Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
САМО 40% ОД ЗАРАБОТЕНОТО ИМ ОСТАНУВА НА РАБОТНИЦИТЕ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,877
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Работниците добиваат само 40% од своите пари (текст во Капитал)


Во весникот Капитал на 01 ноември 2012 г. е издадена скратена верзија на текстов.

Вредност во форма на добра и услуги можат да создадат само работниците. Произведените добра и услуги фирмата им ги понудува на купувачите, а работниците ја добиваат платата која прифатиле да ја разменат за својот труд. Оттука, само работниците можат да ги одработат парите кои Владата ќе ги собере од народот преку најразновидните давачки кон државата.


Бруто-плата и нето-плата

Сите пари кои работодавецот ги одвојува за работникот се неговата вистинска заработка, која е наречена и бруто-плата. Според Државниот завод за статистика, бруто-платата на просечниот работник во Македонија за јули 2012 г. бешее 30.469 денари.
Земајќи дел од бруто-платата, работодавецот првин ќе ги плати задолжителните давачки за работникот а кои државата ги наметнала. Остатокот ќе му го даде на работникот како нето-плата, т.е. „на рака“. Во јули 2012 г. нето-платата на просечниот работник во Македонија беше 20.781 денар.

Во понатамошнава анализа пресметките ќе ги правиме и на годишно ниво бидејќи така се пресметува Буџетот на Владата на Република Македонија чии податоци ќе ги користиме.

Просечниот работник за една година преку платата заработил вкупно

12 х 30.469 ден = 365.628 ден.

Годишната нето-плата на просечниот работник е

12 х 20.781 ден = 249.372 ден.

Оттука, државата прво наредува задржување на 116.256 ден, или 32% од бруто-платата, или секој месец по 9.688 ден.
[Image: Grafik+1.jpg]



Преостанатата нето-плата работникот ќе ја потроши за купување реални добра и услуги, плаќање даноци (данок на имот, ДДВ и др.), државни такси и сите останати давачки кон државата.


Aкцизи и ДДВ

Акцизите се државно-наметнати давачки само за одредени производи  како кафето, алкохолот, бензинот, преработките од тутун, автомобилите и луксузните производи.
Данокот на додадената вредност (ДДВ) е измислен за полнење на државната каса.
Акцизите и ДДВ автоматски се додаваат на цената на производите зголемувајќи ја.

Од Табелата 1 може да се види дека на 24 август 2012 г. цената на бензинот се формираше на следниот начин:
-         Рафинериската цена за еден литар евросупер БС-95 беше околу 46 денари;
-         Од секој продаден литар државата земаше повеќе од 36 денари;
-         Бензинските пумпи (трговска маржа) земаа 3,2 денари од литар од кои треба да ги платат и своите трошоци.

[Image: Tabela.jpg]
 Табела 1. Табелата е преземена од весникот Нова Македонија.

Рафинериската цена плус наплатата на бензинските пумпи од 3,2 ден даваат цена за литар бензин од нешто повеќе од 49 денари. Остатокот од нешто помалку од 37 денари за секој литар бензин кувачот го дава на Владата.
Самите пресметајте колку пари месечно ставате во државната каса поради бензинот кој го купувате.

Државата зема ДДВ од повеќето производи.
За лебот и другите прехрамбени производи, како и за вода, лекови, превоз и компјутери се плаќа ДДВ од 5%. Повеќето производи имаат ДДВ од 18%; на пример, струјата. Ако немаше ДДВ цената на струјата ќе беше пониска за вредноста на парите за ДДВ. Затоа, Владата добива 180 ден од секои 1.000 денари кои обичното домаќинство ќе ги плати за струја. Домаќинството всушност потрошило струја за 820 ден.
Домаќинството има потреба и од облека, превоз, плаќа телевизија и интернет, купува греење, алкохол, кафе, оди на одмор; се излегува во кафеана, театар итн. па сумата на дадените пари за ДДВ и акцизи ќе биде поголема. Така, Владата собира значителна сума пари земајќи ДДВ и акцизи од голем број купени производи. Ќе направиме анализа за тоа колку пари ќе земе Владата од просечниот работник за 2012 г. Потоа секој од нас ќе може да си направи груба пресметка колку пари дава лично за ДДВ и акцизи.

На почетокот од секоја година Владата е обврзана да направи проекција за тоа колку пари ќе собере следната година и како ќе ги потроши која ќе ја објави во официјален документ за Буџетот на државата. Во ребалансирниот буџет за 2012 г. таа предвиде дека само од ДДВ и акцизи ќе собере 60 милијарди и 513 милиони денари.
Парите од акцизи и од ДДВ можат да бидат соберени од заработката на домашните работници или од заработката на работниците во странство кои оставаат пари во Македонија. Проектирано е дека во 2012 г. странците ќе остават околу 1.470 милиони евра, а БДП ќе биде околу 8.266 милиони евра. Тоа значи дека уделот на странските пари во БДП ќе биде 17,8%. Оттука, сметаме дека парите од странските работници имаат удел од 17,8% во парите кои Владата кои ќе ги собере од даноците и другите давачки кои ги плаќа општото население.
ДДВ и акцизите кои ќе бидат соберени само од потрошените пари на домашните работници ќе ги добиеме кога од 60 млр и 513 млн ден ќе одземемеме 17,8%. Добиваме 49 млр 741 млн 686 илјади ден. Според Државниот завод за статистика во второто тромесечје од 2012 г. во Македонија вработени се 648.200 лица.

49.741.686.000 ден  / 648.200 вработени лица = 76.738 ден/вработено лице.

Значи, откако просечниот работник како нето-плата ќе ги добие преостанатите 249.372 ден од својата годишна заработка, поради купените добра и услуги мора да плати ДДВ и акцизи (вметнати во цените на добрата и услугите). Оттука, просечниот работник за владината каса во 2012 г. ќе одработи 76.738 ден кои ќе му бидат одземени преку ДДВ и акцизи. Тоа се по околу 6.395 ден месечно.


Преостанатите давачки кон државата

Според ребалансираниот Буџет на Република Македонија за 2012 г. Владата од населението ќе одземе и дополнителни пари.
Буџетот предвиде собирањето на 9.655.000.000 ден од царини, меѓународни давачки, дозволи за работа, како и 12.246.191.000 ден од „неданочни приходи“ како такси, државни услуги, казни и др. Вкупно 21.901.191.000 ден. Домашните работници во 2012 г. ќе одработат 82,2% од нив (минус 17,8% од странските приливи), т.е. 18.002.779.002 ден.

18.002.779.002 ден / 648.200 вработени лица = 27.773 ден/вработено лице.

Државата предвиде дека во 2012 г. само преку последниве давачки од просечниот работник во Македонија ќе одземе дополнителни 27.773 ден или 2.314 ден месечно.


Колку од нето-платата останува за лично трошење?

Откако просечниот работник со годишната нето-плата од 249.372 ден ќе купи гориво, струја, вода, храна, производи за домаќиството, превоз, шишање и друго, Буџетот предвидел дека тој за една година ќе плати 76.738 за ДДВ и акцизи. За други давачки кон државата ќе плати 27.773 ден:

249.372 ден – 76.738 ден – 27.773 ден = 144.861 ден.

Со преостанатите 144.861 ден ќе купи „вистински“ добра или услуги (ненаметнати од државата) во целата година. Кога ќе ги распределиме подеднакво на дванаесет месеци резултатот е 12.072 ден месечно.
Значи, просечниот работник ќе ја потроши својата месечна нето-плата од 20.781 ден така што со 12.072 ден (58,1%) ќе си купи „вистински“ добра и услуги, а на државата ќе даде 8.709 ден (41,9%) за ДДВ, акцизи и останатите давачки кон државата.

[Image: Grafik+2.jpg]
             Ова значи дека на годишно ниво, грубо земено, било кое регуларно вработено лице во Република Македонија дава околу 42% од својата нето-плата на државата. Париве ги дава плаќајќи даноци, акцизи, такси, најразлични државни услуги (како легализација на земјиште, нови патни исправи, судски такси), казни, но и преку зголемените цени на производите како резултат на зголемените трошоци за работа на приватните фирми (лиценци, фирмарини, администрација итн.).


Колку од бруто-платата останува за лично купување?

Одработената просечна годишна бруто-плата е 365.628 денари. Просечниот работник на рака добива нето-плата од 249.372 ден. Од нето-платата после сите давачки кон државата му преостануваат 144.861 ден. Со последниве пари купува реална вредност (добра и услуги) од приватниот сектор.
Поедноставно кажано, ако просечниот работник одработува 30.469 ден месечно, 18.397 ден (околу 60%) од нив ќе даде по државен налог. За купување вредност која не е наметната од државата ќе ги потроши преостанатите 12.072 ден (околу 40%).
[Image: Grafik+3.jpg]
 Ова значи дека на годишно ниво, грубо земено, било кое вработено лице во Република Македонија на рака добива само 40% од своите заработени пари.

Но, сеуште не е крај на владиниот товар врз работниците. Тие во иднината ќе ги платат и денешните задолжувања. Само за 2012 г. Владата во испланирала задолжување од скоро 289 милиони евра кои во иднината ќе бидат дополнително одземени од населението.


Задолжувања

1 милион евра / 648.200 вработени лица = 1,5427 евра/вработено лице, т.е. скоро 95 ден/работник

            Ова значи дека:
  • После секое владино задолжување со 1 милион евра, секое регуларно вработено лице ќе мора само за Владата да одработи просечно по 95 ден;
  • После секое задолжување со 100 милиони евра, секој работник ќе мора да одработи просечно по околу 9.500 ден за Владата.
Просечниот работник во Македонија за Владата ќе одработи:
  • 570 ден само за да го отплати ланскиот пропаднат државен попис кој чинеше 6 милиони евра;
  • Ако Скопје 2014 чини 200 милиони евра, само за неговото исплаќање просечниот работник во Македонија ќе одработи по 19.000 ден кои Владата кога и да е ќе ги одземе од него.
Долгот на Владата од 1673 милиони евра во 2006 г. е зголемен на 2364 милиони евра на 31 август 2012 г. што е зголемување за 691милион евра. За да го врати само долгот кој до август 2012 г. го зголеми Владата на Никола Груевски, секој работник во Македонија ќе мора во иднината да одработи во просек по околу 65.645 ден.

За да го отплати долгот кој Владата ќе го прими само во 2012 г. од 289 милиони евра просечниот работник во иднината ќе одработи 27.455 ден.


Конечната пресметка

Во анализава ги пресметуваме само парите кои државата ќе ги собере од општото население, но не се пресметани даноците на добивка и капитална добивка.

Ако било кој работник сака да направи груба пресметка колку од нето-платата дава за државата, нека пресмета 42% од нив. Овде не спаѓаат придонесите за здравствено и пензиско осигурување, ниту данокот на доход, кои се платени уште пред да ја добие нето-платата. По државен налог ќе бидат одземени во просек по 60% од сите заработени пари (бруто-платата) на било кој домашен работник во целата 2012 г., а во негова контрола остануваат 40%.

Граѓаните ќе наполнат околу 75% од Буџетот на Владата за 2012 г. преку сите можни давачки кон државата. Останатиот дел од 25% ќе биде наполнет со продажба на државна сопственост (т.е. ќе бидат оттуѓени од целото население како јавно добро) или со задолжувања (т.е. од иднината).

ДДВ и акцизите ќе наполнат околу 36% од целиот Буџетот на Владата за 2012 г.


Ајде да бараме одговорност и профитабилност
Понекогаш дури и од собраниската говорница слушаме дека Владата може да прави што сака со парите бидејќи добила на избори. Не е така. Парите кои ги троши Владата или се одземени од целото население, или населението е задолжено, или е продадена државна сопственост (т.е. на населението). Многу пари се. Затоа таа мора да има длабока одговорност и силна оправданост за секој потрошен денар. Големите одземени пари треба да се доволна мотивација на секој од нас да го надгледува трошењето на било која наша Влада и да врши притисок за подобрување на менаџирањето со парите без оглед кој е Премиер.
Се надеваме дека повеќе не Ви е сеедно како Владата ги троши Вашите пари.
 
П. С. Блоговите ги користам и како јавен повик до читателите да се здружиме за да ја создадеме партијата Слобода и напредок која има радикално нова внатрешната структура и нуди конкретни решенија за економијата, образованието, економијата, земјоделието, граѓанскиот сектор, изборниот систем и проблемот со референцата: www.slobodainapredok.tk.
_____
            Горан Арсов е дипломиран професор по физика, поранешен претседател на Џудо федерацијата на Македонија, поранешен член на Менса, преведувач, блогер, заинтересирано ги следи економските и политичките случувања во Македонија и во светот, како и искрен ентузијаст за иднината на Македонија.

Слободно пратете покана за пријателство на фејсбук: Горан Арсов

  12 октомври 2012 г.
03-12-2018, 12:49 AM
Reply