Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 6 Vote(s) - 2.33 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
НИКОЛА ГРУЕВСКИ
Author Message
NACIONALIST Offline
Senior Member
****

Posts: 485
Joined: Dec 2009
Reputation: -11
#61

(22-10-2010, 01:34 AM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Мали Груица забаорава дека помина времето на диктатори од типот на Тито, Сталин, Енвер Оџа. NeneneNeneneNenene
Неговите во пaртијата толку да бидат глупи па оспорувањето на ваков недемократски закон му го припишуваат на Бранко. Tuktuk0niTuktuk0niTuktuk0niTuktuk0ni
Бог да чува и да брани. SmajlitoSmajlitoSmajlito



Kako uspea da te kupi Sranko bre Jordane!!!
23-10-2010, 03:18 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,114
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#62

(23-10-2010, 03:18 AM)NACIONALIST Wrote:
(22-10-2010, 01:34 AM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Мали Груица забаорава дека помина времето на диктатори од типот на Тито, Сталин, Енвер Оџа. NeneneNeneneNenene
Неговите во пaртијата толку да бидат глупи па оспорувањето на ваков недемократски закон му го припишуваат на Бранко. Tuktuk0niTuktuk0niTuktuk0niTuktuk0ni
Бог да чува и да брани. SmajlitoSmajlitoSmajlito



Kako uspea da te kupi Sranko bre Jordane!!!


Наци мене Бранче наркоманче + србоманнче неможе никогаш да ме купи.
Но да те прашам тебе : ДАЛИ СЕ СОГЛАСУВАШ ДА ИМА ПРИСЛУШКУВАЊЕ БЕЗ СУДСКИ НАЛОГ. Така беше во времето на Тито.
23-10-2010, 01:05 PM
Reply
Kasandar Offline
Member
***

Posts: 118
Joined: Jun 2010
Reputation: 0
#63

(23-10-2010, 01:05 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
(23-10-2010, 03:18 AM)NACIONALIST Wrote:
(22-10-2010, 01:34 AM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Мали Груица забаорава дека помина времето на диктатори од типот на Тито, Сталин, Енвер Оџа. NeneneNeneneNenene
Неговите во пaртијата толку да бидат глупи па оспорувањето на ваков недемократски закон му го припишуваат на Бранко. Tuktuk0niTuktuk0niTuktuk0niTuktuk0ni
Бог да чува и да брани. SmajlitoSmajlitoSmajlito



Kako uspea da te kupi Sranko bre Jordane!!!


Наци мене Бранче наркоманче + србоманнче неможе никогаш да ме купи.
Но да те прашам тебе : ДАЛИ СЕ СОГЛАСУВАШ ДА ИМА ПРИСЛУШКУВАЊЕ БЕЗ СУДСКИ НАЛОГ. Така беше во времето на Тито.

Taka e i vo denesno vreme vo tie taka vikani evropski drzavi.
Inace i jas sum totalno protiv takov zakon!
23-10-2010, 02:05 PM
Reply
Душан Јордан Петровски II Offline
Member
***

Posts: 220
Joined: Apr 2010
Reputation: 3
#64

(23-10-2010, 02:05 PM)Kasandar Wrote: Taka e i vo denesno vreme vo tie taka vikani evropski drzavi.
Inace i jas sum totalno protiv takov zakon!

Како е во тие така викани европски држави? Се прислушкува без судски налог? Против каков закон си?
(This post was last modified: 23-10-2010, 03:15 PM by Душан Јордан Петровски II.)
23-10-2010, 03:15 PM
Reply
Kasandar Offline
Member
***

Posts: 118
Joined: Jun 2010
Reputation: 0
#65

(23-10-2010, 03:15 PM)Душан Јордан Петровски II Wrote:
(23-10-2010, 02:05 PM)Kasandar Wrote: Taka e i vo denesno vreme vo tie taka vikani evropski drzavi.
Inace i jas sum totalno protiv takov zakon!

Како е во тие така викани европски држави? Се прислушкува без судски налог? Против каков закон си?

Eve ti eden primer od edna demokratska evropska drzava.
(The FRA law (FRA-lagen in Swedish) is a Swedish legislative package that authorizes the state to warrantlessly wiretap all telephone and Internet traffic that crosses Sweden's borders.) Ako sakas pojke da se zapoznajs za FRA baraj vo google.

Protiv zakon za sekakov vid na spionski raboti!
23-10-2010, 04:11 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,114
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#66

Quote:СКОПСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК СПРЕМА ПОДАРОК ЗА СРПСКАТА ФОЛК ЅВЕЗДА

Коце ја сака Карлеуша

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски изразил желба да се сретне со српската фолк ѕвезда Јелена Карлеуша и да и подари сувенир од Град Скопје, пред нејзиниот концерт кој ќе се одржи на 20 номеври во Арената "Борис Трајковски".
[Image: D7F1AB64724E3F4B8D2003DDF69DB705.jpg]
Од "Јованов рекордс", кои заедно со "ВИП продукција" го организираат концертот, ни рекоа дека шефицата на кабинетот на Трајановски два пати им се јавила за да договорат средба на градоначалникот со Јелена.
" Ни се јави шефицата на кабинетот на Трајановски, и ни рече дека тој ја слуша Карлеуша, и сака да се сретне со неа во кабинетот. Со оглед на тоа дека фолк ѕвездата за прв пат доаѓа во Скопје во текот на 15 годишната кариера, Трајановски како добар домаќин сака да помуабети со неа, и да и подари сувенир од Градот. Сè уште не сме ги договориле деталите, но сигурни сме дека ЈК ќе му биде гостинка на Градоначалникот ", ни рекоа од "Јованов рекордс".
Трајановски, на прашањето дали ќе се сретне со Карлеуша, прво се насмевна, и како да се срамеше да одговори. Потоа рече дека не е сигурен во тоа.
" Сè уште не знам дали ќе се видиме", ни рече градоначалникот низ насмевка. На прашањето дали ја слуша музиката на фолк пејачката, тој одговори: "Понекогаш, кога имам време ја слушам", и потврди дека пејачката му се допаѓа, и размислува да оди на концертот.
Јелена Карлеуша на скопскиот концерт доаѓа со два шлепери опрема, и дваесет носачи. Од нејзината продуцентска куќа "Емоушн" во Скопје ќе ја донесат целата сценографија од концертот во Белградската Арена, кој се одржа во мај. Сè уште се разгледуваат техничките можности во скопската спортска сала, и ако е изводливо, Карлеуша би требало да виси врзана на јаже над публиката. Гости на концертот се Тијана Дапчевиќ и Елвир Мекиќ.
Од пред еден месец, контраверзната пејачката пишува колумни во српскиот дневен весник "Курир". Во нив, отворено ги критикува српските политичари, сопругот Душко Тошиќ го нарекува "сељачина", и го подржува хомосексуалците.
(М.Џ.-А.А.)

***

Карлеуша против Цеца

Само шест дена по Карлеуша, во истата сала во Скопје концерт ќе одржи Цеца Ражњатовиќ, која се смета за нејзин најголем ривал. На балканската јавност и познато дека двете пејачки приватно не се поднесуваат, иако и по имиџот и по стилот на музика се различни. Според српските весници и таблоиди, Карлеуша прва ја започна војната, откако ја обвини Цеца дека е вмешана во убиството на нејзиниот поранешен свршеник Зоран Давидовиќ- Чанда, кој немал досие во српската полиција, но бил познат како дел од белградското подземје. Давидовиќ е застрелан во 2005 година во неговиот автомобил, на автопатот Белград- Загреб.
- Цеца е супер пејачка, но за џабе тоа пеење, концертите, хитовите, кога зад тоа стои темница. Цеца и нејзиниот покоен сопруг беа во кумовски односи со луѓето кои го убија мојот свршеник", изјави Карлеуша пред две години, веднаш по осумгодишниот помен за Жељко Ражњатовиќ- Аркан, покојниот сопруг на Цеца.
За разлика од ЈК, Цеца е повнимателна во изјавите за ривалката и избегнува да одговара на новинарските прашања за нивната војна. Затоа, Цеца во одбрана ја ставија фолк колешките Мира Шкориќ и Дара Бубамара. И двете, испровоцирани од отворените изјави на Карлеуша против Цеца, почнаа да ја критикуваат ЈК, па војната помеѓу пејачките се прошири.
(М.Џ.)

Текстот е прочитан 1784 пати.
09-11-2010, 01:59 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#67

Ќе излезее Коце еден споменик на Карлеуша како благодарност за средбата... Icon_razz

09-11-2010, 02:15 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#68

[quote='ЈорданПетровски-ЦРНИ' pid='23921' dateline='1289307556']
[quote]
СКОПСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК СПРЕМА ПОДАРОК ЗА СРПСКАТА ФОЛК ЅВЕЗДА

Коце ја сака Карлеуша

***

Карлеуша против Цеца

Само шест дена по Карлеуша, во истата сала во Скопје концерт ќе одржи Цеца Ражњатовиќ, која се смета за нејзин најголем ривал. Н
[/quote]

Ех ПАТРИОТИШТА!

Што ти било преродба човече! ПИНК, Цеца, Крелуша, све мој до мојега!
09-11-2010, 05:45 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,114
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#69

Quote:ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СКОПЈЕ коце трајановски истражува кој му го злоупотребил името

Кој ми ја мести Карлеуша?

Од Градот потенцираат дека ниту еден од вработените од кабинетот на Трајановски не се јавил кај организаторите на концертот за да побара средба на градоначалникот со српската пејачка

[Image: 47C772819232F94798EE44606AECE2C3.jpg]

"Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, ниту кој и да било член на неговиот кабинет побарал средба со српската пеачка Јелена Карлеуша во пресрет на нејзиниот концерт во Скопје", тврдат од Град Скопје по повод завчерашниот текст објавен во "Вест" со наслов "Коце ја сака Карлеуша".
Од Градот потенцираат дека ниту еден од вработените од кабинетот на Трајановски не се јавил кај организаторите на концертот за да побара средба на градоначалникот со српската пејачка.
Портпаролот на менаџерите на концертот во понеделникот за "Вест" изјави дека во "Јованов рекордс" им се јавил маж, кој се претставил како асистент на Трајановски, и побарал средба на Карлеуша со градоначалникот и вип билети.
"Ни се јави извесен Давор Настевски, кој се претстави како асистент на градоначалникот. Побара ВИП билети и средба на Трајановски со Карлеуша. Му рековме дека ќе се обидеме да завршиме работа", велат организаторите на концертот.
Од Градот пак вчера ни изјавија дека ниту едно лице со име Давор Настевски не е вработено кај нив.
"Не постои таков, ниту во кабинетот ниту во администрацијата. Можно е некој лажно да се претставил", велат од Градот.
"Вчера до кабинетот на градоначалникот ја доставивме смс пораката од Настевски која: 'Давор Настевски е, асистент на градоначалникот на град Скопје, ќе ве замолам да се слушнеме кога можете'. Не е наша работа како менаџери да го решаваме случајот. Тоа е работа на надлежните", велат организаторите на концертот на фолк пејачката.
Од МВР вчера ни потврдија дека од град Скопје пријавиле случај на лажно претставување.
"Ние им рековме дека е можно кој било обожавател да се јавил, и го искористил името на градоначалникот за да $ се доближи на Јелена Карлеуша. Секој си има свои омилени пејачи, некој ја сака Карлеуша, некој Чолиќ", велат од МВР. (Р.В.)


Ова барем е лесно да се провери.
11-11-2010, 01:34 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,114
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#70

Quote:Се е исто како лани - инвестиции нема!


22.11.2010 | Никола Тасев (политичар)

Кога деновиве ги читам и ги слушам текстовите во медиумите, поврзани со странските инвестиции во Македонија и со соседните земји, не можам да направам разлика дали сум на крајот од 2010 година или повторно ја живееме 2009 година.
„Србија најпосакувана за инвестиции, Македонија при крајот“. „Инвеститорите ја заобиколуваат Македонија“. „Македонија со најмалку инвестиции во регионот“, се само дел од насловите што ги полнеа медиумите при крајот на минатата година, но се актуелни и деновиве. Разликата е можеби само во тоа што годинава сумата на странски инвестиции ќе биде уште помала и од ланската, која исто беше катастрофално лоша.
Оттука се поставува прашањето дали е добар концептот на владата за привлекување инвестиции. Дали ги имаат сфатено сигналите од големите инвеститори, зошто не го трансферираат нивниот капитал во нашата држава. И конечно дали во владата сфаќаат дека на јаловите играчи треба да им се направи промена уште на полувреме, а не да се оставаат да го доиграат целиот натпревар, па уште да им се пружи и шанса да ги играат и следните натпревари.
Во Македонија постои една Агенција за странски инвестиции, која годишно троши повеќе од пет милиони евра од буџетот - пари од македонските граѓани. Таа Агенција има директор кој се однесува како државата што ја претставува да е најголем инвеститор во светски рамки, а не земја жедна за инвестиции и секојдневно „привлекува“ инвеститори по скопските кафулиња, наместо да ги засука ракавите и да оди и да убедува и да моли кај големите странски компании. Да! Да моли! Тоа треба да го прави секој што се нафатил на таа функција, затоа што ако сакаш на некој инвеститор „да му ги земеш парите“ треба да го испочитуваш, а не да се однесуваш како да ти е сеедно и да му доцниш на состаноци. Исто така, таа Агенција има млади момчиња кои добиваат илјадници евра месечно, за да привлекуваат инвеститори, а сите тие минатата година за малку ќе донеле еден инвеститор, а годинава им е послаба и од минатата. Но, тие млади момчиња не се виновни, не дека не сакаат да бидат успешни, туку едноставно толку можат. Испратени во држави каде што немаат никакви контакти, како Алиса во земјата на чудата, лутаат од врата до врата, трудејќи се само да го исполнат единствениот услов што им е поставен од шефовите: да посетат 15-20 странски компании месечно!
Затоа сметам дека начинот на кој се одбираа ловците на инвеститори е погрешен. Наместо на конкурсот да се гледа кој каква школа завршил или колку јазици познава, како главен критериум кој во која држава ќе биде испратен, требаше едноставно да се повикаат сите што можат да и помогнат на државата со своите врски што ги имаат по другите држави. На пример, многу наши бизнисмени работат и соработуваат со странски компании и развиле некаква мрежа на пријатели од тамошните локални бизниси. Можеби тие наши бизнисмени и немаат некаков докторат или можеби немаат завршено ниту факултет, и можеби не познаваат по три странски јазици, но ги имаат контактите. Докторатот и познавањето јазици не секогаш привлекуваат инвестиции, но контактите можат. Верувајте дека повеќе инвестиции може да привлече еден бизнисмен, кој секој трет ден е во Софија или Белград или во Рим, отколку, некој кој првпат отишол во овие градови, откако ја добил функцијата - привлекувач на инвестиции. Па, затоа реалноста ни е таква што од година во година ни се намалува сумата на странски инвестиции. И затоа годинава ќе биде уште пониска од минатогодишната, а ако нешто не се смени и наредната ќе биде послаба од оваа година.
Слушаме деновиве изјави од директорот на Агенцијата за инвестиции дека „инвеститорите само што не дошле“ и дека до крајот на годината ќе имало конкретни резултати. Кого лаже! Веќе слушнавме толку лаги за наводните инвеститори „кои се тука пред нашата граница со торби полни за инвестирање“, што само помислувам дека и тој и неговите соработници си создале сопствен свет во кој Македонија е во инвестициски прогрес, секој месец влегуваат по 100 милиони евра директни странски инвестиции и инвеститорите се тепаат за дојдат кај нас.
А владата никако да слушне што порачуваат инвеститорите, никако да ги анализира причините зошто не доаѓаат во Македонија: нелојална конкуренција, корупција, сива економија, несигурноста на капиталот, скриени даночни ставки, неможност за брзо правно решавање спорови, нерегулиран пазар на недвижности и тешко добивање информации од јавната администрација. Не би било фер ако не се спомене дека владата навистина направи некои позитивни чекори за расчистување на овие лоши состојби, но не е доволно. Треба уште реформи, треба да се усогласат законите и процедурите со европските и меѓународните стандарди и што е најбитно треба да се реформира и размислувањето на секој административец.
А Македонија навистина има можности за привлекување на инвеститорите! Евтина работна сила, договори за слободна трговија со повеќе земји, неразвиени енергетски системи, фабрики кои чекаат рестартирање, многу хектари неизградено градежно земјиште, туризам...
Но, додека не ги сфатиме нашите предности, додека не научиме што сакаат инвеститорите, додека не го смениме нашето размислување, ќе чмаеме во овој маѓепсан круг на сиромаштија и само ќе сонуваме убаво, слушајќи ги лажните оптимистички најави од Агенцијата за инвестиции, но секое утро повторно ќе се будиме во сивилото на секојдневието.
22-11-2010, 02:21 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,114
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#71

Quote:Пишува Константин Леонов

понеделник, 22 ноември 2010 15:00

ОДБРАНА НА ГРУЕВСКИ, ОД ПРИНЦИП


Груевски многу добро знае дека за ова прашање мора да биде во дослух со народот и да не попушта. Тоа е, според мене, највисокиот принцип што тој го брани. Принципот на националното достоинство. Мое мислење е дека кога сите меѓународни фактори конечно ќе се соочат со нашата цврста решеност да се одбраниме, ама баш до крај, тогаш тие ќе попуштат, а Грците ќе попушат!


Си мислам, кога веќе деновиве овде бев незаслужено „обвинет“ дека сум бил бранител на Никола Груевски , па уште згора и хистеричен, зошто пак да не се потрудам да го оправдам тој епитет со тоа што еднаш вистински ќе го бранам Премиерот. Јас не сум член на ниедна партија, никогаш не бранам (ниту критикувам) партии или поединци, туку преку „третманот“ на неки поединци бранам принципи, дури и тогаш кога тоа не изгледа така на прв поглед. А и принуден сум овојпат.

Тоа, впрочем, би било добро за врамнотеженоста на уредувањето на „Котле“, а и гледам дека овде имаме еден од оние според мене најнедостојни категории критизери – оние што врескаат дури откако ќе бидат сменети од некоја функција. Се дотогаш молчеле како „онакво“ под кошула, ама откако добиле шут-карта, се претвораат во ѓоа-принципиелни критичари и бранители на демократијата, на човекови, кучешки и какви ли уште не права, да се живи и здрави.

Се потсетувам на оној апотекар ли беше што ли беше – Гацов од Фондот за здравство – кого, откако го сменија, СДСМ го прибра за една употреба како шутраче, го истопори на бината на еден од митинзите да изблуе жолч и лични фрустрации, а потоа го испратија да маршира за педерски права во „Маршот на толеранцијата“. (Патем, добро е што тоа се одржа без проблеми – Македонија толерира секакви).



Принцип бро 1: Помалото зло



Значи, бранејќи го Груевски овде и сега (но не и секогаш) – јас сакам да бранам принципи, бидејќи само тие ми се важни во политиката. Груевски има една голема несреќа и една голема среќа во своето владеење. Несреќата се состои во тоа што тој дојде во период кога на Македонците веќе им е смачено од се. Излажани, ограбени, осиромашени, понижени, негирани, тие не можат да се задоволат со долгорочни мерки за опоравување, ним им треба брзо и значително зголемување на животниот стандард.

Наспроти тоа, Груевски презема речиси исклучиво долгорочни економски мерки и реформи, без ефтини трикови, кои ќе дадат резултат дури по неколку години. Додуша, зголеми нешто од пензиите и платите на администрацијата, но тоа бргу беше изедено од порастот на цените, направи уште две-три социјални мерки – но тоа е далеку од доволно.

Неговата, пак, среќна ѕвезда е во тоа што наспроти себе нема вистински политички конкурент. СДСМ е партија без иднина и без дијалектика во себе. Со повторниот избор на Б.Ц. оваа групација од интерес си ги дозакопа шансите да се врати на власт во догледно време. Лажните анкети за некаков пораст на рејтингот се само измама наменета за нивното членство – да се солидаризира со Гробарот за и натаму да служат како пци-чувари на украдениот капитал.

За остатокот од опозиција не вреди ни да се трошат зборови. Тито Петковски, Јован МанасиЈевски, Шутрак-војводата Љубчо и Шутрак-херојот Љубе. Деновиве се испокараа и меѓу себе. Всушност, сите тие се далечински управувани од Бранко. И сите се за промена на името.

Како да не го браниш Груевски кога ги имаш овие наоколу? Кого да му спротивставиш? (НДМ на Јанко Бачев ветува една нова димензија, но допрва треба да видиме програма). Кого друг? Филип Петровски? Сега, Црвената буржоазија се обидува и со него како алтернативна десница. (Овој лажен штрајкувач со глад гнетеше сендвичи како луд во кабинетот на Доста во паузите од штрајкувањето -- тоа се сведоштва на други деца од шаторот). Тој и не свесен во каква игра влегува, а уште помалку како ќе излезе. Значи, секогаш се избира помалото зло, господа. Тоа е првиот принцип.



Принцип број 2: Ветено-остварено



Одиме понатаму. Ќе го бранам денеска Груевски затоа што тој го брани мојот идентитет. Го брани името. На изборите му беше даден мандат да го прави тоа и тој го исполнува тој мандат. Милиметарски точно знае до каде може да оди со попуштање. И не отстапува од тоа дека народот е тој што треба да одлучи ќе прави ли компромис со своето битисување или не. Референдум, молам, па ќе видиме, а и некои други ќе видат.

Какви ли се не притисоци направија и какви ли уште се ќе прават. Тој сега е изложен на напади од секаде, и заслужено и незаслужено. Главна цел: да попушти за името. Онојпат, кога одговарајќи му на оној Зоран Талер посредно им се обрати на разноразните кумови и кумашини од меѓународната заедница да не си го трошат времето со притисоци, уцени и закани, знаев дека е искрен во намерата да си одржи ветувањето до крај. Тоа е Принципот број 2 – одржување на ветувањата, господа.

Згора на тоа, на грчката фашистичка провокација во Обединетите нации со бришењето на нашиот јазик успеа да им одговори со завидна дипломатска акција и ефикасност. Ем јазикот да се врати, ем бан Ки Мун да се извини урби ет орби, ем Грците повторно да испаднат идиоти, бидејќи повторно ни направија маркетинг на отворена светска сцена. Тие се многу фрустрирани од неговата непопустливост. Фрлија многу пари на домашни предавници, веќе презрени од народот, а нема никаков ефект – само уште повеќе ни го дигаат...инаетот.



Принцип Број 3 – Отчетност



Деновиве особен мерак ми прави една платена реклама од Владата. Тоа е онаа листа со остварени проекти наречена Отчет пред народот. Видете, тоа е хит-серија. Никогаш Македонија немала водство кое направило толку многу проекти. Стотици и стотици, огромна листа од која актерот Бранко Ѓорчев фаќа пена на устата, читајќи ја. Сите тие проекти и реформи се со главно среднорочен и долгорочен ефект и допрва македонското општество ќе има полза од нив.

Проблемот е што медиумите се главно под контрола на Црвената буржоазија, па народот нема вистински увид во зафатот на реформите којшто е направен и којшто се прави. Но, како и да е, Груевски покажува почит кон гласачкото тело. Излегол со програма заради која е изгласан, поминаа четири години и повелете – еве што направивме од тоа што го ветивме. Факти. Вие решете сами. Тоа е Принципот број 3 – Отчетност.



Принцип број 6: „Фрлање лопати“



СДСМ, немајќи никаков одговор на ова, се обидува да исконструира некаква фама за „Фамилијата“, алудирајќи на некаква мафија предводена Груевски и неговиот братучед Станинов (Бог да го прости татко му, застана на страната на македонската независност кога најмногу требаше, знаејќи што ризикува – подготви Проглас за општонароден отпор против ЈНА кога беше најгусто...и се искупи за се -- затоа го убија). Се обидуваат да наметнат кампања за некави финансиски скандали за членови на Владата, но никако да видиме прифалив факт за тоа. Нема афери и скандали поврзани со државните раководители, господа. Уште еден принцип.

Го исмејуваат затоа што секој ден „фрлал лопати“. Абе, мене ми се чини дека ние малку сме забегале сите. Да критикуваш затоа што се гради...нездрава работа! Плус, како што одминува изградбата на проектот Скопје 2014, се повеќе се стекнува увид во убавината и големината на овој историски зафат кој ќе направи не само скопјани, туку и сите граѓани да се стекнат со самочувство и гордост поради припадноста кон Македонската нација. Се посраа партиски архитекти, квази-интелектуалци и политичари-простаци напаѓајќи го заради овој проект, затоа што повеќето од тие глупаци не го знаат вистинското значење на истиот во историски димензии. Некој, имено, многу сака Скопје и Македонија да личат на запуштена паланка. Принцип број 6, господа - Груевски гради!



Принцип број 7: Националното достоинство



Сега малку за ЕУ и НАТО. Видете, овој народ е далеку од тоа да биде глупав и блесав. Осиромашен е и ограбен, но знае кој го ограби и знае од прва да насети кој му мисли зло. Кога тој ист народ разноразните анкетари ќе го запрашаат дали сте за влез во ЕУ и НАТО, најмалку 80 насто одговараат не ДА туку ДАААААААА! Кога ќе го запрашаат, пак, дали сте за влез во ЕУ и НАТО со променето име, тој не одговара со НЕ туку со Е*ЕТЕ СЕ во исто толкав процент!

Политиката на оваа Влада во врска со евроинтеграциите, генерално го следи таквиот дух на народот. Направено е многу повеќе од порано. Направени се сите реформи уште одамна за земјата да биде оспособена за интегрирањето, тоа го признаваат и од ЕУ и од НАТО, ама фашизмот се уште не е изумрен, па една земја-членка ни става вето од налудничави, геноцидни побуди, а ЕУ и НАТО го толерираат тоа. Па ни доаѓаат и ни викаат: не е ништо тоа, една ситница само, бидете практични – самоубијте се. Сменете си го името. Останете без идентитет. Нека ве асимилираат за 20-30 години. И ние треба да молчиме?!

Тука нема попуштање, господа. Груевски многу добро знае дека од ова прашање зависи и неговиот, но уште поважно -- националниот опстанок. И не попушта. Тоа е, според мене, највисокиот принцип што тој го брани. Принципот на националното достоинство. Мое мислење е дека кога сите меѓународни фактори конечно ќе се соочат со нашата цврста решеност да се одбраниме, ама баш до крај -- тогаш тие ќе попуштат, а Грците ќе попушат! Тоа најмалку е изолационистичка политика, тоа е единствена можна национална политика во овој момент, ако сакаме да имаме национално достоинство. Доволно е толку.

Се разбира, ова се само добрите страни. Има и лоши. За тоа друг пат.



Принципот над принципите



Почитуван Шакале, по втор пат ме прозвавте во свој текст. Јас и натаму немам волја да полемизирам со Вас, од почит. Сепак, повеќе ја почитувам вистината, па нешто мора да се разјасни. Сте измешале многу лончиња во вашите констатации за мене и моите ставови. Нема да навлегувам во поединости, но ќе ве молам барем самиот на себе да си објасните како тоа бранејќи го Груевски сум го бранел Бранко?

Ви недостига малку логика овде, господин Шакале, како што Ви недостига и за тоа кој тоа, несвесно, и служи на Црвената буржоазија. Овде имате ист вид заблуда како и при тврдењето дека постигнувањето на македонската независност му одговарала на Милошевиќ. Бесмислено.

Како и да е, јас и покрај овој текст, не сум ничиј личен бранител, освен на принципите и на она што мислам дека е добро за мојот народ. И не е точно дека тврдам дека „сите ја мразат Македонија“. Напротив, сите ја сакаат.

Вие исто така сте помешале анти-империјализам со „анти-Американизам“, да Ве цитирам. Нема такво „анти“ кај мене, има само оправдани реакции на извесни потези на американската администрација, како што впрочем има во цел свет, и има принцип. Принципот на вистината. Тој вели дека најголем производител на „анти-Американизам“ денес е американската надворешна политика, која создава огромни маси непријатели. Добро е да им се укаже на тоа, мислам. Впрочем, најголемите критичари на американската политика доаѓаат од самата Америка, ако сакате ќе ви посочам безброј релевантни имиња на интелектуалци, политичари, автори...

Конечно, нагласувате дека како уредник имате право да правите измени во текстовите. Се извинувам, немате такво право, не во моите текстови. Може да одбиете да објавите, но да ми внесувата измени или да кратите, ќе ве молам да примете на знаење дека во тој случај ќе се разделиме. Кога се договарав да пишувам за „Котле“, имав само две барања: 1) да не ми се интервенира во текстовите и 2) јас да си ги одбирам темите. Досега можам само од срце да ви честитам на демократскиот потенцијал што го покажувате, толерирајќи различни, па и спротивни ставови. Тоа е принципот над принципите во овој систем. Демократијата. Затоа сме тука. Да сте живи и здрави и Вие и сите од Групацијата.

ИЗВОР
(This post was last modified: 22-11-2010, 06:05 PM by ЈорданПетровски.)
22-11-2010, 06:04 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,114
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#72

(22-11-2010, 06:04 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
Quote:Пишува Константин Леонов

понеделник, 22 ноември 2010 15:00

ОДБРАНА НА ГРУЕВСКИ, ОД ПРИНЦИП





Принцип бро 1: Помалото зло





Наспроти тоа, Груевски презема речиси исклучиво долгорочни економски мерки и реформи, без ефтини трикови, кои ќе дадат резултат дури по неколку години. Додуша, зголеми нешто од пензиите и платите на администрацијата, но тоа бргу беше изедено од порастот на цените, направи уште две-три социјални мерки – но тоа е далеку од доволно.

ИЗВОР



Грујова развојна и во Македонски интерес економска стратегија непостои. Во земјите на Г20 најголем судир на последниот самит беше окилу тоа што некои од членките ВЕШТАЧКИ ЈА ОБЕЗВРЕДНУВАА сопствената валута за да остварат поголем извоз. Во Грујовата економска политика денарот со години е преценет. Земја која не се бори за поголем извоз е осудена на економска пропаст-Грција, Португалија..
Кога денарот ке ја одразува реалната продуктивност на македонскиот работник/земјоделец а преку цената на нивната реална продуктивност ке се дојде до сите останати вреност. Колкава и колку платена администрација, образование од основно до високо, двојазичноста, барањето на права на колективитети тогаш ке зборуваме за успешноста на економското денес и економското утре ......
Досега НЕУСПЕШНОСТА се покриваше со дознаки од надвор и продавање на Телеком, ЕСМ, земјиште.... ама и тоа ке заврши .....
22-11-2010, 06:18 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#73

Константин Леонов Wrote:Значи, бранејќи го Груевски овде и сега (но не и секогаш) – јас сакам да бранам принципи, бидејќи само тие ми се важни во политиката. Груевски има една голема несреќа и една голема среќа во своето владеење. Несреќата се состои во тоа што тој дојде во период кога на Македонците веќе им е смачено од се. Излажани, ограбени, осиромашени, понижени, негирани, тие не можат да се задоволат со долгорочни мерки за опоравување, ним им треба брзо и значително зголемување на животниот стандард.

Ова за Груевски не беше никаква несреќа, напротив, тој во поинакви услови не ни ќе успееше да биде препознаен од народот како некој спасител, а не и да се наметне за таков. Тој успеа затоа што му појде од рака да врати малку надеж кај граѓаните. Такво нешто може да успее само во едно општество кое што одговара на горинот опис.


Константин Леонов Wrote:Наспроти тоа, Груевски презема речиси исклучиво долгорочни економски мерки и реформи, без ефтини трикови, кои ќе дадат резултат дури по неколку години. Додуша, зголеми нешто од пензиите и платите на администрацијата, но тоа бргу беше изедено од порастот на цените, направи уште две-три социјални мерки – но тоа е далеку од доволно.

Кога ќе нема гледливи резултати, политичарите секогаш ги туркаат тезите за долгорочни мерки, за чии резултати ќе треба ’долгорочно’ да се изначекаме.

Зголемувањето на платите и на пензиите не донесе резултати. Тоа беа само социјално-популистички мерки, исто како оние за бањање и возење на пензионери... Тоа е само трошење пари кон една целна група која што треба да врати со гласови. На нас ни се потребни мерки кои што ќе донесат развој. Во администрација не може вечно да запослуваме.

Константин Леонов Wrote:Неговата, пак, среќна ѕвезда е во тоа што наспроти себе нема вистински политички конкурент. СДСМ е партија без иднина и без дијалектика во себе. Со повторниот избор на Б.Ц. оваа групација од интерес си ги дозакопа шансите да се врати на власт во догледно време. Лажните анкети за некаков пораст на рејтингот се само измама наменета за нивното членство – да се солидаризира со Гробарот за и натаму да служат како пци-чувари на украдениот капитал.

Доколку некој само зборува за криминал, а не прави ништо за да го разреши и тој може да се смета за ’пци-чувар на украдениот капитал’. Милсам на Груевски... Ѕинго и Јорданов од кого се штитени? Тука од сите политичари барем Љубчо е искрен кога вели да се амнестираат тие пари и да се инвестираат во Македонија. Другите само не ’палат’ со некакво расчистување со криминалните приватизации и што ти знам, а всушност си ги финансираат партиите со тие пари.

Константин Леонов Wrote:За остатокот од опозиција не вреди ни да се трошат зборови. Тито Петковски, Јован МанасиЈевски, Шутрак-војводата Љубчо и Шутрак-херојот Љубе. Деновиве се испокараа и меѓу себе. Всушност, сите тие се далечински управувани од Бранко. И сите се за промена на името.

Како да не го браниш Груевски кога ги имаш овие наоколу? Кого да му спротивставиш? (НДМ на Јанко Бачев ветува една нова димензија, но допрва треба да видиме програма). Кого друг? Филип Петровски? Сега, Црвената буржоазија се обидува и со него како алтернативна десница. (Овој лажен штрајкувач со глад гнетеше сендвичи како луд во кабинетот на Доста во паузите од штрајкувањето -- тоа се сведоштва на други деца од шаторот). Тој и не свесен во каква игра влегува, а уште помалку како ќе излезе. Значи, секогаш се избира помалото зло, господа. Тоа е првиот принцип.

Зарем не треба сите да се потрудиме да ’излезе’ нешто подобро? Додека имаме свест за да се задоволуваме со ништо и ’помало-поголемо зло’ нема ни да имаме подобри политичари.

Константин Леонов Wrote:Одиме понатаму. Ќе го бранам денеска Груевски затоа што тој го брани мојот идентитет. Го брани името. На изборите му беше даден мандат да го прави тоа и тој го исполнува тој мандат. Милиметарски точно знае до каде може да оди со попуштање. И не отстапува од тоа дека народот е тој што треба да одлучи ќе прави ли компромис со своето битисување или не. Референдум, молам, па ќе видиме, а и некои други ќе видат.

Прашањето за идентитет е многу големо и чуствително, а со тоа и крајно подложно на манипулации.

Ако компромис со Грција, оди на штета на идентитетот, тогаш не го разбирам тоа милиметарско попуштање. Во тој случај ќе добиеме милиметарско менување на идентитетот... Icon_razz

Околу дваесет години слушам тврдења дека Бранко и Глигоров го продале/смениле името, а изминатиов период дојдов до неверојанто сознание дека ние всушност не сме направиле претходно никаков компромис на наша штета и дека треба да остане ваква состојбата за да го заштитиме името!? Кое што веќе нели го сменивме?!

И доколку изјаснување за компромис, значи и промена на идентитет, како смееме такво прашање да ставиме на референдум и да бараме луѓето да се изјаснуваат за својот идентитет. Зарем тоа не е проблематизирање на идентитетот? Сигурен сум дека ниту еден друг народ нема да дозволи да се доведе во таква трагикомична ситуација, која што ние со срце ја посакуваме.

Тоа доста ми личи на оние барања другите држави да се изјаснат за нашиот идентитет, па ние потоа да воспоставиме ’добри’ односи со нив. Поголемо задоволство на некој кој што сака да ти го проблематизира идентитетот тешко дека ќе му дадеш.

Ова со референдумот е само продолжување на тоа погубно размислување и делување.


Константин Леонов Wrote:СДСМ, немајќи никаков одговор на ова, се обидува да исконструира некаква фама за „Фамилијата“, алудирајќи на некаква мафија предводена Груевски и неговиот братучед Станинов (Бог да го прости татко му, застана на страната на македонската независност кога најмногу требаше, знаејќи што ризикува – подготви Проглас за општонароден отпор против ЈНА кога беше најгусто...и се искупи за се -- затоа го убија). Се обидуваат да наметнат кампања за некави финансиски скандали за членови на Владата, но никако да видиме прифалив факт за тоа. Нема афери и скандали поврзани со државните раководители, господа. Уште еден принцип.


Владее една фамилија, во рацете на таа фамилија е премиерското место, финансиите, тајната полиција, царината... Што ти се вели спосебно семејство. Многу моќ е во нивни раце не може а да не предизвикува контроверзи.

А аргументите за криминал најчесто излегуваат кога ќе се промен и власта, да прочекаме прво...

Константин Леонов Wrote:Го исмејуваат затоа што секој ден „фрлал лопати“. Абе, мене ми се чини дека ние малку сме забегале сите. Да критикуваш затоа што се гради...нездрава работа! Плус, како што одминува изградбата на проектот Скопје 2014, се повеќе се стекнува увид во убавината и големината на овој историски зафат кој ќе направи не само скопјани, туку и сите граѓани да се стекнат со самочувство и гордост поради припадноста кон Македонската нација. Се посраа партиски архитекти, квази-интелектуалци и политичари-простаци напаѓајќи го заради овој проект, затоа што повеќето од тие глупаци не го знаат вистинското значење на истиот во историски димензии. Некој, имено, многу сака Скопје и Македонија да личат на запуштена паланка. Принцип број 6, господа - Груевски гради!

Мене само ми е страв да не добијат со Миле Јанакиевски воспалување на мускилите од толку фрлени лопати, па потоа да не можат да потпишат некое тендерче. Не би било добро да трпи преродбата поради такви работи... Icon_razz

Се трошат пари собрани од народот преку казни и даноци. Можеби подобро ќе беше парите да ги оставеа кај граѓаните, па тие да си одлучија што им е потребно.

Не ми е јасно како тоа ќе почуствуваме ’гордост поради припадност кон македонската нација’ со Триумфалната капија и со Официрскиот дом, па ниту со Александар Македонски. Ако од тоа ни зависи гордоста и припадноста навистина сме во лоша состојба.

Не ми се повторуваат исти фрази, но имаме пример во соседството (Србија), каде обидот за национална гордост, заврши како национален пораз и катастрофа.

Да се работи и за најискрена намера (во што се сомневам) не значи дека мора да даде позитивни резултати.



Константин Леонов Wrote:Сега малку за ЕУ и НАТО. Видете, овој народ е далеку од тоа да биде глупав и блесав. Осиромашен е и ограбен, но знае кој го ограби и знае од прва да насети кој му мисли зло. Кога тој ист народ разноразните анкетари ќе го запрашаат дали сте за влез во ЕУ и НАТО, најмалку 80 насто одговараат не ДА туку ДАААААААА! Кога ќе го запрашаат, пак, дали сте за влез во ЕУ и НАТО со променето име, тој не одговара со НЕ туку со Е*ЕТЕ СЕ во исто толкав процент!

Политиката на оваа Влада во врска со евроинтеграциите, генерално го следи таквиот дух на народот. Направено е многу повеќе од порано. Направени се сите реформи уште одамна за земјата да биде оспособена за интегрирањето, тоа го признаваат и од ЕУ и од НАТО, ама фашизмот се уште не е изумрен, па една земја-членка ни става вето од налудничави, геноцидни побуди, а ЕУ и НАТО го толерираат тоа. Па ни доаѓаат и ни викаат: не е ништо тоа, една ситница само, бидете практични – самоубијте се. Сменете си го името. Останете без идентитет. Нека ве асимилираат за 20-30 години. И ние треба да молчиме?!

Доколку Грција сака да не држи подалеку од ЕУ и НАТО, мора да им се признае дека се успешни. А, патем успеваат и постојано со разни провокации да ни го проблематизираат идентитетот.

Ако се во право најизвиканите медиумски патриоти, дека не влегувањето во ЕУ и НАТО е добро за Македонија, тогаш всушност излегува дека Грција работи во наша корист. Icon_razz

Приказните дека ќе се асимилираме за 20-30 години само се штетни за нас и доказ за тезите со кои јас не се сложувам, а кои велат дека имаме неиздефиниран и далеку од стабилен идентиет.



Константин Леонов Wrote:Конечно, нагласувате дека како уредник имате право да правите измени во текстовите. Се извинувам, немате такво право, не во моите текстови. Може да одбиете да објавите, но да ми внесувата измени или да кратите, ќе ве молам да примете на знаење дека во тој случај ќе се разделиме. Кога се договарав да пишувам за „Котле“, имав само две барања: 1) да не ми се интервенира во текстовите и 2) јас да си ги одбирам темите. Досега можам само од срце да ви честитам на демократскиот потенцијал што го покажувате, толерирајќи различни, па и спротивни ставови. Тоа е принципот над принципите во овој систем. Демократијата. Затоа сме тука. Да сте живи и здрави и Вие и сите од Групацијата.

Мислам дека Шакале потенцираше дека таквото право не се користи и не се менува содржината на текстовите.

Мене ми се допаѓа тоа што има различни ставови. Тоа е придобивка и нема потреба да има промени во однос на тоа.

Ставовите се различни, но се со искрена желба да се дојде до најдоброто за Македонија.

22-11-2010, 10:29 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,114
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#74

[Image: 2vdda9l]


Сплавот на "спасот" на кој ни го нуди ГРУЈО.
25-11-2010, 03:47 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#75

(25-11-2010, 03:47 AM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: [Image: 2vdda9l]


Сплавот на "спасот" на кој ни го нуди ГРУЈО.

Не ни го само нуди...туку и својски работи на тоа.Shok Нема, нема ...па ке направи некој тест, да види дали, сеуште, чувствува и мрда МакедончетоIcon_lol
25-11-2010, 02:54 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#76

Quote:ШУТРАК ВОЈВОДА ТОЧКА ДВА
(Груевски е веќе гледан филм)

"Секој има право на негово мислење, но не и на свои факти" (Даниел Патрик Мојнихан)

Честитки до Коста Леонов за неговата последна колумна. Морам да кажам дека како човек кој е верник во отворената дебата и цивилизираната полемика, сум ставен во позиција на завидлук. Додека јас, Јордан, Владо, Бачев, Цветанов и отанатите, од сите наши писанија, а особено од моите "будалаштини", не успеавме да повлечаме ништо повеќе од по некој позитивен кометар, овде или онде, oна што Коста успеа да го испровоцира со неговата "Одбрана на Греувски, од принцип" е досега невидено - барем на нашите страници. Еве дел од коментарите кои ги најдов низ интеренетот:
Quote: - Ова за Груевски не беше никаква несреќа, напротив, тој во поинакви услови не ни ќе успееше да биде препознаен од народот како некој спасител, а не и да се наметне за таков. Тој успеа затоа што му појде од рака да врати малку надеж кај граѓаните. Такво нешто може да успее само во едно општество кое што одговара на горинот опис.
Кога ќе нема гледливи резултати, политичарите секогаш ги туркаат тезите за долгорочни мерки, за чии резултати ќе треба ’долгорочно’ да се изначекаме.
- Зголемувањето на платите и на пензиите не донесе резултати. Тоа беа само социјално-популистички мерки, исто како оние за бањање и возење на пензионери... Тоа е само трошење пари кон една целна група која што треба да врати со гласови. На нас ни се потребни мерки кои што ќе донесат развој. Во администрација не може вечно да запослуваме.
- Доколку некој само зборува за криминал, а не прави ништо за да го разреши и тој може да се смета за ’пци-чувар на украдениот капитал’. Милсам на Груевски... Ѕинго и Јорданов од кого се штитени? Тука од сите политичари барем Љубчо е искрен кога вели да се амнестираат тие пари и да се инвестираат во Македонија. Другите само не ’палат’ со некакво расчистување со криминалните приватизации и што ти знам, а всушност си ги финансираат партиите со тие пари.
- Зарем не треба сите да се потрудиме да ’излезе’ нешто подобро? Додека имаме свест за да се задоволуваме со ништо и ’помало-поголемо зло’ нема ни да имаме подобри политичари.
- Прашањето за идентитет е многу големо и чуствително, а со тоа и крајно подложно на манипулации.
Ако компромис со Грција, оди на штета на идентитетот, тогаш не го разбирам тоа милиметарско попуштање. Во тој случај ќе добиеме милиметарско менување на идентитетот...
Околу дваесет години слушам тврдења дека Бранко и Глигоров го продале/смениле името, а изминатиов период дојдов до неверојанто сознание дека ние всушност не сме направиле претходно никаков компромис на наша штета и дека треба да остане ваква состојбата за да го заштитиме името!? Кое што веќе нели го сменивме?!
И доколку изјаснување за компромис, значи и промена на идентитет, како смееме такво прашање да ставиме на референдум и да бараме луѓето да се изјаснуваат за својот идентитет. Зарем тоа не е проблематизирање на идентитетот? Сигурен сум дека ниту еден друг народ нема да дозволи да се доведе во таква трагикомична ситуација, која што ние со срце ја посакуваме.
Тоа доста ми личи на оние барања другите држави да се изјаснат за нашиот идентитет, па ние потоа да воспоставиме ’добри’ односи со нив. Поголемо задоволство на некој кој што сака да ти го проблематизира идентитетот тешко дека ќе му дадеш.
Ова со референдумот е само продолжување на тоа погубно размислување и делување.
- Владее една фамилија, во рацете на таа фамилија е премиерското место, финансиите, тајната полиција, царината... Што ти се вели спосебно семејство. Многу моќ е во нивни раце не може а да не предизвикува контроверзи.
А аргументите за криминал најчесто излегуваат кога ќе се промен и власта, да прочекаме прво...
- Мене само ми е страв да не добијат со Миле Јанакиевски воспалување на мускилите од толку фрлени лопати, па потоа да не можат да потпишат некое тендерче. Не би било добро да трпи преродбата поради такви работи...
Се трошат пари собрани од народот преку казни и даноци. Можеби подобро ќе беше парите да ги оставеа кај граѓаните, па тие да си одлучија што им е потребно.
Не ми е јасно како тоа ќе почуствуваме ’гордост поради припадност кон македонската нација’ со Триумфалната капија и со Официрскиот дом, па ниту со Александар Македонски. Ако од тоа ни зависи гордоста и припадноста навистина сме во лоша состојба.
Не ми се повторуваат исти фрази, но имаме пример во соседството (Србија), каде обидот за национална гордост, заврши како национален пораз и катастрофа.
Да се работи и за најискрена намера (во што се сомневам) не значи дека мора да даде позитивни резултати.
- Доколку Грција сака да не држи подалеку од ЕУ и НАТО, мора да им се признае дека се успешни. А, патем успеваат и постојано со разни провокации да ни го проблематизираат идентитетот.
Ако се во право најизвиканите медиумски патриоти, дека не влегувањето во ЕУ и НАТО е добро за Македонија, тогаш всушност излегува дека Грција работи во наша корист.
Приказните дека ќе се асимилираме за 20-30 години само се штетни за нас и доказ за тезите со кои јас не се сложувам, а кои велат дека имаме неиздефиниран и далеку од стабилен идентиет.
- Мислам дека Шакале потенцираше дека таквото право не се користи и не се менува содржината на текстовите.
Мене ми се допаѓа тоа што има различни ставови. Тоа е придобивка и нема потреба да има промени во однос на тоа.
Ставовите се различни, но се со искрена желба да се дојде до најдоброто за Македонија.(acko)


Quote: Грујова развојна и во Македонски интерес економска стратегија не постои. Во земјите на Г20 најголем судир на последниот самит беше околу тоа што некои од членките ВЕШТАЧКИ ЈА ОБЕЗВРЕДНУВАА сопствената валута за да остварат поголем извоз. Во Грујовата економска политика денарот со години е преценет. Земја која не се бори за поголем извоз е осудена на економска пропаст-Грција, Португалија...
Кога денарот ќе ја одразува реалната продуктивност на македонскиот работник/земјоделец, тогаш преку цената на нивната реална продуктивност ќе се дојде до сите останати вреност. Колкава и колку платена администрација, образование од основно до високо, двојазичноста, барањето на права на колективитети тогаш ќе зборуваме за успешноста на економското денес и економското утре ......
Досега НЕУСПЕШНОСТА се покриваше со дознаки од надвор и продавање на Телеком, ЕСМ, земјиште.... ама и тоа ќе заврши...(Јордан Петровски)

Quote: супер колумна, (Благојче Баки Кривевски)

Quote: Ќе повторам дека за сега немаме подобар играч од ГРУЕВСКИ.... во овој момент ние не бираме МИСТЕР (убавец) на МАКЕДОНИЈА... туку личност која што ќе ја сопре дезинтеграцијата на државата. Лично очекував многу повеќе од оваа влада. Точно е дека се започнати многу проекти кои што со душа чекам да се остварат... Скопје 2014; новите автобуси; жичарата на Водно итн.
Има и други проекти кои што за жал се чепнати површно или се саботирани... а можеа со помалку пари да бидат реализирани во целост. Не е се само во парите. (r. todor)

Quote: Прекрасна стратегија е, нема што... и тоа како долгорочна. 700 000 000 евра нови задолжувања. После пак само ќе псуеме и ќе псуеме, а не сме способни да видиме што ни се случува пред очи. Истото беше и во бивша Југославија, па после сите ни беа виновни, освен ние самите. Што е толку стратешко што направи Грујо? Коридорот 10? Тоа не е во интерес на западот. Да не би стратешки да го изгради коридорот 8?
Само еден стратешки интерес ќе дадам како пример:
И до ден денес сме апсолутно зависни од едно пристаниште, кое се разбира е во Солун. Плус Грујо ја среди магистралата на оската север-југ. Исто така се поздразбира дека од таа оска 100 години бел ден не сме виделе, камоли пари. Ние по логиката на оската север-југ треба постојано да се возхитуваме на Срби и Грци како добро живеат.
Паралелно на тоа со Коридорот 8 ни се отвораат 4 нови пристаниста: Буграс, Варна, Драч и Валона. Значи нема да бидеме повеќе уценувани од таа оска север-југ, туку ќе имаме стратешки избор, кој ќе се движи онака како сто налагаат македонските интереси. Преку коридорот 8, во најмала рака имаме 60 милионска Италија, која ќе биде скоро поврзана подводно со Албанија, плус земјите од Црноморскиот базен, кај што наши стоки може лесно да пробијат...
Има усте толку многу причини за анти-македонската политика на ДПМНЕ (да не кажам про-српско-грчка). Под името на антиквизацијата се кријат стратешките економски интереси на Белград и Атина, не на Скопје. (Дејан Бошковски)

Quote: Бидејќи Леонов вели дека Грујовиќ и веселата дружина спровеле "исклучиво долгорочни економски мерки и реформи", треба да ни објасни: Што стори Владата на Груевски за долгорочно да го реформира и поправи расипаното судство? Кој ќе инвестира во Македонија кога таа е Рај за криминалци и шпекуланти (па и педофили - Ахмети)? Без правна држава нема еднаквост за сите. (Душан Петровски)

Коста, зборуваш за исклучиво "долгорочни мерки" кои наводно ги превзема Владата, но освен Спортските сали за кои Југовиќ фрла лопати и скапите споменици кои, можеби ќе истраат подолго од неговиот мандат, не можам да се согласам дека ги гледам истите работи. Спортските сали, иако имаат свој незимерливо позитивен придонес кон развојот на нашата младина, сепак, не се претпријатија од никаков вид, кои самите себе си ќе се исплатат. Истото важи и за спомениците. Тука, приоритетите се претумбани.

Ќе се послужам со една случка, преку која ќе се обидам да докажам дека Груевски нема долгорочни планови за македонската економија.

Кога, во летото 2009 година, Груевски беше на официјалната посета на Канада, која патем, му беше обезбедена од нас, ние понудивме агенда која се сочинуваше од посети на неколку оранжерии и прозведувачи на опрема за оранжерии, преку кои се надевавме дека ќе го заитересираме Премиерот да размисли да спроведе слични решенија и во Татковината. Идејата ни беше, секако, дека за било каков успех на државен план, државата мора да се обезбеди со храна, притоа, би се намалила зависноста од странски производи, а би се зголемил производствениот капацитет на Македонија, а истовремено би се вработило и дел населението кое е без приход.

Следна точка требаше да бидат винарии преку кои Груевски и делегацијата би можеле да се обидат да обезбедат пласман за македонското вино - кое патем, заслужува да е во врвните пет на светот. Бидејќи стануваше збор за владина делегација од нависок ранг, стопанствениците со кои стапивме во контакт беа подготвени да разговараат сериозно. За претстава, една средна Северноамериканска винарија има капацитет да го пласира скоро сиот производ на Македонија.

За крај, беше планирана средба со фирма од Онтарио која работи во областа на енерегетиката. Конкретно, ова претпријатие продава опрема за прозводство на електрична енергија употребувајќи ѓубре. Идејата беше, да се реши македонското ѓубре, како и европското, притоа заработувајќи од отпадните наплати, а воедно стварајќи и електрична енергија за џабе.

Нашиов Магистар по економски науки, големиот брокер, наместо оваа агенда се одлучи на спиење до пладне, продавање зјала по Нијагарините Водопади и вечери со македонските иселеници, на кои секако уживаше во лигавењето на дежурните полтрони.

Значи, Баткава имаше прилика да преговара, над тоа, самиот тој да договори странски инвестиции, за кои државата гори десетици милиони евра годнишно, наводно бркајќи ги, но кога дојде пресудниот час...

Кога сме веќе кај странските инвестиции, ќе го поставам и прашањето: Како сериозно се очекуваат странски инвестиции во една држава каде што не владее правото? Или е Груевски по-наивен од пет годишно дете, или тој е тотален лажго. Какви будали очекува "Јуѓе" да му инвестраат милиони и милијарди долари од нивните заработени пари во држава каде што не постојат гаранции од правната држава? Можеби за него како се трошат парите е сеедно, оти троши незаработени пари... Тука се надоврзува и Лустрацијата која е неспроведлива наводно заради судството кое наводно било под влијание на СДСМ. На секој повик да се реформира судството, изговорите одат: "Па, овие од СДСМ ќе не клеветат кај странците!"

Како тоа желбите на СДСМ не се проблем за да се спроведе проектот "Скопје 2014", со се' сиот раскош на Дом Официра, или пак не се важни желбите на "странците" кон прашањето со името - но, кога е во прашање реформата на судството, тогаш СДСМ и странците се "алфа и омега".

И тука доаѓаме до главниот проблем кој јас, а и целата македонска нација го има со Груевски. Тука на широко се гледаат кратките нозе на лагите на Грујо и семејството. Неговата незаинтересираност да се спроведе вистинска Лустрација, пришто секој кој носел одлуки против интересите на македонскиот нардот и држава ќе бидат отстранети од општеството, како што еднаш за секогаш би се решиле со гнидите како Фрчолина, Аврамовски, Ахмети, Соросоидите, Андов, Ризаов, Колемишевски, Ѕинго, Љуба, Латас, Керим, Мирка, Доста и сите останати; неговата незаинтересираност за спроведување на едниственото решение за спорот со името, пришто, пред лицето на правдата би се извеле главните виновници - Бранко Црвенковски, Киро Глигоров, Денко Малески и останататие; неговата незаинтересираност да се справи со криминалците и олигарсите - напротив тој е во кревет со Ѕинго, Стојменов и така натаму - тука се крие одговорот на твојата дилема "...но ќе ве молам барем самиот на себе да си објасните како тоа бранејќи го Груевски сум го бранел Бранко?" .

Коста aко според тебе полемика е квалификувањето на студии, поддржани со факти, цитати и врзувањето на контекстуални настани, како "будалаштини" и слични термини, само заради фактот што содржината не ти се допаѓа, т.е. не се совпаѓа со твоите гледишта на светот тогаш, би ти препорачал да се преиспиташ себе си дали си подготвен да се кренеш на нивото на очигледниот интелект кој Господ ти го подарил. Полемиката се води од почит, а напротив, не се избегнува од почит. Јас на тебе гледам со почит, иако понекогаш останувам разочаран од твојот избор на "понискиот пат".

За крај, Коста, ќе те прашам како стар борец за Македонија - нешто што очигледно ни е заедничко. Дали оваа Македонија е она за што се боревме. Јас не се борев за да ВМРОвска Влада се потсмева со нашите дисидентски голготи, а кога им гори под нозете да ги молат истите тие имеани дисиденти да им организираат средби со светските челници. Јас не се борев за држава каде еден Константин Леонов ќе пишува за вебсајт на тие исмеани дисиденти, додека ѕвездите на Мирка и Латас блескаат посјајно од било кога.

Во име на Групацијата на Ветерани Дисиденти

Шакале
(This post was last modified: 25-11-2010, 02:58 PM by Solenik.)
25-11-2010, 02:56 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,114
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#77

Груевски гост на Б92




http://www.b92.net/video/videos.php?nav_..._id=477306


Коментаторката е интерена. Стил, реторика ала Борјан, Секуловска....ИСТО ШКОЛО
07-12-2010, 12:27 AM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12
#78

Ај ај ај ај...Гледам тука две спротиставени страни-Јордан Црни кој ми се чини добро и реално ги познава работите во дпмне, и на другата страна куп полтрони произведени од машинеријата на новопеченото "реформирано" србизирано искомуњаризирано ВМРО. Е на овие полтрони е тешко да им се докаже дека всушност нивниот лидер е србо-руски производ со античко-македонско потекло Icon_razz Поточно, скоро невозможно да се докаже. Но нека се истрчуваат дур не излезе вистината на виделина (не дека сега не е излезена, ама ретко кој ја гледа од разно-разни причини). Штом стигна еден Драган Павловиќ-Латас да биде гласноговорник на оваа влада, се гледа и од авион дека оваа влада е 102,2 инсталирана из Београда. Но Лаки не е едина причина која тоа го докажува, туку има и ред други работи...Еве некој нека каже зошто на пример во највисокото раководство на партијата веќе нема да видите ниту еден од старите заслужни членови на партијата, туку се некако гледаме некои нови дечки кои апсолутно немале допирна точка со ДПМНЕ во минатото? А да, па тоа се момци или од СДСМ или од Циле jugend Icon_razz Прашањето до античките Македонци е, зошто е тоа така...?
07-12-2010, 02:26 AM
Reply
Marko_Polog Offline
Member
***

Posts: 86
Joined: Jan 2010
Reputation: 6
#79

(09-11-2010, 01:59 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
Quote:СКОПСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК СПРЕМА ПОДАРОК ЗА СРПСКАТА ФОЛК ЅВЕЗДА

Коце ја сака Карлеуша

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски изразил желба да се сретне со српската фолк ѕвезда Јелена Карлеуша и да и подари сувенир од Град Скопје, пред нејзиниот концерт кој ќе се одржи на 20 номеври во Арената "Борис Трајковски".
[Image: D7F1AB64724E3F4B8D2003DDF69DB705.jpg]
Од "Јованов рекордс", кои заедно со "ВИП продукција" го организираат концертот, ни рекоа дека шефицата на кабинетот на Трајановски два пати им се јавила за да договорат средба на градоначалникот со Јелена.
" Ни се јави шефицата на кабинетот на Трајановски, и ни рече дека тој ја слуша Карлеуша, и сака да се сретне со неа во кабинетот. Со оглед на тоа дека фолк ѕвездата за прв пат доаѓа во Скопје во текот на 15 годишната кариера, Трајановски како добар домаќин сака да помуабети со неа, и да и подари сувенир од Градот. Сè уште не сме ги договориле деталите, но сигурни сме дека ЈК ќе му биде гостинка на Градоначалникот ", ни рекоа од "Јованов рекордс".
Трајановски, на прашањето дали ќе се сретне со Карлеуша, прво се насмевна, и како да се срамеше да одговори. Потоа рече дека не е сигурен во тоа.
" Сè уште не знам дали ќе се видиме", ни рече градоначалникот низ насмевка. На прашањето дали ја слуша музиката на фолк пејачката, тој одговори: "Понекогаш, кога имам време ја слушам", и потврди дека пејачката му се допаѓа, и размислува да оди на концертот.
Јелена Карлеуша на скопскиот концерт доаѓа со два шлепери опрема, и дваесет носачи. Од нејзината продуцентска куќа "Емоушн" во Скопје ќе ја донесат целата сценографија од концертот во Белградската Арена, кој се одржа во мај. Сè уште се разгледуваат техничките можности во скопската спортска сала, и ако е изводливо, Карлеуша би требало да виси врзана на јаже над публиката. Гости на концертот се Тијана Дапчевиќ и Елвир Мекиќ.
Од пред еден месец, контраверзната пејачката пишува колумни во српскиот дневен весник "Курир". Во нив, отворено ги критикува српските политичари, сопругот Душко Тошиќ го нарекува "сељачина", и го подржува хомосексуалците.
(М.Џ.-А.А.)

***

Карлеуша против Цеца

Само шест дена по Карлеуша, во истата сала во Скопје концерт ќе одржи Цеца Ражњатовиќ, која се смета за нејзин најголем ривал. На балканската јавност и познато дека двете пејачки приватно не се поднесуваат, иако и по имиџот и по стилот на музика се различни. Според српските весници и таблоиди, Карлеуша прва ја започна војната, откако ја обвини Цеца дека е вмешана во убиството на нејзиниот поранешен свршеник Зоран Давидовиќ- Чанда, кој немал досие во српската полиција, но бил познат како дел од белградското подземје. Давидовиќ е застрелан во 2005 година во неговиот автомобил, на автопатот Белград- Загреб.
- Цеца е супер пејачка, но за џабе тоа пеење, концертите, хитовите, кога зад тоа стои темница. Цеца и нејзиниот покоен сопруг беа во кумовски односи со луѓето кои го убија мојот свршеник", изјави Карлеуша пред две години, веднаш по осумгодишниот помен за Жељко Ражњатовиќ- Аркан, покојниот сопруг на Цеца.
За разлика од ЈК, Цеца е повнимателна во изјавите за ривалката и избегнува да одговара на новинарските прашања за нивната војна. Затоа, Цеца во одбрана ја ставија фолк колешките Мира Шкориќ и Дара Бубамара. И двете, испровоцирани од отворените изјави на Карлеуша против Цеца, почнаа да ја критикуваат ЈК, па војната помеѓу пејачките се прошири.
(М.Џ.)

Текстот е прочитан 1784 пати.

Da se otvori vo Makedonija eden 'striptiz' klub barem da se vrabotat ovie kukli na vistinsko mesto...za muzika ne gi biva Sekskes
07-12-2010, 06:50 AM
Reply
Администратор Offline
Administrator
*******

Posts: 716
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#80

(07-12-2010, 02:26 AM)Nikola Wrote: Ај ај ај ај...Гледам тука две спротиставени страни-Јордан Црни кој ми се чини добро и реално ги познава работите во дпмне, и на другата страна куп полтрони произведени од машинеријата на новопеченото "реформирано" србизирано искомуњаризирано ВМРО. Е на овие полтрони е тешко да им се докаже дека всушност нивниот лидер е србо-руски производ со античко-македонско потекло Icon_razz Поточно, скоро невозможно да се докаже. Но нека се истрчуваат дур не излезе вистината на виделина (не дека сега не е излезена, ама ретко кој ја гледа од разно-разни причини). Штом стигна еден Драган Павловиќ-Латас да биде гласноговорник на оваа влада, се гледа и од авион дека оваа влада е 102,2 инсталирана из Београда. Но Лаки не е едина причина која тоа го докажува, туку има и ред други работи...Еве некој нека каже зошто на пример во највисокото раководство на партијата веќе нема да видите ниту еден од старите заслужни членови на партијата, туку се некако гледаме некои нови дечки кои апсолутно немале допирна точка со ДПМНЕ во минатото? А да, па тоа се момци или од СДСМ или од Циле jugend Icon_razz Прашањето до античките Македонци е, зошто е тоа така...?



Of-topic
Nikola да ти пожелам добредојде на форумов од екипата на Котле.
07-12-2010, 08:06 AM
Reply