Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ОБВИНЕНИЕ ЗА 27.04 ИЛИ КОЈ Е ПАТОТ ОД ТЕРОРИСТИ ДО„ХЕРОИ“
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,763
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Анализа на обвинението за крвавиот четврток

Во обвинението изоставен организаторот или нарачателот на крвавиот четврток, државниот обвинител на прес конференција не откри дали им е познат ил и не

[Image: BOR_9630-e1510739130482-736x430.jpg]

Mar 28, 2018
Јавноста уште долго ќе ги памти снимките од тепањата на пратениците кои се случија во собраниската зграда на 27.04.2017, непосредно по изборот на Талат Џафери  за претседател на законодавниот дом.
Седум месеци по овој кривично правен настан, Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори истрага за овој кривично правен настан и учесниците во него. Беше поведена истрага за кривично дело тероризам и беше определен притвор за сите обвинети, за некои домашен, а за некои во истражниот затвор Скопје.
Деталите за истрагата не беа споделувани со јавноста, за денес после 11 месеци од крвавиот четврток, или речиси 4 месеци од отварањето на истрагата, јавното обвинителство за гонење на организиран криминал да поднесе обвинение против 28 лица, како обвинети за сторување на кривично дело  терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста согласно чл.313 од Кривичниот Законик на Македонија. Уште 2 лица се осомничени како помагачи на 28-те извршители на ова кривично дело.
Судство.мк во овој наврат, ќе се обиде да ги објасни информациите кои ги добивме од Државниот јавен обвинител Љупчо Јовевски поврзани со обвинението, а исто така ги контактиравме и дел од бранителите на обвинетите кои ги застапуваа во истражната постапка која претходеше на денес поднесеното обвинение.
Дефиницијата или правнички кажано објективното битие на кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста гласи : Се казнува тој што со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија ќе предизвика или сериозно ќе се закани со предизвикување експлозија, пожар, поплава, или друго општествено дејствие или акт на насилство, создавајќи чуство на лична несигурност или страв кај граѓаните.
Дејствието на извршување е преземањето на општоопасно дејствие или акт на насилство. Општо опасното дејствие или акт на насилство треба да се од таква природа што треба да импутираат чувство на несигурност или страв кај граѓаните. Во субјективното битие на делото покрај умислата  влегува и намерата за загрозување на уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија. Уставниот поредок на нашата држава е состав на темелните вредности определени со чл.8 ст.1.
На денес одржаната прес конференција, државниот јавен обвинител, го прашавме на кој начин е поврден уставниот поредок, но за тоа не добивме конкретен и експлицитен одговор.
Соопштението на Јавното обвинителство по повод оваа постапка открива дека обвинителството утврдило дека обвинетите, со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста на државата, со цел да оневозможат избор на Претседавач и Претседател на собранието, предизвикале акт на насилство, со што го загрозиле животот на пратеници, новинари, овластени службени лица и вработени во законодавниот дом и создале чувство на несигурност, загрозување и страв кај граѓаните. Според обвинителството, обвинетите дејствувале со различни позиции и групи но во содејство и координација, со иста заедничка цел, да се оневозможи натамошно функционирање на законодавниот дом и парламентарното мнозинство.
Според наодите на истрагата, припремите за ова кривично дело започнале на 27 април преку телефонски повик во 14 часот и 30 минути кое го добило некое лице, а сега обвинето, да започне акција за мобилизирање на членството од Скопје и други градови за насилен удар во собранието, однапред знаејќи дека објектот на собранието не е соодветно обезбеден и заштитен од полициските сили. Интересно е што во соопштението кое ние беше дадено од обвинителството, нема информации за тоа кое е лицето кое му телефонирално на сега обвинетото лице за тоа, заедно со други обвинети да го мобилизира членството!
Основано може да се претпостави дека за обвинителството е познат идентитетот на тоа лице штом се знае дека му телефонирално на обвинетото лице во точно време. Ова, дотолку повеќе што не се откриваат ни информации за тоа дали се мисли на тоа да се мобилизира членството на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ или на членството на патриотските здруженија кои беа активни во тој период. Ова е особено важно да се потврди и разјасни за да се утврди дали некој функционер на политичка партија е лицето кое што се јавило на телефон или претседател или претставник на некое од патриотските здруженија на лицето кое е сега обвинето, а примило повик за мобилизирање на членството и да се одговори зошто ова лице не е опфатено со обвинението.
Имајќи во предвид дека ниту една партија, а ни граѓанско здружение не смее да делува против уставниот поредок и дека тоа треба јасно да го декларира во статутот, се поставува прашање зошто не е обвинета и политичката партија или граѓанското здружение?
Понатаму, со истрагата обвинителството детектирало група од десетмина кои организирале поголема група луѓе на кои им делеле маски – фантомки и заедно со нив, по претходен повик во 18ч58м се упатиле кон зградата на собранието. Државниот јавен обвинител не одговори, од кого оваа група го добила повикот во 18ч58м, т.е. кој наредил на оваа насилна група да влезе и да дивее во собранието, кое нешто е неспорно и беше евидентирано од многубројните снимки од инцидентот. Ако се знае дека некој од обвинетите добил повик во 18ч58м, мора да се знае и тоа од кого го добил повикот и наредбата за упад во собранието, смешувајќи се во толпата граѓани кои претходно протестирале. На прес конференцијата не се доби информација кое е ова лице и зошто не е опфатено со обвиненителниот акт.
Со обвинението, опфатена е и друга група на  четири обвинети како организатори на движењето “За заедничка Македонија”. Оваа група со потпалувачки говори ја разгореле нетрпеливоста на насобраните граѓани при што ги повикале и ги повеле граѓаните кон собранието. Поттикнатите граѓани, заедно со претходната група која носеле фантомки, ја прескокнале заштитната ограда околу собранието и се обиделе со туркање, удирање и кршење насилно да ја оторат влезната врата на собранието, во што не успеале заради безбедносната заштита на вратата.
Еден од обвинетите пратеници, според обвинението остварил телефонска врска со обвинето лице од групата која чекала пред вратата со што се обвинителството ја  утврдило и координацијата помеѓу овие две групи, притоа не наведувајќи во соопштението дали таа телефонска врска пратеникот ја остварил со лице од групата на движењето За заедничка Македонија или од групата на маскираните со фантомки. Со овој телефонски повик, сега обвинетите пратеници, заедно со тројца обвинети службени лица од собраниското обезбедување, отвориле две влезни врати со отстранување на металните заштитни греди и со тоа овозможиле влез на толпата граѓани и групата обвинети со фантомки и нивно насочување кон прес салата на собранието.
За тоа каков хорор се случуваше во прес салата на собранието, сметаме дека не е потребна дополнителна елаборација, од причини што снимките од премиерот Заев со раскрвавена глава и снимките од погибијата на Зијадин Села, се длабоко врежани во колективната меморија.
Додека траело насилството во собранието, двајца обвинети припадници на МВР кои се обвинети како помагачи, со цел да ги прикријат трагите за овој кривично правен настан одзеле 2 хард диска на кои биле снимките од дивеењето на обвинетите.
Со ова обвинение опфатени се и три лица, припадници на МВР, кои како овластени службени лица биле носители на златна и сребрена команда, кои не превземале службени дејствија во насока на распоредување на дополнителни посебни и специјални полициски сили за внатрешно и надворешно обезбедување на Собранието тој ден, а не издале ни наредби за евакуација, со што овозможиле непречено да се вршат акти на насилство и директно придонеле да се влезе во законодавниот дом и да се оствари целта на насилниот напад. На поставено прашање за тоа ако овие лица одговараат согласно нивната командна одговорност, зошто не е обвинет и тогашниот министер за внатрешни работи Агим Нухиу, кој не превземал ништо за да не дојде до ескалација на ситуацијата, а согласно неговата функција и тој имал командна одговорност, обвинителот Јовевски, не можеше да даде одговор.
Во соопштението е наведено дека покрај обвинетите, истрагата утврдила дека во организацијата на настаните биле вклучени и одреден број засега непознати лица, за што во следниот период ќе продолжи истрагата со цел да се расветли целосно настанот. Се поставува прашањето како во иднина ќе се идентификуваат другите сторители кои се засега непознати, ако до сега или после 11 месеци не се познати или се очекува некој поволен момент за да станат познати?
Според дел од бранителите на обвинетите, посојат противречности и недоречености во обвинението. Од доказите кои им биле достапни во истрагата, а кои се во огромен број, тврдат дека не постојат телефонски разговори помеѓу пратениците и некои од насилниците или организаторите на движењето ‘За заедничка Македонија”. За тоа биле вештачени сите телефони на пратениците и тоа не само телефонските разговори и пораки, туку и целокупната комуникација кои ја имале на апликациите вибер. Сметаат дека битието на кривичното дело и дејствијата што им се ставаат на товар на обвинетите не кореспондираат.  Безбедноста на државата не била загрозена, бидејќи ниту е објавена воена, ниту вонредна состојба, ниту пак имало тероризам, туку имало учество во толпа и насилство за што веќе претходно се донесени и пресуди. Го потенцираат и општо познатиот факт дека Таљат Џафери веќе беше избран за претседател на собранието, кога толпата влезе во собранието, со што неможе да се смета дека е загрозен уставниот поредок. Седницата на собранието за тој ден била завршена со што неможе да се смета дека обвинетите имали за цел да го нарушат уставниот поредок. Други бранители тврдат дека немало телефонски разговори помеѓу иницијаторите на движењето ” За заедничка Македонија”  и обвинетите од групата со фантомки која најповеќе дивееше и тепаше во собранието што се виде од снимките кои беа јасно објавени. Доколку навистина не постојат докази кои ја докажуваат поврзаноста на групата од движењето “За заедничка Македонија” со пратениците и со групата со фантомки и доколку не постојат докази за  нивниот претходен договор обвинението стои на климави нозе. Ова дотолку повеќе што за дел од обвинетите, обвинителството е исправено и пред уште една многу тешка задача, а тоа е да ја докаже умислата за сторување на ова конкретно кривично дело за дел од обвинетите, бидејќи сите не делуваат насилно. Посебно треба да се има во предвид и фактот, дека непосредно пред влегување на толпата во зградата на собанието, еден пратеник од албанска партија ја пееше албанската химна во парламентот, а и претседалеот на собранието не беше избран во стандардна деловничка процедура, што дополнително го комплицира докажувањето на  мотивите за сторување на  кривично дело  терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.
Дали обвинителството требаше да поднесе повеќе обвиненија за различни кривични дела за одделни групи од овие триестетина обвинети или токму вакво обвинение  нешто шо ќе се утврди со постапката и пресуда по овој обвинителен акт, доколку не биде вратен со Решение од судот на доработка по некој  приговор од одбраната. Искуството од досегашните постапки со волкав број на обвинети е дека ваквите постапки се поприлично не ефикасни, затоа што тешко се обезбедуваат услови за судење заради големиот број на обвинети и бранители во постапката кое присуство тешко се обезбедува на секоја закажана расправа.
(Р.С.)
 
(This post was last modified: 22-10-2018, 01:07 PM by ЈорданПетровски.)
21-10-2018, 07:40 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,763
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Кацарска ги исфрли од судница адвокатите на обвинетите за 27 арпил и ги казни со по 1 000 евра

[Image: 44113563_172478240353494_8188455574749315072_n.jpg]

16 октомври 2018 - Макфакс

Судијката Добрила Кацарска ги отстрани од судницата адвокатите на обвинетите во слуачјот за 27 април и ги казни со по 1000 евра. Адвокатите велат дека судијката Кацарска им се заканила дека обвинетите ќе добијат адвокати по службена должност.
Причина за исфрлањето, како што велат, е тоа дека од страна на судијката Кацарска биле обвинети дека го нарушуваат редот во судницата откако адвокатите се побуниле на лошите услови за работа во старата зграда на кривичниот суд.






„Бевме принудени да пишуваме белешки на колено што говори најважниот сведок во случајот. Ова е грубо прекршување на правото на одбрана на обвинетите. Парите од казните ќе му ги подариме на судот со нив да купат нова опрема за непречено да се одвиваат рочиштата. Денеска се случи она што го претпоставувавме“, велат адвокатите.
Адвокатите по одлуката на судијката Кацарска, исфрустрирани излегоа од судот.
Поради техничките проблеми што настанаа на почетокот на денешното рочиште при сведочењето на загрозениот сведок ЕС1, за насилниот упад во Собранието на 27 април, судечкиот совет што го води случајот одлучи сослушувањето да продолжи во старата зграда на Основниот суд Скопје 1 Скопје, каде што би се обезбедиле услови за понатамошно сведочење на скриениот сведок.
На самиот старт од денешното сведочење судијката Добрила Кацарска ја исклучи јавноста од рочиштето поради можноста да биде откриен идентитетот на сведокот.
 
Виктор Јованов
22-10-2018, 12:59 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,763
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Со исклучувањето на јавноста од судењето за „27 април“ повредено правото на фер судење 


[Image: helsinshki.jpg]

16.10.2018
Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија ја смета за незаконска одлука на судечкиот совет на Кривичниот суд за исклучување на јавноста од денешното рочиште за предметот „27 април“, со која, како што посочуваат, се повредува правото на фер судење и начелото на јавност на постапката како неизоставна компонента на ова право и како гаранција за фер и законито постапување на судовите.
Од Хелсиншкиот Комитет укажуваат дека во иднина јавноста треба да биде исклучена само и единствено кога се исполнети условите изричито прецизирани во членот 354 од ЗКП и во ниеден друг случај.
На денешното рочиште за предметот „27 април“ кој се води пред Основниот суд Скопје 1, а на кое рочиште требаше да се распраша заштитениот сведок на ОЈО, судечкиот совет соопшти дека ја исклучува јавноста, по барање на ОЈО, наведувајќи само дека е врз основа на член 354, без притоа да прецизира точно поради која од причините утврдени со овој член е причина за исклучување на јавноста.
Со тоа, како што стои во соопштението, на сите присутни како јавност, вклучително и на набљудувачите од Хелсиншкиот комитет за човекови права и од други домашни организации кои ја следат оваа судска постапка, не им беше дозволено да го мониторираат денешното рочиште и распитот на заштитениот сведок.
– Сепак, судскиот совет повикувајќи се на членот 355 став 2 од ЗКП дозволи да останат набљудувачите на Мисијата на ОБСЕ и на американската Амбасада во Скопје, со образложение дека истите имале соодветни протоколи за доверливост, се наведува во соопштението од Хелсиншкиот комитет.
Ваквата одлука на судечкиот совет за овој судски предмет, како што стои во соопштението, претставува повреда на начелото на јавност на постапката, кое е едно од основните начела за гаранција на правото на фер судење.
Имено, Законот за кривична постапка јасно и прецизно го уредува начелото на јавност на постапката и со членот 353 ст. 1 утврдува дека главната расправа во кривичната постапка е јавна, а по исклучок (член 354) јавноста може да се исклучи ако е тоа потребно заради чување на државна, воена, службена или важна деловна тајна, чување на јавниот ред, заштита на привантиот живот на обвинетиот, сведокот или оштетениот, заштита на безбедноста на сведокот или жртвата и /или заштита на интересите на малолетно лице.
Во конкретниов случај судечкиот совет при објавата на решението за исклучување на јавноста, не ги утврди и образложи точните причини за исклучување на јавноста наведени во членот 354 од ЗКП.
Распитот на заштитен сведок, сам по себе, не може да биде причина за исклучување на јавноста, токму од причина што безбедноста на сведокот е загрозена истиот е ставен под заштита и се испрашува во постапката според одредбите за распит на заштитен сведок (членови 228, 229, 230 и 338 од ЗКП). Со самото тоа што идентитетот на сведокот е заштитен (член 229) и истиот не се распрашува со директно присуство во судската сала туку преку технички уреди за пренос на слика и тон и замаглување на неговиот лик и глас ( член 230) се заштитува и гарантира безбедноста на заштитениот сведок. Од тие причини и законодавецот не одредил исклучувањето на јавноста да биде правило секогаш кога ќе се испитува заштитен сведок.
Од друга страна, како што посочуваат од Хелсиншкиот комитет, имајќи ја предвид чувствителноста и заинтересираноста на јавноста за овој предмет, од голема важност е јавноста постојано да биде вклучена и соодветно информирана за текот на постапката.
22-10-2018, 01:00 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,763
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Што e тоа што до последен момент ги премислуваше опозициските пратеници да гласаат „за“ уставните измени?

Вчерашната собраниска седница за пристапување кон уставни измени за промена на името најпрво беше закажана за во 12 часот, одложена за во 15 часот, па во 21 часот, за да на крајот почна некаде после 22 часот. Десет часа претседателот на Собранието Талат Џафери не ги викаше пратениците во собраниската сала да влезат и да гласаат. Се чекаа гаранциите дека владеачкото мнозинство обезбедило 80 гласа. Кои беа гаранциите?


[Image: mkd-395209.jpg?itok=OJWzP3ex]


Има многу шпекулации. Имаше и квалификација дека Собранието е претворено во сточен пазар. Игор Јанушев, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ синоќа изјави дека се работи за понуди кои одат и до еден милион евра за притиснато копче „за“ уставните измени.


[Image: mkd-395214.jpg?itok=sB9QPdM5]


Но, еве некои официјални информации за пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои партијата наскоро ќе ги исклучи затоа што, како што рече Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, тргнаа против волјата на граѓаните. „Се говори дека било ветувано ослободување од обвиненијата за кои денес е повеќе од јасно дека се дел од прогон кој има политичка намена, да ги уцени пратениците за да гласаат за овој договор. Велат дека биле и понудени пари, и дека наместо Собранието да биде храм на демократијата имавме киднапирана институција од ордите на Зоран Заев и неговите луѓе. За овој нивен чекор, на оние 8 пратеници од опозицијата, без оглед на фактот што и добар дел од нив се опфатени од случаите на политички прогони, тука мислам пред се на СЈО и 27 април, и што над глава им висат сериозни обвиненија кои можеби ќе ги чинат слобода, можеби некој ќе изрази разбирање, но јас како човек не можам да ги оправдам, ниту пак можам да ја разберам нивната постапка“, рече Мицкоски.


[Image: mkd-395215.jpg?itok=cKjCnZbd]


Непосредно по повикот на премиерот Зоран Заев судот во последните четири дена одлучува да го укине куќниот притвор на тројцата пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, обвинети во случајот за собраниските случувања на 27 април минатата година. Судот рече дека понудената гаранција, во имот и пари, била доволна гаранција дека тие нема да избегаат. Сите тројца, Крсте Мукоски, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски вчера гласаа за промена на името на Република Македонија.


[Image: mkd-395212.jpg?itok=O7B_lsKd]


За пратеникот Крсто Мукоски уште се истражува можната злоупотреба на службената должност со фирмата „Атриум“ од Вевчани, во сопственост на неговиот брат за договорот за варосување на помошни простории во „Телеком арената“ за 10 евра од квадрат.


[Image: mkd-395211.jpg?itok=eCQrYqby]

За пратеничката Владанка Авировиќ од Социјалистичката партија се знае дека нејзиниот син е еден од осудените во случајот со Сеад Кочан. Василие Авировиќ е осуден на три години затвор за незаконското добивање на тендер на ЕЛЕМ во случајот „Труст“ на СЈО. Судот наложи и на Сеад Кочан и на Василие Авировиќ да им биде конфискувана и имотната корист од тендерот или околу 17 милиони евра. На ред е Апелацискиот суд во Скопје да реши по нивните жалби.


Пратеничката Емилија Александрова, само 10 дена пред вчерашното гласање изјави дека е против промена на името. Официјално, на конференција за медиумите.
„Никаде во вашата програма (се обраќа на СДСМ-н.з.) немате дека ќе го менувате името и Уставот и немате мандат да го менувате уставното име на Репубика Македонија. Тука не се работи за чувства, ова е законодавен дом каде што работиме според Устав и закони, ја урнисавте правната држава, сакате да го урнисате и Уставот“, рече на 10 октомври Александрова додавајќи дека овој референдум е неуспешен и затоа не треба да се бара од пратениците да гласаат за промена на името и да не манипулираат со граѓаните.
Девет дена подоцна, Александрова гласаше сосема спротивно на оваа нејзина изјава.


[Image: mkd-395213.jpg?itok=pNdTYKKy]

И поранешната министерка за култура, актуелна пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ Елизабета Канческа-Милевска, вчера гласаше спротивно на партискиот став. И Милевска има одреден багаж од времето кога била министерка, што сигурно не ѝ дава мирен сон. Во случајот „Тендери“ на Специјалното јавно обвинителство првообвинета е Елизабета Канческа Милевска за тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, од проектот „Скопје 2014“. Канческа-Милевска е осомничена во случајот „Тендери“ бидејќи без почитување на Законот за јавни набавки и без спроведување на јавно наддавање склучила договор со изведувач за дополнителни градежни активности на Музејот на ВМРО. Тендерот бил во корист на градежната фирма АД „Бетон-Штип“, а со овој договор бил оштетен државниот буџет во износ од 1 милион вера.
Овие пратеници, рече Мицкоски по синоќешното гласање, ја разочараа партијата и татковината, и со тоа ќе треба да живеат.


МКД.МК
22-10-2018, 01:02 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,763
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Разумни барања на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за влез во НАТО и во ЕУ

Да се пристапи во наредната, но не и конечна фаза, на дискусија по уставните амандмани, само под следните услови од чие исполнување ќе зависат и нашите идни ставови и нашата конечна поддршка за Уставните измени, наведоа пратениците.

[Image: sobranie1.jpg]


20/10/2018 12:18
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кои синоќа гласаа за почеток на измените на Уставот и пратеници од оваа партија кои сакаа да гласаат за измените, но не го сторија тоа на вчерашната седница на Собранието, доставија писмени предлози со кои го условуваат своето однесување во натамошниот процес на уставни измени.
Го објавуваме оргиналниот текст на нивните предлози:
„Тргнувајќи од неопходноста, стремежот и правото, македонскиот народ да си го зачува сопствениот идентитет, јазик и култура и затварањето на македонското прашање еднаш засекогаш во корист на македонскиот народ со што ќе се стави крај на сите соништа за големи држави, кои имаат за цел да го загрозат територијалниот интегритет и суверенитет на македонската држава и македонскиот народ;
Потенцирајќи ја неопходноста од градење на граѓанско општество и еднаквост на македонскиот народ и сите останати народи кои живеат во Република Македонија, доследна примена на Охридскиот рамковен договор и грижа и уважување на правата на сите заедници во нашата татковина;
Реализирајќи ја обврската за надминување на состојбата на длабока поделеност во општеството, особено длабоката поделеност на македонското национално ткиво;
Водејќи се од обврската на македонското национално единство и победувајќи ги засекогаш концептите на ваша и наша Македонија, поделбите на предавници и патриоти кои доведоа до тоа брат на брат да тргне, да се растураат семејства, судбини, и да се побели македонското национално ткиво до тој степен како да станува збор за два различни и спротиставени народи, до степен брат брата да мрази и напаѓа и македонецот да крене рака на македонецот; Живеејќи со верба Македонија да стане економски просперитетна и напредна европска демократија на слободни и рамноправни граѓани, ослободени од било каква дискриминација;
Имајќи во предвид дека е неостварливо очекувањето Република Македонија да стане полноправна членка на НАТО и ЕУ без решавање на спорот со Република Грција, а особено фактот што Република Грција нема да дозволи влез на Република Македонија во НАТО и ЕУ под уставното име, како и фактот што сите изјави на релевантните меѓународни преставници се во правец на тоа дека членството на Република Македонија во овие организации е можно само со целосна имплементација на договорот од Преспа;
Поаѓајќи од фактот што позициите на Република Македонија во преговорите за проблемот што Република Грција го има со уставното име на Република Македонија се неповратно загубени и не може да се очекува во иднина Република Македонија да се стекне со подобри позиции ниту да издејствува подобар договор од веќе потпишаниот договор од Преспа;
Ние, група пратеници со верба во Македонија и нејзината иднина, целосно свесни за историскиот момент и одговорност пред минатите, сегашните и идните генерации

ПРЕДЛАГАМЕ:
Да се пристапи во наредната, но не и конечна фаза, на дискусија по уставните амандмани, само под следните услови од чие исполнување ќе зависат и нашите идни ставови и нашата конечна поддршка за Уставните измени:

1. Прифаќање на амандман на Уставот со кој ќе се гарантира македонскиот идентитет

2. Прифаќање на одредба на Уставот со која ќе се гарантира дека доколку Република Грција не го ратификува договорот и повторно ги попречува евро-атлантските интеграции на Република Македонија, ќе има безусловно поништување на сите прифатени уставни амандмани кои произлегуваат од имплементацијата на договорот од Преспа

3. Постепена промена на името за внатрешна употреба, следејќи го процесот што води кон полноправно членство на РМ во ЕУ

4. Прифаќање на иницијативата на Претседателот на Владата на Република Македонија г. Зоран Заев искажана на 61-та седница на Собранието на Република Македонија на 15 октомври 2018 година, за простување во врска со настаните на 27 април 2017 год. во Собранието на Република Македонија и сеопфатно национално помирување, со формирање на собраниско тело составено од шефовите на пратеничките групи, тројца пратеници и Претседателот на Собранието на Република Македонија кои ќе изготват и предложат до Собранието план за национално помирување, во рок од 30 дена“.






Quote:Помирување ќе има, се чека Талат Џафери од Чешка




22/10/2018 
Помирување во Собранието ќе има, но процесот треба да почне под диригентската палка на собранискиот претседател Талат Џафери, откако тој ќе се врати од Чешка каде што е во официјална посета заедно со пратеничките Јагода Шахпаска, Владанка Авировиќ и Теута Билали, велат извори од Собранието.
Ова прашање се очекува да биде поставено во среда кога ќе има и кооринација на пратеничките групи со собранискиот спикер во врска со продолжението на 60. седница закажана за 24 октомври. Засега ни контурите на парламентарното тело за помирување не се исцртани.
Парламентарците немаат ништо конкретно на хартија, освен барањата на пратениците од опозицијата кои гласаа за уставни измени, а меѓу кои е и барањето да се прифати предогот на премиерот Зоран Заев за помирување и простување на крвавите настани од 27 април.
Освен од тројцата обвинети пратеници за настаните на 27 април, Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски кои гласаа за потребата од уставни измени според Преспанскиот договор, потребата од собраниското тело за помирување доби поддршка и од останатите пратеници што кренаа „за“ измените во македонскиот Устав, но не и од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Според пратеничката Дафина Стојаноска, неприфатлив и задоцнет е предлогот за  помирување зашто сега тоа има цел да се смени Уставот и уставното името на државата. Таа смета дека ваков предлог требало да биде инициран во периодот кога се гласало за одземање на пратеничкиот имунитет на обвинетите пратеници и пред  нивните колеги да завршат во затворските ќелии.
Наспроти ваквиот став на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, во групата нивни колеги кои ја прифатија поддадената рака на премиерот ваквиот потег го оценуваат како добронамерен и како што вели за Плусинфо пратеничката Емилија Александрова,  очекуваат неделава да се прецизираат деталите.
Очекувања да бидат дел од работната група за помирување имаат и во Беса на Билал Касами. Пратеникот Фадил Зендели вели дека сакаат да помогнат во процесот на помирување што го понуди премиерот Заев и очекуваат покана за учество во формирањето на собраниското тело.
(This post was last modified: 25-10-2018, 12:30 PM by ЈорданПетровски.)
22-10-2018, 01:06 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,763
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Талат Џафери ќе ја води комисијата за помирување


24.10.2018
Комисијата за помирување што треба да се формира на иницијатива на осумтемина пратеници, најверојатно ќе ја води претседателот на Собранието Талат Џафери. Се чека само ставо на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Ова бил еден од заклучоците на средбата на координаторите на пратеничките групи со првиот човек на Собранието, прва средба по настаните во петокот и гласањето за уставните промени.
Во Собранието се очекува информација и за нова пратеничка група на осумтемината пратеници од опозицијата кои гласаа „за“ уставни промени. Тие треба да соопштат како ќе дејствуваат понатаму во Парламентот, после нивното исклучување од страна на ВМРО ДПМНЕ.
 
25-10-2018, 02:25 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,763
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Стоилковски: ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во комисии за селективна слобода


24.10.2018
ВМРО–ДПМНЕ пред неколку месеци најави поднесување Закон за амнестија за сите инволвирани во случајот од 27-ми април, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.
Тој истакна дека власта сега со најави за некакви комисии или форуми во Собранието за наводна правда, не прави ништо друго освен обид за замајување на јавноста и обид за селективна правда што во суштина е неправда.
-ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во комисии кои треба да обезбедат селективна слобода само за оние кои учествуваа во гласањето за потреба за уставни измени произлезени од договорот со Грција. Затоа ќе поднесеме предлог закон за амнестија за сите инволвирани во случувањата за 27-ми април и власта доколку е за вистинско помирување и правда за сите, истиот предлог ќе го прифати. Текстот на овој предлог закон ВМРО-ДПМНЕ ќе го поднесе на разгледување до сите парламентарни партии, истакна Стоилковски.



Quote:СДСМ: Пионот Мицкоски и раководството на ВМРО ДПМНЕ не знаат што значи помирување

24.10.2018
СДСМ се јави со реакција на пресот на Стоилковски. Тие сметаат дека раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоскине знае што значи тоа помирување и национално обединување.
„Пионот Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ треба да сфатат дека заврши времето кога некој монтираше случаи и диктираше судски пресуди. Ниту законодавната, ниту извршната власт не можат и не смеат да се мешаат ниту пак да влијаат врз судството.
На Македонија и е потребно помирување и национално обединување околу иднината на државата, околу стратешките интереси за членство во ЕУ и НАТО. Овој процес започна од Собранието и ќе продолжи во интерес на Република Македонија.
Пионот на Мицкоски раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба да разберат дека помирувањето не значи ослободување од одговорност за криминал, правда мора да има.
Македонија е правна држава, има независно судство коешто работи неселективно и единствено според законските прописи.“ се вели во соопштението.
25-10-2018, 02:27 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,763
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

(22-10-2018, 01:06 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Разумни барања на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за влез во НАТО и во ЕУ



4. Прифаќање на иницијативата на Претседателот на Владата на Република Македонија г. Зоран Заев искажана на 61-та седница на Собранието на Република Македонија на 15 октомври 2018 година, за простување во врска со настаните на 27 април 2017 год. во Собранието на Република Македонија и сеопфатно национално помирување, со формирање на собраниско тело составено од шефовите на пратеничките групи, тројца пратеници и Претседателот на Собранието на Република Македонија кои ќе изготват и предложат до Собранието план за национално помирување, во рок од 30 дена“.



За обвинетите  пратеници за случувањето од 27.04, простувањето значи амнестија!! Дали откако ке се донесе законот за амнестија Заев ке тврди дека тој не  е виновен  туку дека вината е кај пратениците , тие го изгласале законот за амнестија. Така и Груевски глумеше кога беше изгласана амнестија на убијците на цивили Македонци.


Quote:Власта нуди помирување, опозицијата бара амнестија за 27 април

25.10.2018
Власта и натаму за залага за помирување меѓу пратениците и сите политички субјекти во земјата со цел обединување околу стратешките цели – членството во ЕУ и НАТО, додека опозициската ВМРО-ДПМНЕ инсистира за амнестија за сите инволвирани во настаните во Собранието од 27 април. Веќе е најавено формирање на собраниска комисија за помирување. Иницијативата за нејзино формирање дојде од осумтемина пратеници од опозицијата, кои минатиот петок дадоа поддршка за отпочнување на процесот за уставни измени.
Претседателот на Собранието Талат Џафери најверојатно ќе ја води комисијата за помирување, но сега засега се чека на ставот на пратеничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Ова беше еден од заклучоците на вчерашната средба на координаторите на пратеничките групи со претседателот на Собранието Џафери, прва по гласањето за уставни измени во петокот.
Премиерот Зоран Заев повтори дека кога повикува на помирување во национално обединување во Парламентот, всушност нема намера да се меша во работата на правосудните органи. За него случувањата во опозицијата се внатрепартиски работи и рече дека верува во силна опозиција, во силно ВМРО-ДПМНЕ.
-Тоа е добро и за државата, тоа е добро и за СДСМ, затоа што само тогаш државата ќе има бенефит, нагласи премиерот, кој исто така додаде дека верува во полн четиригодишен мандат и не смета дека треба да има предвремени парламентарни избори.
Повика за државнички ориентираност и државна одговорност, а партиите да се стават на второ.
-Јас ќе продолжам да бидам внимателен во целиот овој процес, заради тоа што верувам дека можеме сите заедно да се сплотиме и да ја истуркаме оваа работа до крај на еден достоинствен начин, онака како што личи на земја, со доминантна определба за членство во НАТО и ЕУ, со доминантна определба да обезбеди иднина за сегашните и идните генерации, нагласи Заев.
25-10-2018, 12:38 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,763
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:Упад во правосудството или селективна правда?!

Предлог-законот за амнестија, што го подготви опозициската ВМРО-ДПМНЕ, уште невлезен во Собранието удри во политички ѕид

[Image: sob-3.jpg]
28.10.2018
Уште нестигнат во Собранието на РМ, предлог-законот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за амнестија на сите лица вклучени во настаните од 27 април минатата година, според првичните реакции на власта, веќе јасно се гледа дека ќе наиде на политички ѕид. Со тоа, пратениците одново ќе се најдат поделени.
Но, овојпат изборот се сведува на избор меѓу амнестијата од една страна и најавеното помирување од друга.


Quote:Ако намерите на СДСМ се искрени, сега е моментот да го изгласаат законот и да го тргнат товарот од сите луѓе што беа во случувањата на 27 април, нагласи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.


[Image: dimsa-arsovski-640x360.jpg]


Владејачкиот СДСМ, пак, ваквиот предлог веднаш го оцени како брутален упад во правосудството.


Quote:Како одговорна и државотворна партија се водиме да го почитуваме принципот на правна држава и во таа насока може да зборуваме за подавање рака и за помирување, но никако не може да зборуваме за амнестија,изјави пратеникот од СДСМ, Костадин Костадинов.


[Image: kos-1-640x331.jpg]


Значи, власта и опозицијата се наоѓаат, што би се рекло, меѓу чеканот и наковалната. Ако амнестијата е брутален упад во правосудството, тогаш подавањето рака за помирување може слободно да се сведе на отворено стравување од селективна правда, што, пак, е многу пострашна и од неправдата. Дотолку повеќе, што помирувањето претставува долготраен процес и засега нема некоја препознатлива визија кој и за што точно треба тоа да го стори.
Но, ова не е случајно. Зашто, во крајна линија се се сведува на купување време во пресрет на дебатата за уставните амандмани за промена на Уставот, согласно договорот со Грција. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ јасно стави до знаење дека нема да учествува во работата на, како што го нарекоа, фингирано собраниско тело, како тоа за помирување, ниту, пак, во дебатата за уставните амандмани.
Јадицата или, ако сакате дудинката, околу помирувањето ја фрли лично премиерот Зоран Заев, а неа некако „многу лесно„ ја проголтаа „кленовите„ видени како осуммината опозициски пратеници, кои гласаа „за„ уставните промени. Тие сега ќе настапуваат како посебна пратеничка група и, што е посебно важно, власта ги намести самите да треба да објаснуваат зошто и како го замислуваат помирувањето!
Притоа, најмалку важно е како ќе се именуваат. Зашто, самите, како што посочија, ќе го задржат предзнакот ВМРО. Некои портали, на пример Трибуна.мк, на шега или подбив ги именуваа како ВМРО (мијалковистичка).


[Image: 44426270_253273965370992_118228328831673...40x426.jpg]


Она што е важно е што тие, со барањето за помирување, признаваат дека не само настаните од 27 април, туку и севкупното владеење на ВМРО-ДПМНЕ претставувало авторитарен, диктаторски систем, во кој имало систематски злоупотреби, жртви и масовно кршење на човековите права и слободи!? Па, сега, одеднаш, откако минале години и години на високи државни функции, се „просветлиле„ и бараат прошка и помирување. Што, нели, е доблесно и човечки.
Само што, во суштина, не е баш така. Зашто, во целата заднина стои промената на името на државата и на Уставот. А, во тој случај како основно се поставува сосема друго прашање. Ако не се согласувале со политиката на партијата на која колку до вчера и припаѓаа околу НАТО и ЕУ, зошто не си поднеле оставки од функциите на времето?! Или, тогаш се им било потаман, толку потаман, што човек едноставно да се запраша зошто, воопшто, ВМРО-ДПМНЕ и ја изгуби власта?!

[Image: 44172506_174777520113913_300321811178559...40x426.jpg]


Но, сега некој друг, кој не се согласува со договорот со Грција, со промената на името на државата и на Уставот, гледано во контекст на партијата на која и припаѓаа и новото раководство,треба да го преземат тешкото бреме за се она за што ќе се бара помирување!? Политика отсекогаш била карта, а картата е курва.



28-10-2018, 02:21 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,763
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Quote:Интегрален текст од предлог законот за амнестија кој го поднесе ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ до Собранието поднесе Предлог закон за амнестија на лицата осомничени, обвинети и осудени за собраниските настани од 27 Април 2017 година, по скратена постапка.

Во продолжение ви го пренесуваме интегрално текстот од Предлог законот

ОЦЕНКА НА СОСТОЈБИТЕ ВО ОБЛАСТА ШТО ТРЕБА ДА СЕ УРЕДИ СО ЗАКОНОТ И ПРИЧИНИ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ

Со Законот за амнестија на лицата осомничени, обвинети и осудени за собраниските настани од 27 Април 2017 година се предвидува и уредува начинот на ослободување од кривично гонење, запирањето на поведените кривични постапки и целосното ослободување од издржување на казната затвор на лицата осомничени и обвинети во судските постапки кои се водат пред судовите на територија на Република Македонија, а во врска со настаните во Собранието на Република Македонија од 27 Април 2017 година.

Со законот се определува и бришење на осудата и се укинува правната последица на осудата заклучно со денот на влегување на законот во сила.

ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА

Основната цел на Предлог-законот е амнестија за сите инволвирани во случувањата од 27 април, со цел национално помирување и враќање на нормалните текови во државата.

III.ОЦЕНА НА ФИНАНСИСКИТЕ ПОСЛЕДИЦИ ОД ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОНОТ ВРЗ БУЏЕТОТ И ДРУГИТЕ ЈАВНИ ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА

Спроведувањето на овој закон, не предизвикува финансиски последици врз Буџетот на Република Македонија и другите јавни финансиски средства.

ОЦЕНА НА ФИНАНСИСКИТЕ СРЕДСТВА ПОТРЕБНИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ, НАЧИНОТ НА НИВНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ, ПОДАТОЦИ ЗА ТОА ДАЛИ СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ЗАКОНОТ ПОВЛЕКУВА МАТЕРИЈАЛНИ ОБВРСКИ ЗА ОДДЕЛНИ СУБЈЕКТИ

За спроведување на овој закон не се потребни дополнителни финансиски средства од Буџетот на Република Македонија

V. СКРАТЕНА ПОСТАПКА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ

Со оглед на тоа што не е во прашање сложен и обемен закон, согласно член 170 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, се предлага Собранието да расправа по Предлогот на законот по скратена постапка.

ПРЕДЛОГ – ЗАКОН

ЗА АМНЕСТИЈА НА ЛИЦАТА ОСОМНИЧЕНИ, ОБВИНЕТИ И ОСУДЕНИ ЗА СОБРАНИСКИТЕ НАСТАНИ ОД 27 АПРИЛ 2017 ГОДИНА

Член 1

(1) Со овој закон се ослободуваат од кривично гонење, се запираат поведените кривични постапки и целосно се ослободуваат од издржување на казната затвор (во натамошниот текст: „амнестија“) лицата:

осомничени и обвинети во судските постапки кои се водат пред судовите на територија на Република Македонија, а во врска со настаните во Собранието на Република Македонија од 27 Април 2017 година за кои постои основано сомнение дека до денот на влегувањето во сила на овој закон, сториле кривични дела согласно член 384 – Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие, согласно член 386 – Насилство, согласно член 385 – Учество во толпа што ќе изврши кривично дело и кривично дело согласно член 313 – Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од Кривичниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр. 37/96, 80/99, 4/02, 43/03, 19/2004, 81/05, 60/06, 73/06, 87/07, 7/08, 139/08, 114/09, 51/11, 135/11, 185/11, 42/12, 166/12, 55/13, 82/13, 14/14, 27/14, 28/14, 41/14, 115/14, 132/14, 160/14, 199/14, 196/15, 226/15 и 97/17) и други кривични и прекршочни дела согласно со позитивно-правните прописи во Република Македонија,
лицата осудени со правосилна пресуда на казна затвор за кривични дела пропишани со Кривичниот законик и/или други закони, кои на денот на влегувањето во сила на овој закон започнале со издржување на казната затвор во казнено-поправните установи во Република Македонија, а во врска со настаните во Собранието на Република Македонија од 27 Април 2017 година.

(2) Се определува бришење на осудата и се укинува правната последица на осудата заклучно со денот на влегување на сила на овој закон.

Член 2

(1) Постапката за примена на овој закон за лицата против кои е во тек кривична постапка, ја поведува по службена должност првостепениот суд пред кој се води постапката, надлежниот јавен обвинител или осомниченото, односно обвинетото лице, односно лице кое во корист на обвинетиот може да изјави жалба.

(2) Постапката за примена на овој закон за лицата кои не отпочнале со издржување на казната затвор, постапката по службена должност ја поведува надлежниот првостепен суд што ја донел пресудата, по барање на надлежниот јавен обвинител или по барање на осуденото лице на кое се однесува амнестијата, односно лице кое во корист на обвинетиот може да изјави жалба.

(3) Постапката за примена на овој закон за лицата кои се правосилно осудени ја поведува по службена должност казнено-поправната установа во која осуденото лице ја издржува казната затвор.

(4) Решението за амнестија според одредбите од овој закон го донесува судот што ја донел првостепената одлука, во рок од пет (5) дена од денот на приемот на барањето.

Член 3

(1) Против решенијата од член 2 на овој закон жалба можат да поднесат јавниот обвинител, лицата на кои се однесува амнестијата и лицата кои во нивна корист можат да изјават жалба во рок од три (3) дена.

(2) По жалбата против решението на првостепениот суд одлучува непосредно повисокиот суд, во рок од три (3) дена.

Член 4

Доколку со овој закон не е поинаку определено, во постапката за спроведување на овој закон се применуваат одредбите од Законот за кривична постапка.

Член 5

Упатство за спроведување на овој закон го донесува Министерот за правда во рок од три (3) дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Член 6

Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ НА ПРЕДЛОГ– ЗАКОНОТ

ЗА АМНЕСТИЈА НА ЛИЦАТА ОСОМНИЧЕНИ, ОБВИНЕТИ И ОСУДЕНИ ЗА СОБРАНИСКИТЕ НАСТАНИ ОД 27 АПРИЛ 2017 ГОДИНА

ОБЈАСНУВАЊЕ НА СОДРЖИНАТА НА ОДРЕДБИТЕ НА ПРЕДЛОГ НА ЗАКОНОТ

Со членот 1 се определуваат лицата кои се ослободуваат од кривично гонење, за кои се запираат поведените кривични постапки и целосно се ослободуваат од издржување на казната затвор, а со ставот (2) се определува бришење на осудата и укинување на правната последица на осудата заклучно со денот на влегување на сила на овој закон.

Со членот 2 се предвидува постапката за примена на овој закон од страна на судот, обвинителството и казнено-поправните установи.

Членот 3 предвидува поднесување на жалба по решенијата од членот 2.

Со членот 4 се предвидува дека доколку со овој закон не е поинаку определено, во постапката за спроведување на овој закон ќе се применуваат одредбите од Законот за кривична постапка.

Членот 5 предвидува да се донесе Упатство за спроведување на овој закон од страна на Министерот за правда во рок од три (3) дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Членот 6 го уредува влегувањето во сила на законот.

МЕЃУСЕБНА ПОВРЗАНОСТ НА РЕШЕНИЈАТА СОДРЖАНИ ВО ПРЕДЛОЖЕНИТЕ ОДРЕДБИ

Решенијата содржани во одредбите се меѓусебно поврзани и чинат една правна целина.

III. ПОСЛЕДИЦИ ШТО ЌЕ ПРОИЗЛЕЗАТ ОД ПРЕДЛОЖЕНИТЕ РЕШЕНИЈА

Предлогот на законот ќе обезбеди амнестија за сите инволвирани во случувањата од 27 април.
30-10-2018, 01:04 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,763
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

Quote:Над 200 години затвор за упадот во Собранието


Објавено: 16-03-2019
[Image: Presudi-za-27-april-6-bg_resize.jpg]

По речиси седум месеци од почетокот на судскиот процес за крвавиот упад во Собранието, 16 обвинети вчера беа осудени на вкупно 211 години затвор. На сите нив судот синоќа им одреди притвор или им ја продолжи оваа мерка до правосилноста на пресудата. Осудените оставија впечаток дека високите затворски казни ги очекувале и не ги изненадиле, но нивните семејства што беа дојдени да ги слушнат пресудите не можеа да ги скријат емоциите.


[Image: Presudi-za-27-april-Mitko-Cavkov-5-bg_resize.jpg]


На највисока затворска казна од 18 години беше осуден поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, кој беше донесен од притвор во судница со лисици на рацете. Неговите колеги од оперативниот штаб што го формирал Чавков, Митко Пешов и Душко Лазаров, осудени се на 15 години затвор. Телохранителот на поранешниот собраниски спикер, Горан Ѓошевски-Леви исто така е осуден на 15 години затвор, а неговиот колега Оливер Поповски на 13 години. Обвинетиот Оливер Радулов, кој беше обвинет за помагање, е осуден на 10 години затвор, додека поранешниот вработен во Агенцијата за разузнавање, Мунир Пепиќ, доби 15 години затвор. На 12 години затвор се осудени обвинетите: Младен Додевски кој влегол во Собрание со фантомка, Горанче Ангеловски-Ќосето и Игор Југ. По 15 години затвор добија Јане Ченто, Влатко Трајковски и Никола Митревски-Кољо. На 14 години е осуден Вилијам Трајковски. Најниски затворски казни, под законскиот минимум, добија припадникот на собраниското обезбедување Абдулфета Алими и Александар Василевски-Нинџа. Алими се товари дека ги донел клучевите за да се отворат вратите во Собрание, но како олеснителна околност судот го зеде предвид тоа што му го спаси животот на пратеникот Зијадин Села кој беше најтешко повреден. Нинџа, пак, според судот не бил воопшто во Собранието и никого не тепал, но јавноста го памети неговото сведочење во кое откри дека цел упад се организирал и се координирал од штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Сите се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок. Единствено ослободен беше оперскиот пејач Игор Дурловски, бидејќи обвинителството не обезбедило докази дека тој извршил кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок. Влегол во Собранието, но никого не тепал. Судечкиот совет на барање на обвинителството на сите обвинети кои беа во притвор им го продолжи притворот, а оние кои беа во куќен притвор или се бранеа од слобода завршија во притвор во Шутка.


[Image: Presudi-za-27-april-Igor-i-Ana-Durlovski...resize.jpg]


Судијката Добрила Кацарска повеќе од половина час ја образложуваше пресудата и од доказите утврдила дека упадот бил организиран и координиран.
„Сликите, пред сè, од раскрвавените глави на пратениците, ќе останат врежани во сеќавањето кај граѓаните. Ова е настан кој, за жал, влезе во историјата на Република Северна Македонија запишан со црни букви. Најголем дел од обвинетите во своја одбрана зборуваа дека биле изманипулирани, излажани, а некои во Собранието влегле од љубопитност, но судот во никој случај не може да прифати ваква одбрана со оглед дека тие биле свесни за своите постапки. Се зборуваше за емоции, наводно биле поведени од емоции кон татковината, но за какви емоции станува збор кога има насилство, урнисување на Собранието. Зарем татковината се сака со тепање на пратеници, новинари и овластени службени лица. Не, тука не може да стане збор за патриотизам, тоа не е патриотизам“, порача Кацарска.


[Image: Dobrila-Kacarska-1-bg_resize.jpg]


Чавков и припадниците во МВР, кои биле членови на оперативниот штаб „Платформа“, се осудени бидејќи, иако знаеле за тепањето во Собранието, не издале наредба и не ги повикале специјалните полициски единици, а Чавков во моментот на упадот, наместо во МВР, бил во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Членот на обезбедувањето на собранискиот спикер Ѓошевски-Леви, како поранешен инспектор во полициската станица во Автокоманда, се познавал со Кољо и ја упатувал толпата кон прес-центарот, каде што мета им биле пратениците кои формирале мнозинство и избрале нов претседател на Собрание, конкретно пратеникот Села кој едвај преживеа и поранешниот пратеник и сегашен премиер, Зоран Заев. Нинџа ја организирал групата која упадна во Собрание и бил цело време во комуникација со поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, а другите обвинети тепале и пратеници и новинари.
Обвинителката што го водеше случајот, Вилма Русковска, не дојде на пресудата бидејќи била службено во странство, а обвинителката Ивана Трајчева рече дека со пресудата правдата е задоволена. Деветмина од обвинетите се наоѓаат во притвор, но обвинителката побара притвор и за другите обвинети кои се во куќен притвор или се бранат од слобода, со образложение дека може да избегаат поради висината на казната.


[Image: Ivana-Trajceva-1-bg_resize.jpg]


Со оваа пресуда се казнети само дел од учесниците во крвавиот четврток. За овој случај како неправда ќе виси Законот за амнестија што го изгласаа пратениците и со кој се спасија 15 обвинети, меѓу кои и пратениците што ги отворија вратите и за кои  обвинителката Русковска е согласна дека ако тие не ги отвореле вратите, немало да се случи крвавиот четврток. На Законот за амнестија се осврна и судијката Кацарска која рече дека судот го разбира револтот на обвинетите за нееднаквиот третман кога за амнестираните беше запрена кривичната постапка.
„Не може да стане збор дека согласно со Законот за амнестија сите обвинети можеа да бидат амнестирани, ниту оние што беа амнестирани да бидат ослободени од кривична одговорност ако доказите го докажуваат спротивното, извршување на кривичното дело кое им се става на товар“, рече Кацарска.


[Image: Presudi-za-27-april-4-bg_resize.jpg]


Истрагата за организаторите, која треба да го заокружи овој процес, сè уште не е завршена, но се помести од мртва точка кога обвинителството ги откри и ги осомничи дел од организаторите. Според обвинителството, упадот го организирал поранешниот премиер Никола Груевски, но доказите за него се собраа неколку месеци откако избега. Освен Груевски за организацијата е осомничен поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски кој од притвор го спаси пратеничкиот имунитет, поранешните министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, разузнавачот Никола Бошкоски кој е во бегство во Грција, а неколку месеци во притвор е и поранешниот шеф на УБК, Владимир Атанасовски. Судскиот процес за упадот во Собранието почна на 22 август. Обвинетите тогаш беа пречекани како херои, а вчера на пресудата само неколку членови од семејството и познатиот поддржувач на поранешната власт, Бате Геле, ги чекаа пресудите пред судот.
Ќосето сакал да остане во притвор со другарчињата
Горанче Ангеловски-Ќосето, откако беше осуден на 12 години казна затвор, истакна дека нема да бега, бидејќи за тоа немал пари.
„Супер ми е со другарчињата во ‘Шутка’, па затоа барам да си останам таму. Немам пари сега да си отидам до  Велес, а не пак да бегам. Немам пари бидејќи јас не крадев“, рече Ќосето, цело време смеејќи се.


[Image: Presudi-za-27-april-Igor-Jug-1-bg_resize.jpg]p


Југ: Се чувствувам понижен, и јас требаше да добијам 15-ка
Обвинетиот Игор Југ, кој беше осуден на 12 години затвор, порача дека никогаш не би ги предал своите татковини, а во ваква ситуација, во неговата вистинска татковина – Хрватска, би бил прогласен за херој.
„Вие оценете дали сум човек кој би предал семејство во кое мојата сопруга е самохрана мајка на четири малолетни деца. Финансиската состојба ми е, што би рекле во Куманово, ‘голо куче би побегнало’. Терористи се кријат во африкански, јужноамерикански држави. Својата слобода ја плаќаат со милионски суми. Со што би ја платил слободата? Би дресирал кучиња на Орбан? Се чувствувам понижен, требаше и јас 15-ка да изедам. Немам што да ви кажам. Ќе ве поздравам на мојот мајчин јазик ‘За дом спремни, увјек и навјек’“, рече Југ.


ВМРО-ДПМНЕ: Пресудите се политичка неправда
Пресудата за случајот 27 април е резултат на политички монтиран процес и производ на евидентна неправда, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
„Политички пресуди од вкупно 211 години затвор се вика погребување на правото. Се потврди нашето тврдење дека казните ќе бидат драконски, не затоа што се праведни, туку спротивното, затоа што во овој случај се суди според политички мотиви, а не правни факти. Јасно е дека драконските казни се резултат на политички процес во пресрет на изборите. Тоа е последица на нервозата и паниката кај Заев. Треба да знае дека пресудите и прогонот нема да му помогнат, туку само ќе го тонат подолу“, рече Јанушев.

Фросина Факова-Серафиновиќ




Денеска стана јасно дека онаа што го говорат многумина дека државата се распаѓа е неточно. Наместо Заев , Таљат и сите кои учествуваа во Државниот удар на 27.04 денеска да ги слушнаа пресудите , оние кои се обидоа да го спречат Државниот удар денеска добија драконскиве казни!! Казни со НЕПОСТОЕЧКО обвинение за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“!!
16-03-2019, 10:26 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,763
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Quote:ВМРО-ДПМНЕ: Доказ за политичкиот прогон се нарачаните и однапред напишани, неосновани драконски пресуди за 27 април

16.03.2019
ВМРО- ДПМНЕ смета дека Македонија е заробена држава. Заробена, како што велат од партијата, од заевизмот, систем на владеење кој ја укина правната држава и владеењето на правото во Македонија.
-Мафијашкото владеење на Зоран Заев и неговиот клан се базира врз политичкиот прогон на сите кои мислат поинаку. Оние кои први го кренаа гласот против оваа одродена и криминална власт, станаа првите жртви на нејзиното владеење. Македонија е единствената држава во демократска Европа во која во 21 век во затворите се уште има политички затвореници, луѓе кои таму се наоѓаат само поради различните политички ставови со Зоран Заев, потенцираат од партијата.
Според ВМРО- ДПМНЕ, Кацарска судството и Русковска обвинителството се симболи на заевизмот, симбол на неостварените ветувања за правда во Македонија, симболи на политичкиот реваншизам кој не бира средства и начини за вршење тортура врз оние кои мислат поинаку од власта.
-Доказ за политичкиот прогон во Македонија се нарачаните и однапред напишани, неосновани драконски пресуди за 27-ми април. Доказ за политичкиот прогон е и преседанот со апсењето на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков кој беше приведен на мафијашки начин со измислена службена белешка, и покрај дадената парична гаранција, само неколку дена пред да биде изречена пресудата за политички монтираниот случај за 27-ми април, оценуваат од ВМРО- ДПМНЕ.
Оттаму потенцираат дека правото и правдата во Македонија мора да се вратат.
-На заевизмот кој е реминисценција на криминалната транзиција мора да се стави крај. Победата на Гордана Силјановска Давкова на претседателските избори ќе го најави враќањето на правото и правдата во Македонија, ќе го најави поразот на Заевизмот и враќањето на правдата во нашата држава. Правната држава ќе се врати во моментот кога Зоран Заев ќе стане минато на македонската политичка сцена, велат од партијата.

16-03-2019, 01:26 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,763
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

Quote:Чавков: Казната е драконска, а вилата на Халкидики ја подарувам на „истражувачките новинари“

16.03.2019


[Image: image.png]
16-03-2019, 01:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,763
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

Quote:Села за пресудата за Алими: Подобро никогаш да не ги отворев очите, отколку да живеам со овој срам

16.03.2019
Лидерот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села, на Фесбук реагира на пресудата од 7 години затвор за Абдулфета Алими, за „Крвавиот четврток“.
– На една седенка со Фета, тој ми рече: Не се вознемирувам многу заради казната, колку што се вознемирувам заради фактот што ме ставаат во иста вреќа со криминалците…
Пријателу мој, твоето злосторство се состои само во тоа што моите деца сѐ уште ја имаат можноста да ме викаат татко, и јас да можам да им одговорам. Ти „згреши“ што ми го зачува животот. Ти си во затвор бидејќи јас сум жив, и затоа нема зошто да бидеш како тие што сакаа да ме видат мртов. Како тие што денес се живи, но со потонати во криминал. Да, да, тие се слободни, дури и на владеачки позиции. Доколку некој преку твојата казна сака да ја прикаже симболиката дека минатиот режим имаше две компоненти, и Албанци и Македонци, ти не си таа симболика. Ти си симболика на обичниот Албанец што го сака животот, што ја сака слободата. Ти си симболика за Албанец врз којшто се уште се монтираат политички процеси. Ти си симболика на политизираното судство и со двојни стандарди. Симболиката на минатиот режим не може да биде Фета, туку е Али со Никола. Ти и твојата казна денеска сте симболиката на сегашниот режим на Али и Зоран.
П.С. Тежок е денешниот ден Фета! Подобро никогаш да не ги отворев очите вечерта на 27 април, отколку да го живеам овој срам. Да, ти си виновен. Виновен си што денеска јас се чувствувам виновен што немам сила да ти помогнам. Виновен си што сум жив“, напиша Села.
16-03-2019, 01:34 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,763
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

Quote:Игор Југ: Слободата е скапа, јас на Виктор Орбан кучињата ли ќе му ги тренирам?

16.03.2019
Постојат две најголеми предавства. Прво да си ја предаде татковината, а второ семејството. Горд сум што никогаш не сум ги предал моите две татковини (Хрватска и Македонија), а вие оценете дали сум човек кој би го предал семејство во кое мојата сопруга е самохрана мајка на четири малолетни деца, рече Игор Југ во неговиот приговор за предлогот на обвинителството да му се продолжи притворот.
Зборувајќи дека нема да бега, тој рече дека слободат е скапа.
– На Виктор Орбан кучињата ли ќе му ги тренирам – рече иронично Југ.
Тој додаде, ако во Хрватска го направел истото таму ќе бил прогласен за херој.
– После се што направив за Македонија и за нејзините граѓани осуден сум на 12 години робија и прогласен сум за терорист. Требаше и јас 15 -ка да изедам – рече Југ.
16-03-2019, 01:37 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,763
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16

Quote:ИГОР ДУРЛОВСКИ: „Кога слободата е ропство, а среќата тага!“






[Image: 1.png]
16-03-2019, 01:41 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,763
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17






Quote:Слобода за Јане Ченто
15 hrs ·
Јане Ченто му го врати решението за притвор на судот, бидејќи пишувало Република Северна Македонија и напишал дека нема да прима документи на кои пишува Република Северна Македонија.
Преку неговиот адвокат Дончо Наков, Јане Ченто се обрати со писмо:
-Почитувани браќа, сестри и пријатели, денес се случи тоа што и се очекуваше во држава во која владее хунта и режим, како што не е видено во Македонија, но имам да порачам нешто. Браќа и сестри, никој не е вечен, така и оваа криминална хунта ќе си оди еден ден, им се гледа крајот. Ако мислат дека ќе ме замолчат со тоа што ме осудија 15 години затвор, се лажат. Има начин и од затвор да ја водам оваа борба против оваа хунта и верувајте, нема ни еден ден да се откажам од борбата за Македонија. Пренесете им надвор, еден ден ќе паднат ама нема да бегаат од Македонија, туку ќе одговараат за сите злодела што ни ги направија и нас и на македонскиот народ. Македонија ќе се разбуди за брзо време, а тогаш ќе изгрее ново сонце на слободата.
Им благодарам на сите мои роднини и пријалите кои изминативе месеци ми помагаа. Нема да ги спомнам поради нивна лична заштита од оваа хунта, за да не ги прогласи и нив за терористи.
Пренесете му на Крсто, Сашо и останата багра дека тоа што си сееле тоа и ќе си жнеат еден ден, а тој ден ќе дојде многу брзо. Животот е долг, борбата за Македонија никогаш нема да запре во моето срце.
Пријатели мои да се живи и здрави и верувајте ќе дојдат подобри времина. Главата горе, горди мои македонци.
На апелациониот суд остануваат посериозни проблеми. Жалам за престојниот срам што падна врз оваа судска власт. И на крај не се плашам од затворот, ниту од бесот на бедниот тиранин, кој ни го смести ова. Судот не осуди, но тоа и не толку важно, историјата ќе не ослободи. Еден ден ќе изгрее сонцете на слободата.
Вам почитувани судии длабоко ви се заблогодарувам, што искрено дозволивте да се искажеме во овј судски процес. Искрено, не чувствувам огоеченост кон вас, разбирам дека во одреден дел бевте хумани и знам дека претседателот во овај судечки совед е човек со голема професионалност и не може да ја сокрие одбивноста кон овие случувања и беше принуден да донесе неправедна одлука.
Да живее Република Македонија.
Јане Ченто - 15.03.2019
16-03-2019, 02:06 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,763
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#18

Quote:Дуковски: Ова го нема ни во Бурунди, селективна амнестија нема ни во Африка!

март 16, 2019
[Image: Screenshot_9-10-696x377.png]
Адвокатот на екс министерот за внатрешни, Митко Чавков, Сашо Дуковски во гостувањето во емисијата Отворено на телевизија Алфа истакна дека пресудата за 27 април ќе падне на меѓународните судови, напоменувајќи уште еднаш дека во случајот нема ниту д од дело. Тој вели дека ова што се случува во Македонија го нема ни во Бурунди, односно дека селективна амнестија нема ниту во Африка, констатирајќи дека тоа е правен нонсенс.
-Спомнавте меѓународните судови, дали ќе падне пресудата на меѓународните судови и воопшто, што ќе мисли меѓународната јавност. Јас ќе поставам јавно едно прашање. Дали негде во светот со голема почит кон демократската држава во Африка Бурунди. Јас сметам дека ни во Бурунди нема селективна амнестија. Повторувам нема ни во Бурунди, селективна амнестија. Не може да има селективна амнестија, тоа е правен нонсенс, глупост и будалаштина. Значи не може некој да биде еднаков, а некој да биде поеднаков од еднаквите. Член 9 од Уставот на Република Македонија кажува дека сите граѓани се еднакви пред Уставот и законите. Е како тоа сите се еднакви пред Уставот и законите и некој добива амнестија, некој не добива амнестија, прашува Дуковски?
16-03-2019, 02:08 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,763
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#19

Quote:Амнестираните клисари молчат – Мукоски и Василевски денеска недостапни

[Image: mukoskivasileski-600x360.jpg]


16.03.2019
Двајца од тројцата амнестирани пратеници за настаните од април 2017 година, Крсто Мукоски и Сашо Василевски, не се јавуваа на телефонските повици, по денешното објавување на изречените пресуди – објави ПресингТВ. Со исклучок на Игор Дурловски, 16-мината осудени лица, кои побараа и не добија или воопшто не побараа амнестија, се осудени на вкупно 211 години затвор.
Неодмна, при објавувањето на завршните зборови на обвинителката Вилма Рускоска, независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата „За подобра Македонија“ се јави со кратко соопштение со следната содржина:
„Со жалење констатираме дека денеска Јавното обвинителство, во текот на завршното обраќање, не ги испочитува одредбите од член 1 од Законот за амнестија, каде многу прецизно е дефинирано за какви дела треба да продолжи судскиот процес. Од таа причина сакаме да истакнеме дека почитувањето и спроведувањето на законот е императив за владеење на правото.
Затоа апелираме до Судот доследно да ги испочитува одредбите од Законот за амнестија, со оглед на доказите кои беа изведени во текот на судскиот процес“.
Генерално, за сите обвинети делото од членот 313 од Кривичниот законик не требаше да постои и да има преквалификација. Тоа беше суштината на целиот закон, изјави тогаш за Пресинг Тв, пратеничката Емилија Александрова.
Денеска истите пратеници не се јавија со никакво соопштение, барем до пишувањето на текстот. Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, кои ги отворија собраниските порти, со што и според зборовите на обвинителката Рускоска, се отворија и портите за извршеното насилство, сега се амнестирани лица.
За потсетување, во членот 1 од Законот за амнестија се пропишуваше дека со овој закон се ослободуваат од кривично гонење, се запираат поведените кривични постапки и целосно се ослободуваат од издржување на казната затвор лицата: осомничени и обвинети во судските постапки кои се водат пред судовите на територијата на Република Македонија, а во врска со настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година за кои постои основано сомнение дека до денот на влегувањето во сила на овој закон, сториле кривични дела согласно член 384-Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие, согласно член 386-Насилство, согласно член 385-Учество во толпа што ќе изврши кривично дело и кривично дело согласно член 313-Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од Кривичниот законик и други кривични и прекршочни дела согласно со позитивно-правните прописи во Република Македонија.
Законот се однесуваше и на лицата осудени со правосилна пресуда на казна затвор за кривични дела пропишани со Кривичниот законик и/или други закони, кои на денот на влегувањето во сила на овој закон започнале со издржување на казната затвор во казнено-поправните установи во Република Македонија, а во врска со настаните од 27 април 2017 година.
16-03-2019, 02:29 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,763
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#20



16-03-2019, 02:50 PM
Reply