Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
1004 ЛУЃЕ САМО
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,743
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:1004 луѓе само


Posted by Марјан Попески on 28 мај, 2019 
“Постои некоја многу лоша алтернатива, на која не и се дораснати никаква храброст и ниеден карактер: како патник на бродот откривам, дека капетанот и кормиларот прават опасни грешки и дека имам поголемо наутичко знаење од нив. И сега се прашувам; што доколку против нив организирам отпор и наложам да ги затворат? Дали моето знаење не ме обврзува кон тоа? И спротивното; немаат ли право да ме затворат, бидејќи ја поткопувам  послушноста?
Ова е метафора за најпроблематични положби, по кои на крајот сеуште останува прашањето; што во такви случаеви ни гарантира нашето поголемо знаење, нашата самоувереност. Можеби успех? Во спротивност со очекувањето, тука веќе мораме да го преземеме оној потег, кој што ги носи во себе сите опасности, -и не само опасности за нас, туку за целиот брод.”[1]
За да биде оваа метафора на Ниче применлива како општо место (голема премиса) мора да има и мала премиса дека јас имам поголемо знаење од капетанот и кормиларот.
Јас му ја побив пресудата на д-р Груевски доека тој уште славеше. Во 2012 февруари во интервју. И на словенечката наука пресудата не остави впечаток, инаку мојот докторат ќе беше бесмислен после пресудата. Јас го побив авторот на тужбата д-р Дескоски, а тој мене не. Од пресудата прв се откажа д-р Иванов како Претседател на Македонија во ОН на 27.09.2019.година, повикувајќи се на мојот докторат, односно на правото на самоопределување, како норма ius cogens. Откако виде дека е безбедно, тоа го направи и д-р Груевски и од Будимпешта се повика на правото на самоопределување. На тој начин призна дека не знае. Истото го направи и м-р Антонио Милошоски. Најголемиот подржувач на пресудата. Со тоа призна дека нема знаење. Преку д-р Силјаноска, цело ВМРО ДПМНЕ се откажа од пресудата и призна дека јас имам знаење, а ВМРО ДПМНЕ нема знаење.
За да избегнам тафталогија, другите докази за малата премиса ќе ги најдете во колумните: “Одмазда за непочитување на крепост”, “Етос”, “Патос”, “Логос”, “Еристика” и “Д-р Јанев и ја враќа услугата на д-р Силјаноска”.
Јас управувањето на бродот ќе го преземам со ум, а не со насилство.
За тоа ми се потребни само 1004 луѓе со македонска воља.
Да го одбраниме Македонскиот народ.
За тоа се доволни 1004 луѓе со македонска воља, бидејќи знаењето е веќе тука.
Во форма на мојата книга “Решение на проблемот со името во меѓународното право”.
Заедно со мене, четворица веќе имам. Тојца правници и еден информатичар. Потребни се уште 297 правници со македонска волја од 25 до 100 години и уште 700 луѓе со македонска волја од сите останати струки (од основно образование, па до највисокото научно звање).
Потребни се уште 7 правници, кои одлично знаат да пишуваат англиски.
Штом го составам овој тим, почнуваме со пишување на правното средство до Одборот за човекови права на ОН во Женева.
Финансирањето на оваа екипа од 10 правници мислам да го обезбедам со продажба на мојата книга која е темел за подготвување на правното средство против Република Северна Македонија пред Одборот за човекови права на ОН во Женева.
Книгата ќе чини 25,00 евра и со продадени 5.000 примероци, сам ќе ги сносам сите трошоци против Република Северна Македонија. Доколку книгата биде продадена во 10.000 примероци, формираме Партија на Македонскиот народ од првите 1004 што ќе се регистрираат.
Наскоро ќе излезе и мојата книга “Реторика”, која што ќе ги оспособи тие 1004 да ги одбиваат нападите на мојата книга и да ги побиваат еристичките трикови и софистичките ујдурми.
Со поднесување на правното средство до Одборот за човекови права, Македонскиот народ ја оспорил Република Северна Македонија.
Доколку до парламентарните избори Одборот за човекови права одлучи по правното средство во наша корист, на парламентарните избори сигурно победуваме како Партија на Македонскиот народ и од позиција на власт, веднаш го вложуваме правното средство од мојот докторат против Република Грција за ништовност на резолуциите на Советот за безбедност, Времената согласност и Преспанскиот договор.
 
За да ве наговорам на оваа благородна цел, во продолжение, неколку мисли на најголемиот ум.
За боговите, сите си претставуваме дека се најсреќни[2] и блажени. Но, што прават боговите? Какви дејствија им припишуваме? Правичност? Смешно е да си замислиме богови во претприемаштво, богови враќаат пари. Не ги замислуваме ни како храбри заради слава. Дарежливи се? Кого да го даруваат боговите. Самата помисла боговите да носат пари е смешна. Можеме да речеме за некој бог дека е умерен? Таквата пофалба за некој бог би била празна и невкусна, бидејќи тие немаат лоши желби. И доколку продолжиме да набројуваме дејствија што ги фалиме кај луѓето, ќе видиме дека сето тоа е мало и невредно за боговите. А сепак, сите веруваат дека постојат боговите, дека живеат и дејствуваат. И што им останува на боговите да прават, доколку веќе им ги одзедовме сите дејствија што ги фалиме кај луѓето?Секако, се наметнува заклучокот, дека дејствијата на боговите, кои се одликуваат со највисокото блаженство, се состои во размислувањето. Заради тоа, недвосмислено, и меѓу човековите дејанија, најмногу осреќува и човекот го прави блажен, она дејание што му е најблизу на дејанието на бог.[3]
Доказ за претходниот заклучок, дека размислувањето најмногу усреќува и човека го прави блажен, е факот што другите живи суштества не учествуваат во блаженството, бидејќи воопшто го немаат дејствието размислување. Живеењето на боговите е целосно блажено, додека на луѓето, само доколку е слично на дејанијата на боговите. Колку е поголем опсегот на размислувањето, толку е поголемо блаженството и битијата, кои, што-повеќе учествуваат во размислувањето, имаат поголем дел од блаженството. И не случајно, туку токму поради размислувањето. Само размислувањето има вредност само во себе.[4]
После ова, блаженството можеме да го означиме како некакво размислување[5].[6]
Всушност, Македонскиот народ го казнуваат заради незнаењето, би рекол Аристотел.
Притоа, потребна е вина за незнаењето. Тогаш, казната е двојна, како на пијаниците што им се удвојува казната, бидејќи почетокот е во самиот човек: можел да не се опијани и пијанството е причина за незнаењето.[7]
Повикувајќи се на Хезиод, Аристотел вели дека постојат три  вида на луѓе. Најдобар човек е оној што сам знае да просуди. Вреден е и оној кој збор ќе послуша добар. А оној кој не мисли сам ниту во душата прима, друг што зборува, тој е невреден човек.[8]
Како што напишав во колумната “Одмазда за непочитување на крепост”, јас пред десетина години му го испратив на д-р Груевски решението (правото на самоопределување, како норма ius cogens), во форма на магистерска. Човекот ми одговори дека ми се заблагодарува на петицијата. Магистерската ја нарече петиција и си издаде тапија дека е третиот вид на човек.
Сега, истиот тој д-р Груевски, вели дека ќе се борел за Македонија со правото на самоопределување. Без да ме спомне. Тоа што му беше понудено пред десетина години, а неговата душа не го прими, било спас за Македонија.
 
Република Македонија во предметот постигна победа пред Меѓународниот суд на правдата, кој што утврди дека Грција ја прекршила Времената согласност. Пресудата од 05.12.2011.година беше во корист на Македонија  врз основа на општото начело pacta sunt servanda, што значи дека Македонија ја третира Времената согласност како важечка. Македонската победа е малку чудна, бидејќи Грција уште неколку пати ја прекрши Времената согласност, а Македонија не бара присилно извршување, врз основа на член 94 од Повелбата на ООН. Од пресудата изминаа скоро осум години, така да Македонија, благо кажано, очигледно се сомнева во својата победа.
Наше мислење е дека решавање на долгогодишниот спор е тужба до Меѓународниот суд на правдата заради кршење на човековото право на самоопределување. Правото, државата сама да си избере име е дел од правото на самоопределување, кое што е норма ius cogens. Дисертацијата предлага утврдување на ништовност[9] на Времената согласност врз основа на член 53 од Виенската конвенција за договорно право, која за прв пат го воведува поимот ius cogens во меѓународното право.
Доколку Времената согласност е во спротивност со норма ius cogens на меѓународното право, таа е ништовна ab initio и сите држави се должни да ги одстранат евентуалните последици на дејствувањето на таквата спогодба и своите меѓусебни односи да ги усогласат со нормата ius cogens. Така предвидува член 71 од Виенската конвенција за договорно право.[10]
Согласно член 69 од Виенската конвенција за договорно право, секоја држава има право да бара од други држави, доколку тоа е возможно, да воспостават status quo ante.[11]
Цитираната норма воведува actio popularis кога ќе се прекрши ius cogens, што значи дека правото на самоопределување има дејство erga omnes, консеквентно на тоа и пресудата на Меѓународниот суд на правдата, со која се утврдува прекршување на правото на самоопределување, кое што е норма ius cogens.[12]
 
За правилно заклучување, потребно е да се направи разлика помеѓу поимите знаење и паметност. Знаењето е способност за докажување (Аристотел), а поимот доказ е синоним за силогизам.
Д-р Шнајдер (“Логика за правници”) ја дава најубавата метафора за правниот силогизам (доказ), која парафразирано гласи: правниот силогизам е контролна станица, која што вредните мисли ги пропушта, а невредните ги сопира.
 
Во дисертацијата е уништен правниот силогизам на д-р Тони Дескоски, со уништување на големата премиса pacta sunt servanda, на која што тој и дава универзална важност, а ние докажуваме дека таа има партикуларна важност.
Правниот силогизам на д-р Јанев  го уништивме со уништување на големата премиса, дека голема премиса за нашиот контрасилогизам е член 12 од Повелбата на ООН (според Моргентау), а прецеденсот му го уништивме со lex posterior derogat legi priori, посочувајќи нов прецеденс на Меѓународниот суд на правдата од 1950 година.
 
Понуденото правно средство го докажуваме со следниот правен силогизам:
 
ГОЛЕМА ПРЕМИСА: Секој договор што е во спротивност со ius cogens е ништовен (член 53 од Виенската конвенција за договорно право).
МАЛА ПРЕМИСА: Член 5 од времената согласност е ништовна договорна норма.
КОНКЛУЗИЈА: Времената согласност е ништовна и нема никакво дејство.
Бидејќи сакаме правниот силогизам да биде поубедлив, ќе составиме уште три просилогизми:
 
ПРВ просилогизам:
  1. Членот 103 од Повелбата на ООН ги анулира сите спогодбени норми, кои што во време на настанувањето биле во спротивност со ius cogens.
  2. Членот 5 од Времената согласност е во спротивност со член 1, став 2 и член 55 од Повелбата на ООН.
  3. Членот 5 од Времената согласност е ништовна спогодбена норма.
 
ВТОР просилогизам:
  1. Член 1, став 2 и член 55 од Повелбата на ООН го содржат основното колективно човеково право на самоопределување, кое што е ius cogens и важи erga omnes.
  2. Член 5 од Времената согласност одредува преговори за правото на самоопределување.
  3. Член 5 од Времената согласност е ништовна спогодбена норма.
 
ТРЕТ просилогизам:
  1. Quod nullum est, nullum producite efectum (што е ништовно нема никаков учинок).
  2. Времената согласност е ништовна (член 5 од Времената согласност е во спротивност со член 1, став 2 и член 55 од Повелбата на ООН, односно со правото на самоопределување, кое што е ius cogens и важи erga omnes, врз основа на пресудата на Меѓународниот суд на правдата Источен Тимор).
  3. Ништовната Времена согласност нема никаков учинок и Македонија не мора да го промени името.
 
Доколку нашето заклучување е добро изведено, односно доколку правниот силогизам и просилогизмите, кои чинат полисилогизам, се правилни, потем, Македонија врз основа на Виенската конвенција за договорно право нека и испрати на Грција изјава за ништовност на Времената согласност, истовремено пак, за тоа да го извести Меѓународниот суд на правдата. Доколку Грција не одговори во рок од дванаесет месеци, Македонија да вложи правно средство за ништовност до Меѓународниот суд на правдата.
На овој начин ќе го пресечеме затруеното дрво, кое што дава отровни плодови.
И отровниот плод, Преспанскиот, ќе згние покрај пресеченото затруено дрво, со примена на општото правно начело кое го признаваат цивилизираните народи a fortiori, како и со соодветна примена на теоријата за плодови на затруено дрво. Многу ќе ни помогне и општото правно начело што го признаваат цивилизираните народи употребено во мојата колумна “Привремената согласност не може да се раскине”, quod nulum est, rescindi non potest.
 
Од криво дрво нема прав стап” (германска поговорка)
Со мојот докторат од ЕУ, ќе докажеме дека, и Резолуциите, и Времената и Преспанскиот се криво дрво (ништовни) од кои не може да се направи прав стап.
 
Ова не е единствен ваков случај. Словенија се противеше на зачленувањето во ООН на СР Југославија под тоа име: Ова противење беше игнорирано од ООН.
 
На војска од 3.000.000, кај теснецот Термопили и се спротивставиле 1004 жители на Пелопонез, од кои што 300 биле Спартанци.[13]
Најмногу се истакнал Спартанецот Диенекес.
“Кога еден Тракиец го предупредил пред борбата со Медијците, дека, кога Варварите ќе ги активираат лаковите, сонцето ќе се затемни од мноштвото на стрели, толку ги има, Диенекес без страв и без да се грижи за бројот на непријателите, наводно пресекол велејќи: “Иманентно! Барем ќе се биеме под сенка!”[14]
Термопилите бил теснец низ кој што морале да поминат Варварите.
Затоа било можно само 1004 луѓе да и се спротивстават на војска од 3.000.000.
Доколку 300 македонски правници и 704 со други образованија, го употребиме моето правно средство, условно наречено ius cogens[15], можеме да го спасиме Македонскиот народ. Како што напишав во друга колумна, прво треба да вложиме правно средство до Одборот за човекови права против Република северна Македонија, а доколку дојдеме во позиција да формираме влада, правно средство против Грција пред Меѓународниот суд на правдата, заради кршење на ius cogens. Меѓународниот суд на правдата ќе биде Термопилите за Грција и Западот, кој што ги подржува. Ќе се биеме под сенка.
Врвот на интелектот на ВМРО ДПМНЕ се “три невесте” и “клисарот”. Кога нивните софистички ујдурми ќе ги побие д-р Фрчковски (еристички), тогаш оваа партија сака да се бие. Новина е што почнаа да ме крадат, но успешно се одбранив.
[1] NIETZSCHE, Friedrich, Jutarnja zarja: misli o moralnih predsodkih-Ljubljana: Slovenska matica, 2004, stran 227-228.
[2] Словенечкиот превод на “Никомахова етика” го користи терминот среќност. Српскиот исто. Хрватскиот превод го користи терминот блаженство и јас мислам дека тоа е вистинскиот термин.
Имено, човек што има многу пари, несомнено е среќен, но тој не е блажен, ако покрај парите нема доблести.
[3] ARISTOTELES, Nikomahova etika-V Ljubljani: Slovenska matica, 2002, stran 319-320.
[4] Ибидем, страница 320.
[5]размислување н. 1. процес на разгледување (на нешто) во мислите; резонирање. 2. производ на ова; мисла; идеја…(МУРГОСКИ, Зозе, Речник на македонскиот јазик.-Скопје: Филолошки факултет “Блаже Конески”, 2005, страница 674).”
Во Речникот на Словенечкиот книжевен јазик, размислувањето се дефинира како; дејствие на свеста, насочено во нешто со цел да се дојде до јасност на заклучоците, или дејствие на свеста, насочено во нешто со цел, да се спознае примерноста, на последиците на нешто.
[6] Ибидем.
[7] ARISTOTELES, Nikomahova etika,-Zagreb: Globus, 1988, stranica 48.
[8] Ибидем, страница 4.
[9] Некои македонски доктори сметаат дека правилата за ништовност делуваат автоматски, меѓутоа проф. д-р Данило Турк, во единствениот словенечки учебник по меѓународно право не мисли така и аргументира:
“Правилата за ништовност, престанок и суспензија на меѓународните договори не дејствуваат автоматски. Кога една договорна страна ќе оцени, дека целата спогодба, или нејзина одредба е ништовна, не е нужно, дека исто мислење ќе имаат и другите договорни странки. За очекување се можни приговори против барањето на договорната странка, која утврдува ништовност, или се завзема за преастанок, односно суспензија на спогодбата, како со оглед на фактите, така и со оглед на последиците. Заради тоа Виенската конвенција за договорно право пропишува (член 65 до член 68) правила и постапки, кои што треба да се спроведат во такви случаеви (превел М.П.).” (TURK, Danilo, Temelji mednarodnega prava/Danilo Turk-Ljubljana: GV Založba, 2007, stran 276.)
[10] Ибидем, страница 271.
[11] Ибидем.
[12] Докажано во докторатот, како една од основните хипотези, во посебно поглавје.
 
[13] HERODOTUS, Zgodbe-Ponatis 2. izd.- v Ljubljani, Slovenska matica, 2006, stran 574-575 (превел М.П.).
[14] Ибидем, страница 575 (превел М.П.).
[15] Решението на д-р Дескоски условно го нарекувам  pacta sunt servanda, а она на д-р Јанев ultra vires.
(This post was last modified: 28-05-2019, 08:41 PM by ЈорданПетровски.)
28-05-2019, 08:41 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,743
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Копилиња


Posted by Марјан Попески on 9 август, 2019 in Политика, Меѓународно право, Мисла | 0 Comments
Quote:“Нека се употребуваат човечките средства како да нема божествени, а божествените, како да нема човечки (превел М.П.).”[1]
Сметав дека дека имам човечки средства за најголемиот проблем на Македонија, проблемот со името и затоа ја напишав колумната “1004 луѓе само”.
Меѓутоа, добронамерни луѓе од “Преродба” ми кажаа дека д-р Вера Лалческа (политиколог) пред повеќе од една година вложила правно средство до Советот за човекови права на ОН. Бидејќи и Одборот за човекови права е тело на ОН, поднесување на ново правно средство носи ризик од удвојување, а поради тоа и отфрлање на правното средство што би го поднел. Побарав да ја добијам барем првата страница од правното средство на д-р Лалческа, но не ја добив.

Поканата да се регистрираат лица што ќе склучат договор за налог со мене за поднесување на правно средство до Одборот за човекови права наиде на слаб одзив. До моментот на пишувањето на оваа колумна, 102.
“Не терај ја глупоста до крај. Има луѓе, кои мислат дека потфатот и кога не ќе успее, тој наметнува должност да се работи на него, па бидејќи тргнале по погрешен пат, сметаат дека јачината на нивниот карактер бара од нив да продолжат по погрешниот пат. Сами во себе ја окривуваат својата грешка, а пред други ја извинуваат. Така, се случува, на почетокот на нивната луда работа да ги кудат како непромислени, а подоцна, кога ќе продолжат на истата работа, им издаваат свидетелство дека се луди. Никаква обврска не наметнуваат, ниту непромисленото ветување, ниту погрешната одлука (превел М.П.)”[2]
Значи, нема 1004 одважни луѓе, како што го подобри насловот на колумната госпоѓата Елизабета Матевска.
Јас немам намера да си издавам свидетелство дека сум луд и го прекинувам овој потфат.
Има заинтерсирани политички субјекти во формирање кои што веќе го користат моето правно средство и чесно кажуваат дека е тоа мое дело. Еден политички субјект во формирање доби и ексклузивно право да го употреби моето правно средство доколку формира влада. Ја има и мојата подршка.

Меѓутоа историчарот м-р Илија Каланоски, кого имав чест лично да го познавам, има свое логично објаснување[3]за оваа состојба на духот на Македонскиот народ. Тој смета дека најдобриот дела од Македонскиот народ е ликвидиран за време на Информбирото. За него, тие што дошле по најдобрите и кои што владеат се до денес, се копилиња.[4]
Да му дадеме збор на м-р Каланоски: “Што се однесува на домашен план, информбировската црнина направи хаос во меѓусебните внатрешни односи меѓу човекот и човештвото и го удри од земи почитувањето и достоинството на родот и породот на семејната лоза. Во врвното партиско раководство, како и на локално ниво, се упразнуваа местата. Исчистените комунисти и револуционери кои ја донесоа слободата (потенцирал М.П.) беа прогласени за информбировци, кочничари, бојкотери, сталинисти, непријатели на државата и народот. Тие се направија монструми и џелати за соборците и сопартијците, психопати со поматен ум, самоубијци во депресија, опасни бандити без направено и докажано дело, самоубијци на кои не им се знае гробот, обвинети и ликвидирани без вина на кои никогаш нема да се дознае каде им се коските.
И…!?
На нивните места доаѓаа кодошите и злонамерниците, кариеристите и титоистите (потенцирал М.П.) преданите и некомпромитираните пријатели на народот и државата.
Не карајте ме мили мои, велат, некои од нив “ни криви ни должни” влегоа и во плурализмот и како повеќепартиски кадри градат ново повеќеумно плуралистичко општество. Има решени. И за нив ќе следи обелоденување на скриените гревови. Кога и како? Има Закон за лустрација!?”[5]
Мишо Китаноски[6]портретирајќи го м-р Каланоски и пишувајќи за романот ќе напише: “Во двете книги вниманието на авторот е насочено кон еден компромисен неморал со кој се обезбедува вонбрачно дете во случаи кога продолжувањето на семејната лоза не било можно во законската брачна заедница…Тука вообичаено се употребува зборот “копиле” за сите тие луѓе што работеле надвор од уставните и законските регулативи во социјалистичкото едноумие. Тие “копилиња” ја искористија и ја злоупотребија Резолуцијата на Информбирото и ги овековечаија страшилата на голооточкото безумие и пекол.”[7]
Д-р Груевски ќе биде запаметен како единствен што спроведе лустрација од сите поранешни југословенски републики.
Јас во три колумни (2011 и 2012) му предлагав комунистичкиот режим со закон да го прогласи за злосторнички (по примерот на Чешка). Да ме послушаше, немаше да постои СДСМ. Немаше да биде сменето името.
На новиот политички субјект со македонска волја, што ќе формира влада, како прв чекор му предлагам да го примени моето правно средство за најголемиот проблем, проблемот со името, а како втор чекор, прогласување на комунистичкиот режим за злосторнички (со тоа ќе биде избришана СДСМ, како правен сукцесор на Сојузот на комунистите) и прогласување на ВМРО ДПМНЕ за злосторничко здружение против Македонскиот народ.

За крај метафората на Драган Шутиноски, кој што го подржува моето правно средство и мојата работа, а мене ми го крена духот: “И јас да крикнам пред колење.”
Тој ми тврди дека такви како него има многу и дека тие не допуштаат да се смета дека работата со името е завршена.


[1]ГРАЦИЈАН И МОРАЛЕС, Балтасар, Vrelo mudrosti ili pravila za život-Beograd: Ušće, 1997, stranica 133.
[2]Ибидем, страница 138-139.
[3]КАЛАНОСКИ Калан, Илија, Безгрешни копилиња 2-Струга,: Ирис, 2013, страница 140-141.
[4]Всушност, станува збор за роман објавен во два дела. Првиот, со наслов Копилиња, објавен 2009, а вториот дел со наслов Безгрешни копилиња, објавен 2013. Кога ми ја подари втората книга, ми рече дека некои му префрлувале за книгата. Очигледно беше, дека го застрашувале, но тој не покажа никаков страв. Поживеа уште неколку години.
Иако, како негов адвокат добив пресуда пред Европскиот суд за човекови права, Македонија не му ја надомести материјалната штета за кршење на човековите права.
[5]КАЛАНОСКИ Калан, Илија, Безгрешни копилиња 2-Струга: Ирис, 2013, страница 140-141.
[6]Ибидем, страница 171.
[7]Ибидем.
13-08-2019, 03:13 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,743
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Marjan Popeski
17 hrs ·

"Зошто загуби ВМРО ДПМНЕ и зошто мора да се отстрани"

Пред стогодишнината од првата светска војна, повеќе западни научници пишуваа дека ситуацијата многу наликува на условите пред Првата светска војна.
Заедно со д-р Татјана Петрушевска напишавме стручен труд “Осило”, во кое зазедовме свој став по тоа прашање, кое во најголем дел се потврди.
Пред се, западните научници мислеа, дека она што не им успеа на Британците со Украина за време на Октомврсиката револуција, ќе им успее сега. Понудата беше иста: право на самоопределување на Украинците. Овој пат смешно; Украина веќе го реализира правото на самоопределување без капка крв.
Британците загубија и пред сто години, загубија и сега.
За доказите за овој заклучок, проверете во заедничкиот труд со д-р Татјана Петрушевска “Осило, или последна империјалистичка војна”.
Откако учењата на западните научници не се потврдија за Првата светска војна, сега некои западни научници тврдат дека условите во светот многу наликуваат на условите пред Втората светска војна.
Кога ќе се спомне Втора светска војна, првата моја негативна асоцијација е Хитлер, а првата позитивна асоцијација е Сталин.
Единствениот филозоф кого го спомнува Хитлер е Шопенхауер[1].Тој дури и го парафразира Шопенхауер, без да каже дека се тоа негови мисли: “Еврејската држава никогаш не била територијално ограничена. Таа секогаш била универзална од гледна точка на својата територија, но многу ограничена од гледна точка на својот расен состав. Затоа овој народ секогаш правел држава во држава. Еден од најгенијалните трикови измислен од Евреите и нивната умешна шпекулативна размена на нивната држава за “религија” со која си обезбедиле толерантен однос од страна на аријците, познати по својата религиозна трпеливост. Всушност религијата на Мојсеј не е ништо друго освен зачувување на еврејската раса. Затоа таа ги опфаќа сите научни области неопходни за тоа, вклучувајќи ги тука и социологијата, политиката и економијата.”[2]
За да не ми биде префрлено за petitio principiмојот разумен читател нека го прочита Шопенхауер.[3]
За веднаш да стане јасно дека Хитлер го злоупотребил Шопенхауер, фактот дека токму Шопенхауер е татко на последниот голем филозоф Ниче, на најголемиот писател Толстој и на Фројд.
Еве само неколку мисли на оваа префинета душа за неговата љубов кон луѓето[4]:”...луѓето со кои стапуваме во допир не ги проценуваме врз основа на нивните вредности и достоинство, значи, не го разгледуваме ни лошотилакот на нивната волја, ниту ограниченоста на нивниот разум. Затоа што првото кај нас би побудило омраза, а другото презир кон нив. Ние, ги земаме во предвид само нивните страдања, маки, нивниот страв и болки. На тоа место ние чувствуваме сродност со нив, па наместо омраза и презир, кон нив негуваме симпатија...”[5]
Па, како се случило Хитлер, така да го злоупотреби Шопенхауер?
Оној што е во состојба да помисли дека постои некое нечовечко битие, кое луѓето ги известува за својата природа, смисолот на светот и на животот на луѓето, тој мора да биде големо дете. Нема друго откровение, освен мислите на мудрите луѓе. Но, доколку ги земеме огромните интелектуални разлики кои што постојат помеѓу луѓето, тогаш мислите на едните се откровение, во споредба на мислите на другите.[6]
Хитлер, кога го прочитал Шопенхауер, доживеал некакво откровение, како интелектуално инфериорен и решил да ги истреби Евреите, а на на нивно место со нивни методи да ги постави Германците.
За разлика од него Шопенхауер:”...помисли на грозното прогонување и истребување на Евреите и Маварите во Шпанија...”[7]
Второ средство што го употребувал Хитлер, бил комунизмот.
Не затоа што го ценел, туку затоа што бил ефикасен.
Хитлер е првиот што го победи комунизмот во Германија.
Со комунистички Методи.
Како што Евреите истребувале некогаш[8]решил тој да ги истреби нив и да го заземе нивното место во светот и како што комунистите делувале решил и тој да делува, за да ги победи комунистите: “Во 1913-1914 година за прв пат, во различни кругови (мнозина од тие луѓе му останаа верни на национал-социјалистичко движење), го искажав своето убедување дека главното прашање кое има решавачко значење за судбината на германската нација е прашањето за уништување на Марксизмот.”[9]
Од комунистите, како најголеми мајстори за пропаганда, научил како да се служи со пропаганда.[10]
“Ни беше јасно дека пропагандата секогаш треба да им се обраќа само на масите. За интелигенцијата не е нужна пропаганда, нужни се научни знаења (потенцирал М.П.). Како што плакатот сам по себе не е уметност, така и пропагандата, според својата содржина, не е наука. Целата уметност се сведува на тоа да ги натераш масите да поверуваат дека некој факт реално постои, дека некоја неопходност е неизбежна, дека некој заклучок е правилен итн.”[11]
Е, сега, доаѓаме до најголемата заблуда на Хитлер, која е и причина за пропаст на Хитлер, како и на ВМРО ДПМНЕ, која го практицираше до својот пад: “Задача на водачот-творец на нова програма-не се состои во тоа да го премерува од сите страни степенот на применливост на таа програма туку, колку што може појасно, да ја покаже нејзината суштина. Тоа значи дека таквиот деец е должен повеќе да мисли за самата цел отколку за патот кон неа.”[12]
На ова место е јасно, дека се поучил кај Шопенхауер, дека волјата е господар, а интелектот слуга, но го превидел оној дел од Шопенхауер, каде што Шопенхауер тврди дека постојат големи интелекти (гениј), кои што и ја завршуваат сета работа на волјата и сеуште им останува доволно време да ја анализираат волјата. Тогаш, акцидентално, интелектот станува господар, а волјата слуша.[13]
“Постои само една сериозна и непосредна препрека која волјата може да ја има во интелектот како таков, но таа препрека треба да се смета само како посебен случај. Таа е последица на невообичаена превага на интелектот над волјата на највисокиот степен на неговиот развој, односно тоа е последица на голема надареност, која се нарекува генијалност. Имено, таквата надареност е очигледна пречка за енергијата на карактерот и сходно на тоа на способноста за делување.”[14]
Уште појасно е ова кај најголемиот ум: “Меѓутоа, не расудуваме за целите, туку за средствата за постигање на некоја цел. Лекарот не расудува, дали да лечи, говорникот не, дали да наговара (убедува), државникот не, дали да создаде добро уредена држава, како и ниеден друг стручњак не расудува за целта. Целта е јасно поставена, спорно е само, како и по каков пат може да се постигне.”[15]
Мечки лови оној што може, а не оној што сака (руска поговорка).
На Хитлер не му помогнало тоа што размислувал за целта; сакал да лови мечки.
Сега е за секого очигледна глупоста на Хитлер; да се размислува за целта, а не за средствата.
Така постапуваше и ВМРО ДПМНЕ.
Некои цели се толку тешко остварливи, што за нив средствата можат да ги изнајдат само генијални умови.
“Услов за генијалност, која постои толку ретко, е многу поголема количина на интелигенција отколку што тоа го бара служењето на волјата, која е темел на интелигенцијата. Само тој вишок на интелигенција, кој што значи, се ослободува, навистина го посматра светот, односно го сваќа сосема објективно, а потоа го слика, пишува песни и мисли во склад со тие сваќања.”[16]
Хитлер и ВМРО ДПМНЕ, размислувале само за целта, а не за средствата за постигнување на целта. Според Аристотел и Шопенхауер, затоа и завршија, така, како што завршија.
“Si vis tibi omnia subjiccere rationi.[17]
Хитлер и ВМРО ДПМНЕ, наместо да му се потчинат на умот и се потчинија на волјата. Затоа завршија, така како што завршија.
Хитлер си остана доследен и служеше до крај на волјата.
ВМРО ДПМНЕ нема ни македонска волја. Дека ова не е petitio principi, докажав во последните десетина колумни на мојот сајт.
Ова е мој обид да ги проверам своите реторички способности и да ги убедам оние 370.000 луѓе што гласаа за д-р Силјаноска, да не гласаат за ВМРО ДПМНЕ на наредните избори и оваа партија да пропадне како штетна за Македонскиот народ.
“Речитоста е способност во другите да ги побудиме своите сваќања за некоја ствар, или своето мислење за неа[18], во нив да го запалиме чувството кое што таа во нас го предизвикува и така да ги наведеме со нас да ги споделат нашите склоности; а сето тоа го постигнуваме со помош на зборови текот на нашите мисли, ги воведуваме во нивните глави и тоа со таква снага, да тој тек, нивниот сопствен тек го пренасочува од патот по кој тргнал и го повлекува со себе. Мајсторското дело ќе биде толку поголемо доколку повеќе се оддалечил нивниот правец на мисли од нашиот.”[19]
Како што докажав во претходните колумни, во ВМРО ДПМНЕ нема ум. Таму се врв “три невесте” и “клисарот” на д-р Фрчковски.
И третиот метод на владеење на ВМРО ДПМНЕ е позајмен од Хитлер. Комунизмот, го замени со црквата, наместо стариот наркотик комунизмот: “Треба да ја одбележиме и засилената борба против догмите на секоја црква. Широките народни слоеви не се состојат од филозофи. За повеќето луѓе, верата е често единствената основа на моралниот светоглед. Ако сакаме религиозните учења и верата да господарат со умовите на широките народни маси, должни сме да се стремиме кон тоа религијата да има безусловен авторитет.[20]Она што за државата се основните закони, за религијата се нејзините догми. Само благодарение на догмата, религиозната идеја која може да се толкува најразлично, ќе добие одредена форма без која нема вера. Без одредени догми на црквата, религијата би останала само филозофски поглед и ништо повеќе. Затоа борбата против догмите на црквата е иста како и борбата против основните закони на државата. Последната води до државна анархија, а првата до религиозен нихилизам.”[21]
Во Европа сонцето на сознанието и науките светна кон крајот на XV век и тоа со појавата на византиските мислители кои што побегнале од Цариград.
“Тоа сонце, во текот на XVI и XVII век се повеќе се креваше на небото на сознанието, додека конечно не ја растера густата магла на средниот век. Напоредно со неговото кревање, постепено пропаѓаа верата и црквата, па во XVIII век англиските и француските мислители можеа директно да се нафрлат на нив. Најпосле, за време на владеењето на Фридрих Велики, се појави Кант, кој на верата и ја одзеде потпората на филозофијата. Тој ја еманципира Ancilla theologiae (слугинката на теологијата) така што на целата ствар и пристапи со германска темелитост и сталоженост, сериозно и без лекомисленост. Денес, како последица на тоа се соочуваме со едно знатно ослабено христијанство кое грчевито се бори за својот опстанок, додека грижливите владетели настојуваат да го одржат во живот со вештачки надразнувачки средства, личејќи со тоа на лекари кои на човек пред умирање под нос му ставаат мошус, настојувајќи така да му го продолжат животот(потенцирал М.П.).”[22]
“Би сакал да имам вистински список на сите злосторства кои христијанството навистина ги има спречено[23]и сите добри дела кое тоа навистина ги сторило, за да можам да ги ставам на другиот тас на вагата.”[24]
За време на кралот Алфред Велики, тие што знаеле да читаат и да пишуваат, биле ослободувани од смртна казна[25], а ВМРО ДПМНЕ стариот наркотик го замени со нов.
Но ВМРО ДПМНЕ, нема ни македонска волја.
Еве пример за вистинска волја: “Поради тоа, ретки се луѓе-ги има само помеѓу Шпанците, Турците и можеби Англичаните-кои и во најпредизвикувачките прилики не губат присебност, мирно продолжуваат да изучуваат и да ги толкуваат состојбите на стварите... поставувајќи и понатака прашања, таму каде што други би биле надвор од себе, а тоа секако не е мирнотијата на многу Германци и Холанѓани, која темели на тромост и тупавост. Во претставувањето на таа вредна особина, ненадминлив беше Ифланд како козачки хетман (атаман) во Коцебуовата драма Бенјовски. Кога заверениците го намамиле во шаторот и под нос му ставиле пушка, заканувајќи му се дека ќе пукаат доколку писне, тој дува во цевката да види дали е наполнета (превел М.П.).”[26]
--------------------------------------------------
[1]Хитлер, Адолф, Мојата борба-Скопје, Ѓурѓа, 2005, страница 253.
[2]Ибидем, страница 184-185.
[3]ШОПЕНХАУЕР, Артур, Parerga i paralipomena-Beograd, Dereta, 2013, stranica 106-108.
[4]Аристотел во “Никомахова етика”, вели дека просечниот човек е лош.
[5]ШОПЕНХАУЕР, Артур, Parerga i paralipomena-Beograd, Dereta, 2013, stranica 47.
[6]Ибидем, страница 199.
[7]Ибидем, страница 193, превел М.П.
[8]Ибидем, страница 194-195.
[9]Хитлер Адолф, Мојата борба-Скопје, Ѓурѓа, 2005, страница 188.
[10]Ибидем, страница 201.
[11]Ибидем, страница 202.
[12]Ибидем, страница 215.
[13]ŠOPENHAUER, Artur, Svet kao volja i predstava-Beograd:Grafos, 1981, stranica 256.
[14]Ибидем, страница 257-258.
[15]ARISTOTELES, Nikomahova etika,-reprint iz leta 1994-V Ljubljani: Slovenska matica,2002, stran 103.
[16]ŠOPENHAUER, Artur, Svet kao volja i predstava-Beograd: Grafos, 1981, stranica 338.
[17]“Доколку сакаш се да потчиниш, тогаш потчини му се на умот (превел М.П. , Сенека во: ибидем, страница 79).
[18]во случајов за ВМРО ДПМНЕ.
[19]ŠOPENHAUER, Artur, Svet kao volja i predstava.Beograd: Grafos, 1981, stranica 142.
[20]Тоа ВМРО ДПМНЕ го постигна.
[21]Хитлер, Адолф, Мојата борбаа-Скопје, Ѓурѓа, 2005, страница 238.
[22]ШОПЕНХАУЕР, Артур, Parerga i paralipomena-Beograd: Dereta, 2013, stranica 180-181.
[23]Вклучувајќи го и укинувањето на Македонскиот народ.
[24]ŠOPENHAUER, Artur, Svet kao volja i predstava-Beograd : Grafos, 1981, stranica 222.
[25]ШОПЕНХАУЕР,Артур, Parerga i paralipomena-Beograd : Dereta, 2013, stranica 101.
[26]ŠOPENHAUER, Artur, Svet kao volja i predstava-Beograd : Dereta, 2013, stranica 249.
16-08-2019, 03:33 AM
Reply