Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
КОНЕЧНО ЗАПОЧНА ИСТРАЖНАТА ПОСТАПКА ЗА ИЗБОРОТ НА ТАЉАТ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,877
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:ЏАФЕРИ НА РАСПИТ ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА НЕГОВИОТ ИЗБОР ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО НА 27 АПРИЛ ЛАНИ


[Image: talat-djaferi-2303299032.jpg]

„Јас како граѓанинот Талат Џафери се одзвав на поканата да дадам исказ“, кажа Џафери на излегување од обвинителството. (Фото: К. Попов)

Претседателот на Собранието Талат Џафери денес беше на распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција во врска со неговиот избор на 27 април 2017 година, по поднесена кривична пријава од битолско здружение на граѓани.
Џафери рече дека како граѓанин се одзвал на поканата да даде исказ.

„Јас како граѓанинот Талат Џафери се одзвав на поканата да дадам исказ. Тоа здружение не е во опсегот на моите размислувања, здружението може да кажува што сака“, рече Џафери.


Битолско здружение на граѓани поднесе кривична пријава за изборот на претседател на Собранието на 27 април лани, со образложение дека е противуставен и нелегален. На распит се повикуваат сите пратеници кои учествуваа во изборот на Џафери за претседател на Собранието. По Џафери, на распит беше пратеникот Горан Мисовски.
Г. ТРПЕНОСКИ
04-12-2018, 04:45 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,877
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Мисовски: Изборот на Џафери е легитимен


[Image: Misovski-jpg-e1539346392359.jpg]


04.12.2018
Mожам да кажам дека претседателот е избран легално и тука нема сомнежи. Ова го кажав во обвинителството, го кажувам и пред вас. Тој е избран согласно Устав и Деловник. Ова што денеска се случува, што бев на распит, односно пријавата на ова здружение е мотивирано од една политичка партија“ рече Горан Мисовски по излегувањето од обвинителството за организиран криминал,каде беше повикан да даде исказ за настаните на 27 април.
Тој нагласи дека се надева оти обвинителството ќе донесе правилна одлука, односно ќе заклучи дека нема место за кривично дело.
Рече дека обвинителството не барало документи за тоа на кој начин е избран Талат Џафери за Претседател на Собранието. И додаде дека има соодветна документација во архивите која ќе потврди дека изборот на Џафери е легитимен.
Мисовски додаде дека покрај него на распит бил и пратеникот Ферид Мухиќ.
ОЈО работи на кривична пријава против пратениците Ферид Мухиќ, Горан Мисовски, Џафери, Заев, Ахмети и уште 62-ца други пратеници за нелегален избор на претседател на Собранието на 27 април.
Пријавата ја поднесе Здружението на граѓани за почитување на прописисте од Битола. Пријавата е поднесена поради основано осмнение дека пратениците извршиле неколку кривични дела од Кривичниот законик.
Претходно на распит беше и претседателот на Собранието, Талат Џафери, а повикани се и други пратеници.




Quote:Прашања до ОЈО
Како може да не барате стенограмски белешки односно да се види кој како гласал?
На која седница е избран Талат и во колку саат беше закажана седницата за негов избор?
Кој утврди колку пратеници беа присутни и кој беше претседавач на истата?
Кој од службата на собранието ги броеше гласовите кој како гласал?


Сега прашање до Мисовски.
Дали Трајко Вељаноски ја затвори седницата и тој беше претседавач на истата а не ти?
Дали се исцрпи листата на пратеници на седницата со која претседаваше Вељаноски?







Како заклучи колку пратеници се присутни и колку гласале За колку Против колку биле Воздржани кога си свртен со грб и не гледаш позади тебе кој како гласал?
Дамјан Манчевски на пример од тоа што може да се види од видеото гласа и За и Против и е Воздржан.
Заеб гласа и За и Против
( Погледнете го убаво движењето на нивните раце).
Зошто до сега собранието уште го нема усвоено записникот од изборот на Талат?
Затоа што ќе направи фалсификат . Ете затоа и ОЈО не ги бара документите од изборот на Талат зошто знае дека ги нема. А штом ги нема тоа го потврдува фактот дека претседател на собрание не е избран односно нее завршена конститутивната седница со која претседаваше Трајко.
Мисовски лаже дека ги има зошто се живо проверив на страната на собрание и нема ниеден доказ , ниеден документ ама баш ништо дека воопшто се одржала и таква седница зошто ако ги имаше до сега ќе беа јавно објавени.
Ова партизирано ОЈО ќе ја отфрли кривичната но запамтете добро дека ова Ваше кривично дело никогаш не застарува.
(This post was last modified: 04-12-2018, 04:50 PM by ЈорданПетровски.)
04-12-2018, 04:50 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,877
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Талат Џафери пред обвинителите за изборот за претседател на Собранието





04.12.2018
Околу еден час Талат Џафери, даваше исказ во Обвинителството за организиран криминал, за начинот на кој беше избран за претседател на Собранието, на 27-ми април вечерта. Отворена е истрага по кривичната пријава од битолското Здружение на граѓани за почитување на прописи, за што Џафери не беше расположен да коментира.
Истрагата е отворена по повеќе од една година од барањето, од  причина што досега Обвинителството не можеше да ја комплетира документацијата. Го чекаше записникот од седницата на 27-ми април, што треба да биде усвоен и на пленарна седница. Но, бидејќи записникот година ипол не е ставен на дневен ред, истрагата е почната и без него.
После Џафери, во Обвинителството пристигна и потпретседателот Горан Мисовски, кој критичната вечер, во тензична атмосфера, го повика Ферид Мухиќ како најстар пратеник да ја стави на дневен ред точката за избор на претседател на Собранието. Мухиќ го стори тоа стоечки, а останатите пратеници од мнозинството, со кревање на рака, додека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ скандираа „пуч“ и „државен удар“, го изгласаа Талат Џафери. За случајот претходно е сослушан и пратеникот Ферид Мухиќ, а не се исклучува можноста, да бидат повикани и други пратеници кои присуствуваа на седницата на 27-ми април.
Далиборка Дамјанска Цветановска



Quote:Тања Каракамишева фб статус

ОЈО после повеќе од година и пол одлучи да постапува по кривичната пријава и без усвоен записник од седницата на Собрание за "изборот" на Џафери за претседател?
Самиот факт што нема записник значи дека НЕМА избран претседател на Собранието на РМ!
БАРАМЕ ОДГОВОРНОСТ НА СИТЕ ИНВОЛВИРАНИ ВО ОВОЈ КРИМИНАЛЕН ЧИН
05-12-2018, 01:32 PM
Reply