Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 12 Vote(s) - 2.67 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Нова Година и нови надежи за Македонија
Author Message
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#16

(04-01-2010, 09:44 PM)mara-popara Wrote:
(04-01-2010, 08:32 PM)hristo Wrote: Секое време си има свои јунаци. Мислам дека на Македонија треба друг вид на “јунаштво“. Сега не е време за високопарни патриотски изјави ниту сини гради ( од удирање по градите). Денеска на Македоија и треба посветени и мудри политичари кои ке ги извагаат потребите и нужностите на Македонија, како и нејзините капацитети.

Prav si, na Makedonija i treba konechno nov VID NA "JUNACI", ludje koi ke pochnat da rabotat za interesite na gradjanite na Makedonija.
Ama za toa pak se potrebni takvi gradjani. Gradjani chii kriteriumi na izbor ke bidat takvi-vlast koja ke znae da gi izvagaat potrebite i nuznostite. Se chini zatvoren krug. Dilemata jajceto ili kokoshkata.

Инфицираноста на Македонија со ЈУГО- вирусот, за жал е сеуште присатна. Водењето на македонска политика наназад 20-ина години е оптеретено со подржување и бранење на српските државни интереси. Вмешаноста на службите во кадровските решенија во македонските политички партии резултира со таква политика. Се наоѓаме во апсурдна ситуација. Еднаш, кога е потребна нормална доза на патриотизам, тој патриотизам се угушува и репресира. Друг пат, кога треба подигање на политичка свест на Македонецот за, конечно, решавање на негово опстојување на балканските и европските простори, во неговот ткиво се убризгува преголема доза на патриотизам, кој па сега му штети на неговото нежно и реконвалесценто политичко тело. Секогаш имаме погрешен пристап во погрешно време.Кога требаше 1990 година, да покажеме силен патриотизам и да се одслободиме од југословенското ( српското) минато и контрола не покажазне решителност.Дури, донесувавме просрпски кадри за битни државни функции. Сега, кога треба да водиме умерена и рационална политика покажуваме вишок на патриотизам. Имали во Македонија една чесна гарнитура на политичари која, независно од српскиот државен интерес, ке го форсира македонскиот државен интерес и ке донесува мудри, одговорни и рационални потези?
05-01-2010, 02:13 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Нова Година и нови надежи за Македонија - by hristo - 05-01-2010, 02:13 PM