Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДАЛИ ЗОРАН ЗАЕВ Е НАВИСТИНА КОМПЛЕТЕН ШАРЛАТАН
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,340
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:МАКЕДОНИЈА ИМА САМО ЕДНА ДИЛЕМА!

На крај на оваа бурна година, Македонија се соочува само со една дилема:
Дали Зоран Заев e навистина комплетен шарлатан
или
дали Зоран Заев само глуми политичко шарлатанство?


Арсим Зеколи фб статус
Низ таа дилема ќе си разјасниме во себе за причините поради кои во рок од една недела, Зоран Заев успеа да се скара со три земји членки на НАТО (поради тоа што не сакале да го сработат она што тој како Премиер не смеел или не сакал да го направи и го уапси Груевски) за потоа да добие жестоки клоци од двете други соседни земји членки на НАТО со кои има своерачно напишано и потпишано Договори. Сума сумарум, помирителот прозападњачки од Муртино успеа да за недела дена се скара со комплетното јужно-крило на НАТО (да, вклучете ја тука и Турција), и тоа без никаква помош од страна. Па дури и без ниедна "aло мајсторе, кочи" од неговите прозападњаци во Бихаќка и Илинденска - со посебен акцент врз Пендаровски, Рамадани, Ружин и останатите нато-чирлидери кои останаа замолкнати пред авантурите на нивниот им вожд. За на крај, оваа епизода на минхаузенство на Заев биде заокружена со евидентниот факт дека имиџот на Заев како лидер со лежерен однос кон вистината не е веќе само домашен феномен. Како што Црногорскиот лидер ни даде шанса да разбереме дека тој имиџ на Заев "истинољубецот со опаш" е веќе раширен и надвор од Македонија.
Ако и успееме да го разбереме поривот на Заев за скар со сите земји членки на НАТО во регионот, останува втората непознаница за правецот во кој се има упатено слаколикиот палавко од Муртино.Кој, од ништо, никој и ничиму изазван најде за сходно да на самиот крај на сообранијската дебата за Договорот, непосредно пред посетата на Ципрас на Москва, нјавата на Москва за дебата во ООН и сребата на НАТО во Брисел излезе со изјава дека македонскиот јазик ќе биде изучуван во Грција. Останува на секој од нас да по свое убедување процени дали Заев навистина не знаел каков ќе бидде ефектот на неговата изјава во Грција или пак сосема добро знаел и каков ќе биде ефектот на изјавата и кому му е толку потребна за да има аргументирана причина и кауза за иницирање на дискусија во рамките на ООН. Како и да е, редоследот е тој и не може да биде изменете - изјавата на Заев претходеше на реакцијата на Ципрас за ООН, посетата на Москва, реакциите на Захариева и Каракачанов. Можеби се е случајност. А можеби е затоа што за Премиер го имаме Зоран Заев. Кој ќе ја знае?
Кој, навистина, ќе ја знае? Има ли кој?
Во овој даден момент, би рекол дека има некој кој знае нешто повеќе од нас.
Зборот ми е за Министерот за Надворешни Работи во Сенка Влатко Ѓорчев кој саглам клизи по Вашингтонски конгресни ходници небаре да се родил во кабинетот на Линдон Џонсон. Го гледам на средби со јуниор Конгресмени, но и со сениори како Линдзи. Но не го гледам во Стејт Департмент. За разика од нашите владини МНР и дипломати кои ги нема ни во Конгрес, ни во Стејт ни во Бела Куќа. Затоа, да си го кажеме очигледното - во овој час интересите на Македонија во САД се бранат од Ѓорчев, додека пак се рушат од страна на Заев, Димитров и Иванов кои не сакаат да испратат амбасадор во највлијателната земја во светот. Уште една случајност? Нека биде така, под услов да однапред си разбере дека по заслуга на Заев, Димитров и Иванов следниот амбасадор на Македонија во Вашингтон ќе биде некој партијски месенџер а не дипломатски претставник на земјата. И доколку Заев, Димитров и Иванов до католичкиот Божиќ не испратат и достават до Вашингтон p r o n t o креденциали за новиот Амбасадор на Македонија, тие ќе бидат виновни за настаните кои ќе се одвиваат од следната пролет. И тоа не е случајност, туку смислена и координирана игранка на Заев, Димитров и Иванов за која едниствениот кој не сноси вина е Христијан Мицковски.
Кој, патем, полека и сигурно делува во правец на пополнување на една празнина на политичката сцена со што ја потикнува и омразата и гневот и стравот на естаблишментот. Пред да кажам која е празнинатат, да укажам на еден друг аспект на делувањето на Мицковски.
Во овој чај, Мицковски е ликот кој го руши Груевизмот. Додека пак Заев и Шеќеринска го надградуваат Груевизмот превземајќи ги неговите духовни клонови и соработници како и методите на делување. Со тој потег, ВМРО како и ДУИ широкоградо го толерираат и поттикнуваат процесот на интерно чистење преку префрлање на сопствениот отпад во скутот на Бихаќка. Во случајот на ДУИ тоа се одвиваше низ истовар на исламистите од Чаир, Гостивар и Куманово во прегратката на Зооран Заев во кој исламистите препознаа ново тело за презимување. Во случајот на ВМРО, тоа се одвива преку големата селидба на ВМРО-Краљевачко-Ваљевска во седиштето на СДСМ каде се широкогорадоо пречекани од Зоран Ражњатовиќ па до поглавиците на тнр. реканска македонштина како идеолози на југословенскиот македонизам според формулата: македонез си ако мрзиш албанци, презираш бугари и си покорен пред супериоризмот на Владичин Хан. Во таа поделба на улогите лежи и мотивот на омразата кон Мицковски која ексалира со поголем и позабрзан интензитет од оној кон Груевски. Апропо, сте чуле некогаш да СДСМ ваистини го мрази Мијалков?
На крај, за празнината исполнувана од Мицковски која ги вади од кожа и Бихачка и Илиндеска. Станува збор за празнина наследена со (физичкото) отсаство на Бранко Црвенковски и (духовниот) вакум во персонифицирање на новиот модел на фило-Македонство. Како дух на љубов кон сопствениот род, неоптоварен и неинфициран од омразата кон останатите. Тоа е моментот поради кој Мицковски е така срдечно, емоционално и рационално омразен од тнр. рекански Македонци како заоставштина на идеолошкото, загар-џандар утилитарно македонство од време на Краљ Петар.
Растеретен од ВМРО-ваљевска и неоптеретен од потребата да биде допадлив кон реканското македонстбо, Мицковски се заканува да се истргне од прегратките на манипулацијата на естаблишментот. И ја потврди де факто и де јуре и без задршка про-западната ориентација на пост-УДБ ВМРО-ДПМНЕ, растеретена од Груевизмот, Мијалковизмот. Но побитно од тоа, Мицковски има можност да ја реставрира смислата на бивање македонец како етнофилија, а не како кариера, монетаристика или пиштолизација кон останатите.
Имам причини да верувам дека Мицковски е на добар пат да ја рестварира споната на македонство и западна ориентација, онака како што беше замислено пред стотина години, и обесмислено низ лепливите прсти на Љубчо. Никола и останатите ју-вмровци.
Исто како што имам причини да верувам дека на пола метар пред успехот, Мицковски ќе се определи за Али Ахмети и самиот си ја сруши сопствената пирадмида на добри намери. А со неа и секоја можност за нормализација на земјата.
[url=https://www.facebook.com/ufi/reaction/profile/browser/?ft_ent_identifier=ZmVlZGJhY2s6MTAyMTM3NDUwMjY0ODE2NTQ%3D&av=100002233038284][/url]
10-12-2018, 02:44 PM
Reply