Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 12 Vote(s) - 2.92 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Грегоријанскиот календар може да предизвика раскол во МПЦ-ОА
Author Message
poprushev Offline
Super Moderator
******

Posts: 157
Joined: Dec 2009
Reputation: -3
#1

Синодот, поради можните недоразбирања, кои веќе и се случиле на Бугарската црква, не ни помислува да го смени сегашниот јулијански со грегоријанскиот календар

Кој календар е точен, јулијанскиот или грегоријанскиот? Прашањето што кон крајот на секоја година редовно предизвикува жолчни расправии во јавноста, повторно се распламтува.

„Тие ортодоксни самозванци заборавиле дека не може да очекуваат Бог да се приспособува според нивниот (за жал, сé уште, и наш) православно-ватикански ракотворен календар“, ја напаѓа МПЦ писателот Милош Линдро, во својата колумна во „Време“.

И додека критичарите ја напаѓаат Македонската православна црква-Охридска архиепископија, зошто „како и сите други“ не го воведува грегоријанскиот календар, а самите владици не ретко жестоко возвраќаат дека воведувањето е „прекршување на светите канони“, суштината на проблемот останува скриена.

Само во неофицијален разговор во високите свештеници на МПЦ-ОА се дознава зошто Синодот нé ни помислува да дискутира за промена на календарот.

- Сé додека не се реши прашањето на автокефалноста на МПЦ, лудост е да се отвора дискусија по ова прашање. Затоа и реакциите на Црквата се често жестоки. Покрај МПЦ, по јулијанскиот календар се водат Руската, Српската и Ерусалимската црква. Во Бугарија, како резултат на ова, многу црковни заедници и свештеници се одвоија од БПЦ. Со други зборови - раскол. Зарем малку ни е Јован Вранишковски? Ваква е ситуацијата и кај Грчката православна црква, бидејќи таму се применуваат и двата календари - вели член на Синодот.

Ovoj komentar kako jas da sum go napishal i zatoa go postiram.

Musso
Календарот не е ниту црковна ниту државна работа. Календарот е инструмент - начин на броење на времето и е чисто астрономска категроија. Ме чудат сите дрндачи околу календарите да не ја прочитале или барем прелистале книгата “Бетлехемската Ѕвезда“ на Јован Манев, каде апсолутно прецизно, фактографски и астрономски точно анализирана е материјата околу времето, аклендарот и настаните сврзани со библијата. Не може да се иогнорира тоа дело на Манев и да се лупета се и сешто. АКо било кој од “дискутанмтите“ ја прочитал бибилијата уште на првата страница ќе наишол на ставот - тврдење дека “Господ ги создал ѕвездите за да луѓето се ориентораат спроти нив и така да го мерат времето и одбележуваат празниците“. Јака фиклозофска порака која јасно ви кажува - вистибнско време е она астрономското - ѕвездено време. Затоа без трескање глупости. А црквата си има свпои канони, свештеници табиетлии и нема никакво мандат како институција да определува што е “календарски точно, а што не“. Сега се размислувам дали на редкацијата на Нова Македобнија да и доставам примерок од книгата наМанев, или не. Не сум сигурен.

celiot tekst: http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=21873
29-12-2009, 04:46 AM
Reply
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#2

Quote:ПАРТИЈАТА НА ЕЛЕНОВСКИ БАРА УСОГЛАСУВАЊЕ СО ЕВРОПА

МПЦ го прифатила западниот календар, па се премислила

Тони Ангеловски

Македонската православна црква во 1969 година донела одлука за прифаќање на Грегоријанскиот календар, но таа одлука не заживеала поради големиот отпор на свештениците и на верниците, откриваат извори од МПЦ-ОА. Тоа е причината зошто и сега нема да се менува календарот, објаснуваат од МПЦ-ОА по вчерашниот повик на Социјалдемократската унија до црковниот и државниот врв за прифаќање на Грегоријанскиот и напуштање на Јулијанскиот календар, кој сега го користи МПЦ-ОА. Социјалдемократската унија бара да се организира јавна дебата со стручни лица и професори од богословските науки. Според нив, нема место за каков било страв за губење на дел од духовниот идентитет на нашиот народ доколку се промени календарот. - Кога земјата ќе влезе во европското семејство ќе биде единствената земја што ќе го прославува Божик на седми јануари, додека другите го прославуваат на 25 декември. Тоа предизвикува проблеми и за деловната заедница затоа што се создава еден вакуум-период во кој ништо не функционира - објасни Билјана Поповска од СДУ на вчерашната прес-конференција. Но, од МПЦ-ОА категорично одбиваат да разговараат за оваа тема. - СДУ нека си ја гледа својата работа и да не се меша во црковни работи. Тоа се глупости. Доколку се смени календарот, ќе дојде до раскол во самата црква. Има свештеници и верници што не сакаат ни да слушнат за промена на календарот. Синодот на МПЦ во 1969 година донесе одлука за промена на календарот, но верниците не ја прифатија поради што таа не заживеа - објаснува свештеник од МПЦ-ОА. Според него, МПЦ-ОА и така има доволно проблеми, па не и треба отворање ново горливо прашање кое ќе доведе до нови поделби. И поранешниот претседател на Комисијата за односи со верските заедници, Цане Мојановски, вели дека не може да се очекува промена на календарот иако реално постои проблем со неговата точност. - Ова прашање се отвораше неколку пати, но верниците не сакаат промена на календарот. Тоа е работа на верниците, а не на партиите. Тука е и влијанието на српската и на руската црква кои верниците кај нас ги сметаат за поблиски, а кои уште го користат т.н. вистински календар. Сепак, факт е дека еден ден ќе мора да се смени. Всушност, треба да се оди на т.н. астрономски календар, а не на Грегоријанскиот или на Јулијанскиот календар - вели Мојановски. Според него, промената на календарот ќе предизвика промени и во датумите на верските празници, што ќе биде дополнителен проблем. - Треба да се знае дека кај земјите што го прифатија Грегоријанскиот календар се јавува отпор и барања за враќање на Јулијанскиот. Во Грција, која го прифати Грегоријанскиот календар, има силно движење за враќање на стариот календар. Така и ги викаат - старокалендарци. Дури и во Хиландар го сметаат времето по стариот календар - вели професорот Мојановски. Инаку, како што објаснуваат упатените, изборот на календарот не е предмет на црковните канони, туку на слободен избор на секоја православна црква. Така, речиси сите православни цркви, освен руската, српската и македонската, времето го сметаат според Грегоријанскиот календар. Дури и во земјите чиишто православни цркви го употребуваат јулијанскиот календар, Србија, Македонија и Русија, верниците ја празнуваат Нова година на први јануари наместо на 14 јануари. Јулијанскиот е постар и понепрецизен од Грегоријанскиот календар, иако ни тој не е до крај прецизен.
(This post was last modified: 18-02-2010, 11:15 AM by mara-popara.)
18-02-2010, 11:14 AM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#3

Pred padot na Carigrad vo racete na Turcite, Vizantiskiot imperator Mihail 3 i negovite prethodnici otisle da pobaraat pomos od Rimskiot papa. Se mu vetile kako i deka ke ja obedini Pravoslavnata crkva so Rimokatolickata i nego go priznale kako vrhoven vodac za da dobijat pomos da se odbranat od Turcite, no istotaka dobile za pravo da gi zadrzaat svoite verski tradicii. Po taa odluka mnogu se nalutile.
Vo pravoslavieto Crkvenite lica (svestenicite,popovite, vladikite) go imaat glavniot zbor za prasanjeto okolu teleologijata dodeka sekularniot vodac e odgovoren za sproveduvanje na tie odluki. Imeno Rimskiot imperator Konstantin I ja spoil crkvata i vlasta vo nego i carevite sto dosle po nego.Taka da se sledi tradicijata na makedonskite anticki kralevi i na grcite vo koja vlasta i crkvata se obedineti vo vladeacot
(This post was last modified: 18-03-2010, 04:26 PM by basilius_2.)
18-03-2010, 04:24 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#4

Inaku sto se odnesuva do toa dali treba da se promeni kalendarot smetam deka treba, bidejki ke bideme vo duhovna unija so Rim, sto mislam deka toa e sepak potrebno,i od prakticni pricini.
Mislam deka prvo Makedonskata crkva treba da gi kodificira praznicite i da gi usoglasi nejzinite veruvanja so Carigrad i Rim.
18-03-2010, 04:29 PM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#5

Божик е празник кој според црковните канони, и оние на православната и оние на римокатоличката црква, секогаш се празнува на 25-ти декември. Од каде тогаш разликата од 13 денови, од ,,католичкиот” до ,,православниот” Божик? Проблемот е во календарот. Дури и терминологијата - ,,католички” и ,,православен” - е сосема погрешна, бидејќи речиси сите православни цркви го имаат прифатено грегоријанскиот (граѓански) календар. Единствено Руската, Српската и Ерусалимската православна црква, вклучително и нашата МПЦ, цврсто се држат до јулијанскиот календар.

Притоа се поставуваат неколку прашања.

Прво,

Дали со црковните канони прецизно е утврдено кој календар треба да биде во црковна употреба? Апсолутно НЕ. Тоа прашање не е предмет на црковните канони и оттука Црквата го оставила на решавање на науката. Мошне мудар потег. Така православната догма не фаворизира ниту еден календар, ниту јулијанскиот ниту грегорианскиот, оставајќи го тоа прашање на науката и пред се на слободното уверување на секоја православна црква поодеделно. Така, безмалку сите православни цркви, времето го сметаат според грегоријанскиот календар и оттука и Божик и сите други фикски православни празници ги слават според тој календар.

Второ,

Кој од овие календари е повеќе точен? Апсолутно грегоријанскиот. Тој впрочем е прифатен од безмалку сите цркви во светот. Да не говориме за неговата цивилна употреба. Дури и во земјите чиишто православни цркви го употребуваат јулијанскиот календар, Србија, Македонија, Русија, секој од нивните верници на прашањето кога е Божик ќе ви одговори дека е на 7-ти јануари, што е апсурдно. Освен тоа, сите од нив Нова Година ја празнуваат на 1-ви јануари, а, според јулианскиот календар би требало на 14-ти. Оттука и апсурдноста од употребата на стариот јулијански календар.

Јулианскиот е постар и понепрецизен од грегоријанскиот календар. Негов автор е александрискиот астроном Созиген кој на иницијатива на Гај Јулие Цезар во 46 г. пред Ис. Хр. изработил нов календар. Според името на нарачателот и календарот бил наречен јулијански. Но, овој календар не бил сосема точен. Тој се разликувал за 11 минути и 14 секунди од вистинската сончева (тропска) година. Оваа разлика за 400 години се искачила на 3 дена, 2 часа, 53 минути и 20 секунди, а, пак, во 1700 година изнесувала цели 10 дена. Денес таа изнесува 13 дена.

Оттука, веќе во средниот век, тогашните учени ја воочиле неправилноста на јулијанскиот календар. Свесни за неточноста на календарот, на иницијатива на римокатоличкиот папа Григориј XIII (1572 – 1585), во 1576 година била формирана посебна комисија од астрономи и математичари која имала за цел да спроведе реформа на јулијанскиот календар. По 6 годишна работа комисијата предложила конкретни мерки за реформа на календарот. Мерките биле прифатени од папата кој на 24-ти февруари 1582 година издал посебна папска була позната како intergravisimus. Во овој документ биле содржани т.н. Canones in Calendarum Gregorianum, односно мерки за реформа на календарот. Со нив, меѓу другото, било утврдено, секоја година, пролетната рамноденица да биде фиксирана на 21-ви март.

Понатаму, со цел да се изедначи дотогашната ралика меѓу јулијанската и реалната (тропска) година, која во 1582 година изнесувала 10 дена, со папската була било решено, во таа година 5-ти октомври да се смета како 15-ти октомври.

Новиот календар бил наречен Грегоријански според папата Грегориј, кој ја спровел реформата, и истиот бил многу попрецизен од јулијанскиот, иако ниту тој не е сосема точен. Разликата меѓу грегоријанската и тропската (реална) година е еден цел ден на секои 3.000 години – што е многу попрецизно и поточно од јулијанскиот чија разлика само за една година изнесува 11 минути и 14 секунди.

Овој нов, грегоријански календар бил најпрво воведен во Италија, Шпанија и Португалија, а потоа постепено и во другите европски земји.

За прашањето на календарот се расправало и на Сеправославниот конгрес во Истанбул во 1923 година. На конгресот било решено православните цркви да ги прифатат научните факти за неточноста на јулијанскиот календар и да го реформираат календарот по принципот на грегоријанскиот.
Нашата МПЦ во 1967 година донела одлука за напуштање на јулијанскиот календар, но од црковно – политички причини оваа одлука никогаш не влегла во сила. Притоа прашањето не е ДАЛИ , туку КОГА МПЦ ќе го смени календарот. Што побрзо толку подобро.
22-04-2010, 09:18 PM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#6

Грегоријански v.s. Јулијански календар
Божик е празник кој според црковните канони секогаш се празнува на 25-ти декември. Од каде тогаш разликата од 13 денови, од ,,католичкиот” до ,,православниот” Божик? Проблемот е во календарот. Дури и терминологијата - ,,католички” и ,,православен” - е сосема погрешна, бидејќи речиси сите православни цркви го имаат прифатено грегоријанскиот (граѓански) календар. Единствено Руската, Српската и Ерусалимската православна црква, вклучително и нашата МПЦ, цврсто се држат до јулијанскиот календар.

Притоа се поставуваат неколку прашања.

Прво,

Дали со црковните канони прецизно е утврдено кој календар треба да биде во црковна употреба? Апсолутно НЕ. Тоа прашање не е предмет на црковните канони и оттука Црквата го оставила на решавање на науката. Мошне мудар потег. Така православната догма не фаворизира ниту еден календар, ниту јулијанскиот ниту грегорианскиот, оставајќи го тоа прашање на науката и пред се на слободното уверување на секоја православна црква поодеделно. Така, безмалку сите православни цркви, времето го сметаат според грегоријанскиот календар и оттука и Божик и сите други фикски православни празници ги слават според тој календар.

Второ,

Кој од овие календари е повеќе точен? Апсолутно грегоријанскиот. Тој впрочем е прифатен од безмалку сите цркви во светот. Да не говориме за неговата цивилна употреба. Дури и во земјите чиишто православни цркви го употребуваат јулијанскиот календар, Србија, Македонија, Русија, секој од нивните верници на прашањето кога е Божик ќе ви одговори дека е на 7-ти јануари, што е апсурдно. Освен тоа, сите од нив Нова Година ја празнуваат на 1-ви јануари, а, според јулианскиот календар би требало на 14-ти. Оттука и апсурдноста од употребата на стариот јулијански календар.

Јулианскиот е постар и понепрецизен од грегоријанскиот календар. Негов автор е александрискиот астроном Созиген кој на иницијатива на Гај Јулие Цезар во 46 г. пред Ис. Хр. изработил нов календар. Според името на нарачателот и календарот бил наречен јулијански. Но, овој календар не бил сосема точен. Тој се разликувал за 11 минути и 14 секунди од вистинската сончева (тропска) година. Оваа разлика за 400 години се искачила на 3 дена, 2 часа, 53 минути и 20 секунди, а, пак, во 1700 година изнесувала цели 10 дена. Денес таа изнесува 13 дена.

Оттука, веќе во средниот век, тогашните учени ја воочиле неправилноста на јулијанскиот календар. Свесни за неточноста на календарот, на иницијатива на римокатоличкиот папа Григориј XIII (1572 – 1585), во 1576 година била формирана посебна комисија од астрономи и математичари која имала за цел да спроведе реформа на јулијанскиот календар. По 6 годишна работа комисијата предложила конкретни мерки за реформа на календарот. Мерките биле прифатени од папата кој на 24-ти февруари 1582 година издал посебна папска була позната како intergravisimus. Во овој документ биле содржани т.н. Canones in Calendarum Gregorianum, односно мерки за реформа на календарот. Со нив, меѓу другото, било утврдено, секоја година, пролетната рамноденица да биде фиксирана на 21-ви март.

Понатаму, со цел да се изедначи дотогашната ралика меѓу јулијанската и реалната (тропска) година, која во 1582 година изнесувала 10 дена, со папската була било решено, во таа година 5-ти октомври да се смета како 15-ти октомври.

Новиот календар бил наречен Грегоријански според папата Грегориј, кој ја спровел реформата, и истиот бил многу попрецизен од јулијанскиот, иако ниту тој не е сосема точен. Разликата меѓу грегоријанската и тропската (реална) година е еден цел ден на секои 3.000 години – што е многу попрецизно и поточно од јулијанскиот чија разлика само за една година изнесува 11 минути и 14 секунди.

Овој нов, грегоријански календар бил најпрво воведен во Италија, Шпанија и Португалија, а потоа постепено и во другите европски земји.

За прашањето на календарот се расправало и на Сеправославниот конгрес во Истанбул во 1923 година. На конгресот било решено православните цркви да ги прифатат научните факти за неточноста на јулијанскиот календар и да го реформираат календарот по принципот на грегоријанскиот.
Нашата МПЦ во 1967 година донела одлука за напуштање на јулијанскиот календар, но од црковно – политички причини оваа одлука никогаш не влегла во сила. Притоа прашањето не е ДАЛИ , туку КОГА МПЦ ќе го смени календарот. Што побрзо толку подобро.
22-04-2010, 09:58 PM
Reply
Makedonikus
Unregistered

 
#7

Ето една хубава статия за църковния календар на български език от Венцислав Каравълчев: http://www.dveri.bg/content/view/10399/319 - Това е първият дел - общо са шест.
Лично моето мнение е, че новият стил е по-точен и по-верен, но ако се приеме и в МПЦ ще има нов разкол, по-мащабен и от българския старостилен църковен разкол.
17-01-2011, 01:11 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:ЗОШТО ИМА ДВА ПРАЗНИКА НА ХРИСТОСОВОТО РАЃАЊЕ

МПЦ 44 години не ја активира одлуката Божик да се слави на 25 декември


[Image: CDF9BFBB43B049459609B12C1FA2165A.jpg]

Иако уште пред четириесет и четири години МПЦ донела одлука за враќање на Божик пред Нова година, но македонските православни христијани с` уште го слават раѓањето Христово тринаесет дена подоцна од сите. Значи, броејќи од денес, од денот што го празнува целиот христијански свет - освен Руската, Српската и Грузиската православна црква, заедно со Ерусалимската патријаршија и манастирите на Света Гора - нашиот Исус Христос ќе се роди тринаесет дена подоцна од неговото вистинско раѓање!

Според д-р Драган Зајковски, историчар од Институтот за национална историја, кој ја истражува историјата на христијанството, Божик е празник кој според црковните канони секогаш се празнува на 25 декември, па затоа, вели тој, се поставува прашањето од каде разликата од 13 дена од „католичкиот“ до „православниот“ Божик, всушност зошто постојат два Божика кога Исус Христос се родил само еднаш?

Молк од 44 години

Светиот синод на МПЦ пред 44 години донел одлука да го прифати грегоријанскиот календар и македонските христијани Божик да го празнуваат на 25 декември како огромниот број христијани во светот. Сепак, до денес таа одлука не е спроведена. Во Синодот велат дека таква одлука навистина е донесена есента 1969 година и никогаш и не е повлечена ниту, пак, со некаква нова одлука е ставена вон сила. Оттука се поставува прашањето, зошто одлуката не била спроведена или поточно зошто не е спроведена? Пред извесно време, истражувајќи за тоа што тогаш се случило и зошто одлуката не е спроведена, побаравме објаснување во Синодот, но од таму добивме само некаква препорака да се обратиме до нивниот Архив за да ни дозволат, ако сакаат, се разбира, да го видиме документот со одлуката за менување на календарот. Дека нешто не е како што треба во врска со документот, говори и тоа што ѕидот на молкот продолжи и во архивата на МПЦ, со образложение дека, за да биде овозможен увид во записникот од 1969 година, треба да се поднесе писмено барање, а за барањето ќе одлучува Синодот.

Единствен што тогаш сепак ни даде некаква изјава беше дебарско-кичевскиот митрополит, г. Тимотеј, портпарол на Синодот на МПЦ. Според него, иако тој во тоа време, како што рече, бил само ученик, одлуката од 1969 година за прифаќање на грегоријанскиот, наместо на јулијанскиот календар, е повлечена уште истата година.

- Факт е дека одлуката е повлечена, односно е ставена вон сила, па затоа, еве, повеќе од 40 години нема ни глас ни трага од таа идеја. Додека е овој состав на Синодот, таа одлука никогаш и нема да биде во сила. Според тоа, такво нешто за нас не постои, па затоа ништо не е променето во однос на календарот што го прифатила и го применува нашата црква, поточно нашиот народ. Инаку, што се однесува до мене лично, јас категорично сум против менување на календарот, особено во време кога имаме многу поважни работи од тоа - ни изјави владиката Тимотеј.

Kаноните не се пречка

Д-р Зајковски наведува дека науката одамна дала одговор дека постои само еден Божик. Оттука, според него, проблемот е во политиката бидејќи дури и терминологијата „католички“ и „православен“ Божик е сосема погрешна. Имено, речиси сите православни цркви го имаат прифатено реформираниот јулијански календар, кој речиси е идентичен со грегоријанскиот, таканаречен граѓански календар. Единствено Руската, Српската и Ерусалимската православна црква, вклучително и нашата МПЦ, с` уште цврсто се држат до стариот јулијанскиот календар.

- Се поставуваат неколку прашања. Прво, дали со црковните канони прецизно е утврдено кој календар треба да биде во црковна употреба? Одговорот е - не. Тоа прашање не е предмет на црковните канони и оттука црквата го оставила на решавање на науката, со што направила мошне мудар потег, а црквите се слободни да решаваат кој календар ќе го применуваат. Затоа безмалку сите православни цркви Христовото раѓање го лоцираат според реформираниот јулијански календар, според кој, Божик како и сите други фиксни празници секогаш се празнува на 25 декември. Второто прашање се однесува на тоа кој од овие календари е поточен. Апсолутно дека поточен е грегоријанскиот, односно реформираниот јулијански календар. Тој е единствениот прецизен календар прифатен од безмалку сите цркви во светот, а да не говориме за неговата цивилна употреба - потенцира Зајковски.

Новиот, грегоријански календар, најпрвин бил воведен во Италија, Шпанија и во Португалија, а потоа постепено и во другите европски земји. Се разбира, за прашањето на календарот се расправало и на Сеправославниот собир одржан во Истанбул во 1923 година. На собирот било решено православните цркви да ги прифатат научните факти за неточноста на јулијанскиот календар. Затоа, во таа насока, веднаш по обновувањето, и нашата МПЦ во 1969 година донела одлука за напуштање на јулијанскиот календар, но од црковно-политички причини оваа одлука никогаш не стапила во сила. Можеби тоа го спречила Српската православна црква, која во заедничката држава во тоа време имала доминантно влијание врз политичката елита во Белград и во Скопје! Сепак, имајќи ги предвид научните факти, впечаток е дека сега веќе не е прашање дали, туку кога МПЦ ќе го смени календарот.

Милош Линдро, писател кој, меѓу другото, ги истражува и мистичните области на историските настани од оваа област, смета дека не може да се очекува „Бог да се приспособи на поповите, туку тие треба да се раководат според Божјиот, небесен и вечен закон“.

- Големите небесни светила никогаш нема да погледнат во православно-староватиканските календари за да си го променат својот божествен ритам на движење - потенцира тој.

Блаже Миневски

Православниот Исток се смени по 334 години

На нашиот православен Исток му биле потребни дури 334 години, кога пристигнуваат католички и протестантски армии на Балканот, за тој да почне да го применува грегоријанскиот календар. Прва почнала Бугарија на 18 март 1916, па Русија на 31 јануари 1918, Романија на 31 март 1919, Грција на 9 март 1924, Турција на 18 декември 1926 и на крајот Kралството на Југославија во 1929 година. Сепак, точниот, реформиран календар во балканските држави и во Русија бил воведен само во администрацијата и во секојдневниот живот, но православните цркви продолжиле да функционираат според правилата на својот догматски инает. Во грчката, бугарската и во романската црква, сепак имало архијереи кои прифатиле дека небото е посилно од земните навики, па една или две децении по поправањето на световниот календар ги поправиле и своите црковни календари.

DNEVNIK
25-12-2013, 07:26 PM
Reply