Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 12 Vote(s) - 2.67 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Нова Година и нови надежи за Македонија
Author Message
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#17

(05-01-2010, 12:22 PM)трендафил Wrote: Не можам да се сложам дека во интерес на граѓаните на Македонија (и на било кој и било каде) е да се кршат нашите човекови права. Наша одговорност, не само пред нас, пред нашите предци и идните генерации, туку пред човештвото воопшто е да истраеме во борбата за нашите права и да ги подржиме другите кога ќе бидат загрозени.
Можеби некој ќе се налути ако во подоле напишаното го препознае својот овчар, но и Видкун Квислинг во Норвешка мислел дека работи во интерес на своите сонародници, а неговото име е станато синоним на предавство. Дали на македонски како национален предавник ќе користиме име на некој актуелен политичар? Се надевам НЕ.
Се чудам и се крстам дали некој во Македонија е ненормален или се обраќа до такви кога се чуди зошто откако експертите на ЕУ (од комисијата за проширување) утврдија дека ги исполнуваме условите за прием, а ЕУ ставајќи се во улога на баук кој треба да не натера самите да ги кршиме своите човекови права ни постави дополнителен услов, надвор од објавените критериуму за прием и надвор од сите норми, имаше протести пред нивната зграда во Скопје. Па каде требаше да се протестира. Пред ФСМ ли или пред амбасадата на САД? ЕУ е таа што не ги почитува своите норми затоа што прифаќа да стане заложник на една своја членка. Тоа е проблем што унијата, а и НАТО треба самите да си го решат. Не е срамота да се бориш за човекови права. Срамота е да ги кршиш. А благодарејќи на нашиот јужен сосед овие две организации се ставија во ситуација да ги кршат човековите права на граѓаните на Република Македонија самите да си ја именуваат државата и на македонскиот народ самиот да се именува себе, јазикот, својата култура, историја ...

ЕУ и НАТО си имаат свои политики и “ деловник“ по кои работат. Тие, навистина сакаат да целиот Балкан го внесат во своите редови, но бараат сите членки да имаат меѓусебно расчистени релации, за да не ги внесуваат нерешените проблеми во тие асоцојации. И, тоа е нормално. Ние, треба да процениме дали ни тоа одговара на нас или имаме некоја друга алтернатива. А, за автобусите на протестите пред канцелариите на ЕУ? Тие беа ораганизирани од ВМРО-ДПМНЕ. Не беа спонтани. Донесуваа свои активисти од провинција, зошто скопјаните биле нежни за тие активности. За Квислинг. Тито и КПЈ организираа и предводеа широк антифашистички фронт за ослободување на Југославија од фашистите во 2 -та Световна војна. Жртвите беа , мислам, околу 1.6000.000. Франција , исто се ослободи од фашистите, но со многу, многу помали жртви. Зависи како ги гледаш работите. Некогаш, големото херојство може да се етикетира и како лудост, а мудрото водење на политика како патриотизам. Југославија, и така и така ке се ослободеше. Но, Тито и КПЈ ке го немаа приматот да ја земат власта од кралот. Цена за тоа е 1.600.000 умрени. Е, кои испаднаа поголеми патриоти: Французите или Југословените!? А, за празнење на вишок хормони, Бог ја создал жената!
(This post was last modified: 05-01-2010, 02:29 PM by hristo.)
05-01-2010, 02:27 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Нова Година и нови надежи за Македонија - by hristo - 05-01-2010, 02:27 PM