Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
КАПИТАЛИЗАМ, ШТО Е ТОА?
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Мисконцепции на Капитализмот


Бројот на луѓе кои веруваат дека капитализмот е систем инхерентно полн со мани е загрижувачки податок. Доколку дозволиме овој тренд да продолжи да расте, патот до економско ропство е неизбежен. Мисконцепциите на капитализмот достигнаа толку високо ниво што дури и луѓе кои го бранат системот не го разбираат истиот во целост, што само додава гориво на оганот кој мораме да го изгаснеме што е можно побрзо.
Денес самиот збор (капитализам) предизвикува негативни чуства кај луѓето. Безброј неосновани критики можат да се слушнат за 'очигледните' недостатоци на системот кој овозможил најголем раст во стандардот на живот од било кој друг економски систем во историјата. Изворот на критиките најчесто се резултат на неадекватното разбирање на системот. Дел од критичарите како решение предложуваат целосна замена со 'подобро' и/или 'похумано' економско уредување како социјализам или некоја нејзина подгранка. Останатите, оние кои се помалку драстични во своите размислувања, веруваат дека капитализмот треба да биде менаџиран од државата. Во оваа статија би сакал да објаснам пред се што е капитализам и да одговорам на неколку од најгласните критики упатени кон системот базиран на слободни пазари и приватна сопственост. Во некоја од наредните статии ќе зборувам повеќе за социјализам и дел од нејзините подгранки.

Капитализам

Пред изумот на капитализмот (~300 години) социјалниот статус на индивидуалецот бил предодреден. Финансиската ситуација на сиромашните и богатите не била подлежна на промени од почетокот до крајот на нивните животи.
Најголемиот проблем на Британија во тој период била зголемената популација. Достигнала 6-7 милиони од кои 1-2 милиони жители биле во буквална смисла на зборот, пролетеријанци. Како последица на овој тежок социјален проблем се родил капитализмот. Дел од ауткастите, т.е. пролетеријанците кои биле оставени сами на себе почнале да се организираат и да креираат мали бизниси на кои целта им била производство за масата на луѓето. Тоа всушност е и основниот принцип на капитализмот - масовна продукција.
Истиот принцип владее и ден денес, сите оние големи бизниси кои се под постојани напади од сите страни, токму тие произведуваат за потребата на пошироката популација.
Главната дистинкција помеѓу капитализмот и феудализмот е во тоа што во капитализмот вработените во фабриките се во исто време и конзумери на продуктите кои ги произведуваат. Во феудализмот продуктите генерирани од фармите на аристократите биле пред се наменети за нив. Една од најголемите мисконцепции на капитализмот е дека големите фирми се премногу моќни и можат што сакаат да прават. Ова не може да биде подалеку од вистината. Вистинската моќ во капитализмот е во рацете на потрошувачот.
Што мислите, колку време ќе опстане една фирма доколку потрошувачите решат да престанат да ги купуваат нејзините производи? Фундаменталниот принцип на капитализмот е што сите имаме право да го служиме потрошувачот на што е можно поевтин и поефективен начин. Најуспешните ќе бидат наградени од потрошувачите. Токму овој принцип кој е базиран на конкуренција е тоа што го крена стандардот на живот неспоредливо подрастично во западната хемисфера отколку во источната.
Ова се фактите на капитализмот, систем кој е под постојан удар на критики, иако дозволил толкав раст на популацијата пред се затоа што го намалил морталитетот кај децата. Критичарите на ова економско уредување треба да се запрашаат дали воопшто би биле живи доколку не никна новата идеологија базирана на индивидуална и економска слобода.
Но и покрај сите овие факти, уште од почетокот капитализмот бил под силни критики. Една честа мисконцепција е дека поплаките потекнуваа од обичниот човек кој работел во една од многуте фабрики, но вистината е токму спротивното, односно аристократите биле најголемите противници на новата идеологија. На почетокот на 19-от век аристократите биле присилени да ги зголемат платите на своите вработени како последица на растот на платите на оние кои работеле во фабриките. Тоа било единствен начин да се спречат вработените да заминат и да најдат вработување во една од тие фабрики кои биле толку често критикувани поради лошо понудените работни услови.
Според нашите денешни услови за работа, тогашните дефинитивно биле ужасни. Важно е да се истакне дека вработените не биле присилувани да работат во тие фабрики, односно тоа го правеа затоа што производите кои биле произведувани во истите биле неопходни за опстанок. Нивниот стандард за живот веќе бил во под-хумано ниво. Една од најголемите лаги низ историјата која е повторувана безброј пати е дека жени и деца биле вработувани во фабрики и покрај тоа што имале задоволувачки стандард на живот. Луѓето во тоа време имале 2 избора, да работат во една од тие фабрики или да умрат од глад, со тоа што првата опција пред изумот на капитализмот не ни постоела.
Ова најдобро може да се докаже со една мала статистика, токму во тој период кога се развил капитализмот во Британија за време на индустриската револуција (1760-1830) популацијата на Британија се дуплирала, што значи дека стотици, дури и илјадници деца преживеале како директна последица од развојот на капитализмот.

Капитализмот предизвикува нееднаквост во општеството

Ова е најчестата критика упатена кон економскиот систем базиран на слободни пазари и приватна сопственост.
Критикава е одличен пример за тоа како луѓето кои го критикуваат и оние кои неуспешно го бранат капитализмот, креираат конфузија која само лошо име им дава на слободните пазари. Обидот од дел на пропонетите на капитализмот да го одбранат системот резултира со одговори како "нееднаквоста е природен феномен на слободните пазари и обична опсесија на левучарите". Проблемот во оваа констатација е што истата го игнорира вториот извор на креацијата на нееднаквоста во приходи - владини регулации и монетарни политики.
Најпрвин би сакал да зборувам за првата причина која предизвикува нееднаквост во која бранителите на капитализмот се во право кога истакнуваат дека тоа е природен феномен на слободните пазари. Главната мисконцепција кај критичарите тука е што веруваат дека поголема нееднаквост автоматски значи и поголема сиромашност. Дури и кога емпириските податоци покажуваат дека има раст на стандардот на живот кај населението, критичарите велат дека тоа е неважно со оглед дека истовремено има и раст во нееднаквоста на примањата.
Ова нормално е ужасен начин на анализирање на проблемот со нееднаквоста на популацијата. Тоа што е најважно за луѓето е дека нивниот стандард на живот расте, интересно е што во државите каде има подрастичен раст во стандардот на живот исто така има и зголемена нееднаквост. Ова секако е природен феномен кој е неопходен за да има раст, и доколку се обидеме овој ефект на пазарната економија да го модифицираме автоматски ќе ја уништиме мотивацијата кај луѓето да се трудат што е можно повеќе да допринесат во општеството. Австро-Американскиот економичар Лудвиг вон Мисес одлично го објасни овој процес.

Quote:Оние кои се најспособни да обезбедат што е можно поефтини добра и услуги на голем број на луѓе се истите кои се најчесто најнаградени од економска гледна точка.


Сосема е нормално како што стандардот на живот расте кај популацијата, така и нееднаквоста во примањата исто така да расте. Мене лично би ми било мило мојот сосед да смисли продукт со чие користење на мене ќе ми предизвика некакво задоволство или ќе ми го олесни животот. Јас имам очигледна придобивка со оглед дека решив да разменам дел од моите пари за неговата иновација, тој нормално ќе стане екстремно богат доколку доволно луѓе исто така гледаат некаква придобивка од неговиот изум. Нееднаквоста помеѓу мене и мојот сосед се зголемила, но и двајцата сме во подобра позиција отколку што бевме пред неговиот придонес во општеството.
Сега би сакал да обратам внимание на вториот дел од равенката. Делот каде критиката е валидна и каде е многу важно процесот и причините да ги објасниме. Тука нееднаквоста е резултат на владиното мешање во слободните пазари преку регулации и монетарни политики.
Со оглед дека живееме во времето на интервенционизам (подетално ќе зборувам за овој систем во некоја од наредните статии) растот во нееднаквоста драстично се зголеми.
Владините регулации како економски мерки имаат долга историја во креирањето на нееднаквоста. Историски давањето предност на една фирма пред останатите се викало меркантилизам, корпоратизам, варен капитализам (crony capitalism), итн.
Најчестите владини регулации кои допринесуваат во растот на нееднаквоста и не смеат да постојат во едно слободно општество се рестрикции на тргување, субвенционирани приватни фирми, владини рестрикциите на приватни бизниси, владини корпорации кои имаат монополска моќ, итн.
Резултатот на овие мерки секогаш биле да го зголемат богаството кај одредени лица преферирани од моменталната власт на сметка на остатокот од општеството.
Ефектите на монетарната политика од друга страна се суптилни и дури поголемиот дел од економичарите се слепи за нив. Надувувањето на понудата на парите (inflating the money supply) има нееднаков ефект на популацијата со тоа што ги наградува лицата кои ја имаат привилегијата први да ги потрошат парите. Тоа се случува затоа што новокреираните пари не влегуваат во системот на еднаков начин и им дозволува на првите потрошувачи да имаат економска предност со тоа што цените сеуште се неадаптирани на новата понуда на парите.
Дополнителен и уште посилен допринос на растот на нееднаквоста се случува поради погрешните сигнали кои се праќаат во економијата поради новокреираните пари. Тоа ги тера претприемачите да инвестираат во капитални добра затоа што веруваат дека временската преференција се сменила кај потрошувачите. Ова резултира во раст на цените на недвижнини и пазарот на акции (целиот овој процес детално ќе го објаснам во некоја од наредните статии). Последицата на овој бум-баст циклус кој исто така се нарекува бизнис циклус или циклус на тргување е што секогаш неизбежно резултира со рецесија и во одредени ситуации со депресија под услов државата да не дозволи слободните пазари да ги поправат грешките кои настануваат поради монетарните политики. Во одредени екстремни кризи како во 2008-та година, владата поради нивната наивност и неразбирањето за потеклото на рецесијата интервенира на крајно контроверзни начини. Големите банки беа спасени со парите на обичниот човек, и не е ни чудно што на крај на целата криза Wall Street се награди со екстремно високи бонуси додека добар број на граѓани останаа на улица заради одземените имоти.
Во капитализмот не постои фирма која е карактеризирана како преголема за да пропадне. Слободните пазари се механизам кои наградуваат но пред се и казнуваат. Доколку владата се меша во овој природен механизам тогаш грешките во распределувањето на лимитираните ресурси ќе продолжат да се прават што нормално има негативен ефект врз растот на стандардот на живот. Денеска за жал луѓето несвесно овие грешки и проблеми ги атрибутираат на капитализмот иако се дело на интервенционизмот. Доколку подршката према интервенционизмот продолжи да расте системот порано или подоцна ќе се претвори во Фашизам.

Преголема концентрација на богаство кај мал број на луѓе

Капитализмот овозможува монопол и поради тоа државата мора да интервенира за да овозможи 'фер' компетиција. Ова е уште една популарна критика упатена према слободните пазари која игнорира многу важен факт - најголемиот дел од монополите постојат токму поради мешањето на државата во пазарната економија. Како и да е, постојат ситуации каде слободните пазари овозможуваат монополски цени, но тие случаи се екстремно ретки. За овие исклучително ретки сценарија ќе зборувам во посебна статија затоа што темата е прилично опширна.
Историски монополот преставувал проблем само кога бил креиран и/или одржуван од страна на државата. Главната причина поради која голем број на луѓе се борат да дојдат на власт е поради моќта која народот наивно им ја врачува. Во едно слободно општество ни еден од следниве 3 примера не би биле дозволени, а во еден таков политички систем корупцијата автоматски би се намалила.

  1. Добар начин владата да им направи услуга на големите компании е сорегулации. Со креирање на непотребни закони владата го зголемува трошокот за производство и на тој начин го отежнува работењето на малите фирми кои се обидуваат да се пробијат на пазарот. Кај мене на работа имаме картици со кои мораме да се пријавиме кога ќе стигнеме и кога ќе си заминеме од работа. Директорот не го засега кога јас стигнувам на работа и кога си заминувам, туку тоа што му е важно е клиентите да се среќни со мојата работа. Но, без оглед на тоа, приморан е да одвои дел од приходите за да овозможи систем кој евидентира колку време работат вработените. Логиката зад овој закон е да не се злоупотребува работникот со тоа што би работел над 8 часа. Во едно слободно општество државата нема никакво право да се меша во волонтерскиот договор помеѓу две индивидуи. Како јас ќе се договорам со мојот работодавач е моја лична работа и мешањето на државата во работи што не ги засега само ја отежнува нашата соработка. Државата треба да се вмеша единствено доколку некој од нас не го испочитува договорот. Друг добар пример е минималната плата, овој закон автоматски креира невработеност. Тоа што државата вели е доколку не сте способни да креирате износ/аутпут повисок од естаблираната минимална плата тогаш е нелегално да се вработите. Земете го примерот со Амазон денес, зар мислите дека на Амазон ќе им претставува проблем да ја кренат минималната плата на $15 од саат? Едвај чекаат ваков закон да дојде на сила затоа што ова пред се ја повредува конкуренцијата која во таква ситуација би имала повисоки трошоци за производство кои Амазон инаку може да си ги дозволи. Но истото не важи и за новоформираната фирма за која овие додатни трошоци можат да бидат доволни за да банкротираат. Регулациите се многу ефективен начин да ја уништите конкуренцијата уште пред да застанат на свои нозе.
  2. Најлошиот вид на комшија е оној кој ви е конкуренција. Преку тарифи домашните фирми обезбедуваат предност над странските, со други зборови потрошувачот е задолжен да плати данок доколку реши да купи продукт од фирма надвор од државата. На ваков начин мал број на привилегирани поединци бенефицираат на сметка на потрошувачите кои се приморани да плаќаат повисоки цени.
  3. Трет и финален пример кој би го искористил се субвенции. Владата денес активно ги субвенционира земјоделците што значи дека наградуваат непрофитабилни бизниси на сметка на профитабилните. Се обидов да ја покренам оваа дебата на една нивна фејсбук статија.
Финансиска нестабилност предизвикана од бизнис циклусите

Ова е во целост невалидна критика бидејќи бизнис циклусите се манифестација на централните банки. Единствената причина поради која овие критики се додадени на капитализмот и слободните пазари е затоа што голем дел од модерните економисти веруваат дека тие се инхерентна слабост на пазарната економија. Како што веќе напоменав, во една од наредните статии детално ќе го објаснам овој феномен.
Во едно општество базирано на слободни пазари централните банки не би ни постоеле. Во оваа статија, со оглед дека веќе стана предолга само би сакал да напоменам дека централните банки се анти-капиталистички институции. Доколку го прочитаме комунистичкото манифесто на Карл Маркс ќе забележиме дека постоењето на централната банка е една од точките која секоја комунистичка држава треба да ја исполни.

Заклучок

Капитализам е систем кој е базиран на слободни пазари и приватна сопственост. Најголемите противници на ова економско уредување од секогаш биле индивидуалци кои сакале да ја зголемат нивната политичка моќ и наивни граѓани кои биле убедени дека злобниот капиталист ги искористува.
Најголемиот дел од критиките упатени према капитализмот се всушност наменети на адреса на интервенционизмот - системот кој владее денес и кој е пред умирање.
Во светот имаме многу примери на држави кои на време ја прифатија идеологијата на индивидуална и економска слобода што им овозможило драстично да го кренат својот стандард на живот. Ние како и целата источна хемисфера за жал предолго ја игнориравме новата либертаријанска идеологија, добрата вест е што тоа се менува. Наша одговорност е да бараме полимитирана власт на која нема да ѝ биде дозволено да наградува свои пријатели што природно резултира со високо ниво на корупција.
Дента кога граѓаните ќе изгубат интерес да се инволвираат во политика е денот кога нашето општество конечно ќе функционира како што треба. Во една таква околина сите ќе ги насочуваме нашите напори што е можно повеќе да допринесеме преку слободните пазари што субсеквентно ќе резултира во повисок стандард на живот за сите нас.
Најбрзиот пат до просперитет е преку капитализам, лимитирана власт, и индивидулна слобода.

ИСП
26-01-2019, 02:23 AM
Reply