Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПРОПОРЦИОНАЛЕН ИЛИ МНОЗИНСКИ ИЗБОРЕН СИСТЕМ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,414
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ ПОДДРЖА ИЗБОРЕН МОДЕЛ СО ОТВОРЕНИ ЛИСТИ И ПОМАЛКУ ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ

[Image: pendarovski-vo-vila-vodno-po-inauguracijata.jpg]
08.06.2019
Претседателот Пендаровски ги повикува политичките партии, и од власта и од опозицијата, да ја разгледаат можноста за реформа на изборниот модел преку измена на Изборниот законик и со политички консензус да се постигне договор за пропорционален изборен модел со отворени листи, каде граѓаните ќе имаат можност да избираат не само политички партии, туку и поединечни кандидати.

Претседателот Стево Пендаровски ја поддржа иницијативaтa на неколку политички партии за реформа на изборниот модел преку измена на Изборниот законик, а за создавање пропорционален изборен модел со отворени листи и намалување на бројот на изборни единици, соопшти неговиот Кабинет.

„Претседателот Пендаровски ги повикува политичките партии, и од власта и од опозицијата, да ја разгледаат можноста за реформа на изборниот модел преку измена на Изборниот законик и со политички консензус да се постигне договор за пропорционален изборен модел со отворени листи, каде граѓаните ќе имаат можност да избираат не само политички партии, туку и поединечни кандидати. Поаѓајќи од неговите заложби во изборната програма, претседателот Пендаровски смета дека во Република Северна Македонија треба да има помал број на изборни единици, без праг или со минимален праг на потребни гласови, а во функција на проширување на политичкото претставување во Собранието на Република Северна Македонија“, соопшти Кабинетот.



Бандата Курто и Мурто сака да го задржи пропорционалниот модел за избор на пратеници и така само да направи шминка дека ете променет е изборниот модел!
08-06-2019, 09:09 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,414
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Власта сака да воведува изборен модел со една изборна единица и отворени листи

08.06.2019
Генералниот секретар на СДСМ, Љупче Николовски кажа дека неговата партија се залага за промена на изборниот модел.
Министерот за земјоделство во заминување, Николоски, на новинарско прашање одговори дека постулат на нивната изборна програма е идејата за пропрционален изборен модел со отворени листи, но потенцира дека за промена на изборниот модел е потребен консензус од сите политички партии.

Quote:– Подготвени сме за повторно отворање на ова прашање и за дискусија. Принципот на една изборна единица ќе значи уште поголема демократија. -изјави Николовски.

Тој додаде дека нивна желба е и граѓаните да бидат вклучени во носењето на одлуките.
Претходно денеска поддршка на иницијативaтa за реформа на изборниот модел стигна и од претседателот, Стево Пендаровски. Иницијатори за измени во изборниот модел се помалите политички партии.

Quote:– Поаѓајќи од неговите заложби во изборната програма, претседателот Пендаровски смета дека во Република Северна Македонија треба да има помал број на изборни единици, без праг или со минимален праг на потребни гласови, а во функција на проширување на политичкото претставување во Собранието на Република Северна Македонија. – соопштуваат од Кабинетот на Пендаровски.
09-06-2019, 09:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,414
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Пропорциноалниот модел е проблем . Не е проблем 1, 3 или 6 изборни единици!! УДБа ке почне да паѓа само кога ке се воведе повторно МНОЗИНСКИ изборен систем само со еден круг на избори, кога ке се збрани ПОСТИЗБОРНО коалицирање и кога влада ке формира победникот на изборите без оглед дали има 61 пратеник- формирање на малцинска влада!!

Ова сум го напишал одамана :



[Image: image.png]
09-06-2019, 10:44 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,414
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Мицкоски: Мој личен став е дека 120 изборни едници е интересен модел


10/06/2019
[Image: mickoski-1-696x398.png]

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на телевизија Телма откри дека неговата партија се уште нема конечен став за изборниот модел, но посочи дека тој има фаворит за изборен модел.
-Постојат поеќе опции: можно е да имаме една изборна едница, можно е да имаме три, можно е да имаме шест. Ќе го анализираме сетоа ова и ќе ја запознаеме јавноста, но секако тоа што ќе го понудиме ќе биде во интерес на јавноста. Ова значи дека можеме да дискутираме и за отворени листи, да има изборен праг. Има повеќе модели за кои можеме да размислиме, мој личен став е дека 120 изборни едници е интересен модел, рече Мицкоски.
12-06-2019, 12:13 AM
Reply