Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 6 Vote(s) - 2.33 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
НИКОЛА ГРУЕВСКИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(06-03-2011, 07:26 PM)МрачниотКоњаник Wrote:
(06-03-2011, 04:17 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Како во времето на Тито, Енвер Хоџа ...
Интересно, ако извлечеме слични статистики за на пр. сегашните премиери на Германија, Франција или на скандинавските земји избирани на нивните партиски конгреси со онолкави мнозинства, дали и за нив така би коментирале со такви споредби?
Споредување со комунистички диктатори како условен рефлекс? Ако не е како Маршало, не е за никаде?



Проблемот не е во изборот туку, во немање на ниту едно ливче ПРОТИВ. Така беше во времето на Тито и Енвер Оџа.

"Се изменија вредностите кон кои се стремиме - сервилноста и послушноста се смета за квалитет, а знаењето и чесноста претставуваа недостаток!"


Quote:Груевски едногласно лидер на ВМРО-ДПМНЕ

Недела, 06 Март 2011 14:53

[Image: gru-500.jpg]

Со 610 гласа „за“ и едно неважечко гласачко ливче Никола Груевски го доби третиот мандат како претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

[Image: gl2sanje-500.jpg]

06-03-2011, 07:41 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:

Груевски пак со писмо до членството: „Да заврши ерата на Црвенковски“


[Image: 8AEE8126787A6048AAAD9690ECC0532A.jpg]

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ повторно им напишал писмо на сопартијците, прогнозирајќи за Црвенковски - „Готов е!“

Александра М. Митевска

„Изборите на 5 јуни ќе означат крај на ерата на транзиција и приватизација, на општествен грабеж, на зголемување на невработеноста и сиромаштијата, на неразјаснети атентати и убиства. На 5 јуни ќе заврши, еднаш и засекогаш, ерата на Бранко Црвенковски“.

Со вакви квалификации и предвидувања настапил премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во писмо што деновиве било доставувано на адресите на неговите сопартијци што ги повикува на мобилизација. Спроти почетокот на изборната кампања, тој го повикува членството на владејачката партија да придонесе „тој пораз на Црвенковски да биде колку што е можно поголем, а победата на Македонија против него поубедлива“.

[Image: B0DAED51B1931D4F9BA88C7BD63DBBDD.jpg]

Иако, со оглед на тоа што социјалдемократите се' уште не ги откриле своите изборни адути, засега е неизвесно дали лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат директно соочување како носители на листи во иста изборна единица или како кандидати за иден премиер, Груевски веќе прогнозира заминување на Црвенковски од политичката сцена и реформирање на СДСМ: „Готов е! Црвенковски ќе замине, обидувајќи се тоа што помалку да личи на негов пораз. Затскривајќи се зад некој пион, за него безвреден и лесно потрошлив. По неговиот пораз СДСМ ќе се реформира, на ист начин како што ние го направивме тоа“.

За експертите, писмата како механизам на политичка комуникација се легитимни и не се спорни, но спорна може да биде нивната содржина, ако доминира говорот на омраза. „Воопшто не е проблематично Груевски да комуницира со членството преку писма.

Дури и добро е да го прави тоа. Но, проблематично е кога се повикува ’да го убиеме противникот‘. Би бил посреќен кога со тоа писмо би се мобилизирало членството за решавање на спорот за името наместо да се шири говор на омраза“, вели Петар Арсовски, експерт за политички комуникации.

Со цел да ја провериме веродостојноста на оваа информација, вчера се обративме до Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, но не добивме одговор до затворањето на овој број на весникот.

Во писмото до кое дојде „Утрински весник“, Груевски забележува и дека реформата ќе била болна и тешка за опозициската партија, но оти ВМРО-ДПМНЕ е доказ дека тоа е остварливо. „Верувам дека за релативно кусо време ќе имаме опозиција со нови и свежи идеи, со вистински европски вредности и жесток бранител на македонските национални интереси“.

И покрај тоа што ВМРО-ДПМНЕ е на власт речиси десет години, а само Груевски е премиер во последните пет години, тој му ги припишува на Црвенковски сите промашувања во изминатите две децении независност и апелира до вмровското членство организирано да му се спротивстави на опозицискиот лидер: „Познати сме по добрата организација и високата мотивираност, по слогата и цврстината, по својата љубов кон татковината. Во овој момент Македонија не' повикува да ги тргнеме настрана тесноградите и лични работи и, конечно, да и' помогнеме да се ослободи од тешкиот товар што ја притиска повеќе од 20 години“.

Груевски и вчера, откако ја исече црвената лента на реконструираниот булевар „Србија“ во Скопје, не пропушти можност да го обвини Црвенковски за сите грешки во изминатите 20 години. Тој и во оваа пригода оцени дека неговиот ривал од „Бихаќска“ бара начин како да се извлече од изборен пораз. „Едноставно, сега му дојде фактурата и од она што го слушам и што се шпекулира е дека тој бара начин како да се извлече да не ја заврши кариерата со пораз. И, ако може, на некој друг да му го препише тоа. Ова е еден тажен крај на една од најголемите фигури во македонската транзиција“, изјави премиерот. Од СДСМ одговорија дека Груевски, по којзнае кој пат, наместо јавно да соопшти кои се неговите намери за иднината на Македонија, покажува дека единствено е оптоварен со Црвенковски. „За неговата фрустрација и комплекс очигледно нема помош“, се вели во реакцијата од СДСМ.

На Груевски не му е прв пат со писма да го мобилизира членството на ВМРО-ДПМНЕ. Најголем одек во јавноста имаше писмото од ноември 2009 година, во кое премиерот повикуваше на финална битка со остатоците од транзицијата и нејзините политичари зашто досега тие биле поразувани на избори, но не исчезнале... Груевски во интервјуто за Си-Ен-Ен тогаш изјави дека тоа писмо е дел од неговата редовна комуникација со членството на кое, обично, писмено му се обраќал еднаш годишно. Опозициските партии, пак, ја оценија содржината на тоа писмо како говор на омраза и обид за внесување раздор кај македонскиот народ. (А.М.М.)
14-04-2011, 02:55 AM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12

А бар еден ден од своето владеење да покажеше дека не е преокупиран со Б.Ц.? Од каде толкава опседнатост кога знае дека ќе победи јас не знам...Овие ДПМНЕ се однесуваат ко да се 20 години опозиција и не добиле ниедна шанса.
14-04-2011, 07:50 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

(14-04-2011, 07:50 AM)Nikola Wrote: А бар еден ден од своето владеење да покажеше дека не е преокупиран со Б.Ц.? Од каде толкава опседнатост кога знае дека ќе победи јас не знам...Овие ДПМНЕ се однесуваат ко да се 20 години опозиција и не добиле ниедна шанса.

Значи, како разбрав од писмото, ерата на транзицијата и приватизацијата ке трае до 5-ти јуни, кога со изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ ке се означи крај на таа фамозна транзиција и приватизација. Пошто не сум од најбистрите, па ке замолам некој да ми објасни: што правело ВМРО-ДПМНЕ овие задни 5 години кога се на власт? Значи и тие учествувале во таа транзиција и приватизација, на која нели ке и се стави крај на 5-ти јуни.Da_ne_si_lud

14-04-2011, 10:34 AM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23

(14-04-2011, 10:34 AM)hristo Wrote:
(14-04-2011, 07:50 AM)Nikola Wrote: А бар еден ден од своето владеење да покажеше дека не е преокупиран со Б.Ц.? Од каде толкава опседнатост кога знае дека ќе победи јас не знам...Овие ДПМНЕ се однесуваат ко да се 20 години опозиција и не добиле ниедна шанса.

Значи, како разбрав од писмото, ерата на транзицијата и приватизацијата ке трае до 5-ти јуни, кога со изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ ке се означи крај на таа фамозна транзиција и приватизација. Пошто не сум од најбистрите, па ке замолам некој да ми објасни: што правело ВМРО-ДПМНЕ овие задни 5 години кога се на власт? Значи и тие учествувале во таа транзиција и приватизација, на која нели ке и се стави крај на 5-ти јуни.Da_ne_si_lud

Тоа е логичниот залкучок.Icon_surprised
14-04-2011, 03:54 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,475
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

(14-04-2011, 03:54 PM)Solenik Wrote:
(14-04-2011, 10:34 AM)hristo Wrote:
(14-04-2011, 07:50 AM)Nikola Wrote: А бар еден ден од своето владеење да покажеше дека не е преокупиран со Б.Ц.? Од каде толкава опседнатост кога знае дека ќе победи јас не знам...Овие ДПМНЕ се однесуваат ко да се 20 години опозиција и не добиле ниедна шанса.

Значи, како разбрав од писмото, ерата на транзицијата и приватизацијата ке трае до 5-ти јуни, кога со изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ ке се означи крај на таа фамозна транзиција и приватизација. Пошто не сум од најбистрите, па ке замолам некој да ми објасни: што правело ВМРО-ДПМНЕ овие задни 5 години кога се на власт? Значи и тие учествувале во таа транзиција и приватизација, на која нели ке и се стави крај на 5-ти јуни.Da_ne_si_lud

Тоа е логичниот залкучок.Icon_surprised

Ристе, го заборави клучарот, на боледување ќе да е.
Ах да, најсвеж пример не мора да одиш до толку до пет години, ете ти го телекомот сосе зградите, ете што правеле(само не знам со колкав процент е тука вклучено ДПМНЕ а со колкав фамилијата на Груевски/Мијалкови)

An inch today is tomorrow’s mile.
14-04-2011, 05:22 PM
Reply
goran16ta Offline
локал патриот
***

Posts: 118
Joined: Oct 2010
Reputation: 8

Од блиски и високи партиски извори се дозна дека грујо му ветил промена на име на американците а за тоа тие да го подржат на избори односсно рикер да не се меша и ете сите гледаме дека го нема никаде цел месец по вреќањето на грујо во вашингтон и прием во нато до септември(пред крајот на одлуката од судот во хаг)
Рокот за промена е максимум две години а грујо по се зигледа ќе проба до крајот на годината
Друго исто така со ова паѓа во вода било каква победа на сдсм или некаква широка колиција на опозицијата после избори а посебно не ма да смее дуи да забегува со други партнери
Значи како заклучок пак победва вмро и на овие избори и ќе се потошат еден куп пари за изборите за џабе Surrender

ps.се надевам дека грујо ќе ескивира и ќе ги излаже ако не барајте пријатели за виза да бегам од тука Gen026
Pishtoldzija
14-04-2011, 10:36 PM
Reply
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8

(14-04-2011, 10:36 PM)goran16ta Wrote: Од блиски и високи партиски извори се дозна дека грујо му ветил промена на име на американците а за тоа тие да го подржат на избори односсно рикер да не се меша и ете сите гледаме дека го нема никаде цел месец по вреќањето на грујо во вашингтон и прием во нато до септември(пред крајот на одлуката од судот во хаг)
Рокот за промена е максимум две години а грујо по се зигледа ќе проба до крајот на годината
Друго исто така со ова паѓа во вода било каква победа на сдсм или некаква широка колиција на опозицијата после избори а посебно не ма да смее дуи да забегува со други партнери
Значи како заклучок пак победва вмро и на овие избори и ќе се потошат еден куп пари за изборите за џабе Surrender

ps.се надевам дека грујо ќе ескивира и ќе ги излаже ако не барајте пријатели за виза да бегам од тука Gen026

Абе нека не ти пуштаат бубачки.....какво име менување какви бакрачи....ти свесен ли си дека макар и преку референдум,дека таа гарнитура што ќе биде на власт додека се менува името...дека сите членови од таа партија ќе треба да се иселат од земјава...како прво народот како што дереџе не снајде само името му остана....така да кој ќе биде будала за да чепка и да менува име ја наебал и тој и партијата и сите до 7мо колено Music3

п.с Како прво ако на пример ВМРО го сменат името....тогаш СДС ќе го подгреат народот за да се деси граѓански хаос,и сите ќе излезат по улици и ќе ги симнат експресно од власт...и ВМРО ќе биде погребано за во наредните 100 века(макар и преку референдум да го сменат)

Како второ...и СДС да го сменат истото ќе им се случи(граѓански хаос,и погреб на СДС)....едноставно кажано се може да се прости...и криминали и чуда,ама за името не верувам дека некој би се помирил без жртви.
15-04-2011, 01:18 AM
Reply
goran16ta Offline
локал патриот
***

Posts: 118
Joined: Oct 2010
Reputation: 8

(15-04-2011, 01:18 AM)Makedonec Wrote:
(14-04-2011, 10:36 PM)goran16ta Wrote: Од блиски и високи партиски извори се дозна дека грујо му ветил промена на име на американците а за тоа тие да го подржат на избори односсно рикер да не се меша и ете сите гледаме дека го нема никаде цел месец по вреќањето на грујо во вашингтон и прием во нато до септември(пред крајот на одлуката од судот во хаг)
Рокот за промена е максимум две години а грујо по се зигледа ќе проба до крајот на годината
Друго исто така со ова паѓа во вода било каква победа на сдсм или некаква широка колиција на опозицијата после избори а посебно не ма да смее дуи да забегува со други партнери
Значи како заклучок пак победва вмро и на овие избори и ќе се потошат еден куп пари за изборите за џабе Surrender

ps.се надевам дека грујо ќе ескивира и ќе ги излаже ако не барајте пријатели за виза да бегам од тука Gen026

Абе нека не ти пуштаат бубачки.....какво име менување какви бакрачи....ти свесен ли си дека макар и преку референдум,дека таа гарнитура што ќе биде на власт додека се менува името...дека сите членови од таа партија ќе треба да се иселат од земјава...како прво народот како што дереџе не снајде само името му остана....така да кој ќе биде будала за да чепка и да менува име ја наебал и тој и партијата и сите до 7мо колено Music3

п.с Како прво ако на пример ВМРО го сменат името....тогаш СДС ќе го подгреат народот за да се деси граѓански хаос,и сите ќе излезат по улици и ќе ги симнат експресно од власт...и ВМРО ќе биде погребано за во наредните 100 века(макар и преку референдум да го сменат)

Како второ...и СДС да го сменат истото ќе им се случи(граѓански хаос,и погреб на СДС)....едноставно кажано се може да се прости...и криминали и чуда,ама за името не верувам дека некој би се помирил без жртви.

Дај боже да си во право и јас да имам грешни информации Icon_exclaim

Мене ми е повеќе од јасно дека нардот е сиромашен и само името ни остана какво такво некое прашање на гордост и истарајност и единствена бела точка во ова црнило од политика
Но исто така гледма дека тебе не тие јасно дека се бараше таков МАЖ што ќе го смени името во охрид и кога после некое време се најдоја повеќе такви изроди кој изиграваа кумови за името на државата Потоа добор е да се присетиш за букурешт и прифаќањето на предлогот Р.М.(скопје) исто така и изјавите на прецедтаелот ѓорѓе кој од бранител на името даде неколку не среќни изјави и испитуваше и подготвуваше терен за евентуална промена на името односно како што тој рече европски копромис


ps.дај не заебавј која сдсм кој црни камења кога тие се носители на идејата за промена на името и нема да направат никакви протести туку ќе дадат шанса и потоа на нормални следни избори ќе го искористат тоа а не да прават проблеми кога и тие исто тоа го сакаат
Второ да има референдум сите знаеме дека што се става на референдум ако не е примирано и на сила поставен од некој до страна дека сите ќе дадат подршка и ќе се рпоба да се смени името за жал

Трето и нај важно не знам за кој народ зборуваш дека ќе излезе на протести и дека ќе паднат жртви ? Овај народ треба да се вика трпе оти цел живот само трпи(ни сменаа име знаме црква ни ја подлеија државата и фердерализираа со рамковниот не донесоо на питашки стап до приватизацијата и т н ..) арамии и изроди и никогаш ама баш никогаш не ја кренал главата да се по буни за било што односно тие што се бунеле и барале правдина се мноогу малку а за поголем протест или ескалација без подршка од некој од поголемите пратии не се направило никаоков масовен протест


Значи да се разбереме јас ќе бидма не дај боже до колку ова се проба да се направи во првите редови на протестите за евентуалена промена на името Но колку ќе бидеме и кој ќе бидеме ќе видиме тогаш Icon_question
Pishtoldzija
16-04-2011, 01:56 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36




20-04-2011, 12:29 AM
Reply
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8

(20-04-2011, 12:29 AM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:




Ова е подобрa презентацијата:









п.с Јордане што мислиш Груевски ќе го употреби ли овој ас од ракавот...и да го постави Александар Македонски пред избори???
(This post was last modified: 20-04-2011, 12:56 AM by Makedonec.)
20-04-2011, 12:54 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(20-04-2011, 12:54 AM)Makedonec Wrote: п.с Јордане што мислиш Груевски ќе го употреби ли овој ас од ракавот...и да го постави Александар Македонски пред избори???



Не сум баш сигурен дека ке е АС. Тие кои се палат на Александар и така ке гласат за Грујо. Оние неодредените со поставувањето на Александар пред изборите Грујо само ке ги турне во прегратка на Љупчо ...
20-04-2011, 01:10 AM
Reply
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8

(20-04-2011, 01:10 AM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
(20-04-2011, 12:54 AM)Makedonec Wrote: п.с Јордане што мислиш Груевски ќе го употреби ли овој ас од ракавот...и да го постави Александар Македонски пред избори???



Не сум баш сигурен дека ке е АС. Тие кои се палат на Александар и така ке гласат за Грујо. Оние неодредените со поставувањето на Александар пред изборите Грујо само ке ги турне во прегратка на Љупчо ...

Неее напротив....денес народот очекува некој да го почитува..бидејќи толку време се е правено за лични интереси....а со ова на ниво на држава ќе ги направи горди сите граѓани...и ќе ги држи под еуфорични импресии барем месец дена...

Бидејќи друго што и да му се даде на народот пред избори е маргинално...и се заборава за ден-два.

Е сега политичариве ако не го разбрале основниот психолошкиот феномен...тогаш алал нека им е како стасале толку високо во политиката.

п.с Тоа е разликата помеѓу оние кои се на власт и оние кои гребат за фотеља...бидејќи овие од власта имаат на располагање поголем арсенал за покажување пред избори.
(This post was last modified: 20-04-2011, 01:30 AM by Makedonec.)
20-04-2011, 01:28 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(20-04-2011, 01:28 AM)Makedonec Wrote:
(20-04-2011, 01:10 AM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
(20-04-2011, 12:54 AM)Makedonec Wrote: п.с Јордане што мислиш Груевски ќе го употреби ли овој ас од ракавот...и да го постави Александар Македонски пред избори???



Не сум баш сигурен дека ке е АС. Тие кои се палат на Александар и така ке гласат за Грујо. Оние неодредените со поставувањето на Александар пред изборите Грујо само ке ги турне во прегратка на Љупчо ...

Неее напротив....денес народот очекува некој да го почитува..бидејќи толку време се е правено за лични интереси....а со ова на ниво на држава ќе ги направи горди сите граѓани...и ќе ги држи под еуфорични импресии барем месец дена...

Бидејќи друго што и да му се даде на народот пред избори е маргинално...и се заборава за ден-два.

п.с Тоа е разликата помеѓу оние кои се на власт и оние кои гребат за фотеља...бидејќи овие од власта имаат на располагање поголем арсенал за покажување пред избори.



Може и да е така, како што велиш. Но сепак јас зборувам за оние неопределените , разочараните а тие не ги интересираат спомениците. Тие се разочарани од криминалот, корупцијата, економските проблеми тие се свесни дека спомениците не се правени со реални пари. Спомениците ке ги плакаат утре.
20-04-2011, 01:35 AM
Reply
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8

(20-04-2011, 01:35 AM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Може и да е така, како што велиш. Но сепак јас зборувам за оние неопределените , разочараните а тие не ги интересираат спомениците. Тие се разочарани од криминалот, корупцијата, економските проблеми тие се свесни дека спомениците не се правени со реални пари. Спомениците ке ги плакаат утре.

Panta rei...се тече...се се менува..па ќе видими здравје само Se_klanjam
20-04-2011, 01:44 AM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21

(20-04-2011, 01:28 AM)Makedonec Wrote: Неее напротив....денес народот очекува некој да го почитува..бидејќи толку време се е правено за лични интереси....а со ова на ниво на држава ќе ги направи горди сите граѓани...и ќе ги држи под еуфорични импресии барем месец дена...

Бидејќи друго што и да му се даде на народот пред избори е маргинално...и се заборава за ден-два.

Е сега политичариве ако не го разбрале основниот психолошкиот феномен...тогаш алал нека им е како стасале толку високо во политиката.

п.с Тоа е разликата помеѓу оние кои се на власт и оние кои гребат за фотеља...бидејќи овие од власта имаат на располагање поголем арсенал за покажување пред избори.

Груевски моментално е навлезен во етапата каде што и да направи нема да биде прифатено со еуфорија, напротив, дури секој потег донесува негативни поени. Тоа не се запира, а многу тешко и ублажува. Да беше фонтаната и Александар во 2007, 2008, евентуално и 2009, ќе беше сосема поинаку. Тогаш ќе ја имаше таа еуфорија. Сега секое зголемување на пензии, плати, разни социјални давачки, проекти, копање, отварање, може најмногу да му користи за да ги мотивира тие што и така би гласале за него. Кај другите тоа нема да упали, секогаш ќе биде проследено со муабет дека тоа се прави за избори, дека се задолжуваме за тој да глуми градител пред избори и сл.

Зошто народот би се чувствувал почитуван ако Груевски некоја недела пред избори го стави Аце на плоштад?! Тоа е почитување на Александар Македонски изразено од народот, од парите на граѓаните, кои што всушност сме ги позајмиле, па ќе треба да ги враќаме, со камата... Кога живееме во земја која што развојот ја заобиколува уште од нејзиното основање, кога живееме на кредит и во страв, зошто мислиш дека ново трошење на пари кои што граѓаните ги немаат, за неприоритетни работи за нив, ќе предизвика задоволство? Приказнава можеби ќе ја протнеше 2008, сега не ми се верува...

Љубчо во слична ситуација присуствуваше на осветување на Крстот и Плаошник, резултатите на избори, како што знаеме, му беа катастрофални.

20-04-2011, 03:06 AM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1

(20-04-2011, 01:10 AM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Не сум баш сигурен дека ке е АС. Тие кои се палат на Александар и така ке гласат за Грујо. Оние неодредените со поставувањето на Александар пред изборите Грујо само ке ги турне во прегратка на Љупчо ...
А1 одработува за Бане, Сител, Вечер и Мирка за ДПМНЕ а Јордан за Лиобчо Bravo
Барем искреноста се цени на ова време на често пресоблекување дресови за спротивставени тимови...
Дај поштеди не` од она за сопствената објективност и за стоење настрана од сите две опции, мислам дека е очигледно...
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
20-04-2011, 03:59 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(20-04-2011, 03:59 AM)МрачниотКоњаник Wrote:
(20-04-2011, 01:10 AM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Не сум баш сигурен дека ке е АС. Тие кои се палат на Александар и така ке гласат за Грујо. Оние неодредените со поставувањето на Александар пред изборите Грујо само ке ги турне во прегратка на Љупчо ...
А1 одработува за Бане, Сител, Вечер и Мирка за ДПМНЕ а Јордан за Лиобчо Bravo
Барем искреноста се цени на ова време на често пресоблекување дресови за спротивставени тимови...
Дај поштеди не` од она за сопствената објективност и за стоење настрана од сите две опции, мислам дека е очигледно...



Ако ги погледнеш ставовите на ДОСТОИНСТВО, коe единствено го сметам за сериозна партија во однос на ОМ и ДД, ке ти стане јасно зошто велам дека гласовите ке одат кај Љупчо. Гуштеров, спонзорот на "ДОСТОИНСТВО" е еден од најголемите подржувачи на АНТИКВИЗАЦИЈАТА.

Јас сум единствениот кој веке преку десет години пишува за криминалот на Љупчо. Ако тоа е одработување за да му порасте имиџот на Љупчо имаш некоја сериозна грешка во оценувањето.
20-04-2011, 01:41 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:Промени заради промени

Ненад Новковски

Предвремените избори покренаа уште една значајна тема, а тоа се промените во раководствата на доминантните партии, во конкретниов случај кај СДСМ, партијата која подолго време не забележала изборна победа. Од страна на доминантната партија во владејачката коалиција, ВМРО-ДПМНЕ, со висока фреквенција се повторува сугестијата долгогодишниот лидер на СДСМ, сега лидер повратник, да си замине од кормилото на партијата, па дури и од политичката сцена - прашање на кое претходно му посветивме посебно внимание. Тоа е поврзано и со експлицитните статутарни барања во СДСМ, што секако треба да биде интерпретирано во соодветниот контекст. Во секој случај, се забележува дека како што беше претходно случајот и со ВМРО-ДПМНЕ, промените се поврзуваат единствено со губењето на власта. Се разбира, тоа е вообичаена практика во многу земји, каде што раководството се менува кога ќе доживее забележителен изборен неуспех. Тоа што кај нас отстапува од вообичаената практика на земјите со развиена демократија е појавата на дисконтинуитет во почитувањето на принципите, како што беше манифестирано со промените во ВМРО-ДПМНЕ после конгресот од 2003 година. Нешто слично се случи и во раните деведесетти години на минатиот век со СДСМ, но тоа остави помали траги, поради тоа што тогаш партијата и онака беше во фаза на сериозни реформи. Во оваа ситуација предлогот за можен кандидат за премиер, а да не е лидерот на партијата, предизвика големо внимание, кое не изгледа оправдано. Покрај доминантната владејачка партија, со свои реакции се јавија и други помали партии, кои во принцип не би требало да бидат заинтересирани за такви конкретни решенија во партија што не е нивен директен противник и со која, по изборите, би можеле да имаат интерес и да коалицираат, во одредени околности. Интересот за промени по секоја цена и притисокот во таа насока не изгледа дека е во функција на нормална политичка борба. Не е јасно зошто некоја партија би била заинтересирана за кадровските решенија кај партијата - директен противник. Посебно е чудно што на тие решенија им се придава толку големо значење, иако не се работи за ефективни промени на врвот, туку за предлози за високи државни функции што не мора да бидат непосредно поврзани со партиските. Едно објаснување на пренагласената потреба за промена на врвот на СДСМ може да се најде во многу експлоатираната теза за позитивните ефекти од промените што се случија во ВМРО-ДПМНЕ по 2003 година. Тој мотив беше многу често употребуван во внатрепартиска функција и пред избирачите, а сега се пренесува и на односите со другите партии. Во пренагласувањето на значењето на промените не беше потребно да се додава некоја посебно значајна нова содржина, туку главно беше да се потенцираат промените како такви. Од една страна, тоа можеше да се толкува како позитивен преседан за внатрепартиски промени, не земајќи ги предвид другите околности. Но, од друга страна, непостоењето јасна слика за длабоки позитивни ефекти од промените тие промени ги прави цел самите на себе. Една црта за која се тврди дека е показ за квалитетот на промените, е постигнувањето забележителни изборни резултати во наредните циклуси. Тука не се навлегува подлабоко во состојбите поврзани со промените што се случуваа на долг рок кај партиите. Имено, постоењето на една изразено голема инерција кај гласачкото тело доведе до одложување на падот на рејтингот на СДСМ за десетина години, па така, наместо тој да биде најнизок во 1996-1998 година, тоа се случи во периодот 2006-2008 година. Слично нешто се случуваше и со растот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, кој доцнеше зад реалните постигања на партијата. Така, односот на силите се покажа целосно изместен во подолг период. Се очекува слично нешто да се случи и со падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, поради грешките на актуелното раководство. Како што падот на СДСМ доцнеше речиси цела деценија зад грешките што го предизвикаа, може да се очекува истото да се случи и со ВМРО-ДПМНЕ, можеби со помало задоцнување, но сепак забележително и од повеќе години. Со афирмирањето на таквите промени кои се објаснуваат како вредни самите по себе, понатаму се воспоставува систем на виртуелни вредности во сите дејности на партијата и во власта во која ВМРО-ДПМНЕ ја игра доминантната улога. Забележливо е дека и по пет години од владеењето на актуелната гарнитура, која за разлика од сите други претрпе најмал број промени, не се даваат показатели за конкретните постигања. Така, на пример, се зборува дека за дваесет години ништо не било вложено во здравството, а сега за две години се вложува многу. Независно од тоа какви се реалните показатели, паѓа во очи дека се зборува за две години, иако периодот на владеење што се заокружува со овие избори трае пет години. Потоа, сегашниот премиер претходно беше член на влада во истиот тој дведецениски период за кој се зборува. Уште пофрапантен е примерот со тврдењето за вложување во науката. Беа изнесени тврдења дека огромни средства се вложуваат во научноистражувачка опрема, иако во изминатиот петгодишен период средствата употребени за таа намена се многукратно помали од кој и да било период на дејствување на претходните влади. Може да се очекува во овој стил на игнорирање на фактичките состојби да почне и претстојната кампања. Моментот на аналитичко разделување на тоа што било постигнато досега и што ќе треба да се реализира во наредниот период се очекува да изостане. Како поткрепа на таквиот однос се очекува да се пренагласува прашањето на кадровските промени во доминантната опозициска партија и темните страни од минатото на нејзиното раководство. Тоа што може да биде уште полошо е во СДСМ понатаму да се случуваат промени низ кои овој систем на виртуелни предности би се развивал уште повеќе.

Авторот е научник
27-04-2011, 01:37 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:Можност што треба да се искористи

Ким Мехмети

На прашањето што толку многу ги зближи премиерот Груевски и челникот на албанската партија на власт ДУИ, Али Ахмети, може да и се даде еден мошне краток одговор: нив ги прави сродни недостигот поврзан со нивниот личен идентитет. Или кажано на поинаков начин, ако Груевски јасно манифестираше однесувања својствени на личност што трага по својот етнички идентитет, Али Ахмети беше препознатлив по карактеристиките на човек кому му недостига политичкиот идентитет.

Со што се надогради нивната плодна соработка и го поттикна Ахмети при секој настап во текот на изминатите три години јавно да ја нагласува добрата соработка меѓу коалициските партнери. Нешто што Груевски избегнуваше да го признае со ентузијазмот на Ахмети и тоа, не одошто не сакаше, туку од страв да не ја загуби поддршката кај македонските кругови, кои тукуречи до вчера челниците на ДУИ ги сметаа за група „терористи“, а со кои можеше да соработува само еден потврден „предавник“ од маштапот на Бранко Црвенковски. На двоумењата што беше тоа што толку ги зближи Груевски и Али Ахмети може да и се придодаде и второто, дополнително објаснување: нив ги зближи и сличноста во политичкото дејствување - популизмот.

Токму популизмот нив ги направи да личат на браќа-близнаци, но израснати во различни семејства, без да имаат можност да го научат јазикот на другиот и кои можеш да ги разликуваш само по нивната национална носија. Но, бидејќи во политиката не е толку значаен јазикот што го говориш туку речникот на политичката манипулација што го употребуваш, тие никогаш немаа пречки при комуницирањето ниту, пак, каков било прекин во врските. И употребувајќи ја нивната раскошна манипулативна вештина, ним им успеа на ист начин да ја избегнат одговорноста за нерешавање на најтешките проблеми со кои се соочува Македонија.

Така, на пример, кога на Груевски му се стеснуваше просторот за манипулирање во врска со проблемот за името на државата, тој се повикуваше на волјата на македонскиот народ. И обратно, кога Али Ахмети го прашуваа како е можно да коалицира со една партија што гради цркви и споменици со кои го овековечува презирот кон Албанците, тој одговараше дека за него немаат никакво значење коалициските македонски партнери, туку коалицијата што ја склучил со сопствениот народ. Што значи, и двајцата, одговорноста за своите порази, му ја префрлуваа на народот. Односно, Груевски чекаше народот да му каже - смени го името за да ја спасиме државата, а Али Ахмети чекаше Албанците да излезат на улица и да му соопштат дека им е неподнослив презирот на Груевски кон нив. Но, сличноста меѓу Груевски и Ахмети не завршува само со нивното трагање по тоа што им недостига на нивниот етнички и политички идентитет, ниту само со нивната популистичка сличност: нив ги зближи и ги направи како родени политички браќа однесувањето на просечни политичари, кои остануваат исти како сите обични смртници, политичари што мислат како „нас“ и акалот им сече онолку колку и на сите „нас“, а што „нас“ не прави да се чувствуваме како да сме едни од „тие“ што ја управуваат државата. И можеби токму оваа нивна карактеристика најмногу им помогна непречено да пливаат низ популистичката води, можеби токму оваа нивна карактеристика ги затскри нивните диктаторски амбиции. Оваа нивна заедничка склоност му овозможи на вистинскиот владетел на Македонија, Груевски да ги реализира своите диктаторски склоности апсејќи кого ќе посака, а на неговиот вазал Ахмети му допушти да се издигне на нивото на виртуелен владетел на Албанците. И останувајќи исти како сите „нас“ обичните смртници, тие беа слични на огледало во кое се одразуваше ликот на „нас“ просечните граѓани на оваа земја, беа огледало што не залажуваше дека секој од нас, без разлика на личните способности што ги има, еден ден може да стигне до таму кај што се „тие“. Но, се разбира, само ако е послушен кон власта и партијата.

Управувана од еден таков двоец, Македонија стана униформирана држава, држава во која сите, почнувајќи од министрите, па се до професорите, судиите и управителите на најзначајните државни институции, беа слични на кој било од нас што ги полниме градските улици. Со што, не наведоа да веруваме дека демократска Македонија го реализира тоа што не му успеа на комунизмот - луѓето да не се разликуваат и да не се вреднуваат според личните вредности и вештини, туку само по идеолошката боја. Така што, Груевски и Ахмети ја направија Македонија градина во која се засади семето на самоизмамата дека неа ја управува сиот народ, ја направија држава што може да се гради и разградува секои четири години, држава што нема потреба од умот на паметните градители. И за да ја засилат оваа самоизмама кај обичниот човек, Груевски ги охрбари магационерите на комуналните претпријатија да веруваат дека решаваат за судбината на притворените сопственици на приватна телевизија или, пак, Али Ахмети отвори универзитети во кои новинарство предаваат и тие што не умеат да напишат едно обично писмо, а на, пак, да ти објаснат кои се елементите на еден издржан новинарски аналитички текст. Бидејќи станува збир за политичари што или меѓусебно се надополнуваат, или го зацврстуваат заедничкото што го имаат, Али Ахмети и Груевски ќе останат запаметени како најидеалниот двоец на владетел и на вазал што ја управувале Македонија. Но, не еднаш, и не само во политиката, докажано е дека идеалното најдобро ги отсликува недостатоците што ги има неидеалниот дел од општеството или поединецот. Посебно кога се преплетува политичкото дејствување на еден окоравен националромантичар, каков што е Груевски, и еден мисионер, кој глобалните светски текови ги разбира како космополитизам од светски размери. Или кажано на поинаков начин, кога политички се здружуваат еден националромантичар и еден мисионер со високи национални цели, добиваш една мултиетничка Македонија во која Груевски гради цркви и споменици, а Али Ахмети се надева дека тие цркви и споменици еден ден ќе ги урне космополитската свест на македонскиот народ. Односно, добиваш една Македонија што останува заложник на дејствувањето на еден националромантичар, кој нема контакт со реалноста, и на трпението не еден мисионер од размерите на Али Ахмети, кому, ако тоа му го рече некој странски дипломат, без размислување ќе поверува дека варварските води можат да станат солени. И на крајот нешто што не се однесува на причините што ја надградија совршената соработка меѓу Ахмети и Груевски, туку на очекувањата од наредните парламентарни избори закажани за јуни. А, тоа е можноста да има Албанци што ќе гласаат за Груевски и Македонци што ќе го поддржуваат Али Ахмети.
Прашувате зошто?!
Очекувањата се многу реални и логично објасниви: за Груевски би гласале сите Албанци на кои им здодеа да живеат во една Македонија што се игра со нивните етнички чувства и кои го посакуваат нејзиниот распад, а за Али Ахмети би гласале Македонците што се носталгични кон некогашното социјалистичко „братство и единство“, кон некогашните социјалистички времиња кога овдешните Албанци мораа по трипати дневно да докажуваат дека ја сакаат Македонија повеќе од Македонците. Но, поврзано со соработката меѓу Ахмети и Груевски, постои и едно дополнително објаснување што произлегува од најновиот виц што го раскажуваат Албанци, а кој вели: и покрај тоа што Али Ахмети е ист како сите нас што бистриме политика по собите кајшто беседат мажите, сепак не е лесно да се одгатне неговото политичко дејствување бидејќи тој дејствува така како што го советуваат странците што од него бараат да го надгледува Груевски и да се грижи да не му опадне политичкиот рејтинг. Но, има и такви, кои на овој виц му додаваат и патриотски нијанси, се разбира во полза на Ахмети, додавајќи дека тој е стратег од општоалбански размери и како таков му се приклучи на Груевски свесен дека само тој може да го реализира сонот на албанските и македонските кругови што посакуваат Скопје да има свој албански и македонски дел, а со што би се урнал темелот врз кој почива Македонија. Затоа, авторите на овој виц им препорачуваат на сите Албанци и Македонци што го сонувате распадот на Македонија, на следните парламентарни избори да гласаат за Груевски. Односно, велат дека, ако овие парламентарни избори не ги добие ВМРО-ДПМНЕ, тогаш таквите Албанци и Македонци засекогаш ќе ја прокоцкаат можноста да го реализираат нивниот сон за поделено Скопје и со тоа за држава во која ќе има македонска Македонија и албанска Македонија. Оттука потписникот на овој текст јавно обзнанува: бидејќи му здодеа да живее во држава што може да ја управува кој било од нас бидејќи знае дека нема иднина државата во која не постојат никакви мерила за вредности и каде што важат само правилата на посилниот, на следните парламентарни избори ќе гласа за Груевски. И тоа ќе го направи од една проста причина: ако на оваа држава и е судено да се распадне, тогаш тоа нека се случи што порано и тоа нека го направат вистинските мајстори.

Авторот е писател
25-05-2011, 03:00 PM
Reply