Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

Thread Rating:
  • 6 Vote(s) - 2.33 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
НИКОЛА ГРУЕВСКИ
Author Message
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

Владата на Македонија која владее по мотото “ Согласно законите“ ги третира граѓаните на МК како зомби. Има еден вечен принцип во светот на правдата-само селективна правда е полоша од неправда.
02-02-2011, 07:40 PM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12

Еве го целото интервју со Премиерот. Јасно е дека радикалниот речник за неменување на името е се полабав.

22-02-2011, 04:13 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,131
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:меЃу редови

And the Oscar goes to...

Водителот го повикува актерот Сенко Велинов да ја додели наградата за најдобра главна машка улога. Излегува Сенко, ги кажува номинациите и потоа со својот громовит глас извикува: - Енд ди оскар гоус то... Ниииикола Груууууевски! Актерот од Република Македонија (Скопје) наградата ја добива за улогата за филмот „Сите говори на кралот за името“. Следуваат инсерти од филмот: „Ниту сум прифатил промена на името, ниту мислам да прифатам. Ако тоа сум го направил како што велат во СДСМ, тогаш немаше во програмата на ВМРО-ДПМНЕ да стои дека секоја идеја или предлог за името ќе биде на референдум. Ниту, пак, ВМРО-ДПМНЕ неколку дена пред заминувањето за Букурешт ќе пуштеше официјално соопштение во кое официјално ќе потврдеше дека нашиот став е за која било идеја за кој било предлог ќе мора на референдум да се одлучат граѓаните“. (29 мај 2008 година)

Фејд аут! Затемнување!

На сцената се качува Груевски. Не може да ги запре солзите-радосници. „Сакам да им се заблагодарам на сите што придонесоа да ја освојам оваа награда...“. Плаче, не може да се доискаже. Одвај, низ солзи, продолжува: „На кабинетот... Советниците... На луѓето задолжени да ми ги пишуваат говорите (шмрк). Но, пред с` на луѓето, овде и во дијаспората, кои ми веруваа дека никогаш нема да го сменам името... Но и на дипломатите во светот кои ми веруваа дека сум конструктивен (шмрк). Навистина не беше лесно да се глумат двете улоги истовремено... Но, се покажа дека се исплатеше... Ни донесе 63 пратеници...“. Јурнуваат солзите, го полнат грлото на премиерот, одвај се заблагодарува. Грмнува аплауз од публиката.

Само последниот транзициски актер Бранко Црвенковски не аплаудира. Тој му беше главен конкурент на Груевски од номинираните за главна машка улога за одличната изведба во најновиот филм „Сакам избори, сега и веднаш“. Но, затоа, за одиграниот лик на каскадер од истиот филм оскар за споредна, не баш многу машка, улога доби Александар Новаковски од ДИК. Вицепремиерот Васко Наумовски доби награда за дебитантско остварување за улогата во цртаниот филм „Карикатура кид“, а за најдобра женска актерка оскарот отиде во рацете на Гордана Јанкуловска за главната улога во крими-серијалот „ЦСИ - Кале“, каде што партнер и беше Брус Бучи Вилис. Михајло Маневски доби оскар за животно остварување бидејќи цел живот глуми иста улога во различни филмови (и системи).

Не, бе, не е, се разбира дека не е. Македонија не е во американски филм. Во предизборен е. И затоа зачудува фактот како на главните актери успеаја да им излезе на видело несинхронизираноста на многуте улоги што ги играат. Нејасно е како сега, пред избори, Груевски дозволи писмото-признание за Република Македонија (Скопје) на Милошоски во кое не се ни споменува референдум, наменето за странците, да му излезе во домашната јавност за која се вергла истото, ама со референдум (ситна незабележителна разлика). За очекување беше премиерот да се обиде пак да ја турка водата на воденицата на херојското непопуштање за името, ама тој или не успеа да се синхронизира со самиот себе, или мислеше дека и ова ќе си пројде така, незабележано, како и многу други работи досега. Неговиот другар по блеф Црвенковски, пак, беше фатен со спуштени гаќи дека само глумел оти сака предвремени избори. Потоа папата мораше да се вади со трикови од „Кум“ и да жртвува помалку битни фигури. Имајќи предвид колку лошо глумат, тоа за оскарите во текстов сфатете го само како пародија. Во реалноста - сите заслужуваат само малини!

Колку би било добро да можеме одвреме-навреме да бидеме на местото на режисерот на овој филм и да викнеме: Кат! Сечи! Навидум таква улога ќе добиеме наскоро, на изборите, но и на тој кастинг ние секако некого ќе избереме. Не може сите да ги исечеме. И набргу потоа, кого и да сме избрале, ќе се покаеме и ќе сакаме да извикаме: Фејд аут! Но, по избори нема каење. Има затемнување. И тоа целосно. На демократијата. Тој филм веќе сме го гледале. Многупати.

Сашо Кокаланов
#
01-03-2011, 04:31 AM
Reply
alexdgreat
Unregistered

Го притиснаа николче дека е време да се реализира "разумниот" компромис и сега сака да се ослободи од одговорноста и ке му ја предаде власта на папата. и кај да е за 2-3 години пак избори итн.
01-03-2011, 02:36 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23

Се' повеќе ми делува како Грујица да се саботира.
01-03-2011, 03:09 PM
Reply
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8

Quote:Администрацијата ќе се менува во вистински сервис на граѓаните

02.03.2011 - 15:46 | Бизнис

Завршува ерата на шетање од шалтер до шалтери. Од сега граѓаните само ќе поднесуваат барање, сите потребни документи во однос на бараниот предмет ќе ги обезбедуваат адиминистативците по службена должност.

[Image: admijnnnmmmm_48088.jpg]Ова е една од измените за осумте закони кои Владата ги усвои на последната седница. Друга измена е тоа што во администрацијата ќе почне да важи правилото „нема погрешна врата“. Секој административец ќе мора да излезе во пресрет на граѓанинот без разлика дали барањето е во негова надлежност. Целта на новините е граѓаните да бидат задоволни за пократко време и помалку пари.

- Со тоа што граѓанинот ќе поднесува барање, а шалтерскиот работник по службена должност ќе ги прибавува потребните документи, се кратат 150.000 доаѓања на шалтер годишно - изјави премиерот Никола Груевски.

Се зајакнуваат механизмите и за контрола на административците. Тие ќе бидат подложни на постојано оценување од страна на граѓаните. Тоа ќе влијае на нивната плата, но и на задржувањето на работното место.

- На секој шалтер ќе има уред со три копчиња. Граѓанинот ќе може да одбере опција задоволен, незадоволен или неутрален и да го оцени шалтерскиот работник - рече Груевски.

Ќе се усложни и процедурата за вработување во јавниот сектор. Се воведува палагање психолошки тестови и пробна работа во траење од една година. Паралелно, се кратат и постапките за отпуштање од работа за тие што не работат доволно. Целта на законските измени е администрацијата да почне да работи и да стане стане сервис на граѓаните и стопанството.

- Имаше појава кога добиваа решенија на неопределено време и се опуштаа. За разлика од вработените во приватниот сектор кои мора постојано да се докажуваат административците имаа комоција дека законите ги штитат и не можат да останат без работа - вели Груевски.

Со измени на законите се зголемуваат и казните за административците кои кријат предмети по фиоки и не работат во законските рокови. Казните ќе почнуваат од 1.500 евра за одговорниот работник, до 15.000 евра за раководителот.

Денес го слушнав овој ново усвоен закон за администрацијата...

Едноставно ме восхитува креативноста и ентузијазмот со кои пристапуваат кон решавање на одредени проблеми....

Но сепак најжално е тоа што ниедна(барем не во потполна функционалност) од тие креативни реформи се нема инплементирано во реалноста...а сепак најодговорни за пропаста на тие реформи се надлежните во тие институции(лошото менаџирање,и непоттикнување на партиските легачи),и секако за големиот број пропаднати реформи се one and only УСТАВЕН СУД на РМSmiley-happy068

Инаку голем поздрав за идејава...и нека соберат гнев,и за инает нека ја направат да функционира 100% Yea
03-03-2011, 01:23 AM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23

Решавање на проблем со нов проблем. Наместо да се намали администрацијата, тој ќе купува машини со копчиња, чии резултати некој после ќе треба да чита, па друг да ти толкува, па да се споведе процедура на казнување....
03-03-2011, 03:41 AM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21

(03-03-2011, 01:23 AM)Makedonec Wrote:

Што е бе ова? Децата во градинка имале активност наречена ’бура на идеи’, па го смислиле и ова?

Што е следно, ќе остави избор на граѓаните дали ја сакаат опцијата семафор или да ја изберат опцијата фудбал, па да даваат жолти и црвени картони, можеби како во ракомет ќе има и две минути исклучување!?

А, да направат еден семафор за Владата, а сите три копчиња да бидат зелени... Кој знае, можеби некој по грешка ќе притисне нешто друго.

И што ќе ни е семафор со црвено, жолто и зелено, кога си ги имаме белиот и црн бумбар?

03-03-2011, 04:02 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,131
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(03-03-2011, 04:02 AM)acko Wrote: Што е бе ова? Децата во градинка имале активност наречена ’бура на идеи’, па го смислиле и ова?

Што е следно, ќе остави избор на граѓаните дали ја сакаат опцијата семафор или да ја изберат опцијата фудбал, па да даваат жолти и црвени картони, можеби како во ракомет ќе има и две минути исклучување!?

А, да направат еден семафор за Владата, а сите три копчиња да бидат зелени... Кој знае, можеби некој по грешка ќе притисне нешто друго.

И што ќе ни е семафор со црвено, жолто и зелено, кога си ги имаме белиот и црн бумбар?

Кога ги бранат постапките на Грујо за решениата околу подобрување на ефикасноста на администрацијата луѓе од Македонија имам разбирање, не виделе подобро. Но кога тоа ке го прават луѓе од запад неможам да разбеарам што им е целта, освен Македонија да биде најзаостаната земја во регионот.
03-03-2011, 04:15 AM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1

Icon_lol Ацко и Соленик, како да сте вработени во јавната администрација па се најдовте затечени од новите грујовски идеи Icon_lol
Ѓаволот е во имплементацијата, идејата е одлична...
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
03-03-2011, 05:07 AM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12

(03-03-2011, 01:23 AM)Makedonec Wrote:
Quote:Администрацијата ќе се менува во вистински сервис на граѓаните

02.03.2011 - 15:46 | Бизнис

Завршува ерата на шетање од шалтер до шалтери. Од сега граѓаните само ќе поднесуваат барање, сите потребни документи во однос на бараниот предмет ќе ги обезбедуваат адиминистативците по службена должност.

[Image: admijnnnmmmm_48088.jpg]Ова е една од измените за осумте закони кои Владата ги усвои на последната седница. Друга измена е тоа што во администрацијата ќе почне да важи правилото „нема погрешна врата“. Секој административец ќе мора да излезе во пресрет на граѓанинот без разлика дали барањето е во негова надлежност. Целта на новините е граѓаните да бидат задоволни за пократко време и помалку пари.

- Со тоа што граѓанинот ќе поднесува барање, а шалтерскиот работник по службена должност ќе ги прибавува потребните документи, се кратат 150.000 доаѓања на шалтер годишно - изјави премиерот Никола Груевски.

Се зајакнуваат механизмите и за контрола на административците. Тие ќе бидат подложни на постојано оценување од страна на граѓаните. Тоа ќе влијае на нивната плата, но и на задржувањето на работното место.

- На секој шалтер ќе има уред со три копчиња. Граѓанинот ќе може да одбере опција задоволен, незадоволен или неутрален и да го оцени шалтерскиот работник - рече Груевски.

Ќе се усложни и процедурата за вработување во јавниот сектор. Се воведува палагање психолошки тестови и пробна работа во траење од една година. Паралелно, се кратат и постапките за отпуштање од работа за тие што не работат доволно. Целта на законските измени е администрацијата да почне да работи и да стане стане сервис на граѓаните и стопанството.

- Имаше појава кога добиваа решенија на неопределено време и се опуштаа. За разлика од вработените во приватниот сектор кои мора постојано да се докажуваат административците имаа комоција дека законите ги штитат и не можат да останат без работа - вели Груевски.

Со измени на законите се зголемуваат и казните за административците кои кријат предмети по фиоки и не работат во законските рокови. Казните ќе почнуваат од 1.500 евра за одговорниот работник, до 15.000 евра за раководителот.

Денес го слушнав овој ново усвоен закон за администрацијата...

Едноставно ме восхитува креативноста и ентузијазмот со кои пристапуваат кон решавање на одредени проблеми....

Но сепак најжално е тоа што ниедна(барем не во потполна функционалност) од тие креативни реформи се нема инплементирано во реалноста...а сепак најодговорни за пропаста на тие реформи се надлежните во тие институции(лошото менаџирање,и непоттикнување на партиските легачи),и секако за големиот број пропаднати реформи се one and only УСТАВЕН СУД на РМSmiley-happy068

Инаку голем поздрав за идејава...и нека соберат гнев,и за инает нека ја направат да функционира 100% Yea

Taka e trebase na Ustaven da projde reformata za legalno prisluskuvanje i sledenje na elektronski kontakti UA USTAVEN SRAM TE BILO! StarceStarceStarce I da ne zaboravime krivete gi SITE osven tie sto se na vlast za greota so 82 pratenika malce im se ne mozat da ja opravat drzavata ajde na izbori da im dademe 115. Pos23Pos23Pos23
03-03-2011, 03:18 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21

(03-03-2011, 05:07 AM)МрачниотКоњаник Wrote: Icon_lol Ацко и Соленик, како да сте вработени во јавната администрација па се најдовте затечени од новите грујовски идеи Icon_lol
Ѓаволот е во имплементацијата, идејата е одлична...

Идејата да се стави ред во јавната администрација е добра, начинот е смешен!!! Icon_razz А, тоа што ја претрупаа со партиски потрчковци е најголем проблем.

Нека ги стави семафорите и ќе видите дека нема да се оправи работата. Како што кажа Соленик, само нови трошоци и можеби нови вработени кои ќе примаат пари од буџетска сметка...

И од Грујо ништо не може да ме затече, тој е непресушен извор на (смешни) идеи.

03-03-2011, 03:31 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,131
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Самобендисаноста веке станува сериозна опасност за Македонија.

Quote:Рикер потврди дека премиерот им го трошел времето на Клинтон и на Бајден со долг говор за постигнувањата на Владата, што го кажа потоа пред новинарите, забележувајќи дека тој самиот си избрал како ќе го троши времето на првата воопшто средба со државната секретарка, нафрлајќи потоа колку била зафатена во тој период.
04-03-2011, 02:51 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23

(04-03-2011, 02:51 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Самобендисаноста веке станува сериозна опасност за Македонија.

Quote:Рикер потврди дека премиерот им го трошел времето на Клинтон и на Бајден со долг говор за постигнувањата на Владата, што го кажа потоа пред новинарите, забележувајќи дека тој самиот си избрал како ќе го троши времето на првата воопшто средба со државната секретарка, нафрлајќи потоа колку била зафатена во тој период.

На умниот човек еднаш му се кажува. Колку време ќе јаде бурек Абдалов кај Јанко?
05-03-2011, 01:04 AM
Reply
goran16ta Offline
локал патриот
***

Posts: 118
Joined: Oct 2010
Reputation: 8

Shok
двојче двојче што тресиш бе копито кичевско фати се за работа и напрај нешто во Битола Da_ne_si_lud
Pishtoldzija
05-03-2011, 07:06 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,131
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Дали на конгресот ке стане збор за овие "бисери"

Quote:Што може да биде „нормално“ во земја во која министерот за правда е најголем извор на неправда и с` уште е на функција; во која заменик-министерот за полиција од раце симнува лисици со кои го врзува законот и с` уште е на функција; во која здравствените реформи не водат кон здравје, туку кон болест и с` уште се во сила; во која пијани владини директори со тупаници „водат дијалог“ со опозициски пратеници, па и натаму се силат; во која директорот на Државниот педагошки инспекторат во алкохолизирана состојба им вели на полицајци „да ми го јадете к....“ и с` уште е на функција, а сега уште се чуди што некој наставник им нуди на учениците настава во рајот, на небото.
06-03-2011, 03:11 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,131
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Груевски реизбран за претседател на ВМРО - ДПМНЕ

06.03.2011

Никола Груевски попладнево едногласно е реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ со што повторно ја доби довербата за трет четиригодишен претседателски мандат на партијата. На вториот ден од 14-тиот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ што се одржува во Битола, од 639 верификувани делегати, гласале 610.

Како во времето на Тито, Енвер Хоџа ...
06-03-2011, 04:17 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,131
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Кога Груевски ќе си го пресече носот, тогаш сигурно ќе има референдум!,

.
Kој смета дека и јавното признание не му било доволно на Груевски да замолчи. Не - вели Фокус - „носот му расте како на Пинокио, ама око не му трепнува, па лаже ли лаже. Сега не' убедува дека и тоа ново име задолжително ќе одело на референдум. И, што ако оди, кога тој смета дека Република Македонија, во заграда Скопје е добар предлог!? Нели само тогаш кога ќе добиеме добар предлог, тој ќе распишуваше референдум?“, потсетува Фокус на изјавите на премиерот Груевски, па додава дека од луѓе кои мислат дека цел живот може неказнето да лажат не може ни да се очекува нешто друго.
06-03-2011, 06:50 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,131
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Политика
САД загрижени за Македонија

[Image: CF029700-980C-4518-9D8A-3F1F62687DFD_mw270_s.jpg]
Американскиот амбасадор во Македонија, Филип Рикер
03.03.2011
Марија Тумановска

По средбите во Вашингтон нема промени, поради што САД се` уште позагрижени за состојбите во Македонија, порача американскиот амбасадор Филип Рикер.

Соединетите Држави остануваат загрижени за слободата на медиумите, независноста на судството и меѓуетничките односи во Македонија. Во неформална средба со новинарите, американскиот амбасадор во земјава, Филип Рикер рече дека загриженоста сега е поголема, бидејќи по посетата на македонскиот премер Никола Груевски во Вашингтон, ништо не се променило.

Рикер потврди дека на средбите на Груевски со амеиканскиот потпретседателот Џозеф Бајден и државната секретарка Хилари Клинтон било разговарано за актуелните проблеми во земјата, но и за прашањето за името и евроатланската иднина на Македонија.

Соединетите Држави сакаат да ја видат Македонија на маса со останатите членки на НАТО, рече Рикер. На средбите на кои присуствуваше и тој, не биле споменети предвремените избори.

Статус кво ситуацијата и по средбата во Вашингтон, уште повеќе ги загрижува САД

„Не е до нас да кажуваме дали треба да има избори во земјава, тоа е внатрешно прашање на државата и за тоа треба да одлучат политичките лидери и народот. А, она што во последно време се повеќе го слушам се фрустрирачки изјави на македонските граѓани. Поделбата на „наши“ и „ваши“, меѓусебните препукувања не и помагаат на земјата да оди напред. Не можам да прејудицирам какви избори ќе имате, но се надевам дека доколку се одржат ќе бидат фер и демократски и ќе бидат спроведени во согласност со законските процедури“, рече Рикер.

Тој изрази загриженост и за недостигот на политички дијалог во земјава.

„Луѓето се уморни од недостигот на конструктивен политички дијалог, како важен дел од секоја демократија. Неколку пати досега укжуваме на важноста на тој процес и потребата да се решат прашањата на зрел начин“, рече Рикер.

Едно од темите за кои било разговарано во Вашингтон бил и проблемот за името со Грција. Рикер ја потврди пораката од американската администрација дека тој проблем мора да го решиме сами и не треба да се очекува тоа да го направат Соединетите Држави.

„Имам чувство дека во последните три години ова прашање станува покомплицирано. Се претвора во едно подлабоко прашање кое вклучува и идентитетски теми, а двете страни реагираат со поголеми емоции. Компромисот не значи дека се компромитира вашиот идентитет, тоа значи дека двете страни ги усогласиле своите ставови. Потребно е што побрзо да најдете заедничко прифатливо решение, а ние сме тука за тоа да го поддржиме“, порача Рикер.

Тој рече дека во однос на прашањето за името не бил даден некаков краен рок за негово решение, но повтори дека што побрзо се дојде до компромис, толку подобро ќе биде за земјата.
На прашањето дали има впечаток дека советите од високите претставници на американската администрација, македонската делегација ги сфатила како закани и укор, Рикер одговори дека Соединетите Држави се пријатели на Македонија и оти нивните совети и забелешки се со цел да и помогнат на земјата.

Quote:Не е до нас да кажуваме дали треба да има избори во земјава, тоа е внатрешно прашање на државата и за тоа треба да одлучат политичките лидери и народот. А, она што во последно време се повеќе го слушам се фрустрирачки изјави на македонските граѓани. Поделбата на „наши“ и „ваши“, меѓусебните препукувања не и помагаат на земјата да оди напред.

Quote:Се претвора во едно подлабоко прашање кое вклучува и идентитетски теми, а двете страни реагираат со поголеми емоции. Компромисот не значи дека се компромитира вашиот идентитет, тоа значи дека двете страни ги усогласиле своите ставови. Потребно е што побрзо да најдете заедничко прифатливо решение.
06-03-2011, 06:59 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1

(06-03-2011, 04:17 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Како во времето на Тито, Енвер Хоџа ...
Интересно, ако извлечеме слични статистики за на пр. сегашните премиери на Германија, Франција или на скандинавските земји избирани на нивните партиски конгреси со онолкави мнозинства, дали и за нив така би коментирале со такви споредби?
Споредување со комунистички диктатори како условен рефлекс? Ако не е како Маршало, не е за никаде?

---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
06-03-2011, 07:26 PM
Reply