Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 12 Vote(s) - 2.67 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Нова Година и нови надежи за Македонија
Author Message
трендафил Offline
Member
***

Posts: 166
Joined: Jan 2010
Reputation: 3
#15

Не можам да се сложам дека во интерес на граѓаните на Македонија (и на било кој и било каде) е да се кршат нашите човекови права. Наша одговорност, не само пред нас, пред нашите предци и идните генерации, туку пред човештвото воопшто е да истраеме во борбата за нашите права и да ги подржиме другите кога ќе бидат загрозени.
Можеби некој ќе се налути ако во подоле напишаното го препознае својот овчар, но и Видкун Квислинг во Норвешка мислел дека работи во интерес на своите сонародници, а неговото име е станато синоним на предавство. Дали на македонски како национален предавник ќе користиме име на некој актуелен политичар? Се надевам НЕ.
Се чудам и се крстам дали некој во Македонија е ненормален или се обраќа до такви кога се чуди зошто откако експертите на ЕУ (од комисијата за проширување) утврдија дека ги исполнуваме условите за прием, а ЕУ ставајќи се во улога на баук кој треба да не натера самите да ги кршиме своите човекови права ни постави дополнителен услов, надвор од објавените критериуму за прием и надвор од сите норми, имаше протести пред нивната зграда во Скопје. Па каде требаше да се протестира. Пред ФСМ ли или пред амбасадата на САД? ЕУ е таа што не ги почитува своите норми затоа што прифаќа да стане заложник на една своја членка. Тоа е проблем што унијата, а и НАТО треба самите да си го решат. Не е срамота да се бориш за човекови права. Срамота е да ги кршиш. А благодарејќи на нашиот јужен сосед овие две организации се ставија во ситуација да ги кршат човековите права на граѓаните на Република Македонија самите да си ја именуваат државата и на македонскиот народ самиот да се именува себе, јазикот, својата култура, историја ...
05-01-2010, 12:22 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Нова Година и нови надежи за Македонија - by трендафил - 05-01-2010, 12:22 PM