Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 6 Vote(s) - 2.33 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
НИКОЛА ГРУЕВСКИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#41

(21-07-2010, 12:26 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
Quote:Груевски води лицемерна политика против криминалот

Откако директорот на Управата за спречување на перењето пари јавно поднесе оставка, Владата го разреши и на негово место го постави Владимир Атанасов, вработен во Управата

[Image: vane1%5B1%5D.jpg]

Давам оставка поради вашата лицемерна политика и незаинтересираност за борба против вистинскиот криминал - ова се зборовите со кои Ване Цветанов, директор на Управата за спречување на перењето пари, вчера поднесе оставка до премиерот Никола Груевски. По неговото отворено писмо до премиерот, Владата го разреши од функцијата. На негово место го постави Владимир Атанасов, вработен во Управата.

Цветанов вели дека причина да си оди од функцијата не е препораката на антикорупциската комисија поради пропусти при вработувањата во Управата, туку многу посериозни состојби во битката против криминалот.

Пред да ја напише оставката, на Цветанов му било понудено мирно да си замине, а Владата од септември ќе му најде нова функција. Оваа порака од премиерот му ја пренел пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, еден од помладите по години, по минатонеделната седница на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

- Господине Груевски, во партијата влегов неколку години пред вас, но не влегов за функција, ниту имам намера да се пазарам за функции. Во партијата влегов со искрени и чесни намери. На функцијата стапив да се борам против вистинскиот криминал, кој ги задушува стопанството и народот, но веројатно стапнав на многу патишта, па ме снајде состојбава - пишува во оставката.

Цветанов наведува дека кога во 2006 година станал директор верувал во одлучноста на Владата и на премиерот за цврста и бескомпромисна борба против криминалот. Сега им се извинува на пријателите, познаниците и роднините што ги донел во заблуда да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ.

- Откако резултатите од работата на Управата излегоа на виделина, од случаите беа засегнати многу моќни структури, групи и интереси. Проблемите почнаа минатото лето, кога до полицијата беа доставени купишта случаи - вели Цветанов.

Тогаш, според него, 20 обучени лица биле избркани на улица со образложение дека нема пари во буџетот. Наеднаш престанала и комуникацијата со премиерот. Владата му забранила да се појавува во медиуми.

- И покрај многуте обиди и барања за средба со вас за да ве информирам за алармантните состојби, не најдовте пет минути да ме примите, а имавте време секојдневно да сечете ленти и да фрлате лопати - пишува во оставката.

По јавното обраќање на Цветанов, Владата на вчерашната седница го разреши и им порача на граѓаните дека доследно ќе ги почитува прописите и бескомпромисно ќе се бори против прекршувањето на законите, криминалот и корупцијата.

Вчерашното писмо е вторпат за два месеци како Цветанов посочува дека за криминал и мафијашки структури што сакаат да го сменат поради случаите што ги открива Управата за спречување на перењето пари.

Автор: Сунчица Стојановска Зоксимовска


Многу бргу ке видиме дали е оставката нарачка или одлука на Цветанов. !!!!


Овој текст на Јанко Бачев кој е објавен на 09.07.2010 година а кој зборува за една наизглед ситна работа, ја потврдува вистинитоста на изјавите на Цветанов. Партијата на власт ги крши законите. Опзицијата која треба да биде контролор на власта исто така.

Бранко ке го апсел Грујо кога ке дошол на власт!!!! ке биде исто како што Грујо го уапси Бранко за овие четири години...


[Image: efrxft.jpg]
22-07-2010, 02:59 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#42

Quote:Груевски: Се што кажува Ване Цветанов е неточно
Гоце Михајлоски Коментари (0)


22.07.2010 15:59
Никола Груевски


Се што кажува Ване Цветанов е неточно, се огласи денеска премиерот Груевски кој од поранешниот директор на управата за спречување на перење пари беше обвинет за лицемерна политика, која го штити вистинскиот криминал во државата.

Според Груевски, Цветанов го нападнал бидејќи не можел достоинствено да ја прими одлуката за негово разрешување.

„Ниту сме, ниту планираме во иднина да прикриваме било каков криминал, се работи за гнев на еден човек кој што е разрешен од функција, јас тоа можам да го разберам, но не можам да го оправдам“, изјави Никола Груевски.

Груевски децидно тврди дека единствена причина за смената на Цветанов се наводите на антикорупциска, која констатираше дека тој незаконски купувал мебел и вработил 29 лица во управата, меѓу кои и новиот директор Атанасовски.

Премиерот се согласува со забелешките дека со едвај 26 години, тој тешко ќе одговори на предизвиците.

„Секој има право на свој коментар, личноста што сега е поставена, е поставена за вршител на должност, дали ќе добие трајно мандат ќе се оцени во месец септември“, вели Никола Груевски.

Ване Цветанов си даде оставка на функција пред 2 дена, само неколку часа пред да стигне известувањето од владата за неговото разрешување.

На заминување, го обвини владиниот врв дека му ја наместиле аферата само затоа што дошол до сознанија за голем криминал.


Груевски немора да се мачи многу околу Цветанов, ДОВОЛНО КЕ БИДЕ ДА го ДЕМАНТИРА Бачев за наводното плакање во кеш на трошоците околу митинзите.
22-07-2010, 03:28 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#43

(22-07-2010, 03:28 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
Quote:Груевски: Се што кажува Ване Цветанов е неточно



22.07.2010 15:59
Никола Груевски


Груевски децидно тврди дека единствена причина за смената на Цветанов се наводите на антикорупциска, која констатираше дека тој незаконски купувал мебел и вработил 29 лица во управата, меѓу кои и новиот директор Атанасовски.

Премиерот се согласува со забелешките дека со едвај 26 години, тој тешко ќе одговори на предизвиците.

„Секој има право на свој коментар, личноста што сега е поставена, е поставена за вршител на должност, дали ќе добие трајно мандат ќе се оцени во месец септември“, вели Никола Груевски.


Ако смената на Цветанов е поради незаконското вработување на 29 лица. Зошто Груевски од тие незаконски вработени луѓе именува директор. Значи антикорупциска треба да бара смена и на Грујо.!!!!

Но има нешто многу поинтерсно, педигрето на новото "директорче" , семејната лоза му била по сите нишани на Грујо, се КОСовци и УДБаши........
22-07-2010, 06:36 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#44

(22-07-2010, 06:36 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Но има нешто многу поинтерсно, педигрето на новото "директорче" , семејната лоза му била по сите нишани на Грујо, се КОСовци и УДБаши........

Јордан, знам дека немаш обичај да шпекулираш и да објавуваш невистинити гласини, па, би ли можел да образложиш малку околу семејната лоза на Атанасовски?
22-07-2010, 07:02 PM
Reply
razurnuvac Offline
Senior Member
****

Posts: 376
Joined: Mar 2010
Reputation: 6
#45

Srbija: Geto jeftine radne snage
M.K. - S. B. - M.Z. | 24. 07. 2010. - 00:02h | Foto: Beta | Komentara: 25

Najjeftinija cena struje u Evropi, sporazumi o slobodnoj trgovini sa značajnim tržištima, te povoljna poreska politika, finansijske olakšice i konkurentna radna snaga, samo su neki od razloga koji Srbiju u regionu kandiduju za poželjnu destinaciju za strani kapital.

Srbija ima i povoljan geografski položaj i sve isporuke stižu za 24 sata do bilo koje lokacije u Evropi. Od februara ove godine primenjuje se i prelazni trgovinski sporazum sa Evropskom unijom, što nam daje veliki izvozni potencijal. Tu su i ugovori o slobodnoj trgovini sa zemljama CEFTA i EFTA, sa Rusijom i Belorusijom, a u septembru stupa na snagu i ugovor sa Turskom. Od SAD smo dobili status najpovlašćenije nacije, što nam omogućava bescarinski izvoz za 4.650 proizvoda, a pregovore o povoljnim carinama smo započeli i sa Iranom. Takođe, imamo upola manje troškove radne snage nego u drugim istočnoevropskim zemljama poput Češke, Mađarske i Poljske.
Šta investitorima najviše smeta u Srbiji
- Administrativne procedure
- Nepredvidiv poreski režim
- Loša saobraćajna povezanost
- Loši uslovi slobodne konkurencije na tržištu
- Nedovršena privatizacija



Upravo zbog povoljnih carina, ali i jeftine radne snage, mnoge evropske kompanije sve više sele svoje pogone iz zemalja novih članica EU. To što Srbija nije, i što u skorije vreme, prema procenama stručnjaka, neće ni biti deo EU, u neku ruku uverava da ćemo povoljne uslove poslovanja imati bar još nekoliko godina. Zbog slabe organizacije, ni sindikati nisu baš mnogo uticajni, što poslodavcima ostavlja još širi manevarski prostor.


Porez na dobit preduzeća u Srbiji je deset odsto i drugi je najniži u Evropi. U Crnoj Gori je devet odsto, u Mađarskoj 16, Sloveniji i Hrvatskoj 20, Rumuniji 24 odsto. Po stopi PDV-a od 18 odsto na nivou smo Makedonije i Crne Gore, ali smo bolji od Bugarske i Slovenije gde je ta stopa 20 odsto, i Hrvatske gde je 23 procenta.


„Strancima naruku ide i kurs evra. Sada svako ko izvozi robu ima osam dinara po evru više nego ranije, a blagi privredni rast u prvom kvartalu ove godine dugujemo pre svega većem izvozu. I radna snaga će biti još dugo jeftina. Za zarade u Srbiji se mnogo manje odvaja nego za plate u evropskim prestonicama“, kaže za „Novac“ ekonomista Milan Kovačević.


Jeftin rad i slobodna trgovina upravo su i bili razlog zašto je italijanska fabrika „Eksbut“ odlučila da preseli proizvodnju obuće iz Poljske u Srbiju. Ovaj primer će slediti i srodna kompanija „Kampana internacional“ koja će svoju proizvodnju preseliti direktno iz Italije. Slično razmišljaju i bliži susedi, pa je slovenački „Gorenje Tiki“ odlučio da preseli proizvodnju bojlera iz Ljubljane u Staru Pazovu, motivisan razlikom između stope PDV-a u Sloveniji od 20 odsto i u Srbiji od 18 odsto.


Da Srbija, kao najveća zemlja CEFTA regiona, ima prednosti u odnosu na druge zemlje bivše Jugoslavije, smatra i Srđan Lazović, šef korporativnih i regulatornih poslova za Srbiju i Crnu Goru u „Britiš-amerikan tobaku“.


„Pored regionalnog CEFTA sporazuma, ono što Srbiju čini jedinstvenom investicionom destinacijom jesu i drugi sporazumi o slobodnoj trgovini, sporazum o stabilizaciji i pridruživanju sa EU pored koga imamo i sporazume o slobodnoj trgovini sa Rusijom, Turskom, Belorusijom. Prednost Srbije je i u generalnoj makroekonomskoj stabilnosti i kvalifikovanoj radnoj snazi“, kaže Lazović za „Novac“.


S druge strane, problemi sa kojima se kao investitori suočavamo, kaže Lazović, ponekad se svode na nepredvidivost regulatornog ambijenta, netransparentnost zakonodavstva, kao i usporavanje koje prave niži slojevi državne administracije.
Srbija potencijalnim investitorima nudi i subvencije, a Vlada se na taj korak odlučila kako bi smanjila stopu nezaposlenosti koja je ove godine porasla na 19,2 odsto. Najveće subvencije, razumljivo, idu u paketu sa nerazvijenim krajevima, i to za investiranje u automobilsku i elektonsku industriju, kao i u informatičku tehnologiju. „Recept“ je preuzet od Slovačke, pa se iduće godine očekuje tri milijarde evra stranih investicija.


I Svilajnac će uskoro dobiti „Panasonik“, koji je najavio izgradnju svoje najveće fabrike u Evropi baš u tom gradu, a nemačka kompanija „Falke“ već je započela izgradnju fabrike za proizvodnju čarapa u Leskovcu.
Radi stimulisanja stranih investitora, osim olakšica u vidu subvencija i poreskih ustupaka, neke od opština ustupaju i zemljište po simboličnoj ceni kako bi investicija bila na njihovoj teritoriji. Niš je prvi grad koji se dosetio da izda zemljište bez naknade.


A od pomenutih subvencija, za manje projekte, odnosno investicije od pola miliona evra i 10 novozaposlenih, postoji mogućnost subvencija po radnom mestu, i to od 2.000 do 10.000 evra. Za kapitalne projekte sa minimalnim ulaganjem od 50 miliona evra i 300 novih radnika, moguće je dobiti i do 20 odsto vrednosti cele investicije. Ovaj procenat raste na 25 za projekte od minimum 200 miliona evra i otvaranje 1.000 radnih mesta.


„Favorizuju se kapitalni projekti, pre svega proizvodnja, ruralni predeli, ali i bivši industrijski centri - Niš, Zaječar, Kraljevo i Novi Pazar“, kaže za „Novac“ Aleksandar Miloradović iz Agencije za promociju izvoza SIEPA.
Od juna 2006. godine stranim investitorima u Srbiji podeljeno je 47,3 miliona evra podsticajnih sredstava za ulaganje u Srbiju. Tako je otvoreno 17.200 novih radnih mesta i realizovano više od 600 miliona evra investicija.


Za dolazak južnokorejske „Jure“ Vlada je uvela subvencije od 2.000 do 10.000 evra za svako novootvoreno radno mesto. „Jura“ je za tri miliona evra kupila propalu „Zastavu elektro“, u kojoj je već posle tri meseca počela da proizvodi instalacije za južnokorejske automobile koji se proizvode u Slovačkoj. Krajem leta će početi izgradnju nove fabrike u Nišu koja će zaposliti najmanje 1.500 ljudi.
I italijanskoj kompaniji „Magneti Mareli“ Srbija je osigurala subvencije od 10 miliona evra i omogućila da nova fabrika posluje u slobodnoj carinskoj zoni, kao i subvencije od 800 evra po svakom novozaposlenom radniku. Za otvaranje industrijskih pogona u Kragujevcu već je potpisan preliminarni dogovor, a ukupno će biti uloženo 60 miliona evra.


Slovenačkoj grupi od 400 kompanija, koje posluju u Srbiji, pridružila se i „Maksim
grupa“ iz Celja. „Maksim“ će u industrijskoj zoni u Inđiji otvoriti još jednu „Metal-Cinkaru“, što je druga takva fabrika u Srbiji.


Slovenija se, inače, nalazi na sedmom mestu na listi država po visini ulaganja, a na petom po broju preduzeća. Investicija najviše ima u bankarskom sektoru, osiguravajućim poslovima, trgovini, građevinarstvu i prehrambenoj industriji. S druge strane, ulaganja srpskih preduzeća u Sloveniju dostižu skromnih sto miliona dolara. Bilo je pokušaja većih ulaganja, ali se tamošnje tržište pokazalo kao prilično zatvoreno za kapital iz Srbije.


Za detaljniji prikaz kliknete na tabelu [+]
Za svoj regionalni centar Srbiju je izabrala i švedska „Ikea“ koja u narednih pet godina planira da izgradi pet trgovačkih centara, u koje će uložiti između 800 miliona i milijardu evra. Do 2015. godine planira da izgradi dva trgovačka centra u Beogradu, i po jedan u Kragujevcu, Nišu i Novom Sadu.





Evropa kao daleka nada
Posle dve uzastopne decenije iskustva sa čitavim spektrom neispunjenih obećanja vlasti kroz koju je prodefilovala kompletna ovdašnja politička elita, građani Srbije su se u junskom istraživanju javnog mnjenja ubedljivom većinom izjasnili za ulazak u zajednicu evropskih država. Ukoliko bi sutra bio raspisan referendum sa pitanjem „Da li podržavate članstvo Srbije u EU?“, 65 odsto građana bi glasalo za ulazak, rezultat je istraživanja, a toliku većinsku podršku građana evropskoj ideji imala je pre pristupanja malo koja od sadašnjih članica Unije. Jedan od važnijih motiva za ovakvo izjašnjavanje mogla bi po svoj prilici biti i želja da se ravnopravno učestvuje na velikom tržištu rada, na kojem se može očekivati i veća zarada. Srbija je, po podacima zvaničnih državnih statističkih zavoda, ovo proleće završila kao zemlja sa najnižom prosečnom neto platom od svih državica nastalih iz SFRJ, nakon što ju je u maju „preskočila“ i Makedonija. Lepo je da se u Evropu može putovati, ali bi još lepše bilo moći u njoj raditi i zaraditi.


Nije trenutno ni u Evropi lako naći posao, ali svakoga ko je 10. jula ove godine tražio posao čekala je na mreži EURES (European Employment Services) rečenica „Danas vas čeka 890.219 oglasa za posao“. Ta se brojka, naravno, menja iz dana u dan, ali tu su redovno brojke od oko 900.000 oglasa. EURES je mreža koju koordinira Evropska komisija, a stvorena je kako bi olakšala slobodno kretanje radnika unutar evropskog ekonomskog prostora (EEP). Ova evropska berza rada objavljuje konkurse za slobodna radna mesta u 31 zemlji, 27 zemalja članica Evropske unije, kao i u Švajcarskoj, Norveškoj, Lihtenštajnu i na Islandu.


Evropljani su spremni i da se zbog posla presele u drugu zemlju, najviše Danci (51 odsto) i Mađari (47 odsto), ali nigde postotak nije ispod 30. Istovremeno, čak 34 odsto građana u EU trenutno smatra da ima više izgleda da pronađe posao u drugoj zemlji. Ali oni mogu da biraju, pa trenutno građani zemalja takozvanog jezgra Evropske unije (stare članice) priželjkuju poslove u „ležernijim“ zemljama poput Australije, Sjedinjenih Američkih Država ili Španije, a „novi“ Evropljani su više motivisani zaradom, pa ih većina želi u radno intenzivne zemlje poput Nemačke, Velike Britanije ili Austrije.







Poreske stope (u %)
Zemlja / Porez na zarade / Porez na dobit preduzeća
Srbija / 12 / 10
Bugarska / 12-24 / 10
Hrvatska / 15-45 / 20
Rumunija / 16 / 24
Mađarska / 36 / 16
Slovenija / 41 / 20


EKSPERAT NIKOLA GRUEVSKI ke da e pravil i vaa naj EKONOMSKI PROGRAMA za NAJ INVESTICII u JEVROPI
24-07-2010, 05:34 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#46

Ако некој чита што е во некаков контакт со Никола Груевски, нека го замоли да ја тргне таа вештачка цинична насмевка. Навистина е одвратно да се гледа тоа, ај разбирам политичка борба е, но тоа се повторува веќе секој ден. Насмевката најчесто ја прави кога дава изјави кои што го вреѓаат интелектот на граѓаните (кои за него, нели, се најпаметни и најмудри)...

25-07-2010, 07:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#47

Уште една потврда на Грујовата самобендисаност.


Quote:Напукнува идилата Иванов - Груевски?

И во двата кабинета молчат околу скандалот со настапот во ОН

Се ближи ли крај на политичката идила меѓу претседателот Ѓорѓи Иванов и премиерот Никола Груевски - е актуелно прашање по информацијата дека за првпат во политичката историја на земјата пред Генералното собрание на ОН нема да се обрати претседателот на државата, туку претседателот на Владата. Освен скандалот со ексминистерот Слободан Чашуле, кој сакаше непосредно по избори на кои се знаеше дека неговата опција ќе изгуби да се појави во ОН иако развластен, околу генералните собранија на ОН по правило немаше проблеми, и одеа шефовите на државата со шефовите на дипломатијата. Од кабинетот на Иванов вчера можеше да се добие само молк околу случувањата, односно никој не сакаше да каже дали одлуката е заемно усогласена и дали претседателот, како другите во Македонија, ја доживува како девалвирање на неговата функција.

Извори блиски до кабинетите на претседателот и на премиерот вчера оценија дека се' досега немало никаков курцшлус на релација премиер и претседател и дека нивната меѓународна агенда редовно се усогласувала, при што главен координатор било Министерството за надворешни работи. „Не ми се верува дека претседателот и премиерот не се согласуваат. Нивните односи досега беа добри и тие беа доста координирани. Програмите за сите патувања во странство ги правеа заеднички“, тврди познавач на приликите. Тоа се однесува на патувањата на премиерот, на претседателот, на шефот на дипломатијата и на претседателот на парламентот. Факт е, исто така, дека ставовите на претседателот и на премиерот околу спорот за името во голема мера се совпаѓаат, освен кога сакаат да ја збунат јавноста или меѓународната заедница, праќајќи спротивни сигнали, па во една прилика според странски дипломати Иванов се согласил за компромисно име, кое Груевски веднаш потоа го одбил.

Сепак, некои сигнали водат кон спротивни заклучоци, вклучувајќи ја и веста за настапот на премиерот во ОН, која по се' изгледа дојде токму од кабинетот на претседателот Иванов. Се дознава, исто така, дека претседателот не е баш среќен со настапите на Мартин Треневски како иден амбасадор во НАТО, а во едно од последните јавни обраќања тој оцени дека на Македонија и' треба „нов профил на политичари кои ќе бидат подготвени за компромис“, нешто што можеше да се сфати како порака до премиерот Груевски и неговиот имиџ дома и во светот. Единствено за што нема дилема е дека на премиерот му е неопходна многу нова прилика да остави впечаток во јавноста дека не е во изолација од меѓународната заедница, дека е добредојден и дека бара решение со Грција, или поедноставно да се слика некаде и со некого за да си го одржува рејтингот во земјата. ОН е најдобра прилика за тоа, а за волја на вистината, претседателот и онака ќе мораше да го повтори тоа што го кажа минатата година во Њујорк и, притоа, ќе мораше да објасни, како по толку напори околу спорот, работите стојат во место.

„Македонија е цврста определена за членство во НАТО и во ЕУ и прави се' да постигне компромис со Грција околу името за да може да ги оствари своите стратегиски определби. Меѓународните претставници го ценат напредокот во Македонија и сметаат дека ги исполнува условите на НАТО и на ЕУ и дека нејзината конструктивност во преговорите со Грција ќе даде резултати“, изјави лани Иванов во ОН. (Н.Р.)
25-08-2010, 12:12 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#48

Го играат Грујо како како детенце. Целата вина ке падне врз него. Ке биде виновен и за онаа што го сторил Лазо Колишевски.... Tuktuk0niTuktuk0niTuktuk0ni


Quote:Црвенковски - Одговорноста е само кај Груевски


СДСМ ќе поддржи и изгласа каков било собраниски Деловник кој ќе биде ставен на изјаснување во Собранието, изјави денеска на прес-конференција претседателот на партијата Бранко Црвенковски.
СДСМ се откажува и од иницијативата за формирање собраниска комисија за контрола над трошењето на народните пари, а нејзини претставници ќе присуствуваат и на координациите кај претседателот на Парламентот Трајко Вељаноски без разлика, како што рече, што таму се дискутира, дали нешто се договара и дали договореното потоа доследно се спроведува.
Партијата, според него, водејќи се од националните и државни интереси, се решила на таков чекор пред објавувањето на годишниот извештај на Европската комисија.
01-09-2010, 03:06 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#49

(01-09-2010, 03:06 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Го играат Грујо како како детенце. Целата вина ке падне врз него. Ке биде виновен и за онаа што го сторил Лазо Колишевски.... Tuktuk0niTuktuk0niTuktuk0ni


Quote:Црвенковски - Одговорноста е само кај Груевски


СДСМ ќе поддржи и изгласа каков било собраниски Деловник кој ќе биде ставен на изјаснување во Собранието, изјави денеска на прес-конференција претседателот на партијата Бранко Црвенковски.
СДСМ се откажува и од иницијативата за формирање собраниска комисија за контрола над трошењето на народните пари, а нејзини претставници ќе присуствуваат и на координациите кај претседателот на Парламентот Трајко Вељаноски без разлика, како што рече, што таму се дискутира, дали нешто се договара и дали договореното потоа доследно се спроведува.
Партијата, според него, водејќи се од националните и државни интереси, се решила на таков чекор пред објавувањето на годишниот извештај на Европската комисија.

Во својата неконтролирана самоувереност Груевски ја сакаше целата власт во свои раце. Ја доби. Откако ке разбере што ке следи ке биде доцна. Само дали нафатираноста ке му биде доволна компензација! На Љупчо Георгиевски...изгледа дека тоа му е доволноIcon_lol
01-09-2010, 06:50 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#50

Quote:Груевски: Македонија трпи непоправлива штета од грешките во 1990-те
Автор: Редакција ФОРУМ 14:40 | 04 септември 2010

Деведесетите години е период кога беа направени големи штети, а испуштените шанси не може да се надоместат, рече во саботата премиерот Груевски

Според премиерот Никола Груевски, смета дека грешките направени во 1990-те години беа од стратешки карактер со последици коишто се чувствуваат до денес
„Моделот на приватизацијата не може да се поправи. Обезвреднет е капитал од околу пет милијарди евра, испуштени се од работа околу 200 илјади работници, пропуштена е можноста за влез на странски инвестиции, а компаниите се дадени на локални менаџери блиски до тогашната власт кои незнаеја добро да работат. Уште 20 години ќе ги чувствуваме последиците од погрешните чекори за време на транзицијата“, изјави Груевски коментирајќи ја политичката дебата околку 90-тите години.


Груевски заборава дека беше министер во владата на Љупчо 1998 година. Тогаш можеше а и сега, да се исправат пропустите во приватизацијата. Така да лагата дека тука лежи вината за лошата економска ситуација денеска а и во идните дваесетина години е само алиби за неговата задача, да се покријат сите траги на транзициските крадци.
04-09-2010, 07:12 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#51

Quote:Извршeн Одбор на ВМРО-Народна


Извршниот Одбор на ВМРО-Народна на денешната своја седница одржана во Прилеп меѓу другите точки на дневниот ред ја анализираше актуелната состојба во државава со акцент на обраќањето на Премиерот Никола Груевски. Марјан Додовски обраќањето на премиерот го срочи во една реченица и рече дека тоа е вовед во предвремени избори:
Многу кажано - малку видено. Реалноста е некако поинаква. Македонија живее во една исклучително тешка социјална и економска состоба. На меѓународно поле сме како држава се повеќе и повеќе маргинализирани. Странските инвестиции само во бројки ги слушаме а за жал сеуште не можеме да видиме нешто конкретно. Единствен излез за Македонија во овој момент се нови парламентарни избори. Во самиот говор на Премиерот Груевски констатацијата е една- дека тоа беше говор за вовед во нови предвремени парламентарни избори.
Говорејќи за односите во владеачката коалиција лидерот на ВМРО-Народна смета дека се работи за два паралелни светови:
Едниот свет е на ДУИ а другиот на ВМРО-ДПМНЕ. Тука паралелно си се движат активностите како да имаме две паралелни влади. Додека ги држи меѓусебниот интерес и едните и другите ќе функционира таа коалиција, рече Додовски според кој меѓуетничките односи се во втор план зад загрозените социјално-економските тензии но далеку од тоа дека се релаксирани и стабилни, а ќе зависат од идните осноси во опкружувањето.
05-09-2010, 07:51 PM
Reply
alexdgreat
Unregistered

 
#52

http://mesto.com.mk/video/2G8OW787US76/%...0%B0%D0%B4


Еве го кловнот, од млад имал талент да глуми
20-09-2010, 08:02 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#53

(20-09-2010, 08:02 PM)alexdgreat Wrote: http://mesto.com.mk/video/2G8OW787US76/%...0%B0%D0%B4


Еве го кловнот, од млад имал талент да глуми



Quote:Групација Дисиденти: На Грујо прекар во боксот му беше "КРАЉ ПАТОСА". Од три борби три пати поразен. Во тие три борби вкупно осум пати бил во нокдаун, кажано по нашки осум пати го бацувал подот на рингот. Заради прекарот од бокс тој ја "обожава" Цеца и девет Југовиќа.
(This post was last modified: 20-09-2010, 08:21 PM by ЈорданПетровски.)
20-09-2010, 08:21 PM
Reply
alexdgreat
Unregistered

 
#54

(20-09-2010, 08:21 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
(20-09-2010, 08:02 PM)alexdgreat Wrote: http://mesto.com.mk/video/2G8OW787US76/%...0%B0%D0%B4


Еве го кловнот, од млад имал талент да глуми



Quote:Групација Дисиденти: На Грујо прекар во боксот му беше "КРАЉ ПАТОСА". Од три борби три пати поразен. Во тие три борби вкупно осум пати бил во нокдаун, кажано по нашки осум пати го бацувал подот на рингот. Заради прекарот од бокс тој ја "обожава" Цеца и девет Југовиќа.

Може ли да го ставам ова на фб, или ако сакаш ти стави коментарот кај мене на профил на линкот.
20-09-2010, 08:25 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#55

(20-09-2010, 08:25 PM)alexdgreat Wrote:
(20-09-2010, 08:21 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
(20-09-2010, 08:02 PM)alexdgreat Wrote: http://mesto.com.mk/video/2G8OW787US76/%...0%B0%D0%B4


Еве го кловнот, од млад имал талент да глуми



Quote:Групација Дисиденти: На Грујо прекар во боксот му беше "КРАЉ ПАТОСА". Од три борби три пати поразен. Во тие три борби вкупно осум пати бил во нокдаун, кажано по нашки осум пати го бацувал подот на рингот. Заради прекарот од бокс тој ја "обожава" Цеца и девет Југовиќа.

Може ли да го ставам ова на фб, или ако сакаш ти стави коментарот кај мене на профил на линкот.

Може. Како сакаш така прави, ако сакаши јас ке го ставм коментарот.
(This post was last modified: 20-09-2010, 08:28 PM by ЈорданПетровски.)
20-09-2010, 08:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#56


[Image: 2wdrbpu.jpg]


[Image: 15eb88l.jpg]
17-10-2010, 03:22 AM
Reply
NACIONALIST Offline
Senior Member
****

Posts: 485
Joined: Dec 2009
Reputation: -11
#57

NEMOZAM DA VERUVAM KOJA NOKNA MORA VI E GRUEVSKI, SO NEGO LEGNUVATE SO NEGO SE BUDITE HA HA HA HA HA
17-10-2010, 02:15 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#58

(17-10-2010, 02:15 PM)NACIONALIST Wrote: NEMOZAM DA VERUVAM KOJA NOKNA MORA VI E GRUEVSKI, SO NEGO LEGNUVATE SO NEGO SE BUDITE HA HA HA HA HA


Наци прочитај го текстот на Никола Младенов и текстот на Грујовиот дворски новинар Латас. Се надевам дека ке го сонуваш Груица, само незнам како ????.



Quote:Знамиња


На фудбалски натпревар во Италија, белградски силеџија го запалил албанското знаме пред паролите: Косово е Србија!

На фудбалски натпревар, викендов во Кичево, Албанци го симнале македонското знаме од јарболот. Наместо него закачиле нивно. Албанско.

Стефчо Јакимовски, градоначалникот на СДСМ во Карпош, не дозволуваше да се постави јарбол со македонско знаме на неговата територија. Неговата!

СДСМ на митинзи вика дека Груевски, со македонските знамиња по плоштадите, ширел лажен патриотизам. Нивните, партиски знамиња, се тие што се вистински патриотизам. Партиски знамиња со тупаница. Закана за сите.

Албанците во Албанија се мирни. Тие не се занимаваат со скандали од овој вид. Напротив. Нивните Албанци во Србија, Косово, Македонија, Цирих, Брисел... создаваат инциденти, и работат за нив. На насловните страници се скандали поврзани со Македонија и Србија. Албанија е фина. Стабилна.

Светот е згрозен (!) од скандалот кој во Џенова, на фудбалскиот натпревар, го направи тетовираниот силеџија од Белград. Остануваат прашањата, за чиј интерес силеџијата го направи тоа.

Италијанските медиуми напишаа дека групата силеџии, навивачи од Србија, кои го направиле скандалот на фудбалскиот натпревар во Џенова, примиле 200.000 евра од италијанската радикална десница. Од неонацистите.

Ниту еден Србин на Светов нема ќар од тој скандал. Ако е за спорт, Србија го губи натпреварот кој не се ни одржа. Ако е за политика, ниту една земја не се гордее со силеџии. Англичаните две децении војна водат со сопствените силеџии меѓу навивачите, кои каде и да се појават, зад себе оставаат пепел.

Палестинците секој ден пред камери палат израелски знамиња. Муслиманите низ светот секојдневно се сликаат со запалени американски знамиња. Но, и после тоа, со Газа владее Израел, а со муслиманскиот свет Америка. Палењето знамиња не сменило ништо. Освен адреналин кај некои.

Но, не е секогаш така наивна работата со знамињата. Едно е кога тие се употребуваат од очај, а друго кога се дигаат за показ на триумф.

Факт е дека албанските знамиња пречесто се виорат како обележување албанска територија низ соседните, балкански држави. Во Македонија се уште албанските партии, на своите прес-конференции, немаат македонско, туку само албанско знаме. По правило, до албанското, знамињата на САД и ЕУ.

Како што се обележуваа и прес-конференциите на УЧК.
Не се сеќавам дека некогаш, барем не јавно, од Вашингтон или Брисел за ова биле опоменати. Заради злоупотреба на туѓи државни знамиња во свои политички цели. Дали тоа значи дека секој напишан збор против УЧК, или некоја од албанските партии во Македонија е, автоматски, напад на ЕУ и САД?!

Дали затоа во Брисел и САД се згрозени заради настапот на неколкумина српски силеџии на фудбалскиот натпревар во Џенова. А воодушевени како полицијата ги претепа демонстрантите против педерската парада во Белград.

Кога ги тепаше Милошевиќ, тоа беше злосторство.
Кога ги тепа Тадиќ, е тоа е демократија.
Можеби тоа не се истите пендреци. Не се истите специјалци, истите гасни бомби и водени топови. Кога гинеш од демократски пендрек, тоа е во ред.

Немам ништо против секој човек за пердашење да одбере партнер по своја воља. Тоа е негова приватна работа. И, се додека е приватна, јас го штитам неговото право на тоа. Но, штом од приватна сака да ми ја наметне за општо прифатено правило, за стандард, јас се спротивставувам.
Ако не за друго, затоа што педерите се закана за човештвото. На кутијата цигари, како закана, пишува да го одбегнуваш пушењето затоа што може да создаде стерилитет. Да те остави без деца. По таа аналогија, секој педер треба да носи маица дека сексот со него може да ти донесе СИДА, и дека е апсолутна закана за наталитетот. Педерите, имено, не можат да прават деца.
Секој има право на јавен собир. Па и хомосексуалците. И никој нема право да ги тепа заради тоа. Но, ако некој провоцира со наметнување на сопствената интима врз туѓите нерви, тоа без конкуренција се педерите. Провоцираат ептен.

Но, никоја полиција нема право крвнички да тепа пет иљади луѓе затоа што се против педерската парада. И уште да биде пофалена заради тоа.

Во 1999 година НАТО ја бомбардираше Југославија, со 2.500 цивилни жртви по три месеци постојано бомбардирање. Тоа беше демократија. Демократија беше и кога НАТО им овозможи на УЧК, по повлекувањето на југословенската војска од Косово, да протераат 50.000 Срби, Турци, Роми... од нивните домови. Цивили. И кога сега не им се дозволува пристап, и располагање со нивниот личен имот.

За тоа време, додека Албанците го правеа тоа, во Белград Србите не ги палеа и уништуваа, не ги одземаа за себе албанските дуќани, станови.... Вадење органи од заробени цивили, за понатамошна трговија, не правеше никој освен УЧК во Западно Косово и во Северна Албанија. Постмодерна варијанта на Менгеле.

Како што и во Македонија, во 2001 година, додека се палеа македонските куќи, на се уште иселените во Арачиново, Матејче... ниту една албанска куќа, или дуќан во Прилеп, Скопје или Охрид не настрада.

Со тоа се сочува нацијата од срам и гнев, од кој тешко се ослободува.
Знамињата се опака работа. Први во војна гинат знаменосците.
Ние го немаме тој проблем. Во 2001 видовме дека за војни не не бива, а знамето Бранко ни го смени уште на време. Па сега немаме што да загубиме.
Или има? Она што останува, се оние позади знамето.
Прашање е само чие знаме смее, непречено, да се вее низ цела Македонија.


Пишува: Драган П. ЛАТАС
18-10-2010, 03:10 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,124
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#59

Quote:ВМРО ДПМНЕ: Одлуката на Уставен за прислушувањето е нарачка на Црвенковски


21.10.2010 - 20:05 | Македонија
Одлуката на Уставниот суд е нарачка на СДСМ и нивниот лидер, Бранко Црвенковски.


Вака владејачката ВМРО ДПМНЕ гледа на вчерашната одлука на судот да го замрзне Законот за електронски комуникации, со што полицијата нема да може да прислушува без судски налог.

За опозицијата пак, оваа одлуката ќе донесе декларативен ред.

Судот поведе постапка и се сомнева во уставноста на пет члена од Законот за електронски комуникации зашто одредбите од овој закон и дава неограничено право на полицијата да прислушува кого сака, колку сака и кога сака.

Според судиите, овој закон директно навлегува во приватноста на граѓаните.


Мали Груица забаорава дека помина времето на диктатори од типот на Тито, Сталин, Енвер Оџа. NeneneNeneneNenene
Неговите во пaртијата толку да бидат глупи па оспорувањето на ваков недемократски закон му го припишуваат на Бранко. Tuktuk0niTuktuk0niTuktuk0niTuktuk0ni
Бог да чува и да брани. SmajlitoSmajlitoSmajlito
(This post was last modified: 22-10-2010, 01:35 AM by ЈорданПетровски.)
22-10-2010, 01:34 AM
Reply
Војдан Чернодрински Offline
Member
***

Posts: 73
Joined: Aug 2010
Reputation: 6
#60

Quote:ВМРО ДПМНЕ: Одлуката на Уставен за прислушувањето е нарачка на Црвенковски

Ne razbiram dobro nesto ... ili toa e navistina avto-gol ... ili Grujo misli deka ako nesto ne mu odgovara na nego licno, togas sigurno ne mu odgovara nitu na narodot?
马其顿是属于马其顿人
(This post was last modified: 22-10-2010, 02:51 AM by Војдан Чернодрински.)
22-10-2010, 02:48 AM
Reply