Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
АНЃУШЕВ , КРИМИНАЛЕЦ ИЛИ ЧЕСЕН БИЗНИСМЕН !?
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,877
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Анѓушев и УЈП фатени во криминал вреден 1.1 милион евра: Фирмата на министерот, правела нелегални цесии со ФЕНИ!


[Image: KOCHO-960x695.jpg]

07.11.2018
Финансиска малверзација вредна 1 милион и 150.000 евра во спрегата УЈП, ФЕНИ и компанија на вицепремиерот Кочо Анѓушев, откриваат документите до кои стигна истражувачкиот тим на Телевизија Алфа.
Документите кој ги открива „Алфа“, покажуваат дека „Енерџи Деливери Солуншнс“, која во моментот на скандалот беше во сопственост на Анѓушев, со државни пари од УЈП си го наплатила долгот од ФЕНИ во висина на споменатата сума, Со документ кој е издаден пред датумот на добивање на одобрението.
На 28.07.2017 година, ФЕНИ и компанијата на Анѓушев потпишале договор за цесија со кој се предвидува дека со долгот на УЈП кон ФЕНИ за поврат на ДДВ, ќе се покријат долговите на ФЕНИ кон ЕДС.


[Image: IMG_20181107_174444_387-700x525.jpg]
Документ: Цесија помеѓу фирмата на Анѓушев и ФЕНИ


Овој договор е склучен токму во периодот пред стечајот на ФЕНИ, што отвора сомнеж дека компанијата на Анѓушев знаела дека ќе се случи стечајот па преку цесија на ДДВ си го наплатила долгот.


[Image: IMG_20181107_171535_019-525x700.jpg]
ДОКУМЕНТ: Интегрално, првата страница од договорот за цесија


Најфрапантното во случајот е тоа што во договорот помеѓу ФЕНИ и ЕДС, двете страни се повикуваат на одобрение од УЈП за поврат на ДДВ, издадено еден месец по потпишувањето на договорот, на 14.08.2017. На 28.07 компанијата на Анѓушев и ФЕНИ, знаеле дека УЈП ќе им издаде одобрение на 14.08, односно 16 дена подоцна.


[Image: IMG_20181107_174911_836-1-525x700.jpg]
ЧЛЕН 2 ОД ДОГОВОРОТ: ВО КОЈ СЕ ПОВИКУВААТ НА ОДОБРЕНИЕ ОД УЈП ИЗДАДЕНО НА 14.08 со АРХИВСКИ БРОЈ 25-3417/2

Спорниот договор, до кој стигна тимот на АЛФА, во кој со број се цитира одобрението кое во моментот на потпишувањето не е издадено, е потпишан од Митко Кржовски, директор на компанијата која тогаш е во сопственост на Анѓушев и претставник на ФЕНИ Индустри.
Експертите за анти-корупција категорични дека се работи за огромен финансиски скандал, со кој е многу веројатно дека буџетот на Република Македонија бил оштетен со над 74 милиони денари или нешто над 1 милион и 150.000 евра.
Според познавачите на состојбите, во овој случај истраќните органи треба да одгововарат чија е одговорноста и како фирмата на Анѓушев можела 16 дена пред издаденото одобрение, исто да го добие со архивски број.
Компанијата ЕДС подоцна стана позната и во Грција, откако беше продадена на тамошното државно електростопанство. Грчката опозиција бараше одговори и предупредуваше на политички дил помеѓу двете влади во екот на решавањето на спорот со името.
За случајот со цесијата, за АЛФА говори и Слаѓана Тасева од Транспаренски Интернациионал. Sледува и второ продолжение, со уште пошокантни сознанија.




12-11-2018, 10:06 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,877
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Слаѓана Тасева: Исчезнаа парите за долгот кон УЈП на ФЕНИ! Фирмата на Анѓушев демантира дека ја наплатила криминалната цесија!


[Image: Taseva-960x538.jpg]

08.11.2016
Исчезнаа парите наменети за исплата на долгот кон УЈП во планот за реорганизација на ФЕНИ, открива Слаѓана Тасева од „Транспаренси Интернационал“ во интервјуто за „Економски Лидер“, чии делови беа емитувани на „ТВ Алфа“.
Истражувањето кое вчера го објави „ТВ Алфа“, прикажа ексклузивни документи кои докажуваат дека ЕДС, фирма во која тогаш сопственик беше вицепремиерот Кочо Анѓушев, на 27.07.2017 потпишала договор со ФЕНИ со кои го присвојува долгот на УЈП кон ФЕНИ за поврат на ДДВ во вредност од 1 милион и 150 илјади евра.
Фрапантното сознание кое го објави истражувачкиот тим на ТВ Алфа е дека во овој договор, ЕДС на Анѓушев и ФЕНИ се повикале на одобрение издадено 16 дена по потпишувањето на договорот. Ова го отвора прашањето на поврзаност помеѓу УЈП и ЕДС на Анѓушев. Се поставува прашањето, од каде фирмата на Анѓушев и ФЕНИ знаеле дека УЈП ќе им го издаде ова одобрение со архивски број 25-3417/2  од 14.08.2017, во договорот кој го потпишале на 28.07 истата година.
Кратко по објавувањето на истражувањето, шефицата за односи со јавноста на ЕДС, Татјана Лопарски, почна да им се јавува на новинарите и со висок тон да се заканува со тужби. Кратко потоа, пристигна и демантот од ЕДС, во кој тие не демантираат дека договорот го потпишале на 28.07, а во него се повикуваат на одобрение од 14.08, туку тврдат дека цесијата наводно не била извршена и ЕДС не примиле пари од УЈП.

Quote:-ЕДС никогаш не ја реализира наплата во споменуваниот договор и не се пријави во редот на разлачни доверители во предстечајната постапка на ФЕНИ Индустри. Ние како компанија, во стечајната постапка се пријавивме како секој обичен доверител и бевме третирани како и сите останати обични доверители. – велат од компанијата и во остатокот на соопштението се закануваат со тужби кон сите кои ќе го коментираат, или, ќе напишат нешто за случајот.

Дали ЕДС земале пари од УЈП или не, треба да одговори Управата за Јавни Приходи, а еден ден по објавувањето на скандалот, од таму нема никаков одговор. Сепак, и под претпоставка дека ЕДС не го наплатиле долгот како што тврдат, се работи за класично кривично дело во кое документи од УЈП се издавале пред датумот на издавање кој е наведен во нив – овој став го застапува „Економски Лидер“ и како медиум кој стои исправено во борбата за јавниот интерес и контролата на трошењето на парите на граѓаните, подготвени сме да го браниме пред било која судска истанца во државата и надвор од неа.
Во меѓувреме, ново големо прашање со отвора во ФЕНИ од страна на претседателката на „Транспаренси Интернационал“, Слаѓана Тасева, која во интервју за „Економски Лидер“, го анализираше договорот за цесија помеѓу ФЕНИ и ЕДС. Тасева открива дека во планот за реорганизација на ФЕНИ, кој беше вратен на повторно разгледување во судот во Велес од страна на апелацискиот суд во Скопје, фалат долговите на ФЕНИ кон УЈП и се поставува прашањето, како е можно при толкав долг УЈП да дозволи цесија на 14.08.2017 со документот со архивски број 25-3417/2.
Во прилог го емитуваме целото интервју со Тасева:



12-11-2018, 10:12 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,877
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Еве како фирмата на Анѓушев, со нелегален документ од УЈП извлекува милиони од ФЕНИ!


[Image: Angjusev-Glavna-Slika-960x543.jpg]
ФОТОМОНТАЖА, „ЕКОНОМСКИ ЛИДЕР“: Ќе дојде ли правда?


12.11.2018
Нови документи за милионскиот скандал на компанијата Енерџи Деливери Солушнс (ЕДС) и наплатата на нејзиниот долг во ФЕНИ, открива „Економски Лидер“. Компанијата која тогаш беше во сопственост на вицепремиерот Кочо Анѓушев –  со предатираниот документ, нелегално издаден од УЈП, преку политичка протекција ќе успее во стечајната постапка да го наплати целиот долг, наместо само процент од него, колку што ќе земат останатите доверители од стечајната маса.
пишува: Љупчо ЗЛАТЕВ
Четврток, 8-ми ноември 2018, уште од рано наутро гореа телефоните на новинарите кои претходниот ден го открија скандалот со милионска проневера на компанијата на вицепремиерот Анѓушев во комбинатот ФЕНИ.
Закани за тужби и многу прашања доаѓаа од ПР тимот на ЕДС предводен од Татјана Лопарски, но и од луѓе за кои обичниот граѓанин би помислил дека се политички опоненти на Анѓушев.


Quote:– Од каде се материјалите? Кој е свиркачот кој ги извлекол документите од архивот на ФЕНИ? Зарем не ви е страв? – беа само мал дел од прашањата, проследени со добронамерни совети за тоа како е најпаметно темата да се стопира.


Во најава беше второто продолжение од серијалот, кое требаше исто како и првото, да биде објавено на ТВ Алфа токму на 8-ми, проследено со интервју за случајот со Слаѓана Тасева од „Транспарентност Интернационал – Македонија“.
Сепак, телевизијата попушти под притисокот и наместо да ги објави новите детали, уредништвото одлучи да го цензурира вториот прилог, заедно со интервјуто кое требаше да биде емитувано по вестите.
Наместо да продолжат објавите, во вестите во 17:30 уредниците на ТВ Алфа му се извинија на Анѓушев (без дозвола од директорот на медиумот да се извинат!). Вицепремиерот кратко по извинувањето се појави на телевизија Канал 5, во емисијата „Само Вистина“, каде што во неколку наврати триумфално повтори дека случајот е затворен, затоа што телевизијата му се извинила!
Во прв момент се чинеше дека моќникот победи. Победи поради државниот апарат и парите кои ги има позади себе, но и поради огромните конекции на сите страни од политичкиот спектар. Кочо Анѓушев успеа да понижи медиум со национална концесија до ниво телевизијата во извинувањето парафразирано да вели „Ти се извинуваме, исто како што ќе ти се извиниме секогаш кога ќе ти згрешиме!“.
Не беше така одамна кога некои други, опиени од моќта која ја носат политиката и парите, го правеа истото! Сега истите тие ги гледаме како за случаи многу помали од овој на Анѓушев, се влечат по судови и имаат сериозни животни проблеми, иако многумина од нив (за воља на вистината) веројатно се само жртви на политички прогон. Не прејудицираме ништо, ниту бараме лисици за Анѓушев. Само се чувствуваме должни на јавноста да и ја откриеме неправдата која ни се случи.
Насловната фотографија на овој текст, од една страна е повик за космичката правда, но од друга страна е покажување на среден прст. Не постои сила која може да го замолчи „Економски Лидер“ во истрајноста да ја докаже вистината! Подготвени сме да ја платиме секоја цена! Токму затоа, продолжуваме да објавуваме детали и документи за дејствувањето на Анѓушев во ФЕНИ, не поради тоа што сме убедени дека некој наскоро ќе му стави лисици на вицепремиерот, туку поради случајот кој треба да остане запаметен за некои други времиња, кога можеби случајно во Македонија ќе завладее правото…
УЈП со нелегален, предатиран документ – му дава на ЕДС предност пред останатите доверители!
Пет дена по објавувањето на договорот помеѓу „Енерџи Деливери Солушнс“ и ФЕНИ индустри, за цесија на долгот на комбинатот кон компанијата на Анѓушев преку повратот на ДДВ, сеуште нема никаков одговор од Управата за Јавни Приходи.
Од УЈП, сеуште не одговараат како на 28.07.2017 (кога е потпишан договорот), од компанијата на Анѓушев знаеле дека од УЈП ќе биде издадено одобрение за цесија на 14.08.2017, односно цели 16 дена подоцна. Сеуште нема и одговор, како ЕДС и ФЕНИ го знаеле и архивскиот број на одобрението 25-341/2. и истото го ставиле во меѓусебниот договор.
Се работи за случај во кој од УЈП дозволиле 1.1 милион евра државни пари да завршат во компанијата на Анѓушев.


[Image: DogovorSlika-700x304.jpg]
Две страници од договорот помеѓу ЕДС и ФЕНИ. На едната страна датумот на потпишување на договорот, на другата датумот на издавање на документот од УЈП (16 дена подоцна) на кој се повикуваат двете страни


Од компанијата на Анѓушев, по објавата, во соопштението кое беше лиферувано до јавноста тврдат дека не станува збор за малверзација, затоа што договорот бил заверен на нотар еден месец по неговото потпишување. Сепак, тоа не е одговор на прашањето од каде знаеле дека УЈП ќе им го издаде ова одобрение со овој архивски број цели 16 дена пред неговото издавање?
Од ЕДС додаваат дека тие никогаш не ги земале парите од ФЕНИ и дека се обични доверители.


Quote:-ЕДС никогаш не ја реализира наплата во споменуваниот договор и не се пријави во редот на разлачни доверители во предстечајната постапка на ФЕНИ Индустри. Ние како компанија, во стечајната постапка се пријавивме како секој обичен доверител и бевме третирани како и сите останати обични доверители. – рекоа од компанијата во реакцијата на прилогот на ТВ Алфа, во кој беа објавени документите.


Сепак, новите документи до кои стигна „Економски Лидер“, при нивното вклопување со нелегалниот договор за цесија од УЈП, покажуваат дека ЕДС баш и не е обичен доверител, како што велат од компанијата. Дека не станува збор за “обичен“ доверител покажува документот издаден еден месец подоцна, со кој фирмата на Анѓушев, му пушта извршители на ФЕНИ!
Од свои извори во ФЕНИ, стигнавме до документ од извршителот Горан Станковиќ од 14.09.2017 (еден месец по датумот на одобрението од УЈП), преку кој ЕДС од ФЕНИ бара наплата на долгот за неплатена струја. Се чини датумот на овој договор, надоврзан на датумот на одобрението за цесија од УЈП, го дава одговорот на прашањето зошто Анѓушев морал да интервенира во УЈП да направат кривично дело и да му издадат одобрение 16 дена пред датумот на издавање.

Документ на извршителот Станковиќ, ФЕНИ отиде во Стечај

По овој документ на извршителот Станковиќ, ФЕНИ отиде во Стечај. Според законот за стечај, еден доверител во компанија која оди во стечај станува “разлачен“, односно ја наплаќа целата сума која му ја должат од стечајната маса, доколку исполнува одредени услови. Да се има вакво одобрение од државата 45 дена пред стечајот, е еден од условите.
Доколку се знае дека ФЕНИ отиде во стечај на 29 ноември 2017, станува јасно дека од УЈП со договорот за цесија на фирмата на Анѓушев и овозможиле да биде “разлачен доверител“, односно да го наплати долгот во целиот обем за разлика од останатите компании кои ќе поделат само одреден процент од компанијата која е во сериозни загуби.
УЈП го издала документот, во момент кога има побарувања кон ФЕНИ
Да биде ситуацијата уште посимптоматична, одобрението со архивски број 25-341/2 од 14.08.2017, УЈП го издава во моментот кога ФЕНИ  има милионски долг кон нив за неплатен данок, повисок од 4 милиони евра, ова го покажува увидот во стечајната постапка кој може да се види на следниот линк.
Значи, во услови кога ФЕНИ е должник кон УЈП, функционерите од управата дозволуваат парите за поврат на ДДВ да отидат во компанијата на Анѓушев. Под претпоставка дека е точно тврдењето на ЕДС дека никогаш не ги наплатиле парите од цесијата, се поставува прашањето: Како е можно, во услови кога ФЕНИ им е должник, од УЈП да дозволат пари од поврат на ДДВ да се прелеваат во приватни компании?
Дали навистина ЕДС е разлачен, затоа што неговиот поранешен сопственик обезбедил услови или можеби компанијата навистина е во редот на  стандардни чекачи, останува да каже стечајниот управник. Во секој случај, кристално е јасно дека Анѓушев преку политичка интервенција овозможил компанијата да биде разлачен доверител во ФЕНИ, со нелегалниот документ издаден од УЈП!
После се, станува јасно и очигледно дека овој документ е креиран, за преку политичка интервенција да и се даде предност на компанијата на Анѓушев – при наплата на нејзините долгови, за разлика од другите доверители, по се изгледа, фирмата која до скоро беше во сопственост на вицепремиерот ќе си го наплати вкупниот долг од ФЕНИ!
12-11-2018, 10:26 PM
Reply