Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПРОПОРЦИОНАЛЕН ИЛИ МНОЗИНСКИ ИЗБОРЕН СИСТЕМ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,059
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ ПОДДРЖА ИЗБОРЕН МОДЕЛ СО ОТВОРЕНИ ЛИСТИ И ПОМАЛКУ ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ

[Image: pendarovski-vo-vila-vodno-po-inauguracijata.jpg]
08.06.2019
Претседателот Пендаровски ги повикува политичките партии, и од власта и од опозицијата, да ја разгледаат можноста за реформа на изборниот модел преку измена на Изборниот законик и со политички консензус да се постигне договор за пропорционален изборен модел со отворени листи, каде граѓаните ќе имаат можност да избираат не само политички партии, туку и поединечни кандидати.

Претседателот Стево Пендаровски ја поддржа иницијативaтa на неколку политички партии за реформа на изборниот модел преку измена на Изборниот законик, а за создавање пропорционален изборен модел со отворени листи и намалување на бројот на изборни единици, соопшти неговиот Кабинет.

„Претседателот Пендаровски ги повикува политичките партии, и од власта и од опозицијата, да ја разгледаат можноста за реформа на изборниот модел преку измена на Изборниот законик и со политички консензус да се постигне договор за пропорционален изборен модел со отворени листи, каде граѓаните ќе имаат можност да избираат не само политички партии, туку и поединечни кандидати. Поаѓајќи од неговите заложби во изборната програма, претседателот Пендаровски смета дека во Република Северна Македонија треба да има помал број на изборни единици, без праг или со минимален праг на потребни гласови, а во функција на проширување на политичкото претставување во Собранието на Република Северна Македонија“, соопшти Кабинетот.



Бандата Курто и Мурто сака да го задржи пропорционалниот модел за избор на пратеници и така само да направи шминка дека ете променет е изборниот модел!
08-06-2019, 09:09 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,059
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Власта сака да воведува изборен модел со една изборна единица и отворени листи

08.06.2019
Генералниот секретар на СДСМ, Љупче Николовски кажа дека неговата партија се залага за промена на изборниот модел.
Министерот за земјоделство во заминување, Николоски, на новинарско прашање одговори дека постулат на нивната изборна програма е идејата за пропрционален изборен модел со отворени листи, но потенцира дека за промена на изборниот модел е потребен консензус од сите политички партии.

Quote:– Подготвени сме за повторно отворање на ова прашање и за дискусија. Принципот на една изборна единица ќе значи уште поголема демократија. -изјави Николовски.

Тој додаде дека нивна желба е и граѓаните да бидат вклучени во носењето на одлуките.
Претходно денеска поддршка на иницијативaтa за реформа на изборниот модел стигна и од претседателот, Стево Пендаровски. Иницијатори за измени во изборниот модел се помалите политички партии.

Quote:– Поаѓајќи од неговите заложби во изборната програма, претседателот Пендаровски смета дека во Република Северна Македонија треба да има помал број на изборни единици, без праг или со минимален праг на потребни гласови, а во функција на проширување на политичкото претставување во Собранието на Република Северна Македонија. – соопштуваат од Кабинетот на Пендаровски.
09-06-2019, 09:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,059
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Пропорциноалниот модел е проблем . Не е проблем 1, 3 или 6 изборни единици!! УДБа ке почне да паѓа само кога ке се воведе повторно МНОЗИНСКИ изборен систем само со еден круг на избори, кога ке се збрани ПОСТИЗБОРНО коалицирање и кога влада ке формира победникот на изборите без оглед дали има 61 пратеник- формирање на малцинска влада!!

Ова сум го напишал одамана :



[Image: image.png]
09-06-2019, 10:44 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,059
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Мицкоски: Мој личен став е дека 120 изборни едници е интересен модел


10/06/2019
[Image: mickoski-1-696x398.png]

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на телевизија Телма откри дека неговата партија се уште нема конечен став за изборниот модел, но посочи дека тој има фаворит за изборен модел.
-Постојат поеќе опции: можно е да имаме една изборна едница, можно е да имаме три, можно е да имаме шест. Ќе го анализираме сетоа ова и ќе ја запознаеме јавноста, но секако тоа што ќе го понудиме ќе биде во интерес на јавноста. Ова значи дека можеме да дискутираме и за отворени листи, да има изборен праг. Има повеќе модели за кои можеме да размислиме, мој личен став е дека 120 изборни едници е интересен модел, рече Мицкоски.
12-06-2019, 12:13 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,059
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:I. ИЗБОРНИТЕ МОДЕЛИ И МАКЕДОНСКИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ – КАКО НАТАМУ


Jul 19, 2019
Македонија веројатно е земја рекордер во промената на изборните правила
Пишува: Зоран Иванов
Има повеќе дефиниции за тоа што е изборен модел, конкретно за избори за состав на парламентот. И сите главно, со мали варијации но без суштински разлики во толкувањата се сведуваат на тоа дека изборен модел е збир на правила кои ги дефинираат процедурите, начините и постапките за одредување на пратеничките мандати преку бројот на гласовите, односно преку тајно изразената волја на граѓаните на непосредни избори.
Без никакви претензии за некаква едукација или за некаква посебна анализа, туку само како преставување, а на барање на уредништвото на „Инбокс 7“ во пресрет на најновите партиски иницијативи за отворање на прашањето за редефинирање на постојниот изборен модел, во три последователни елаборации тема ќе бидат некои елементарни теориски аспекти на познатите и во демократскиот свет најприменливи демократски изборни системи со акцент на моделите за избор на пратеници. Конкретно за нас како прилог спрема дилемите за тоа каков изборен модел ѝ треба на земјава, а кој на најадекватен и на најреален начин би ја одразил волјата на македонските гласачи –  мнозински, пропорционален или некој хибриден.
Македонија веројатно е земја рекордер во промените на изборните правила. Речиси нема изборен циклус особено за парламентарните избори а да не се проблематизира актуелниот модел и да не се отвораат стручни размисли и политички дебати на тема изборен модел. Ова прашање и сега пак станува актуелно. За владејачката СДСМ дури  беше пропагирано и во последното предизборие со ветување дека ќе покрене иницијатива за промена на моделот во насока на една изборна единица и на отворени листи. Но, сега главно молчи а за ова не се изјаснува ниту соперничката ВМРО-ДПМНЕ. Докажано и на двете не им конвинира да отстапуваат простор за помалите партиски субјекти. И на двете големи политички партии впрочем им одговара сегашниов изборен модел или варијации на истата основа, но притисокот на политичката и на стручната јавност за демократизирање на македонското општество и преку промена на изборните правила кои и на помалите политички  субјекти ќе им овозможат повеќе шанси за учество и вонпарламентарната практика па и во извршната власт, стануваат сè погласни.
Особено за ова се залагаат бројните мали политички партии чии гласови на изборите со сегашниот модел на затворени кандидатски листи и шест изборни единици практично не им дава никакви изборни шанси, а гласовите за нив стануваат не ефективни.
Актуелниот Изборен законик во Република Северна Македонија, инаку, при изборот на претседател на државата и на градоначалници го предвидува мнозински изборен, а при избор на пратеници во собранието на и на советници во општините, застапен е пропорционалниот изборен модел. Поконкретно, според мнозинскиот  изборен модел мандатот го добива кандидатот што ќе освои најмногу гласови. Гласачот го дава својот глас за еден од утврдените кандидати што се наоѓаат на гласачкото ливче. Доколку во првиот изборен круг ниеден од кандидатите не го добие потребното мнозинство гласови, односно педесет проценти плус еден од запишаните гласачи, се одржува втор изборен круг. На него учествуваат само двајца кандидати кои во првиот изборен круг освоиле најмногу гласови и гласачкото ливче ги содржи само нивните имиња.
Овој модел на кој постојано му забележуваат помалите партиски субјекти, кај нас е силно подржуван од големите партии. Ова од причина што овој модел обезбедува можност за силна партиска логистика на теренот која бара финансиски ресурси, а партиите на власт, како прикриена предизборна привилегија, имаат можност и за ставање во функција на дел од државните ресурси во своја корист. Една од позитивните страни на мнозинскиот модел е што им дава можност и на независните кандидати да влезат во изборна битка со претставниците на побогатите и помоќни политички партии, односно со нивните кандидати. Исто така, овој модел овозможува понепосреден контакт на кандидатите со гласачите на теренот како за време на кампањите во предизборието така и по изборите со избраните претставници по изборните единици. Значи, освен партиската припадност кај овој модел до израз доаѓа и личноста на кандидатот и неговиот авторитет.
Мнозинскиот модел за избор на пратеници во македонското собрание се применуваше во првите два изборни циклуси во изборите во 1990-та и во 1994-та година. Се покажа и ефикасен, но и скап. Особено поради фактот што главно се одвива во два изборни круга со можни дополнителни прегласувања поради констатирани нерегуларности и поништувања на изборите во одредени избирачки места.
Нашата, а и меѓународната изборна практика упатуваат на фактот дека и покрај навидум форсирањето на личностите кандидатите, поради интензивните и скапи кампањи што при секои избори ги форсираат големите и богати партии, малите политички субјекти и особено независните кандидати имаат многу мали шанси со своите ставови да допрат до гласачите. При тоа, ако се има предвид дека анкетното  испитување на јавното мислење покажува дека пред секои избори најголем е процентот на гласачите кои се изјаснуваат дека не знаат за кого ќе гласаат, упатува на тоа дека силните партиски кампањи во значителен процент сепак ги насочуваат гласачите спрема своите партиски па независните кандидати кај нив остануваат на маргините на избирачкото внимание.
Во распределбата на мандатите учествуваат кандидатите или политичките партии кои добиле најмногу гласови. При овој модел граѓанинот се изјаснува за листа кандидати од политичка партија, партиски коалиции или пак за листи на независни кандидати. Субјектите од гласачките ливчиња добиваат онолку број на мандати колку што гласови освоила нивната предложена листа. Во случај, за време на траење на мандатот, некое пратеничко место од било кои причини да се да се испразни, тоа се пополнува со наредниот кандидат кој имал добиено гласови веднаш зад претходниот без оглед на која листа бил кандидиран.
Но по правило кај нас како ништо да не може да биде потрајно така и изборните правила па во изборната 1998 година, секако на иницијатива на големите политички партии, се направија измени во изборниот законик и се воведе некој хибрид на мнозинско-пропорционална варијанта. Тогаш таа дефинираше 85 изборни единици за избор на 85 пратеници во Собранието на Република Македонија. Останатите 35 до 120 пратеници беа избрани од пропорционална листа.
 
Но веќе во 2002-ра година новите парламентарни беа пречекани со пропорционален изборен систем со затворени листи. Овој модел досега издржа пет изборни циклуси за состав на Собранието. Македонија е поделена на шест изборни единици за избор на по 20 пратеници во секоја од нив. Распределбата на мандатите е според Донтовата формула. На гласачкото ливче се наоѓаат само политичките субјекти и носителите на листите, па на граѓаните им останува да гласаат само за политичкиот субјект без можност да влијаат во креирањето на кандидатската листа.
Дополнително во 2011-та е востановено гласање во странство при што во три изборни единици се избираше по еден пратеник според принципот на мнозинскиот изборен модел. Со тоа бројот на пратеници се зголеми на 123, а во меѓувреме, за последните парламентарни гласањето во странство е сведено на една изборна единица за тројца пратеници. Но поради многу ниската излезеност и незаинтересираност на нашите во странство не беше избран ниту еден па парламентот сега функционира со 120 пратеници.

 

Се обидов да полемизирам со господинот Ивановски но тој несакаше да „губи време“ со мене!


[Image: image.jpg]
27-07-2019, 07:11 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,059
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:II. ИЗБОРНИТЕ МОДЕЛИ И МАКЕДОНСКИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ – КАКО НАТАМУ


На наредните парламентарни со мнозински, со пропорционален или со нешто комбинирано?


Quote:Овој пат, токму под притисок и на демократската јавност, се бара модел со отворени листи.
 
Пишува: Зоран Иванов
 
Во ова второ од трите продолженија на серијалот за изборниете модели за македонските парламентарни избори, како што е најавено во претходниот текст, еве уште по нешто. Овде поконкретно за потребата од демократизација на изборниот процес со можност за поизвесни изборни шанси за помалите политички партии како претпоставка за натамошна демократизација на македонското општетство и како можност за заживување и на нови политички идеи.
Како што беше елаборирано во претходното пртодолжение, и овде констаираме дека и со актуелните изборно моделски комбинации со шест изборни единици и со затворени листи на доминантниот пропорционален изборен модел, помалите партии не можат да ги остварат своите амбиции и самостојно да бидат застапени во парламентот па и во власта. Вака поставениот изборен модел и досега привилегирано и монополистички го користеа големите партии и при сите изборни циклуси. Во своите коалициски јата тие практично ги прибраа а, со тоа и политички ги неутрализира речиси сите помали  партии задушувајќи ги нивните идеи. Со тоа ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, вклучително и ДУИ, ги згаснатаа амбициите на помалите партии, а со тоа и можностите за нови политички понуди надвор од нивните партиски програмите.
Од тие причини, помалите партии, но и демократската политичка јавност, сега повторно ги покренуваат парашањата за редефинирање на изборните правила. Предлозите пак се движат во насока на пропорционален изборен модел. Но овој пат се бара модел со отворени листи. Партиски или граѓански сеедно, но интенцијата е во парламентот да се најдат што повеќе афирмирани личности докажани во своите области на сметка на партиските послушни бирократи. Тоа секао ќе наиде на отпори токму кај големите султански партии во кои нема внатрешна демократија и каде што отсустува јавна и транспарентна внатрешно партиска конкуренција за избор на кандидати за пратеници.
Но притиснати со се`помалата доверба и со се`понискиот рејтинг, кај и да е, тие ќе бидат принудени на некоја варијанта на модел каде што на нивните изборни листи се`почето ќе се евидентираат и непартиски кандидати. Згора, се понагласени се и барањата на јавноста на изборните листи самите избирачи да имаат можност да до впишуваат кандидат за кои тие би го дале својот глас. Но за оваа можност, која е применлива во повеќе демократски држави, за кај нас сепак сигурно ќе се чека подолго време.
Засега максимумот би бил на самите отворени, практично полуотворени листи, покрај заокружувањето на партиската или на  листата независни кандидати, на гласачите да им се овозможи по свој избор на самото избирачко место да заокружуваат и поединечно кандидати од самите листи за кои генерално како политичка опција се определиле. На тој начин ќе се создаде можност граѓаните најдиректно да влијаат при кадровското рангирање на листите, а со тоа и подиректно врз пратеничкиот составот.
Со една ваква  можност граѓаните гласачи практично  ќе бидат  во можност да го направат рангирањет од понудената листа кандидати од страна на предлагачите и на тој начин многу подиректно да решаваат за тоа кому од предлижените кандидати му  даваат предност да добие мандат за пратеник во парламентот за да ги застапува нивните интереси. Значи, барањата се изборниот модел да се демократизира. Листите да станат подвижни и на избирачите да им се овозможи да интервенираат во нив, покрај гласањето за листите како за партиска изборна програма, директно и  непосредно да се изјаснуваат и за кандидатите во кои посебно вертуваат дека ќе ги реализираат тие програми.
Бидејќи бројот на мандатите што ги освојува политичкиот субјект зависи од бројот на гласовите, партиите ќе добијат и толку мандати. Но при овој модел на отворени листи гласачите се тие кои директно решаваат кој од кандидатите на конкретната листа ќе добие повеќе гласови и поголеми шанси да влезе во парламентот. Значи, редоследот на листите во крајна линија ќе го одредува волјата на граѓаните, а не политичкта партија како досега. Ваквото изборно правило овозможува пратенично место да освојат оние кандидати од листата што директно од избирачите ќе добијат најмногу индивидуални, односно преференцијални гласови. Секако, при ова, изборниот модел треба прецизно  да дефинира колкав процент вакви гласови треба да добие кандидатот од изборната лииста за да го помести своето место нагоре во однос на утврдениот редослед од страна на предлагачот на листата, односно од политичката партија или од независна граѓанска листа .
Накратко, овој модел генерално нуди три, четири предности:
Прво, што граѓаните самите ќе решаваат кој од предложените кандидати ќе биде избран за пратеник, наместо изборот, односно рангирањето на листата да го врши највисокото партиско раководство или самиот партиски лидери.
Второ, моделот директно влијае врз мотивираноста на граѓаните да излезат на избори и на изборниот процес да му дадат позначаен легитимитет.
Трето, партиите ќе бидат мотивирани и за поголема застапеност на листите на кандидати од другите, особено од помалите етнички заедници за да дојдат до гласовите на нивните гласачи.
Четврто, ова изборно правило директно ќе влијае врз внатрешната демократизација на самите политички партии. Тие ќе треба да бидат поодговорни при изборот на кандидатите со кои на изборите ќе се престват пред граѓаните.
Впрочем, успешноста и демократичноста на пропорционалниот модел со отворени листи е масовно применет и во земјите членки на Европската Унија. Од 28 држави во 20 се применува пропорционалниот или комбинираниот изборен модел, а во 17 од нив и со отворени листи.
Но ние не сме Европа па инаетот и стравот од губење политичка доминација на големите партии и натаму ги задушуваат иницијативите за промена на изборниот модел и на целиот изборен систем. Па, поради неможноста да се постигне политичка согласност за една изборна единица без изборен праг, шансата на малите партии, нешто како меѓупериод, евентуално може да се бара и во промената на методот на пресметка на пратеничките места според освоените гласови. При пресметката на изборните резултати да се преферира Сент Лагеовиот систем. Тој, за разлика од сегашниот Донтов метод, ги фаворизира малите партии па и ги мотивира и граѓаните помасовно да учествуваат во изборниот процес.  Но секако, основните забелешкио на сегашната изборна легислатива се во поделбата на Македонија во шест изборни единици па барањата се за една изборна единица без или со многу низок изборен праг. Доколку ова не се случи малите политички играчи и натаму ќе немаат никакви шански за позбначајна политичка доминација. Нивната судбина на приврзоци и натаму останува кај големите, а со тоа ветреат и нивните политички идеи.
27-07-2019, 07:13 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,059
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Petar Kotevski
August 23, 2015
Малку за изборните модели:
Точно е дека пропорционален модел со една изборна единица во цела Македонија (каков што предлага СДСМ) ќе ги зголеми шансите на малите партии да влезат во парламентот. Но самото тоа што некоја партија ќе влезе во парламентот, не кажува ништо за квалитетот на пратеникот (а богами ни партијата). Мислам дека тоа е клучниот момент. Во суштина, овој модел ќе овозможи во парламентот да влезе лидерот на малата партија (кој ќе се истопори на прво место на листата) и така да имаме слободни стрелци кои ќе продаваат дневно политички услуги според насоката на ветерот секој ден. Примери за ова се човек-партии како ДОМ, на Павле Трајанов партијата, не знам - Тодор Петров од оваа страна, можеби и враќање на Љубчо на голема врата, Стојанче Ангелов или некој ептем нафталин како Владимир Голубовски (ВМРО ДП ениуан?)
Мнозинскиот модел, од друга страна, не ја намалува шансата на малите партии да влезат во парламентот - се разбира, доколку тие понудат квалитетен кандидат. Тука квалитетниот кандидат ќе биде пресуден, без разлика на која партија му припаѓа. Мнозинскиот модел отвора можност независни пратеници (луѓе од углед во изборната единица) да имаат шанса да се спротивстават на партиските организации на локално ниво - чисто според силата на нивниот углед. Не се точни „експертските проценки“ дека мнозинскиот модел фаворизира двопартиски систем - нема нешто подалеку од вистината. Мнозинскиот систем промовира грижа за локалните проблеми на секоја поединечна единица, бидејќи легитимитетот кандидатот го добива директно од народот, а не од партискиот врв.
За патката наречена отворени пропорционални листи не сакам ни да зборувам. Тоа е најперфидниот начин да се предложи нешто што реално нема да има никаков ефект. Бидејќи избирачот може да гласа за повеќе кандидати, се осигурува реизбор на партиските врхушки, кои ќе ги инструираат барем сопствените членови да гласаат прво за Грујо или Зајко, па потоа и за некој друг ако сакаат. Значи ако промената што ќе настане по преговорите се сведе на отворени листи - да се плукнам на промената.
А најновиот предлог на Грујо за бонус од 17 пратеници го гледам како продолжување на неговата политика на бркање работа без да се замара со коалицирање. Тоа во суштина е лош став, и генерално не треба да се охрабрува. Политиката е уметноста на компромисот - ако тоа не ти се допаѓа зафати се со спорт. Бокс беше, така ? [Image: 1f642.png?_nc_eui2=AeHTUqWsF8n7Bpsl0yMun...F7KLY8AMLw]
(This post was last modified: 28-07-2019, 02:29 PM by ЈорданПетровски.)
28-07-2019, 02:28 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,059
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:Trajche Petrushev
10 hrs ·

МНОЗИНСКИ ИЗБОРЕН МОДЕЛ Е МАНИПУЛАЦИЈА (ПОСЕБНО ВО МАКЕДОНИЈА)

Дали мнозинскиот систем е манипулација? Да, во секое несовршено општество (како во најголем дел од светот). Примерот на САД е убав и функционира, каде за конгрес, сенат, судии, обвинители и други тела/ претставници се гласа мнозински,бидејќи и самата идеја за креацијата на Америка (на тие повисоките однадвор), се базираше на делото на Френцис Бејкон, Нова Атлантида. Во Бенсалем (значи Америка според книгата) ќе си има научни елити (денес читај банкари, професори) чиј авторитет не е под прашање, а каде населението е хомогено, чесно, просветлено и со висока свест. И каде, според денешни услови, ќе си гласаш мнозински, за Петко или Трајко, т.е. тој кој според гласачот е поквалитетен. Нажалост реалноста, реалполитиката е поинаква, сурова. Што ако имаш одредено малцинство, и според мнозискиот модел, му ветиш одреден бенефит, кандидираш кандидат Стојко, кој е понеквалитетен од Петко или Трајко, и победуваш со гласовите на малцинството (или ај да речиме одредена група, според културните марксисти, жени, црнци, хиспаноси, лгбт). Понатаму продолжувам преку примери:
1. Ако Америка имаше мнозински модел денес ќе ја имавме за претседател Хилари Клинтон. Дури и Новата Атлантида, на Френцис Бејкон, има специфичен систем за избор на претседател преку таканаречен систем на Electoral College, односно одреден број на гласови според сојузни држави вкупно 538, а за избор на претседател се потребни 270. Зошто е тоа така а не чисто мнозински модел?
За да титуларот на нацијата, да ќе се осмелам тоа да го кажам, не биди превеслан од некоја друга групација имплантирана во системот. Во Америка тоа се WASP – овите.
2. Швајцарија е слична шема. Национален референдум се одобрува двостепено. Првен вкупниот број на гласови а потоа и мнозинство од советот на држави (Conseil des États или Сенат) составен од 20 кантони со по 2 гласа и 6 полу-кантони со по 1 глас, вкупно 46.
Ако Швајцарија имаше чист мнозински систем, до сега ќе беше со Евро и во Европска Унија (да е здрав и жив Кристоф Блохер). Значи, најекстремните случаи, Апенцел Инерроден и Ури со по 16.000 и 18.000 население имаат еднаков глас со Цирих со 733.000. Додај дека Ури и Апенцел и сличните како нив се доминантно тврди католици плус земјоделско (убаво) население, и добиваш резултат како што треба.
3. Франција има мнозински систем. Еве го фелерот на тој систем. Франција има исто така дводомен систем сенатот кој ги претставува департманите (територијата) со 348 места додуша избрани на недирекни избори, и Националниот Парламент со 577 места избрани на дирекни избори, мнозински систем. Дали знаете во 577 парламент колку места има НАЈГОЛЕМАТА ФРАНЦУСКА ПАРТИЈА Rassemblement national на Марин Ле Пен? Погодивте! Ниту едно место! Оти секогаш се прават комбинаторики против Ле Пен, која е претставник на обичниот, трудољубив и работлив Французин. Обратно, на Евроизборите, кои се чист мнозински ситем Ле Пен победи со 22 пратеници, а следен беше Макрон со 21. Сјајна победа на обичниот Французин.
4. Велика Британија, има исто мнозински систем 650 пратеници. Значи како и во Франција, со здружување на разни групации, или помодерно – со инжинеринг, можно е да не биде избран најсилниот/ најдобриот кандидат. Отворен е патот на непринципиелни коалиции пар екселанс. Да ги споредиме двата најтазе случаи во Британија на предвремени избори во две единици (конституенции)
Предвремените избори во Брекон и Редноршајер (кликни на линк)
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=225075451787888&set=pb.100028563038129.-2207520000.1565526677.&type=3&theater
Во овај случај победува кандидатот на ЛибДемсите со 13.826 гласови кои се ВБ да остани во ЕУ, втор е конзервативецот со 12.401 гласови тре Брекзит со 3.331. Значи здружени Брекзит со Конзервативците имаа сигурна победа.
Предвремените избори во Питерборо – уште поекстремен случај во однос на првиот пример
https://en.wikipedia.org/wiki/2019_Peterborough_by-election
Победува кандидатот на Корбин (лабурист) со 10.484 гласови, второ место е Брекзит со 9.801, а трето место се конзервативците со 7.242. Значи постои канибализација на Брекзит со Конзервативците, тоа се партии со слична програма, а на крај џандар збира им прави лабурист.
Да резимирам. Во оваа констелација на општествени односи, единствен начин за изразување на изборната волја на МНОЗИНСКИОТ, ТИТУЛАРЕН МАКЕДОНСКИ НАРОД Е Македонија да биде една единица со пропорционален модел. Тоа ќе биде превенција од чумата курто-мурто, а и од добра можност да се види реалната присутност на терен на одредени малцинства.
12-08-2019, 12:42 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,059
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:Petar Kotevski
[url=https://www.facebook.com/#][/url] · 


ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА Е МАНИПУЛАЦИЈА

Деновиве актуелни се срамежливите повици од новофузираниот „Трет Глас“ на Палчо и Солза за реформирање на изборниот модел во пропорционален со една изборна единица, па реков да напишам до два збора зошто тоа е тешка манипулација со желбата за правда на Македонците.
Прво - како би работел тој изборен модел?
Просто, наместо 6 изборни единици, во кои секоја партија предлага по 20 кандидати на изборна листа, би се поставила САМО една листа од 120 кандидати за цела Македонија, по партија. Партиите и понатаму во штабовите ќе си избираат кој да биде на таа листа, и секојдневното лакташење помеѓу штапските стаорци ќе продолжи.
Второ - како би изгледало изборното ливче?
Ако листите не се отворени, тогаш изборното ливче ќе ги листа само имињата на партиите и нивните симболи, и ќе се гласа со заокружување партија, а не личност. Тоа сите го сакаме после Крсто Мукоски и Бети Национале, така?
А што ако се листите ОТВОРЕНИ?
Тогаш ливчето ќе биде или мала тетратка, или ќе биде долго едно два-три метри. Зошто? Затоа што за секоја опција треба да бидат напишани СИТЕ 120 кандидати - замислете да се 10 опции, ќе треба 1200 имиња да бидат напишани, доволно големи за да може секој да ги прочита и да го заокружи оној што сака.
Како ќе го најдам јас тој едниот за кој што сакам да гласам? 
Се што имам да ви кажам - полека и внимателно. Во граѓанство каде се проблематизираше Рада Шеќерова версус Радмила Шеќеринска - сега 200-те илјади пензионери (кои се најредовни гласачи) супер ќе си поминат за да го најдат тој едниот за кој сакаат да гласаат. Не, нема шанси тоа да генерира забуна.
Е добро, барем ќе можам да гласам за кого сакам!
И да и не - никоја партија ниту движење не споменува отворени листи СО ЕДЕН избор. Тоа значи дека ако листите се отворени, ќе може да заокружиш колку сакаш кандидати од една листа. Се разбира дека на сите штапски стаорци ќе им биде кажано - прво заокружи го лидерот, а после кој сакаш друг. Тоа значи дека пак ќе имаме ВЕЧНИ ЦЕНТРАЛНИ ОДБОРИ на партиите.
А што ако се направи да може САМО еден од листата да се заокружи? Повели предложи им го ова на кој било од пробисветите што се занимаваат со политика во Северџанистан и види што ќе ти биде одговорено. Насекако ќе имаш избор само од партиски лакташи, пошто партијата мора да ОДЛУЧИ да ги стави на листата.
Тоа значи дека како и да вртиш и да сучиш, една изборна единица (со отворени или затворени листи) е тешка глупост од избори на кои ќе треба да се бориш со фермани и да имаме многу повеќе неважечки ливчиња - а истовремено да се направи АПСОЛУТНО НИШТО за да се реши пирамидалната шема на вечити централни одбори по партиите.
За споредба, во мнозински изборен модел имаш по ЕДЕН КАНДИДАТ од секоја партија, напишан со име и презиме на гласачкото ливче. Знаеш за кого гласаш, и ако ТИ не го ставиш во парламент, НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА ГО СТАВИ.
Мнозински или ништо.
12-08-2019, 01:16 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,059
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Quote:КОЈ И ЗОШТО СЕ ПЛАШИ ОД ВОВЕДУВАЊЕТО НА МНОЗИНСКИОТ ИЗБОРЕН МОДЕЛ

Јордан Петровски 12.08.2019
Проблемите со функционирањето, поточно нефунционирањето, на парламентот во исполнување на својата уставна улога - почитување на изборните резултати и обврска на партиите на исполнување на предизборните ветувања кои со сета жестина избија на виделина после изборите 2016 година, почнувајки од опструкциите на работата на парламентот од ВМРО ДПМНЕ на кои ВМРО ДПМНЕ имаше деловничко и демократско право па преку неделовничкиот избор на Таљат за председател на парламентот, избор кој единствено може да се карактеризира како државен удар, па потоа преку злоупотребите на ЕВРОПСКОТО знаменце за носење закони кои немаа ама баш никаква врска со ЕУ интеграциите па се до последната епизода од безаконието, купувањето и уценувањето на пратеници за да се изгласаат уставните измени врзани за промената на името кое ниту една партија не го имаше како понуда на гласачите во предизборната кампања - од чуварите на тоталитарниот комунистички ситем-Дип стејтот се врзуваат исклучиво за изборниот модел.
Оваа вешто смислена замка која ветува „решение“ на проблемот, всушност само ке ја продолжи или уште повеке усложни состојбата, односно парализата на фунционирање на сите институции, преку предложениот пропорционален модел со отворени листи и Македонија како една изборна единица се големи!  
На оваа убаво спакувана лага на Дип стејтот, покрај платените пропагатори за жал се налепија и многу чесни луѓе кои заборавија дека голем дел од новоформираните партии ке биде само алатка за раситнување на гласачкото тело а со тоа скоро никој, односно само партиите кои се контролирани од Дип стејтот ке обезбедат цензус за влез во Парламентот со освоено едно или две места! 
Значи пак ке имаме пазарење, поточно купување на пратеници, за формирање на парламентарно мнозинство и пак ке имаме неисполнување на предизборните ветувања од партиите. 
Ке се сетите на „Не коалицираме со терористи!! Не колаицираме со криминалците од ДУИ!!“, итн.
Од ова што го напишав досега веке станува јасно дека ГЛАВНИОТ проблем не е изборниот модел туку формирањето-изборот на владата!!
За да се реши овој проблем треба да се промени моделот за формирање на влада. Имено да се прифати модел кој се користи во држави со демократско искуство а тоа е следново:

-Влада формира ПОБЕДНИКОТ на изборите, т.е. партијата или групата граѓани која освоила најголем број на мандати. Значи нема дилеми кој го добива мандатот, нема гласање на доверба на владата од пратениците, бидејки граѓаните тоа го сториле на денот на изборите!! 
-Забрана за постизборни коалиции!

Со ова се спречува пазарењето и уценувањето од помалите партии! Се спречува непочитувањето на предизборните ветувања. Ке го нема онаа, „ама моравме да одстапиме од некои наши ветувања за да формираме влада!“

Зошто не е прифатлив во моментот било каков пропорционален изборен модел и зошто во сум за Мнозински изборен модел со ЕДЕН круг на гласање ке се обидам да дадам прецизен одговор во следниве неколку реченици!!
Главниот проблем кај пропорционалниот модел е што изборните листи ги прават партиите, а во Македонија сите партии се под контрола на Дип стејтот.
Затоа и Дип Стејтот , чуварите на едноумниот тоталитарен сисртем се против мнозинскиот изборен модел. Најдобра потврда дека сум во право дојде денеска и од Стево Пендаровски на прес конференцијата која ја одржа. Тој објасни дека предноста на Пропорционалниот модел со една изборна единица овозможува влез на повеке мали партии, значи овозможува простор за пазарења, купувања на пратеници колку сакаш ако не се промени законот за формирање-избор на влада а тоа никој од постоечката политичка гарнитура несака да го помисли а не да го спомене! 
Затоа решението лежи во мнозинскиот изборен модел кој овозможува кандидирање на независни кандидати. Кандидирање на луѓе од самите изборни единици, луѓе кои граѓаните одлично ги познаваат. 
Во моментов на Македонија и треба власт и влада за НАЦИОНАЛЕН СПАС, значи избор на луѓе не врзани по идеологија: левичари, десничари, центристи, туку избор на луѓе кои од Македонија ке направат држава во која ке функционираат институциите. После тоа, значи после две, три години ке треба да се распишат избори и враќање на натпреварот помеѓу партиите преку понуда на свои идеолошки програми!!
Се додека партиите на власт не ги направат овие промени, односно ги преточат во законски решенија изборите МОРА да бидат БОЈКОТИРАНИ!!

Ке пренесам фејсбук статус на Petar Kotevski во кој најдобро се објаснети техничките проблеми на Пропорционалниот модел на избори со отворени листи:


Quote:ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА Е МАНИПУЛАЦИЈА

Деновиве актуелни се срамежливите повици од новофузираниот „Трет Глас“ на Палчо и Солза за реформирање на изборниот модел во пропорционален со една изборна единица, па реков да напишам до два збора зошто тоа е тешка манипулација со желбата за правда на Македонците.
Прво - како би работел тој изборен модел?
Просто, наместо 6 изборни единици, во кои секоја партија предлага по 20 кандидати на изборна листа, би се поставила САМО една листа од 120 кандидати за цела Македонија, по партија. Партиите и понатаму во штабовите ќе си избираат кој да биде на таа листа, и секојдневното лакташење помеѓу штапските стаорци ќе продолжи.
Второ - како би изгледало изборното ливче?
Ако листите не се отворени, тогаш изборното ливче ќе ги листа само имињата на партиите и нивните симболи, и ќе се гласа со заокружување партија, а не личност. Тоа сите го сакаме после Крсто Мукоски и Бети Национале, така?
А што ако се листите ОТВОРЕНИ?
Тогаш ливчето ќе биде или мала тетратка, или ќе биде долго едно два-три метри. Зошто? Затоа што за секоја опција треба да бидат напишани СИТЕ 120 кандидати - замислете да се 10 опции, ќе треба 1200 имиња да бидат напишани, доволно големи за да може секој да ги прочита и да го заокружи оној што сака.
Како ќе го најдам јас тој едниот за кој што сакам да гласам? 
Се што имам да ви кажам - полека и внимателно. Во граѓанство каде се проблематизираше Рада Шеќерова версус Радмила Шеќеринска - сега 200-те илјади пензионери (кои се најредовни гласачи) супер ќе си поминат за да го најдат тој едниот за кој сакаат да гласаат. Не, нема шанси тоа да генерира забуна.
Е добро, барем ќе можам да гласам за кого сакам!
И да и не - никоја партија ниту движење не споменува отворени листи СО ЕДЕН избор. Тоа значи дека ако листите се отворени, ќе може да заокружиш колку сакаш кандидати од една листа. Се разбира дека на сите штапски стаорци ќе им биде кажано - прво заокружи го лидерот, а после кој сакаш друг. Тоа значи дека пак ќе имаме ВЕЧНИ ЦЕНТРАЛНИ ОДБОРИ на партиите.
А што ако се направи да може САМО еден од листата да се заокружи? Повели предложи им го ова на кој било од пробисветите што се занимаваат со политика во Северџанистан и види што ќе ти биде одговорено. Насекако ќе имаш избор само од партиски лакташи, пошто партијата мора да ОДЛУЧИ да ги стави на листата.
Тоа значи дека како и да вртиш и да сучиш, една изборна единица (со отворени или затворени листи) е тешка глупост од избори на кои ќе треба да се бориш со фермани и да имаме многу повеќе неважечки ливчиња - а истовремено да се направи АПСОЛУТНО НИШТО за да се реши пирамидалната шема на вечити централни одбори по партиите.
За споредба, во мнозински изборен модел имаш по ЕДЕН КАНДИДАТ од секоја партија, напишан со име и презиме на гласачкото ливче. Знаеш за кого гласаш, и ако ТИ не го ставиш во парламент, НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА ГО СТАВИ.
Мнозински или ништо.
19-08-2019, 12:43 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,059
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

Quote:Пратеници од повеќе партии бараат изборен модел со една изборна единица


Дванаесет пратеници од 10 партии и еден независен пратеник се потписници на иницијативата за дефинирање на пропорционален изборен модел со една изборна единица, а не шест како што е сега.

[Image: mkd-435893.jpg?itok=xBWpWeNB]

17 Септември 2019
Потписници на иницијативата се: Лилјана Поповска, Маја Морачанин, Рубин Земон, Ферид Мухиќ, Мирослав Јовановиќ, Панчо Минов, Самка Ибраимоски, Јулиана Николова, Јусуф Хасани, Реџеп Мемеди, Алија Камбероски и Амди Бајрам.
„Како пратеници од иницијативата бараме да бидеме вклучени во процесот на измена на Изборниот законик, на кој сме обврзани како држава по забелешките на ОБСЕ/ОДИХИР од последните парламентарни избори. За таа цел, побаравме и состанок со претседателот на Собранието, Талат Џафери и со претседателите на трите партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, кои го водат овој процес“, пишува во иницијативата.
Потписниците сметаат дека на ваков начин ќе се обезбеди поголема транспарентност и инклузивност на целиот процес, како и почитување на волјата на оние граѓани кои очекуваат демократизација на земјата преку измени во изборниот модел.
21-09-2019, 01:26 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,059
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Quote:Трајанов поднесе предлог закон за една изборна единица: Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ ќе не врати во времето на калашникови

19/09/2019
Претседателот на Демократскиот Сојуз, Павле Трајанов, денеска во Собранието поднесе Предлог закон за измена на Изборниот законик, со кој се предвидува промена на изборниот модел во една изборна единица. Како што рече Трајанов, со оваа измена ќе се „демонтира еднопартискиот систем“ и ќе се стопира праксата лидерот на партијата која победува на изборите да одлучува за се во државата.
-Со измените парламентот ќе биде реален одраз на волјата на граѓаните и ќе има повеќе партии во парламентот.  Одлуките до сега ги носеше еден човек во централите на партиите, постојниот модел создава авторитарно владеење, знаеме како се владеше за време на претходната власт, а истиот карактер на владеење е присутен и сега – рече Трајанов.
Ако се промени изборниот модел и ако се отворат пратеничките листа, додаде тој, ќе се зголеми и одговорноста на извршната власт.
-Сега имаме силна партизација на сите институции, имаме контрола над извршната власт, судската и законодавната. Кај нас не владеат законите и првото туку партиите кои се на власт. Со овие промени тоа е крупен исчекор кон создавање еднакви шанси за сите политички партии –посочи тој.
Како што рече Трајанов, СДСМ пред да дојде на власт ветила дека прва точка што ќе ја предложи во парламентот ќе биде промена на изборниот модел и една изборна единица. Тие декларативно се залагаат за тоа, додека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ води кон назадување, смета Трајанов.
-ВМРО-ДПМНЕ се залага за мнозински систем, доколку се прифати тој модел ќе се врати насилството и калашниковите на улиците. Сведоци сме дека порано имавме крв по улиците, тој модел ќе не врати назад – рече Трајанов.
Пред неколку дена група од 12 пратеници поднесоа иницијатива до Собранието за промена на изборниот модел.




Da_ne_si_lud Da_ne_si_lud Da_ne_si_lud Da_ne_si_lud
21-09-2019, 01:31 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,059
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

Quote:Изборен модел


[Image: -богојески-3-2-696x479-1-150x150.jpg]Од Петар Богојески  17/09/2019

Политичките партии се, нормално, најзасегнати од прашањето кој изборен модел е применлив за следните парламентарни избори. Калкулации без број. И тоа е во ред. Нормално е да биде така. Само сите кои калкулираат, забораваат една суштина, а тоа е дека на крајот, пак народот одлучува. Повторно граѓаните ќе го кажат својот збор. Без разлика на изборен модел, одлуката е на граѓаните. Советот од моја страна е, наместо да калкулирате со модели, потрчајте да ја добиете граѓанската доверба. На тој начин, сите модели ќе одговараат.
Во конкретниов случај имаме предлог за пропорционален изборен модел со една изборна единица, дополнет со идеја за отворени листи. Секое „прваче“ во политичките науки, знае дека мнозинските модели им одговараат на поголемите политички партии. Но во нашиов случај ние и онака имаме пропорционален модел. Тогаш каде е проблемот? Веројатно во предлогот наместо шест, да имаме една изборна единица. Супер! Полесно за секоја партија. Наместо еден куп носители, распределени штабови, дупли трошоци, изгубени гласови по реони, сè ќе биде на едно место. Сите гласови на едно купче. И за граѓаните полесно, но и за партиите. Полесна организација на самите избори и за државата.
Се слушаат гласини, СДСМ е за, но ДУИ биле против. И обратно, за ДУИ не е проблем, но СДСМ се против. Па заедно викаат, ние сме за, но ВМРО ДПМНЕ е против, со што не е предметна таа расправа. Има премолчано правило, изборниот модел да се донесе со консензус помеѓу „најголемите“. Сето ова не „држи вода“. Ова не е аргумент за или против. Ова се обични калкулации. Во суштина, секоја политичка партија, врз база на изборни резултати од претходни години, пресметува што добива, а што губи доколку се воспостави решение за една изборна единица.
Мое мислење е дека во случај на една изборна единица, најмногу добиваат големите партии. Зошто? Во случај како до сега, ВМРО ДПМНЕ и СДСМ „фрлаат во отпад“ десетици илјади гласови, кои се „неупотребливи“ при распределба на мандати од една или друга изборна единица. ДУИ со шест изборни единици губи најмногу. На пример, во третата изборна единица тие „фрлаат“ повеќе од седум илјади гласови. Просто се неупотребливи. Со ова сакам да кажам дека е мит нивното мислење дека нешто губат. Напротив, „големите“ добиваат.
Има нешто што се нарекува „правичен пропорционален модел“ во случај кога постојат повеќе изборни единици. Тоа функционира на начин кога „неупотребените гласови“ од една изборна единица се пренесуваат во калкулациите во друга единица. И така во одлука на секоја партија за „своите“ гласови, до нивно максимално „искористување“ во сите изборни единици. На тој начин, голем дел од „неупотребливите гласови“ се употребуваат. Граѓаните добиваат факторизација. Но зошто сето тоа, зошто тие комплицирани и проблематични процедури, кога може се да се реши во еден здив. Сè се решава со една изборна единица. Така нема потреба партиите да се грижат дека ќе изгубат гласови.
Ако веќе констатираме дека со пропорционален модел во една изборна единица, никој не губи, туку сите добиваме, што е следен проблем? Веројатно најголем проблем се отворените листи. На тој начин, лидерите се „засенети“! Хипотетички може да се случи, носител на листата да биде лидерот на партијата, но на отворена листа, на листа на преферирање на кандидатите, граѓаните да му дадат повеќе гласови на друг кандидат. На тој начин, лидерот на партијата буквално не може да продолжи да биде лидер. Штом граѓаните преферираат друго лице, тогаш довербата и кон партијата е благодарение на тој кандидат.
Лидерот останува без работа! Тука е проблемот на пропорционален модел со отворени листи. Политичките лидери своите лични интереси и своите суети ги ставаат пред партиските или државните интереси. Не дозволуваат граѓаните сами да ги изберат своите политички лидери. Немаат храброст да се стават на тест пред народот. Со оглед на фактот што истиот тој народ, упорно трча по тие лидери, веројатно и овој пат повторно ќе победат личните интереси на лидерите и опцијата за отворени листи е најнеизвесна. Истиот тој народ се самоограничува да одлучува за своите лидери, трчајќи по умот на неразбрани лидери. Но што е, тука е!
Следен аргумент кој ги охрабрува „големите“ да одлучат во полза на една изборна единица е можноста во законот да предвидат „изборен праг“. На тој начин, сите мали партии или независни листи кои добиле одредена поддршка од граѓаните, ќе бидат оставени на страна во крајната распределба на мандатите. Аргументот дека ќе добиеме премногу „шаренолик“ парламент, политички нестабилна влада и сл. не поминува во вакви услови.
Изборниот „праг“ може да биде значителен и незначителен, зависи од желбата / калкулацијата на оние кои ќе одлучуваат во овој момент. Веројатно ќе се инсистира на висок изборен „праг“, сè со цел да се спречи факторизација на нови политички субјекти на политичката сцена во земјава. Но, на крајот на краиштата, повторно одлучуваат граѓаните. Ако они посакаат други политички актери, тоа не може да го спречи ниту една интрига на „големите лидери“.
Најзначаен аргумент во корист на предлогот за една изборна единица е изборниот модел на ЕУ. Нели одиме кон ЕУ? Нели ќе се „европеизираме“? Тогаш да започнеме од наједноставното, а тоа е да го преземеме европскиот изборен модел. На тој начин ќе ги подготвиме, навикнеме нашите граѓани на тие правила и ќе бидеме подготвени, еден убав сончев ден да избереме европски пратеници од Македонија.
Ако Европејците констатирале дека е наједноставно и најправедно да се избираат европратеници преку пропорционален модел, каде целата држава е една изборна единица, со отворени листи каде граѓаните ќе одлучат кој ќе биде избран, а не лидерите, тогаш што не спречува и нас истото да го направиме. Повторно лидерите ќе ги состават листите, повторно тие имаат клучен збор, да не се залажуваме, а и нив да не ги загрижуваме. Но сепак, во рамки на тој ограничен избор, граѓаните ќе го имаат последниот збор. Време е да започнеме суштински да се европеизираме, да започнеме од изборниот модел кој во иднина ќе изгради навистина демократско општество.
Останува да го кажам сопственото мислење. Јас сум за пропорционален изборен модел со една изборна единица, со отворени листи и без изборен праг. Зошто? Поради сите досега наведени аргументи, но и поради непотребноста од изборен праг. Тој ќе зависи од граѓаните. Од процентот на излезност и од количникот на последно квалификуваниот пратеник.
Доколку имаме голема излезност, последниот пратеник, без разлика дали ќе биде сто и дваесеттиот или деведесеттиот, ќе биде избран со поголем број гласови, а со тоа и изборниот „праг“ ќе биде повисок. Тогаш големите партии ќе бидат мотивирани да анимираат поголем број гласачи, со што ќе се самоодржува потребата од политички активизам во државата. Малите партии со цел да го надгласаат „последниот пратеник“, ќе бидат мотивирани исто така да анимираат максимален број на граѓани. Значи го имаме решението за проблемот со излезност на избори.
Локализација или регионализација на кандидатите по сила на закон, исто не поддржувам, односно треба истото да се остави на „пазарна регулација“. Ако партиите имаат концентрација на свои гласачи во некој реон од државата, тогаш слободно може сите сто и дваесет кандидати да бидат од тој реон. Колку оставаме слободно граѓаните да одлучуваат, толку подобро и побогато ќе живееме.
24-09-2019, 02:46 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,059
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

Quote:Дескоска: Тешко дека ќе има консензус за промена на избориот модел во државата

25.09.2019
Министерката за правда Рената Дескоска денеска истакна дека не е голем оптимист оти ќе се најде заеднички јазик околу изборниот модел што би бил најсоодветен за Република Македонија, со оглед на широкиот спектрум на различни предлози на политичките партии. А Изборен законик, додаде таа не се менува без консензус.
На политичката сцена има целосно спротивставени мислења за тоа каков треба да биде изборниот модел, истакна Дескоска пред почетокот на завршната конференција на проектот „Правна заштита на избирачките права” во организација на Институтот за правни и политички истражувања.

Quote:– Имаме предлози што се за една изборна единица, имаме предлози што зборуваат за намалување на бројот од шест изборни единици, но да не биде една – значи, три и слично. Веќе слушам во консултациите што ги правиме, одредени експерти предлагаат и осум изборни единици. Но, исто така слушнавме дека има политички партии што бараат мнозински изборен модел. Така што, тоа е еден спектрум на целосно различни ставови и доколку нема консензус нема да има промена на изборниот модел. – рече таа.

Таа нагласи дека имајќи ги предвид различните ставови, не е многу оптимист дека ќе може да се најдеме заеднички јазик.

Quote:– Клучните политички партии се со целосно спротивни ставови за тоа каков изборен модел треба да има. ВМРО-ДПМНЕ досега настапуваше со став дека се за мнозински изборен модел, кај ДУИ не гледам расположение за една изборна единица, така што не мислам дека ќе имаме шанса да направиме промени, бидејќи навистина изборен модел без консензус не би било упатно да се менува во ниту една земја, така што јас тој ризик не би го презела кај нас. – додаде таа.

Министерката напомена дека по добивањето на извештајот на ОБСЕ/ОДИХР за последните претседателски избори на почетокот на октомври ќе се почне со имплементација на препораките. Целта, додаде таа, е целосно усогласување на изборното законодавство со европските стандарди.

Quote:– Јас сум сепак задоволна затоа што извештајот што го добивме е исклучително позитивен и зборува за демократски избори што биле спроведени. – рече Декоска и појасни дека препораките се однесувале на мали измени во Изборниот законик.

Напомена дека покрај имплементацијата на пораките на ОБСЕ ќе се отвори дебата и за други прашања – дали треба да има измени во составот на ДИК, дали треба да има промена на изборниот модел, дали треба да има отворени гласачки листи.

Quote:– Ниту една измена на Изборниот законик не би била соодветна доколку не се направи со консензус, така што нашето инсистирање како Министерство за правда ќе биде да усвоиме измени со консензус на релевантните политички партии, така што за она што ќе има согласност ќе биде пратено во Собранието. – додаде таа.





Имам впечаток дка сите кои се вклучени во дискусиите за изборниот модел работат во корист на штретата врз Македонија, односно работат да не дојде до никакви промени!!
Во Македонија најголем проблем е законот за избор на влада.
Со предлогот пропорционален модел со една изборна и ако цензусот е низок,тој проблем уште повеке ке се усложни ако остане на сила постоечкиот закон за избор на влада.
На Македонија и треба закон со кој победникот на изборите, без оглед дали има или нема 61 пратеник ке формира влада.
Таквиот закон за влада ке донесе гаснење на пајтон партиите, ке го елиминира уценувањето на Албанцитре и партиите кои освоиле 2 или 3 пратеника за да се формира влада.
25-09-2019, 01:10 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,059
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

Quote:Мицкоски: Предлагам изборен модел со 120 изборни единици

[Image: Mickoski-pres-1-696x477.jpg]

03/10/2019
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, предложи денеска изборен модел со 120 изборни единици и со еден изборен круг, така што во парламент би влегол тој што ќе освои најмногу гласови во првиот круг.
Тој рече дека на досегашните средби меѓу политичките партии за Изборниот законик се зборувало единствено за препораките на ОБСЕ и ОДИХР, а никогаш и за промена на изборниот модел.
– Не секогаш кога официјалните лица од СДСМ даваат изјави, ја говорат и вистина. Јас предлагам да прифатиме 120 изборни единици и да одиме на избори. Ако сакаат гласот да биде вреднуван и да имаме демократски избори предлагаме 120 изборни единици, оној кој во прв круг ќе освои најмногу гласови тој да биде претставник на граѓаните во парламентот – рече Мицкоски.
Тој го повика премиерот Зоран Заев на избори во март.
-Би било мудро за Заев да го прифати барањето за предвремени парламентарни избори во март. Сега во октомври ќе се одлучува дали ќе добиеме датум за преговори, или нема да добиеме датум, или ќе добиеме само условно меѓурешение. Ајде потоа да формираме техничка влада и да ги подготвиме институциите. Само така ќе можеме да провериме дали блескаме, или блеска криминалот – рече Мицкоски.
04-10-2019, 09:37 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,059
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16

Quote:Заев: Со една изборна единица гласот на граѓаните ќе стане подоминантен

октомври 3, 2019
 
-“Верувам дека со една изборна единица гласот на граѓаните ќе стане подоминантен. Иако СДСМ како најдобростоечка партија најмногу би изгубила, но добива демократијата. Сепак една изборна единица и отворени листи заедно никаде не се спроведуваат, или тоа или тоа.”
Изјави, Зоран Заев


Заев по обичај лаже!!

Донтовиот метод не произведува апсолутна, односно чиста пропорционалност: во однос на вкупниот број освоени гласови, двете поголеми партии се фаворизирани.
05-10-2019, 01:29 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,059
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17

[Image: image.jpg]


Da_ne_si_lud Da_ne_si_lud Da_ne_si_lud
05-10-2019, 01:32 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,059
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#18

Quote:ИСКЛУЧЕНИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ ПРАТЕНИЦИ СМЕТААТ ДЕКА ОТВОРЕНИТЕ ЛИСТИ СЕ ДОБАР ОСНОВ ЗА ИЗМЕНА НА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК

[Image: mkd-396751.jpg?itok=KtIqHfab]
07.10.2019
Пратениците од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека ќе се залагаат за намалување на бројот на пратеници за застапеност на лицата со посебни потреби на листите, за рамноправна застапеност на мажите и жените и да се изнајде решение со кое ќе се гарантира застапеноста на помалите етнички заедници.
Тие бараат да бидат вклучени во преговорите за најавените промени на Изборниот законик. Исклучените од ВМРО-ДПМНЕ пратеници велат дека ќе бидат конструктивни партнери во преговорите и ќе ја застапуваат заложбата за поголема демократија во начинот на избор на пратеници што ќе допринесе за разноликост, инвентивност и можност за презентација на различни ставови. Според нив отворените листи се добра почетна основа за која треба дополнително да се разговара.
07-10-2019, 11:01 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,059
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#19

Quote:Заев контра Ахмети и Мицкоски: Парламентот ќе покаже дали ќе помине предлогот за една изборна единица

Мариела Трајковска - 07/11/2019 11:48
Премиерот Зоран Заев ќе ја турка измената на изборниот модел, односно Македонија да биде една изборна единица иако вчера владиниот партнер ДУИ и најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ се изјаснија дека се против измени на Изборниот законик пет месеци пред изборите.
– Се надевам дека предлогот за една изборна единица ќе се донесе со консензус. Ние немаме како поинаку, ние ветивме, дадовме збор на граѓаните уште во кампањата во 2016. Ние веруваме во тоа. Веруваме и покрај тоа што знаеме дека големите партии губат, но добива демократијата. Ако дојде до гласање во парламентот јас се надевам дека тоа ќе биде консензуално, но ако не е консензуално СДСМ ќе гласа за измена на изборниот модел. Државната изборна комисија е подготвена, институциите се подготвени. Мислам дека има и Бадентерово мнозинство, не сум сигурен. Има 23 Албанци во парламентот а ДУИ има 10, каде се другите помалкубројни заедници. Ќе видиме на гласањето, се надевам дека ќе успее, а ако не успее ќе направи притисок за следниот пат за исчекор кон нов изборен модел – изјави Заев.

Груби вчера изјави дека политичките партии усогласиле измени на Изборниот законик, во кој не се предвидува промена на изборниот модел.
– Вчерашната средба, беше неформална средба на ентузијасти. Ние остануваме на формалниот состав кој што дискутира промени на изборниот законик и тоа е во рамките на Министерството за правда. Неделава имавме сите средба, и политички партии, невладините организации и меѓународни организации и веќе сме усогласиле текст на предлог-закон кој што во себе ги инкорпорирта сите препораки на ОБСЕ/ОДИХР од последните три изборни циклуси претседателски, локални избори и референдум и во тој предлог не се дискутира околу изборен модел – изјави  Груби.
Според него, апсурдно е да се дискутира за промена на изборен модел на пет месеци пред предвремени избори.

И генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев смета дека не треба да се  пристапи кон менување на изборниот модел на неколку месеци пред закажаните предвремени парламентарни избори. Тој повтори дека ВМРО-ДПМНЕ останува на предлогот за мнозински модел со 120 изборни единици.
– Нашиот став е добро познат и јасен и многу пати кажан во јавноста, прво што треба да се направи е да се усвојат препораките од страна на ОБСЕ/ОДИХР и секако на канцеларијата на Европската Унија, и тука работните групи работат и се веќе во, можам да кажам, една напредна фаза. Очекуваме што е можно побрзо истите да се донесат бидејќи е неопходно, да не го оставаме тоа непосредно во периодот пред распишувањето, односно започнување на изборите – рече Јанушев.
Пратеници од 15 помали партии ја покренаа иницијативата за промена на изборниот модел во една изборна единица и предупредија дека доколку не помине нивниот предлог тие нам да гласаат за измените на Изборниот законик во делот на препораките на ОБСЕ и ОДИХР.
07-11-2019, 02:37 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,059
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#20



07-11-2019, 11:11 PM
Reply