Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 6 Vote(s) - 2.33 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
НИКОЛА ГРУЕВСКИ
Author Message
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#81

(07-12-2010, 02:26 AM)Nikola Wrote: Ај ај ај ај...Гледам тука две спротиставени страни-Јордан Црни кој ми се чини добро и реално ги познава работите во дпмне, и на другата страна куп полтрони произведени од машинеријата на новопеченото "реформирано" србизирано искомуњаризирано ВМРО. Е на овие полтрони е тешко да им се докаже дека всушност нивниот лидер е србо-руски производ со античко-македонско потекло Icon_razz Поточно, скоро невозможно да се докаже. Но нека се истрчуваат дур не излезе вистината на виделина (не дека сега не е излезена, ама ретко кој ја гледа од разно-разни причини). Штом стигна еден Драган Павловиќ-Латас да биде гласноговорник на оваа влада, се гледа и од авион дека оваа влада е 102,2 инсталирана из Београда. Но Лаки не е едина причина која тоа го докажува, туку има и ред други работи...Еве некој нека каже зошто на пример во највисокото раководство на партијата веќе нема да видите ниту еден од старите заслужни членови на партијата, туку се некако гледаме некои нови дечки кои апсолутно немале допирна точка со ДПМНЕ во минатото? А да, па тоа се момци или од СДСМ или од Циле jugend Icon_razz Прашањето до античките Македонци е, зошто е тоа така...?

Еве, Никола, едно добродојде и од мене. Ми се допадна твојот текст. Се надевам дека нема да останеш на еден пост. Heil
07-12-2010, 09:27 AM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12
#82

Фала, фала за срдечниот пречек. Какво останување на еден Icon_razz
07-12-2010, 12:36 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#83

Quote:Сечат маси за да има кај да седат

Масите на дипломатите во МНР буквално се преполовуваат на два или три дела

Слободанка Јовановска

Реформата на јавната администрација добива фарсични размери во Македонија. Таа не само што не се реформира туку се мултиплицира, а за да се спречат критиките дека нововработените немаат ни каде да седат, во Министерството за надворешни работи почнале постојните маси да ги делат на неколку дела!

Според она што се дознава, настрадале поголемите маси што се демонтираат или буквално сечат на два или три дела, па не биле поштедени ни тапацираните, иако останувале неупотребливи ќошиња. Како што тргнале, во МНР може да почнат да прават маси и од плакарите, само да не се дознае колкава е бројката на новопримените кадри дојдени тука исклучиво по партиска линија. Повеќето од нив се снаоѓаат пиејќи кафе по цел ден на улица „Македонија“, но дел си нашле дополнителна задача - да следат со кого седат и што пренесуваат дипломатите, што и формално никој не им дава ништо да работат.

Извори од администрацијата информираат дека само од јуни досега Министерството објавило огласи за постојано вработување на 48 нови партиски кадри, а според неофицијални процени (бидејќи официјалните никој не сака да ги каже) бројот на дипломатите откако ВМРО-ДПМНЕ е на власта е речиси дуплиран. Моментно на дипломатите во МНР им е многу тесно, бидејќи во секоја од канцелариите седат по тројца или четворица, а од странските амбасади во Македонија се жалат дека ги има толку нови што кога ќе дојдат тука, речиси никого не препознаваат иако со години имаат постојани контакти.
07-12-2010, 05:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,123
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#84

Quote:Октоподите на ВМРО

Ристо Солунчев

Да се пишува за лустрацијата во Македонија. Која досада! Не постои жив петел кој за тоа не зборува. Држава која не расчистила со кодошлукот веднаш по својата конституција, ами продолжила да биде заложник на свињарии на тајните служби, на политичките партии кои сите до една беа во некакви релации со кодошлукот, со стариот систем кој беше замешан во нивното создавање, а тие демек требаше да создаваат нова држава и нов вредносен систем, не е кадарна да се бори со она кое ја храни, и ја прави да биде онаква каква е. Лустрацијата во Македонија е потполно бесмислен проект. Приказни за мали деца. Завршувам со досадата, за да почнам да си играм.
Пред некое време еден владин функционер, инаку министер за евроинтеграции, како гостин на некоја кулинарска емисија на телевизија беше замолен на гледачите, на сопствените граѓани, на своите работодавци, на оние што го плаќаат, да им предложи еден негов, сопствен рецепт, омилен, најомилен, што му го правела мајка му ли, баба му ли, готвачот на ресторанот ли, за и тие, ете, да се просветлат, низ реализацијата на рецептот да имаат можност да заедничарат со министерот, да добијат чувство дека и нивните вработени: владата, министрите, како рекапитулати на владејачките партии, ја живеат истата катадневица. Онака фоербаховски, човекот е она што тој го јаде, да се вмрежат на провајдерот на духовниот идеал: солидарност. Ако јадеме исто, значи исто сме. И што тој им предложи да зготват? Ни едно ни друго, ами, внимавајте, октопод со црно рижото! Замислете, свеж октопод донесен директно од Италија, и црно рижото со мамина или бабина запршка. Сигурно тоа го јадел целиот свој живот. Парадоксот е стравотен. Вработените јадат октоподи, а нивните работодавци, народот што ги гласа и со тоа вработува, јаде леб и заби. Иронијата е уште постравотна. Оние што едвај во месецот само еднаш до двапати на сопствените деца им купуваат банани, ги школуваат во училишта во кои наоколу плива измет, се задолжуваат со кредити за да можат да ги однесат мочани седум дена некаде на летување, и со сите други проблеми што ги имаат, сега треба да зготват октопод со црно рижото! Не, јас не сум лицемерен сдсмовец, јас не сум “комуњар”! Моите предци гинеа во четите на ВМРО. Јас само ја анализирам феноменологијата на стварите. Повторно октопод, клучот за сечиј распад. Што би рекол Славој Жижек, понекогаш најобичниот партикуларитет, парцијалниот поглед на нештото може да ве донесе до вистината, до тоталитетот. Да видиме. ВМРО-ДПМНЕ сака да биде, и воедно смета дека е, континуитет на историската ВМРО. Таа нивна заложба можете да ја прочитате и во статутот на таа партија, но и ако ги следите конгресите, имено, ВМРО-ДПМНЕ не започна со прв конгрес, од почеток, туку првиот свој конгрес го накалеми на сите претходни конгреси на историската ВМРО. Апсолутна аналогија на континуитет. Но, она што мене ме интересира дали во стварноста навистина постои континуитет. Имено, во многу изјави на водачите на историската ВМРО ќе најдете до перфекција доведена една чиста револуционерна свест: организацијата и народот се едно исто, страда народот, страда и организацијата, страда организацијата, страда и народот. Без разлика на нивната потесна идеолошка определба, социјалисти или десничари, свеста е револуционерна, анархистичка, и во начело левичарска. Поинаква и не може да биде. Затоа и може да се прочита во статутот на организацијата дека таа се самоукинува (вистинска философија на смртта) во оној миг кога е постигната целта: независна и самостојна Македонија. Невозможен континуитет. Или нема независна Македонија, па има смисла сè уште да постои ВМРО, или има (сепак ВМРО е на власт), но тогаш зошто да постои ВМРО, од кого треба да ја ослободува Македонија, од ВМРО? Понатаму, постојат многу историски документи во кои историската ВМРО ги казнувала сопствените луѓе не поради идеолошки разлози (таквите убиства се рекапитулација на драмата на овој трагичен народ, и уште еден доказ за она погоре кажано, организацијата и народот се едно), ами поради нивна проневера на парите на организацијата собирани од сопствениот народ, гнидост, напуштање на чистиот идеализам на револуционерот, блудничење и терање луксуз во услови на општа беда, арамилак, простотилак, богохулство. Во таква револуционерна чистота е родена и крилатицата на Александров: Долга е раката на организацијата! Но проблемот е што денешната ВМРО заборава дека таа крилатица се однесува најмногу на нивните членови, дека е метафора за чување на етосот на идеалот, и на единството на организацијата со сопствениот народ. ВМРО мора да ја живее бедата на сопствениот народ инаку не е ВМРО! Дали денешната (мислам на сета историја на ВМРО-ДПМНЕ) политичка партија изобразува собитија на историјата на сопствениот идеал: револуционерната ВМРО? Само ако сака да е метафора на истиот тој идеал. Само ако на сопствените хохштаплерски фамилии, на крадците и криминалците во своите редови кои го крадат сопствениот народ, на сопствените “комуњари” (комуњарот нема врска со револуционерната, левичарска, борбена, идеалистичка свест која бара слобода за сите, туку е просто крадец, искористувач на неприликите на сопствениот народ за да оствари фамилијарни цели), полуписмени сељачана, идиоти, ѓомитихристијани, србаши и бугараши, на сите тие им каже: Долга е раката на ВМРО! Не раката на државата, не на антикорупциската комисија, туку раката на организацијата. Но кому би му се стресле гаќите? Историјата е мртва, да живеат октоподите. Не постои друго ВМРО во ова ВМРО. Инаку би требало самите на себе да си ги тресат гаќите, а како?
Избори во иднина. Јас и мојот драг пријател од ВМРО-ДПМНЕ се шетаме по скопскиве села и сретнуваме предизборен собир, и е потполно ирелевантно чив, на ВМРО или СДСМ, сеедно. Го отварам пенџерот од автомобилот на мојот драг пријател и извикувам: Уаа, комуњари!

(Авторот е асистент на Институтот по философија)
08-12-2010, 01:10 AM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#85

Quote:ПСИХОЛОШКИ ИГРИ

Кога веќе спомнавме закана за атентат, можеби ова е добар контекст во кој да го обзананиме и сознанието за некои сериозни закани за атентат. Првин, мораме да се оградиме од она што ќе го објавиме. Ние не сме замешани во овие наводни случувања и она што го пренесуваме е онака како што е пренесено до нас.

Имено, пред пет-шестнаесет години, некои вистински типови, за разлика од виртуелниве силеџии кои ги опишавме погоре, македонски иселеници од Автралија, направиле посета до канцеларијата на тогашниот Претседател, Киро Глигоров. Тема на разговор била менувањето на името на Татковината. Конкретно, "Австралијците" му порачале на Глигоров дека доклку го промени името, следната нивна посета нема да е толку... цивилизирана. Ова не е поврзано со атентатот кој се случи на 3. октомври 1995 година.

Според истите сознанија, ова е причината зошто Глигоров и СДСМ го оставија спорот за името на "привремениот" стадуим на кој истиот стои до ден днешен. Затоа, тие (СДСМ) се надеваа дека Груевски ќе ја заврши работата, што значи и дека учестуваа во неговото доаѓање на власт, што пак, ја објаснува неговата наклонетост кон нивното одржување во општествениот живот на државата. Нашите извори велат дека после самитот на НАТО во Букурешт, од 2006 година, каде што Груевски ефективно прифати промена на името, пораката од момците од Автсралија била препратена во Груевски. Поткрепа на ова е во фактот што последователната посетата на Груевски на Австарлија претрпе сериозни последноминутни измени во оригинаните планови.

Доколку има вистина во овие гласини кои допреа до нас, тогаш прашањето кое го поставивме во минатата колумна, дали Груевски намерно се саботира себе си, добива контекст: Соочен со задачата заради која е назанчен за Премиер и можниот резултат од извршување на истата, како едниствено решение за Груевски да излезе во едно парче од сето ова е негов пад, во корист на на некоја личност која е многу подобна за Службите. Наша проценка е дека во закрилата оној кој чека да седне на фотелјата на Груевски е човек кој има многу сличности со Велија Рамковски... можеби, една по една работите стануваат јасни, на пример, зошто се случи "Перо Наков" бб, онака како што се случи.

Во име на Комитетот за Демократизација на Република Македонија

Шакале и Симеон Спиридонов
08-12-2010, 05:25 PM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12
#86

Абе а сте приметиле дека Груевски скоро никогаш не знае ништо за случаите? Или не би коментирал, или не знае ништо, или отприлика се 5-6 фирми не ме држете за збор, или прашајте го министерството, или за случајот на Даравелски не знаеше ништо кога писмено му се обрати таткото на Драган, или не знае точно колку пари ќе бидат потрошени за некоја работа...Не знаел дека ќе дојде криза, не би го коментирал Влатко Ѓорчев, не би го коментирал Љубе, не би го коментирал бришењето од историјата на ДПМНЕ на Љубчо Г... Па добро што би требало да коментира еден премиер на една држава? Знае ли некој зошто човеков ништо не коментира и ништо не знае? Да не се срами да збори?
09-12-2010, 01:59 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,123
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#87

(09-12-2010, 01:59 PM)Nikola Wrote: Абе а сте приметиле дека Груевски скоро никогаш не знае ништо за случаите? Или не би коментирал, или не знае ништо, или отприлика се 5-6 фирми не ме држете за збор, или прашајте го министерството, или за случајот на Даравелски не знаеше ништо кога писмено му се обрати таткото на Драган, или не знае точно колку пари ќе бидат потрошени за некоја работа...Не знаел дека ќе дојде криза, не би го коментирал Влатко Ѓорчев, не би го коментирал Љубе, не би го коментирал бришењето од историјата на ДПМНЕ на Љубчо Г... Па добро што би требало да коментира еден премиер на една држава? Знае ли некој зошто човеков ништо не коментира и ништо не знае? Да не се срами да збори?


Неговите одговори дека незнае ништо за случајот за кој е прашан, зборува дека е многу плашлив човек.
09-12-2010, 02:53 PM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12
#88

Ѕуку го гледавте ли Васила? Добра емисија направи вечерва. Иако се чини дека целта на емисијата беше оцрнување на Груевски, сепак мислам дека многу вистини беа кажани(она за Јанакиески и со постерот на Бранко многу не ме зачуди) за министрите во владата. Бранко и Љубчо за оваа емисија во најмала рака му должат на Васко кафица и чоколатце Icon_razz
11-12-2010, 12:37 AM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#89

Quote:Датум: 13.12.2010, 09:32

ПРЕСИНГ

Милорад Стојмановски

Раз, два, три ... маљчикииии

Бараме место во современата геостратешка прераспределба на моќта преку Сирија и Зимбабве. Да пукнат бушманите!

Државата нема баланс при давањето пари за масовен и за врвен спорт, се пожали претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, Даниел Димевски, со осврт на обртот државни дотации на сметката на Федерацијата. Не плаќа ниту чартер-летови за патувања на националната селекција на квалификациски натпревари. Подготовките, сместувањата по хотелите и другите трошоци, Димевски не ги ни спомна за да не ~ дојде премногу на државата. Иако бара пари за ДРЖАВНА репрезентација.

Се редат репрезентативците во ред за милостина пред секој меѓународен настап, но не можат ред да фатат од партиски редари. Додека министрите креваат лопати, спортистите најчесто креваат раце: си плаќаат од џеб или се откажуваат од натпреварите. Неодамна, нашите најперспективни пливачи, Марко Блажевски и Симона Маринова, не отпатуваа на Европско младинско првенство во мали базени поради смешни 910 евра. Толкава беше казната од Европската до нашата Пливачка федерација, поради која мораше да бидат повлечени пријавите на надежните македонски делфини.

Тешко ни одат и спортските евроинтеграции, зашто владините инвестиции се популистички - масовниот има предност пред врвниот и квалитетен спорт; граѓанинот, во случајов спортистот или рекреативецот, е напуштена единка. Неговиот опстанок е можен само ако се приклучи кон стадото што го води пастирот. Индивидуалецот се губи во толпата заради доброто на колективот на власт. Нужно е да се рашири партиската инфраструктура - во администрацијата, судството, образованието, медиумите, во спортот. Што е поголема базата, помасивна е пирамидата на моќ.

Во градежната петолетка што трае, трае и трае, остануваат да се довршат училишните сали во кои ќе маршираат фискултурци-соколци во чест на големиот водач со цврсто стегната тупаница. До него стои политичкото првоодделенче, како претседател на класната заедница наречена Агенција за млади и спорт. С` е како на слет, недостигаат само црвени шамии околу вратот на свитата, присутна да го наметне лажниот впечаток на масовно присуство, на поддршка, на тимска работа. Иако користењето на салите нема да биде масовно, иако градежната експанзија нема широка поддршка, иако тимот што ни ги троши парите не е добитнички. Уште да се приклучат качени на трактори сите субвенционирани земјоделци, да запее на трудот црн народ, другарите нивни, работни, весели, што победи нови ќе носат... Раз, два, три...маљчикииии.

Водата стои, Владата не стои. Кон придобивките на спортската инфраструктурна преродба, ќе заборавев да го споменам и новиот „ватерполо-терен“ во Турново, изграден со сесрдна помош од мајката-природа. Игралиштето на елитниот натпреварувач Хоризонт Турново, со новокомпонирано име „Кукуш“, лиценцирано за прволигашки средби, во манир на војвода остана простум и непопустлив пред нападите во бранови. Чинот на отпор на дренажата придонесе водостојот да се искачи до гуша, иако во фудбалот владее суша. Го покачи нивото на револт кај Турновци поради тоа што во Европа се веројатно единствената екипа-кандидат за еврокупови чиј стадион станал базен. За да не пливаат во еден метар длабока вода од реката Струмица додека го чекаат да пристигне Центарот за управување со кризи, турновци се преселија во градот Струмица. Ај’ што загубија на „домашен“ терен на струмичкиот стадион „Младост“, туку и си платија дебело за тоа.

Тениските игралишта пуштени во употреба во Ѓорче Петров последни (да) се. Сто терени, а на нашите спортски факултети, па дури и нивните (приватни), само еден професор доктор што предава тенис. Но, затоа имаме приучени тенисери со амбиции да станат тренери. Белиот спорт кој отсекогаш во себе дискретен шарм на буржоазијата криел, кај нас излезе во аут, во периферијата. Меѓу народните маси кои до вчера таму играа челик со ластегарки. Сега ќе вежбаат (со) рекет: бекхенд кон шталата, форхенд кон плевната, слајс кон калта на патот, по кој се пешачи со километри до училиштето.

Во изградбата на здрава нација со спорт и рекреација, ги бранат националните интереси по нивниот терк, се разбира без нашето право на избор(и). Не знам што ни е поздраво - телото или духот од твентифор-севн активности. Телото ни е дивоградба од бодибилдинг, духот не н` напушта, и покрај економска криза и светските заговори. Бараме место во современата геостратешка прераспределба на моќта преку Сирија и Зимбабве. Да пукнат бушманите.
#
13-12-2010, 06:21 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#90

Што пишува денес Утрински..


Кој му плете свилен гајтан на Протоѓер?


Мартин Протоѓер, шеф на Кабинетот на премиерот Никола Груевски, е разрешен од функцијата!? Таква вест вчера силно одекна во јавноста, но експресно и категорично беше демантирана од Владата и од ВМРО-ДПМНЕ каде што Протоѓер е генерален секретар.

Метежот, всушност, настана откако шпекулацијата за смена на Протоѓер беше објавена на некои блогови и на „Фејсбук“, при што се посочуваше дека одлуката, наводно, била донесена на завчерашната владина седница што траела до раните утрински часови. Наводно, на седницата се водела жестока расправа за на крај Протоѓер да биде разрешен.

Цел текст
***********************************
***********************************

Што мислите за кој блогер се работи? ’Нашиот’ Александро (постот е од 15 декември)... Icon_razz

Разрешен Мартин Протогер?

Според информациите добиени од кодоши блиски на Владата, на синоќешната бурна седница која траела до 5,30 сабајле, бил разрешен Мартин Протогер шеф на кабинетот на премиерот Никола Груевски.

Протогер е и генерален секретар на владејачката партија ВМРО ДПМНЕ.

Протогер важеше за еден од најмоќните луѓе од Кабинетот на премиерот, непосредно одговорен за ПиАрот на Владата.

Засега нема потврда на оваа вест ниту пак информации за причините за ваквата одлука.

P.S. Аlexandro прв дознава…

Тука

17-12-2010, 02:44 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,123
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#91

Протугер е денеска заедно со Груевски во Брисел. Оваа вест на Диневски е иста како и "РАСКОЛОТ ВА ВМРО ДПМНЕ". Што мислите кој е нарачателот....
17-12-2010, 03:13 PM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12
#92

А зошто блогерот Alexandro лаже?
17-12-2010, 04:28 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#93

Сигурен сум дека Александар Диневски ќе прочита што прашуваш, повремено и се јавува, па го нема со месеци, можеби и ќе ти одговори...

17-12-2010, 05:48 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,123
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#94

Газда Велија во напад. Се осили, виде поминаа дваесетина дена, Грујо не го чепка, значи Газда Велија подмачкал на вистинско место, директно кај газдата на Грујо.

Наци кај си бе. Уште ли се надеваш Грујо ке апси.



Quote:Сите ќе ги обединам против нашиот мал диктаторчиќ

ИНТЕРВЈУ: ВЕЛИЈА РАМКОВСКИ, СОПСТВЕНИК НА А1 ТЕЛЕВИЗИЈА

| 17.12.2010 | Автор: Бранко Героски

Господине Рамковски, според она што може да се прочита во печатот, Вие денес сте најинкриминираната личност во Македонија. Како се чувствувате во таа „тесна“ кожа?

- Сега, како и секогаш, се чувствувам како човек кој има најголема слобода на јавно изразување. Јас не молчам и не можам да замолчам. Било на телевизија, било во некое интервју како ова, со пријателите, со непријателите… Секогаш го зборувам тоа што го имам на ум. За така да зборува, човек мора да биде чист, однатре. Нема тука глумење. Нема, бре, ништо, каков криминал, какви бакрачи! На Перо Наков б.б. има околу 800 вработени. Тука има информативна дејност, тука се произведуваат смоки и се тргува со колонијалната стока. И што сега, дали тие најдоа неоцаринета или неоданочена стока, шверцувани цигари, дрога? Во што е криминалот?


Па, што има тогаш во оние купишта материјали, запленети и прикажани на телевизија?


- За нив тоа е рекламен материјал, тие со тој материјал не постапуваат според законот. Вечерта на 25 ноември, Горан Трајковски, директорот на УЈП, рече дека таму имало криминал од 7,5 милиони евра. И сега, како ќе ги бараат, како ќе ги најдат тие наводни 7,5 милиони евра? Тоа не беше законска пленидба, тие нас буквално не опљачкаа. Ја зедоа целокупната книговодствена евиденција на А1 од 1993 година до денес. А немаме никаков документ, никаков записник за тоа. Сите законски процедури ги прекршија и тргнаа во медиумска хајка. Објавуваат некакви списоци на новинари. Адвокатите велат тоа е апсолутно надвор од законот.


Што ќе правите кога ќе ви речат, а веќе ви рекоа, дека недостасуваат вакви или онакви документи?


- Се е кај нив. На телевизија гледавме како обиваа и се зедоа. Една соба полна со документи и куп компјутери покажаа на телевизија. Се ни зедоа, сега сметководството не може да работи. Сметководителите не можат завршна сметка да направат, не можат оперативно да работат, не може да се види кој колку ни должи… Хаос направија.


Дали поради тоа доцнат платите на вработените?

- Мислам дека брзо ќе се среди таа работа и ќе почне да се врши редовна исплата на сите вработени.


ПОСЛЕДНИОТ БАСТИОН

Престанаа или се засилија заканите кон Вас лично?

- Уште од 2009 година, кога беа изборите, постојано зборуваат дека ќе ме уапсат. Мијалков, демек, имал дебело досие и прашање на ден било кога ќе ме уапси. Лани летото сакаа да го апсат син ми. А внимавајте, човекот кој пред околу десет години се обиде да го киднапира син ми, сега е висок функционер во МВР. Тоа е страшно, јас сум постојано под тој притисок.


Зошто?

- Видете, во 1999 година го скршија Ѕинго, знаете за онаа „Вартоломејска ноќ“, за црните вреќи на „Силекс“… Така Сител стана вмровска телевизија. Во 2007 година Груевски во неговиот кабинет ми кажа дека го држи во фиоката досието на Емил Стојменов, а потоа, во 2008 година, таткото Стојменов премина во коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. Во 2009 година се случило ова со МПМ, со кешот што го носел шоферот на Срѓан Керим. И оп, го фатија за гуша, а тоа значи притисок врз „Дневник“, „Вест“, „Утрински весник“. На 25 ноември годинава со полиција тргнаа на мене…


Сакате да кажете дека вие сте последниот медиумски бастион што треба да се совлада?

- Апсолутно. Овој наш мал диктаторчиќ решил се да совлада. Му пречи А1 телевизија. Тој не се плаши од опозицијата, тој сака А1, „Шпиц“, „Време“ и „Коха е ре“ да ги совлада. И затоа тргна грубо, сурово, со сила. И јас сега не знам што се ќе следи. Тие веќе ги прекршија сите закони.


Овој „диктаторчиќ“, тоа е…

- Груевски, се разбира. Зарем покрај Триумфалната капија треба друг доказ за тоа дека е диктатор? Дури и Милошевиќ не правеше триумфални капии, овој нашиов го престигна. Груевски му сврте грб на народот, но не може да избега од него. Народот на 25 ноември ја одбрани А1 телевизија и на 5 декември покажа дека не се плаши. Јас сум апсолутно сигурен дека народот нема да дозволи Латас да стане главен уредник на А1 телевизија.


НЕМА ПАЗАР СО ГРУЕВСКИ

Власта вели дека целава врева е поради Велија и Црвенковски, двете најинкриминирани личности во Македонија…

- Откако потроши толку многу време со Европа, со Америка и со Грција, откако дефинитивно беше прочитан, Груевски се сврте кон внатре. Сетете се, уште лани летото тој викаше - не им верувајте на Велија и на А1! Тогаш немаше криминал, ништо немаше тогаш. Требаше да се измисли. Кога се најде затворен и изолиран, кога сфати дека му опаѓа поддршката, на Груевски му се прелеа чашата. Не беше во прашање Црвенковски, проблем му е А1, проблем му е Велија. Требаше мене да ме скрши, како што ги скрши Керим, Ѕинго и Стојменов. Но, тука згрешија, бидејќи како ќе го скршат Велија, со што?


Кога ги дававте оние контрадикторни изјави за Алсат-М, сите поверуваа дека Ве скршиле, дека правите пазар...

- Нема пазар. Можеби тој би направил пазар, но јас и порано кажав и сега ќе кажам - зошто би правел пазар, што би можел јас нему да му дадам? Него ќе го задоволи само ако дојде уредувачката политика на Латас во А1. Но, јас не можам тоа да го дозволам. Многу ме охрабрија настаните на 25 ноември и на 5 декември. Тука, во А1, дојдоа и од СДСМ, ЛП и од Демократска алтернатива, но и од ВМРО на Љубе Бошкоски, имаше од ЛДП, дојдоа Имер Селмани и Албанците, стаса поддршка од Тачи, дојдоа Срби и Турци, независни интелектуалци, да не заборавам некого… Бре, немаше кој не дојде! И после излезе народот на 5 декември. Тоа е тој силен фронт што се наѕира. И многу ми е важно што се сфати дека јас не сум против ВМРО. Во 1998 година, вмровците на власт дојдоа со помош на А1. Така беше и во 2006 и во 2008 година. Генерално, јас никогаш не сум бил против ВМРО, како што не сум ни против СДСМ. За мене ВМРО и СДСМ, во одреден квалитетен баланс, значат демократија за Македонија. Затоа, јас и сега кажувам дека не сум против ВМРО-ДПМНЕ, туку сум против овој наш мал диктаторчиќ и дечкиве со убави кошулчиња и компјутерчиња, кои го исцицаа членството на таа партија. Верувам дека има многу чесни вмровци во ВМРО-ДПМНЕ, кои не ја одобруваат оваа политика. Јас ги охрабрувам и ќе ги поддржам.


Вие себеси се гледате како обединител на опозицијата?

- Апсолутно. Максимално. А1 ги обедини опозиционерите. А1 е тој рид што не може да го освои овој наш мал диктаторчиќ. Ќе падне Груевски на ридот на кој се А1, „Шпиц“, „Време“ и „Коха е ре“, јас сум сигурен во тоа.


НЕМА ДА ГО ТРПИМЕ

Горан Трајковски рече дека сте налик на Кариќ...

- Глупости! Кариќ се збогати со Милошевиќ. Јас, бре, се борам против нашиот Милошевиќ! Како можам јас да бидам Кариќ?! Дали Горан Трајковски и Груевски посакуваат да не постојам? О, да, сигурно! Целата таа група деспоти сакаат да не постојам. Е, јас ќе постојам, а тие нема да опстанат на власт. Овој народ нема да трпи диктатор.


Дали си обезбедивте личен шофер и телохранители?

- Бог да чува, нејќам јас такви работи. Јас не сакам да живеам со таква мисла. Таа ми стигнува до главата, но не оди надолу, до душата. Не запирам! Еве, денеска одам во тетовско село со Имер Селмани, во битката против оваа влада. Обединител сум меѓу Албанците, вмровците и сдсмовците, против овој диктаторски режим. Тргнувам низ Македонија, да помагам, рамо до рамо со тој фронт, низ разговор со народот.


Еднаш ми рековте дека за возврат очекувате да добиете само „медаља“. Уште сте на тоа или во меѓувреме ви пораснаа политичките амбиции?

- Да, сакам, како што велите, „медаља“. Драго ми е што добив една таква во Охрид. Не е тоа нескромност. Но, ништо не ми треба повеќе. Го помагам ВМРО, го помагам СДСМ, е на што да се надевам - крал да бидам?


Немојте, ве молам, имаме еден крал, од Хунзите…

- Мене ми е битно да имаме квалитетна ВМРО, квалитетен СДСМ. Сакам здрава конкуренција, политичка борба, демократија, слобода. Тоа е мојата политичка амбиција. Па, малку ли е тоа, богати?


НАМЕСТЕНИ РЕЈТИНЗИ

Анкетите не го оправдуваат Вашиот оптимизам. Груевски води.

- Во 2009 година го фатија Керим за гуша и почнаа да излегуваат оние рејтинзи, со авторитетот на „Дневник“. Не може такви рејтинзи во ваков диктаторски режим да не се наместени. Јас сум сигурен дека во моментот опозицијата има повисок рејтинг. Или, пак, јас не си го познавам народот? Па, како може народот да гладува, да гледа лавови и триумфални капии и да биде задоволен?


Можеби народот е само исплашен…

- Веќе не е. Без лажна скромност, мислам дека за тоа можам да бидам пример. Арам нека ни е лебот ако дозволиме овој мал диктаторчиќ да управува со нас. Јас максимално ќе се борам. Се ќе обединам во уривањето на оваа власт.

ИЗВОР
18-12-2010, 01:59 AM
Reply
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8
#95

Апла забегал Велија...ја незнам јака им душа на тие по цел ден што работат под пртисок негов и џавкање! Icon_razz
18-12-2010, 04:31 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,123
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#96

Надежта последна умира. Така го разбирам овој текст на Кекеновски. Груевски ниту сака ниту може а ните СМЕЕ да прави било какви промени.



Quote:Сега му е мајката


Јове Кекеновски


Почетокот на 2011 година треба да претставува критична и пресвртна точка дали Република Македонија ќе отиде напред или ќе се враќаме повторно назад, со тенденција да пропаднеме во големата бездна за која имам чувство дека нетрпеливо не очекува. Првите денови по божикните празници треба да бидат последна шанса за Груевски да почне сериозно да го лечи болното владино ткиво. Ова треба да бидат денови на обнова на државата преку сеопфатен институционален ремонт на македонската Влада. Иако веќе повеќе од десет месеци новинарите и аналитичарите најавуваат реконструкција, сепак се чини дека идеална и реална можност се токму деновите кои следат по новогодишните, односно по божикните празници. Сеопфатниот ремонт овојпат треба да биде добра можност конечно премиерот без емоции и трошка грижа на совест да се ослободи од оние министри кои немаат капацитет за функцијата што ја извршуваат, од оние за кои од авион се гледа дека министерскиот залак им е преголем, па се задушуваат, од оние на кои министерскиот костум им е преголем. Ова е можност и сите ние да се спасиме од оние министри кои ја влечат назад не само Владата туку и државата. Реконструкцијата треба да биде немилосрдна и да се однесува на сите, без разлика дали се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ или од другите помали коалициски партнери, без разлика дали се миленици на премиерот, на Ахмети или на Ѕинго. Конечно, премиерот мора да сфати дека ова му е последната шанса и краен момент кога Република Македонија и фактички може и треба да стане вистинска правна држава, а неговата Влада ефикасна и запаметена во македонската историја како Влада со функционални министерства и способни министри. Почетокот на 2011 треба да биде крај за министрите за кои опозицијата, новинарите и аналитичарите (а за волја на вистината се побројно е и вмровското членство) секојдневно го искажуваат своето незадоволство за некои од нив, лепејќи им епитети од типот: „министер политички камелеон“, „министер со раце окрвавени до лакти од политички егзекуции во сите системи“ или „министер неуништлив болшевик“, „најголем министер преродбенички реформатор“, „министер 10 проценти“, „министер детска градинка“, „министер провинцијалец, лева рака - десен џеб“, „татин министер“ итн. Постбожикните денови треба да бидат денови кога конечно ќе се стави крај на понатамошното поставување банални прашања и правење нови анализи (заради купување време) за тоа кој министер не знаел да управува и направил поголема или помала штета. Сега веќе тие горе - долу ни се познати на сите нас, и вакви прашања се излишни. Потребен ни е храбар и решителен, премиерски прецизен рез, зашто последиците од нивната нестручност и неснаоѓање секојдневно не чинат се повеќе и повеќе. Крајно време е да се престане со бранење на некои од нив со оправдување од типот: тој е ваш, а оној мој. Вие водете сметка за вашите, а ние за нашите. Оваа причина посебно ја истакнувам, поради фактот дека се работи за сериозно нарушен владин и личен интегритет што, пак, за последица има сериозно начнување на премиеровиот и на партискиот рејтинг. Со сериозна владина реконструкција и поставување сериозни министри во владиниот ешалон ќе се стави крај на евтините министерски сензационалистички секојдневни изјави, а за возврат јавноста конечно ќе се соочи со одговорни политичари кои држат до даденото ветување и јавен збор, до реализација на зацртаната визија. Владиниот ремонт е добра можност конечно да се расчисти со состојбите во судството, образованието, урбанизмот, земјоделството, културата, екологијата, здравството, трудот и социјалната политика, на полето на инвестициите и надворешните работи. Ова се области во кои длабоко нешто не штима, било поради субјективни или поради објективни околности и причини. Ова е добра шанса за негирање на се позачестените слухови јавноста за спласнување на духот на новите преродбеници и за прекинување на оговарањата дека вмровското управување со државата не е добро, а само е помалку лошо од она на сдсмовците. Конечно, време е за луѓе кои знаат и имаат капацитет да ги одзатнат тесните институционални грла и проблеми, кои ќе овозможат да се зацврсти довербата на граѓаните во извршната власт и во останатите институции на системот, да се зацврсти и надгради политичкиот авторитет и интегритет. Со сеопфатниот владин ремонт ќе престане непријатната обврска на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ од петни жили да се напнуваат и да бранат некого и нешто што не се брани. Ќе престане деноноќната потрага по барањето олеснителни околности и светли моменти во работата на некои министри кои никаде ги нема. Од друга страна, со ослободувањето од ваква непријатна обврска ова ќе добра шанса тие исти пратеници нешто и да поработат за она за што ги плаќаме. А, сигурно најголемиот бенефит од сето тоа ќе биде што барем за првите сто дена од новата влада нема да ги слушаме и гледаме личните навреди и напади, ниското ниво на политичка култура, а „депласираните и здодевни“ интерпелации ќе престанат барем за извесно време да бидат средство за подигнување на опозицискиот партиски рејтинг. Со новиот владин состав, Груевски ќе има можност на сите да им докаже и покаже дека не ретерира од цврстата заложба за реформи во сите области и дека ударнички до крај ќе го одработи добиениот мандат пред две години. Ова истовремено е шанса да се збијат сопствените редови и да се подобрат перформансите на извршната власт, како би можела државата многу побрзо да ги надмине последните последици од светската економска криза и подготвени да ги дочекаме финалните преговори за членство во ЕУ и во НАТО. Од друга страна, новата реконстриурана влада претставува добра можност спремно да се излезе во пресрет на се позачестените најави од опозицијата за формирање влада во сенка, со која на еден демократски и, пред се, професионален план ќе можат да се вкрстат копјата и да се покаже доминантноста во знаење, раководење и патриотизам.

Авторот е универзитетски професор
18-12-2010, 02:43 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,123
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#97

(18-12-2010, 04:31 AM)Makedonec Wrote: Апла забегал Велија...ја незнам јака им душа на тие по цел ден што работат под пртисок негов и џавкање! Icon_razz



Не би рекол дека забегал Газда Велија. Пораката/заканата што ја прати со кешот на Керима е многу силна , може да се каже пресилна за Грујо. Затоа интервјуто на Велија е полно со ароганција и игање "цупала " со Грујо.
18-12-2010, 02:48 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,475
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#98

Quote:Груевски ќе остане, но кој ќе си оди!?
[Image: 58620C691099964A98DD8523686231A7.jpg]


Конгресот ќе биде добра можност за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да расчисти со малобројната опозиција што ја има во партијата

Светлана Унковска


Пролетен конгрес и подготовки за парламентарните избори и' претстојат на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, која е исправена пред можноста за значителни промени во партијата, но и во Владата. Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, е како пред шаховска табла, бидејќи од него се очекуваат потези со кои треба да ги размести позициите на неговите соработници без да предизвика внатрепартиски незадоволства. Дојде ли моментот за поголема реконструкција на владиниот кабинет или промените на „Илинденска“ ќе се изведат со оставки на некои министри како најбезболен начин за владино проветрување? Иако опозицијата го засилува притисокот со постојани обвинувања кон министрите, малкумина веруваат дека Груевски ќе се откаже од своите лојални соработници. Наместо тоа, се очекува на партискиот конгрес Груевски да се обиде да си ги зајакне позициите со тоа што малку ќе зачисти низ партиските редови, кои би ги освежил со неколку нови фигури, кои ќе имаат цел да го привлечат огромното неопределено гласачко тело.
Политичките аналитичари се уверени дека почетокот на 2011 година ќе биде пресуден не само за зацвртување на партијата на власт, туку и за идните владини политики. Претпоставките се дека Груевски ќе ги влече потезите со голема прецизност за да не се забележи во јавноста дека постојат некакви незадоволства во партијата или во Владата.

Поранешниот функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Филип Петровски, вели дека не треба да се очекуваат поголеми прекршувања - ниту пред партискиот конгрес ниту по него. „Мислам дека главното тежиште ќе се пренесе во ВМРО-ДПМНЕ за пред најавениот конгрес евентуално да се исчистат од луѓе што би им пречеле. Најверојатно, ќе има наплив на кадар што би требало да го рашири распонот и да ги опфати неопределените гласачи, кои се околу 50 проценти“, вели Петровски, кој смета дека ќе се засилат позициите на Влатко Ѓорчев и на Антонио Милошоски.

„На нив двајца ќе им биде дозволено да даваат радикални изјави за да го држат членството во популистички занес. Иако тоа се покажа многу штетно за меѓународната позиција на Македонија, како во случајот со нападите на Ѓорчев врз евроамбасадорот Ерван Фуере или со изјавите на Милошоски против Израел, сепак, тие имаат потреба да го одржуваат радикализмот во тимот“, нагласува Петровски. Тој вели дека Груевски, веројатно, нема никого да жртвува „особено не оние што се фатени на ’орото’, бидејќи тоа не е добро за ’политичкото здравје’ на Груевски“.

Професорот Јове Кекеновски оценува дека во почетокот на 2011, практично, неколку месеци пред партискиот конгрес, Груевски мора прво да ја реконструира Владата, а потоа и високите партиски органи. Според него, владиниот ремонт ќе биде добра можност да се покаже дека се останува цврсто на заложбата за спроведување на реформите, а партиските промени се потребни за зајакнување на партијата пред избори.

„Мислам дека со конгресот Груевски ќе ги зацврсти позициите и дека тоа му е добра можност да расчисти со онаа мала опозиција што ја има во партијата. Затоа може да се очекува да се направи одредена реконструкција и во Извршниот комитет, во кој би влегле повеќе интелектуалци, бидејќи не гледам дека таму отскокнува некој идеолог“, смета Кекеновски.

Тој оценува дека иако Груевски и сега има цврста позиција и, во суштина, нема конкуренција, тој апсолутно ќе се зацврсти на тронот. Но, како што вели нашиот соговорник, ако Груевски сака победа и на наредните избори, тој мора кадровски да ја зајакне партијата со луѓе што ќе знаат да се справат со предизвиците. (Св.У.)
An inch today is tomorrow’s mile.
22-12-2010, 12:59 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,475
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#99

Не умри магаре на зелена трева
Quote:Груевски се дума кому да му каже збогум

[Image: 7683CAF4EAA17247821E6ECFC7DCA7B9.jpg]

Премиерот не исклучува реконструкција, но не кажува кога би се решил на таков потег

Билјана Јовановска


„Нема да исклучам реконструкција на Владата, иако досега не е планирана“, изјави премиерот Никола Груевски во петтото продолжение од интервјуто за МИА. Со ова им даде дополнителен замаец на многубројните шпекулации дека на одредени министри многу скоро ќе им се заблагодари на соработката.

Дури и меѓу членовите на ВМРО-ДПМНЕ подолго време е присутно тврдењето дека реконструкцијата ќе се случи во март, а наводно, први на удар ќе бидат министрите за надворешни работи, Антонио Милошоски, и за правда, Михајло Маневски, но се' почесто се говори и за смена во ресорот за образование.

Дали ова е само дополнително замајување на јавноста или објективно премиерот првпат од своето владеење ќе направи вистинска реконструкција, останува во сферата на претпоставките. Портпаролот на Владата, Мартин Мартиновски, вчера одби да даде каков било коментар за најавената реконструкција на Владата, како и за министрите чии имиња се најспомнувани во овој контекст.

Иако, објективно, надворешната политика во изминативе пет години доживеа дебакл и Македонија ги загуби и пријателите и добрата позиционираност во меѓународната заедница, евентуалното тргање на Милошоски е на стаклени нозе. Не поради тоа што министерот постигнал големи резултати во ресорот со кој раководи, туку во време кога се засилуваат притисоците однадвор за што поскоро наоѓање решение за надминување на спорот со Грција и кога се најавуваат засилени контакти со посредникот Метју Нимиц, ова и не би бил којзнае каков потег. Дотолку повеќе што е јасно дека конците во надворешната политика ги влече премиерот Груевски, а Милошоски само прифатил да министрува со крајно скратени ингеренции. И министерот кога на крајот од годината реферераше за сработеното, се потврди дека резултатите му се повеќе од скромни - може да го издвои ротирачкото претседателствување со Советот на ЕУ и безвизниот режим, но, сепак, тоа не се работи што се случија само затоа што со Министерството за надворешни работи раководи Антонио Милошоски. Во прилог на неговото останување во владиниот кабинет е и фактот дека е тој единствен претставник на „старото“ ВМРО-ДПМНЕ и, наводно, го предводи ова крило во партијата, а евентуалната смена би можела да предизвика бранувања во партијата. Затоа, многу помалку би изненадила, на пример, реконструкција на Васко Наумовски.

Заминувањето на Михајло Маневски веќе со години го бара и меѓународната заедница и домашната јавност. Неговото име постојано се посочува како главен виновник што судството е исполитизирано како никогаш досега, а во неколку наврати и судиите најдиректно ја обвинија брачната двојка Маневски за притисоците врз судиите. Името на Маневски во негативен контекст е најчесто посочувано во сите критики во извештаи од ЕУ или во директни контакти, меѓутоа, очигледно дека од којзнае кој причини Груевски тешко се откажува од услугите на овој министер. Дали се работи само за обични клановски, штипски или некој други врски на семејствата Маневски-Груевски, кај и да е ќе излезе на виделина.

За Никола Тодоров, министерот со најкус стаж во кабинетот на Груевски се вртат повеќе причини заради кои премиерот може да го реконструира. Тој влезе во отворена војна со целата универзитетска јавност, а не, како што често тврди, само со најстариот државен универзитет.

Некои шпекулации говорат дека наводно пред нецели две недели министерот Тодоров на свои блиски им се пофалил дека на премиерот му понудил оставка, а Груевски, наводно не ја прифатил.

Во реконструкцијата сигурно нечепната нема да остане ни ДУИ која држи четири министерски и едно вицепремиерско место. Сепак, нивните имиња се држат во најголема тајност. Ако се исклучи, неодамнешната шпекулација дека Теута Арифи може да го замени Милошоски и тврдењето дека оваа партија грчовито ќе се бори за да ја приграби гувернерската позиција. (Б.Ј.)

Извор
An inch today is tomorrow’s mile.
18-01-2011, 12:46 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,123
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Ова е само за мојот пријател Наци. Да му стане јасно на кого Грујо ја распродава Македонија.


Quote:Гаранција –„Жими мајка”

12:26 | 31 јануари 2011
Мери Јордановска

Скандалите на семејството на Амди Бајрам



[Image: lookup]

Во кривичната пријава стои дека Бајрам во 2001 година од својата фирма „Џани Версаче” подигнал 37,5 милиони денари, без да ги евидентира во деловните книги. Со тоа тој ја оштетил државата за 5,6 милиони денари.
Кога почнале судските рочишта, во 2003 година, Шабан заминал за Суботица, а во земјава се вратил лани. Веднаш потоа, судот му одреди притвор и по него беше распишана потерница, а пред околу еден месец била укината

Не се појавува на судските рочишта, недостапен е за полицијата, му беше определен 30-дневен притвор, а сепак, судот реши да ја повлече потерницата за Шабан Бајрам, синот на пратеникот Амди Бајрам, кој се товари за даночно затајување.
Шабан слободно се шета по улиците на Скопје и живее во иста куќа со неговиот татко, во населбата Бутел. Пред два месеци, на Бајрам му бил одреден 30-дневен притвор, а Кривичниот суд издал наредба за распишување потерница, бидејќи тој не се појавувал на судските рочишта. Полицијата не успеала да го најде, и покрај тоа што извори за „Форум” сведочат дека тој секојдневно може да се види пред куќата на пратеникот, како и на пазарот во Шуто Оризари.
И покрај тоа што Бајрам е недостапен за органите на прогонот, судот со решение број 1009/10 од пред околу еден месец, решил да ја повлече потерницата против него и да ја прифати гаранцијата што ја понудил тој. Ова, како што велат судските експерти, е несекојдневна практика во третата власт, да се повлече потерница против лице кое не се јавува на судски рочишта и кое полицијата го бара за издржување притвор. Ако се земе предвид колкава бура настана во јавноста кога на тутунскиот бос Бајруш Сејдиу, кој исто така се товари за даночно затајување, му беше укинат притворот и заменет со домашен, се поставува прашањето зошто за исти кривични дела важат различни аршини? И покрај тоа што за делото на Сејдиу предвидена е повисока казна, во случајов, станува збор за лице кое не соработувало со судските органи, но тие, сепак решиле да ја повлечат потерницата и притворот, а да ја прифатат гаранцијата. Ако згора на тоа се додаде дека неговиот татко е пратеник, а заменик министерот за правда Ибрахим Ибрахими е од истата политичка партија со Амди Бајрам, се јавува сомнеж дека во случајов е избегната типичната судска практика.
Не успеавме да го добиеме Шабан Бајрам, а неговиот татко, Амди Бајрам кратко изјави дека неговиот син редовно се појавува на судските рочишта, и покрај тоа што во решението за одредување мерка притвор пишува поинаку.
Во кривичната пријава стои дека Бајрам во 2001 година од својата фирма „Џани Версаче” подигнал 37,5 милиони денари, без да ги евидентира во деловните книги. Со тоа тој ја оштетил државата за 5,6 милиони денари.
Кога почнале судските рочишта, во 2003 година, Шабан заминал за Суботица, а во земјава се вратил лани. Тогаш тој се појавил на сунетот на внукот на Амди Бајрам, на брод во Охридското Езеро, каде што славеа околу илјада луѓе. Веднаш потоа, судот му одреди притвор и по него беше распишана потерница, а пред околу еден месец била укината.
Како гаранција дека ќе се појавува на судските рочишта Шабан Бајрам заложил имот што не се води на негово име, туку на име на Адвие Сербезова, сопруга на поранешен советник во општината Шуто Оризари кој неодамна починал. Станува збор за куќа во Долно Оризари. Дополнително, заложена е и куќа, стан што се водат на име Екрем Мустафа од Шуто Оризари.
Овој туѓ имот треба да биде гаранција дека отсега натаму Бајрам ќе се појавува на судските рочишта и ќе одговара за 100.000 евра даночно затајување.
Точно седум години е старо решението за спроведување истрага против него, во време додека Македонија се стреми кон забрзување на судските постапки и скратување на роковите за судења и донесување пресуди. Толку години истражните органи не можат да го најдат Шабан Бајрам.
Во последниов период, семејството Бајрам го тресат низа скандали. Антикорупциската комисија неодамна побара кривична одговорност за другиот син на пратеникот Бајрам, Елвис, инаку градоначалник на Шуто Оризари, под сомнение дека го изградил плоштадот во општината додека тендерот уште не билзавршен. Побарано е и преиспитување на имотот на Амди Бајрам и неговиот син Елвис, затоа што не го пријавиле сиот свој имот во анкетниот лист.
02-02-2011, 01:05 AM
Reply