Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Post Reply 
 
Thread Rating:
  • 11 Votes - 3.82 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ГОЛИ ОТОК-ОСТРОВ НА СМРТТА ОД ВЕНКО МАРКОВСКИ
Author Message
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
Post: #41

Фељтон

Фељтон

Вистините и контроверзиите за Венко Марковски (7)



Жртва на сопствените политички амбиции

Виктор Цветаноски

Тодор Павлов во Белград побарал на Венко да се гледа со очите на партиец и политичар, а потоа со очите на литературен критичар


„Венко Марковски е жртва на своите преголеми политички амбиции. Јас не можам да го оценувам творештвото на Венко, кое сигурно е значајно, и за него можат да говорат компетентните, но во однос на неговото политичко однесување, тој не треба биде рехабилитиран. Некои негови творечки вредности треба да се преоценат, но тој политички и национално си се определи по неговото недолично заминување. Тој си остана Бугарин“. Ова накусо е ставот на д-р Новица Велјановски, кој како историчар го истражува перидот на НОВ и повоените години.

„Тој му се спротивстави на постојниот режим, но повеќе од опортунистички позиции, не од тоа што така мислеше. Во тоа време кај интелектуалното крило во македонското ослободително движење, на кое припаѓаше и тој, се појавија политичка амбиција и токму тоа крило настрада. Меѓутоа, тие што настрадаа не се однесуваа така недолично како Венко Марковски. На пример, и Методија Андонов-Ченто, исто така, беше отстранет од политичките функции и затворен, но тој си го зачува своето национално достоинство и остана доследен на своите определувања, си остана Македонец. Во случајот со Венко не е тоа. Тој откако не ги оствари своите политички амбиции, го промени своето национално битие“, подвлекува д-р Велјановски.

Според него, Венко Марковски е контроверзна личност и нема друга таква личност во македонската понова историја, поради своите политички амбиции да ја напушти својата држава и да се откаже од своето национално битие. „Пребега во едно време кога кампањата против Македонија и против македонската нација во Бугарија беше многу силна, од седумдесеттите до осумдесеттите години. Венко се вклучи во таа кампања декларирајќи се како Бугарин. За заминување во Бугарија подолго време се подготвувал. Не може некој да емигрира, а таму да нема некоја подлога каде ќе биде прифатен. Тоа е едното прашање. Второто е зошто емигрира во Бугарија? Имаше и други земји, можеше да емигрира на Запад, како што тоа го сторија дисидентите од другите социјалистички земји. Тој се определи за Бугарија, зашто таа му беше блиска, студирал таму, а имаше и пријатели и колеги-писатели, со кои веројатно се среќавал за време на студиите и по 1945 година“, нагласува македонскиот историчар.

Д-р Новица Велјановски вели дека ја познавал неговата сопруга Филимена и често разговарал со неа. Откако емигрирал Венко во 1966 година, таа и натаму останала во Македонија, работела во Архивот на град Скопје. „Таму имаше добра позиција. Не беше директор, но исто како да беше, зашто нејзиниот збор се слушаше. Тогаш дури ми беше по малку чудно нејзиното однесување, бидејќи таа за цело време го напаѓаше својот сопруг, нарекувајќи го предавник и одродник од својата мајка-татковина и нација. По неколку години, и таа замина и тогаш се виде дека тоа и' било маска, дека со нападите на Венко не провоцирала за да види што ќе кажеме. Сите нејзини сегашни изјави дека по заминувањето на Венко им била вршена тортура и им биле запленувани материјали ги примам со резерва, зашто знам дека семејството на Венко по неговото заминување не беше дискредитирано како што тврди таа. Нејзините деца дури добиваа и стипендии“, вели Велјановски.



Тој нагласува дека Венко во Бугарија го пречекале со раширени раце. Сите привилегии што може да даде една држава му биле дадени. Бил сместен во вила, на располагање имал автомобил со личен возач. Бил примен за член на Бугарската академија на науките. Му се објавувало и преобјавувало се' што ќе напишел. „Верувам дека тоа истото ќе го постигнеше ако се има предвид неговото творештво создадено овде во Македонија пред да замине и ако немаше преголеми амбиции во политиката. На нашето Народнослободително движење му требаше македонски Владимир Назор, а токму таква личност беше Венко. На движењето му беа потребни познати личности за да се омасови, а една од нив беше Венко. Неоспорно е дека тој му помогна на движењето. Се смета дека учествувал во подготвувањето на Манифестот на Главниот штаб. Колкав бил неговиот придонес не можам точно да кажам. Има еден документ во кој може да се прочита дека Кузман Јосифовски-Питу констатирал дека Манифестот е добар и прифатлив, но јазикот на кој бил напишан не бил доволно македонски, како да не го видел Венко. Во текстот има многу србизми, а Венко не употребуваше србизми, туку бугаризми. Најверојатно, во пишувањето учествувал и Светозар Вукмановиќ-Темпо“, раскажува Велјановски.

Тоа дека Венко Марковски имал големи политички амбиции може да се види и од едно искажување на Тодор Павлов за весникот „Борба“, кој во јули 1945 година изјавил: „Венко Марковски има талент, тоа мора секој да го признае, но во него ќе треба да се гледа и нешто друго, не само поет. Тој е Македонец и македонски поет, тој пишува на македонски, го афирмира и развива македонскиот јазик, придонесува за македонската култура, му дава оружје на македонскиот народ. Зборував со Зоговиќ зошто се запоставува Венко, тоа не е правилно. На Венко треба да се гледа со очите на партиец и политичар, а потоа со очите на литературен критичар“.

Во вие зборови на Павлов треба да се верува, зашто тој му беше најдобар пријател на Венко и тој го издигна на највисок пиедестал со мошне поволните критики за неговата поезија. Најверојатно, Венко му се жалел на лошиот политички третман во Македонија, па тој тоа го кажал јавно во Белград.



Претседателот на Здружението „Голи Оток“, д-р Димче Најчески, смета дека Венко Марковски немал друга алтернатива освен да бега. Во „Голооточки сведоштва“ тој го цитира образложението на комисијата, која го одбила неговото барање да му се додели „Споменица 1941“, во кое за Венко се вели: „Од почетокот ја прифати линијата на ИБ во однос на нашата земја и партија. Во 1950 година поради спроведување активности на оваа линија беше уапсен и под истрага, но по извесно време ослободен од затворот. Меѓутоа, и потоа ја продолжи својата непријателска работа... Во 1956 година повторно е уапсен и осуден на казна од 5 години строг затвор... За време на издржувањето на казната, продолжи со непријателски истапи меѓу затворениците, експонирајќи се како идеолошки непријател на изградбата на социјализмот во нашата земја... Во коментарите во врска со 22. Конгрес на КП на СССР ја осудува десталинизацијата... се згрозува во врска со отстранувањето на телото на Сталин од Мавзолејот на Ленин“.

„Што можеше друго да се очекува од Венко Марковски во оваа безизлезна за него ситуација, освен како да ја напушти татковината Македонија, зашто секое друго решение би значело смрт за него, и како личност и како поет. Тој не можеше, и да сака, да се прикаже како друг, никој не би му поверувал. Единствен излез за него беше да емигрира на ’Исток’, па откако памети тој беше свртен кон ’Исток’. Венко Марковски емигрира во Бугарија, која во тоа време беше дел од тогашниот ’Исток’“, пишува д-р Најчевски.

Според него, Венко се определил за онаа опција со која, и покрај сета апсурдност, се откажал од македонската националност и се вклопил во тогашната реалност на Бугарија, што му овозможувало да твори како интелектуалец. Таков бил неговиот избор, со сите противречности што ги носел. А, оваа определба на Марковски наишла на најтешки осуди и анатеми кај душегрижниците на македонските национални идеали, без притоа да се направи посериозен обид да се објасни сето тоа. Затоа д-р Најчески ги отфрла како неприфатливи сите оние тврдења кои причината за таков драстичен чекор на Веко Марковски ја наоѓаат во неговата амбициозност, суета и честољубивост.

„Дилемата беше судбоносна: да се биде или не. Зошто? Можеше ли Венко Марковски да остане во Македонија и да се сроди со новата стварност по годините на прогони, робија и јасно манифестирање на својата информбировска определба; да наведне глава, да се откаже од своите сфаќања, од принципите, од сето она што го сочинуваше неговиот духовен свет. Тој секогаш ќе беше презиран како информбировец и предавник.

Или да биде прогласен, пак, како предавник, предавник на својата татковина, бегалец, политички емигрант, кој се откажал од својата националност и е во служба на дневната политика на друга држава“, ја поставува Најчески дилемата пред која се исправил Венко.

Според него, емигрирањето на Венко е прифатлив чекор и во неговото движење има логика и условеност, за што најдобро сведочело неговото литературно творештво што го напишал во Бугарија во кое, смета Најчевски, имало континуитет со тоа што го создал до 1966 година пред да ја напушти Македонија.


#
Статијата е прочитана 2460 пати.

Испрати коментар

Од: Тоде
Датум: 09.03.2009 00:21:16
Значи ги оправдуваме тие, србоманите, кои Македонците ги праќаа на Голи Оток и наместо осуда за србоманите, ние ги осудуваме прогонуваните и викаме - требало да издржат секаков терор. Јас пак ќе речам нешто друго - Ако македонската азбука и јазик не се србизираше, ако србомани не ја водеа државата, и Венко и многумина други кои не можеа да препознаат македонштина во Македонија, туку гледаа србоманштина, ќе остаnеле и ќе твореле tuka. Значи ние треба да го осудуваме Венко зошто не подлегнал на српската пропаганда како некои други кои останаа овде и до ден денес се на високи позиции. Какво лицемерие.
Од: Filip Shumski USA
Датум: 09.03.2009 03:11:35
Na ovaja kontraverzna lichnost muse dade pogolemo znachenje vo medumive od kolku shto za sluzuva i seva edna rabota kako ponovo da muse sudi za negovata opredelba prvo kon I.O. i tuka se gledaat negovite nameri i simpatii za R.M no odruga strana se javuvaat i braniteli koi go blago opravduvaat iako pose ona shto ima napishano vo Bugarija za Makedonija e samo za osuda nishto drugo i nikogash toj nebil makedonec samo nosel Makedonska maska. No edno neshto besh e mnogu znachajno vo prethodniot felton ona vo 1945 godi na za komisijata za formiranje na Makedonskata azbuka. Toa treba popshirno dago prouchat onie vo makedonija koi mnogu se deklariraat kako najgolrmi patrioti i se zalagaat po antikata a na nekoj nachin ne obrachaat pazna i nekako rezervirano se ponashaat za vremet na NOV i ako glefdame deka bash vo toj period nashite intelektualci maki machat da napravat Makedonska azbuka i bi se prashal zoshto ne e zele nashata antichka azbuka.
Од: dzikovski
Датум: 09.03.2009 09:57:30
Имаме доволно херои за славење и почитување. Немаме потреба да воздигнуваме некои кои тоа не го заслужуваат а не посебно некои кој се негирал а не негирал и нас како Македонци. Секоја нација има свои предавници ама ниедна не полемизира за тоа толку како нашава. Па го имаме Рацин, Неделковки, Вапцаров.
Од: Projko
Датум: 09.03.2009 10:05:32
„Преголеми амбиции”!?! Какви преголеми амбиции? Тој имал безгранична љубов кон Татковината. Тој виде: дека борбата за обединување на Македонија и Македонците дефинитивно пропаднала; дека одлуките на Црковно-нар. собор од 1946 беа анулирани на конференцијата во 1946, схто се свика на барање на ЛКч дека ЛК и Пчински и’ го даде на Србија; дека во СФРЈ-ската економија и политика МКД е на маргините; дека Мкедонците се селат во Бгд. а во Банат веќе се асимилираат...и тн. Очај е тоа, а не преголеми амбиции. Амбиции - да, дека мислел оти тоа поинаку ѓе го реши од ЛК. Плус, МКД одамна пред тоа го испрати на голи оток... оремногу разочарувања, премногу национални штети, а тој бил емотивен, како и секој поет... Во МКД и за МКД му се стемнило, но и во Бгр не му осамнало, оти пресадена стара круша не вирее на нова почва. ВЕНКО Е ТРАГИЧНА ЛИЧНОСТ - ТРАГИЧНА КАКО И МАКЕДОНИЈА. Затоа и денес не си го препознаваме патот. Не си го препознаваме? Не, силите против неа работат и денес...
Од: Bogomil
Датум: 09.03.2009 10:13:55
Aman bre Tode i sliccnite na tebe, kako da ne mozze da ja progoltate vo sebe realnosta deka im pomina vremeto na site ssto ne znaat drugo osven da obvinuvaat za nekakva srbomansstina, zadskrivajki se zad bugarsstinata. Si pomislil li nekogass na faktot deka ovaa Makedonija se sozdade na teritorijata ssto so podelbata na etnicckiot prostor vo Bukuresst go dobi Srbija. E na toj prostor denes e rasprostraneta drzzavata Makedonija. A tvoite Bugari, Grcite da gi ostavime na strana, ssto ne vi go vrata delot ssto tie go grabnaa so toj dogovor, tuku go zadrzzaa za sebe, em narodot ssto ostana tamu ne go priznavaat, nitu tebe i takvite kako tebe gi erbapat (smetaat) za nessto drugo, osven za Bugari. Srbite smognaa sili, ja progoltaa knedlata i vo zaednicckata osloboduitelna vojna se sozdade na ,,nivnoto parcce@ zemja, se razbira nepravedno dobieno so Bukoresskiot dogovor, se sozdade nassava drzzava. A vie, se otepavte plukajki, srbomansstina, ta srbomansstina. SSto storija za vassata predanost
Од: Az-buki
Датум: 09.03.2009 10:38:41
"Ne sutor ultra crepidam" ( Cevlarot osven za cevli ( da ne zboruva za drugo). Za koja anticka azbuka misli onoj ignorant? Za onaa li na Bosevski? Nasata azbuka ja kodificirale luge kompetentni. A toa sto se prezemeni nekoi bukvi od srpskata azbuka ( a ne od bugarskata), kako lj, nj, toa li vi preci? Pa Vuk samo maliot er mnogu inventivno go doblizil do l i n; j go imame i kaj Misirkov ( malku vidoizmeneto. Prestanete da barate opravduvanje za eden narcisoiden predavnik kakov sto e Venko. Tuka toj gi imase site privelegii, cela vila na kejot na Vardar, koga lugjeto po vojnata ziveeja vo po edna sobichka; Filomena bese profesor vo najprestiznata gimnazija, decata negovi obezbedeni; na Sultana i po negovoto vrakjanje od Goli Otok i bese dodeluvana stipendija da studira vo Moskva. Za negoviot karakter dovolno zboruva negovoto pokajnicko pismo vo "Nova Makedonija ( na cela stranica) vo koe toj moli za proska poradi negovite xzabludi, a vednas potoa od Moskva bega vo Bugarija.
Од: Kire
Датум: 09.03.2009 11:12:42
Go citam vnimatelno feljtonov, ama moj problem e sto ne sum slepi gluv. Nekni na TV go slusav vnuk mu na Vapcarov kako od Sofia izjavuva deka e revoltiran sto e unisten grobot na Dedo mu vo Krusevo (covekot si zbori kako Bugarin na cist Bugarski jazik). Familijata na Prlicev cela e vo Sofia (ziveat i rabotat kako Bugari). Od druga stana tvrdime deka ima Makedonsko malcinstvo vo Bugarija. Pa neli e malku simptomaticno sto site Makedonci od tuka begaat vo Bugarija ??, a nieden Makedonec ne prebega obratno od Bg vo MK, pa da kazuva deka tamu im vrsat teror (kako sto nas ni se prezentira), ili pa ednostavno da si dojde vo MKD kako Makedonec, sirurno nie ne bi go vratile. I den denes se podnesuvaat baranja i se dobivaat Bugarski pasosi na angro. A nie za se imame odgovor vo vid va prikaska. Sto znam, ama sve ova mi e nekako cudno i nelogicno.
Од: avstralija
Датум: 09.03.2009 12:14:52
jas sum izrasnal vo mk, i da bidam iskren prv pat citam za venko, i ne bi sakal da donesam nekakov zaklucok od site vasi komentari, no samo edno se prasuvam: dali ima nekoj mk sto bil na goli otok 5gd i posle toa veruval vo nekoja si drzava i ja nosel "stafetata na mladosta" (pomalite generacii neka gi prasaat roditelite za ovoj cirkus od 40 gd) ili plukal na taa drzava, bez razlika kade se naogal.
Од: do bogomil
Датум: 09.03.2009 15:28:20
ti prijatele ne gledas deka e propaganda i posle tolku vreme propaganda,na site celni pozicii se srbomani kai i da zagledas a ti prijatele de skokni do granica i prozbori go tvojot jazik pa da vidam dali srbin ke te razbere ili samo ke se cudi i kreva ramenici.
Од: Tode 2
Датум: 09.03.2009 18:17:19
Kako bugarski vospitanik i student Venko od samiot pocetok rabotel za bugarskata kauza.So azbukata sakal taa da bide najbliska do bugarskata,so sto jazikot lesno bi se proglasil kako dijalekt na bugarskiot.Svojata omraza prema srpskiot narod ne mozese da ja sokrie,smetajki gi za vinovni deka celata Makedonija ne e vo sostav na Bugarija.I denes se gleda deka najgolemite negovi braniteli se negovite somislenici..A pak sto se odnesuva do Goliot otok,najmnogubrojni zatvorenici bea tokmu Srbite.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C1940...5E28EE5970
07-11-2010 05:33 PM
Find all posts by this user Quote this message in a reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
Post: #42

Фељтон

Вистините и контроверзиите за Венко Марковски (8)



Ако му посветеа поголемо внимание, немаше да замине

Венко го запознав како средношколец, многу работи знаеше повеќе од сите нас што се дружевме со него, вели Киро Глигоров



Виктор Цветаноски



„Од Венко Марковски сум помлад две години. Со него се запознав во скопската машка гимназија кога од Штип дојдов во Скопје да го продолжам школувањето. Не знам зошто, можеби поради добрите оценки, ме избраа за библиотекар во гимназијата. Се запознавме кога дојде да побара една книга. Ми предложи да ја користиме библиотеката за литературни средби. Уште тогаш пишуваше поезија на македонски јазик. Меѓутоа, не беа тоа само литературни читања, зборувавме и за политика, за тоа дека Србите сакаат да не' прават јужносрбијанци и за тоа како да се спротивставиме на нивната асимилаторска политика. Во расправите што ги водевме тој беше најзабележителната личност. Ни раскажуваше за некои настани од македонското минато, работи за кои дотогаш не знаевме. Беше начитан и многу работи знаеше повеќе од сите нас“. Ова се сеќавањата на поранешниот македонски претседател Киро Глигоров за средношколските денови што ги минувал со Венко Марковски.

Глигоров истакнува дека нивните читања во библиотеката не останале незабележани од тогашната власт. Кога дознала полицијата, уапсила неколкумина, а меѓу нив бил и Венко Марковски. „Мене не ме затворија, но ме прашуваа што дискутираме на средбите во библиотеката. Им кажав дека, освен литературни читања, нема ништо друго, иако тие средби се претвораа и во политички дебати. Средношколците ги задржаа во затвор неколку дена, сите ги пуштија, зашто немаа докази“, раскажува Глигоров.

Тој објаснува дека на тие литературни средби доаѓале и комунисти за да регрутираат идни скоевци. „Не' следеа што читаме, што зборуваме, какви идеи имаме. Не знам дали Венко тогаш стана член на партијата. Не верувам, зашто тој беше доста самостојна личност и тоа не им се допаѓаше на комунистите. Инаку, беше отворен човек, тоа што го мислеше, го кажуваше јавно“, се сеќава поранешниот македонски претседател на тие далечни години.

За да не им пречи на македонските комунистички раководители во Македонија, Глигоров го испратиле во Белград веднаш по ослободувањето на Скопје. А Венко, кога патувал за Белград, често навраќал кај него. „Ќе го поканев на кафе, ручек или вечера. Ми беше многу драго да разговарам со него. Имаше широки познавања, беше сестрана личност. Ми раскажуваше за се' што се случува во Македонија. Ако беше лут на нешто, се' најлошо говореше. Таков си беше тој, што на ум - тоа на друм. Но, никогаш не му забележував за тоа. Едноставно, тој си беше темпераментен, импулсивен човек. Имаше и големи политички амбиции и често ми велеше: ’Јас прв почнав да пишувам на македонски јазик, а не сум добил ништо од тоа‘“, раскажува Глигоров.

Првиот македонски претседател смета дека е добро тоа што претседателот на МАНУ, Георги Старделов, го иницирал прашањето околу Венко Марковски и дека треба да се каже дека тој бил основоположник на современата македонска литература. „Факт е дека тој бил родоначалник на македонската современа книжевност. Тоа е вистината. Не можеме ние да го избришеме Венко од нашата историја“, заклучува Глигоров.

Тој вели дека за време на ИБ не се гледал со Венко и за неговите маки од тој период не знае ништо. „Но, знам дека Крсте Црвенковски, кој тогаш беше втор човек по Лазар Колишевски, ми говореше дека Венко е чудесен човек и ми раскажуваше дека избегал во Бугарија, затоа што бил под големо влијание на сопругата Филимена. Тврдеше дека таа го подбуцнувала против тогашното македонско раководство и постојано му велела: ’Гледаш, сите оние што беа во партизани имаат вили на Водно, а ти не доби ништо, иако имаш многу поголеми заслуги од сите нив и прв почна да пишуваш на македонски јазик’. Дали е тоа така или не, не можам да кажам, зашто тоа се лични работи. Тоа беа зборови на Црвенковски, кој жалеше многу поради тоа што Венко си замина во Бугарија“, нагласува Глигоров.

Според него, Венко се чувствувал Македонец, без разлика на тоа што по 1966 година, кога си заминал во Софија, се прогласил за Бугарин. „Зошто го направи тоа, дали од гнев, дали од политички амбиции или поради нешто друго, не можам да кажам. И Крсте Црвенковски не можеше да ги одгатне вистинските причини за неговото заминување. Еднаш дури ми рече: ’Ако ми кажеше дека сака вила, ќе му дадевме’. Тој навистина му дал пасош да се лекува, но не му рекол да замине со него во Бугарија. Му верував на Црвенковски, зашто тој беше човек со широки погледи. Ако некој во тоа време носеше некаков свеж ветер во Македонија, тоа беше Крсте. Кај него првите години по војната навраќал и Венко и често разговарал со него на разни теми, подоцна откако беше елиминиран од политиката, престанал да оди“, раскажува првиот македонски претседател.

На прашањето како го оценува однесувањето на Венко Марковски по заминувањето во Софија, што мисли за неговото определување како Бугарин и за изјавите дека македонската нација и јазик не постојат, Глигоров вели дека за таквото однесување не може да се најде никакво оправдување. „Направи голема грешка, не може никој да му го прости антимакедонското однесување. Мислам дека го искористија Бугарите за антимакедонската пропаганда која тие години беше во полн ек. Неговото пристигнување таму беше добредојдено за нив, зашто тогаш односите меѓу Југославија и Бугарија беа многу лоши, а Венко се стави во нивна служба“, подвлекува Глигоров.

Документите што се објавуваат во последниве години покажуваат дека во 1946 година ОЗНА како непријатели на партијата издвоила група од десетина лица, од кои некои членови на Президиумот на АСНОМ, сите со факултети, освен Ченто. За нив расправал и Централниот комитет на КПМ. Меѓу нив се споменуваат и имињата на Киро Глигоров и на Венко Марковски. Глигоров бил посочен како човек близок на Венко и во една анонимна информација во врска со барањето на поетот да добие „Партизанска споменица 1941“. Глигоров вели дека во тоа време интелектуалците често зборувале за македонското прашање, но никој не бил против партијата. „Како млади луѓе сметавме дека таа не прави доволно за решавање на некои прашања од национален интерес на државата. Но, тоа како да не важеше за Лазар Колишевски. Нашите забелешки не ги прифаќаше. Тој гледаше што ќе речат од Белград. Затоа што ставав такви забелешки, мене прв ме испратија во Белград. Венко беше за обединета Македонија, како и сите ние. Баравме македонското прашање да се третира интегрално за сите три дела, а не само за Вардарскиот дел на Македонија“, објаснува Глигоров и додава дека за време на ИБ за малку не настрадал и тој. „За да ме шпионира во Белград, од Скопје специјално го испратија професорот Ванчо Бурзевски да види што мислам околу судирот Тито - Сталин. Навреме насетив каква му е целта. Ако се истрчав, тогаш сигурно ќе се најдев на Голи Оток“, вели Глигоров.

Тој објаснува дека дома чува неколку книги од Венко, дека ги има стихозбирките „Народни бигори“ и „Огинот“. „Го ценев како поет, а и тој сметаше дека сум разумен човек и затоа често доаѓаше кај мене на разговор. Расправавме за се'. Многу пати се жалеше за својата состојба. Често ми велеше: ’Од Бугарија дојдов и се борев за Македонија, а овде не добив ништо. Беше незадоволен од тоа како го третираат. И јавно го кажуваше тоа. Наместо да му кажат алал ти вера, го зборуваш она што го мислиш, тие го прогласија за непријател. Да му посветеа поголемо внимание, да не беа толку сурови спрема него, сигурно немаше да си замине. Мислам дека една од причините е тоа што тој не се согласуваше со Блаже Конески, бидејќи сметал оти тој настојувал да ја прифатиме азбуката на Вук Караџиќ.

Поранешниот македонски претседател објаснува дека пред да почине, често разговарал со академикот Ѓорѓи Шоптрајанов, кој му објаснувал зошто не сакал и натаму да учествува во комисиите за кодификација на македонскиот јазик и за азбуката откако не бил прифатен предлогот на првата комисија. „Професорот Шоптрајанов и Венко имале исто мислење за азбуката. Тој говореше многу поволни зборови за Венко“, вели Глигоров.



(Продолжува)


#
Статијата е прочитана 2460 пати.

Испрати коментар

Од: amm
Датум: 10.03.2009 03:25:36
Krste Crvenkovski i Branko Crvenkovski familijarno povrzani???
Од: Tode2
Датум: 10.03.2009 03:47:30
Toa sto makedonskite prerodbenici pisuvale na makedonski sto godini pred Venko ne e vazno,glavno toj da e prv.Vilata pokraj Vardar ne bila dovolna,sakal vila na Vodno,a posle i taa ke bila mala.Covekot si odel na toa koj poveke dava,go skoknal komunizmot ,odel na biznis,tuka bil prv vo transformacija od socijalizam vo kapitalizam.Za taa rabota treba da mu se dade priznanie.
Од: mitko sidnej
Датум: 10.03.2009 08:38:12
Normalno deka se site povrzani ama toa e drug crvenkovski a e poranesen minister vo prvite vladi na MKD po 1991. A ovoj "nasiot" predsedatel e celo komunisticko dete.
Од: Современик
Датум: 10.03.2009 08:42:47
Господине Прв претседател на Р. Македонија. Вие го кажувате вашето мислење, но не заборавајте дека бевте еден од поголемите “штрафови“ во југословенската држава-машинерија. Ќе испливаат и состојбите со осамостојувањето на РМ, со Лазар Мојсов, можеби и тој ќе каже нешто. Историчарите ке ве сместат. А за Венко? Ако му се дало можеби немал да замине? Македонската емиграција е бројна во Светот. Ако и ним им се дадеше и тие немаше да заминат на “привремена“ работа во странство.
Од: DT-47
Датум: 10.03.2009 08:58:29
Секоја чест за госп. КироГлигоров кој реално и непристрасно со такт и разум ја опишува личноста на Венко Марковски со сите позитивни и негативни работи што ги имал овој човек, за разлика од Гане Тодоровски кој исклучиво тендециозно зборува за основоположникот на современата македонска поезија. Многу ме бендисува кога неговите современици реално го опишуваат без разлика дали позитивно или негативно па ние помладите сами да заклучиме дали е позитивна или негативна личност(впрочем како и сите ние имаме и позитивни и негативни особини). Но сите треба да ги гледаме работите од таа временска дистанца. Кога би останал во Македонија во ова време би кажал и тој зошто така направил како ш то направил, бидејќи сега е лесно да кажеш што било но порано не било баш така.
Од: Pirinski Makedonec
Датум: 10.03.2009 10:10:28
Nishto ne go opravduva Venko Markovski za predavstvoto. Kako primer ke posocham golemiot bugarski preveduvach i poet Georgi Mickov. Semejstvoto mu zhevealo vo bugarskoto gratche Belovo. Vo 40-tite godini tatko mu bil prinuden da bega zad granica. Komunistichkata vlast go podgonila semejstvoto. Po-maliot mu brat bil uapsan i ubien vo pazardzhishkiot zatvor. Ima napraveno opid i za ubistvo na samiot Georgi. Po nekakva sluchajnost ostanal zhiv. Majka mu umrela od maka, a Georgi i sestra mu bili progoneni od Belovo. Georgi lezhal vo zatvor, posle bil praten vo logor. Sled zatvorot i logorot zhiveel tajno dosta godini. Zhitelstvo vo Sofija ne mu bilo dadeno. Ostanal bez dom, bez bliski koi bi mu pomognale pri nuzhda. So pomoshta na poznati zafanal rabota vo eden gorski dom vo Vitosha – chistel gorskite pateki, hranel prez zimata divite zhivotni. Prodolzhil da preveduva i da sozdava sobstveni stihovi, no do 1989 komunistite ne mu dozvolile da gi publikuva sopstvenite stihovi. Nezavisno od t
Од: aleksandar
Датум: 10.03.2009 11:08:18
posle osloboduvanjeto,togasnata vrhuska na srbija so pomos na makedonski poltroni sakale da gi unistat site makedonski intelektualci , so cel da ne ja probudat makedonskata nacionalna svest. pred vojnata makedonija bila srpska banovina,pod srpska okupacija,i srbite imale namera i posle vojnata makedonija da ostane del na srbija, zatova tolku ljudje se prateni na goli otok,ubivani,proglasuvani kako drzavni neprijateli, toa e primerot so venko markoski,satorov i iljadnici drugi.
Од: ivo
Датум: 10.03.2009 12:36:13
Дека избегал во Бугарија, е затоа што бил под големо влијание на сопругата Филимена. Таа го подбуцнувала против тогашното македонско раководство и постојано му велела: ’Гледаш, сите оние што беа во партизани имаат вили на Водно, а ти не доби ништо, иако имаш многу поголеми заслуги од сите нив .Таа е вистината.
Од: do mitko sidnej
Датум: 10.03.2009 12:43:21
Stevo, sinot na Krste, bese minister po 91. Krste, naroden heroj, i sekretar na CK SKJ do '69, bese zbrisan od politikata sedumdesetite , kako liberal i nacionalist.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2C453...41CCBF5F8A
07-11-2010 05:34 PM
Find all posts by this user Quote this message in a reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
Post: #43

Фељтон

Вистините и контроверзиите за Венко Марковски (9)


Вредни се само дванаесетина песни од првите збирки

Песните „Алтана“, „Жетварите“ и други од тој фонд на „Народни бигори“ и „Огинот“ се значајни за нашата современа поезија, вели академик Милан Ѓурчинов

Виктор Цветаноски



„Венко не може да биде прв основоположник на македонската современа поезија поради тоа што своите две стихозбирки ’Народни бигори‘ и ’Огинот‘ ги објави една година пред Рациновите ’Бели мугри‘. Рацин своите први песни на македонски јазик започнал да ги објавува уште од 1934 година во списанија од кои некои биле забранети затоа што неговите песни биле напишани на македонски. Не е битно што тие не се објавени во посебна збирка и не е важно кој издал стихозбирка прв, а кој втор. Најважен е квалитетот. А, поезијата на Венко Марковски според уметничките вредности заостанува зад поезијата на Кочо Рацин“. Ова накусo е ставот на академик Милан Ѓурчинов, еден од нашите најпознати литературни критичари.

„Во тоа време врз поставувањето на темелите на македонската нова поезија работеа цела плејада автори, а меѓу нив Кочо Рацин беше несомнено најталентиран, потоа Венко Марковски, кој напиша неколку одлични песни, Коле Неделковски, Мите Богоевски и други. Но, Рацин и Венко сигурно се најдобри наши поети од тој период, при што на Рацин му давам изразита предност. Рацин и денеска звучи неверојатно убедливо“, го образложува својот став академик Ѓурчинов.

Македонскиот академик вели дека кај Венко Марковски постојат три фази во развојот на неговата книжевност, за разлика од другите основачи на современата македонска литература, кои сите загинаа во војната. Венко се приклучил кон партизаните и станал амблем на антифашистичката борба за национално и социјално ослободување на Македонија. Бидејќи Рацин веќе не бил жив, тој тогаш останал единствен поет кој ја персонифицирал таа борба и учеството на народот во неа.

„Венко во првата фаза ги објави ’Народни бигори’ и ’Огинот’, кои се мошне значајни за почетоците на македонската современа поезија. За таа поезија имам напишано посебна статија и за поетските вредности на Венко и, притоа, избројав и таксативно ги спомнувам дванаесетина песни кои имаат несомнена и непобитна книжевно-уметничка вредност. На прво место е ’Алтана‘, па ’Жетварите‘ и други. И тој фонд од неговото творештво, според мене, треба апсолутно да биде интегриран во историјата на македонската литература, посебно во поезијата од дваесеттиот век“, вели Ѓурчинов.



Според него, проблемите со Венко настапиле подоцна, кога тој почнал да произведува огромна продукција, квантитет кој фасцинирал. Од 1938 до 1941 година, објавил 10 книги поезија. „Веќе тука се назреа неговите слабости како поет кога започна доследно и буквално да се придржува до поетиката на социјалистичкиот реализам. Тој на таа поетика остана доследен до крај на животот. Сакаше да биде соцреалистички поет, соцреализмот нему му беше образец“, нагласува Ѓурчинов.

За Венко во 1939 година во Софија Тодор Павлов напишал посебна книга во која од него направил светски поет. Го споредувал со Данте, со Хајне, Пушкин и со други познати светски поети. Таквите оцени на Павлов биле нереални и предимензионирани. А, Венко за цело време бил верен следбеник на теоријата на одразот на Тодор Павлов, кој бил еден од втемелувачите на соцреализмот. Според Ѓурчинов, од теориски и од историски аспект нема друго објаснување на она што се случило со Венко. Наместо да ја следи својата изворна инспирација, слично на Рацин, кој почнал да пишува потпирајќи се во голем степен на македонската народна песна, нешто што го има и кај него во првите стихозбирки, тој и' се додворувал на власта. „Врз база на народната песна, Венко создаде одлични песни, но она што Рацин го направи во ’Бели мугри’, стои повисоко од Венко. Ако се споредат уметничките вредности на поезија на Венко и на Рацин, според мене, Рациновите ’Бели мугри’ се апсолутно и непобитно врв на нашата поезија“, вели македонскиот литературен критичар.



Академик Ѓурчинов смета дека падот на Венко почнал уште во времето кога бил во партизаните, кога пишувал пригодна поезија, која служела за некои вонкнижевни потреби. „Во партизаните има напишано песни кои се надвор од секаков поетски контекст. За жал, тој е еден од оние балкански поети и писатели кои се уверени дека мора да одат заедно со власта, мора да ја имаат поддршката на оние што управуваат со земјата, со политиката. Ако ја немаат нивната поддршка, се чувствуваат немоќни, се чувствуваат изгубени. Тоа е една голема заблуда. Нему не му требало да се додворува никому. Венко во партизанските песни му се додворува на Тито, му пее оди на Светозар Вукмановиќ-Темпо, да не зборувам за Сталин. Според мене, недозволива е поезија која е во услуга на нешто што е чиста политика и тоа не може да даде резултати. Тој својот неоспорен талент сам си го упропасти. Тука доста придонесе и неговата природа, која беше многу суетна. Венко не дозволуваше никаква забелешка за тоа што ќе го напишеше“, објаснува академик Ѓурчинов.

Тој го поткрепува тоа со примерот кога неговиот соученик Свето Прокопиев, еден од најдобрите ученици во гимназијата во 1945 година, бил исклучен поради тоа што јавно рекол оти не се согласува дека Венко Марковски е генијален поет. Тоа било ерес зашто Венко тогаш бил идол. За него не смеело да се каже дека не е врв во поезијата. „Јас него првпат го запознав во салата на кино ’Култура‘ кога држеше предавање. Пред да почне рече: ’Јас, Венко Марковски, сум голем даб и целата македонска литература и култура се во моја сенка’. Ние знаевме што е литература уште тогаш и сфативме дека станува збор за нешто што излегува од рамките на она што може и треба да биде еден современ поет“, се сеќава македонскиот академик и додава дека Венко не еднаш изјавувал дека слободниот стих во светската поезија го создале Владимир Мајаковски, Гео Милев и тој.



Венко не се помирувал да биде втора виолина, ни на литературен ни на политички план. Останувајќи верен на доктрината на соцреализмот и неговата муза почнала да попушта, а појавата на новите поети и писатели Ацо Шопов, Славко Јаневски, Блаже Конески и други на него влијаела алармантно. „Тој не можеше да држи чекор со нив, макар што и нивната поезија во тоа време беше доста скромна, споредена со денешни мерила, но, сепак, таа беше многу повеќе отворена кон светот и поврзана со други погледи, со многу пошироки хоризонти и поголема естетска перспектива“, истакнува Ѓурчинов.

Нашиот познат литературен критичар вели дека со поетот се познавал добро зашто Венко бил подалечен роднина на неговата сопруга. Дури го именувала со „зете“ и често му велел: „Зете, внимавај што пишуваш“. „Со него главно имавме добри односи, а деновите пред тој да замине во Бугарија, го сретнав во прилично тешка состојба, едното око му беше затворено, имаше проблеми со очите. Кога го прашав каде тргнал, ми одговори дека оди на преврска во болница. При разделбата, ми рече нешто што многу ме изненади. ’Слушај, зете, разбрав дека правиш антологија на бугарската поезија за ’Нолит’. Ти мене ќе ме застапиш во неа како бугарски поет. Јас сум бугарски поет’. Не ја зедов за сериозно оваа негова изјава. Не го застапив зашто сметав дека тој тогаш беше апсолутно македонски поет“, вели Ѓурчинов.

Познатиот македонски литературен критичар посебно нагласува дека Венко во однос на неговата национална припадност имал тешки внатрешни колебања и дека тоа датирало уште од времето кога била објавена првата негова книга „Народни бигори“. Тој ни ја покажуваа збирката во која се објавени Венковите најдобри десетина песни и ни го чита предговорот во кој проф. Младенов тврди дека Венко бил поет од бугарскиот крај, дека бил македонски Бугарин, а јазикот на кој пишува бил бугарски дијалект и дека Венко е поет кој ја задолжува бугарската поезија. А, Венко сигурно знаел што напишал бугарскиот професор во предговорот на неговата книга и со тоа очигледно се согласил.

„Да се плука врз сопствениот народ, да се негира неговото постоење, неговиот јазик, неговиот идентитет, јас го сметам за крајно недостојно. На нашиот правопис тој е прв потписник. Никој не го натерал да се потпише прв. Тој документ постои. Постојат дводомни писатели во цел свет , кои имаат две татковини, кои пишуваат на различни јазици, но апсолутно несфатливо ми е да ги негираш сопствениот јазик и сопствениот корен, да го навредуваш и да фрлаш анатеми врз сопствениот народ поради некакви незадоволства. Нема друг таков пример“, заклучува академик Ѓурчинов, нагласувајќи дека Венко сам се уништил и извршил поетско самоубиство.

(Продолжува)


#
Статијата е прочитана 2405 пати.

Испрати коментар

Од: Mihajlov
Датум: 11.03.2009 00:42:50
Od edna strana Markovski e opishan, kako kako golem makedonec, no bedejkji ne mu bile oddadeni ochekuvanoto od nego priznanie i privilegii stanal predavnik i izbegal vo Bugarija, а od druga strana akademikot Gurchinov naveduva deka vo predgovorot na negovata prva kniga "Narodni bigori" stoelo deka toj bil makedonski bugarin i ochigledno toa ne mu smetalo.
Од: Skopsko
Датум: 11.03.2009 00:49:05
A sto ako covekot navistina bil bugarin/
Од: Janko Tomov,Avstralija
Датум: 11.03.2009 07:40:17
Se shto Venko Markovski, a i drugite pogolemi licnosti, koi se borele i davale dragoceni rezultati za makedonskata nacionalnost, drzavnost, makedonski jazik, kultura, Vera i sl., kako shto bile Todor Aleksandrov, Vanco Mihajlov, Metodi Andonov-Cento, Krste Crvenkovski i drugi, najpravilno e da se priznaat nivnite dobri dela, a da se negiraat nivnite loshi dela. Najvazno e site tie Makedonci, da ne dozvolime da bidat manipulirani od bugarite, grcite i srbite za nivni nacionalni kauzi, narocno vo Republika Makedonija, pravejki gi Bugari, Srbi ili Grci po rod, kako shto denes toa go pravat so “RATKO” (Vanco Mihajlov) bugarskite shovinisti. G-ginot Gurcinov, od MANU, najrealno go prikazuva literaturnoto tvoreshtvo na Venko Markovski i negovata opredelbata, za ili kako Bugarin, otkazuvajki se od makedonskata nacionalnost.Blagodarenie na g-din Cvetanovski i Utrinski Vesnik, so ovoj felton, se doaga do vistinata na nashata neodamneshna istorija.
Од: Pero Kocin-Sydney
Датум: 11.03.2009 08:52:08
Golema blagodarnost do "Utrinski" za ovoj Felton koj ni dava shiroki soznanija za Venko Markovski kako chovek, revolucioner, poet i na krajot predavnik na rodot makedonski. Go potkrepuvam mislenjeto na G-din Janko Tomov vo potpolnost kako da se postapi so deloto na Venko Markovski i da ne mu se otstapi vo celost na nashite vechni negatori.
Од: Baba Jana
Датум: 11.03.2009 09:11:00
Apsolutno se soglasuvam so ocenkata i vrednuvanjeto na ak.Gjurchinov vo vrska so tvoreshtvoto na Venko Markovski. Malku od negovata poezija ima vistinska umetnichka vrednost. Kocho Racin e daleku nad nego kako poet. Sporedbite so Dante, Pushkin i dr. se deplasirani. Inaku, za negovata narcisoidnost dovolno zboruva negovata izjava ( shto so sopstveni ushi sum ja slushnala) deka leksichkiot fond vo negovata poezija e pobogat od onoj kaj Shekspir. "Voluit Bulgarum esse - fiat!" ( Sakal da bide Bugarin - neka bide) . Makedonija rodi mnogu podobri poeti od nego. Ne sakal da bide nash- neka mu bide!
Од: Skopjanec
Датум: 11.03.2009 09:11:12
Mene se uste ne mie jasno. Od edna strana se gordeeme so Makedoncite vo Grcija, Bugarija i Albanija, a ako nekoj si Makedonec ako se proglasi za Bugarin e togas e toj predavnik. Ostajte gi lugeto koj kako sto se custvuva taka da se deklarira. Sega se vodi polemika da za Venko Markovski dali e Makedonec ili Bugarin. Bitno e covekot dal golem pridones za Makedonskata poezija. Na toa treba da se gleda.
Од: Стијан
Датум: 11.03.2009 10:24:25
Сиромав и беден Јанко Тодоров. Поима немаш од ншто. Не знаеш кој е Тодор Александров (македонски изрод кој себеси се есапеше Бугарин)? Ванчо Михајлов е типичен македнски изрод и сериски убиец. Неговите раце се крвави до гуша. Тој го уби Димо Хаџи Димов 1924 во Софија. Изродот кој никојпат недојде во македонија откако избега (единствено во 1944), умре на 94 години во Рим на 5 IX 1990 како Бугарин. Дојде неговата секретарка Боева сестрата на Боев. А за “Ратко“ псевдонимот на убицата која е збирштина на една група бугараши (изроди) платени од Бугарија, тепачи и затвореници и поима немаш.
Од: Владо
Датум: 11.03.2009 11:22:52
На авторот на овој фељтон секако му е познато дека Милан Ѓурчинов е потврден србоман, кој македонскиот јазик цел живот го говори со нагласен српски акцент, а во времето на осамостојувањето на Македонија застана на чело на т.н. Партија на Југословените. Тенденцијата на овој „авторитет“ да го омаловажи Венко Марковски просто излегува од контекст, тој наместо да се задржи на творештвото на Марковски не бира средства и начин како да го исплука и избербати нашиот поет. Срамно и жално!
Од: dzikovski
Датум: 11.03.2009 11:55:23
Знам дека нашиве во Австралија многу повеќе знаат политика и историја од ние што живееме во Македонија. Ама најискрено го молам господинот да не го става во ист ред Ченто со оние гадови. Барем тоа го заслужил ако не успеавме да направиме нешто повеќе за него. Флејтонов е одличен а за Венко нема потреба од полемика. Тука е целосно опишана неговата дејност.
Од: Projko
Датум: 11.03.2009 12:15:46
Повеќе од очигледно е дека Венко не бил политичар, а третирал полтитички теми сајакчи и го доброто на Македонија и Македонците. Да бил политичар ќе се притаел, а не да бега во бугарија и уште да се гласи за бугарин. Сакајќи да им наштети на оние што му ги срушија сите соништа од младоста, и наштети на Македонија, која толку многу ја љубеше. А кога еден добар поет бил и добар политичар? Поетот по природа е премногу емотивен и искрен за да биде политичар. Венко тоа го уништи.... Требаше да си остане во песните и јазикот, а политиката да ја гледа низ прозорец...
Од: gragjanin
Датум: 11.03.2009 13:23:32
Suetata e mnogu golema rabota.Znae da te napravi heroj, ama i da te frli vo kalta. I jas imam slushano za negovata golema sueta koja bila podbucnuvana: demek, ovie tuka ne ti gi priznavaat dovolno zaslugite, a onie tamu ke te velichaat. Taka da, ochigledno e deka nacionalnata pripadnost, vo ovoj sluchaj ne e tolku vazhna, samiot toj, poradi golemata sueta dozvolil da bide manipuliran i zatoa ne meshajte nacionalni chuvstva. Edna karakterna crta pridonesuva,vo vakvi vreminja, da se iskoristi za drugi celi. Neka pochiva vo mir
Од: Bogomil
Датум: 11.03.2009 13:54:21
Evidentno e deka deplasirana bi bila sekoja polemika, duri i nepotrebna za toa ssto bil po nacionalnost Venko, koga toj samiot vo brojni izjavi, intervjua, pa i vo svojata svoeraccno napissana biografija se deklariral kako Bugarin. Toa e negovo liccno pravo. Za analiza se onie ssto go pokttiknaa prassanjeto Venko kako Makedonec da im se vratel na Makedoncite. Vo niv e trulezzot nacionalen. Tie izgleda imaat problem so svojot nacionalen identitet. So takvite treba definitivno da se rasccisti. Tie se pirejot ssto ja zagaduva makedonskata nacionalna sredina. Venko si go otpeal svoeto. A ssto se odnesuva do negovite potomci, vratite na Makedonija ssirum im se otvoreni. Neka povelat, tie, kako i sekoj dobronamernik, se dobredojdeni.Posebno decata na Mile Markovski, sinot na Venko. Tie se vproccem i tuka rodeni.
Од: goran
Датум: 11.03.2009 13:59:41
Ne razbiram zosto nasite akademici, Gane Todorovski i sega Gurcinov,imaat seriozni poteskotii da go zacuvaat svojot naucen integritet. Pravat natprevar koj e za, a koj protiv Venko, namesto najvozdrzano i kriticki da go ocenat negovoto mesto vo nasata istorija. Kritickiot osvrt od knizevno estetska priroda, sto e prilozen vo natpisot, e sosema na mesto, no pazarskite sporedbi za toa deka Racin bil podobar i poprv od Venko e vistinski znak na pistrasnost. Covecki e da imate afinitet za odredeni avtori, no zarem, kako literaren kriticar se bavite so toa dali Konevski e podobar od Janevski ili pak Sopov e podobar od Todorovski.Se smetate za golem poznavac na Dostoevski, pa tokmu zatoa ocekuvav poseriozen psiholanaliticki pristap vo vaseto izlagenje, na tema koja sto ocigledno pobuduva golem interes kaj nas. Za zal, koga stanuva zbor za licna presmetka go stavate i Dostoevski na strana.Ete,zosto, kaj nas, tradicionalno “ZETOVCITE” gi bie los glas.Ne se predavnici, ama se sitni dusi.
Од: Makedonec od USA
Датум: 11.03.2009 17:30:52
Go chitam feljtonov za toj Venko i od edna strana go odbobruvam bidejki otvoreno intrevjuirate i objavuvate iskazi od eminenti sovremenici i istorichari,akademici i komentari.Od seto shto mozam da zaklucham e deka chovekot bil "Torbesh"(neka mi prostat Torbeshite)bidejki ja prodal nacionalnosta zatoa shto ne mu dale vila na Vodno,ne dobil politichka funkcija. G-dinot Gjurchinov ima dadeno najstruchna i najsoodvetna analiza za lichnosta i deloto na Venko,ama totalno me razochara dedo Kiro vo vcherashniot napis,kazuvajki deka Venko bil osnovopoloznik na Makedonskiot pravopis,organizator nakruzoci vo bibliotekata,a najgolema glupost mu e shto kazuva deka nego(Kirota) za kazna go ispratile vo Belgrad,ako bi bil kaznet ne bi vrshel tolku znachajni sojuzni funkcii i na kraj,za da ne bide omalovazen,stana chlen na sovetot na Federacijata od kade,kako od naftalin go izvadi Goshev.Po negovo i Ljubchoe vo pravo shto zema Bugarski pasosh,a go lazeshe narodot 15 godini.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=BD50D...E3657D89A1
07-11-2010 05:36 PM
Find all posts by this user Quote this message in a reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
Post: #44

Фељтон

Вистините и контроверзиите за Венко Марковски (10)

Венко не може да се стави пред Рацин


За некој да се прогласи прв основоположник на нашата современа литература, треба да се земат повеќе фактори, вели д-р Трајко Стаматоски

Виктор Цветаноски



„Венко Марковски треба да се гледа на два дела, оној дел додека твори на македонски и другиот дел кој не е македонски. За мене нема дилема во тоа каков е Венко во почетокот, каков е на крајот. На крајот тој ги изневерува виталните интереси на македонскиот народ. Меѓутоа, не може на Венко да му се оспори дека првите стихозбирки на македонски јазик се негови. Тоа е факт. Меѓутоа, мене ми пречи и не можам да се согласам дека Венко е прв основоположник на современата македонска литература. Не може Венко да биде пред Кочо Рацин, во никој случај. Без оглед на тоа дека една година пред ’Бели мугри’ се издадени ’Народни бигори’ и ’Огинот’“, вели д-р Трајко Стаматоски.

Оцена на познатиот лингвист е дека Рацин е поголема поетска фигура од Венко. На Рацин му биле отворени сите напредни списанија во тогашна Југославија, тој имал контакти со напредните југословенски поети, бил канет да учествува и да расправа за разни други општествено-политички прашања. „Рацин беше покомплетна личност и не може сега да се гледа само од еден факт. Не може некој да се става пред другиот, затоа што, на пример, еден ден порано влегол во борбата од тој што направил херојски дела во истата борба. Тука не може под никакви критериуми Венко да дојде пред Рацин. Несериозно е во таа смисла да се врши кај нас некое преоценување. Како ќе бидеме сфатени кај луѓето во светот што ја проучуваат македонската литература и, воопшто, македонската борба? За да се прогласи некој основоположник на што и да е има повеќе елементи што придонесуваат“, го образложува својот став Стаматоски.

Тој вели дека Венко за кодификација на македонскиот литературен јазик имал погрешен појдовен став и постојано потенцирал: „Ние поетите ќе го правиме јазикот, не можете вие лингвистите и научниците“. „И поради таквиот негов став дојде до напуштање на првата Комисија од страна на Блаже Конески на кого не му било многу лесно да го направи тоа на три дена по ослободувањето на Скопје, кога можело секако да биде сфатено. Како што ми кажуваше, тој не се согласувал со начинот на работењето на Комисијата. Барал да се работи според определен систем и кога видел дека не се работи систематски, оценил дека е илузорно да се остани во Комисијата. Други причини немало“, подвлекува Стаматоски.



Македонскиот лингвист посебно нагласува дека сегашната азбука и правопис 90 отсто се дело на Блаже Конески. „Тоа што ние денес имаме ваков развој на јазикот, што има ваков прием, што нема ништо посериозно да се забележи на кодификацијата на јазикот значи дека тој е поставен на здрава основа, дека го поставил човек што го знаел патот поминат пред тоа, што го знаел Мисиркова добро. А, Венко не бил упатен и во Мисирков и пред Мисирков“, смета Стаматоски.

Притоа, тој ни објаснува дека Блаже Конески бил против тоа да се бараат странски стручњаци и велел дека ние самите треба да го изградиме јазикот по сопствено чувство, зашто не можат странците да го чувствуваат јазикот како ние.

„Венко беше многу суетен човек. Тој виде дека почнаа да се јавуваат луѓе со поголема силина на зборот. Да речеме се јавија веднаш по војната првите поети, да ги земеме само Блаже Конески, Славко Јаневски, Ацо Шопов. Блаже беше од првите водили, тој првите години ги напиша неговите антологиски песни ’Тешкото’, ’Везилка’ и оние други кои даваат белег на македонската литература. Едноставно, тој не можеше да го издржи тоа. А, имаше голема моќ, првите години беше член на Президиумот, член на АВНОЈ. Не знам кој тогаш од областа на литературата можеше да се мери со него со својата политичка моќ. Тој виде дека заостанува и нормално во неговите сфаќања се вршело кршење, настанувале ломови. Не можејќи да се сообрази со средината, со новите моменти, со појавата на нови луѓе се најде таму каде што се најде“, подвлекува Стаматоски.

Според него, Венко Марковски имал многу високо мислење за себе. Не можел да поднесе кога некој ќе напишел нешто убаво или, пак, ќе добиел некоја награда. „Еднаш дојде во Институтот за македонски јазик, каде што бевме Крум Тошев, кој беше директор, Благој Корубин и јас. Ни вели: ’Вие направивте српски јазик, вие сте сите Српчиња. Тогаш Тошев му одговори налутено: ’Дали си чул за Пере Тошев и дали знаеш кој е тој? Пере ми е чичко, роден брат на татко ми и може ли јас негов внук да бидам Српче. Тогаш првпат видов да се навреди Тошев, кој беше многу смирен и коректен човек. Венко не внимаваше што зборува, како ќе настапи“, раскажува Стаматоски.

Тој смета дека треба објективно да се каже за периодот кога Венко настапува како Македонец, да се претстави сето она што го напишал на македонски, меѓутоа, според него, не може да се рехабилитира човек што плукал врз нас, Македонците, врз македонската нација и јазик. „Тогаш на што ќе личиме пред другите, пред светот“, заклучува Стаматоски.



Писателот Јован Павловски вели дека тие што го иницираат прашањето за исправување некаква неправда спрема Венко Марковски, всушност, чукаат на отворена врата, зашто никој не му го оспорува на поетот она што тој го напишал на македонски јазик и дека сите го сметаат за еден од основоположниците на современата македонска литература. Тој, притоа, ни го цитира она што е напишани за Венко во енциклопедискиот именик за личности од Македонија, објавен во 2002 година, во кој е определен како еден од основоположниците на современата македонска литература и каде што децидно стои дека неговите стихозбирки „Народни бигори“ и „Огинот“, отпечатени во 1938 година, се првите книги со стихови издадени на македонски јазик.

Меѓутоа, во енциклопедискиот именик тој се определува и како трагична личност на македонската култура и литература. „Со својата поезија, со активното учество во работата на трите комисии за нострификација на македонскиот литературен јазик (1944-1945), Марковски беше се вградил себеси во самиот врв на значајни личности на новото, современо македонско опстојување. Со низата свои судири со општеството и личната драма околу својата народносна припадност, особено по неговото дефинитивно заминување во Бугарија, каде што се декларира како Бугарин, а седум дена пред својата смрт во интервјуто за Бугарската ТВ, со изјавата дека македонскиот народ не постои, дека не постои и македонскиот јазик, што тој го создал по директива на Бугарската комунистичка партија, која била под силно влијание на Коминтерната, ја откри својата незрела и човечка и литературна натура“, вели писателот Јован Павловски.



За тоа дека Венко бил многу суетен и не можел да се помири некој поет да биде пред него пишува и Михаил Сматракалев со кого заедно членувале во Македонскиот литературен кружок во Софија. Во еден запис за едно литературно читање во Народниот театар во Скопје во првата година по ослободувањето, на кое се собрал многу народ, Сматракалев ќе запише: „Читавме: Ѓорѓи Абаџиев, Стефан Аврамов, Венко Марковски и јас. Мислам оти имаше уште еден-двајца од Вардарците... Јас ја читав ’Песна за моите реки’ и други стихотворби. Приемот од публиката беше многу добар и јас привлеков најголемо внимание. Ми направија големи овации и неколкупати ме повикуваа на бис. Но, тоа не му се допадна на Венко Марковски и тој ми рече оти успехот се должи на јазикот, т.е. сум читал на бугарски, а не на македонски, јазикот на кој читаше тој. ’Ова е од јазикот’, ми повтори неколкупати.. Јас му одговорив: ’А, бе, Венко, не завидувај ми на успехот. Јас не сум поет, поетот си ти, јас немам претензии. Но, тие стихови сум ги напишал од срце’“, пишува Сматракалев.

„На Венко никако не му се допаѓаше таа интимност и таквото признание од слушателите. Тој не признаваше друг поет освен себе. Многупати за Вапцаров ќе ми речеше оти е ’талент, ама не се разви’“, пишува Сматракалев во записот од литературното читање.

(Продолжува)




#
Статијата е прочитана 2809 пати.

Испрати коментар

Од: lule
Датум: 12.03.2009 08:35:11
Suetata nema vrska so patriotizmot i so ona shto sakame da go ocrnime ovoj covek. Site vrvni pisateli i naucnici bile suetni.
Од: ДТ
Датум: 12.03.2009 09:42:51
Почитуван г, Стаматовски, Неоспорно е дека е Рацин голем, неповторлив поет, но ако не го отепаа (не се правете наивни дека е несреќен случај) сигурно ќе завреше на Голи Оток па кој знае како и тој ќе се однесувае во после военото просрпско време. Затоа не споредувајте различни времиња на животот на двајцата поети, Инаку можеби бил суетен но сигурно го зборувал тоа што го мисли па Вам тоа не Ви одговара, а бил сигурно во право затоа што сите горенаброени поети се просрпски настроени. Впрочем кој во бишата СФРЈ ќе одеше за амбасадор ако не беше на линија. Ви знаете на кого мислам, Поздрав до сите што се вклучени во оваа акција,
Од: dame
Датум: 12.03.2009 09:46:25
se soglasuvam so predniot komentar! duri poveketo ot umetnicite na kraj na zivotot gi primili vo kliniki za psihicki bolni luge. taka da e normalno eden golem umetnik ili poet da e sueten i da saka da gi pocituvaat!
Од: Tode 1
Датум: 12.03.2009 10:23:02
Ocigledno deka nepostoi megju Makedoncite pogolem bugarski patriot od Venko Markovski i zatoa treba da se rehabilitira kako najgolemiot plukac na se sto e makedonsko,a pak dali toa go napravil od sueta ili drugo,ne e vazno.
Од: Saso
Датум: 12.03.2009 10:26:27
Bilo koj covek vo bilo koj period od zivotot ako se otkaze od svojot identitet toj e predavnik. Dali otkazuvanjeto e so zemanje tug pasos ili so izjava ili pak na drug nacin,seedno e. Moze i predhodnite dela sto gi napravil da bidat od neprocenliva vrednost za nacijata , no sepak nema pokajanie Predavnik si e Predavnik. Komentarot ne se odnesuva za niedna konkretna licnost...
Од: Projko
Датум: 12.03.2009 10:41:27
Очигледно, почетокот на Венко е природен, средината е голгота, а крајот е, исто како и неговата голгота, создаден. Отфрлениот се изгуби во отфрленоста и побара можна поткрепа за барем скапо да се продаде, што, исто така, скапо го плати...Зошто не се бараат и виновниците што го искреираа отпадништвото на Венко? Или тие се уште имаат власт во рацете и можат да ги определуваат тековите на нашите погледи и видувања. Кому е гајле што Македонецот денес и го мрази Венко, и страда заради него, односно заради изневерените национални идеали. Денес ниту Венко зависи од Македонија, ниту Таа од него. Треба да се знае целата вистина - за да не се повторат црнилата од минатото...
Од: Baba Jana
Датум: 12.03.2009 10:49:50
Do Lule: Vistina e deka site umetnici, vklucuvajki gi i poetite se suetni, ( kako i site luge, pomalku ili poveke), no Venkovata sueta bese patoloska. Taa go napravi predavnik na svojot rod. Vprocem, zosto toj bi se smetal za osnovopoloznok na makedonskata poezija? Kade e Konstantin Miladinov? "T'ga za jug" na koj jazik e napisana? I toa uste vo 19 vek. Da nema dilemi: Venko e samo dobar poet, no Blaze Koneski, Aco Sopoc, Slavko Janevski daleku go nadvisija Venko kon vrvovite na Parnas.
Од: Nepoznat
Датум: 12.03.2009 11:53:26
Do Lule: Nikoj ne saka da go ocrni Venko. Toj sam se ocrnil, otkazhuvajke se od najsvetoto neshto na svetot – tatkovinata. I ne samo se odkazhal, no i plukal po neja, pokazhuvajki deka nema chovechko dostoinstvo. Toa shto sam si go napravi chovek i gospod ne mozhe da mu go napravi!
Од: патриот
Датум: 12.03.2009 12:45:55
Интересно прашање, на кој јазик е напишана „Т`га за југ“. Па, напишана е на наш јазик, но за жал тој наш јазик денес го нема темниот вокал заради кој Венко водеше битка со Конески и наместо „т`га“, денес зборот е „тага“. Миладиновци твореле на наш јазик, несрбизиран јазик, за кој јазик се борел и Венко, и токму затоа го пратија на Голи Оток, затоа што не сакаше да игра „ужичко коло“ какво што играше Блаже Конески.
Од: goran
Датум: 12.03.2009 17:53:05
Od izlaganjeto na ovoj nas istaknat lngvist ne moze da razbere sto e vistinskiot pridones na Venko za makedonskiot sovremen jazik. Negovata izjava za rabotata na komisijata ne se sovpaga so stenogramite na istata, objaveni vo 1988, kade sto tocno moze da se vidat stavovite na nejzinite ucesnici. Celata Vasa generacija,zaedno so Baba Jana, e opsednata so negovata sueta i so toa koj e poprv ; Racin ili Venko.Kompletna licnost bil kritrium za vistinskiot istoriski pridones na eden deec.Znaci, ni Bil Clinton ne moze da konkurira vo rubrikata “Istoriski licnosti” na Dr.Trajce.Ako bil pretsedatel. Ne mu se vazi. Do Baba Jana: Mi lici deka Venko trebal da Vi obrati poveke vnimanie.Se custvuvate, nekako, zapostavena. Blaze, Aco, Gane, Slavko se sigurno podobri, ama ne se Bodler, Rembo i Edgar Alan Po .Poslednive trojca ne se Akademici.Se drogirale, trguvale so oruzje.Kompletni licnosti, sto bi rekol Dr.Trajce. Pozdrav do Baba Jana so repot: Bodler, Rembo i Edgar Alan Po, YO!
Од: taipov abdula-turk
Датум: 12.03.2009 20:27:31
Sega da bese Lubco Georgievski ke gi prifatese ovie komentari vo vrska so V.Markovski i mozese da go rehabilitura samo sega e toa tesko. Vo momentot koga RM pominuva edna od naj teskite denovi vo svojata istorija se pobuduvaat strastite na Grcija i Bugarija ve molam da gi ostavime rabotite shto se slucija vo Bosna i Kosovo dodeka nie bevme vo zaednistvo vo SFRJ dali pamti nekoj da Srbija se ponasa kako Grcija i Bugarija makedonskata nacija bese polnopravno priznaena so imeto SRM ili od pocetokot FNRJ za kakvi gluposti pisuvate za izdajnici sto ja prodale svoeto nacionalno bitie pa trebalo da se rehabilitira toa se gluposti na kvadrat. RM-ima dovolen broj na pisateli koji i vo ovaa ekonomska kriza ne se predeavaat pisuvaat i go branaat svojot nacionalen identitet i nacionalno bitie.Bugarite i Grcite neka puknaat od maka RM.e bibliska i sveta zemja "koj dusman vleguva ziv ne izleguva"


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=F536C...CC7B684E34
07-11-2010 05:38 PM
Find all posts by this user Quote this message in a reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
Post: #45

Фељтон

Вистините и контроверзиите за Венко Марковски (11)



Вујко ми не пребега, туку беше протеран

Неговото заминување во Бугарија било договорено меѓу Тито и Живков, тврди Бранислава Бојчин, внука од сестра на Венко

Виктор Цветаноски


Венко Марковски не пребегал во Бугарија, туку бил протеран по договорот што бил постигнат меѓу Тито и Тодор Живков во Белград, на кој присуствувал и Крсте Црвенковски. Тој никогаш не отишол да ги лекува очите во Одеса, туку директно бил испратен во Софија. Ова го тврди внуката од неговата најмала сестра, Бранислава Бојчин.

„Еднаш кај нас дома дојде Крсте Црвенковски заедно со Илија Џувалековски, кој е вујко на мојот сопруг. Маж ми, кој инаку е архитект, подготвуваше некаков проект и кај нас во дневната соба гледаа една макета. Во истата соба имавме портрет на Венко што му го нацртал некој затвореник во логорот ’Ени Ќој’ во 1942 година во Бугарија. Нормално, на сите не им кажувавме кој е, зашто се плашевме од реперкусии. За неупатените кога ќе прашаа, им велевме дека е прилепски трговец, роднина на маж ми. Знаете какви времиња беа тогаш, секој близок на Венко беше непријател на државата. Кога влезе Крсте и кога го виде портретот, ни се сврте и ни вели: ’Што бара Венко овде‘. Не знаеше дека сум негова внука. Се сеќавам, син ми се обиде да не' извади од ситуација велејќи му: ’Не, тоа е вујко на татко ми’. Тогаш Крсте му се обрати со зборовите: ’Море, немој да ми кажуваш, ова е Венко, јас го познавав многу добро’. Портретот навистина беше успешен и секој што го познаваше вујко ми веднаш знаеше дека е тој. Тој портрет го зеде син ми во Холандија. Архитект е и таму живее“, раскажува 68-годишната Бојчин, која мошне добро се сеќава на патилата на својот вујко Венко и на целото семејство.



Таа вели дека тогаш Крсте Црвенковски им раскажал оти во 1964 година во Белград, за време на една средба на Тито и Тодор Живков, на која го викнале и него, се договарале што да прават со Венко. Тито сметал дека му прави проблеми и дека е подобро да го тргне од Југославија, зашто за него се интересирале и од Обединетите нации. Предложиле три варијанти: да се испрати во Кина, во Советскиот Сојуз или, пак, во Бугарија. На крајот решиле да го испратат во Софија.

„Не е точно она што се пишува дека тој морал да замине во странство на операција поради тоа што видот нагло му се влошувал. Тоа е приказна за мали деца. Вујко ми навистина имаше слаб вид, носеше очила, имаше диоптрија плус четири, како што имам и јас сега, но никогаш не се оперира. Документите за да замине во странство ги средил Крсте Црвенковски, а д-р Миовски, очен лекар, напишал лажна потврда дека на Венко многу му се влошува видот и мора итно да се оперира во странство. Тој воопшто не отишол во Одеса на операција, туку директно заминал за Бугарија и тоа една година порано, во почетокот на 1965 година, а не во 1966 како што тврдат. Неговиот престој во Софија извесен период бил тајна, а потоа јавно се кажало дека пребегал“, раскажува неговата внука.



Венко Марковски припаѓа на познато семејство, во кое сите завршувале факултети. Неговата најстара сестра Параскева е родена во 1902 година и има завршено Економски факултет. Таа била полиглот, една од клучните личности во фамилијата која ги насочувала помладите што да прават во животот . Она ги упатувала другите две сестри, Вера и Дока, и братот Венко да ги читаат руските класици и да учат странски јазици. Големата љубов спрема Македонија на Венко му ја всадила Параскева, која била интелигентна и многу убава жена. Како млада била член на ВМРО до 1925 година, се' до доаѓањето на чело на организација на Иван Михајлов. Таа не се согласувала со македонското прашање и физичките ликвидации што ги вршел врз македонски напредни револуционери поради што ја исклучиле од организација. Имало наредба да ја убијат, но ја спасил нејзиниот свршеник, д-р Боздов, кој беше прв декан на Медицинскиот факултет на Скопје. Тогаш таа расчистила со ВМРО.

„Мајка ми Дока и тетка ми Вера зборуваа само француски, а вујко ми Венко и тетка ми Параскева повеќе јазици. Вера беше родена во 1904 година, мајка ми во 1914 година, а девет месеци подоцна Венко. Ние сите живеевме како една фамилија во две куќи, една до друга, зад тогашната Женска гимназија, трите сестри во едната, а Венко со семејството во другата“, раскажува Бранислава Бојчин, очигледно револтирана од неправдата што му е нанесена на нејзиниот вујко и од тоа што денес некои кажуваат многу невистини за него.



Таа нагласува дека тој бил добар човек по природа, секогаш насмеан, без оглед на се' што му се случувало нему и на семејството. „Кога го следеа него, не' следеа и нас, ме следеа и мене. За време на Информбирото во 1948 година, не беше затворен поради тоа што се определил за ИБ, туку поради ’Тома Горин‘, роман во стихови, во кој го величеше Сталин. Иако бев мала, добро се сеќавам дека го криеја со мајка ми во нашата куќа под една штица, врз која беа моите играчки. Јас не сум го прочитала. Ракописот е во Архивот на Македонија, меѓутоа ги нема првите 126 страници. Не знаеја да објаснат каде исчезнале. Тогаш сите ги уапсија. Во затвор беа неговата сопруга Филимена, нејзиниот брат, татко и мајка. Мајка ми ја затворија малку подоцна. Сите беа во заедничкиот затвор, а мајка ми и вујко ми во канцери. Во затвор ги држеа шест месеци, без да ги судат“, раскажува Бранислава Бочин.



Зошто биле пуштени таа не може да објасни, но добро се сеќава на еден настан пред да ги пушат. Дома заѕвонил телефонот, а во собата немало никој, освен тетка и' Параскева, која била неподвижна и тешко болна од рак, пред умирање. Крај телефонот се нашла таа и ја кренала слушалката, а од другата страна и' се обратил многу љубезен глас кој и рекол: „Красиваја маја дјевочка“. Веднаш телефонот и' го подала на тетка и' Параскева, која знаела руски.

„Кога ја прашав кој беше на телефонот, ми рече дека се јавил лично Сталин и и' рекол дека Тито нема сили да му се спротивстави на Венка и на другите и ќе ги пуштат. Навистина утредента ги пуштија. Дали беше навистина Сталин не знам“, раскажува внуката Бранислава

Вечерта кога вујко и' Венко си дошол дома, се собрале многумина глумци од театарот каде што работел како драматург, дошле и поети и ликовни уметници. „Подоцна ја напиша и драмата ’Гоце’, а Кирил Македонски напиша опера за неа. Во тој период вујко ми се дружеше со Кирил Македонски и писателот Душко Наневски. Тогаш ги напиша ’Современи парадокси‘. Се сеќавам на првите стихови, ’На белом двору црни орао граче у Југославији озакоњена пљачка’. За тоа дело го судеа во 1956 година, јануари или февруари, во старата зграда на Окружниот суд. Го судеа петмина судии, претседаваше Боро Доганџиски, а адвокатот Панта Поленак му беше доделен да го брани по службена должност. Обвинител беше Панта Марина“, раскажува Бојчин.

Првиот ден имаше протести на студенти, но брзо беа растурени. На обвинителна клупа беа вујко ми Венко, Кирил Македонски и Душко Наневски, кој тогаш беше студент. Секој доби различна казна. Вујко ми го пратија на Голи Оток, Кирил Македонски одлежа 2-3 години, не се сеќавам точно колку, а Душко Нанески од големи тепачки и малтретирања добил епилепсија. Со него не сум имала контакти, но знаев од мајка ми дека имал сериозни последици од тепањето во затворот“, додава Бранислава Бојчин.

(Продолжува)


#
Статијата е прочитана 2358 пати.

Испрати коментар

Од: risto
Датум: 13.03.2009 00:12:17
se javil licno stalin?haaaaaahaaaaaaaaaahaaaaaaaa. dobra prikazna
Од: Венедикт
Датум: 13.03.2009 01:53:37
Конечно почнува клопчето на вистината да се распредува. Венко е политичка жртва, а не бугароман како што сакаат кваэи академиците да го представат. И прашање е до кога ке се кријат огромните историски вистини эа луѓето и настаните? Некој како Гане, старделов, Ѓурчинов, Гроэданов прават голем профит од нивните фантаэмагории.
Од: Angele L. Vretoski
Датум: 13.03.2009 02:39:55
Македонски поет/писател кој пишува или пишувал против постоењето на Македонската Нација, Јазик, Историја, Култура, Фолклор и Црква на таквото лице местото му е на БУНИШТЕ. Ова важи и за оние кои го ширеле југословенстото а сега словено/славјанството.
Од: Makedonec
Датум: 13.03.2009 03:50:08
A be shto zboruva ovaa,i da zaminal vo Kina,ili Afrika,toj ke se kazuval deka e Bugarin,a zena mu Filimena ke go kritikuvala deka dzabe se borel,a ne dobil vila na Vodno kako drugite Komunisti.Zalno e shto ima mnogu Makedonci shto si go prodavaat nacionalniot identitet,pochnuvajki od Ljubcho Georgievski,vo Amerika ima nad 2000 Makedonci koi se izjasnuvaat ili se chuvstvuvaat kako Srbi.
Од: rakita.
Датум: 13.03.2009 05:41:24
Isti slucaj i kaj Vratnica, ama so pogolemi tragedii.
Од: od bobby svetska
Датум: 13.03.2009 06:41:39
Tova e vistinata na Venko deka e prav Makedonec a ne kako sto go falsifikuva starite komunisti so pozdravi.
Од: Сосовременик
Датум: 13.03.2009 07:50:46
Полека но сигурно испливува вистината. Штом Параскева била член на ВМРО (без раслика на кој водач од изродите Т. Александров или убиецот В. Михајлов), а ја спасил д-р Бозов (кој бил во групата на Чкатров, Ѓузелов, Китинчев, Светиев и др. судени по војната) а по војната заради неговите активности тргнат од деканската функција на Медицинскиот факултет, станува јасно зошто Венко Марковски заминал за Бугарија а не како некои вистински патриоти во земјите на западна Европа. Бил во право “Крвта вода небидува.“
Од: Baba Jana
Датум: 13.03.2009 09:49:34
Do Venedikt ( ili Benedikt?) Venko ne bil bugaroman, tuku Bugarin. Toj jasno i glasno toa go izjavil na bugarskata TV sedum dena pred da pocine. Ne mi smeta sto toj e Bugarin, tuku zestoko se protivam toj i mene i siot moj narod da ne pravi Bugari. Ne vredi za nego voopsto da se zboruva kaj nas. Neka si go slavat negovite Bugari. A prasuvam, sto e gospogjata Branislava? Slobodno neka si se izjasni kako Bugarka, zasto ocigledno i taa e Bugarka kako vujko i celoto nejzino semejstvo. Neka se. Samo neka ne ni kazuvaat prikazni za deca, bidejki i nie znaeme i pametime nesto za Venko i Filimena. Ubavo im e tamu - neka si ostanat kade sto se. A prikaznite za javuvanjeto na Stalin i stravot na Tito od Venko se smesni. Tolku. P.S. Gospogjata neka ne zboruva vo minato opredeleno vreme, zasto tesko moze, spored nejzinata vozrast, da se sekava detalno sto se slucuvalo koga vujko i bil "proteran"
Од: Zagrev
Датум: 13.03.2009 10:19:34
Abe onaj '"makedonoid" Angele Vretenoski ne priznava nisto, ni jugoslovenstvo pa ni slavajnstvo, samo "antika i makedonoidsvo"korenot na belata raca vo univerzumot. Sto da reces drugo , osmev zagrevota.
Од: Projko
Датум: 13.03.2009 11:03:27
Сето ова збуува до бескрај. Едно е јасно: секој македонец што се гласел во српско време, бил огласен како бугарин или про-бугарски. За таквата политика немало Македонци, туку србизирани бугари или бугаризирани срби. Затоа сите тие се се’ само не македонци и за едните и за другите. Немаше место за Македонци. Така се кроела политиката, особено по поделбата на Македонија - нас Македонците да не нема. Затоа и денешниве современи странпатишта, она уа бугари%уа срби - си викаа едни на други =македонците. Ова е повеќе од жалосно, но и кобно, оти е против македонската иднина... Некои се уште сакаат да не нема...Венко е само една крупна епизода во мачната историја на Македонија...
Од: krivoshija
Датум: 13.03.2009 12:03:03
Bravo Baba Jano. Velat postarite dobro rezoniraat.
Од: Tode 1
Датум: 13.03.2009 12:13:14
Kako Venko pisuval i na srpski,znaci bil i srpski poet,trodomen.Ako vo zbirkata pesni zborel deka vo beliot dvor zivee aramijata,sto se odnesuva na Tito,togas dobro prosol,deka drugi za istoto gubele i glavi a toj bil proteran vo svojata omilena Bugarija.Ako vo isto vreme go velical Stalina a ne go isplukal kako drugite koi duri nakraj i socijalizmot go isplukaa,zosto togas kako cvrt stalinist ne ostanal i cvrst makedonist tuku pocnal da pluka na Makedonija,sto zort videl sega vo Bugarija.Konfuzen covek.vejka na veterot/
Од: goran
Датум: 13.03.2009 14:49:20
Do Baba Jana: Gledam kolku zanes Baba Jano. Ti sigurno ne si od Skopje, a ne si ni od UDBA. Gospodjata Bojcin e po tatko Srbinka. Radosavjevic i e mominskoto prezime. Odi proveri vo Vnatresni. Majka i Doka, zabarkata, ja poznavase celo Skopje. Tebe sigurno ne ti gi popravala zabite.Se gleda,se uste dobro te sluzat. Cenam sto se custvuvas Makedonka. I jas sum Makedonec.Losite zborovi sto gi kazal Venko nemozat da se odrecat I da se zaboravat. Sting pee:Istorijata nisto ne ne naucuva. Ima pravo, taa samo se povtoruva i pokazuva kolku e ranliv covekot.Kasni si popara Baba Jano,i oladi se. Pusti “The Police” da ti ja otpee “Massage in a Bottle “. A porakata e : nemoze nikoj da te napravi toa sto ne si. Peace baba Jano!!! (pis Baba Jano)
Од: ivo od Sofia
Датум: 13.03.2009 15:53:46
Проф. д-р Стерјо Боздов, првиот декан на Медицинскиот факултет во Скопје, ги поздравувал присутните Подоцна, Проф.д-р Стерјо Боздов ќе изјави: “Ми беше јасно со какви тешкотии ќе треба да се соочиме само со создавањето на база. Кога во разговор со членовите на матичната комисија прашав: дали сериозно мислеле дека монтажните бараки ќе можат да послужат за теоретски институти насмевнувајќи се доборнамерно, одговорија: македонскиот народ има слобода и потреба од лекари. Тешкотиите ќе треба да се совладаат. Никогаш не ме опфатил поголем ентузијазам. Во тие денови како да ја почуствував реалната вредност на слободата на еден народ. Започнува изградба на една од културните вредности на овој народ”.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=1E490...14AA6B6C53
07-11-2010 05:39 PM
Find all posts by this user Quote this message in a reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
Post: #46

Фељтон

Вистините и контроверзиите за Венко Марковски (12)

Го понижија, мереше жито на пазарчето во Ѓорче


Баба ми Љуба препека за него, чекаше да се врати од Голи Оток, па да си умре, раскажува внуката на Венко

Виктор Цветаноски



Венко се вратил од Голи Оток во 1961 година. Одлежал точно пет години, до последен ден. Од пустиот каменест остров имал право да се јавува само еднаш месечно, и тоа со писмо на мало ливче хартија со дванаесет реда. Не смеел да пишува од другата страна. На ливчето кое го добивала неговата сопруга Филимена најчесто пишувал поезија. „Додека беше на Голи Оток, мајка ми отиде двапати да си го посети братот. Од една таква посета се врати многу разочарана и депримирана. Ни кажуваше дека на неговата глава забележала длабока рана долга околу 12 сантиметри. Најверојатно бил тепан. Со вујко ми не можела да разговара зашто за цело време до нив стоел полицаец.

Кога се вратил Венко од Голи Оток, не контактирал со никого. Три години му биле укинати сите граѓански права. За да го понижат, го вработиле на пазарчето во Ѓорче Петров да мери жито на големо. Работата ја прифатил и таму останал до 1964 година. Неговата внука вели дека нему повеќето проблеми му ги создавал Лазар Колишевски отколку Тито.

„Баба ми Љуба препека додека не се врати од Голи Оток.

Беше многу мирна жена, синот на Венко, Миле, беше на неа. Откако го затворија, пропуши. Никому не му се жалеше. Чекаше да се врати, па да си умре. Кога си дојде во 1961 година, многу му се израдува. Потоа почна да одбива храна, престана да јаде и почина наредната година. На мајка ми во една прилика и' се исповедала: ’Одбивам да јадам, зашто претчувствувам дека Венко повторно нешто ќе го снајде, не можам да издржам уште една таква несреќа’. А, дедо Милан почина многу рано, од инфаркт кога дознал дека Бугарите го затвориле вујко ми во ’Ени Ќој’“, додава неговата внука.

Таа објаснува дека Венко ништо не говорел за Голи Оток. Само еднаш прозборел, а за тоа виновна била таа. „Бев на втора година на Правниот факултет, подготвував уставно право. Учев од една огромна книга на Ѓорѓевиќ, многу тешка за учење. Ќе почнев да ја читам, ќе се изнервирав и ќе ја фрлев во едно ќоше, па пак ќе ја земев. И така неколкупати. Кога еднаш ја фрлив, влезе вујко ми и ми вели: ’Што ти е виновна книгата’. ’Многу е тешка и голема, не можам да ја научам’ , му се пожалив. ’Слушај, ми вели, сега си рекла и никогаш повеќе да не те чујам. А, знаеш што значи да ти ја отвораат устата и да ти викаат: ’Сакаш да пееш Венјамине, ајде пеј’ и да ти плукаат во уста“, раскажува Бранислава Бојчин.



Тоа се случило првите месеци откако се вратил, а потоа занемел. Кај нив никој не доаѓал, ниту, пак, тој одел некаде. А, пред да го осудат, навраќале Бранко Варошлија и композиторот Властимир Николовски. „Кога Властимир Николовски еднаш замина од дома, му реков на вујко ми: ’Каков музичар е тој кога седнува на клавирот и лактите ги потпира на клавијатурата. Како тогаш тој создава музика’. Тогаш налутено ми се обрати: ’Ти да молчиш, тој има задача, па затоа доаѓа тука и внимавај што зборуваш пред него’. Знаеше дека Властимир Николовски го кодоши“, вели таа.

Семејството Бојчин и Филимена, сопругата на Венко, денес немаат никакви контакти. Ги влошиле односите по една нејзина изјава дека вујко и' Венко одел кај Вера Талеска, сопругата на Властимир Николовски, за таа да го моли Крсте Црвенковски да му дадат задграничен пасош да избега во странство и дека нивната ќерка Султана била малтретирана во Македонија. „Ниту тогаш имаше задгранични пасоши ниту, пак, вујко ми Венко молел да му дадат пасош. Се знае која беше Вера Талеска. Нејзин брат беше Благој Талески, претседател на тогашното Собрание на Македонија. ’Ако не знаеш, молчи, немој да измислуваш’, и' реков. Изјавуваше дека вујко ми Венко спасил некој бугарски адвокат од затвор во Бугарија. Не е точно. Од затвор е спасен од Петре Богданов-Кочко и од Кузман Јосифовски-Питу, кои заедно со Филимена и Миле ги префрлиле во партизани“, подвлекува неговата внука.

Венко бил бунтовен, отворен и вистината ја кажувал в очи, но за дипломатија не го бидувало, па затоа настрадал, смета неговата внука. Ја прашуваме зошто нејзиниот вујко откако отишол во Софија се декларирал како Бугарин и постојано пишувал антимакедонски книги. „Тие што го критикуваат нека се стават во неговата кожа, не дај боже да им го убијат детето, па да видам како ќе се однесуваат, дали нема да пишуваат нешто по порачка. Сите тие работи ги напиша по смртта на синот Миле. Некои овде денес за ситни пари се продаваат, а не да ти убијат дете. Се знаат неговите национални чувства. Тој си беше Македонец. За него беа главни Егеј, Пирин и Вардар“, вели таа и ни ги рецитира познати стихови на Венко: „Да сетиш Егеј да те гали/да знаеш Вардар како дише/да видиш ноќ на свети скали/под сводот Пирин што ги виши/О, нема ли да бидеш горд“.



Вујко и' Венко не бил вмровец, но бил член на ТМРО. Бил добар пријател со Мирослав Крлежа. Се запознале кога имал 15-16 години кога во Скопје се изведувале некои драми на хрватскиот писател. Кога дошол во Скопје, Крлежа побарал да се види со авторот на песната „Жетварите“. Се запознале во хотел „Турист“ и оттогаш станале големи пријатели. Во тоа време Венко го затвориле како член на ТМРО и го суделе, а Крлежа го обезбедил и платил да го брани Анте Павелиќ, тогаш најдобриот адвокат од Хрватска, кој издејствувал ослободителна пресуда за сите членови на ТМРО што биле судени. Венко Марковски со помош на Крлежа пребегал за Бугарија во 1927 година, преку Хрватска и Австрија. Со него за цело време биле во контакт. И додека го следеле за време на Информбирото, и во месеците кога бил под истраги. Венко бил уапсен во Загреб кај Мирослав Крлежа додека подготвувале некаков лексикон.



Со заминувањето на Венко на Голи Оток, не завршиле и маките на неговите најблиски. Власта се свртела и кон неговото семејство. „Јас имав 16 години, а син му Миле 17. Двајцата не' повика Мито Хаџивасилев-Јасмин во Министерството за образование. Истапи многу лошо, некултурно, простачки, силеџиски. Ни рече: ’Вие сте државни непријатели и нема да ви дозволам да учите во гимназија која го носи името на Јосип Броз Тито. Миле, кој по природа беше многу мирен и неконфликтен, ја прифати одлуката без никаков поговор, за разлика од мене, која сум импулсивна и тврдоглава, и тогаш му се спротивставив на Јасмин. Му велам: ’Зошто да не се запишам во ’Јосип Броз Тито’, сите оценки ми се петки, немам ниту една четворка, а таму учат повторувачи’. Ми одговори: ’Ти си внука на оној гад Венко Марковски, крвта не е вода’. И натаму останав на своето и се запишав во гимназијата ’Јосип Броз Тито’. Никој не ми направи никаков проблем, веројатно директорот се' уште немаше добиено директива како со мене да постапува ако се обидам да се запишам. Миле се потчини на наредбата и се запиша во гимназијата ’Цветан Димов’. Тогаш си реков, готово е, нема да ми прават повеќе проблеми. Но, не беше така. Првиот ден кога отидов на училиште, ме пречека на скалите човек од Министерството и ми врачи решение дека сум исклучена од седми клас гимназија. Со решението ми беше забранет пристап во просториите на гимназијата поради, како што стоеше во него, антидржавно дејствување. Па, така, морав да го продолжам школувањето во ’Цветан Димов‘. Со нас тогаш се дружеше и Иван Тулевски, денес познат психијатар. Поради нас и тој настрада, го исклучија и него од младинската организација, чиј претседател беше. По гимназијата се запишав на Правен факултет, положив адвокатски испит. Но, тогаш беа затворени сите врати за мене. Судија не можев да бидам, не бев подобна, не ми дадоа дозвола да отворам ниту адвокатска канцеларија“, раскажува Бранислава Бојчин.

Таа вели дека тие години биле опколени од агенти. Ќе одела на училиште и често некој удбаш без причина ќе и' ја проверувал чантата само за да ја малтретира. Ги малтретирале две години - 1956 и 1957 година. Потоа престанале.



(Продолжува)



#
Статијата е прочитана 2187 пати.

Испрати коментар

Од: Kire
Датум: 14.03.2009 00:29:07
Demek, ako si imigriral vo Bugaria si bil bugarin i ne si bil patriot! Ami nie sto sme imigrirale niz celiot svet sto sme?Patriotizam e dusevna sostojba, sekoj si znae vo dusata;Sme imigrirale site nie pa i Venko Markovski od maka; uslovite ne primoraaa...Togasnite, tamosni "patrioti" koleja i besea; cesto vmetnuvaa kodos vo drustvoto da doznaat koj ne e patriot ili pak prislunuvaa pod prozorcite..Mislam deka Venko Markovski bese zertva od taa obsesija;Za obrazovanie ni Lazo Kolisevski ne mozese da mu se fati za maliot prst;Barem ne stana Titov pioner ko nego;Nasi od sekogas odele na pecalba vo Bugaria, Srbia(Vojvodina) za podobar zivot.Koga ke me podsetite na toa vreme me obfakja taga; Sepak fala za ovie prodolzenia za Venko Markovski, a tagata ke si ja nosam so sebe za sekogas..
Од: od bobby
Датум: 14.03.2009 00:45:11
Bravo za pravite Makedonci Fnukamu vika deka Lazar Kolisevski posle zatvorot poveke go maltretiral nego Tito ostvari Lazan mu bese negov predavnik ustvari pak Tito im nareduval da gi maltretira inaku toj se vikase Lazar Kolisevic a ne Kolisevski samo srbite mugo smenia imeto za da mislat deka e Makedonic ustvari on bese Crnogorec ali sto ima veza kako se vikale site komunisti se isti predavnici a ne patriti kako VENKO:
Од: kemba
Датум: 14.03.2009 00:56:36
Едноставно после ова што и` да коментира човек е неспредливо мизерно, зошто ги нема тие зборови со кој би можело да се искажи најискреното сочуство кон Венко и неговата фамилија.
Од: Mihajlov
Датум: 14.03.2009 01:29:17
Vo Titova Jugoslavija najgolem grev beshe da bidesh bugarin. Tie shto ne izbegaa, bea ubieni ili zavrshija vo zatvor.
Од: Македонец
Датум: 14.03.2009 08:42:00
И во титова Југославија и сега е грев да се поистоветиш со бугарчета. Тие мизерни суштества на планетава кои постојано не негираат. Тие не и припаѓаат на словенската питома раса како македонецот, србинот и останатите. Тие се во генот сосема различни од Македонците. А на оние кои зборуваат во текстот за Венко, зошто да им верувам на нивните искажувања? Венко сам, смислено си ја одреди сопствената иднина и судбина. Се декларирал како Бугарин и точка.
Од: pameten
Датум: 14.03.2009 10:17:22
Makedonec: Тие мизерни суштества на планетава кои постојано не негираат. E sega kako kje odime vo EU, so takvi odnosi kon sosedite? Tie ne negirat, a nie dali ne negirame Bugarshtinata koja postoela vo Makedonia 1000 godini? Mora da ima pomiruvanje!
Од: MITKO
Датум: 14.03.2009 11:56:27
Covekot bil zrtva na titova jugoslavija i negovite poltroni koi posle osloboduvanjeto zelni za vlast se oslobodile od promakedonskite makedonci koi poveke ja sakale Makedonija nego novo stvorena vestacka drzava.A vo Makedonija ima mnogu takvi zrtvi znaeni i neznaeni .Makedonska sudbina i tragedija koja i den deneska trae.
Од: Tode 1
Датум: 14.03.2009 12:12:39
Poznato e deka postoese teror nad site sto ne se na titovata linija,kako isto vo Bugarija koi ne se na stalinovata linija vo toa vreme.Jasno e deka Venko bese samobendisan covek,alcen za priznanija i drustven polozaj.Bugarite toa go iskoristia so vila na Vitosa,soferce,dozivoten pratenik,akademik,drzaven zasluzen poet.Ako bil ucenet so ubistvoto na sinot,nerazjasneta soobrakajna nesreka,zosto ne ja napustil Bugarija.Zosto pred smrta koga lugeto ne se plasat od nikogo pak se izjasnil kako Bugarin?Mnogu prasanja.Vnukata sepak zavrsila fakultet dodeka nekoi ne,zosto bile ubieni.
Од: Makedonec od USA
Датум: 14.03.2009 12:37:33
Shto go velichite ovj predavnik.Jas sum vo USA,ama sum Makedonec so celoto semejstvo,a ne Bugarin ili Srbin.Ima nad 10.000 Makedonci koi zele Bugarski pasoshi,ama ne se deklariraat za Bugari,imam rodnini po majka Slovenci,zedoa slovenski pasohi,ama se deklariraat deka se Makedonci,ne znam Ljubcho shto napishal vo pasoshot Bugarin ili Makedonec? i bi Ve zamolil da prestanete so ovie napisi za ovoj predavnik.
Од: goran
Датум: 14.03.2009 15:24:14
Prikaznava,i da ne e tocna,e trogatelna.Otslikuva edno vreme,i nastani.Eve material za istrazuvanje:TMRO,Krlaza,Ante Pavelic, prodaval na pazarce vo Djorce, sudbinata na sin mu(kolku e ova tocno?). Do PAMETEN:Srbskiot,bugarskiot i grckiot nacionalizam se rezultat na padjanjeto na Otomanskata Imperijata.Makedonskiot I albanskiot se pak nus proizvodi na predhodnive.Ako velis deka bugarstinata postoela 1000godini kaj nas,togas veils deka taa e sostaven del na nasiot identitet,a toa ne e tocno.Im davas na Bugarite golem kompliment, sto ne go zasluzuvaat. Do MAKEDONEC: Makedonstinata e covecnost, a vo ovie vreminja treba da si PAMETEN MAKEDONEC za da opstanes i stanes ramnopraven clen na EU. TODE1-Venko verojatno imal i vnuci,kerka,zena,snaa,kuce,mace,ververicka i sl..
Од: Kultiviran Balkanec
Датум: 14.03.2009 17:39:22
Prema komentarite na citatelite e ocigledno, deka omrazata prema Bugarija, neguvana vo Kralska i Titova Jugoslavija, ne e prevazidgena.
Од: perko
Датум: 15.03.2009 11:30:31
a sto mislite malku za promena da se svrtime kon idninata.ovie i vakvi tekstovi navistina ne gi razbiram,vsusnost koja e celta na pisuvacot na istite,da ocrni edni a da obeli drugi?dajte veke da prekineme so tie gluposti,da se pomirime veke ednas so naseto bolno minato i da pobarame,da napravime podobra idnina koja ke bide lisena od vakvi i slicni tekstovi
Од: krivosija
Датум: 15.03.2009 13:13:10
Do Kire: Makedonceto ne ni prv ni posleden sto zaminal vo tugjina, ama von pamet e da se izjasnuvas deka si argentinec, libiec kuvajcanec pa i bugarin. Koga si makedonec toa si za cel zivot. Sekoj moze da poseduva pasosi na stranski drzavi ama makedonerc ostranuva makedonec cel zivot. G-dine Kire vo toa e razlikata..
Од: risto
Датум: 15.03.2009 21:56:11
Никако македонецот да научи од историјата,зошто отварате рани што болоат бре ДПМНЕ,нели се декларирате како партија за помирување,не јас ќе речам на повампирање.Доста да не равнате со болгарите ,земете прочитајте малку повеќе ќе видете дека ние со нив ништо немаме тие се татарско племе.Господа читачи на интернет,за секој не е интернет глупости да се треската а тоа доказ каква елементарна култура имаме-дивјаци.А за академците ќе им речам светот мисли како напред да оди за подобро на граганите а со тоа што нашите академци не враќат во минатото толку кокото му сече па ајде и така раскаран македонец да го донесеме до самоуништување.Е господа академци не сакам моите пари што ги плакам како данок вакви да ги трошат одете во неповрат.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=EDE01...BD889220E7
07-11-2010 05:41 PM
Find all posts by this user Quote this message in a reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
Post: #47

Ovoj prevod e reakcija na dnevniot vesnik "Nova Makedonija" vo 1973 godina vo Skopje okolu objavivanjeto na kartata "Golema Bulgarija" pridruzena so stihovite na Venko Markovski:
Ova e originalot na Angliski:

YUGOSLAVIA, 20 February 1973

SKOPIE DAILY PROTESTS AGAINST
"GREATER BULGARIA" MAP


Summary: In its issue of February 16 the Skopie daily Nova Makedonia published a dispatch from its correspondent in Sofia, Jordan Ivanovski, protesting against the publication of a map of "Greater Bulgaria," i.e., a map including some of present territories of Yugoslavia. The Macedonian journalist is especially angered by the fact that the map was accompanied by the verses of the Macedonian "renegade exile" Venko Markovski. The following is the translation of Ivanovski's report:
In the Historical Museum of Batak, in addition to all the other memories of the past of this embattled section of the country, we also saw a big map of the old Bulgaria; it includes as parts of Bulgaria, Pristina and Nis in the north, and everything south-wards to Saloniki and Halkidik. Central Macedonia [ie the territory of the present Socialist Republic of Macedonia] is also included on the map. However, beside the map there are no written modifications concerning the content of it, so the visitors can freely make their associations about the old "Greater Bulgaria." In order to make the paradox even greater, above the map verses of Venko Markovski are written on parchment. [Markovski is a Macedonian poet who escaped to Sofia and has published poems depicting Macedonia as a part of Bulgaria]

Ivanovski's dispatch is accompanied by the following comment of the editorial board of Nova Makedonia:

It is really inconceivable that even today one can see maps in the People's Republic of Bulgaria which include the shadows of San Stefano exhibited in public places such as the above-mentioned historical museum. However, even more inconceivable is the fact that it is "illustrated" by the verses of a renegade exile.

Ova e prevodot na Makedonski:

Југославија 20 Февруари,1973
Дневниот Печат од Скопје Протестира против картата “Голема Булгарија”

Содржина: Во овој број од 16ти Февруари, Скопскиот дневен весник “Нова Македонија” објави допис од нивниот дописник во Софија,Јордан Ивановски,протестирајќи против објавувањето на карта на “Голема Бугарија” тоест карта вклучувајќи некои од сегашните територии на Југославија. Македонскиот новинар е многу налутен од фактот дека картата беќе придрузена со стихови од Македонскиот “одметник во егзил” Венко Марковски.Следува извеќтајот на Ивановски:
Во Историскиот Музеј Батак,вклучувајќи до сите други сеќавања на минатото во овоа жариште на регионот,истотака видовме и голема карта на стара Булгарија;која ги вклучува како делови на Булгарија,Приштина и Ниш во северот ,и се јужно до Солун и Халкидики. Централниот дел на Македонија (тоест,територијата на сегашната Социјалистичка Република Македонија) е истотака вклучена на картата.Меѓутоа,покрај картата нема пишани измени однесувајши се на нејзината содржина,така да поситтиелите слободно можат да ја направат споредбата на старата “Голема Булгарија”.Со цел да биде парадоксот уште поголем,над картата се пишани стиховите на Венко Марковски.(Марковски е Македонскиот поет кој избегал во Софија и објавил поеми опишувајки ја Македонија како дел на Булгарија)
Дописот на Ивановски е придружен со следниов коментар од уредникот на Нова Македонија:
Навистина е незамисливо дека денеска некој може да види карти во Народна Република Булгарија кои ги вклучуваат сенките на Сан Стефано кои се изложени на јавни места како сто се во горе-споменатиот историски музеј.Меѓутоа,сеусте незамисливо е фактот што сетоа тоа е “илустрирано” со стиховите на одметник во егзил.

Ova e linkot:
http://www.mak-truth.com/vm_reng.htm
07-11-2010 09:52 PM
Find all posts by this user Quote this message in a reply
Душан Јордан Петровски II Offline
Member
***

Posts: 220
Joined: Apr 2010
Reputation: 3
Post: #48

Бравос за Васил_2 за темава. Јас ја имам прочитано "Голи Оток" на Англиски. Како таква, мислам дека е подобра од било кое писание на Шекспир, па дури и Бајрон може са му позавиди на Марковски. Почнав да ја читам преведаната верзија на Македонски и неможев повеќе од 20-тина страница да почитам.
Од она што го имам прочитано од Венко Марковски - во оригинална изведба - му нема рамен. Мислам дека преводот на "Голи Оток" на "литературен Македонски јазик" е намерно слаб за да не се почувствува целата моќ на талентот на Марковски, кој е една од првите и највиско профилни жтрви на Принципот на Негативна Селекција.
08-11-2010 03:28 PM
Find all posts by this user Quote this message in a reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
Post: #49

Vo knigata "Prviot Krug" od Aleksandar Solhenitzin,koj go opisuva L.P. Berija i Stalin na polno luge sto bile postavuvani ili pak bile unapreduvani vo Sluzbite na SSSR,mnogu od niv zavrsile vo Sibirski Gulag.
Imeno samiot naslov na taa kniga upatuva na "Prviot Krug" od knigata "Pekolot" od zbirkata "Bozestvena Komedija" od Dante Aliegeri go opisuva zlostorstvoto na tie luge.Prvata bozja zapovest e Deka nema da velicis drug Bog osven Mene,tie velicele drug Bog-Stalin i novata vera Komunizam.
Dodeka vo "Goli Otok" Venko Markovski ja opisuva svojata odiseja,kako kaznet Voin sto se vratil od Pohod,pa bogovite bidejki ne go priznal da go velici nivnoto delo i deloto na Blaze Koneski,Golemiot bog Zeus-Tito i negovite bogovi go pratile na edna surovo patestestvie-Goli Otok. Kade nivnite argati,uzivale vo negovata maka,dodeka ne priznal deka Bog Zeus-Tito e vistinskiot Bog i deka Blaze Koneski e vistinskiot heroj oti toj e kako Prometej sto gi dal bukvite i jazikot na nas obicnite smrtnici.Taka i ja pocnuva svojata odiseja niz "Goli Otok",oti kako smrtnik ja osetil nivnata lutina.
No,ne bil toj edinstveniot koj ja osetil zestinata na lutinata na Zeus Tito,imalo i luge sto davale izjavi deka nozete na Jovanka bile seksi,pa Zeus-Tito i negovite bogovi go stavile vo lavirintot Goli Otok,za da bide izeden ili da go pobedi Minotaurot koj go cuval izlezot od toj lavirint.
15-11-2010 04:51 PM
Find all posts by this user Quote this message in a reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
Post: #50

Вистините и контроверзиите за Венко Марковски (13)


Миле Марковски со синот Вени

Миле беше убиен од бугарските тајни служби

Виктор Цветаноски

Кога првпат го посети мајка ми Дока во Софија, вујко ми Венко побарал да му донесе шише вода од Вардар, грутка земја и гранче дрво. Оттогаш таа секогаш кога одеше таму, му носеше вода, земја и гранче дрво. По смртта на син му Миле, ме замоли да му однесам земја од гробот на мајка му, баба ми Љуба, раскажувала внуката на Венко Марковски, Бранислава Бојчин. Таа е убедена дека нејзиниот братучед Миле бил убиен од бугарските тајни служби, кои тврди дека му ја наместиле сообраќајката.

„Го погребаа на 14 април 1975 година, истиот ден кога беше роден. Имаше само 35 години. Страшната вест лично ни ја кажа вујко ми. Кога се јави на телефон, дома бев само јас. Тој толку многу плачеше што не можев да го разберам што ми говори. Постојано повторуваше: ’Миле загина, Миле загина, доаѓајте веднаш’. Тогаш се јавив кај Петре Прличко за да и' кажам на мајка ми, која беше на ручек кај него. Сите заедно тргнавме за Софија. И јас како многумина во почетокот мислев дека била обична сообраќајна несреќа, но ми стана чудно како реагираше мајка ми кога претставникот на ЦК на Бугарија сакаше да и' изрази сочувство. Таа му се заврти и му рече: ’Какво сочувство, тргнете ми се од пред очи, вие го убивте детето’. Многу потресна беше сликата кога вујко ми Венко, пред да го погребат, му ја прочита на Миле прошталната песна. Се сеќавам на зборовите: ’Синко мој, на денешен ден те даде земјата, на денешен ден те зеде’. На крајот заврши со зборовите: ’Падна како политичка жртва’. Вистината за смртта на Миле ја дознав од Дејан Крцун, брат на Слободан Пенезиќ-Крцун, кој за време на Информбирото беше пребеган во Бугарија и работеше како професор по естетика на Софискиот универзитет. Стоеше крај мене и тивко, за да не чуе некој друг, ми рече дека братучед ми бил убиен, а сообраќајката му ја наместила бугарската полиција“, се сеќава Бојчин.



Таа тврди дека Миле бил убиен не поради тоа што им згрешил на Бугарите, туку поради нејзиниот вујко Венко. Миле бил тивок човек, за политика не расправал, со никого не се карал. Пророчицата Ванѓа го предупредувала два месеца пред трагедијата дека ќе го убијат. Меѓутоа, тој не и' поверувал, зашто сметал дека пророштвата се несериозна работа, за разлика од неговиот татко Венко, кој сакал да му ја претскажуваат иднината. ’Ванѓа беше и на погребот на Миле. Додека стоев со брат ми и со мајка ми, некој зад мене ми рече: ’Браниславо, тргни се, направи ми место’. Кога се свртев, гледам, ми зборува Ванѓа. Ја знаев од весниците. Да бидам искрена, се преплашив и си велев од каде го знае моето име. § направив место меѓу мене и брат ми и таа цело време на погребот беше со нас“, вели Бојчин и додава дека Венко и Ванѓа станале пријатели кога тој еднаш отишол кај неа за да му гледа.

„Вујко ми Венко по погребот се чувствуваше ужасно. Додека седевме во дневната соба во Банки, дремна дваесетина минути, немаше спиено подолго време и штом се пробуди ни вели: ’Го сонував Миле. Ми рече, те чув кога ја читаше песната’. Тоа што му рекол ’те чув’ за него значеше многу“, се сеќава неговата внука.

Според неа, Миле не заминал во Бугарија од политички причини. Тој бил прифатен од сите во Македонија, бил добар шахист, одел на повеќе шаховски натпревари низ Југославија, бил републички првак. Имал и добра работа, бил уредник на едно списание. „Тој во Софија отиде да го лекува постариот син кој имаше проблеми со ногата, па требаше итно да се оперира. Сметаше дека таму има подобри лекари. А и татко му имаше врски да му помогне. Откако го оперирале синот, сакаше да се врати. По протерувањето на вујко ми, навистина првите две години имаше закани преку телефон дека ќе го убијат, но по интервенцијата на мојот сопруг тие престанаа. За тоа дека требало да оди во Детроит за да биде бугарски конзул не сум слушнала“, објаснува Бојчин.


Мозокот и срцето на Венко Марковски неговата сопруга Филимена ги чувала дома до пред шест години, а потоа ги предала во музејот во Софија

Внуката на Венко вели дека вујко и' знаел дека тајните служби на Бугарија го следат на секој чекор. Тој знаел дека е прислушуван и секогаш кога требало да си кажат некои важни работи, разговарале во дворот. Имал радио во дневната соба и постојано го слушал Радио Скопје. Никој не смеел да му ја промени станицата. Бил голем навивач за Вардар. Најчесто во Софија го посетувала мајка и' Дока, која била многу приврзана кон него, а и тој кон неа. Починал од рак на желудникот, а последните два месеца од животот била крај него. И умрел на нејзините раце.

„На погребот на вујко ми отидоа брат ми и сестра ми. Јас не се осмелив да отидам, затоа што по погребот на Миле на работа имав големи проблеми. Бев државен советник во Уставен суд, а кога се вратив, ме викнаа на сослушување: Димитар Стојчев-Цуце, во кого вујко ми Венко имаше голема доверба, а тој работеше против него, Боро Доганџиски, кој го судеше, и Асен Групче. За време на сослушувањето, Стојчев дури предложи да се откажам дека сум внука на Венко. Веднаш го замолче Асен Групче со зборовите: ’Доста со тие глупости. Како ти текна ова да го кажеш’. И Доганџиски го осудуваше моето одење на погребот на Миле и тогаш ми рече: ’Друг пат ќе си ги преброиш копчињата на палтото, па потоа ќе преземаш дејства’. Стојчев продолжи да ме испрашува и да инсистира да му кажам што ми рекол Венко. А што може да ми каже човек на кого синот му лежи во мртовечки сандак“, се сеќава на тие тешки моменти Бојчин.



Венко е погребан на Градските гробишта во Софија, не му е изграден ниту обичен споменик. Кога неговата внука Бранислава отишла последен пат за да му запали свеќа, имало само еден дрвен крст со неговото име. Тоа страшно ја погодило. Вели, за да се види колку навистина Бугарите го почитуваат поетот, за кого тврдат дека е нивни, доволно е да се отиде и да се види неговиот гроб и местото каде што почива.

„Кога почина вујко ми, по барање на Филимена се извадени неговото срце и мозок и се ставено во тегли со формалин. Мајка ми тогаш барала брат и' да го погребат според сите христијански обичаи, но Филимена не се согласила. И тогаш таа се испокарала со Филимена, со која престанала да зборува. Познатата пророчица Ванѓа неколку пати и' се јавувала на Филимена, и' се јавуваше и на мајка ми, инсистирајќи да ги погребат неговиот мозок и срце, посебно мозокот, да за да можела да комуницира со вујко ми Венко. Каква е таа комуникација не знам, но тоа се зборови на Ванѓа. Но, Филимена пак не се согласила, а мозокот и срцето до пред пет-шест години во тегла ги чувала дома“, нагласува Бојчин.

Од семејството на Венко Марковски денес во Софија живеат постариот син на Миле, Игор, кој работи како новинар, а има завршено Драмска академија. Помалиот Вени, кого го крстиле по името на дедо му, своевремено беше прв човек на Асоцијацијата за Интернет во Бугарија, а сега се наоѓа во Њујорк, каде што е оженет за Американка. Нивната мајка не се премажила, најважно и' било да ги изведе синовите на вистинскиот пат. Сопругата на Венко, Филимена, живее во истата вила што им ја доделиле тогашните бугарски власти. Ќерката Султана е со мајка си, никогаш не се омажила. Додека биле во Македонија, таа завршила Музичка академија во Белград, а подоцна магистрирала во Москва. Работи како музички педагог.

На потесното семејство на Венко му припаѓа и Љубинка, но таа не е негова родена ќерка. Додека бил во партизани, за време на борбите, в раце му починал еден борец - Србин од Косово, и притоа му оставил аманет да го чува неговото девојче. Така ја посвоил Љубинка, ја пораснал и ја школувал. Завршила француска филологија и се омажила за познатиот македонски новинар Никола Солдатов. Подоцна се развеле и се премажила. Денес живее во Париз.


(Продолжува)


#
Статијата е прочитана 2516 пати.

Испрати коментар

Од: Angele L. Vretoski
Датум: 16.03.2009 03:29:19
"Венко е погребан на Градските гробишта во Софија, не му е изграден ниту обичен споменик. Кога неговата внука Бранислава отишла последен пат за да му запали свеќа, имало само еден дрвен крст со неговото име. Тоа страшно ја погодило. Вели, за да се види колку навистина Бугарите го почитуваат поетот, за кого тврдат дека е нивни, доволно е да се отиде и да се види неговиот гроб и местото каде што почива.” Јаничарите се национални херои само додека се живи, после кој има потреба од мртви херои. Бугарските властодржци од некогашна Македонска Сердика денешна бугарска Софија ги имаат сите пробугарски дела пишувани од В.М. и немаат потреба да го уредуваат неговиот вечен дом. Едно ме чуди зошто неговата жена и неговите внуци кои се миленици на големобугаристите не се погрижиле да му направат достоен гроб – или итие се имаат откажано од В.М.
Од: pameten
Датум: 16.03.2009 05:42:53
Goran: "Ako velis deka bugarstinata postoela 1000godini kaj nas,togas veils deka taa e sostaven del na nasiot identitet,a toa ne e tocno.Im davas na Bugarite golem kompliment, sto ne go zasluzuvaat. " Ne jas, toku tie koi shto gi negirat nashite Bugarski koreja im davat na deneshnite Bugari golem kompliment - priznavat deka celata Bugarska istorija na Balkanot im pripagja! Bugarskite korenja i posebnata evolucija vo 20 vek se vistinskite temeli na Makedonski identitet!
Од: Сосовременик
Датум: 16.03.2009 07:31:33
Навистина трогателен дел од фељтонот и се сочувствувам. И без иронија. Така поминуваат оние кои се оттуѓуваат, тие се оттуѓени и неприфатени од никого, а најмалку од другиот и уште повеѓе од Бугаринот. И тој знае дека изродот секојпат останува изрод и дека неможе да го прифати. Тој еднаш што ја предал сопствената држава, неможе да биде патриот на друга. Во секој случај трагичен крај.
Од: nemir
Датум: 16.03.2009 07:55:19
Ete toa e taznata sudbina na lugjeto koi ke dozvolat nekoj da gi korumpira vo zivotot. Ne samo sto celiot svoj zivot ke go pominat so licnoto cuvstvo na vina, tuku ke bidat prezreni i od onie koi gi korumpirale.
Од: lule
Датум: 16.03.2009 08:44:35
Sudbinata na kvalitetnite luge vo toj period navistina bila teshka, a boseno ako bile pod budnoto oko na tajnata sluzba. Shto poskoro ja priznaeme vistinata za site patrioti shto gi rodila ovaa zemja tolku porgu i ke odi napred nashata tatkovina.
Од: mile
Датум: 16.03.2009 08:50:03
Srpskite sluzbi na UDBA vo Makedonija prosleduvale i isprasuvale samo zaradi toa sto nekoj otisol na pogreb vo Bugarija i barale da se otkazat od svoite rodnini. Ke im sudi li nekoj nekogas na tie togasni "nashi" sluzbi koi zacrnile iljadnici Makedonci koi izgnija na Goli Otok?! Venko e heroj!!!
Од: Flora
Датум: 16.03.2009 09:50:46
Srceparatelno!Pateticno! Morbidno! Koj treba na V.M. da mu podigne spomenik? Da ne cekaat Filomena, Sultana, Veni toa da go napravime nie, Makedoncite. Ne znam kako e kaj Bugarite, ama nie ovde na nasite najbliski, semejstvoto im podiga spomenik i im gi ureduva grobovite.Smrta na Mile e navistina tragicna. A Filimena, na negovite drugari, koi od Skopje otidoa na negoviot pogreb, i na site koi i izrazuvale socuvstvo povazno i bilo prvo da im ja pokazuva telegramata so socustvo od Todor Zivkov, otkolku da go oplakuva sinot. Tolku za nea.
Од: goran
Датум: 16.03.2009 12:15:36
Klucno prasanje za nasata istoriografija e:dali Venko izbegal ili e proteran od Makedonija Ovoj nastan treba najobjektivno da se istrazi i da se obelodeni na javnosta.Ocigledno e deka postoi razlika vo toa kako Venko go dozivuvaat negovite sovremenici i onie od generacijata na Todorovski,Djurcinov i Baba Jana.Generacijata na Venko bese silno ispolitizirana i toa direktno se odrazi i vo nivnoto tvorestvo.Nasite modernisti napravija iscekor na napred vo estetsko umetnicki pogled, no pokazaa nezainteresiranost i conformizam na opstestven plan.Sigurno i tie znaea za postoenjeto na Goli Otok.Sega mozat kako turisti i da go posetat..Pedavstvo moze da bide napisan tekst,no i stav vo zivotot.Predavnici ne se radjaat,tie ja odrazuvaat tragicnosta na covekovoto postoenje.Treba da prestaneme sami da barame pricini za polariziranje.Taka ke im dademe sansa i na idnite generacii poobjektivno da gledaat na nastanite vo minatoto.
Од: Projko
Датум: 16.03.2009 12:45:29
И болката на Венко, како и на многу македонски синови, до максимум е исползувана од антимакедонството, што се покажува и од третманот на неговото вечно живеалиште. Македонија има причини за него да се сеќава, зашто во неговиот живот има: и вера, и надеж, и чест и слава, и поезија и отров, и голготско распетие - и бол и бес! Треба да го паметиме, заради наша ука и поука - таков каков што бил. Имаме потреба и да му простиме и да ни прости. Во секој случај тој е Македонец - страдалник, изгубен од болка во врермето и просторот.
Од: Tode 1
Датум: 16.03.2009 12:58:50
V.M. moze da se rehabilitira kako poet za toa sto go napisa na makedonski,iako toj makedonskiot go smetase za bugarski dialekt,moze da se rehabilitira i kako covek,deka site gresime pomalku ili poveke,ama nikogas kako Makedonec,bidejki onoj sto si ja menuva nacionalnosta vo zavisnost koj poveke dava e samo orospija so tapija.Ednostavno toj e Bugarin koj pisuval vo pocetokot i na makedonski.I od denesen aspekt se gleda kolku so svojata dejnost vo Bugarija i steti denes na Makedonija.
Од: непростенков
Датум: 16.03.2009 13:24:06
неправилен триаголник Македонија -Венко Марковски-Богарија.
Од: patalec
Датум: 16.03.2009 16:22:35
Воопшто не е битно дали е избеган или протера. Човекот бил и останал Бугарофил. и предавник на Македонците. А предавници така завршуваат, да не им се знае ни гроб ни корен. Предавник е предавник и за оној за ција сметка работел, и на крај се ослободува од него. така било о ис Венко. Непотребно се троши и време и простор .
Од: Еden Makedonec
Датум: 16.03.2009 19:31:19
So Mile me zapozna poetot Vojmir Asenov, moj prijatel. Koga Mile razbra deka tatko mi go poznaval negoviot tatko vo 1944 g. stanavme pobliski. Zatoa znam deka toj po srce i dusha se chuvstvuvashe Makedonec i deka ne beshe srekjen vo Sofija.
Од: novinar
Датум: 16.03.2009 20:30:17
feljtonov vi dobar ama sto ima napraveno toj venko markovski koj moze da mu nosi voda na brasanrov za makedonija so tri stuhozbirki i so nedefiniran identitet (licen)otisol vo majka balgarija i dtetetyeo si ja sakala svojata iskonska otazbina i ziveese vo vila bl;izu sofija negoviot sin zagina tragicno nekade vo kanada bog da mu prosti.i sega go-dine glavni urednice misxlite so ovaj feljton ce napravite nekoi poeni za makedonija ste se zaebale!komu mu e potrebna vakva polemika vo mdesetina prodolzenija vo ova k,t vreme i komu mui koristio.napravete feljtioni za racin,misirkov,k.nedelkovskipetre.m.andreevski pulevski....sto se zanimavate so ludje koi imale somnevanje(mislam intimno ili zaq nekakvi pari koi se otepuvaccka.r.krle)vioe ja rasturate makedonskata sovremena istorija i kauza i zatoa se vracame vo vremeto i prostorot vo koj nemozat da se snajdat i najdobrite astronomi 7 ooo godini pored hruistos e sega NEE NAS NI LERIN A KAMOLI SOLUN!baram objasnuvanje od urednistvoto.


Најди! во Утрински
Фељтон
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=A70A5...6928BE699A
15-11-2010 07:32 PM
Find all posts by this user Quote this message in a reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
Post: #51

Фељтон

Вистините и контроверзиите за Венко Марковски (14)


Венко Марковски снимен на Калемегдан во Белград во годините пред војната

Жртва на власта, но и на својата суета

Виктор Цветаноски

Контроверзиите и поделеноста околу Венко Марковски остануваат и натаму. По многуте искажувања на познати македонски интелектуалци, негови современици, кои што го познавале лично поетот, се добива впечаток дека имаат спротивни мислења за неговото дело и однесување кои одат од една во друга крајност.

За едни тој е предавник на македонската кауза, човек кој плукал врз сопствениот народ и ги негирал македонската нација и јазик и затоа никогаш не треба да му се прости , за други тој е прв основоположник на македонската современа книжевност и заслужна личност од македонското минато, кон која треба да се исправат неправдите и да се врати во учебниците за младите генерации да знаат за него, без разлика што последните години од животот тој станал Бугарин.

Меѓутоа, во сите овие расправи за Венко Марковски остана докрај нејасно и без одговор прашањето, зошто токму сега се настојува побугарениот поет на голема врата да им се врати на Македонците кога од сите страни се' понагласено се негираат македонската нација, јазик и идентитет, посебно од државата во којашто замина пред дваесетина години? Зошто токму од највисоко ниво, од првиот човек на МАНУ, се бара да се исправат, според него, неправдите кон поетот и се настојува на јавноста да и' се каже дека тој бил прв меѓу основоположниците на македонската современа литература.

Сите оние кои на еден или на друг начин го кажаа своето мислење за поетот со несомнена дарба, кои го бранеа или напаѓаа, се согласуваат дека тој е еден од неколкутемина македонски поети пред војната кои своите стихови ги пишувал на македонски јазик и дека поради тоа треба да го заземе заслуженото место на еден од основоположниците на македонското современо литературно творештво. Кај сите нив нема никакви дилеми дека со првите песни Венко Марковски придонесе за зацврстување на македонскиот национален идентитет и за време на Народноослободителната војна беше нашиот Владимир Назор. Неоспорен факт е дека заедно со сопругата и синот отиде во партизани, а неговите стихови го јакнеа борбениот дух и патриотизам на борците. Пееше за АСНОМ , но и за Тито и Темпо, и врз негови стихови беа компонирани партизанските маршеви. Тој вршеше и клучни политички функции - беше член на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ, член на неговиот Президиум, а беше избран и за член на АВНОЈ. За сите нив неговото дело и живот од тој период не се спорни. Меѓутоа, различни се мислењата за неговото подоцнежно однесување и за причините Венко да ги предаде сопствениот род и нација.

Што е тоа што така силно повлијаело основоположникот на македонската современа литература, поетот кој беше величан за време на НОБ, да падне толку многу ниско и да згази врз своето национално достоинство, да плука врз сопствениот народ за чие опстојување се борел страсно со перо и пушка. Некои сметаат дека Венко Марковски интимно никогаш немал расчистено со својата национална припадност и таа дилема постојано го следела во целиот живот, теза којашто нема некоја реална основа, зашто поетот никогаш такви дилеми не манифестирал пред да биде обележан од комунистите како црна овца.

Најблиску до вистината се оние кои тврдат дека причините за таквото негово однесување треба да се бараат истовремено во суровото однесување на тогашната комунистичка власт кон него која не ја сфатила драмата што ја преживувал поетот кој сметал дека не му е дадено она што го заслужувал, но и во неговиот непостојан карактер и голема суетност. Луѓето што го познавале добро тврдат дека Венко Марковски имал мошне високо мислење за себе, а неговата суетност почнала силно да се потхранува уште во годините кога ги издал првите стихозбирки „Народни бигори“ и „Огинот“, во кои, според литературните критичари, се поместени најдобрите негови песни кои заслужено треба да се вградат во темелите на современата македонска литература.



По нивното отпечатување во Софија, Тодор Павлов, Македонец од Штип, кој во времето на комунизмот бил еден од најистакнатите интелектуалци во Бугарија, говори во суперлативи за стховите на Венко. Го споредува со најголемите светски поети и тврди дека е роден новиот Пушкин. Такво претерано величање на Венко ќе му ја определи неговата натамошна поетска и животна судбина. За себе ќе мисли дека е најдобриот поет на балканските простори, ќе се споредува со познатиот пролетерски поет Владимир Мајаковски, и тоа јавно ќе го кажува. Тој нема да признава друга поетската величина освен сопствената.

Високото мислење за себе и за сопствената поезија кај него ќе роди и големи политички амбиции. Сметајќи дека како поет дал најмногу за македонската литература и јазик и за афирмацијата на македонската нација и борба, интимно мислел дека треба да биде дури и првата политичка личност во Македонија. Тие негови нереални политички амбиции, наводно, ќе ги потхранува сопругата Филимена, која постојано ќе го потсетува на наводните неправди што му се прават од „неписмените“ комунисти кои имаат многу помали заслуги, а имале многу повеќе од него.

Логично, тоа ќе доведе до судир со првите луѓе на партијата кои не покажале доволно разбирање и повеќе флексибилност за нереалните желби на поетот. Напротив, по секој негов неразумен чекор го казнувале, а нетактичкиот Венко, на кого очигледно дипломатијата и приспособливоста на новите услови нема да му биде добра страна, не ќе може да се снајде во тешките денови на Информбирото, кога се доведувала во прашање иднината на државата. Во поетските творби ќе го напаѓа Тито, а ќе го велича Сталин, нешто што во тоа време претставувало најголема ерес и за што се губеле глави. За една своја книга, која деновиве беше обелоденета во јавноста, ќе се најде пред суд, ќе биде осуден на петгодишна робија и испратен на Голи Оток, островото каде што завршувале сите оние кои во тие судбоносни години не мислеле како партијата и Тито.



Истовремено, Венко ќе почне да паѓа се' подлабоко и како поет и како човек, а власта ќе биде немилосрдна кон него и неговите роднини и пријатели. По враќањето од Голи Оток, власта ќе го понижи до тој степен што ќе го испрати да мери жито на пазарчето во Ѓорче Петров. Веројатно, најмногу од се' ќе го погоди кога поетите, луѓето од неговата бранша ќе почнат да го игнорираат и да го отфрлаат, а литературните критичари се' почесто ќе ги критикуваат неговите нови дела.

Но, дали сето тоа што го преживувал во судирите со првите луѓе на партијата и на државата, кои барале да ја наведне главата и да се однесува онака како што сакале тие, и игнорирањето од луѓето од неговата поетска тајфа е доволна причина да се откаже од своето национално битие, да плука врз сопствениот народ и да ги негира македонската нација и јазик во чие создавање се вградил и самиот тој? Дали тоа го оправдува фактот што се ставил во служба на Софија и се вклучил во жестоката антимакедонска кампања и бил нивно силно оружје против се' што е македонско?

Во нашето поновото минато има многумина македонски дејци кои биле, исто така, сурово казнувани од истата комунистичка власт, но ниту еден не се одрекол од сопствениот род и не се ставил во служба на пропагандите против сопствениот народ. Неговата суетност и самобендисаност, неговите преголеми книжевни и политички амбиции, потхранувани од неговиот животен сопатник и неправдите што му биле нанесени во времето на едноумието, кога важел единствено законот на Комунистичката партијата, не може да биде доволно оправдување за она што Венко го изјавуваше и пишуваше по заминувањето во Софија.

Сепак, и покрај сите гревови што ги направи Венко Марковски кон сопствениот род, не треба да се има никакви дилеми околу неговото творештво напишано на македонски јазик. Тој треба да си го заземе вистинското место што го заслужува како еден од основоположниците на современата македонската литература и сите негови дела треба да и' бидат достапни на македонската јавност за да знае кој е тој и за што пеел. Меѓутоа, истовремено, треба да биде запознаена и со делата што ги создавал во Софија, во кои негира се' што е македонско.

(Крај)

#
Статијата е прочитана 2299 пати.

Испрати коментар


Од: Pirin
Датум: 17.03.2009 00:50:23
podobro od nego nisto da ne se objavuva ni na makeodnski ni na bugarski , tie deca sto ke go ucat nego ke bidat zbuneti ednas tvrdi e makedonec a potoa bugarin, makeodnija ima i drugi poeti koi zasluzuvaat da se vo prvite redovi koi i pripagaat na makeodnija dosledno do posledniot zdiv, od seto ova pisuvanje za nego se sogleduva da venko bil ubeden da makedonci se samo negovite maciteli i za toa saka da im se odmazdi i vo opste ne razmisluval za obicniot narod koi ja socinuvaat makedonskata nacija, i trebalo da znae deka sekoja vlast bilo koja doaga i si odi a Narodot sekogas ostanuva so svoeto bitie i intident i najdobriot sudija koi dobroto i zloto znae precizno da gi odvoi, isto taka nee tocno bez razlika na nekoi tvrdenja tuka vo Feltonov deka Venko e prviot sto pisuval na Makedonski, ako taka veke treba da se znae koi prv pocnal da pisuva zbori i pee i place na Makedonski toa e so pravo tvrdam nikoj drug nego Makedonskiot Narod.

Од: od Bobby Svetska
Датум: 17.03.2009 00:50:41
Feleonot bese odlicen i mnogu fala do Utrinski sto ne zabavuvase Tragicno za Venko I negovite Deca a posebno za ubistvoto na Mileta toj begal od Volkot naisol na Meckata a jas nemozam da svatam zosto ne otisol na zapad da raboti mirno slobodno a nepismenite komunisti bile uvek isti eftini obici ali Venko uvek ke go postuvame kako posten Poet i Makedonski Heroj.

Од: Tode 1
Датум: 17.03.2009 02:16:15
Prvo Venko bil del na taa komunisticka vlast,za nea se borel,znaci bila borba vnatre vo taa vlast,ne go tormozel nikoj odstrana kako saka sega da se pretstavi,zrtva ,macenik.Da izgubel Tito,Venko ke bese pretsedatel na Jugoslavija i togas drugite ke gi stavase na Goli otok.Nacionalno se storil pisman,Ne e strasno da se bide Bugarin ama e strasno nas so sila da ne pravi toa,skoro 3 milioni lugje niz celiot svet.Tvrdel deka bugarskata krv ne e voda a nasata e luk i voda pa moze da ja krsti so bugarskata kako saka.Tuka e negovoto macno slugarenje na Bugarija.Vnukata tvrdi deka skrisum ja sakal Makedonija a javno ja parcosuval i plukal ,prikazna za Agata kristi.Sto,bil dvojna licnost ili nekoja falinka imal,a zenata mu sigurno koga so tursiite gi cuvala spirtosani negovoto srce i mozok.Denes negovite 25 godisni pisanija vo Bugarija se koristat kako teska altilerija protiv Makedonija.

Од: Kultiviran Balkanec
Датум: 17.03.2009 02:35:31
Da ne prebegase vo Bugarija, ke se pisuvase za nego samo vo superlativi, vo sekoj slucaj trebase da procitame i sto veli za nego nekoj probugarski orientiran, a ne samo makedonisti.

Од: Реалист
Датум: 17.03.2009 07:37:34
Изгледа секоj што е од Македониja мора да биде Македонец, и никако Бугарин? Тодор Павлов е Македонец, Сергеj Станишев е Македонец, Иван Татарчев е Македонец. Питаjте ги тие како се изjаснуваат во етничка смисла. Тие се Македонски изроди и предавници, нели? Венко се изjаснил како Бугарин - тоа е негово право. Зошто не бидат тоа што сакаат да бидат? Или во Македониjа не смее да постои ниеден Бугарин? Македониjа секогаш била етнички чиста? Доста сте тропали глупости.

Од: Verica
Датум: 17.03.2009 07:49:39
Sto se odnesuva do tvorestvoto na Venko Markovski mozebi istoto ima znacenje za istorijata na makedonskata knizevnost,no fakt e deka Makedonskata javnost mora da bide zapoznaena so odroduvanjeto na poetot za koe nesto nema nikakvo opravduvanje.Nikoj a posebno lugeto od kalibarot na Markovski ne smeat nikogas nitu za mig da pomislat,a ne pa da storat takvo velepredavstvo na sopstveniot identitet.Mozebi moze javnosta da bide zapoznaena so del od tvorestvoto,no kako poet vo celosna smisla na zborot, smetam deka toj e odamna mrtov,a za predavnici kako nego vo nasata istorija nema i ne treba da ima mesto.

Од: Македонец од Дебармаало
Датум: 17.03.2009 08:26:45
Се препелкаме во врска со идентитетот. Заштитници, „големи“ Македонци го копаат идентитетот од пред Христа, па ни` прават штета, за она што навистина го имаме. Сега е ново со персоната Венко М. Која глупост или кој, колку пари, зел како надомест за диретно урнисување на идентитетот со примерот на овој лик! Па, луѓе, првото што го сторил е да се определи за Бугарин! И, што сега, зошто ни` е тој битен?

Од: lule
Датум: 17.03.2009 09:14:29
Najkvalitetnite luge vo toa vreme bile obelezeni kako neprijateli od najvisok rang i ne se birale metodi i sretstva da se ubie patriotizmot na tie luge. Mnogu patrioti

Од: БОРО
Датум: 17.03.2009 09:14:58
мислам дека подобро да несе пишува во учебниците ништо за него ,како што нетреба да се дозволи и сегашново земање на бугарско државјанство и само негирање за пасош или кола. ЕЕЕ МАКЕДОНЦИ

Од: Rubin
Датум: 17.03.2009 09:38:16
На побугарчените македонци не му е местото на пиедесталот. Имаме доволно писатели и уметници кои треба да се величат. Доколку власта те отфрла и понижува тоа не значи дека треба да ја плукаш сопствената татковина. Не го оправдувам него, во секој народ има предавници и луѓе кои ја сменуваат страната, дури и луѓе кои биле презадоволни со се. Причините за тоа најчесто се емотивни ( слава, почитување, его, нарцисовидност и др) На крај сакам да кажам дека многу академици од МАНУ треба да си одат дома. И да се направи чистка од тоа дувло на „интелектуалци“.

Од: xxl
Датум: 17.03.2009 10:49:57
Takvoto odnesuvanje na drzavata kon poedinci se uste trae.Stravot od sposobnite e masovna pojava vo drzavava i zatoa sme dojdeni do ova deredze.

Од: Baba Jana
Датум: 17.03.2009 11:03:28
Do Goran za komentarite i aluziite kon mene vo vcerasniot i prethodnite broevi; 1. Jas sum Skopjanka od majka, baba, prababa, cukunbaba Skopjanki. Zabite gi lecev kaj lekari, a ne kaj Doka, koja ne bese toa. 2. Filomena mi predavase literatura vo gimn. Josip Broz Tito; od seta poezija na Venko, nie so casovi go obrabotuvavme samo Sonetniot venec, posveten nejze. 3. Od prethodnoto proizleguva deka jas sum mnogu pomlada od Venko ( toj e vrsnik na moite roditeli). 4." De gustibus non diputandum" ( Za vkusovite ne se rasprava). Negovite nekolku dobri pesni ne se dovolni da mu se prostat neprostlivite grevoi kon nasiot rod. Makedonskata poezija ima daleku povisoki dostreli od negovata, taka sto nema potreba i ne smee da se vklucuva vo nastavata ni vo srednite ucilista ni na fakultetot, koj go nosi doblesnoto i cesno ime na nasiot golem poet i naucnik Blaze Koneski. Sapienti sat!

Од: Пројко
Датум: 17.03.2009 12:22:28
Од пеколот во којшто бил не по своја волја и заслуга втурнат, не можеше да се очекува ништо добро. „Различни се мислењата за неговотонеподоцнежно однесување и за причините Венко да ги предаде сопствениот род и нација.“ Но тој се чувствувал предаден ОД СВОИТЕ, а не само од комунистите.... “Тој треба да си го заземе вистинското место што го заслужува“, ни повеќе ни помалку! Венко е само познат „случај“, а ги има безброј прокоцкани, иако биле неопходни за македонската кауза. За националниот пад на Венко јас мислам повеќе одговорност сносат тие што гу втурнаа во пекојот, а не тој самиот. Оти и македонската кауза беше минимизирана, а Венко тоа не можеше да го преболи, па возврати со лудилото на умот пеколен, а не здрав.Вечна му памјат и Бог да го просри!

Од: Kocin-Sidnej
Датум: 17.03.2009 12:25:45
Najnapred chestitki do Viktor Cvetanovski za izvonredniot felton so chija pomosh dojdovme do opshirni informacii za V.Markovski. Ovde ima tri vazni raboti; 1. Venko eden od osnovopolznicite na sovremenata makedonska literatura-koe treba da mu se priznae. 2. Golem propust na vlasta za vreme na ednoumito od izuzetna lichnost napravija eretik. 3. Venko predavnik na rodot makedonski-neshto sto nesmee da mu se oprosti.

Од: chitatel
Датум: 17.03.2009 15:29:05
Mnogu ubav napis,realen,arno ama nedorechen.Kocho Racin ima napishano mnogu poubavi pesni od ovoj Venko,peachateni mu se vo Hrvatska i nikogash ne rekol deka e Hrvat. Chento se borel za Makedonskata kauza kako toj ja zamisluval i bil kaznet,ama nikogash ne se otkazal od toa deka e Makedonec. Poznavam edna plejada na lugje koi bile na Goli Otok,nekoi realno,nekoi cinkareni od nivni rodnini i prijateli,ama ne se otkazale od nacionalnata pripadnost-Makedonci,golem del od niv prodolzile da se "borat" za Makedonskata nacija-kauza. Vo Makedonija imame t.n Torbeshi,nivnite pradedovci poradi razni prichine ja smenile verata,ama tie nivni naslednici i den denes se narekuvaat Makedonci i nivnite preziminja zavrshuvaaat na "ski"

Од: goran
Датум: 17.03.2009 15:37:32
Do Baba Jana:Ne Vi dozvoli suetata da ne se locirate vo vreme i prostor.Sigurno znaevte deka g-djataBojcin ne e Bugarka,tuku po tatko, Srbinka,Baravte prostor za nepristojno odnesuvanje.”Homo hominis lupus est!”Pravam aluzija koga Ve stavam ramo do ramo so nasite modernisti,no od apekt na vremenska perspektiva,zivotni stavovi i pogledi na svetot,vie zaedno,otelotvoruvate edna tragicna sostojba na opstestvena nezainteresiranost(za covekovi prava,politicki liberalizam isl.),konformizam,opotunisticko rascistuvanje preku retorikata od tipot heroj ili predavnik,skoevsko poltronstvo,kakvo sto i sega go pokazuvate(se plasite deka imeto na drugarot/G-dinot Konevski ke se izvalkalo).Tenka e granicata pomedju:heroj ili predavnik.Nitu nekoj treba da se velici,nitu da se mrazi.Traba da naucime da relativirame kako sto Konevski toa go cini vo Nebeska reka,koga se obraka do svoite pesni.Zalam sto vo zavrsniot del na feljtonot ne se napravi obid da se sozdadat kriteriumi,koi sto donekade ke gi objekt




http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=5BFE7...ADC6111C64
06-12-2010 05:09 PM
Find all posts by this user Quote this message in a reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
Post: #52

Ovoj felton koj e objaven vo Utrinski Vesnik ja dava slikata na Venko od negovoto poblisko semejstvo,kako i negovite partiski kolegi i sorabotnici.Vo knigata ``Goli Otok``,avtorot gi objasnuva metodite so koi se sluzela UDBA vo prevospituvanjeto na Infombirostite od neposlusni vo poslusni partiski vojnici i vernici na Tito.
Imeno samiot pisatel go sporeduva svoite maki kako Grckiot kral Sizif,koj bil kaznet od bogovite so toa sto bil primoran da go turka kamenot do vrvot na planinata,i otkako ke go doturka do gore go gledal kako paga,pa pak go turkal nagore.
Takvi bile makite na zatvorenicite koi se naogale na Goli Otok,koi bile primorani na razlicni kazni,nekoi so igla pravele nizi niz pesokot.Za nivni dzelati kako komandiri na brigadite bile postavuvani sinovi na popovi,so cel da se unisti semejstvoto.
No,i na zatvorenicite im dosol redot da se odmazdat so toa sto na nivniot komandir ispratile pismo do negoviot tatko koj bil pop.Imeno vo pismoto zatvorenicite koi ja doznale adresata i imeto na tatkoto na brigadirot mu pisale pismo na tatko mu.
Samite zatvorenici se prestavile kako negoviot sin,i otisle do taa mera sto se obidele da go kopiraat negoviot stil i rakopis.Vo pismoto mu napisale na tatko mu,da ne mu praka veke paketi,tuku da mu prati top so koj bi go ubil boga.(Pismo 14).Po procitanoto tatkoto na brigadirot se stapisal i vo odgovorot sto mu go pratil mu rekol deka mu e mnogu zal sto imal takov sin i go prokolnal sina si za navek.Ova brigadirot mnogu tesko go primil,i se izoriral sebesi od svetot okolu nego.

"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
19-12-2010 08:03 PM
Find all posts by this user Quote this message in a reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
Post: #53

Ova e pismo 14 vo koe e opisan nastanot so brigadirot i razocoruvanjeto na samiot brigadir:

[Image: 2wn009v.jpg]

Na ovaa stranica e opisano pismoto koe e napisano do tatkoto na brigadirot kako i odgovorot od tatko mu:
[Image: 35lytn4.jpg]


[Image: 2luz8ty.jpg]

"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
21-12-2010 11:39 PM
Find all posts by this user Quote this message in a reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
Post: #54

Citajki go ovaa posledno pismo od Venko Markovski,dzelatot-brigadirot e kako Pontius Pilate,koj vo svojata svest se obiduva em da bide cist vo dusata i svoite kako racete taka i obrazot da mu ostanat cisti po sadistickiot tretman na zatvorenicite vo negovata brigadi.
No so svojot kamen po glava,i krv potekuva,rana se otvora vo dusata koga tatkoto na brigadirot mu veli deka se otkazuva od nego.Odmazdata e kako zmija koja e premnogu smrtosna za toj kogo zmijata go ape.Otrovot e zestinata na taa odmazda.Taka e i koga negovite zatvorenici mu se odmazdile poradi losiot tretman.

"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
26-12-2010 03:04 AM
Find all posts by this user Quote this message in a reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
Post: #55

Тешкотијата на "Голи Оток",ги принудила затворениците да се кодошат еден кон друг.Еве на пример еден Албанец со цел да куртули од маките,го наклеветил писателот Венко Марковски.
Какви ли маки се тоа што те тераат,да наклеветиш друг затвореник?Која ли е суровоста на тој затвор,и на тој бездушевен режим да те натера спасот да го гледаш,во клеветење на друг затвореник.
Во еден друг роман пишуван од еден Англичанец,пишуван од Англичанецот Џорџ Орвел затвореникот Вилсон,со цел да се спаси од маките го вели следново:"Правете и го тоа на Џулија".
Тоа е името на неговата љубовница,со која има тајни средби недозволени од партијата.
Таа е тешкотијата на Албанецот,кој сакал да куртули од маките,на кој и самиот Венко му простил за таквото дело.

"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
01-02-2011 04:17 PM
Find all posts by this user Quote this message in a reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12
Post: #56



(This post was last modified: 06-02-2011 09:52 PM by Nikola.)
06-02-2011 09:49 PM
Find all posts by this user Quote this message in a reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
Post: #57

Според изјавите на Јово Капичиќ,е дека прво никој што не бил виновен не бил праќан на Голи Оток.

Али во таа исповест Јово Капичиќ,призна дека наредбата за праќање на луѓе на Голи Оток потекнала од тогашниот министер за внатрешни работи на Југославија Александар Ранковиќ и Јосип Броз-Тито.И со тоа укажа дека сепак УДБ-а пак задржала централистички тип на команда и надгледување.Тоа значи дека УДБ-а во сојузните држави ги спроведувале одлуките донесени во Белград.

Главната причина била несогласувањето меѓу Тито и Инфомбировци=Сталинисти.
Значи се сведува на еден систематски терор,кој многу бргу се креирал и кој понатаму бил усовршуван.

"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
18-02-2011 11:58 PM
Find all posts by this user Quote this message in a reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
Post: #58
1xclaim 
Сепак,во интервјуто дадено за Б92 и ФТВ,нешто што недостасува е дефиницијата за "Сталинист" од Јово Капичиќ.

Врз основа на бројката на политички осуденици кои се однесени на Голи Оток,треба да се отворат и тие случаи.Бидејќи треба да се утврди законитоста на тие процеси,и како одлуките за нивно притворање се донесувани.

"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
21-02-2011 09:21 PM
Find all posts by this user Quote this message in a reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 10,667
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
Post: #59

Quote:УВОДНИК

Мали тегли за големи луѓе

Венко и дваесет години по смртта ни држи час. Сака да ни каже да престанеме да произведуваме нови предавници, бугарофили, србофили, југоносталгичари, антички Македонци, Словени... Дали гледате каде завршуваат делбите на патриоти и предавници? Во мали тегли за големи луѓе. Во 40 отсто воден раствор на формалдехид

Големиот поет Венко Марковски немаше среќа ни жив ни мртов. Овде му ја извадиле душата додека бил жив, а кога починал Бугарите му ги извадиле срцето и мозокот. Почива поделен на три дела, меѓу зафрлена алеја на софиските гробишта и правлива полица во депо на бугарскиот историски музеј. Страшна е таа морничава симболика на Венковата судбина, која во суштинскиот код е речиси идентична со историското минато на поделби на Македонија. Се прашувам, што ли мисли извесната чистачка Е.М. со плата од 228 лева, со основно образование, со љубов кон фолк-музиката и со целосно отсуство на интерес за поезија, кога еднаш неделно по службена должност ги разместува двете тегли со човечки органи за да го избрише од нив музејскиот прав? Се прашала ли некогаш чие е тоа срце и зошто се наоѓа во мракот на депото? Дали некогаш и' се затресла раката затоа што ја знаела тајната на музејот? А можеби и не знаела ништо. Можеби на двете тегли со човечки органи не било напишано името на човекот чие срце некој го извадил за потребите на бугарската историска колекција. Можеби на теглите стоел само архивски број, нешто во стилот „срце број 2/88“?
Драги Македонци, големи, средни и мали патриоти, функционери, бивши и сегашни политкомесари, лидери, историчари, дилери на национална свест, политиканти, книжевни критичари, рецензенти, спин-доктори, поети и академици..., ви ја раскажувам оваа тешка и тегобна приказна вам, бидејќи и денес во вашата „дејност“ се' уште давате максимален придонес да продолжи тоа што морало да биде запрено уште пред половина век, а не било сторено. Дали гледате каде завршуваат делбите на патриоти и предавници? Во мали тегли за големи луѓе. Во 40 отсто воден раствор на формалдехид. Дали тој стаклен сад е достојно „место“ за каков било спомен или за нечија историја?
Извесната музејска чистачка Е.М. со плата од 228 лева и со лабав однос кон домашната кујна, во такви тегли чува слатко од карнобатско грозје, мармалад од старозагорски тикви, две дози домашен ликер „ораховка“ и ситни пари што и' ги враќаат како кусур во маалската продавница. Само ние подготвуваме човечки судбини за во тегли. Ги препарираме луѓето додека се живи, им го замешуваме формалинот, им ја вадиме душата, им лепиме етикети, им отвораме живи рани, им буричкаме во дамарите, во уста им ставаме зборови што никогаш не ги изговориле и така „ребрендирани“ ги испраќаме во неврат. Тогаш не треба да не' чуди што на други им останува уште да им го извадат срцето, тогаш кога и физички ќе умрат.
Срцето на Венко не може да и' служи на ничија историја. Може да служи само за поука на оние што уште не сфатиле дека неговото срце остана во неговата поезија. Тоа што се чува во музејот е само материјална рефлексија на неговите стихови, ставови, размислувања... Поезијата не се откорнува со скалпел, ниту се чува во раствор, иако македонските книжевни кругови со години се обидуваа поезијата на Венко да ја удават во формалин.
Венко и дваесет години по смртта ни држи час. Се обидува да ни каже да престанеме да произведуваме нови предавници, бугарофили, србофили, југоносталгичари, антички Македонци и Словени, оти по толку поделби нема да остане ни еден Македонец во земјава. Сите ли ќе ги протераме? Колкава е „предавничката квота“ што треба да ја исполниме, за конечно да заврши нашата вековна диференцијација и самоуништување?
Денес никој нема морално право да ги обвинува луѓето што земале бугарски или друг пасош. Прашајте се зошто го направиле тоа? Што друго им останало ако им ги зеле душата, правото на работа, правото на парче леб, правото на достоинствен живот.
Власта и опозицијата најмалку имаат право да обвинуваат, да ги пребројуваат луѓето и да прогласуваат подобни или „чистокрвни“ Македонци. Тие се најодговорни што по и 17 години самостојност единствена фабрика што работи турбо и во време на светска криза е онаа што произведува адитиви за нагласување на националниот идентитет. Таа фарса мора да престане.
„Патриоти“ од сите партии, баталете ги спомениците, кавгите и делбите, отворете погони и обезбедете работа за граѓаните на земјава. Само така ќе се намали бројот на туѓите пасоши, само така куќите ќе се наполнат со деца, училиштата со ученици, селата со луѓе, теглите со зимница, а Македонија со Македонци.
Тогаш ќе се види кој е патриот.
Катерина Блажевска

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=6E...7E251E05893755
26-02-2011 04:05 PM
Find all posts by this user Quote this message in a reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
Post: #60

Венко Марковски продолжува да ги бранува духовите


По повод објавувањето на поемата на Венко Марковски во книжевното списание "Синтези", вчера во Скопје се одржа промоција на истото, која што се разви во дебата за ликот, делото и значењето на овој контроверзен поет


Во годините по осамостојувањето на Македонија неретко во книжевните кругови во Македонија се отвораше дебата за ликот, делото и значењето за македонската поезија на поетот Венко Марковски. На вчерашната промоција на новиот број на Синтези во која што е поместена неговата поема "Современи парадокси", која била причина за негово осудување и прогонство на Голи Оток во 1956 година, бидејќи се сметало дека претставува напад на личноста на Јосип Броз, повторно се разви дискусија. Академикот Гане Тодоровски, на промоцијата најави дека за расветлување на животните околности под кои Марковски заминал од Македонија, како и за проценување на значењето на неговата поезија за македонската литература, земајќи предвид дека тој творел на македонски јазик во ист временски период со Кочо Рацин, ќе претставува понатамошен предизвик за научниците и истражувачите во Македонија. Академик Тодоровски, на промоцијата најави дека тој подготвува книга за Венко Марковски во издание на Македонската академија на науки и уметности, во која ќе даде повеќе информации за животот и творештвото на Марковски.

Како што рече академикот Тодоровски, со оглед на тоа што историската граѓа за Марковски, кој припаѓа на така наречени дводомни автори кои пишувале и на македонски и на бугарски јазик, се уште е необработена, неизанализирана и не е развиена конструктивна дебата која ќе вроди со заклучок, неблагодарно е да се пишува на оваа тема паушално и без факти.

"Венко Марковски за мене е контроверзна личност. Тој и припаѓа на македонската литература во категорија на нејзините основоположници, но во подоцнешниот живот прави недоличен чин, родоотстапништво. Заминува за Бугарија и се откажува од своите корени, јазикот, нацијата...", рече академикот Гане Тодоровски на вчерашната прес-конференција.


http://www.vecer.com.mk/default.asp?Item...02040665F9

"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
28-02-2011 08:03 PM
Find all posts by this user Quote this message in a reply
Post Reply