Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ШТО Е ПРИЧИНАТА ЗА ПИСМОТО НА АМБАСАДОРОТ БЕЈЛИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Амбасадорот Бејли со писмо до судиите и до Министерката за правда

[Image: mpuzskcgvdcb1ywyabua.jpg]

 26.12.2018  Јасмина Спасовска 
Судиите да не се повикуваат на американската амбасада или на Џес Бејли кога носат одлуки за притвор. Ова во писмо до Кривичниот суд го апелира амбасадорот Бејли, објави порталот сдк.мк. Дека пристигнало писмо потврдија од скопска единица и за тв24. Според нашите информации писмото било во правец на поддршка на независноста на судството и владеењето на правото, но и порака за загриженост дека имало влијание од надвор.
- „Информацијата за писмото беше споделена на колегиум, меѓутоа интенцијата не беше конкретна за некого, туку апел до судиите да се држат до независноста во нивната професија.“ - велат од Кривичен.
Дали причина за ова писмо биле изрекувањето на притвори на поранешните моќници Сашо Мијалков и Орце Камчев или пак е поврзано со предмети кои ги води СЈО и во кои беа изрекувани притвори, засега е неизвено. Од амбасадата на САД во земјава кратко одговорија:
- „Поради затворањето на американските владини служби, одговорните во Американската амбасада во Скопје не се достапни за коментар на писмото.“
Според првичинте информации Бејли изразил разочарување од информациите кои постојано стигнуваат до него дека судиите носат пресуди диктирани од амбасадата на САД. Писмото стигнало и до Апелација, Врховен, министерството за правда, од каде што потврдија дека е наменето за Кривичен суд, а на сите останати е пратено како кратка информација. Од кривичен велат дека вратиле одговор на писмото со ново писмо во кое изразиле благодарност за поддршката и сите напори кои ги вложува амбасадата за спроведување на владеењето на правото во земјава.
 
28-12-2018, 12:33 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Се случува ли финансиска истрага во амбасадата на САД?

[u][Image: %D0%91%D0%B5%D1%98%D0%BB%D0%B8.jpg?zoom=...C226&ssl=1][/u]


27.12.2018
Еден од основачите на движењето #бојкотирам кој важи за доброинформиран активист на Твитер објавува дека во амбасадата на САД во Скопје во моментов се врши истрага за начинот на кој се трошени пари на американските даночни обврзници од кои дел биле дадени на организацијата Отворено општество на магнатот Џорџ Сорос.
Според него дури 11 истражители назначени од админиатрацијата на Доналд Трамп ги чешлаат финансиските извештаи на Агенцијата за меѓународен развој на САД.
Вчера јавноста беше изненадена дека амбасадорот Бејли испратил писмо до судските власти во кое се оградува од нивните пресуди и судски одлуки.
(This post was last modified: 28-12-2018, 12:34 AM by ЈорданПетровски.)
28-12-2018, 12:34 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Писмото на Бејли до Џолев

28.12.2018
Амбасадорот на САД е “Длабоко вознемирен” пишува во писмото што го испрати до претседателот на скопскиот кривичен суд Иван Џолев.
Што друго пишува во писмото кое предходеше на ослободување од притвор на голем број обвинети во случаите 27 септември и Империја на СЈО и ОЈО прочитајте сами.
[Image: 20181228_1246342189009471654312448-1.jpg...C917&ssl=1]
[Image: screenshot_20181228-114828_signal1412226...=640&ssl=1]
28-12-2018, 01:49 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Барала ли судијата Кацарска полициска заштита за амнестијата?



December 28, 2018
[Image: Screenshot_20181228-112319_Twitter.jpg?r...C694&ssl=1]



Судијката Добрила Кацарска која го води предметот за 27 април барала полициска заштита од претседателот на скопскиот кривичен суд Џолев, тврди еден од основачите на движењето #Бојкотирам Горан Костовски.
Според него Кацарска била судијата врз која се вршел притисок од амбасадата на САД за да ги донесе амнестиите, а притисокот го вршел лично претседателот Иван Џолев во име на амбасадорот Бејли.
“Затоа писмото е до него, Џолев сакал да ја заштити својата братучедка Васка Масевска која е раководител на одделот за организиран криминал и која сега е приморана да ги потпише амнестиите”, тврди Костовски кој користи хаштаг #Апсаана со порака “Апаши од картелот Северна!!!”
Според Костовски Кацарска се жалела дека Џолев врши притисок врз неа во име на амбасадорот Бејли да ги потпише амнестиите што оваа одбила да го направи.
“На крај од немајкаде братучедката на Џолев, Васка Масевска била приморана да ги потпише. #Апсаана за сите набрзо… “, тврди еден од основачите и активист на #Бојкотирам.
28-12-2018, 01:53 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Заев бара од судиите да се изјаснат за писмото на амбасадорот Бејли


28.12.2018
Министерката за правда Рената Дескоска ќе добие инструкции да го отвори прашањето во Судскиот совет што го отвори американскиот амбасадор Џес Бејли во писмото пратено до претседателите на судовите, со кое бара од нив да не ја посочуваат амбасадата како одговорна за одлуките што ги носат за притворите и пресудите, порача вчера премиерот Зоран Заев од собраниската говорница.

– Судскиот совет сигурно ќе донесе одлука. Ако имало таква работа, да се посочи и да се преземе одговорност. Ако немало, да биде начисто Америка преку својот прв репрезент – американскиот претседател, бидејќи кога зборува амбасадорот, зборува земјата. Тоа е доволен сигнал да преземеме одредени дејства и анализи за да видиме што е во суштина причината да дојде до такво писмо – рече Заев, одговарајќи на пратеничко прашање.

Тој истакна дека веќе му наложил на својот советник за надворешна политика Дане Талески да контактира со американскиот заменик-амбасадор.

– За писмото од амбасадорот Бејли разбрав од медиумите и загрижен сум од позитивен аспект. Му наложив на советникот за надворешна политика Дане Талески да се сретне со заменик-амбасадорот за да добиеме дополнителни појаснувања и уверувам дека до утре ќе ги добиеме. Амбасадорот Бејли не е во земјава и веројатно заменик-амбасадорот може да објасни, но ако не, тогаш кога амбасадорот ќе се врати, околу нашите божиќни празници, директно ќе разговарам со него – рече Заев.

Самиот чин на испраќање на писмото, смета Заев, треба да нѐ загрижи сите.

– Не ги знам деталите и каде е сомневањето што амбасадорот Бејли го посочи во писмото. Повеќе ја сфатив пораката да се испрати до правосудството и да не се вадат на амбасадата при носење на одлуките. Јас сум еден од сведоците дека и во времето на пржинскиот договор се зборуваше дека американската амбасада го наметнала тоа, ЕУ го наметнала, а сите знаеме дека ние ги носевме одлуките, а од нив баравме да бидат медијатори – рече Заев.


Пак лаже, лажгото!!
Заев незнеа дека се уценувани!! Lazgo Па Заев молел кај Бејли да помогне во убедување на судиите да ги исполнуваат желбите на Заев!
(This post was last modified: 28-12-2018, 03:25 PM by ЈорданПетровски.)
28-12-2018, 02:23 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:ИМАЛО ГОСПОД: МОНСТРУМОТ БЕЈЛИ ЌЕ СЕ СООЧИ СО ПРАВДАТА


[Image: bejli.jpg]


28.12.2018 Мартин Треневски
     Повеке македонски електронски портали објавија деновиве дека тим од 11 финансиски експерти од Американската влада ја чешлаат документацијата во Американската амбасада во Скопје пребарувајки лист по лист во потрага за докази како се трошени парите од даночните обврзници на САД во процесот на разнебитување на стратегискиот партнер на нивната земја - Република Македонија, за донесување на квинслишката влада на Зоран Заев на власт со единствена цел: со сите расположиви средства и методи (најчесто недозволени и бескрупулозни) да се преиначи (по теркот на "длабоката држава") етничкиот баланс, името на државата, нејзиниот Устав и идентитет на мнозинскиот македонски народ.

     Немам зборови да го опишам моето лично воодушевување од присуството на 11те финансиски експерти и од срце им посакувам да ископаат што е можно повеке докази за конечно и дефинитивно да го раскринкаат овој експонент на "длабоката држава", на која Претседателот Трамп и објави војна со изјавата што ја даде пред неколку месеци:"Раскрстив со кланот Клинтон и со кланот Буш, сега ми преостанува да раскрстам и со "длабоката држава" (Deep state)".

     Со душа сакам да им помогнам на 11 финансиски експерти од преку барата со две сугестии благодарение на некои доблесни македонски електронски портали.

     Прва сугестија: Мислам дека би било извонредно корисно на споменатите финансиски експерти да им се даде на увид фотографијата како лицето Џес Бејли буквално му диши во лице на поранешниот претседател на Државната изборна комисија Чичаковски (добро е да се сретнат и со него лично) кога се случуваше гласањето и прегласувањето во Теарце за време на последните парламентарните избори, и

     Втората сугестија: Мислам дека ке биде многу корисно (за комисијата финансиски ревизори во амбасадата на САД) да го поканат на кафе средба судијата Владимир Панчевски и да го замолат да каже: ЗОШТО беше повикан на разговор во американската амбасадата од Бејлиевци непосредно по завршетокот на последните парламентарни избори и што бараа дотичните од него, што само по себе е невиден скандал и безобразие без предесан.

     Сакам да верувам дека Белата куќа конечно свати колкава штета и нанесоа Џес Бејли и Стејт департментот чиј експонент пет години беше именуваниот ЦИАш (иако пред некој месец беше најавено дека  к о н е ч н о  во декември о.г. ке замине од Македонија и дури беше соопштено името на дамата амбасадор што ќе го замени), еве на истекот и на декември и на ова 2018та година (да не се повтори) тој сеуште  го дише скопскиот загаден воздух и никако да исчезне, (како да нема куртул од него?)

    Експоненти како Џес Бејли - егзекутори на политиката на "длабоката држава" и нанесуваат огромна и непроценлива штета на угледот на САД и на растот на антиамериканско расположение во земјите каде таквите ги номинираат за дипломати од највисок ранг! Впрочем, истиот тој Бејли направи невиден хаос со бројни човечки жртви во "бунтот" што токму тој го оркестрираше на плоштадот Таксим во Истамбул. Малку, сосема малку фалеше Турција га по прогласи заpersona non grata и да го протера, што секако ке беше невиден скандал, но американците на време го повлекоа и ни го утрапија нам, во Македонија, каде направи невиден русвај со што - потполно непотребно, предизвика невиден пораст на антиамериканското расположение кај народот (а небаре сме стратегиски партнери!?)!

    Си земам слобода да им сугерирам на 11те финансиски ревизори да се позанимаваат и со лицето Дејвид Стивенсон, којшто му беше цели четири години десна рака на Џес Бејли во егекуцијата на инструкциите од "длабоката држава" од Вашингтон!!! Не му беше доволно на Дејвид Стивенсон што под плаштот на дипломатскиот имунитет да ровари во нашата земја и да врши притисоци врз македонското судство, па сега се ушанчил во Специјалното јавно обвинителсто (СЈО), демек како советник, за да не уништи до крај преку реализацијата на сценариото што ни го стокмија ЦИА и Стејт Департментот. Надвор такви валкани типови од светата земја Македонија!!!


    САД и должат многу на Република Македонија! Додека нам ни даруваат проекти за јакнење на полициската држава (објекти за обука на полицајци во касарната во Ѓорче Петров, скутери за царината, чамци, амбулантни возила и сл, во Драч истоваруваат 300 текови и огромниу количини друга воена опрема...
Да потсетиме и дека САД не ја признаа пресудата на судот од Хаг за прекршувањето на времената спогодба со Грција од 1995 и тие (САД) ни го стокмија сценариото за туркање на претходната легално избрана влада на РМ и наметнување на актуелната Квинслишка влада.

    Случајот Бејли и неговото криминогено префрлање на средства од американските даночни обврзници преку агенцијата ЈуЕсЕјд (USAID) на оној белосветски хохштаплер Џоирџ Сорос и неговите инсталации во Македонија во вид на некакво си "Отворено општество" (читај ЦИА) е добар повод за преиспитување и коренито менување на американската надворешна политика кон нашата земја која беше и се надевам останува верен сојузник на САД и западот.

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

П.С. Се надевам дека некој од оние 250 македонски службеници кои работат во амбасадата на САД во Скопје ќе го преведат мојот прилог и ќе им го стават на располагање на 11те финансиски ревизори за да се збогати нивниот извештај од операцијата за финансиските злоупотреби на Џес Бејли.

Воедно и ним им ја честитам Новата 2019 година и посакувам и Стејт Департментот да го корегира нивниот став за преименување на нашата држава, промена на македонскиот Устав и за наш достоинствен влез (а не осакатени и преимеувани) во НАТО, и тоа по нивна заслуга!!! 
   
28-12-2018, 02:32 PM
Reply