Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ГЕРОСКИ ПОЛКОВНИК ИЛИ „ПОКОЈНИК“-УАПСЕН КОКИ ?? ДАЛИ ЈАНЕВА КЕ БИДЕ УАПСЕНА??
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,963
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Како куртулил Трпе од банда опасни рекетари


Неверојатна и тажна приказна за тоа како еден наш мал хотелиер бил притиснат да „поддржи“ еден наш познат медиум, но поради сплет на околности кои можеле да завршат и трагично, човекот сепак се спасил од рекетарската багра.

Бранко Героски 10/06/2019

Приказнава што ќе ви ја раскажам е неверојатна. Филмска. Ќе се уверите самите. Таа е налик на една возбудлива секвенца од филмската серија за нашата тажна реалност, во која сѐ повеќе луѓе стануваат жртви на корупција, рекет и закани со лични компромитации. Играта ја водат неколку луѓе кои ја користат својата блискост со битни фаци од политичкиот естаблишмент и така стануваат недопирливи уценувачи и рекетари.
Цело Скопје бруи за оваа багра…
Приказнава ја слушнав од познаник, кој тврди дека лично бил сведок на настанот. Тој ми ги соопшти и сите имиња на актерите, освен името на жртвата, за да не бидам доведен во искушение да го соопштам јавно и да му нанесам штета. Фер. Дополнително, за сите заедно да се поштедиме од непотребни непријатности, битните актери и јас ќе ги преименувам. Верувам дека самите ќе се препознаат, а ќе ги препознаат и поупатените читатели. Но, тоа секој на своја одговорност.
Настанот се случува во ресторанот на еден релативно познат, иако понов хотел, во еден наш голем туристички центар. Домаќин на масата е газдата на хотелот, инаку јак политички штик во градот, кого во оваа приказна ќе го наречеме Мики. Гости на Микиевата софра се двајца членови на раководството на неговата партија, од кои на поважниот ќе му го ставиме името Кики. Специјални гости се сопственикот на еден познат медиум, кому совршено би му одговарало името Коки, како и неговиот уредник. Уредников за целото време на дешавката нема да изусти ни збор, па затоа и не заслужува да му наденеме име.
На покана на газда Мики, на масата седи и едно повозрасно човече, сопственик на мал, помалку познат хотел во градот. Во духот на нашата традиција, би било згодно човечето да се нарече Трпе или Трајче. Имено, тоа е едно многубројните човечиња чија судбина е да трпат и да траат. Ете, ќе го викаме Трпе. Повикан е во друштвото со намера да истрпи еден тежок удар, што ќе му се случи брзо по воведните бош муабети, што вообичаено се водат додека се дојде до главната тема.
Газда Мики не губи многу време и на колегата Трпе, со кого се познаваат долги години, му вели:
– Види, Трпе. Ти знаеш дека пред нас е изборна година и дека ни е потребна силна медиумска поддршка. Со нас тука е газдата на еден наш медиум што треба заедно да го поддржиме. Добро би било и ти со него да склучиш еден годишен договор за рекламирање, бидејќи знаеш како е, медиумите денес се скап спорт. А овој медиум е наш. Утре и тебе може да ти се најде на зломака, ако ме разбираш што сакам да кажам…
Разбира Трпе сѐ, ама не му е баш по волја. Му се гледа тоа на лицето. Во муабетот се вклучува и Кики. Тој не е директен како Мики и на газда Трпе суптилно и детално му ја објаснува политичката ситуација во земјата, со акцент на тоа дека сите треба да помогнеме за да не ни се врати режимот, оти така сите ќе изгориме.
Трпе слуша внимателно, ги гледа луѓето на масата под око и сфаќа колку е саатот. Со овие нема шега, си вели, овие се власт, а не е паметно власта да се има на врат. Да, ако се врати режимот, навистина сите ќе изгориме, но од Трпе се бара да изгори сега, веднаш, за „каузата“.
Ја допива тој ракијата на екс и вели:
– Добро Мики, те разбирам. Ако треба да се помогне, ќе се помогне. Ти знаеш дека мојот бизнис е помал од твојот, но ете, можам и јас да дадам едно четири до пет илјади евра годишно. И новинарите треба од нешто да живеат, јасно…
Одеднаш, напрасно, на масата се развлекува едно остро и пискаво – штоооооо?!!!
Тоа е газда Коки, сопственикот на медиумот што треба да се поддржи. Целиот е зацрвенет од бес.
– Што е ова, Мики, вие со мене ли ќе се заебавате?! Јас за годишен договор не разговарам за сума под двесте илјади евра! – вреска Коки и повторно треснува со тупаница на масата.
Велат дека ова „двесте илјади евра“ овој познат лик го има изговорено во повеќе слични прилики, со истиот бесен, пискав и феминизиран тон. За човек за кого, на пример, се шири легенда дека во некоја прилика десетина свои пријатели на софра честел со ајфони („дете, донеси за сите по еден ајфон“) и за кого тврдат дека во чекмеџето му се дотураат неброено пари во кеш, сосема е можно двесте илјади евра да е сума со која го почнува секој ваков разговор.
Но, на Трпе од тие зборови буквално ќе му се слоши. Прво пребледува ко крпа, па се препотува, за на крајот, според кажувањето на мојот пријател, буквално да ја обори главата на масата, губејќи ја полека свеста. Сите присутни се шокирани од реакцијата на кутрото човече. Го плискаат со вода, му го бришат челото, го плескаат благо по образите, му помагаат да се поврати од шокот.
За среќа, Трпе успева да се соземе. По долга, непријатна пауза, откако малку ќе се потсмири, тој на својот познаник тивко и понизно му вели:
– Мики, не ми се лути, а и другите молам да не ми се лутат. Јас двесте илјади евра немам. Толку промет немам годишно, а камоли толкави пари да ми останат. Ти знаеш дека децата ми се надвор, а јас и жената работиме сами, одвај врзуваме крај со крај. Викни ти, Мики, еден нотар овде и јас ќе ви го препишам хотелот. Земете си го и сами работете го. За мене ич да не се секираш. Јас и жена ми сме пред пензија. Ќе се снајдеме, ќе преживееме некако…
Ете, толку има Трпе да им каже на рекетарите собрани на масата. Толку му е силата. Нека му земат сѐ, душа нека не му земаат.
Сите молчат. Молчи и оној кретенот со неговите двесте илјади евра. Молчи и Трпе и испива уште една жолта, додека ја чека пресудата. На крајот, проговара газда Мики:
– Добро Трпе, можеш сега да си одиш. И заборави дека сме се виделе и што муабет сме правеле.
Трпе станува и тетеравејќи се подгрбавен, го напушта ресторанот. Друштвото продолжува да си тера муабет. Се пикира нова жртва веројатно. Не заради друго, туку заради „каузата“.
Важно е дека Трпе наш куртулил. Можеби во меѓувреме има наредено некое стентче, ама двесте илјади евра не платил. И да сакал, нема толку пари. За разлика од многу други, кои платиле. Имале, па платиле. Кој педесет, кој сто, кој двесте, а некои можеби и повеќе. Во муабетите се вртат и имиња и суми. Страшни суми.
Цело Скопје бруи, не е можно да не сте слушнале…
Ете, тоа е таа приказна. Да бидам искрен, јас сѐ уште сум во дилема дали да му поверувам на мојот познаник. Иако човекот баш и нема посебна причина да ме лаже. Но, во крајна линија, не е најважно дали оваа приказна е вистинита, или е измислена со цел да нѐ опоменува, да нѐ потсетува дека дека околу нас навистина кружи баучот на рекетот, тоа страшно зло, со кое се занимава една мала група луѓе. Тие осилено и безобразно, секојдневно ги демнат и ги уценуваат своите жртви, заканувајќи им се со компромитирачки материјали и на разни други начини.
Не паѓаат сите на масата како нашиот Трпе. Има и такви со путер на главите. Има и такви што плаќаат, иако не се сигурни дека така завршиле работа. Но, кај секој од нив тлее омразата кон оваа багра и силна желба за одмазда. Оваа работа на арно нема да излезе.
Ама ви велам, де, цело Скопје бруи…
Поуката од оваа приказна е јасна. Другарчиња, од арам пари долго не се живее. Ѓаволот ќе си дојде по своето. Кога и да е. Така да си знаете.
(This post was last modified: 16-07-2019, 02:09 PM by ЈорданПетровски.)
18-06-2019, 01:01 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,963
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Како Трајанка одбила да им даде општински пари на опасните рекетари Коки, Кики и компанија

Приказна за уште еден неуспешен обид на рекетарската група, овој пат да брцнат во општинска каса - биле измарширани и упатени својот „проект“ да го продадат во Струмица!

Бранко Героски 11/06/2019
Mојата неверојатна и тажна приказна за тоа како еден наш мал хотелиер бил притиснат да „поддржи“ еден наш познат медиум, но поради сплет на околности, кои можеле да завршат и трагично, човекот сепак се спасил од рекетарската багра, предизвика бурни реакции. Очекувано. Цело Скопје бруи за оваа рекетарска група, а се спомнуваат и конкретни имиња на луѓе кои на овој или оној начин, биле принудени да платат вртоглави суми, за да си го сочуваат мирот. Платиле, ама што добиле за возврат, тоа не знаат ни самите.
Се разбира, ми беше јасно дека после приказната ќе уследат жестоки атаци врз мене, со безобѕирни лаги и клевети. Напишани се неколку штапски текстови и објавени се во еден наш парапортал, што го води класичен психијатриски случај. Штабот сфатил дека нема нормален новинар во Македонија што би објавил такви будалштини, без да размисли дека може да се соочи со тужби, па правилно проценил дека ако нема нормален, мора да се најде – ненормален.
Ненормалниот е најден, но работата не е завршена. Затоа што сега, во продолжение, ќе прочитате уште една приказна, за уште еден „подвиг“ на истата рекетарската група, предводена од Коки, Кики и компанија – тоа се имињата со кои ги именував вистинските личности, за да избегнам непотребни непријатности, оставајќи го препознавањето на одговорност на актерите и на вас, читателите.
Напоменувам овде дека такви приказни има многу, бидејќи сѐ повеќе жртви на рекетот горат од желба да се одмаздат за штетата што им е направена, па веќе и гласно говорат што им се случило. Не е мое да одлучувам дали тие приказни се вистинити до најситните детаљи – тоа е, или еден ден ќе биде, работа на истражните органи. Мое е да раскажувам.
И така… По првичните успеси во обидите некои наши бизнисмени и парајлии со уцени да се принудат да го поддржат медумот на газда Коки, во име на заедничката „кауза“, нели, која ја претставува партискиот функционер Кики (има тука уште еден функционер, чие име засега ќе го држам во тајност), групата објективно се соочува со криза. Нема многу луѓе спремни да разговараат со човек кој „не разговара за сума помала од двесте илјада евра“, или, како што често велел на маса, за помали суми се разговарало со неговата „асистентка“. Никогаш не разбрав која е таа, ако воопшто постои.
После онаа драма со малиот хотелиер Трпе – повторувам, ова име, како и сите други, се измислени – кој одвај го преживеал притисокот од разгоропадениот Коки, во истиот туристички центар, истата група, уценувала и еден сопственик на градежна компанија. И тој одговорил дека не може да плати повеќе од 10.000 евра. Не знам дали воопшто платил. Поентата е во тоа дека и рекетот изгледа не бил лесен занает и не било лесно да се најдат муштерии.
Од тие причини, рекетарската група решава да се сврти кон сигурни извори на пари. Кон општините. Кон „нашите“ општини, нормално. Набрзина е смислен проект за изградба на некакви објекти од областа на социјалните грижи (ќе се воздржам од откривање на детаљи за проектот). И веднаш е таргетирана една поголема општина, во близина на нашиот туристички центар, во која на власт е „наш“ градоначалник (или градоначалничка, да не дискриминираме сега по полова основа) и што е најважно, општина во која газда над газдите е и еден од главните спонзори на медиумот. Оделе луѓето на сигурно.
Градоначалникот или градоначалничката – ај нека биде од женски род, ќе ја наречеме Трајанка, бидејќи и градоначалниците често ја имаат таа неблагодарна улога да трпат и да траат – ја прима екипава. Трајанка сака да слушне за што станува збор и како таа може да поддржи еден убав проект од областа на социјалните грижи. Проектот го образложуваат Коки и Кики, а на средбата има и други лица, локални лобисти. Откако ќе го раскажат наративниот дел на проектот и неговото значење од социјален аспект (бла, бла, бла), муабетот се доближува до главната тема. Парите.
– И добро, како може општината да помогне за овој проект? – прашува Трајанка.
– Паааа… Бидејќи станува збор за интерес и на општината, пожелно би било да се додели една бесплатна локација, со одобрение за градба и сѐ друго што е потребно – вели Кики и трепка нервозно со очињата, бидејќи му е непријатно, од причина што и самиот потекнува од истиот град.
Пред Трајанка да изусти збор, се уфрла Коки, со своето познато пискаво гласче:
– И уште нешто. Општината треба да нѐ ослободи од плаќање комуналии и од сите други давачки!
Трајанка брзо пресметува во главата и им вели на рекетариве:
– Па добро, луѓе, дали сфаќате дека вие од мене практично барате еден милион евра општински пари?! И тоа во време кога општината е задолжена до гуша…
– Ама што е важно тоа?! – писка Коки и веќе се кае што не ја пратил „асистентката“.
Еден милион евра… Па што е за една општина еден милион евра, си мисли шутракот, навикнат на големи исплати во кеш (за што можеби ќе стане збор во некоја друга приказна за оваа рекетарска група). Но, за градскиот татко или за градската мајка, сеедно, тоа се големи пари.
– Добро, значи, ние треба да вложиме локација, комуналии, пари… А што ќе вложите вие? – прашува нервозно Трајанка.
– Ние ќе градиме. Ние ќе го менаџираме бизнисот. И медиумот ќе помогне. Знаете ли вие колку е тоа тешко? – одговара Коки, ненавикнат да му опонираат, бидејќи тој е наша влијателна јавна личност.
На помош се уфрла Кики:
– Видете, почитувана, вам ви е јасно дека овде станува збор и за општински интерес. Ако е потребно, еве, ќе му се јавиме и на шефот…
Трајанка одлучно го прекинува разговорот и на рекетарите им вели:
– Вие можете да се јавите на кого сакате, а проектот можете и во Струмица да го направите. Не тука и не со мене!
Дознавам дека откако бива измарширана, групава рекетари предводена од Коки, Кики и компанија, истиов проект го „продавала“ во уште најмалку две општини во земјава. Не ми е познато дали некаде успеале да џапнат општински пари.
Овие две приказни што ви ги раскажав, иако се вознемирувачки, сепак се ништо во споредба со една друга приказна за истава група, за која бруи цело Скопје – имено за тоа како овие рекетари користат и еден друг подмолен метод за уценување и за застрашување на луѓето таргетирани за рекетирање. Но, за тоа во следното продолжение на оваа сага, кое може да го очекувате наскоро.
Патем речено, на луѓето од штабот што се обидуваат со брутални напади врз мене да спречат народот да ја дознае вистината, веќе јавно им порачав да не си го губат времето. Нашле црква да се крстат. Еве, да им повторам: нема да успеете да ме замолчите, фатете се за работа и разбијте ја оваа рекетарска група што побрзо – наскоро ваква порака ќе добиете и од едно многу важно место и тогаш нема да можете да ја игнорирате.
ПС. Слушнав дека некои мои колеги кои работат во медиумот биле вознемирени од мојот прв напис. Во него навистина се спомнува лик на уредник, но во целосно пасивна улога. Да бидам искрен, немам информации, а немам слушнато ни шпекулации, дека некој од новинарите ангажирани во тој медиум се занимаваат со рекет или дека добиваат од својот газда такви задачи. Според тоа, што се однесува до мене, сите тие можат да бидат спокојни. А како се чувствуваат самите што се во такво друштво, тоа сепак не е мој проблем…
18-06-2019, 01:03 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,963
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Како Коки, Кики и компанија рекетарските уцени ги „ботоксираат“ со „бомби“ и се фалат дека се од арсеналот на СЈО!

Како се „колат“ жртвите? Има разлика од порано. Ова сега е „француска обработка“. Такво е искуството и на еден поранешен градоначалник на скопска општина, кој платил рекет од 200.000 евра за стара дубара.

Бранко Героски  17/06/2019
Мојата втора приказна за рекетарската група што сее страв низ Македонија, под наслов „Како Трајанка одбила да им даде општински пари на опасните рекетари Коки, Кики и компанија“ предизвика интересни реакции. Ми се јавија неколку луѓе од градот во кој рекетарите, предводени од Коки и од нивниот голем спонзор од истиот град, неуспешно се обиделе да брцнат во општинската каса, за некаков проект за изградба на објект за социјални грижи (намерно ги изоставувам детаљите за тој проект и повторно ги предупредувам надобудните да не се истрчуваат). Сите ми ја потврдија приказната.
Но, истовремено, од нив слушнав нешто уште повознемирувачко во врска со овој „проект“. Ако рекетарите не успеале кај Трајанка, успеале во оној туристички центар, каде што и почна оваа сага, со онаа неверојатна и тажна приказна за тоа како еден наш мал хотелиер бил притиснат да „поддржи“ еден наш познат медиум, но поради сплет на околности, кои можеле да завршат и трагично, човекот сепак се спасил од рекетарската багра. Е, токму во тој град, членот на групата кого го крстив Мики, инаку локален партиски моќник, успеал во намерата општината, на Коки и на неговиот партнер и спонзор, да им додели атрактивна парцела, на дваесеттина метри од езерото, за изградба на таков објект. Нормално, парцелата е дадена бесплатно, заедно со сите пропратни дозволи. Но, наместо да се гради таков објект, слушам дека рекетариве парцелата ја продале за неверојатни 2 милиони евра, на градежна фирма од еден соседен туристички град. И така, таму сега се градел станбен комплекс од приземје, четири ката и поткровје.
А кој да ги знае, можеби грешам, можеби таму сепак се гради објект за социјални грижи и можеби социјално згрижените веќе уживаат во благодетите на влијателниот „хуманитарец“ и шетаат покрај езерото. Треба да се провери…

Кој си ја ишка мувата од капата?

Интересна реакција (колумна) беше објавена на нашите портали. Ако добро разбрав, познатиот автор, инаку мој стар пријател, тврди дека целта на овие приказни што ги пишувам јас, е да се нападне Специјалното јавно обвинителство, а во полза на интересите на некои локални олигарси и моќници. Слична глупост (навистина многу се извинувам што оваа теза не можам да ја наречам поинаку, освен како тешка глупост) истресе и оној поликлинички случај, оној непрокопсаник, на чиј парапортал рекетарската багра ми возврати со силен клеветнички напад, мислејќи дека така ќе ме исплаши. А им реков дека тоа нема да ме замолчи…
Додуша, многумина ми поставуваат легитимно прашање – зошто се воздржувам јавно да ги објавам имињата на рекетарите и на оние кои биле рекетирани, зошто им смислувам прекари и пишувам приказни кои сега, објективно, се само фикција. Има за тоа две причини. Прво, јас не сум истражувачки новинар. Во Македонија има истражувачки и „истражувачки“ новинари – првите се чесни исклучоци, а вторите се избрани од луѓе околу власта, за да им се доставуваат компромитирачки материјали за одделни личности и потоа да се пишуваат „истражувачки стории“. Јас не сум ни од едните ни од другите. И второ, истражувањето на ваков грандиозен рекет е сериозна работа, со која треба да се занимаваат истражните органи. Слушам дека нешто и се работело во таа насока, ама не сум сигурен. Во секој случај, не сум квалификуван да бидам истражител. Најмалку обвинител и судија. Јас само слушам приказни и легенди и ви ги прераскажувам. За тоа ме бидува, тоа е мојот занает.
Го бидува и мојот пријател, но навистина се изненадив кога тој моите приказни ги доведе во врска со некаков мој наводен, измислен секако, „напад врз СЈО“. Од каде сега ова? Во првите две продолженија од оваа сага за рекетарите, јас воопшто не го спомнав СЈО. За релациите на таа институција, или попрецизно – на еден лик од СЈО, со спомнатата рекетарска група, имав намера да пишувам малку подоцна, но ете, кај некои веќе проработил чичко Фројд, па предвреме си ја ишкаат мувата од капата. Самите најдобро знаат зошто го прават тоа.

Како поранешен градоначалник на скопска општина платил 200.000 евра

Сите ние сме слушнале за личната врска на еден лик од СЈО со еден медиум, но во овој момент, јас не можам да потврдам дека станува збор за истиот медиум за кој јас пишувам. Може да, а може и не. Но сепак, во кулоарите наголемо се раскажува дека газдата на медиумот, нашиот влијателен и екстравагантен Коки, како и неговите другарчиња, своите закани до лицата таргетирани за рекет редовно ги „ботоксираат“ со тврдења дека располагаат со „бомби“ и „инсајдерски“ информации, кои наводно ги добиле од СЈО. Мислам дека и за СЈО е здраво да се огради, или барем да ја објасни својата релација со оваа рекетарска група, која медиумот го користи само за уцени и закани.
Како и да е, се шират приказни дека Коки, Кики и компанија се фалат дека располагаат со „бомби“ (нелегално прислушувани разговори). Со нив ги плашат жртвите. Така, на пример, веќе како општо познат факт се смета приказната за еден поранешен градоначалник на скопска општина, од времето на Никола Груевски, кој бил повикан во едно такво друштво, му биле изложени „инсајдерските“ информации и документи за една негова стара дубара и човекот, видел не видел, си платил според тарифата – 200.000 евра.
Сеансите на тоа друштво, во познати скопски локали (чии имиња, од рабирливи причини, овде исто така ќе изостанат), обично почнуваат во поширок состав. Газда Коки сака да ја импресионира жртвата, па тука обично се појавува не само почитуваниот Кики, туку и уште еден познат лик од владејачката партија, па по некоја личност од џет-сетот, типчиња од разузнавачкo-безбедносната заедница и слични фаци.
Коки е галантен, како и секогаш, па на масата се цевчи виски, а понекогаш се дува и се зема од она „пола“ (се мисли на масло од канабис, кое во Македонија може легално да се набави). Како што минува вечерта, друштвото се стеснува, гостите повикани за „уметнички дојам“ или си заминуваат или се повлекуваат на други маси, додека Коки и најчесто Кики остануваат сами со жртвата.

„Колење“, па „француска обработка“

Обично прв зборува Кики, за да го објасни политичкиот контекст и нуждата да се помогне „нашиот“ медиум. На жртвата (во случајов, тоа е поранешниот градоначалник), тој обично ѝ ја раскажува истата мантра:
– Ти знаеш дека ние сега сме на удар. Криминалната банда на чело со Груевски сака да се врати на власт по секоја цена. Затоа на удар е и СЈО. Оти, таму нели има многу „бомби“, ама и искази на сведоци и други документи, поради кои тие можат да завршат во затвор. Освен тоа, се појавуваат и материјали за други личности, за кои сѐ уште не се отворени истраги.
Тука се уфрла Коки со неговото пискаво гласче:
– Што не значи дека нема да се отворат! Даааа…
Секој што е викнат во ова друштво насетува што следи. Невините, но и виновните а наивни, не се даваат лесно и тие обично се „колат“ на повеќе сеанси. После следува „француска обработка“. Но, за нашиот поранешен градоначалник велат дека паднал веднаш, уште на првата сеанса.
– Тоа што сте биле принудени за вашиот нелегално изграден објект да постапите како што сте постапиле и тоа што сте дале поткуп кај поранешната власт, тоа ви е голема грешка. Ама ние не сме како нив. Има разлика, нели? – вели Кики.
– Е има, да… – кисело вели жртвата.
– Дааааа…. Има разлика! Но, вие мора да ни помогнете тие што ве уценувале никогаш веќе да не се вратат на власт. За тоа се потребни и медиуми, а на медиумите им е потребна поддршка. Знаете ли вие колку пари се потребни да се води еден медиум, да се ангажираат новинарски ѕвезди какви што имаме ние? – писка Кокичето наше.
Велат дека нашиот градоначалник платил без збор. Од поодамна тој е скршен, дел од имотот и од бизнисот веќе му е земен, а по промената на власта, на вратот веќе има нови крлежи. Еден помалку или повеќе, сеедно…

Главниот спонзор се повлекува?!

По три нешта оваа рекетарска група се разликува од сите други за кои сумслушнал (да, другарчиња, има и други групи). Првата работа е што главниот рекетар Коки троши огромни суми кеш (што за себе лично, што за медиумот), кои не може да ги обезбеди во доволна количина ни со спонзорства ни со рекет од домашни извори. На тоа се надоврзува втората специфика на оваа група – таа „увезува“, а веројатно и „извезува“ кеш во една соседна земја. Третата, клучна карактеристика е што главен партнер на Коки и на Кики во овој увоз-извоз е близок советник на власта, кој потекнува од таа соседна земја. Вистинскиот странски извор на тие пари, пак, засега не го знае никој од информираните извори со кои сум разговарал за темава.
Но, за тоа и за опасните политички импликации од таа врска, ќе стане збор во следните продолженија на оваа рекетарска сага. Да да, другарчиња, да не мислевте дека тука запирам?
Во меѓувреме, да додадам уште две ситници.
Веднаш по објавувањето на приказната за Трајанка, во која спомнав дека жртва на рекет бил и еден познат градежник од спомнатиот туристички центар, ми се јави еден познаник, кој е голем пријател на владејачката партија.
– Геро, знам дека јас и ти имаме едно непријатно искуство од минатото, кога нашите пријатели ме натераа да седнам со тебе и да те вразумам за една работа. Ама, сега ти се јавувам да ти честитам за написите и да ти кажам дека до мене седи градежникот за кого пишуваш. Те поздравува – ми вели познаникот.
– Поздрави го и ти него и се надевам дека не му предизвикав непријатности – одговарам јас.
– Не, не, напротив. Вели дека барем за неговиот случај, сѐ што си напишал е точно, од збор до збор. И уште вели да не му се секираш, бидејќи наскоро и тој и повеќе луѓе ќе се охрабрат и ќе зборуваат отворено. Ова веќе не се трпи – вели познаникот.
Можеби потврда за тоа е и шпекулацијата што ја слушнав од друг извор, дека големиот спонзор и партнер на Коки се откажал од спонзорството и дури си ги барал и парите назад. Вреди да се истражи…
Но, кој сум јас да истражувам? Нели за тоа постојат истражувачки новинари и истражни органи? Јас само слушам, запаметувам колку што можам и раскажувам. Своите извори не ги оддавам никому, а ако некој ме праша дали сево ова што го пишувам е вистина, одговарам едноставно –  зависи од тоа во што сакаш да веруваш.


[Image: 65107654_2988750757832360_80574708790864...e=5D92C0DA]
(This post was last modified: 18-06-2019, 01:08 AM by ЈорданПетровски.)
18-06-2019, 01:07 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,963
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Предупредувам, рекетарите сакаат да ги злоупотребат ОЈО и ЗНМ за да ме замолчат – тоа нема да им успее!


Откаки не успеа со клеветнички напади преку парапорталите, рекетарската банда се обидува да ме замолчи преку ОЈО и ЗНМ - нема да им успее, приказните ќе продолжат!Секој нормален човек (новинар, политичар или било кој друг) што ќе се обиде со јавен исказ моите приказни и мене да нѐ доведе во врска со конкретни медиуми или личности, ќе се соочи со тужба за клевета. Предупредувам остро, да нема непотребни истрчувања!

Бранко Героски 17/06/2019 20:29


Откако не успеаја да ме замолчат со клеветнички напади преку неколку наши парапортали, рекетарите поврзани со еден наш медиум ги повикуваат на помош Основното јавно обинителство и Здружението на новинарите на Македонија, тврдејќи дека мојот серијал за рекетарската багра бил, всушност, рекетирање?!
Да потсетам и да прецизирам. Во ниту еден од моите написи за нашите фиктивни јунаци Коки, Кики и компанија, не се спомнува конкретен медиум. Сите имиња на личностите се измислени. Сите себепрепознавања се надвор од мојата одговорност. Тоа е позната литерарна постапка, кога се пишува за вистински настани, но со измислени ликови.
Моите приказни, де јуре, се фикција. Засега. Ако истражните органи решат да ја утврдат вистината, можно е тоа да се промени. Но, за тоа – потоа.
Секој нормален човек (новинар, политичар или било кој друг) што ќе се обиде со јавен исказ моите приказни и мене да нѐ доведе во врска со конкретни медиуми или личности, ќе се соочи со тужба за клевета. Предупредувам остро, да нема непотребни истрчувања!
Се разбира, рекетарската багра тоа го знае и затоа ангажира еден ненормален лик, за кого знае дека нема да биде тужен од моја страна, бидејќи секогаш може да се вади на лудило. А и тој се плаши, не е до толку луд, па ја копира мојата постапка – клевети, но избегнува да го спомне моето име, во страв дека ќе се соочи со тужба. Всушност, не е тој толку умен да смисли нешто такво, туку рекетарскиот штаб што стои зад него.
Во моите приказни, за кои тврдам дека се верен одраз на она што се случува во реалноста, нема да најдете никакви барања. Многу добро се знае дека јас од никого не сум добил ништо како награда за тие приказни (пари, привилегии и слично), ниту од било кого побарувам нешто. Никому не се заканувам, никого не уценувам. Никој ништо не ми должи, никому ништо не должам. Ниту станува збор, ниту може да стане збор за рекет, или за било какво друго казниво дело, сторено од моја страна.
Да, секако, и јас го повикувам ОЈО да реагира. Очекувам моите написи – досегашните три и оние што допрва ќе уследат! – да бидат третирани како допрен глас. И да се истражува дали во оваа земја на дело е мега-рекет. Јас мислам дека обвинителите веќе имаат доволно сознанија за да отворат сериозна истрага за тоа. Две јавни личности досега јавно говореа и сведочеа на таа тема.
Од ЗНМ и од другите новимнарски здруженија, јас очекувам само поддршка. Свесен сум дека мојата новинарска (литерарна) постапка е нестандардна, но со неа не е прекршен ниту еден закон, а ниту Кодексот на новинарите на Македонија. Мора да биде така, за да се заштитам од опасноста да се впуштам во кривоклетство и лажно пријавување. Но, моите приказни укажуваат на големи матни зделки и таа работа треба да се расчисти.
Патем речено, поради моите написи сум изложен и на суптилни притисоци и закани, па предупредувам и на внимание на мојата лична безбедност.
На моите извори им порачувам да бидат спокојни, бидејќи нема да ги оддадам. Напротив, од разни страни постојано добивам нови и нови сознанија, кои потоа ги преточувам во елементи на моите приказни. А тие, приказните, ќе продолжат. Бидејќи борбата против корупцијата мора да продолжи.
18-06-2019, 01:09 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,963
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Еве зошто власта е во паника поради приказните за Коки, Кики, Фрики и компанија

Штабот да се соземе и да сфати дека од ова има само една одбрана -  итно растурање на оваа рекетарска група и една ефикасна истрага, со која, по принципот „кој коњ се фати, тој врши“, конечно ќе се стави крај на оваа многу непријатна ситуација.

Бранко Героски 20/06/2019
Нема само Коки братчиња и другарчиња во врвовите на власта. Имам и јас овде-онде по некое пријателче, па ме известуваат луѓето дека мојот серијал за рекетарската банда што сее страв и трепет низ Македонија, „државниот врв“ внимателно го следи и дека „се очекуваат реакции“. Не сум баш убеден дека реакциите ќе бидат во духот на борбата против корупцијата и доброто владеење, но јасно ми е зошто моите приказни за Коки, Кики и компанија – иако напишани во стилот на класична фикција – толку сериозно ја загрижуваат власта. И токму затоа, во ова четврто продолжение на серијалот, чувствувам обврска и на вас, почитувани читатели, да ви објаснам зошто оваа корупциска афера ги тресе најмоќните луѓе во Македонија и зошто таа има потенцијал да им нанесе огромни штети.

Ботоксираниот веќе бил под истрага

Еден истражен орган на Република Македонија прв пат сериозно се занимава со активностите на Коки во нашата земја некаде во периодот од 2014 до 2016 година. Во тие последни години на режимот на Груевски, Скопје добива дојава од една меѓународна организација која се бори против криминалот и корупцијата, а особено против белосветските перачи на пари, за сомневање дека еден овдешен ботоксиран тип, кој често патува на релација Север – Југ (тогаш Македонија сѐ уште е југ, нели), се занимава не само со шверц на брендирана гардероба, туку пренесува и торби кеш преку границата, во двете насоки.
Нашиот орган задолжен да истражува случаи на перење пари, според моите сознанија, прилично совесно и детално ги испитал активностите на Коки и ги потврдил сомневањата дека парите доаѓаат од негов пријател од една поранешна југословенска република, но потекнуваат од далечна земја надвор од Европа. Тие сознанија се совпаѓаат со сомневањата на меѓународната организација што ја иницира истрагата.
Некои луѓе ми велат дека има новинари кои веќе пишувале за овие матни операции на Коки (не знам, не се сеќавам дека сум читал такви написи). Се тврди и тоа дека други новинари официјално барале информации за тие истраги, но органот задолжен да го испита случајот останал глув за таквите барања. Инаку, во тој период, токму Коки е главен актер на неколку измами на наивни и невини граѓани. Во тие измами, тој соработува со познати ликови од тогашниот џет-сет. Верувајте, навистина станува збор за епски измами, понекогаш и за крајно комични случаи, па можеби со нив ќе ве забавувам во некое од наредните продолженија на серијалов.

Кој го поврзува Коки со новата власт – Кики и Фрики, или сепак Баки?

Како и да е, моите извори велат дека по падот на Груевски, драстично се менува и односот на новата власт кон екстравагантниот Коки – наодите од истрагите се ставаат во фиока, а тој одеднаш се појавува на нашата сцена како голем хуманитарец и медиумски газда во најава. Новата власт со него веднаш остварува блиска соработка, по разни основи.
Како доаѓа до ваков неочекуван пресврт?
Малку е веројатно дека новата врхушка со Коки го спојуваат луѓето од партијата кои сега се блиски со него – веќе спомнатиот Кики, како и другиот лик што го спомнував, а кого сега ќе го именуваме како Фрики. Моите извори велат дека Кики и Фрики со Коки се спојуваат малку подоцна, по партиска задача, откако тој веќе е дебело поврзан со главните шефови. А најважен за таа нова врска, за таа љубов на прв поглед, е еден наш прочуен советник, исто така по потекло од една поранешна југословенска република (не баш од истата што ја спомнав, од каде е другарчето на Коки). На тој советник би му прилегало името – Баки.
Во последните две опозициски години, како и во првите две години од новата власт, тој Баки – инаку и самиот еден интересен лик со прилично сомнителен бекграунд – поради нешто е многу важен за врвот на нашата владејачка партија. Самиот тој често се фали дека бил клучен играч при освојувањето на власта од страна на СДСМ. Неверојатно! Патем речено, сум имал прилика овој човек да го сретнам, само еднаш, во поширок круг луѓе. Се сеќавам, после таа средба, себеси речиси гласно си наредив:
– Героски, со овој човек си се видел сега и никогаш повеќе! Подалеку од ваквите типови!

Коки е машина за трошење пари

Не знам зошто (не сум баш до толку упатен во животот и делото на нашиот топ рекетар), но сигурен сум дека Коки и Баки и во периодот пред падот на Груевски, а особено потоа, блиску соработуваат и практично се дел од една заедничка операција, која едноставно може да се опише како „увоз“ и „извоз“ на кеш во и од Македонија. Но, надлежните од новата власт веќе не се интересираат што прават Коки и Баки. Не смеат. Патем речено, Коки продолжува и со нелегалниот увоз на брендирана гардероба, што му е спореден, но драг бизнис. Колку што ми е познато, имало два случајни обида на неинформирани цариници да го оцаринат дечково, но двата обида потоа завршиле со извинувања кон „хуманитарецот“ од највисоко ниво.
И така, со полни торби кеш и со нови другарчиња во Македонија, Коки влегува во медиумскиот бизнис на голема врата. Набрзо ќе увиди дека овој бизнис не е баш плукни па залепи и дека пазарот тешко се освојува. Но, тука се новите другарчиња да помогнат. Во таа фаза, по наредба од „врвот“, во медиумската операција, а подоцна и во рекетарските авантури, се вклучуваат Кики и Фрики. Кој помалку, кој повеќе. Но, после првичните успеси и славја, работите полека почнуваат да се комплицираат.
Првата причина за комплицирањето е самиот Коки. Упатените велат дека овој ботоксиран фрик, всушност, е една огромна машина за трошење пари и дека во земјава нема човек кој може да потроши толкави пари за толку кратко време колку што може Коки. Се шират легенди дека тој умее за еден викенд да потроши 50.000 евра, на пример. Други велат дека тој месечно, за сите негови лични лудории, троши околу 150.000 евра. Јас, се разбира, не можам ни да замислам дека сево ова е можно, но ќе ви раскажам како овој лик ми го опиша еден наш познат новинар, со кого се знаеме со години, а сега е една од главните ѕвезди во медиумот на Коки.

Проблемите почнуваат…

Така, во една прилика, колегата ми вели:
– Геро, можеш ли да ми кажеш колку чинат најскапите чевли што било кога си ги купил во животот?
– Паааа… Еднаш во Прага купив еден пар чевли за околу 150 евра и после за малку болен ќе легнев, оти сум циција – му признав на пријателот.
– Е па види сега… Овој Коки што го гледаш, има колекција од околу двесте пара чевли и ниту еден пар не е поевтин од 1.000 евра. Па сега ти пресметај колку пари овој човек има потрошено само за чевли – ми раскажува пријателот, кој сигурно ќе се сети на овој дијалог.
Но, тоа не е единствениот проблем на Коки. Кратко време по освојувањето убава советничка канцеларија, Баки, кој се продава за репрезент на опозицијата во неговата матична земја, како и луѓето од неговата група (кој од кој поголем „опозиционер“, џанам), паѓаат во немилост на шефот на нивната држава. Имено, сите се наоѓаат во ситуација или да изгубат сѐ, или да се предадат и да го сменат дресот. Се разбира, ја избираат втората опција. Нашата врхушка брзо ќе дознае за тоа нагло политичко свртување и ќе се обиде, без голема врева, да го намали влијанието на оваа советничка група, а особено на неуморниот Баки.
Арно ама, тоа не е сѐ. Во меѓувреме, ќе се јави нова нестабилност во регионот, во Македонија ќе почнат да одекнуваат нови „бомби“, со јасна цел да се искомпромитираат односите меѓу СДСМ и ДУИ, се раѓаат нови сомнежи дека овде можеби пак дуваат некои опасни северни ветришта, а згора на сѐ, рекетарите низ Македонија продолжуваат да збираат арач лут без жал. Сето тоа во речникот на мафијата, барем според филмовите што сме ги гледале, се нарекува bаd for the business (лошо за бизнисот).
И како капак на сето ова, доаѓаат сѐ погласните шпекулации дека рекетарската група своите жртви ги уценувала и со нелегално прислушувани снимки („бомби“) и други „инсајдерски“ информации од истрагите што ги води СЈО. Сето тоа се случува во период кога СДСМ преговара со опозицијата за судбината на оваа пржинска институција и кога сѐ поголема реалност станува опцијата на чело на оваа реформирана институција да дојдат други обвинители, на местоото на сегашните три популарни јавни обвинителки. Се проширија гласини дека опаѓањето на популарноста на „трите грации“ делумно е последица и на компромитацијата што им ја приредила рекетарската група на чело со Кокичето наше „хуманитарно“, неспособно да ги сфати драматичните последици на својата разметливост и исфрустрираност.

Камен околу вратот на Заев

Ете, затоа денес премиерот Зоран Заев има проблем како да го симне овој тежок камен што му виси околу вратот. И затоа сите страхуваат од приказните што ги раскажувам, на единствениот можен начин што ме заштитува од опасноста да се впуштам во лиферување на обвинувачки наводи без цврсти докази. Страхуваат другарчињата, затоа што расте бројот на луѓето кои биле жртви на оваа група, се шират нови гласини, па станува јасно дека порабно или подоцна, некој сепак ќе мора да реагира.
Пред да продолжам со другите тажни и неверојатни приказни за подвизите на рекетарите, ќе му дадам неколку дена на штабот што ја контролира оваа група, да се соземе и да сфати дека од ова има само една одбрана –  итно растурање на групата и една ефикасна истрага, со која, по принципот „кој коњ се фати, тој врши“, конечно ќе се стави крај на оваа многу непријатна ситуација. Не вреди да се занимаваат со измислици за мене – за сето она што пишувам во овие написи, знаат многу луѓе во оваа земја, многу новинари, многу партиски кадри што не сакаат да го гледаат овој срам, а дознавам дека биле информирани се и неколку западни амбасадори.
Ако не дојде до нормална разврска, другарки и другарчиња, борбата за вистината ќе продолжи. Јас сум во одлична кондиција, нови и нови епизоди има колку ти душа сака, а демократската јавност е желна да дознае што навистина се случува во земјата што се надева набрзо да ги почне преговорите за членство во елитниот клуб на европските нации. Па вие сега видете…
 
20-06-2019, 09:10 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,963
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Branko Geroski
1 hr · 

Претседателе на СДСМ, Зоран Заев, вечерва во 22.14 часот ја добив оваа заканувачка порака од извесен Борче Гиноски, кој за себе вели дека работи во обезбедувањето на СДСМ.
Дали Вашата партија, премиере, почна да се служи со вакви методи? Дали ја одобрувате оваа отворена закана? Дали ќе преземете нешто?
Утре изутрина точно во 9.15 часот ќе дојдам во седиштето на СДСМ. Ве молам да го обезбедите присуството на овој господин и на сите што се неопходни за моето најавено "бањање во Вардар".
Колеги новинари, претставници на ЗНМ и на другите новинарски здруженија, ве поканувам во ова време да бидете присутни на настанот во седиштето на СДСМ на улица Бихаќка.
ПС. Ако не барам премногу од вас, драги пријатели, ве молам споделувајте го овој пост.


[Image: 64529020_2239172866204396_81816553745043...e=5D87D603]
[url=https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2239172859537730&set=a.444632805658420&type=3&eid=ARCEt1XA9hZaBcdQwK8LA9fang8Sc5wg5-jBVQ8hzm8W4aZ8FTC-DAcGa7gkkQ6swzemPlW3l4v1sRqs][/url]
21-06-2019, 12:17 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,963
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:На Коки, Кики, Фрики и компанија црно им се пишува – се бараат докази за рекетот!

Газда Коки за едно ноќевање во хотел спискува 3.500 евра, а целиот платен фонд во медиумот му е 12.000 евра? Дали е тоа нормално? Да сум јас некој инспектор во УЈП, би се заинтересирал за оваа алхемија. А Заев треба да се заинтересира што правеле неговите ведети на една легендарна журка во „Хеви кафе“ и што натерало две познати дами да го лапнат микрофонот и да запеат.

27.06.2019
Не ми е лесно и мене, морам да признам, ама изгледа не им е лесно и на оние од рекетарската група, предводена од медиумскиот газда Коки. Известен сум дека деновиве Коки одмарал во еден луксузен ресорт во една соседна земја, каде што, согласно со својот стил, плаќал апартман каде што едно ноќевање чини околу 3.500 евра. Веќе ви раскажував, дечкото е опасен трошаџија, а и редно е да се подготви за битките што следат. Бидејќи на него, на најмалку двајца членови од врвот на СДСМ (сега не се токму на врвот) и на сите од таа групировка, црно им се пишува.
Имено, дознавам дека јавен обвинител веќе сериозно работи на расветлување на рекетот за кој бруи цела Македонија. Прашање на ден е кога некоја од жртвите ќе проговори. Каде што треба, нормално. Патем речено, ако мислевте дека рекетарската група ќе запре поради моите написи, сте се излажале.
Неофицијално слушам дека тие деновиве рекетирале уште една, овој пат скопска фирма. Не ми се познати детаљи и не знам дали успеале.
Човек од државниот врв исто така будно ја следи ситуацијата и очекува докази, за да пристапи кон расчистување на случајот. Во оваа фаза, нему и на обвинителот, можам да им дадам две корисни насоки за тоа каде да ја фокусираат истрагата. Ко за почеток. И ако постои намера да се води сериозна истрага. Се разбира, при тоа јас морам сѐ уште да се држам до својата раскажувачка постапка – значи, повторувам за да нема забуна, јас раскажувам само приказни за ликови на кои сум им дал измислени имиња и не преземам одговорност за било какви препознавања. Тоа го објаснив и во интервју за Гласот на Америка.

[b]Каде ти се парите на сметка, газда Коки?
[/b]

Првата видлива и легитимна трага води кон медиумот на газда Коки. Но, пред да почнам да раскажувам за медиумот, сакам две нешта да бидат сосема јасни. Прво, нагласив и пак нагласувам дека немам информации дека било кој уредник или новинар од овој медиум е вмешан во рекетирањето. И второ, што и да се случи со Кокичето наше, јас би сакал медиумот да опстане и да се бори на пазарот, со продукција на квалитетни содржини.
Истражувајќи го пазарот на медиумите деновиве (ете, имам малку повеќе време, па редно е да се подготвам за некои идни можни проекти), дојдов до информации од Централниот регистар на Република Северна Македонија, за завршните сметки на повеќе наши медиуми, вклучувајќи го и медиумот во кој до неодамна бев главен и одговорен уредник. Многу интересни се податоците за медиумот на нашиот „влијателен“ Коки, кој има силна и дури и персонална поддршка од луѓе од владејачката партија.
Имено, иако Коки се фали дека неговиот медиум е водечки, факт е дека во 2018 година тој остварил вкупни приходи од само 39,2 милиони денари (десет пати помалку од телевизијата Сител, на пример), а остварениот профит е само 1,8 милиони денари. Чудно, многу чудно – еден наш неделник, на пример, остварил профит од 6,7 милиони денари. Неколку наши портали остваруваат вакви профити. За телевизиите муабет да не правам.
Човек не може да не се запраша: каде се приходите од оние силни реклами, каде е да се појават на приходната страна на медиумот и конечно да резултираат со легален профит, што потоа ќе се оданочи, па газда Коки (или кој и да е формален газда во негово име, што е прекршок само по себе) да си плати данок, да си земе дивиденда и да си ги троши парите со здравје и радост. За ботокси, за филери, за скапи чевли и кошули, за одмори во хотели во кое едно ноќевање, повторувам, чини 3.500 евра.

[b]Новинарските супер-ѕвезди без плати?!
[/b]

Но чекајте, тоа не е најинтересното од овој документ. Најинтересно е да се види графата „трошоци за вработени“, која покажува колку пари Коки легално потрошил за своите вработени, кои, според законот, треба да се 30 на број. За споредба, Сител телевизија за трошоци за вработените во 2018 година дала над 75,8 милиони денари. Канал 5 телевизија – 56,3 милиони денари. Алсат М – 54,2 милиони денари. Добро, овие телевизии имаат законска обврска да имаат по 100 вработени, три пати повеќе од медиумот на Коки. Според овој стандард, Коки за трошоци за вработени требало да потроши, да речеме, најмалку 15 милиони денари.
Ама, податоците покажуваат чудо – медиумот на Коки за трошоци за вработени потрошил одвај 7,8 милиони денари. Па како тоа, богати? Како е тоа можно? Човекот за едно ноќевање во хотел спискува 3.500 евра, а целиот платен фонд во медиумот му е 12.000 евра? Дали е тоа нормално? Да сум јас некој инспектор во УЈП, на пример, би се заинтересирал за оваа алхемија.
И таман што спомнав инспекција, оооооп! Во мој посед, сосема случајно, дојде списокот на вработените во медиумот на Коки, со сите плати. Нето и бруто. Види мајката, на списокот има дури 50 луѓе, ама поголемиот дел од платите се за имиња кои за мене се непознати и се ниски (освен платата на една позната новинарка, која е пристојна – 55.000 денари). Добро, за Коки очекував да го нема на списокот. Има друго лице со неговото презиме, со мизерна плата од 18.492 денари.
Интересно е дека иста ваква плата – 18.492 денари – зема и еден моден гуру, кој е заштитно лице на медиумот. Па зарем навистина човекот работи само за 300 евра месечно? Не е фер! Една друга позната фаца има плата од само 30.000 денари. Ја најдов на списокот и „асистентката“ на Коки, онаа која разговара за суми „под 200.000 евра“. Госпоѓата прима цркавица од 12.791 денар. Ви се верува? Добро, слушам дека се работи „асистентката“ да се задоволи со локација за градба на ударна позиција во центарот на Скопје, а наводно ќе гради нејзиниот млад син. Не знам до каде е таа работа, но вреди да се провери. Друже Српче, се слушаме?
Најголемо изненадување, сепак, е што на списокот нема ниту една од познатите новинарски супер-ѕвезди, кои се заштитен знак на медиумот на ботоксираниот. Ги отфрлам злонамерните шпекулации дека тие луѓе примаат огромни пари во кеш, но сигурен сум дека не работат за 200, 300 или 500 евра. Единственото логично објаснување е дека луѓето со медиумот на Коки имаат склучено авторски договори и јас сум речиси сигурен дека секој од нив може да го покаже својот договор, за сите да се увериме во злонамерноста на шпекулациите. Добро, не мора јавно да ни ги покажуваатдоговорите (примањата, сепак, се приватна работа), но верувам дека на еден инспектор од УЈП можат да му ги покажат и да докажат во нив нема ништо сомнително – секој од тие луѓе објективно „тежи“ најмалку 1.000 до 2.000 евра месечно, ако не и повеќе, па ако се покажат авторски договори на такви суми, со уредно платен персонален данок, оговарањата ќе стивнат. Патем речено, имам слушнато дека една институција во Скопје има обезбедено информации за тоа колкави се примањата на супер-ѕвездите на газда Коки.

[b]Јадна е таа партија чии раководители се пајташи на Коки!
[/b]

Ете, тоа е првата насока во која тој што бара докази, може да тргне да истражува. Да потсетам, така своевремено се истражуваа наводите за затајување на данок од страна на Велија Рамковски, кој потоа беше жртва на монтиран судски процес и одлежа 7 години во затвор. Не сакам да правам паралели од ваков вид, само сакам да кажам дека е сосема легитимно да се истражи дали некој медиумски газда платил персонален и други даноци, или не платил.
На втората трага го упатувам лично премиерот Зоран Заев. Знам, тој не е ни полицаец, ни инспектор на УЈП, ни обвинител, ни судија. Но, тој е лидер на владејачка партија, а газда Коки е човек со кого блискоста и дружењето е голем репутациски ризик. Реков веќе, човекот нема трансакциска сметка (значи, нема пари од легални трансакции, бидејќи не смее да отвори сметка, зашто должи пари), има долгови ваму и таму, има неразјаснети приходи, под сериозни сомневања е дека е класичен рекетар (во посед наводно има и „бомби“), а згора на сѐ, човекот, како што веќе ви раскажував, е една огромна машина за трошење пари. Значи, јадна е таа партија чии врвни личности се дружат со тој човек и работат на некакви заеднички „проекти“.
Е сега, можеби Заев не ми верува дека во неговата партија има ликови како Кики, Фрики, Мики и слични на нив, како и една позната личност од правосудството, кои се исклучително блиски со ботоксираниов. Ако не ми верува, може да провери. Ако му речам, на пример, дека пред некој ден ми се јави една личност од неговата партија во која тој имаше голема доверба, да ме замоли да демантирам дека баш тој е Кики, Заев не мора да ми верува. И не барам да ми верува. Барам да си провери, бидејќи крајно време му е – ако може! – и тој и неговата партија да се отргнат од оваа рекетарска група.
[b]
Ко то тамо пева во „Хеви кафе“?
[/b]

Како да провери? Е па сега, ако баш сака, еве му една проста идеја.
Пред извесно време, газда Коки, во еден наш познат локал, после една свеченост, организирал јака журка. Ама ептен јака журка, која завршила со нешто што јас би го нарекол баханалии. Локалот, за оваа пригода, ќе го крстиме „Хеви кафе“. Со оглед на тежината на гостите и тежината на глупостите што се случиле на оваа журка, мислам дека името совршено одговара.
Значи, да сум јас на местото на Заев, би се распрашал кои негови луѓе од доверба, од партијата, биле на оваа журка и што правеле таму. Мадам Фрики, на пример, толку многу се орасположила, што го лапнала микрофонот и фатила да пее. Госпожата од правосудниот систем, инаку ептен популарна, исто така пеела на микрофонот. Ало, женски, што е ова бре, да не е караоке? Јас така би ги прашал двете, да сум на местото на премиерот и министер за финансии во обид.
На журката имало и многу други, мошне интересни ликови, од нашето политичко, но и од нашето полукриминално милје. Сите заедно на едно место, сите во име на заедничката „кауза“, сите во одбрана на… Во одбрана на што, друже Заев? Која „кауза“? Во одбрана на рекетот што живот значи?
Другарчиња, тој ваш Коки, да ви кажам право, е голем срам за сиот поштен свет во Македонија, ама и срам за сите „поштени“ криминалци во оваа земја. Дури и криминалот и мафијата си имаат правила на игра, некоја своја етика, ако така може да се кажe. Овој шапшал не почитува ништо, тој е неконтролирана дијабола, тој на сите, а најмногу на оваа власт, им прави огромна штета. Не ми верувате? Богами, ќе поверувате, зашто моите приказни ќе продолжат, а и без мене некои чуда ќе се случуваат.
Дејствуј, тавариш Заев, дејствуј! Како што гледаш, сѐ повеќе странски дипломати ти кажуваат дека корупцијата е голем проблем на оваа земја, ама не само таа старата, туку и оваа новата корупција. Не „мрчат“ луѓето за џабе. Дејствуј, ако можеш и дури има време!
 
27-06-2019, 01:02 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,963
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:Branko Geroski
2 hrs · 


САМО БОЈАН ЈОВАНОВСКИ ЗНАЕ ЗОШТО СЕ ПРЕПОЗНАЛ ВО МОИТЕ НАПИСИ

На пат на годишен одмор надвор од Македонија, известен сум дека господинот Бојан Јовановски, кој, ако добро разбрав, се претставил како неформален сопственик на 1ТВ, вечерва изјавил дека тој е личноста за која јас пишувам во моите написи.
Колку што можев да прочитам по пат, во интервјуто на Јовановски со Јадранка Костова, се спомнуваат и други лица и се коментираат односите на сопственикот на 1ТВ со нив. Ако добро сфатив, повод за овој настап на Јовановски е денешиот одговор на премиерот Зоран Заев на пратеничко прашање, во врска со некаков настан во Битола, за кој, според премиерот, се водела истрага (подоцна е прецизирано дека Обвинителството само следело информации).
Во врска со настапот на неформалниот сопственик на 1ТВ, сакам да ја известам јавноста дека во ниту еден од моите написи кои се коментираат, јас не ги спомнувам Бојан Јовановски, 1ТВ, новинарите од оваа телевизија и сите други ликови кои биле спомнати вечерва.
Во секоја од моите приказни за големата рекетарска афера (ако на тие написи мисли Јовановски), нагласувам дека ликовите што ги спомнувам се со измислени имиња и дека секое препознавање е одговорност на оние што себеси се препознаваат или други лица препознаваат во ликовите од моите приказни.
Тоа е легална и легитимна литерарна постапка, а нуждата да се послужам со неа и со езоповски јазик, ја објаснив и во интервју за Гласот на Америка.
Најавувам дека рекетарската сага ќе продолжи со нови епизоди и со истата раскажувачка постапка. На Бојан Јовановски му посакувам 1ТВ да ги преброди проблемите во релацијата со УЈП, а тој лично што поскоро да дојде во посед на трансакциска сметка, за да може, ако посака, да го легализира својот сопственички статус. На новинарите од овој медиум им посакувам успешна работа.
29-06-2019, 12:42 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,963
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:Јовановски: Јас сум Коки за кој пишува Героски, но приказните се измислени!


[Image: boki-13-696x387.png]



28/06/2019
Бојан Јовановски, во вечерашното интервју на 1ТВ, истакна дека тој е Коки, за кој изминатиот период пишува новинарот Бранко Героски, но истакна дека приказните се измислени.

„До мене е допрено се. Јас сум човек кој е прилично информиран. Героски е читан новинар кој со години е почитувано перо кај нас и за истиот можам да кажам дека бил гостин во оваа телевизија. Да му олеснам него и на јавноста јас сум тој за кој пишува Героски и за кој се изречени лаги и сериозни обвинувања. Јас и сега нема да реагирам. Героски е новинар, тој има задача да пишува. Јас сум свесен дека Македонија е општество кое живее за афери, крв и месо. Ние не бараме правда, туку крв.  Кој и да ги измислува приказните гарантирам дека ќе завршат неславно. Прилично сум убеден во тоа што зборувам“, рече Јовановски.

ФОКУС
(This post was last modified: 29-06-2019, 01:25 AM by ЈорданПетровски.)
29-06-2019, 01:24 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,963
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Quote:Branko Geroski
4 hrs · 


ВЕЧЕРВА ВО 18.00 НА ПЛУСИНФО - НОВА ПРИКАЗНА ЗА РЕКЕТАРСКАТА БАНДА НА КОКИ И КОМПАНИЈА
Власта ја сече папопната врвца со бандата. Зошто Кики е отфикарен? Каква е улогата на Фрики? Се води ли европска истрага за случајот? Како Коки се обидел да изнуди големи пари од мобилен оператор, но не успеал? Зошто во игра пак е инфлуенсерката Лики? Кому купил Коки половно БМВ за да го фали?
06-07-2019, 01:51 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,963
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

Quote:РЕКЕТАРСКА САГА Коки се обидел да изнуди пари и од мобилен оператор, ама сега на врат има истрага од ЕУ!


Власта почна да се одлепува од оваа опасна рекетарска група, да ја сече папочната врвца со неа. За почеток, настрада Кики, еден од главните „фацилитатори“ на рекетот. Ќе успее ли Фрики навреме да го напушти бродот што тоне? Зошто инфлуенсерката Лики е пак во игра? Бандата е во хаос...

Бранко Героски 06/07/2019
Како што ви ветив, почитувани читатели, еве ново продолжение за подвизите на рекетарската банда на чело со Коки, медиумското могулче и милениче на луѓе од актуелната власт, милениче кое на естаблишментот сепак сѐ повеќе му одмилува, па сведоци сме на засилени обиди на власта да ја раскине врската со ова опасно и ризично типче. Ви се извинувам што паузата која ја најавив, малку ја оддолжив. Но, во меѓувреме имаше развој на ситуацијата со бандата, па редно беше да почекам и да им дадам шанса на некои важни луѓе да преземат некои неопходни чекори.

Пред да ви раскажам што сѐ се случи, уште еднаш сакам да нагласам дека сите ликови во оваа приказна, како и во претходните, се измислени, иако реферираат на вистински ликови и вистински приказни што се случуваат тука покрај нас. За сите препознавања, одговорноста е на тие што себеси се препознаваат, или други препознаваат во овие ликови. И така ќе биде сѐ додека оваа банда не биде предмет на сериозна и напредната истрага, кога ќе можам и јавно да ги соопштам вистинските имиња на актерите. До тогаш, јас раскажувам приказни, а вие, се надевам, ја препознавате нашата тажна реалност, исполнета со висока корупција и бескруполозен рекет.


Во игра и Лики, старата другарка на Коки


Што се случи во меѓувреме?
Реков веќе, власта почна да се одлепува од оваа опасна рекетарска група, да ја сече папочната врвца со неа. За почеток, настрада Кики, еден од главните „фацилитатори“ на рекетот. Ја изгуби позицијата во партијата. Очигледно, некаде во државниот врв е оценето дека работата е отидена предалеку. И дека матната сите може да ги однесе…
Така, на пример, оној проект за изградба на објекти од областа на социјалните грижи во општините, тој лажен проект за собирање на кајмакот од општинските каси, освен во општината на онаа храбра градоначалничка за која пишував (која ги отфикарила рекетарите и ги испратила да си ја пробаат среќата во Струмица), бил „продаван“ и во неколку други општини во земјата. Сѐ уште се испитува дали некаде градоначалниците подлегнале, или на блискоста со Коки и групата, или на притисокот од овие луѓе, кои се повикувале директно на премиерот Зоран Заев и така го брукале човекот.
Интересно е дека во овој проект, како своевиден декор – не како рекетар, туку како некаква гаранција за успехот – повторно е активирана една стара соработничка на Коки од неговите измамнички потфати, една инфлуенсерка која во оваа прилика ќе ја наречеме Лики. Патем речено, уште се раскажува една стара измама, кога Коки и Лики успеваат да „обработат“ една овдешна локална газдарица и да ѝ лапнат неверојатни 300.000 евра. Сфаќајќи го ризикот во зделката, Коки се извлекува да не потпише договор и ја наведува Лики да го стави својот ценет потпис – работата завршува така што сопственичката успева на наивната Лики да ѝ ја блокира трансакциската сметка.
И ете, Лики пак е во игра, како ништо да не научила од сопствената грешка…


Коки и Фрики главни во потфатите


Но, појавата на Лики во приказниве, сепак, е од второстепено значење. Се покажа дека дури и Кики, иако јак штик во владејачката партија, бил есапен за „потрошна роба“. Главниот и најопасен соработник на Кики изгледа сепак е Фрики, уште еден член на естаблишментот. Фрики има и лична, но и формална блискост со „империјата“ на могулчето Коки.
Уште се памети како токму Фрики е таа која при поделбата на парите за кампањата за референдумот за промена на името, жестоко инсистира медиумот на нејзиниот компањон Коки да добие најголем дел од колачот. Во значајна мера тие притисоци ќе вродат со плод, касата на медиумот ќе се поднаполни, но референдумот, како што е познато, нема да успее. Народните пари за џабе се фрлени, во медиум со мало влијание на пазарот. И за тоа еден ден некој треба да одговара.
Има сомневање дека Фрики била партнерка на Коки и при еден негов неуспешен обид да изнуди голема сума пари (за 1 милион евра станува збор, велат некои) од еден наш мобилен оператор. Оваа компанија веќе се рекламирала во медиумот на Кокичето наше, но за релативно пристојна, да не речам скромна сума. Како што е и ред, во овие тешки времиња. Но, царот на рекетот не бил задоволен и се обидел да го убеди директорот на компанијата да влезе во неговиот медиум со големи пари. Во таа операција на убедување наводно учествувала и Фрики.
Дека Фрики, покрај Коки, можеби е клучен актер во потфатите, зборува и фактот дека и таа е предмет на една истрага што пред три недели е започната во ЕУ, а покрај Коки, веќе споменуваниот владин советник Баки, една соработничка на Коки и веќе жртвуваниот Кики, под лупа е и Фрики. Ако сум добро информиран, за оваа истрага е запозната и Антикорупциската комисија, или барем некои луѓе од оваа комисија. Некои велат дека поради ова Фрики веќе се подготвува да го напушти бродот што тоне, дури има време, ако воопшто има…
Да биде незгодата по бандата на Коки поголема, пред некој ден во Скопје долетал еден европски експерт за медиуми, истиот кој учествувал во пишувањето на европските извештаи за Македонија во делот за медиумите, во 2015 и во 2017 година. Се верува дека неговата посета е во рамките на спомнатата истрага, бидејќи освен за општата состојба со медиумите во земјава, човекот најмногу се интересирал токму за медиумот на Коки и за скандалите за кои пишувам јас. Луѓе што имале прилика со него да разговараат тет-а-тет ми велат дека човекот е длабоко навлезен во проблематиката, дека практично знаел за сѐ што се случува. И се разбира, информиран е и за улогата на Фрики во потфатите.


Коки го оставаат сам – само Клики остана да го брани!


Што прави Кокичето наше во меѓувреме?
Освен што и натаму рекетира и троши пари, како мал куриозитет, еве, да спомнам дека пред извесно време Коки се подвргнал на операција на намалување на желудникот, за да ја намали телесната тежина. Честитам! Па сега од сите неелегантно пополнети во својата околина, тој барал да го сторат истото. А кој не сакал, не смее да ждере по коктели и да се дебели. Човекот си има стил и си се негува, бре. Па шта кошта нека кошта…
Туку ајде, можеби тоа е само легенда. Ама, чиста реалност е дека Коки е во паника и се обидува да почне некаков контранапад, што никако не му успева. А не му успева затоа што има измамничко минато и затоа што сѐ повеќе луѓе му откажуваат соработка, свесни за ризикот во кој ги фрла овој човек, чие целосно деловно работење е надвор од легалните финансиски текови. Неговите новинарски ведети се одјавија до септември и заминаа по одмори (да си ги трошат „тешко“ заработените пари), а оние луѓе што останаа во медиумот преку летово сѐ погласно го оговараат газдата и страхуваат дека царството на рекетот ќе се распадне некаде наесен.
Во одбрана на Коки засега верно останува само еден друг познат матен лик, кој има сопствен парамедиум и кој е познат по лудориите поради кои често е нарекуван клинички случај. Затоа ќе му го дадеме името Клики. Коки на Клики му дава нешто пари, со цел овој мутавиов да го брани и да нѐ напаѓа мене и сите други за кои им се сонило дека „стојат“ зад приказниве мои. Е сега, проблемот со Клики е што типчето е една класична будалетинка, која не може да издржи да не се пофали со заработените пари и брзо да ги потроши. Па така, последно што слушам е дека тој со парите од Кокичето наше си купил половен БМВ и сега на цел глас се фали дека му е подарок од шефот на рекетарската банда.
Оф мори мајко… Ама, така е тоа со нашиве нови рекетари – иако дрско бараат огромни суми и при тоа се повикуваат директно на државниот врв, тие сепак се само обични, паланечки измамници. Немаат ни мафијашка „етика“, а ни стил. Како што еднаш веќе напишав, тие се срам не само за сиот поштен свет, туку и за сите „поштени“ криминалци во Македонија.
Арно ама, не е моја работа да правам психолошки потрети на малоумници. Тоа е губење време. Мое е да раскажувам. Ако настаните не наложат поинакво темпо, најавувам малку подолга пауза на рекетарскава сага (до почетокот на август), а потоа се враќаме назад во светот на високата корупција и рекетот. Ако, пак, се наложи потреба за брза реакција, тука сум, спремен и орен за борба. Зашто, борбата со ова зло мора да продолжи. А се надевам дека во меѓувреме и власта малку ќе се истакне во битките. За нејзино добро.
06-07-2019, 09:45 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,963
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Quote:Уапсен Боки 13


[Image: screen-shot-2019-01-24-at-10.59.22-am-22...k=o1VIeNNd]
15.07.2019
Полицијата попладнево го уапси Бојан Јовановски, познат како Боки 13. Неофицијално, како што дознава А1он, апсењето е по барање на обвинителеството за организиран криминал.
Се уште не е јасна причината поради која е издадена наредбата за спроведување на Бојан Јовановски пред судија од претходна постапка. Во последно време имаше шпекулации дека се прибираат огромни суми пари со рекет и уценување, но сето тоа беше демантирано од страна на Боки 13.
Јовановски се претставува како газда на 1ТВ, иако официјално како сопственик на телевизијата фигурира неговиот татко.
15-07-2019, 04:38 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,963
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

Quote:Русковска бара од Кривичниот суд да изрече мерка притвор за Боки 13 и Зоки Кичеец

15.07.2019
Шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска, бара од Кривичниот суд да изрече мерка притвор за Бојан Јовановски познат како Боки 13 и Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец. Таа вели дека доставиле детално образложен предлог за определување на притворот.
Двајцата се осомничени за кривично дела „Примање награда за протизаконито влијание“, а Јовановски се сомничи и за перење пари.


Quote:Уапсените Боки 13 и Кичеец зеле 1,5 милиони евра рекет, а барале 8 милиони евра!

15.07.2019
Уапсените Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец се осомничени дека зеле 1,5 милиони евра за преку јавен обвинител врз кој имале влијание да ја олеснат положбата на лице кое е под истрага. Двајцата се осомничени за кривичното дело Примање награда за противзаконито влијание, а Боки 13 е осомничен и за кривичното дело Перење пари.

Како што кажа обвинителката за организиран криминал Вилма Рускоска, првоосомничениот го искористил своето влијание кај јавен обвинител и зел 1,5 милиони евра од лице под истрага за да му ја олесни положбата. Второосомничениот овозможувал средби со лицето под истрага, кое во оваа истрага е сведок. При овие средби, кажа Рускоска, биле побарани 8 милиони евра од сведокот за да се запре кривичната постапка против него, но откако добиле 1,5 милиони евра, тие се посомневале во доверливоста на сведокот и престанале со средбите.
15-07-2019, 04:43 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,963
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

(15-07-2019, 04:43 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Уапсените Боки 13 и Кичеец зеле 1,5 милиони евра рекет, а барале 8 милиони евра!

15.07.2019
Уапсените Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец се осомничени дека зеле 1,5 милиони евра за преку јавен обвинител врз кој имале влијание да ја олеснат положбата на лице кое е под истрага. Двајцата се осомничени за кривичното дело Примање награда за противзаконито влијание, а Боки 13 е осомничен и за кривичното дело Перење пари.

Како што кажа обвинителката за организиран криминал Вилма Рускоска, првоосомничениот го искористил своето влијание кај јавен обвинител и зел 1,5 милиони евра од лице под истрага за да му ја олесни положбата. Второосомничениот овозможувал средби со лицето под истрага, кое во оваа истрага е сведок. При овие средби, кажа Рускоска, биле побарани 8 милиони евра од сведокот за да се запре кривичната постапка против него, но откако добиле 1,5 милиони евра, тие се посомневале во доверливоста на сведокот и престанале со средбите.


Дали Катица Јанева е обинителот кој бил под влијание на Боки 13 е Карица Јанева?


Quote:Ivor Mickovski
9 mins ·

Ако ботоксираниот работел со обвинител, а денес и некој обвинител си поднесе оставка, тој рекетирал во период од месец ноември 2018-та, до април 2019-та, според ОЈО.
Тоа што е интересно е дека во периодот пред тоа, интензивно се дружи со Катица, веќе има обиди за рекет на Азманов кој откри дека синот на Катица работи кај Боки 13, и види чудо некаде во септември си става слика со Обвинителката каде најавува дека нешто „големо и интересно се подготвува“.
И види пак ново чудо, почнуваат да се апсат луѓе набрзо после тоа. Што мене ми кажува, ботоксираниот и обвинителот не учествувале само во споделување информации или бомби, туку во фабрикување случаи, па рекет, па прекин на истражните дејствија.
15-07-2019, 04:50 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,963
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

Quote:ВО ЖИВО: Прес конференција на ЈОРМ за Боки 13

Плусинфо  15/07/2019










Во Јавното обвинителство во тек е прес конференција за приведувањето на Бојан Јовановски, познат во јавноста како Боки 13.
Тој како што претходно објави Плусинфо денеска е уапсен на граничен премин.
Во истиот случај, но во Скопје, уапсен е и Зоран Милески познат како Зоки Кичеец.
Приведувањето, според нашите информации, е поради сомнежи за рекет и изнуда.
За овој случај официјално се очекува да се обрати и шефицата на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.
15-07-2019, 05:06 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,963
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16

Quote:Героски: Прв одлучен и жесток удар против „бомбашкиот рекет”

Плусинфо 15/07/2019

[Image: Branko-Geroski-696x478.jpg]

Ова е прв одлучен и жесток упдар против „бомбашкиот рекер“, вели новинарот и уредник Бранко Героски откако излезе информацијата за приведувањето на Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Зоки Кичеец.
Како што веќе објавивме, според информации од истрагата, приведувањето е за случај за рекет.
– Акцијата на органите на прогонот е прв одлучен и жесток удар против „бомбашкиот рекет” во Македонија. Иако се уште ги очекивам детаљите од истрагата, се сомневам дека тоа е причината и за оставката на специјалната обвинителка Катица Јанева. Како што е познато, јас веќе со недели водам своевидна медиумска војна со ова зло, поради што бев изложен на многубројни навреди и атаци. Сето тоа ќе се заборави. Сега ги повикувам жртвите на случаите на рекет и изнуда храбро да сведочат и да му помогнат на Обвинителството да го документира случајот. Доста молчевте, господо бизнисмени, додека безобѕирно ве толчеа. Со или без путер на главите, време е да пеоговорите. Апелирам и моите колеги новинари да го прекинат заветот на молчење. Отворете уста, колеги, време е. Ајде нека дојде сега до израз вистинското истражувачко нивинарство. Првиот што ќе се охрабри јас лично ќе го предложам за европската награда за истражувачко новинарство – вели Героски.
Тој на Плусинфо објави низа колумни во кои пишуваше за случаи на рекетарство од лица од медиумскиот бизнис и политичари од владејачките структури, по што Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција отвори истрага по допрен глас. Героски во неговите колумни пишувше за „Коки“ и „Кики“, измислени имиња за вистински ликови кои вршат рекет и уцени.
15-07-2019, 05:09 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,963
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17

Quote:Катица Јанева е обвинителот за кого рекет собирале Боки 13 и Зоки Кичеец!


15.07.2019
Две вести ја разбрануваа јавноста во Македонија денеска – првата е оставката на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, а втората е апсењето на Бојан Јовановски (Боки 13) и Зоран Милевски – Кичеец за медиумски рекет на бизнисмен кој изнесувал 1.5 милиони евра.
Економски Лидер од извори во истрагата дознава дека оставката на Јанева е поврзана токму со апсењето на Јовановски и Милевски, затоа што, двајцата изнудувале пари од познат бизнисмен за да стопираат истражна постапка на Специјалното Јавно Обвинителство. Неофицијално, од непотврдени извори дознаваме дека се работи за случајот Империја.
Имено, како што дознаваме, контроверзниот Боки 13 изнудувал пари благодарение на неговата бизнис поврзаност со Катица Јанева,чиј син, Лазар Јанев, е вработен во раководните структури на 1 ТВ како директор на маркетинг.
Оваа поврзаност на Боки 13 со Катица Јанева е основата на рекетот, а како што дознава Лидер од извори во истрагата, Јанева исто така била вмешана во рекетот и се истражува текот на парите за да се види дали и во нејзиното семејство завршиле дел од изнудените пари. Во наредните денови се очекува таа да биде повикана на распит.
Освен тоа што нејзиниот син е вработен во телевизијата на Јовановски, Јанева со сега приведениот е во блиски пријателски односи веќе неколку години.
Како што дознаваме, токму затоа, денеска Јанева си поднесе оставка, со образложение дека тоа го прави за политичките партии да немаат проблем во преговорите за продолжување на мандатот на СЈО.
Инаку, за да му завршат работа на бизнисменот кој важи за еден од најбогатите во Македонија, Јовановски и Милевски му барале 8 милиони евра за ослободителна пресуда или 5 милиони евра за намалување на казната. Договориле парите да ги добиваат на рати, а тие пред да бидат уапсени успеале да наплатат 1.5 милиони евра.
Обвинителката за организиран криминал Вилма Рускоска, соопшти првоосомничениот го искористил своето влијание кај јавен обвинител и зел 1,5 милиони евра од лице под истрага за да му ја олесни положбата. Второосомничениот овозможувал средби со лицето под истрага, кое во оваа истрага е сведок. При овие средби, кажа Рускоска, биле побарани 8 милиони евра од сведокот за да се запре кривичната постапка против него, но откако добиле 1,5 милиони евра, тие се посомневале во доверливоста на сведокот и престанале со средбите.
Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднела оставка токму поради ова што е дел од случајот и знаела што ќе се случува и дека можно и нејзино приведување. Во нејзината официјална оставка, таа објави дека нејзината оставка ќе стане активна тогаш кога политичките партии ќе се усогласат за новото законско решение и ќе го изберат нејзиниот наследник.


Quote:Во моментот кога со консензус на сите политички партии бев избрана за специјален јавен обвинител, себеси и на граѓаните на Република Северна Македонија ветив дека функцијата Специјален јавен обвинител ќе ја извршувам во интерес на владеењето на правото и борбата против криминалот и коруцпијата во Република Северна Македонија. Се нафатив на функцијата во исклучително тешки околности и целосно свесна за задачата која ми е дадена. Чест ми беше да и служам на државата и да бидам на чело на исклучително професионален обвинителски тим, истражителски тим и тим на вработени кои безрезревно и посветено ги извршуваат своите работни задачи, вели Јанева.


Додава дека со месеци ги следи медиумските прилози за преговорите меѓу работните групи на политичките партиите за иднината на Специјалното јавно обвинителство и дека нема да дозволи да биде искористена за нечие алиби.


Quote:Еве, денес ја користам приликата да ја информирам јавноста дека јас нема да дозволам моето име да биде искористено за нечие алиби со кое во заложништво ќе се држат судбината на Специјалното јавно обвинителство и Европските интеграции на мојата земја, вели Јанева.
15-07-2019, 05:35 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,963
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#18

Quote:Боки 13 го користел СЈО за рекет од 8 милиони евра


15.07.2019
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори истражна постапка и бара притвор за Бојан Јовановски, познат како Боки 13 и за Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец. Јовановски се сомничи за кривичните дела примање награда за противзаконито влијание и за перење пари , додека Милевски само за противзаконито влијание. Двајцата осомничени тргувале со влијание, убедувајќи луѓе кои се дел од истражна постапка дека се моќни кај јавен обвинител.

[Image: 20190715_163832-1024x576.jpg]
изјави обвинителката Вилма Русковска. Wrote:„Истражната постапка се води затоа што во периодот од месец ноември 2018-та, до април 2019-та,  првоосомничениот искористувајќи го своето влијание врз јавен обвинител влијаел да се изврши дејствие со кое во истражна постапка ќе се олесни положбата на едно осомничено лице во таа постапка, а второосомничениот битно придонел со тоа што континуирано договарал средби и воспоставување меѓусебен контакт со првоосомничениот со сопругата на осомничениот во таа постапка и лично со осомничениот. На средбите, тие ги увериле сведоците дека првоосомничениот има влијание врз обвинителот и за посредувањето примиле вкупно 1.500.000 евра. Средбите се одржувале на повеќе места, во домот на сведоците и на првоосомничениот. Биле побарани вкупно 8.000.000 евра за да се запре истражната постапка, а доколку таа не биде запрена, тогаш во насока на изнаоѓање на олеснителни околности, сведокот требал да им исплати 5.000.000 евра, со тоа што веќе дадените 1.000.000 во вториот наврат влегувале во тој износ. Останатите 4.000.000 евра било договорено да се исплаќаат суксесивно на четири месечни рати“,

На првиот осомничен му се става на товар и делото перење на пари, затоа што претходно примените парични средства ги пуштил во оптек како легални стекнати пари и со нив плаќал одмор и купувал гардероба иако сето тоа ги надминува неговите приходи.
Во моментов се преземаат повеќе дејствија за обезбедување докази. Јавното обвинителство охрабрува и други лица кои биле подложни на вакви дејствија да пријават во Обвинителството. Обвинителството до судијата на претходна постапка доставило и  детално образложен предлог за обезбедување мерка притвор за двајцата осомничени.


[Image: 20190715_163854-1024x576.jpg]


Иако медиумите инсистираа, ниту обвинителката Рускоска ниту републичкиот јавен обвинител не сакаа да кажат за кој обвинител станува збор. Не објаснија ниту дали трговијата со влијание, благодарејќи на моќта на обвинителот се остварила. Обвинителството е на став дека засега немаат докази за незаконско постапување на јавен обвинител, но и дека обвинителот за кој станува збор не бил повикан да даде исказ.

рече републичкиот Јавен обвинител Љубомир Јовески. Wrote:„Предмет на кривичното дело е самото тргување со влијанието. Други се прашањата дали дошло до остварување на тоа влијание или не дошло до тоа влијание. Сите тие прашања во текот на истрагата ќе бидат истражени и испитани“,


Јавниот обвинител на РСМ беше прашан и дали денешната оставка на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е поврзана со истражната постапка. Тој, одговори дека оставката е нејзин личен чин кој тие нема да го коментираат.
Според неофицијални, но добро упатени извори, „360 Степени“ дознава дека се тргувало со влијание за случајот „Империја“ на СЈО. Тоа е предметот во кој Орце Камчев, Сашо Мијалков, Цветан Панделески и 10 други лица се сомничат за повеќе кривични дела, меѓу кои измама и перење пари. Петмина осомничени, меѓу кои Камчев и Мијалков, завршија во притвор за овој случај во првата половина на ноември 2018 година, за само месец и половина подоцна, на крајот на декември, СЈО да се премисли и наместо дотогашниот затворски да побара куќен притвор за осомничените во овој предмет. Образложението беше дека успешно се прибрани сите докази и потребни сведочења
15-07-2019, 06:14 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,963
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#19



15-07-2019, 08:24 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,963
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#20

Quote:ЕКСКЛУЗИВНО Сведокот две години бескрупулозно рекетиран, но храбро одлучил рекетарите да ги „врзе“ во крпче!


Жртвата на милионскиот рекет и на монтировките на обвинителот ментор на двајцата рекетари, решава да стави крај на агонијата. Со посредство на една пријателска земја, за извршениот рекет се обезбедени многу цврсти, практично несоборливи докази. Нема веќе бегање! „Ова нема врска со владата, ова е работа на поединци“, категорично вели жртвата. Но, дали станува збор само за еден или за двајца обвинители? Кој е мозокот на операцијата? Дали има само рекет и иануда, или и злосторничко здружување?

Бранко Героски 15/07/2019 20:00


[Image: Branko-Geroski-696x478.jpg]

Без намера да ѝ наштетам на истрагата што денеска ја објавија обвинителите Љубомир Јовески и Вилма Русковска, по апсењето на две лица што ја возбуди јавноста, преземајќи обврска да ја испочитувам презумпцијата на невиноста на осомничените, но и со јасна намера да не го соопштам идентитетот на сведокот-жртва, ќе ви раскажам детаљи за милионскиот рекет за кој денеска стана збор. Тие информации ми се познати веќе извесно време, но се воздржував јавно да ги соопштам, токму со цел да не ѝ наштетам на истрагата.
Жал ми е што пак ќе раскажувам без конкретни имиња – овој пат и без псевдоними – но мислам дека читателите лесно ќе разберат за кого станува збор. За идентитетот на двете приведени лица веќе јавно се говори. Можеби и официјално ќе биде потврден уште вечерва. Сведокот е македонски бизнисмен, кој во случајот е жртва на нивните рекетарски притисоци. Според обвинителката Русковска, тој на рекетарите веќе им исплатил околу 1,5 милиони евра. Рекетарите се пријатели со еден познат, популарен и јавно воспеван јавен обвинител, од кого се очекуваше да ја донесе правдата во Македонија. Моите информации се дека тој, всушност, е мозокот на операцијата, но тоа допрва треба да се докаже.
Имам и други информации, за кои истрагата веројатно води есап. Освен обвинителот, за кој по втор пат тврдам дека е мозокот на операцијата, во случајот е заплеткан уште еден друг обвинител, но од истото обвинителство. На двајцата рекетари им помагаат и видни политички личности (кој ме читал, знае кои се), но и личности од јавниот живот. Некои со знаење што всушност се случува, некои можеби наивно. Да не ги заборавиме и нив. Моите информации се дека обвинителката Русковска лесно, по дифилот всушност, ќе докаже дека во случајов освен рекет и изнуда, имаме и злосторничко здружување. Едно многу опасно злосторничко здружение е тоа, почитувани читатели, против кое борбата мора да продолжи со засилено темпо.

Кога ќесето мора да се одврзе…

Во што се состоела играта? Двајцава рекетари (засега само двајца), повикувајќи се на своето пријателство со обвинителот (засега само еден), на сведокот-жртва му се закануваат дека за него имаат компромитирачки материјали и дека тие можат кај обвинителот да му обезбедат некаква „милост“. Безмалку цели две години трае тој рекетарски притисок врз жртвата. Патем речено, сведокот-жртва е само еден од неколкуте познати и видни македонски бизнисмени, кои се рекетирани на истиот начин – од нив се барани огромни суми пари, преку учество во разноразни „проекти’ и „бизнис-зделки“, а наградата требало да биде тоа што семоќниот обвинител (чиј статус во јавнообвинителскиот систем, патем речено, не е решен) против нив немало да покренува истраги и обвиненија.
Во мојата денешна изјава за некои медиуми, јас апелирав бизнисмените кои биле таргет на рекетарските уцени јавно да сведочат, за да му се стави крај на ова зло. Во спротивно, еве јавно ветувам дека лично ќе ги опишам во моите „фиктивни приказни“, па целата јавност нека знае кои се. На ова зло, едноставно, мора да му се стави крајот – подобро е жртвите да станат сведоци во постапката против двете осомничени лица (и не само против нив, има и други по кои се трага), одошто самите да бидат осомничени за давање поткуп. Нека си размислат добро…
Да се вратам на случајот што сега го расплеткува обвинителката Русковска. Да повтотам, според неа, жртвата-сведок на рекетарската двојка ѝ дала неверојатни 1,5 милиони евра (според мои информации, повеќе), за да не биде подложен на местенките, конструкциите и филмчињата со кои популарниот и моќен обвинител ги обвинува, а судот како муви ги осудува осомничените во првите кејсови. Рекетарите нема така лесно и веднаш да дојдат до парите од жртвата. Но, гледајќи дека ѓаволот ја однел шегата, човекот сепак ќе го одврзе ќесето. Не претпоставувајќи дека двајцата осомничени, а особено оној во јавноста попознатиот, е бунар без дно, опасен перач и трошач на пари.
Колку и како платил сведокот-жртва, искрено, не сум прашал. Иако разговарав со него. Тоа е работа за истрагата, јас ионака не сакам да гледам во туѓи чекмеџиња. Но, нема дилеми дека плаќал дебело и кога во еден момент одбил да соработува во една „зделка“, сѐ уште не насетил дека нешто многу лошо ќе се случи. А и да насетел – што можело да стори, како да се извлече од таа опасна спирала?

Одмаздата на рекетарите

Овој клучен момент е некаде во септември лани. Тогаш, еден од осомничените, на својот профил на Инстаграм ќе објави слика од својот пријател популарен обвинител и ќе напише: „Се подготвува нешто големо и интересно“. Замислете – нешто големо и интересно…
Кратко време потоа, ќе дознаеме што е одмаздата на рекетарите. Обвинителот дури тогаш отвора „мега-случај“ против сведокот-жртва, при што неколку лица, вклучувајќи ја и жртвата, спектакуларно се уапсени. Злоупотребени се и неколку новинарски пера, за јавноста веднаш да ги осуди осомничените, без судење, пред воопшто да седнат на обвинителна клупа. А предистрагата за целиот случај е циркуз невиден – нема издржани докази за ниту едно извршено кривично дело. Впрочем, како и во речиси сите други случаи на популарниот обвинител, кои сега, откако неговата позиција и политички е проблематизирана, судиите охрабрено ги отфрлаат, еден по еден, поради лошо водени доказни постапки.
Поради недоразбирање околу поставените прашања на прес-конференцијата на Јовески и Русковска, се доби впечаток дека плаќајќи 1,5 милиони евра рекет, жртвата-сведок успеала да ја добие „милоста“ од спомнатиот обвинител. Но, вистината е дека тоа се нема случено! Со никаква „милост“ не возвратил обвинителот, за кого јас по трет пат кажувам дека е мозокот на операцијата. Уапсените во овој случај излегуваат на слобода со одлука на Врховниот суд, а популарниот обвинител, со неговите двајца подопашници – замислете! – продолжуваат да го рекетираат сведокот. Бараат милиони евра…

Како е документиран рекетот

Арно ама, сега охрабрен дека обвинителската монтажа сепак ќе падне и свесен дека позициите на рекетарската група веќе не се толку силни како порано (иако алчноста не им недостасува), жртвата одлучува да излезе од рекетарската спирала. Со посредство на една пријателска земја, за извршениот рекет се обезбедени многу цврсти, практично несоборливи докази. Нема бегање од тие докази! Од таа пријателска земја за сведокот-жртва е испратено и специјално лично обезбедување. За секој случај. И додека македонските органи на прогонот се соочуваат со доказниот материјал за скандалот, за милионскиот рекет, сведокот-жртва полека но сигурно почнува да се враќа во нормалниот социјален живот.
На мое инсистирање да ми каже кој, според него, стои зад овој случај на милионски рекет, човекот ме убедуваше дека тука нема политичка заднина или режија од сегашната влада, туку во целост станува збор за игра на поединци, рекетари, обвинители и судии.
– Мојата единствена намера е да ја санирам штетата што ми беше нанесена со монтираниот случај и негативните последици врз мојата лична репутација и врз бизнисот. Бев спремен за ова да проговорам и порано, но беше неопходно да се случат две битни работи: рекетарските притиспоци да се документираат со непобитни докази, што е сторено, а јавноста самата да се увери во вистинскиот неморал на овие рекетари и на нивниот ментор обвинител – ми рече жртвата.
Да ѝ се верува или не?
Просудете сами… Но, смелоста, одлучноста и жестината со кои органите на прогонот ја поведоа акцијата за расветлување на овој случај, како и повикот на обвинителката Русковска и другите жртви да проговорат и да сведочат за мега-рекетот, веројатно е сигнал за тоа дека сведокот-жртва можеби е во право и дека кај власта сѐ уште постои цврста волја да се отстрани „дивото месо“ на корупцијата, која, ете, почнала да царува и таму каде што најмалку смее да се појави.
Да видиме дали е тоа така. На потег е правдата.
15-07-2019, 08:33 PM
Reply