и докажува рекетарската намера на Боки 13 и неговата телевизија, кој во тоа време уживаше многу голема поддршка од луѓе во втор и трет ешалон од власта, а сега истите се разрешени. – изјави Азманов.


Тој тврди дека таквиот рекет Боки 13 не можел да го прави без помош на институциите и без блиски конекции со Јанева и со директорот на Финансова полиција.


Quote:– Таквиот рекет Боки 13 не би можел никогаш да го прави сам без да има помош од овие институции кои ги погоре споменав, без да има такви конекции со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и со директорот на Финансова полиција. Имам сознанија дека за мојата дискредитација преку Инсајдер, Боки 13 и неговите пајташи кои преку ред го пласираа во етер Досие 03 без никакви докази, истото исклучиво базирано врз лажни приказни дадени од страна на мои должници, примале огромна сума на пари од мојата конкуренција, кои не би сакал сега јас да ги споменувам, а за кои фирми точно се знае кои се, па заради тоа директорот на Финансова полиција од петни жили се трудеше да ме притвори мене и уште еден голем бизнисмен од градежниот сектор, само за да не тргнат од пазарот на недвижности во Скопје и на наше место да дојдат нови градежни компании, кои нема да ја имаат нашата конкуренција. Тое е причината зошто Боки 13 по секоја цена сакаше да ме дискретитира на таков подмолен и безобразен начин, со најава каква што беше и со немање никакви докази за било каква вмешаност во мафијашка работа од моја страна. Тоа што Сашо Ордановски го тврдеше во своите вести заедно со Боки 13, дека Инсајдер била емисија која се емитува врз основа на највисоки критериуми во новинарството и веродостојни докази излезе дека е чиста лага, па го повикувам овој познат новинар, наводно голем поборник за правда, го повикувам на било кој медиум на дуел за да видиме кој е градежна мафија, а кој е медиумска мафија и рекетар со аргументи и докази, а не со лажни приказни бидејќи тоа што беше изнесено во Инсајдер многу лесно се докажува дека не е вистина, а истото важи и за господинот Чомовски, кој заедно со Ордановски беа познати како најголеми поддржувачи и восхитувачи на добро познатиот рекетар Боки 13, злоупотребувајќи ја нивната моќ да влијаат преку медиумот кој го владеат. Многу е лесно да си направиш емисија за било кого и да го оцрниш, на база на лажни искази и лажни обвинувања без да се соочиш со фактичката вистина и аргументите на спротивната страна што се обидуваш да ја оцрниш. Тоа е најниското ниво на новинарство, спротивно на сите етички и морални кодекси на новинарството, токму тоа е тоа што го правеа Сашо Ордановски и Боки 13 заедно со своите соработници. – вели Азманов во изјавата.
16-07-2019, 03:25 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,963
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#31

Quote:„Лидер“ ексклузивно открива: Еве кои бизнисмени плаќале рекет кај Боки 13 и Катица Јанева – сумата надминува 5 милиони евра!


[Image: Rekeeet-960x533.jpg]
 
16.07.2019
Рекетот на групата Боки 13, Зоран Милевски Кичеец и шефицата на СЈО Катица Јанева, не завршил кај бизнисменот Јордан Камчев кој случајот го пријавил во полиција – дознава „Економски Лидер“ од извори во истрагата.
Освен Камчев, биле рекетирани и десетици други бизнисмени и компании кои платиле рекет вреден над 5 милиони евра. Дел од нив, кои и се познати на редакцијата на „Лидер“, ќе ви ги откриеме подоле во овој текст. Како што тврди нашиот извор, постои интенција ОЈО да го прошири случајот за обвинителско-медиумски рекет, но од високи политички кругови овој процес се блокира, затоа што во него сигурно ќе настрада Јанева, но и најмалку двајца други високи функционери на владејачката СДСМ.
Извори од ОЈО за „Лидер“ брифираат дека при синоќешниот претрес, во компјутерот на Јовановски биле пронајдени компромитирачки материјали за педесетина познати бизнисмени, а имало и снимки со приватна содржина од сексуални односи. Како што дознаваме, во истрагата сомнително е што голем дел од материјалите кои ги поседувал Боки 13 се во формат кој алудира дека се извлечени од МВР.
Ова носи индиции дека во рекетот биле вклучени високи функционери на власта кои се поврзани со безбедносните служби, за што пишуваше и новинарот Бранко Героски, кој алудираше на функционерката со кодно име „ФРИКИ“. Освен со материјали од СЈО, рекетот се вршел и со материјали извадени од МВР и Финансова полиција.
Како што дознаваме од извори во ОЈО, истрагата треба да се прошири и ќе се побараат искази од други бизнисмени, затоа што по текот на парите се утврдило дека обвинителско-медиумската група собрала пари од нив.
Неофицијално од извори од истрагата дознаваме деа оваа група изрекетирала пари од печатницата „ЕВРОПА 92“, чиј сопственик Ратко Димитровски платил 500.000 евра за СЈО да му го врати пасошот и да го стопира прогонот во случајот „Поштенска Банка“.
Нашиот високо-позициониран извор од истрагата, тврди дека за истиот случај, бил изрекетиран и сопственикот на компанијата „НОЕЛ“ од Гевгелија, Томе Главчев, кој платил рекет вреден неверојатни 1 милион евра, за Катица Јанева и СЈО.
Како што дознаваме од извори во истрагата, жртва на рекет на обвинителско-медиумската групација бил и Цветан Панделески, газдата на Лозар Пелистерка“, кој исто како и Орце Камчев беше дел од случајот Империја“ и исто како Камчев беше ослободен од притвор и му беше вратен пасошот. За оваа услуга од СЈО, според нашиот извор од истрагата, Панделевски платил 1.5 милиони евра.
Текот на парите наведува дека рекетиран бил и бизнисменот Владимир Тодоровиќ од „ТИНЕКС“, од кого оваа група извлекла 200.000 евра. Но Тодоровиќ јавно говореше, дека овие пари ги дал како бизнис соработка, а не како рекет.
Во обвинителските кулуари, орбитира информацијата дека жртва бил и Сиљан Мицевски кој наводно платил рекет од 2 милиони евра, за да не биде поврзан со некој од случаите на СЈО.
Жртва на рекетот била и компанијата Трим и Лум од Струга, која наводно платила 800.000 евра.
Се очекува во наредните денови сите овие бизнисмени да сведочат за овој рекет, а освен нив, орбитира и името на Зоран Азманов од НАСТЕЛ“, кој јавно проговори дека бил рекетиран.
16-07-2019, 03:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,963
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#32

[Image: 13.jpg]




Веста на А1 никој ниту ја пренесе , ниту ја потврди, ниту ја демнатира.

Во што е проблемот?
16-07-2019, 04:55 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,963
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#33

Quote:Како се отвори и поплави „Империја“?


Боки 13 и Кичеец почнале со изнудата лани, некаде на почетокот на есента. Случајно или не, тогаш е обелоденета и аферата на СЈО позната како „Империја“, поточно на 9 ноември.
Горан Наумовски  

„Ништо не е случајно“. Ова правило е познато од дамнина. Истото може да се рече дека важи и за вчерашната брза оставка на специјалната обвинителка Катица Јанева еден час пред веста на денот дека е уапсен Боки 13. Неколку часа по неговото апсење, се дозна дека Бојан Јовановски алијас Боки 13 и неговиот другар Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец се уапсени за изнудување пари. Подоцна ОЈО одржа прес-конференција на која потврди дека изнудувале пари од осомничен, на кого му тврделе дека можат да влијаат кај обвинител за стопирање на истрага против него.
Медиумите подолго време пишуваа за рекетарската дружина
Иако медиумите неколку пати пишуваа за извесна рекетарска дружина која „ора“ низ државата, вчера и официјално, барем делумно, беше потврдена и од ОЈО. Дел од тие тврдења се дека станува збор за бизнисменот Орце Камчец, кој токму од СЈО со кое уште шефува Катица Јанева е осомничен, притворен, па ослободен во предметот познат како „Империја“. За можната спрега и на низата прашања на медиумите вчера јавниот обвинител на Македонија Љубомир Јаневски и шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска одбија да споделат детали со јавноста во интерес на истрагата.
На нивната вчерашна прес конференција беше соопштено дека Боки 13 е осомничен за рекет од 1,5 милиони евра со ветување дека ќе влијае на истрага, преку влијание на јавен обвинител. Обвинителството побара притвор за Јовановски и Mилевски кои ги сомничи за кривичното дело примање награда за противзаконито влијание, а Боки 13 е осомничен и за кривичното дело перење пари.

Изнудата почнала кога е отворен и предметот „Империја“ на СЈО

Боки 13 и Кичеец почнале со изнудата лани, некаде на почетокот на есента. Случајно или не, тогаш е обелоденета и аферата на СЈО позната како „Империја“, поточно на 9 ноември.
СЈО, не на прес-конференција, туку преку соопштение, информираше дека „по спроведена опсежна предистражна постапка, во која се преземени десетина предмети кои се воделе пред надлежни обвинителства и врз кои воспоставена е надлежност на ова Јавно обвинителство, отворена е истрага под кодно име „Империја“ против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело“.

Затворскиот притвор стана домашен, па се укина

Од СЈО тврдеа дека со различни истражни дејствија и со примена на посебни истражни мерки, обезбедени се доволно докази од кои произлезе основано сомнение дека во периодот од 2002 година до 2013 година осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар лично и преку правни лица кои биле или се во нивна сопственост. Ден подоцна беа извршени 12 претреси и уапсени беа пет осомничени кои беа изведени пред судија на претходна постапка. Без посебна најава, СЈО, предводено од Јанева, на 27 декември лани, од судот побара за Камчев, Мијалков и Панделески, затворскиот притвор да им се укине и да им биде одреден домашен притвор. Тоа и се случи. Јанева тогаш изјави дека за тој случај ги собрале сите докази и дека се ослободени, бидејќи не можеле повеќе да влијаат на истрагата. Неколку недели подоцна и домашниот притвор им беше укинат, а им беа вратени и личните исправи.

Поплава во СЈО ги потопи документите за „Империја“

Само што спласнаа работите околу „Империја“, во СЈО во март се случи чудна поплава, па беа уништени дел од материјалните докази токму за „Империја“ и за други два чувствителни случаи. Оправданието нивно беше дека пукнала цевка за парно.
На 5-ти минатиот месец јавноста дозна дека на бизнисменот Орце Камчев, осомничен во истрагата на СЈО „Империја“, му е вратен пасошот заради, како што соопштија од Кривичниот суд, неодложни службени патувања кои ги има како член на Управен одбор и задолжителна едукација. Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева потврди дека дала одобрение на Орце Камчев да му биде вратен пасошот. Камчев требало да учествува, како што рече „на некој Управен одбор“, но не знаеше каде.

– Правните субјекти и фирми на Камчев мора да се одржуваат и вработените да земаат плата – рече Јанева.
Како Јанева го правдаше Камчев
Во тој период судијата на претходна постапка се обратил до СЈО, од каде што добил позитивно мислење да се издаде патна исправа со ограничен рок од осум месеци важност. Орце Камчев минатиот месец беше во Келн, Германија, на финалниот натпревар Вардар-Веспрем во ракометната Лига на шампиони.
– Не би сакала да бидам адвокат на Орце Камчев во смисла на тоа да го бранам. Сметавме дека е потребно да му се даде пасошот, бидејќи во текот на истрагата е прибрана финансиската документација која се анализира во моментот – изјави Јанева потоа Јанева.
Тогаш таа додаде дека соработуваат и адвокатите и другите обвинети во предметот.
– Поентата на СЈО е да истражиме дали има коруптивни елементи, валкани пари во делот на високите функционери. Затоа тука е осомничен и Сашо Мијалков, а другите осомничени лица се помошници на Орце Камчев – истакна Јанева.
16-07-2019, 05:20 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,963
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#34

Quote:ЕКСКЛУЗИВНО: Еве детали од снимките и броењето пари за рекет

16 Jul 2019 

[Image: x33160-ekskluzivno-eve-detali-od-snimkit...GsWjpO.jpg]

Женски прсти со црвен лак бројат и ги редат во скапа торба (Луи Витон) дел од 1,5 милиони евра кои им биле исплатени на Бојан Јовановски (Боки 13) и Зоран Милески (Зоки Кичеец) во случајот Рекет. Ова го има на дел од видео материјалот кој е доказ во случајот Рекет, дознава Вечер.мк од извори во истрагата.

Таа е отворена на барање на земја членка на ЕУ, чиј почесен конзул во земјава е рекетираниот бизнисмен. Нашите информации велат дека барањето за определување ПИ мерки пристигнало преку Амбасадата до Судот, за да се заобиколи влијание на домашни инстанци на процесот. По ова, Судот дозволува определување следење за осомничените.
Што има истрагата до сега? Има видео и аудио материјали од осомничените, од сведокот во случајот, но и разговори со женско лице, чиј идентитет е утврден, но треба да се потврди.
- Не сум сељак како Зоки Кичеец да ти пратам во црна ќеса, во Луи Витон од скапите ќе бидат наредени, вели машко лице во разговор по телефон на женско лице кое се смее на оваа забелешка.
- Добро, рачунај дека со нас работата е завршена, а и до Апелација ќе средиме. На Врховен, таму се ваши, му вели женското лице на машкото.     
Чиј е овој женски глас треба да покаже истрагата на обвинителството. 
Потоа парите се наредени во патната торба во апоени од по 50 евра, со спецификација од банка дека се чисти и податок колку има во торбата. Торбата е Луи Витон, платена 3.500 евра.
И торбата е испратена на крајна дестинација. Според податоците од истрагата, требало да бидат исплатени 8 милиони евра, а исплатени се 1,5 милиони, со договор останатите да бидат исплатени на рати.
Обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска вчера посочи дека осомничените се поварат за награда од противправно дејство дело – влијание врз обвинител, и перење пари.
Не беа соопштени детали за кој обвинител станува збор. Но, синоќа, по налог на ОЈО, полицијата и го заплени телефонот на специјалната обвинителка Катица Јанева, запленети се компјутерите на Лазар Јанев, шеф на правна служба во 1Тв и син на Катица Јанева и Бојан Јовановски.
Одговарајќи на новинарско прашање за евентуална вмешаност на обвинителките Катица Јанева и Лиле Стефанова во случајот Рекет, Рускоска посочи дека не  сака да зборува за имиња. Рече дека засега нема причина да бидат повикани во Судот, но дека очекува деновиве истрагата да се прошири.
Според информации на Вечер.мк кои засега официјално не се потврдени, финансиската полиција правеше истрага за перење пари за лицето Бојан Јовановски во 2015 и 2016 година. Се истражуваше како на нерезидентната сметка на Боки во една македонска банка се слеваат огромни суми на пари од Хрватска, кои потоа тој ги префрлал на трансакциските сметки на мајка му Јасмина и татко му Миле Јовановски. Во 2017 година, истрагата чудно се затвори во фиока.
На последната седница за пратенички прашања, Премиерот Зоран Заев минатиот месец потврди дека имало предистрага за Коки, Кики и останатите во ОЈО, но дека органите треба да си го кажат своето.
16-07-2019, 07:03 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,963
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#35

Quote:Случај Рекет

Кај се јавила Јанева пред да ѝ го земат телефонот? Имало ли налог за нејзино приведување?


Основното јавно обвинителство и припадници на Министерството за внатрешни работи вчера имале налог за приведување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во зградата на СЈО, неофицијално дознава МКД.мк. Што се случило после во канцелариите на СЈО?



[Image: mkd-429024.jpg?itok=AydgCN69]

16.07.2019
Според нашите извори, додека се вршел претресот по домовите на обвинетите, Јанева успеала да се јави на поранешен дипломатски претставник во Македонија, учесник во пржинските преговори. Освен овој телефонски разговор, Јанва се слушнала и со висок претставник на македонските власти. Присутни на овој случај, тврдат дека Јанева се заканила дека дел од снимките се депонирани во странство.
После ова налогот бил заборавен, а официјалните информации потврдуваат дека мобилниот телефон на Катица Јанева  е одземен.
Каква врска има ова со причината за нејзината депонирана оставка, во која Јанева бара прво договор меѓу партиите за измените во Законот за јавно обвинителство, па оставка, навистина е нејасно. Денеска обвинителката Ленче Ристовска во име на сите обвинители рече дека поединечните случаи не треба да влијаат на имиџот и секојдневната работа на СЈО. Јанева не беше присутна на оваа конференција за медиуми. Обвинителката Вилма Рускоска потврдува дека во овој случај замешан е и обвинител од СЈО, ама идентитетот во оваа фаза од истрагата не се открива.
Според сѐ уште непотврдени информации, целиот случај всушност се однесува на изнудување на пари за реклами на 1ТВ од македонски бизнисмени со закани дека за нивното деловно работење или приватен живот во СЈО имаат снимки. А тие снимки ги поседувал и Бојан Јовановски, директорот на 1ТВ кој ветувал бришење на снимките и на можните обвиненија со помош на Катица Јанева. Наводно, досега на овој начин биле собрани околу 5 милиони евра од бизнисмени кои биле замешани во дел од случаите на СЈО.
Но, еден од нив, ја расипал оваа шема. Со помош на бугарски специјални служби, тој снимил неколку од водените разговори со Јовановски. На тие снимки отворено се бараат пари, а потоа дел од нив и се исплаќаат. Овие снимки од службите на соседот, меѓу другите, му биле предадени дури и на премиерот Заев. По овој безизлез и притисокот од порталот Плусинфо со написите за Кики, Коки, Фрики..., клопчето почна да се одмотува. 
16-07-2019, 07:57 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,963
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#36

Quote:ЕУ агенцијата за борба против криминалот ОЛАФ е запознаена со случајот “Рекет“ и бара оваа афера да се расчисти до крај!
Обвинителството во 1ТВ пронашло прислушкувани материјали од СЈО?



Објавил: Данаил Михајловски | 16 јули, 2019
Од извори блиски до обвинителството, Магазин дознава дека при вчерашниот претрес на просториите на 1ТВ, чиј неформален сопственик е Боки13, пронајдени се компромитирачки материјали за десетина македонски бизнисмени и фирми, меѓу кои се и Зоран Азманов, Фијат Цаноски, Тинекс, НОЕЛ и други. Материјалите биле обработени, селектирани и спремни за изнуда на рекет од бизнисмените, а истите се претпоставува дека се копии од незаконито прислушкуваните материјали кои ги поседува само СЈО. За ваквите материјали и за целата истрага рекет свој придонес дале и професионалци од ОЛАФ (European Anti-Fraud Office), европска агенција за борба против криминал, корупција и перење на пари, кои соработуваат со делегацијата на ЕУ во Скопје. Се води истрага и за двајца пратеници за кои има индиции дека биле дел од оваа групација за медиумско-политички рекет преку злоупотреба на материјалите од СЈО.

Вчера, по препорака на неколку амбасади од земји членки на ЕУ, а по претходна пријава од еден македонски бизнисмен на кој му биле изнудувани големи суми на пари, започна акцијата “Рекет“, при што е определен 30 дневен притвор за Боки 13 и Зоран Кичеец. Шефицата на организиран криминал соопшти дека мерката е одредена по сите 3 основи. Рускоска потврди дека е одземен телефонот на обвинителката Катица Јанева за дасе  утврди дали постоела комуникација со првоосомничениот, но кај неа сеуште немало извршен претрес. Претходно обвинителката Јанева поднесе писмена оставка од челното место во СЈО, при што наведе дека причините се политички, односно дека не сака таа да биде искористена како изговор за непостигнување на договор околу новиот закон за обвинителство. Сепак, медиумите шпекулираат дека вистинските причини за нејзината оставка се поврзани со случајот “Рекет“ и апсењето на Боки13, за кого се знае дека имал многу блиски релации со Катица Јанева, како и со нејзиниот син Лазар, кој е директор на маркетинг службата во 1ТВ. Вчера Боки13 бил уапсен на граничниот премин Богородина, а во тоа време во неговиот автомобил бил заедно со А. Кочишки и Л. Филиповска, на пат кон Грција. Се шпекулира дека кај него и кај Зоки Кичеец се пронајдени и запленети околу 450.000 евра во кеш.
16-07-2019, 11:06 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,963
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#37



17-07-2019, 05:10 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,963
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#38

Quote:Героски за ТВ21: Уште најмалку шест лица се вклучени во рекетирањето

Плусинфо  17/07/2019

Героски вели дека не би сакал да изнесува имиња, ниту повеќе детали, бидејќи со тоа би ѝ наштетил на истрагата.

– Има работи кои допрва ќе се разоткријат. Треба да се разоткријат врските меѓу двајцата осомничени со уште барем пет – шест лица, според моја проценка. Мислам дека тие врски ќе доведат до нови основани сомненија за вмешаност на други луѓе во овој бомбашки рекет, во овој милионски рекет. Мислам дека обвинителството ќе дојде до фаза дека станува звбор за злосторничко здружение. И не е само во прашање рекет, во прашање е и сериозно перење на пари во кои се замешени многу други лица – изјави Героски за ТВ 21.
17-07-2019, 05:16 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,963
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#39

Quote:Branko Geroski
20 hrs · 

Ај в понеделник ќе ви кажам кои се Фрики и Кики.




Quote:Јавна порака до Фрики и Кики – еве што треба да сторите во следните 48 часа!


Ве молам, што побрзо обратете му се на вашиот шеф Зоран Заев, но и на јавниот обвинител. Помогнете и на истрагата. Вие тоа го можете. Знаете зошто.

[Image: Branko-Geroski-696x478.jpg]

Бранко Героски 20/07/2019
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека тој не ги познава Фрики и Кики. Го разбирам потполно. Еве, сосема накусо, ќе се обидам да појаснам некои нешта.
Фрики и Кики се вистински ликови, високо позиционирани во СДСМ и во власта. Тие се блиски до ликот кого јас го именував како Коки и за чии рекетарски подвизи пишував со езоповски јазик, во неколку продолженија.
Како се блиски? Еве вака, друже Заев.
Фрики е госпоѓа, висок функционер и во невладината организација на Коки, која служела за формално покривање на милионскиот рекет. Самиот тој факт ја прави госпоѓата објективно одговорна за овие злодела.
И тоа ќе го дообјаснам. Една работа е некому да се обрати некоја обична невладина организација со барање за поддршка (па и со рекетарска уцена), а друго е тоа да го стори НВО во чиј врв стои така проминентна личност, со неспорно политичко влијание и со блискост со премиерот и со сите министри и со други државни функционери.
Кики беше висок функционер во СДСМ. Самиот Коки, во последното интервју на својот медиум, го нарекол „добар пријател“ или „другар“. Е сега, не е исто да си обичен рекетар што стасува до половно „БМВ“ и да си фраер кој за другар го има високиот партиски функционер Кики, а за соработник високата државна функционерка Фрики, која згора и му пеела на журка.
Ниту сум напишал ниту тврдам дека Фрики и Кики рекерирале и дека лично се офајдиле од рекетот. За тоа не знам. Тоа треба да го провери истрагата. Но, неспорно е дека и Кики и Фрики му овозможувале на Коки да остварува контакти при неговите рекетарски обиди, а тој ја (зло)употребувал блискоста со нив, но и со други луѓе во СДСМ, за да биде поуспешен во своите походи.
Во најмала рака, Фрики, Кики и другите биле фацилитатори на милионскиот рекет, за што мора да сносат морална и политичка одговорност. А за нивната евентуална кривична соодговорност одлучува истрагата, која не смее да се попречува.
Затоа, госпоѓо Фрики и другар Кики, да сум на вашето место, јас под итно би сторил две работи.
Прво, би му се јавил на Заев и би му го кажал следново:
– Шефе, свесен (свесна) сум дека со мојата блискост и со контактите со Коки, како и со тоа што го препорачував кај други луѓе, му овозможив да ги засили своите рекетарски позиции. Така се искомпромитирав себеси, но и тебе, шефе, како и нашата партија. Во духот на декларацијата што ја донесовме пред некој ден, прифаќам политичка одговорност за својата непромисленост. Поднесувам оставка на сите функции.
Второ, би му се јавил на надлежниот обвинител и би му го кажал следново:
– Обвинителе, јас имав блиски контакти со лицето Коки и ви стојам на располагање за сите потребни информации во врска со милионскиот рекет. Моја граѓанска должност е да соработувам со истрагата, дури и во случај да бидам осомничен (осомничена).
Госпоѓо Фрики и другар Кики, јас најдругарски ви предлагам ова да го сторите без одлагање, во следните 48 часа. Тоа му го должите на Заев, но и на СДСМ, а пред сė на граѓаните на оваа земја. Ако размислите добро, ќе сфатите дека тоа си го должите и себеси.
20-07-2019, 06:07 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,963
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#40



23-07-2019, 09:41 PM
Reply